build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Возен парк (ЈСП - ЛАЗ)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 44>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1493
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Возен парк (ЈСП - ЛАЗ)
    Posted: 09-Dec-2018 at 20:18
Се лажам или на промоциите во 2011 беше најавено дека ќе купиме и 4 хармоники од ЛАЗ? Што бидна со нив?
___________________________________________

Еве што се случува кога ќе се спојат хронично неспособно претпријатие и испорасипани автобуси:

40 автобуси на ЈСП не се возат низ градот затоа што веќе 6 месеци немаат гуми

Најмалку 40 автобуси на ЈСП стојат без гуми на паркинзите на ЈСП. Не возат низ градот затоа што веќе 6 месеци немаат гуми. Тендерската документација која ја најдовме на сајтот за електронски набавки покажува дека јавното претпријатие во јуни оваа година распишала тендер за набавка на 292 НАДВОРЕШНИ ГУМИ ТУБЕЛЕС произведени по европски стандарди за градските автобуси.

Тоа се гуми за украинските и кинеските автобуси. Во Септември ЈСП ја одбрало фирмата ТДА Трејд ДОО за набавка на гумите за што треба да плати околу 130 илјади евра. Рокот на испорака 5 дена по склучувањето на договорот.

(...)

„Ве информираме и потенцираме дека круцијалниот проблем во ЈСП Скопје не е во недостиг на гуми, туку во возниот парк кој е составен од неквалитетни и непрактични автобуси, тешки и комплицирани за соодветно одржување, поради што голем број на возила не се во возна состојба и се на пат кон расходување“, соопштија од ЈСП.

Од друга страна нашите информации говорат дека само во гаражата Ѓорче Петров 27 автобуси не возат само затоа што немаат гуми. Годишно овие автобуси трошат околу 700 гуми. ЈСП денеска не ни дозволи да ги снимиме автобусите без гуми во Автокоманда и Ѓорче Петров. Ни ги доставија овие 4 фотографии на расклопени кинески панорамски автобуси кои се во ваква состојба затоа што се ваделе делови за други автобуси.

Во меѓувреме жителите на Скопје се возат во автобуси слични на експонатите во музејот на ЈСП во Ѓорче Петров.

Јордан Дуков

https://telma.com.mk/40-avtobusi-na-jsp-ne-se-vozat-niz-gradot-zatoa-shto-veke-6-mesetsi-nemaat-gumi/

Edited by Staro Skopje - 09-Dec-2018 at 20:19
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 731
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 09-Dec-2018 at 18:48
Најнеодговорното јавно градско претпријатие во претходната власт, продолжува со својата неспособност. Имено, уште првиот ден од воспоспоставувањето на новата власт, требаше прва задача да биде список на употребливи автобуси, список на потребни делови, барање за нови автобуси и сето ова веќе да е завршено.

Бидејќи сум секојдневен патник на градскиот превоз, мислам дека ситуацијата е вратена 15 години наназад. Повторно се појавени во голем број старите „дупли“ автобуси (најмалку по еден на линиите 2, 5, 57, 41), на линиите кои се опслужуваа со ЛАЗ (како 24) се користат „поновите“ Санос, додека на линиите опслужувани со „кинезите“, често се случува автобусот воопшто да не дојде, затоа што се расипал, го пратиле на некое друго место или не знам што.

И да повторам оваа ситуација се влошува секојдневно, а зимата уште не е ни почната.

При тоа, како единствена мерка на новата градска власт при екстремно загадување и препораки од нашето Министерство за животна средина, е граѓаните да користат градски превоз. Градски превоз кој го чекаш на -8 по пола саат.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12028
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 08-Dec-2018 at 23:28

По медиумите се пишуваше за проблемите и постојаните расипувања кои ги карактеризираат ЛАЗ-овите, но сретнал ли некој поконкретна информација колку од овие украински канти се сеуште употребливи, или колкв процент дневно се во возна состојба и можат да го опслужуваат возниот ред?

Кога се купуваа крајно неадекватните и неефикасни кинески двокатни автобуси, ни на крај памет не ми паѓаше дека ЛАЗ-овите се толку неквалитетни што ќе бидат уште поголемо фијаско, но ете и тоа бидна... Во секој случај корисна би била некоја поконкретна информација/цифра за точниот размер на фијаското.

Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 08-Jun-2018 at 13:11
Има ли некаква најава за тоа кога ќе биде објавен тендерот за набавка на новите автобуси за ЈСП-Скопје?
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 24-Apr-2018 at 01:01
Originally posted by Clark

" во комбинација со подземна брза железница на местата каде што не е изводлива денивелираната лесна брза железница."

Како изгледа овоа во пракса или пример со слика од некој друг град?

 
Пример за тоа ти е Хановер во Германија.
 
Таму трамвајот е денивелиран, односно си има своја траса која е изолирана од останатиот сообраќај, а таму каде што веќе има постоечки објекти, трамвајот продолжува под земја.
 
За слики добредојден(а) си да побараш на Гугл, а еве ти ги и статијата на Википедија за градскиот шински превоз во Хановер, како и официјалниот веб сајт на јавниот градски превозник Уштра во Хановер.
 
https://en.wikipedia.org/wiki/Hanover_Stadtbahn
 
https://www.uestra.de/en/


Edited by Dexter26 - 24-Apr-2018 at 01:14
Back to Top
Clark View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 30-May-2017
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Clark Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 23-Apr-2018 at 19:49
" во комбинација со подземна брза железница на местата каде што не е изводлива денивелираната лесна брза железница."

Како изгледа овоа во пракса или пример со слика од некој друг град?
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 11-Mar-2018 at 19:14
Previous
 
Бараш нешто што никогаш не било карактеристика на плавите жолтици.
 
Плавите жолтици беа на власт од 2002 до 2006 година, нивен коалиционен партнер - имено Ристо Пенов од ЛДП - беше градоначалник на Скопје од 2001 до 2005 година, и воопшто ни со прст не мрднаа за да набават нови градски автобуси за ЈСП Скопје.
 
Да не беа пвеводбениците на власт и да не ги набавеа новите единечни нископодни градски автобуси од украински ЛАЗ и двокатните градски автобуси од кинески Јутонг, ЈСП Скопје ќе продолжеше како и досега да сонува нови автобуси. Не дека пвеводбениците го направија вистинскиот избор - бидејќи не го направија, требаше да набават двојни нископодни градски автобуси за јавниот градски превоз, а двокатни градски автобуси требаше да набават само за туристичките обиколки - но плавите жолтици по природа се луѓе кои заработуваат од работи кои не се нивни и се китат со туѓи перја.
 
Ете го откажаа карго аеродромот во Штип уште пред да завршат теренските истражувања на воздушните струи за да се констатира дали воопшто е изводливо и исплатливо да се гради карго аеродром во тој регион, ама затоа со брзина на светлината си ги присвоија парите наменети за теренските истражувања за да најават дека ќе ги трошат на канализации, како и дека турскиот концесионер ТАВ ќе треба да плати пенали бидејќи аеродромот нема да се гради - иако во пракса неизградбата на карго аеродромот не е по вина на ТАВ, туку по вина на плавите жолтици кои го откажаа уште пред воопшто да добијат позитивен или негативен одговор за (не)изводливоста и (не)исплатливоста за изградба на карго аеродром во тој регион.
 
Истото е и со ЈСП Скопје и со ГТЦ Скопје, се китат со туѓи перја, пуштиле стара автобуска постојка која не е наменета за високи автобуси, со најидиотското можно оправдание - дека автобуската постојка ќе го заживеела ГТЦ Скопје. Наместо да им текне да го реструктуираат ГТЦ Скопје, да престанат да им наплаќаат на кираџиите за услуги за одржување кои не ги користат, и да им понудат цена на кираџиите кои повеќе од 10 години имаат изнајмено деловен и/или трговски простор во трговскиот центар, за да го откупат својот деловен и/или трговски простор, плавите жолтици измислуваат топла вода со пуштање во употреба на стара автобуска постојка.
 
Не очекувај нови градски автобуси за ЈСП Скопје додека се плавите жолтици на власт, со исклучок на набавката на електричните автобуси кои и онака ги набавуваат за љубителот на батерии и акумулатори кого го имаат ставено за министер без ресор и вицепремиер за економски прашања да си собере провизија од јавната набавка.


Edited by Dexter26 - 11-Mar-2018 at 20:01
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 731
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 11-Mar-2018 at 17:44
Вакви такви украинските автобуси се користат доста, а со неодамнешното „да го заживееме ГТЦ момент“ и префрлањето на 50ка под ГТЦ, а со тоа користење само на ЛАЗ, предизвикува други моменти, односно недостиг на истите автобуси на другите линии кои најмногу зависат од овие автобуси, а тоа се приградските автобуски линии. Автобусот 65в до Раштак знам дека има укинат еден автобус, а воедно граѓаните на Хиподром бараат да не се возат со ЛАЗ, бидејќи се претесни.

Јас навистина ја разбирам идејата за автобуската станица под ГТЦ и навистина е ок, НО доколку претходно имаш автобуси. Затоа нека купат нови автобуси, нека се зголеми возниот парк, па после вакви „проекти“.
Back to Top
Blagh View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 10-Feb-2013
Online Status: Offline
Posts: 29
  Quote Blagh Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 05-Jan-2018 at 10:44
Многу пати дискутирана тема за трамвајот на форумов и целосно се согласувам со изнесениот концепт. Но, прашањето беше каде ќе се користат електричните зглобни автобуси.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 05-Jan-2018 at 10:25
Dexter26, се сложувам со тебе дека никакви нови автобуси нема да го решат проблемот со метежот и јавниот превоз во Скопје. И од новото градско раководство не слушаме ниту зборови за алтернативен јавен превоз. Барем да зборуваат како што тоа го правеше Трифун Костовски.

Сите се фатиле за онаа девиза дека автобусот е доволно превозно средство за Скопје. Тоа било така предложено од урбанистите по земјотресот, но за град со максимум 350.000 жители. Но, не и за 700.000.

Искрен да бидам, јас повеќе очекувам од проектот за градско-приградска железница. Тоа е ветување на оваа влада и можам да ветам дека ова прашање ќе биде постојано поставувано како тема во наредниот период.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 03-Jan-2018 at 15:58
Previous
 
Никакви автобуси, ниту класичен трамвај, нема да ги растеретат сообраќајните метежи кај Бит пазар или на Партизански Одреди или кај Железничка Станица Скопје, Народна Банка, ГТЦ Скопје и Рекорд.
 
Токму автобусите и камионите се главните виновници за градскиот сообраќаен метеж низ Скопје.
 
Трамвајот е долгорочно решение, но само ако се применува моделот на денивелирана лесна брза железница која ќе биде изолирана од останатиот сообраќај, во комбинација со подземна брза железница на местата каде што не е изводлива денивелираната лесна брза железница.


Edited by Dexter26 - 03-Jan-2018 at 16:00
Back to Top
Blagh View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 10-Feb-2013
Online Status: Offline
Posts: 29
  Quote Blagh Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 02-Jan-2018 at 14:28
Зглобни автобуси со поголема фреквенција на најоптеретените градски рути (во правците север - југ и исток -запад) би можеле да дозволат реобмислување на градските линии. Придобивки би било растеретувањето на гужвите кои се создаваат со пренатрупаните линии на едни исти релации (Партизанска, Јане Сандански, Бит Пазар...).

Тоа е мое мислење. Би било на еден начин супститут (или вовед, дај боже) за некогаш да размислуваме за трамвајски транспорт.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 02-Jan-2018 at 10:44
Колку што разбрав, Град Скопје планира да даде 100 милиони денари на електрични автобуси во новава година. Колку зглобни автобуси можат да се купат со овие пари?

Колкава е разликата во цена помеѓу зглобните автобуси на електричен погон наспроти оние на гориво што одат?

Поентата ми е - што во суштина ќе решиме ако набавиме електрични автобуси во Скопје? Ќе бидеме ли тренди?
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 731
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 18-Mar-2017 at 23:29


„Целосно е обновен возниот ред на ЈСП Скопје“

Нешто не гледаш ти добро, да си ги смениш наочарите Еве јас исто приметив и се возев, ама наочари носам и знам дека до тоа, бидејќи нема стари автобуси, тоа е се оптичка илузија и комуњарска лага поддржана од Сорос и Бејли
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 17-Mar-2017 at 20:16
Ме интересира, има ли прецизни бројки за тоа колку исправни автобуси од марката ЛАЗ се наоѓаат во сообраќај? Или уште попрецизно, колку се расипани - трајно или привремено? Деновиве низ Скопје гледам дека стари САНОС автобуси доста често можат да се забележат во сообраќај во споредба со овие новиве.

Инсајдери од ЈСП се удираат во глава кога ќе ги прашам за состојбата во која се наоѓаат украинските автобуси.
Back to Top
Petar Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Sep-2014
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Petar Skopje Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 16-Feb-2016 at 15:49
Вчера во 9.20 часот во автобус на ЈСП, кој се движел, настанало пукање на ладилникот за вода при што со повреди (изгореници во пределот на стомакот) се здобил А.А. (23) , како и други четири лица – патници од автобусот, соопшти денес МВР.
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 338
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 16-Feb-2016 at 14:33

Сподели го текстот, не отварам Република од принцип.

Edited by Macedonicus - 16-Feb-2016 at 14:34
ಠ_ಠ
Back to Top
Petar Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Sep-2014
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Petar Skopje Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 16-Feb-2016 at 14:01
http://republika.mk/?p=555871
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 09-Oct-2015 at 17:31
Originally posted by Dexter26

Previous  Точно, и како што веќе спомнав, дури и да нема оригинални резервни делови - а речиси невозможно е да нема - сепак има алтернативни резервни делови, и ако ЈСП Скопје не се способни да ги најдат тие резервни делови, тогаш Санос може да ги најде, исто како и сите останати овластени сервисери на автобуси од Мерцедес-Бенз, МАН и други брендови.  Но изгледа Мишко има други планови, очигледно толкав му е капацитетот на црпката. Bash



Немој така за црпките, пошто сега во моментов користам нивни екстракт за воспалени синуси(пошто докторите ме откачија, морам да се снаоѓам)
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 09-Oct-2015 at 14:22
Previous
 
Точно, и како што веќе спомнав, дури и да нема оригинални резервни делови - а речиси невозможно е да нема - сепак има алтернативни резервни делови, и ако ЈСП Скопје не се способни да ги најдат тие резервни делови, тогаш Санос може да ги најде, исто како и сите останати овластени сервисери на автобуси од Мерцедес-Бенз, МАН и други брендови.
 
Но изгледа Мишко има други планови, очигледно толкав му е капацитетот на црпката. Bash
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 44>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.