build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Возен парк (ЈСП - ЛАЗ)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 43>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Возен парк (ЈСП - ЛАЗ)
    Posted: 24-Nov-2009 at 20:43

Никој не ни нуди минибуси

Нема ниту еден заинтересиран за набавката на 16 минибуси, а стасаа три понуди за 80 единечни автобуси и две за четири зглобни возила, информираат од Министерството за транспорт

Точно напладне, вчера, во Министерството за транспорт и врски беа отворени понудите за јавна набавка на 100 новопроизведени едноподни автобуси, која ќе се реализира со наддавање. Набавката, која се спроведува преку електронскиот систем за јавни набавки, е поделена во три дела: за 80 соло, односно единечни автобуси, за четири зглобни, односно двојни автобуси и за 16 минибуси.

До вчера никој не достави понуда за минибусите. За производство на 80 единечни возила се понудиле три компании, а за набавката на четирите зглобни возила се заинтересирале две. Министерството за транспорт и врски не ги обелодени имињата на фирмите што доставија понуди.

- Според Законот за јавните набавки, член 136, ако постапката завршува со аукција, а не со евалуација, понудувачите меѓу себе не смеат да ги знаат своите понуди. Не смее да се знае ниту кои фирми учествуваат. На самото електронско наддавање, тој што ќе ја понуди најповолната, односно најниска цена, ќе биде избран за најповолен понудувач, ако ги исполнува и другите наведени услови. Само така ќе се испочитува регуларноста на постапката - велат во Министерството за транспорт.

Оттаму не прецизираат ниту кога ќе се одржи електронското наддавање.

Во следниот период Комисијата за спроведување на јавната набавка ќе изврши целосна евалуација на способноста на понудувачите и на првичните понуди, во согласност со условите и критериумите од тендерската документација. Потоа, до понудувачите што доставиле прифатливи понуди, по електронски пат ќе им испрати покани за учество на електронската аукција.

Тендерот за набавка на овие возила беше распишан на 24 септември.

Пред една недела на јавниот повик, што по четвртипат го распиша Министерството, три компании доставија понуда за производство на 202 двокатни автобуса. Во игра се кинеската компанија „Џенгџоу јутонг“, бугарската компанија „Кинг лонг“, чија матица е во Кина, а прв пат во ваквите набавки учествува и британската „Александер Денис“.

Според понудите, најниска цена имаше бугарската компанија, која за 200 двокатни автобуси побара 27,8 милиони евра. По неа е компанијата од Кина, која овој пат бара 31,9 милион евра, а британската понуда е најскапа - 45 милиони евра. На тендерот се бараа и два отворени двокатни автобуса за туристичко разгледување на градот. Најголеми шанси да ја добие набавката има бугарската компанија „Кинг лонг“, бидејќи онаа фирма што ќе понуди најниска цена добива најмногу поени - 70, а за техничките и функционалните карактеристики и за дизајнот се добиваат до 30 поени. За купување на дел од автобусите Владата издвои околу седум милиони евра од буџетот за 2010 година.


Набавката на нови автобуси за ЈСП се влече две години, а по улиците и понатаму возат автобуси постари и од 30 години. Досега беа поништени три тендери од различни причини.

Анела Петрова


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=60395F94CB2BCE4783F16BB0D5C07AE9


Edited by Cloverstack - 24-Nov-2009 at 20:45
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 01-Dec-2009 at 01:09
Кај другиот тендер прилично очајно стојат работите... За Соларис имам доста читано на ССЦ и јас дефинитивно навивам за нив.

Полски „Соларис“ во обид да го освои и македонскиот пазар

Во зависност од типот на автобусот, компанијата дневно произведува по шест-осум возила

Од нашиот известувач
Деспина Трајковска 



познањ - Како на филмска лента, генерално, рачно производство, дневно по шест-осум автобуси што максимално ги исполнуваат сите европски стандарди. Вака се одвива процесот на изработка на автобуси во полската компанија „Соларис“, која почнала со работа во 1996 година со само 36 вработени. Денеска, пак, во неа има повеќе од 1.500 работници, чии раце произведуваат автобуси од најразличен тип. Поделена е во два фабрички комплекса, близу Познан, едниот во Шрода и поголемиот во Болехово. Од неа излегуваат автобуси што се возат по улиците на дури 29 европски земји. Можно е и Македонија да се најде на овој список, доколку „Соларис“ победи на тендерот за набавка на 100 едноподни автобуси за јавниот превоз во Скопје. 

Освен Полјаците, на тендерот, неофицијално, се пријавени и македонската компанија „Санос“ и кинеската „Јутонг“. Бугарската компанија „Кинг лонг“, иако го најави своето учество на тендерот, во последен момент се повлекла поради недостиг на време за усогласување на тендерската документација.

Иако времето за подготовка на понудата било релативно кратко и за Полјаците, сепак, желбата за учество и вербата во своите производи ги навела да се обидат да влезат на нашиот пазар. Компанијата доставила понуда за изработка на 80 соло-автобуси, производ, кој е еден од основните од самото отворање на фабриката. Покрај соло-автобуси, „Соларис“ произведува и зглобни автобуси, тролејбуси, хибридни автобуси, дури и трамваи. Сите тие се дело на рацете на над 1.500 вработени. Секојдневно поделени во две смени, буквално почнувајќи од првиот шраф, па до конечниот производ, работниците максимално ги вложуваат своето знаење и капацитет во изработката на автобусите. 

Првиот чекор во производството почнува во фабричкиот комплекс во Шрода, триесетина километри оддалечен од Познан. Таму почнува да се создава автобусот, од проект, преку спојување на првите шрафови и материјали што не кородираат. Потоа конструкциите се транспортираат во фабричкиот комплекс во Болехово, каде што се одвива втората голема фаза за конечна изработка. Од хала во хала, скелетот ги добива своите контури. Се монтираат прозорците, седиштата, еуро 5 моторот се' до финалниот чекор, надворешниот дизајн. А, дизајнот и техничките карактеристики, всушност, се прават по желба на нарачателот. Црвени, жолти, зелени, сребрени со шарени апликации, со мониторинг-системи, инвалидски рампи, дури и со санитарни јазли... 

Изработените автобуси се паркираат на паркинг-просторот во фабричкиот комплекс, подготвени за испорака. Германскиот град Лајпциг и скандинавските Стокхолм и Архус се меѓу последните во кои се испорачани околу 200 автобуси. 

Според Карол Лесниевски, менаџер во „Соларис“, токму овие два пазара се едни од најголемите со кои редовно соработува компанијата. Но, тука се и Австрија, Чешка Република, Швајцарија, Данска, Унгарија, Обединетите Арапски Емирати, Дубаи.... Во нашето блиско соседство автобуси на „Соларис“ има во Софија, а наскоро ќе се возат и по улиците на Атина. 

„Се надеваме дека набргу и скопјани ќе се возат во наши автобуси. Доставивме понуда на тендерот и очекуваме дека нашиот квалитет и цената што ќе ја понудиме ќе бидат оквалификувани како најповолни“, вели Лесниевски, кој имал можност да се запознае со постојниот возен парк на ЈСП „Скопје“ и смета дека итно му е потребно обновување. 

Во споредба со автобусите што сега се користат во Скопје, автобусите во Познан, од кои најголем дел се производство на „Соларис“, се како вселенски летала. Возењето во нив е вистинско задоволство. Обезбедени се со системи за затоплување и за ладење, со мониторинг-системи, удобни седишта, функционални држачи, безбедносен систем на отворање и на затворање на вратите. Речиси идентични автобуси компанијата ќе изработи и за потребите на превозот во Скопје, во случај да биде избрана нејзината понуда на тендерот.

Инаку, освен што го очекува исходот од овој тендер, во овој период компанијата интензивно е насочена на реализирање на проектот за изработка на 40 трамваи за потребите на јавниот сообраќај во Познан. „Компанијата неодамна победи на тендерот за трамваите што е планирано да се изработат и да се пуштат во функција до 2012 година, кога Познан ќе биде еден од градовите-домаќини на Европското првенство во фудбал, што ќе се одржи во Полска и во Украина“, информира Лесниевски, горд на сите досегашни меѓународни награди и признанија, повеќе од дваесетина, што ги добила компанијата како доказ за својот квалитет. 

Во „Соларис“ особено се горди на наградата која, како што велат, е идентична на најголемата филмска награда. Сето тоа, според Лесниевски, е само поттик компанијата што почнала да работи пред 25 години со само 36 работници и во иднина да го докажува својот квалитет. Дури и на шега велат дека се' уште не им е јасно како минатата година го собориле сопствениот рекорд и за една година произвеле дури 1.037 автобуси.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6D65FDF74CE4DA408CC12C11934CB54D


Edited by pbanks - 01-Dec-2009 at 01:09
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 01-Dec-2009 at 13:33
Solaris покрај одличниот квалитет имаат и врвен дизајн на своите возила, можеби за мене и најубавите пред мерцедес или ман. Се разбира дека и јас навивам за нива, но уште поголема мака ми е тоа што нема да се распише тендер за зглобни автобуси, во чија категорија Соларис ги има своите парадни коњи.
И јас не сум видел Соларис во Софија, ама новинарска работа.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 01-Dec-2009 at 15:48
Originally posted by Andrej_LJ

Solaris покрај одличниот квалитет имаат и врвен дизајн на своите возила, можеби за мене и најубавите пред мерцедес или ман. Се разбира дека и јас навивам за нива, но уште поголема мака ми е тоа што нема да се распише тендер за зглобни автобуси, во чија категорија Соларис ги има своите парадни коњи.
И јас не сум видел Соларис во Софија, ама новинарска работа.


Нема потреба да ни е мака, би било џек пот да помине овој тендер, мора од некаде да почене, а просто за зглобни сигурно ќе има со оглед на тоа дека 100 автобуси се далеку од решение на проблемот.

Но сепак мал reality check

Originally posted by Cloverstack


Но, и покрај тоа што овој тенер се поништува по четврти пат во министерството за транспорт пак изјавуваат дека нема да има промена на тендерските услови и дека новиот петти тендер ќе биде објавен веднаш по истекот на рокот за жалби.
 
http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=15632

Back to Top
pavche View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 433
  Quote pavche Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 01-Dec-2009 at 16:16
Соларис има само во Пловдив. И jас сум изненадуван дека „Кинг лонг" jа пишуваат како Бугарска фирма... нема врска.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 02-Dec-2009 at 04:15
Од ова што се нуди на тендерот за 80 „едноспратни“ единечни, не само што и јас навивам за Соларис, туку мислам дека тоа е и единствениот добар избор.

Него треба да смислиме што ќе правиме со насловот на нишкава...



@ Andrej_LJ  &  pbanks
Имаше паралелен тендер и за четири зглобни автобуси на кој пристигнале две понуди. Четири автобуси се далеку од доволно, всушност доколку не следи дополнителна набавка тоа е и непотребно оптоварување на флотата со неунифициран модел. Но зборот ми е дека Соларис најверојатно фигурира и на тој тендер.


Edited by Cloverstack - 17-May-2010 at 02:58
Back to Top
The Man View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 135
  Quote The Man Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 02-Dec-2009 at 15:41
Се возам со автобуси на ЈСП веќе 5 години секојдневно, верувам дека има тука луѓе кои и подолг период се возат секојдневно со истите, но тоа не е важно во моментов.
На Скопје му се потребни голем број на зглобни и единечни автобуси. Комплетна лудост е да се набавуваат двокатни автобуси. Време е за практични и добри решенија, а не подобрување на имиџот на градот, макар што се двоумам дека двокатните автобуси и во тоа би можеле да успеат.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Online
Posts: 4678
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 02-Dec-2009 at 19:57

Можеби се повторувам, ама да направат вака.

Најдобро тие пари што ги дава владата за автобусите плус дополнителни средства да се искористат за трмавајот и да се реши тоа прашање. Многу поголема корист.

Друга работа, кога ќе има трамвај нема да има потреба од многу автобуси во градов. Нешто едноделни, нешто дводелни и ете нека има десетина двокатни ако веќе се сака да се обнови традицијата (тогаш би давале многу поголем впечаток од 200 двокатни, па и тој туризам, се знае неколку такви во центар и готово или пак уште подобро да постават еден на плоштад и толку, многу подобро, а не цел плоштад скулптури и споменици) 

малку комбинирав оффтопик ама тоа е моја замисла

и нека не се прават еден трамвај да не можат да направат 20 години, со автобуси нема да се може во иднина

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 02-Dec-2009 at 20:16


Фосил, трамвајот нема да ги реши сите проблеми на градскиот сообраќај и автобуси во догледно време секако ќе се користат. Со оглед на тоа дека се далеку поефтини од дигање на цела ЛРТ траса, мислам дека е апсолутно логично да се почне со инвестирање во автобуси а потоа да се продолжи со инвестиции во ЛРТ. Како што некои линии ќе се покриваат со трамвајот така автобусите ќе се тргаат од тие траси и ќе се користат за други.

Така да мислам дека редоследно, нови автобуси се приоритет и се најбрзо решение за подобар градски превоз (но не и поефикасен без вистински ангажман од сообраќајната полиција).
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Online
Posts: 4678
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 02-Dec-2009 at 20:35

pbanks 

Се согласувам дека автобусите ќе бидат потребни и корисни во догледно време, и дека не може да биде само трамвај, но ако се прави некаква инвестиција подобро би било да не се прави двапати, за тоа реков да се почне со трамвајот. Не затоа што автобусите, какви и да се, не можат да задоволуваат потреби на транспорт на патници денес, туку поради растеретување на сообраќајот, од една страна, од друга поеколошки е.

Сепак трамвајот ќе собрира повеќе патници од автобусите и место да се бутам од сабајле во 15 ако ништо друго ќе можам нормално да застанам.

Друго нешто, кога ќе се растеретиме од автобуси, градов ќе се опушти малку. 

А досега требаше да имаме трамвај, да не збориме за во иднина. И знам дека е скапо, но е реална и исплатлива инвестиција, ако не се лажам.

Ако ништо друго да барем една две линии засега, а автобусите нека се бидат. 

За автобусите кажав едноделни и дводелни и двокатни но во многу мал број како што горе прецизирав.

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Online
Posts: 4678
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 02-Dec-2009 at 20:43
Originally posted by FoSsiL

Друго нешто, кога ќе се растеретиме од автобуси, градов ќе се опушти малку. 

околу ова, незнам кој колку се вози со автобус, јас секој ден од аеродром до лептокарија, мислам повеке автобуси од автомобили има поготово кога ке се наредат на автобуска...Runaway

Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 09-Dec-2009 at 14:56
Оваа вест е нешто ново, дали има некој повеќе инфо?

Edited by Dave Gahan - 09-Dec-2009 at 14:57
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 09-Dec-2009 at 15:06
Previous
Еве ја веста, да ја имаме и кај нас

Украинска фирма ќе прави автобуси за јавниот градски превоз во Скопје

Украинската фирма ,,Лвивски Автобуси,, е избрана за набавка на 80 нови обични нископодни и 4 дупли автобуси - соопштија од Министертвото за транспорт.
Според условите од тендерот до крајот на 2010 се предвидува да се испорачаат 8 обични и 4-те дупли автобуси, останатите во 2011. Тие ќе бидат наменети за потребите за јавниот превоз во Скопје. Според Министерството, украинската компанија доставила најдобра понуда. На тендерот понуди доставиле 3 странски компании.
09.12.2009, 14:30

 
Извор:


Edited by UrbanFreak - 09-Dec-2009 at 15:07
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 09-Dec-2009 at 15:36
Ohno Подобро ЛАЗ ( е*ати неписмениот новинар) Львівський автомобільний завод него ГАЗ!

Шала на страна пак си останавме надвор од Европата со овие украински чуда. Сами по себе ЛАЗ возилата не изгледаат лошо, барем од аспект на надворешен дизајн. Ако претпоставиме дека ќе ги купат најновите модели на ЛАЗ. Нив ги има во Киев и Букурешт и не изгледаат лошо, макар што само со црвена облисцовка може да изгледаат ужасно! Незнам за техничките карактеристики и квалитет на самиве автобуси, но се далеку под Соларис, да не зборуваме за МАН или Мерцедес или Ван Хуувер.

Еве по едно сликиче од автобусите во Букурешт (единечен) и Киев (двоен тролејбус, но иста е формата и на автобусите).





ПС: Не ли мислите дека е време надворешниот дизајн на ЈСП да се промени. Ако планираат да остане црвена (што јас не ја сакам премногу, некако ми е тешка. Повеќе сакам 2-3 боен дизајн со убави и ведри бои и шари, на пример светло сина, светло зелена и бела), но ако остане црвената тогаш да ја прошараат со некоја плус друга боја, вака имаме подвижни лименки на кока кола. И никако бојата да е жолта и дезените да се лавови! LOL
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 09-Dec-2009 at 15:47
Сива - металик...знам, дека е конзерва, ама како што само дождот има потреба да ги запере од време на време (на ЈСП на крај памет не му паѓа), на таа боја најмалку се познава нечистотија...

...туку што испадна со двокатните?

п.с. градот e L'viv, западна Украина

Edited by Dave Gahan - 09-Dec-2009 at 15:52
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 09-Dec-2009 at 15:48


Добро прашање потегнуваш, и мене никогаш не ми се допаѓала црвената боја на автобусите. Може убава комбинаторика да се направи од некои од боите кои ги има на грбот на Скопје.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 09-Dec-2009 at 19:48
Црвена, веќе е запоседната како традиционална и нема ништо лошо во тоа. Приметливи се на улица и доминантни се некако. За шарање да, и не гледам зашто жолто би било толку трагично лошо, небаре се граничи со некој радикален национализам. И жолто би изгледало симпатично. Друга работа, би го ставил и грбот на град Скопје напред на автобусите, во некој нормални димензии, да речеме 50х50. Но боиве како и да ги искомбинираме, денеска пак поголемиот број од автобуси се веќе со реклави од глава до петици, па исто ни се фаќа.

Но џабе ни се и нови и било какви автобуси кога пак ќе станат ако стариве по брза постапка. Неможе јавниот превоз да добива вакви постојани инјекции, а јсп сеуште да биде финансиска црна дупка, аждаја! Немаме видено еден ревизорски извештај, еден годишен извештај. Според мои рачуници ЈСП може квалитетно да живее со 30-40 посто од парите. ЈСП моментално може да биде појако финансиски одколку град Скопје само, може да купуваат нови автобуски, штотијазнам какви системи за наплати и триста чуда. Какви било и инјекции да пуштаме дали во пари, дали во автобуси, во бенефиции, ослободувања од давачки, пак ламјава ЈСП ќе ги изеде. На наши очи ќе гледаме како нов возен парк се крши и распаѓа. Душа ќе не боли за тие автобуси. Додека да стигне втората пратка, првава ќе биде за у ѓубре.


Edited by lslcrew - 09-Dec-2009 at 19:52
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 09-Dec-2009 at 20:51
Јас не би се сложил со тебе. Сепак не збориме за некаква 150 годишна долга и богата традиција на јавниот транспорт во Скопје. Ниту пак нашето ЈСП има некаков кредибилитет или име за жал па да се налага колорната шема дека мора да остане. Дури би кажал дека ако се зафатиме за темелна обнова на градскиот транспорт треба тоа да го сфатиме како долгорочен проект кој би зафаќал промена на линиите и подвижниот состав. Но, мислам дека не би било лошо да се смени целосно и бојата на возилата и тие да се унифицираат при што луѓето би се оттргнале од перцепцијата која ја имаат за јавниот транспорт, а таа е слаба (и со право во Скопје).
Се разбира има градови во светот кои ја користат црвената боја како примарна (Мадрид, Прага, Виена, Стокхолм...), но таа секогаш е прошарана со други и навистина изгледа убаво и примамливо. Но, не се согласувам дека само (или најмногу) црвената боја допринесува за доминантноста на автобусите.
За мене најубави колор-шеми има низ Италија (најчесто портокалово-сиво-зелено) или плаво-белите комбинации. Мислам дека на Скопје како град кој цела зима е во магла и со темни и олуштени фасади му треба ведар и унифициран дизајн на автобусите.

Инаку мои фаворити покрај Мерцедес Цитаро се и Волво и Сканиа ОмниСити. Еве на што мислам: 1) Краков 2) Венеција:




"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 09-Dec-2009 at 21:03
Збориме за традиција од 60-70 години што и не е така малку, а незнам кој го има кредибилитетот да бира боја на автобуси. Па макар и да немале ЈСП еден ден стаж, па ќе бидат они тие заедно со град Скопје кои си ги бираат ваквите детаљи. А ако перцепцијата се сменеше со префрбавување на втобусите, до сега верувај дека стопати ќе ги префарбаа. И ова е школски пример за занимавање со опаковската, а внатре труло. Џабе бил розев, зелен каков сака нека, пак доволно ќе биде човек еднаш да се качи и дам,у се врати старото мислење.

А за спас на јавното претпријатие гледам единствено стечај, а новите автобуси да бидат под ново прептрпијатие кое тековно ќе превземе вработени и инфраструктура, а и оној релативно нов возен парк. Све друго е импровизиција, мачкање очи и дополнително сакатење на ЈСП. Темелна реформа не се 300 автобуси, темелна реформа е претпријатие што ќе може 300 години да работи самостојно и независно.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 09-Dec-2009 at 21:07
Ама дај бе решение! Дали си за приватизација на ЈСП? Затоа што јас сум против тоа. И сметам дека во градот треба да има едно претпријатие под капа на Град Скопје и самите експерти од градот да му наложуваат на ЈСП критериуми за работа (линии, возила, фрекфренција итн.). Инаку јас кажав јасно дека редизајнирањето би одело во чекор со другите реформи во транспортот (со менување на линии, возен парк, воведување на ЛРТ и С-Бан...).
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 43>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.168 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.