build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Возен парк (ЈСП - ЛАЗ)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 44>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #261 Posted: 31-Jan-2011 at 14:37
Пристигаат и останатите:



ЈСП

Пристигаат уште девет украински автобуси




31.01.2011, 13:48

Уште девет автобуси на украинската фирма „Лаз“ до вечер треба да пристигнат во Скопје. Осум веќе ја поминаа Унгарската граница, ги пречекаа наши луѓе и сега возилата патуват низ Република Србија, соопштија вчера напладне од Јавното сообраќајно претпријатие.

Со оваа пратка на новите возила „Лаз“ ќе ги запази одредбите од договорот првите петнаесет автобуси да бидат испорачани заклучно со 31 Јануари.

Како што информираа од претпријатието автобусите што ќе пристигнат веднаш ќе заминат на хомологација на Машинскиот факултет, а потоа и низ сите предвидени законски процедури со Бирото за метрологија. Потоа ќе следува правна процедура со која Градот ќе треба да ја префрли сопственоста на возилата на претпријатието за да може тоа да ги користи во сообраќај.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3CF68F8FF19A944BA94577A2B7469D15

Edited by toasumjas - 31-Jan-2011 at 15:24
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #262 Posted: 01-Feb-2011 at 23:49

УКРАИНЦИТЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПЕНАЛИ ЗА ДОЦНЕЊЕ


Автобусите пристигнаа, првите крукчиња за две недели!


Поделбата кои линии први ќе се обноват се уште не е направена, но извесно е дека тоа ќе бидат градските линии, информираат одговорните од јавното претпријатие


Осум украински автобуси ја поминаа границата вчераутро два часа по полноќ, а еден стигна околу пладне. Со тоа пристигна првата пратка од 15 од вкупно 84 автобуси кои за потребите на ЈСП Скопје се произведуваат во фабриката за автобуси ЛАЗ во Лавов, а коишто требаше да стигнат до крајот на декември лани, а потоа го искористија и бонусот за пролонгирање на тајмингот за еден месец со плаќање на пенали. Пред Нова година пристигна само еден автобус на кој се вршеа неопходни тестирања и пробни вежби.

Автобусите од Украина беа транспортирани со возачи на ЛАЗ до унгарско-српската граница, каде што ги пречекале возачи на ЈСП, а потоа допатуваа во државава.
Како што информираа од претпријатието, автобусите најпрво треба да се хомологираат на Машинскиот факултет, а потоа Министерството за транспорт и врски треба да ги предаде на Град Скопје, а тие на ЈСП Скопје. На крајот треба да се регистрираат и осигураат.
- Оваа правна процедура би требало да трае некаде околу десетина дена, а потоа ќе биде направена и првата официјална промоција на автобусите. Поделбата кои линии први ќе се обноват се уште не е направена, но извесно е дека тоа ќе бидат градските линии, информираат одговорните од јавното претпријатие. Според наши извори новите автобуси ќе возат на линиите 5, 15, 50, 57...

Според договорот украински ЛАЗ треба да испорача уште 69 автобуси до крајот на годината. Досега е платен депозитот во вредност од десет проценти од договорот, односно 1,1 милион евра, а проектот за набавка на нови 84 градски автобуси вкупно чини 11 милиони евра. Останатите автобуси би требало да пристигнат до октомври годинава.

Со оваа пратка ќе се обнови една четвртина од возниот парк на ЈСП. До 2013 година ЈСП ќе се поднови и со 202 двокатни автобуси кои се произведуваат во Кина. Старите автобуси што сега се расипуваат секој ден ќе бидат расклопени и ќе се користат како резервни делови, а другиот дел ќе бида продаден како старо железо.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=809AEA14E1BA6B4EA3B5EE1980A49F85
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #263 Posted: 02-Feb-2011 at 11:25
Значи цела Источна Европа го има нашиот менталитет, работите да се завршуваат буквално до крајниот рок. Со здравје да ги користиме овие нови автобуси и се надевам дека останатите 69 автобуси од ЛАЗ нема да пристигнат на 31 декември 2011 година.Big%20smile
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #264 Posted: 02-Feb-2011 at 14:00
А за останатите 69 (!) жала ама нема теорија до декември да бидат готови ќе фати 2012. Мислам дека нашиве се задоволија со овие 15 а заборавија дека треба да стигнат уште 69!!
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #265 Posted: 02-Feb-2011 at 20:15
Originally posted by Supervisor

А за останатите 69 (!) жала ама нема теорија до декември да бидат готови ќе фати 2012. Мислам дека нашиве се задоволија со овие 15 а заборавија дека треба да стигнат уште 69!!

 
Секако дека има шанса да бидат готови до декември 2011.
Годинава штотуку почна, среде почеток на втор месец сме, а потоа следуваат уште 10 месеци до крајот на годинава, или ајде нека биде со сила 8, доколку ги додадеме и летни одмори, празници, Нова Година и така натаму.
 
Условот за да останатите 69 нископодни градски автобуси од украински ЛАЗ бидат готови до декември 2011, е ЛАЗ да работи турбо.
Во 2010 се влечкаа, а оправданието им беше дека изборите во Украина предизвикале да прекинат со производството извесен временски период, иако навистина не им разбирам каква поврзаност има едното со другото.
Исто така, треба да се додаде и фактот дека во јануари 2010 или февруари 2010 Министерството за Транспорт и Врски на Република Македонија го потпиша договорот со украински ЛАЗ за набавка на 84 нископодни градски автобуси.
Во меѓувреме требаше да поминат жалбените постапки, можеби тендерот ќе беше поништен, поради што залудно ќе почнеа со производство, доколку подоцна испаднеше дека тендерот е поништен и тоа што веќе почнале да го произведуваат нема да биде купено од Владата на Република Македонија.
 
А вака, сега во 2011, однапред си знаат што треба да направат.
Автобусите ја поминаа хомологацијата во Германија, сега ја поминуваат и хомологацијата и во Македонија, првиот автобус што пристигна во декември 2010 веќе ја помина и хомологацијата и во Македонија така што, украински ЛАЗ одлично знае што треба да произведе, кои стандарди треба да ги исполнува конкретниот производ и најдоцна заклучно со кој одреден датум треба да го испорача конкретниот готов производ.
 
Доколку турбо го убрзаат производството, има шанси сите останати 69 автобуси да пристигнат најдоцна заклучно со 31 декември 2011 иако сепак, дури и јас не верувам дека сите ќе пристигнат најдоцна до крајот на годинава, верувам дека сепак, последната пратка ќе пристигне во првата половина на 2012.
 
Како и да е, на времето останува да си го направи своето.


Edited by Dexter26 - 02-Feb-2011 at 20:16
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #266 Posted: 03-Feb-2011 at 04:07
Знае ли некој колку автобуси брои возниот парк на ЈСП?

Дневник: 260

Глобус: 300

МИА: 350

Државен завод за ревизија: 357

Утрински: 360

Skopje.gov.mk: 380

Македонско сонце: 400

Време: 405

Време 2: 415

Утрински 2: 455

Утрински 3: 460

Поприлично конфузна ситуација. Сепак државниот завод за ревизија е извор кој би требало да е најрелевантен. Извештајот е од 2010. Според тоа, динамиката на обновување е планирана да се одвива вака:

2011: 150 нови автобуси (84 украински + 66 кинески) или 42% од сегашниот возен парк.
2012: +66 нови автобуси или 60% од сегашниот возен парк.
2013: +66 нови автобуси или 79% од сегашниот возен парк.

Тоа значи дека и по 2013 во возниот парк на ЈСП сеуште ќе се наоѓаат 21% или 75 од сегашните автобуси. Ни останува да се надеваме дека се ќе се одвива по замислената динамика како и дека во сегашниот возен парк на ЈСП се наоѓаат 75 од релативно поновите автобуси.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4729
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #267 Posted: 03-Feb-2011 at 04:18


Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #268 Posted: 03-Feb-2011 at 08:40
Би било одлично ако со нареден тендер за менување на тие останати 21% или 75 автобуси, се набават дупли автобуси, али дупли тролејбуси. И така барем ќе ја почнеме тролејската мрежа.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #269 Posted: 03-Feb-2011 at 14:22
Originally posted by FoSsiL

Би било одлично ако со нареден тендер за менување на тие останати 21% или 75 автобуси, се набават дупли автобуси, али дупли тролејбуси. И така барем ќе ја почнеме тролејската мрежа.

 
Градоначалникот на Богота, главниот град на Колумбија, дошол до заклучок дека одржувањето на трамвајската мрежа во Богота е многу скапа повеќекратна инвестиција, па дошол до доста генијално решение:
Ги отстранил трамваите од трамвајската мрежа, и на нивно место ставил тролејбуси.
Многу се полесни за одржување, но најважниот дел е во тоа што ја користат трасата која што ја користеле трамваите, тоа што порано била подземна железница сега е подземен премин само за тролејбуси, не се дел од градскиот метеж и ова е дефинитивно генијално решение.
Ние кај нас немаме ни подземна железница, односно немаме подземен премин кој би бил наменет само за трамваи или само за тролејбуси, меѓутоа дефинитивно мора да се започне од некаде.
Ама тоа што ме загрижува мене е тоа што дури и да се започне од некаде, останува фактот дека Скопје си е Скопје. Градов нема претрпено генералка на транспортната инфраструктура повеќе од 30 години. Проширувањето на Илинденска и на не знам кои други улици и булевари само го одлага неизбежното, а тоа е градење на подземна железница, или подземен премин наменет само за трамваи или само за тролејбуси, бидејќи Скопје секојдневно расте, од град на нешто над 310.000 жители на почетокот на 1970-те, до град на над 600.000 жители, а ако ги додадеме уште 200.000 од надвор кои секојдневно поминуваат низ градот, дали по работа, или транспортери кои не застануваат во градот, туку само поминуваат низ него, наместо да го заобиколат, на крајот на краиштата, за тоа и беше изградена обиколницата така да, Скопје е без малку град на речиси 1 милион жители, а до крајот на вторава деценија на 21 век која штотуку започна, сигурно Скопје ќе биде град на повеќе од 1 милион жители, со оглед на тоа како расте бројот на населението секојдневно.
Сакавте метропола, еве ви метропола, барем од гледна точка на број на жители веќе си имате метропола, а што се однесува до транспортот, е за тоа сами ќе си барате решенија, бидејќи градот никогаш не ни бил планиран за повеќе од половина милион жители, бројка која од одамна е надмината.
 
А што се однесува до возниот парк на ЈСП Скопје, е тоа е нешто доста интересно.
Има огромна разлика помеѓу 260 и 460 автобуси.


Edited by Dexter26 - 03-Feb-2011 at 17:47
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #270 Posted: 04-Feb-2011 at 12:29
Originally posted by гитардемон





Поправете ме ако грешам. Според моите пресметки од оваа табела, моментално на градските линии на ЈСП се возат 357 автобуси(3те Лејланд се возат ли сеуште?).

Со набавката на нови 282(Украински и Кинески), тотално ќе се заменат 263те Саноси и уште 19 од марката Икарус(вкупно има 77). Се на се би требало да имаме само 58 стари автобуси, од марката Икарус.

И едно прашање, овде стои 19 зглобни Икарус? Дали се тоа двојните со затемнети стакла? Зошто ако се тие, 19 тешко да се, јас имам видено само 2 и тоа ги ротираат на 2ка, 5ка, 15ка и 57ца.

Edited by Djole88 - 04-Feb-2011 at 12:31
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #271 Posted: 04-Feb-2011 at 15:31
Originally posted by Djole88


Поправете ме ако грешам. Според моите пресметки од оваа табела, моментално на градските линии на ЈСП се возат 357 автобуси(3те Лејланд се возат ли сеуште?).

Со набавката на нови 282(Украински и Кинески), тотално ќе се заменат 263те Саноси и уште 19 од марката Икарус(вкупно има 77). Се на се би требало да имаме само 58 стари автобуси, од марката Икарус.

И едно прашање, овде стои 19 зглобни Икарус? Дали се тоа двојните со затемнети стакла? Зошто ако се тие, 19 тешко да се, јас имам видено само 2 и тоа ги ротираат на 2ка, 5ка, 15ка и 57ца.

 
Ако не грешам јас, мислам дека Икарус автобусите се постари од Санос автобусите.
Можеби грешам, но доколку не грешам, мислам дека поисплатливо би било прво да се ослободат од тие 77 Икарус автобуси, па потоа од уште 207 Санос автобуси.
 
Мислам дека имаш направено грешка со нарачаните нови автобуси.
Нарачани се 84 градски автобуси од украински ЛАЗ, од кои 4 ќе бидат двојни, а останатите 80 ќе бидат единечни.
А што се однесува до двокатните градски автобуси нарачани од кинески Јутонг, нарачани се вкупно 202 двокатни градски автобуси, од кои 200 ќе бидат од затворен тип, а останатите 2 ќе бидат со отворен втор кат.
 
А што се однесува до тие со затемнети стакла, и јас мислам дека се 2, но едниот е единечен, а другиот е двоен, и мислам дека и двата се Санос, а не Икарус.
 
Но како и да е, јас не сум толку добро запознаен со возниот парк на ЈСП Скопје така што, секогаш има простор за грешки и исправки.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4729
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #272 Posted: 04-Feb-2011 at 15:48
Имајте предвид само дека ова е состојба од 31.12.2009, извештајот за 2010 не е уште готов, а имајте предвид дека на листава пишува со колку возила располага ЈСП, а не колку од нив се во возна состојба. Тоа го имаше во друг приказ поназад.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #273 Posted: 04-Feb-2011 at 16:06
Originally posted by гитардемон

Имајте предвид само дека ова е состојба од 31.12.2009, извештајот за 2010 не е уште готов, а имајте предвид дека на листава пишува со колку возила располага ЈСП, а не колку од нив се во возна состојба. Тоа го имаше во друг приказ поназад.

 
Добро ти е ова "а не колку од нив се во возна состојба".
Навистина, ЈСП Скопје е типичен пример за тоа како функционира оваа држава.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4729
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #274 Posted: 04-Feb-2011 at 16:13
Добро сосем нормална работа е да има возила кои не се во возна состојба. Тие се користат најчесто за резервни делови, и додека не се истрошат во целост, си фигурираат во извештаите. Кога на пример ќе се стопат за старо железо (попрецизен збор - продадат по отстранувањето на сите употребливи делови), ги нема во извештаите. Сепак и тие се имот на компанијата, мора да бидат евидентирани.

Што се однесува до лејландите, тој едниот нели беше „атракција“, (што е до мене супер се вклопи во останатиот возен парк), ама како еден член да спомена дека и уште еден лејланд е во возна состојба, само се чува во некое депо. А третиот сигурно не е возен, барем не сме евидентирале такво нешто.

Edited by гитардемон - 04-Feb-2011 at 16:16
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #275 Posted: 04-Feb-2011 at 19:49
Јас мислам дека дел од тие старите приградски аутобуси треба да се фрлат зборам за старите саноси и икарус ,а дел од нив кои се во добра состојба да се реконструират малку и да се пуштат во селскиот сообракај.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #276 Posted: 04-Feb-2011 at 20:33
Originally posted by mitatos

Јас мислам дека дел од тие старите приградски аутобуси треба да се фрлат зборам за старите саноси и икарус ,а дел од нив кои се во добра состојба да се реконструират малку и да се пуштат во селскиот сообракај.

 
Е па, добар дел од Санос автобусите на ЈСП Скопје се произведени во 1997 и 1998.
Истите можат да бидат модернизирани, климатизирани и да станат поудобни за патниците.
Ова уште во 2005 го кажа овој Ленин од Слобода Превоз, не му го помнам презимето.
Ама ЈСП Скопје и тогаш беа глуви на таквите предлози, исто како што и сега се глуви на истите.
Но сепак велат дека ќе ги задржат тие Санос автобуси произведени во 1997 и 1998 така да, надежта последна умира, можеби ќе им влезе памет во глава и ќе ги моденизираат, климатизираат и направат поудобни за патниците истите тие автобуси во иднина.


Edited by Dexter26 - 04-Feb-2011 at 20:34
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #277 Posted: 04-Feb-2011 at 20:59
Па реално  да гледаме  поредовни се граганите од селата во превозот од колку тие од градот,разликата е во тоа што низ градот има повеќе народ, а тие од селата морааат сепак да се пуштат надоле низ градот за работа,доктор и др причини , особено Автобуските линии према Скопје-Сингичич-Скопје-Арачиново,и Скопје-идризово и понатака... секој пат кога ги гледам тие автобуси ептен многу се чека низ станицата и секогаш се полни.
Поентата е да се направат комбинации доколку некаде губат,од друга страна да ги покријат тие трошоци со добивка,иако не може во секоја линија да бидеш добитен,јас сметам дека освен 57-мица треба да се пушти уште еден број за да се не се преоптовари тој број од грагани. Можна е слична релација од 57,што ке го поврзува Чаир-Центар-Аеродром и обратно.



Edited by mitatos - 04-Feb-2011 at 21:00
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #278 Posted: 04-Feb-2011 at 23:21
Не знам дали сте приметиле, но во последниве денови гледам неколку зглобни автобуси на ЈСП кои се свежо офарбани однадвор и реконструирани одвнатре, ова важи и за моделите на Санос и за Икарус. Не знам дали има некој инсајдерска информација од ЈСП, но по се изгледа дека дел од зглобните автобуси и понатаму се спремаат за возење по градските улици.
Back to Top
sanos_a View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote sanos_a Quote  Post ReplyReply #279 Posted: 05-Feb-2011 at 21:49
овие од јсп ке ги бараат санос-ите само тогаш ке биде касно. инаку санос-ите се добри за приградски линии за разлика од лаз-овите кои се нископодни а санос-ите се средноподни кои имаат одредени предности на одредени линии
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4729
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #280 Posted: 06-Feb-2011 at 03:22
Кај нископодните се штелова висината, таман работа ако се само на една височина цело време. Има хидраулика, нешто како на црнците кадилаците по САД
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 44>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.230 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.