build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Возен парк (ЈСП - ЛАЗ)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 44>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 729
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #321 Posted: 16-Feb-2011 at 21:23
Дисплеите ќе работат со сигурност, тоа е најмал проблем бидејќи овие дисплеи ги подржуваат сите типови на кирилично писмо. Уште кога беше првиот автобус на хомологација на машински, лично видов како техничарите пробуваат да ги подесат
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #322 Posted: 17-Feb-2011 at 23:10

СО ПРВИТЕ 15 ЕДНОПОДНИ АВТОБУСИ ПОЧНУВА ОБНОВАТА НА ВОЗНИОТ ПАРК НА ЈСП


"Украинците" излегуваат од гаража


Честа први да се возат ќе имаат граѓаните кои ги користат линиите 3, 4, 7 и 15


Од следната недела по скопските сообраќајници ќе почнат да се возат новите украински автобуси, а честа први да се возат ќе имаат граѓаните кои ги користат линиите 3, 4, 7 и 15. Директорот на ЈСП Скопје, Мишо Николов информира дека промоцијата на 15-те нови автобуси е закажана за вторник. Пред неколку дена, со одлука на Градскиот совет ЈСП и официјално стана сопственик на автобусите кои ги набави Владата.

Украинските автобуси што ги произведе фабриката "Лаз" во Лавов се црвени, климатизирани, со автоматски менувач, рампа за инвалидска количка и со простор за количка за деца. Имаат дисплеи и говорни информации кога ќе пристигаат на одредена постојка. Тие се со германски мотор и менувач.

Според договорот, до крајот на годинава украински "Лаз" треба да испорача уште 69 автобуси. Досега е платен депозитот во вредност од десет проценти од договорот, односно 1,1 милион евра, а проектот за набавка на нови 84 градски автобуси вкупно чини 11 милиони евра.

Со оваа пратка ќе се обнови една четвртина од возниот парк на ЈСП. До 2013 година ЈСП ќе се поднови и со 202 двокатни автобуси кои се произведуваат во Кина. Старите автобуси кои едвај возат по скопските улици ќе бидат расклопени и ќе се користат како резервни делови, а другиот дел ќе биде продаден како старо железо. Нивната просечна старост е 15 години.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=BCA68BD81C4D7D4CA2CEF1A7AAD9A240
Back to Top
nylon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 169
  Quote nylon Quote  Post ReplyReply #323 Posted: 17-Feb-2011 at 23:34
"Нивната просечна старост е 15 години." ???
Нема шанси! Сигурно просечната старост е 25-30 години. 12-13 години просечна старост имаат "новите" автобуси на "приватниците", а изгледаат како јапонски воз во споредба со крнтиите на ЈСП. Просечната старост на ЈСП е 25+.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #324 Posted: 18-Feb-2011 at 01:29
Ако ништо друго, без навреда кон другите населби, ама барем за почеток ќе возат во урбани места, на релативно добри улци и булевари. Само индијанцине у 15-ка да не остават уште одма траг. Не за друго и јас бев дел од 15-ка, али ни се прашташе пошто со најстарите автобуси се возевме. Кон поновите имавме респект. Сите у вторник на сликање!
Back to Top
vlatko.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote vlatko.mk Quote  Post ReplyReply #325 Posted: 20-Feb-2011 at 02:03
4- ка е погодена линија - не дека јас ја користам туку поради тоа што не е преоптеретна, а и улиците се во ред
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4663
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #326 Posted: 20-Feb-2011 at 21:18
Дечки, цел викенд немав пристап до интернет, дури сега имам, си мислев ќе прочитам вести од вас на темава.

Па во саботата кај 15:00 часот пред Собранието на РМ видов украински ЛАЗ! Не беше пуштен на линија, празен беше и со исклучен дисплеј, но го видов livery-то, и има напишано www.jsp.com.mk со некој голем обичен без врска фонт, плус четирицифрен реден/гаражен број (1009 ако не се лажам беше овој.).

Толку никој да не го виде?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #327 Posted: 20-Feb-2011 at 21:42
Браво за информација Гитар, тоа значи дека новите автобуси ќе бидат нумерирани со четвороцифрени бројки, наместо со 9_ _. Автобусите Санос од 1998 година се нумерирани со 8_ _.
Back to Top
vlatko.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote vlatko.mk Quote  Post ReplyReply #328 Posted: 21-Feb-2011 at 18:49
Утре ќе се возиме во украинските автобуси - барем оние кои се возат со следниве линии 3, 4, 7 и 15
За впечатоците ќе пишуваме откако ќе ги пробаме ...
Back to Top
Kicho View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 06-Dec-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Kicho Quote  Post ReplyReply #329 Posted: 22-Feb-2011 at 01:25
За информацијата дека новите автобуси ке се промовираат во вторник сакам да додадам дека ке биде пред салата Борис Трајковски. Мислам дека е 14 часот.
Па кој е слободен и има можност нека отиде и нека слика
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #330 Posted: 22-Feb-2011 at 09:32
Ајде сите слободни на една вожња до Ѓорче!
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #331 Posted: 22-Feb-2011 at 17:15
nacekav nova 22a na idenje od rabpta!!!! Ja slikav u voznja od mobilen pa taka da kvalitetot ne e naj naj!
povelete:



Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #332 Posted: 22-Feb-2011 at 17:20
Вака ептен ми се свиѓа изгледот. Само можеле и старион пред неа да го измијат
Back to Top
Kicho View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 06-Dec-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Kicho Quote  Post ReplyReply #333 Posted: 22-Feb-2011 at 18:06
Јас се возев во еден од нив и нај искрено не сум задоволен од финалната изработка во внатрешноста. Има доста непрофесионално доработени делови. Исто така не приметив да има држачи за инвалидска количка како кај сите нормални автобуси во европа. Значи џабе има рампа за инв. количка , ако нема кај да се прицврсти во внатрешноста  
Back to Top
Tuvok View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 173
  Quote Tuvok Quote  Post ReplyReply #334 Posted: 22-Feb-2011 at 19:21
Нели 3,4, 7 и 15 ? Од кај сеа и на линија 22а ?
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #335 Posted: 22-Feb-2011 at 19:26
За внатрешноста неможам да кажам зашто во движење го видов али морам да признам дека од надвор у живо доста пристојно изгледаше.
Ај нека е аирлија
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 626
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #336 Posted: 22-Feb-2011 at 19:30
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #337 Posted: 22-Feb-2011 at 20:11






http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3994&mid=482&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12124
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #338 Posted: 22-Feb-2011 at 22:38
Еве вест и уште слики

Долго нека не служат новиве автобуси... и квалитетно   Cheers
И се надевам ќе ги чуваме, а евентуалните вандали и битанги ќе бидат ловени и жестоко казнувани. Сега е момент да се притисне на тоа поле!
Инаку да се пофалам, го искористив промотивното возење и свртев едно кругче низ град. Впечатокот за автобусите ми е прилично позитивен, но многу непријатно ме изненади необученоста на возачот кој изгледа никогаш немал управувано возило со автоматски менувач, а беше максимално збунет и во врска со командната табла. Срамота е ЈСП да не може да обезбеди обука и запознавање на неколку возачи со овие возила. Со необучени возачи најпрвин тие сами ќе им го најдат крајот на автобусите... Во тој контекст да спомнам и дека автобусот 1015 воопшто не тргна на промотивното возење со другите автобуси, туку остана на паркингот, но мене не ми делуваше дека се работи за некаков проблем со автобусот, туку дека и тој возач беше незапознаен со возилото и дека имаше активирано којзнае каква опција/команда, па автобусот едноставно одбиваше да тргне.


Originally posted by Tuvok

Нели 3,4, 7 и 15 ? Од кај сеа и на линија 22а ?

На крај всушност испадна 3, 4, 5, 7, 9, 15, 16, 19, 22 и 24. Тоа е последната официјална информација.



Новите ЛАЗ-ови на ЈСП ставени во функција

Скопјани од денес конечно ќе се возат во новите градски автобуси на украинскиот производител ЛАЗ. Јавното сообраќајно претпријатие ги претстави првите 15 примероци кои веднаш ќе почнат да сообраќаат на линиите број 3, 4, 5, 7, 9, 15, 16, 19, 22 и 24. Свеченоста се одржа на паркингот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, а потоа следуваше промотивно возење по градските улици. Автобусите се модел „CityLAZ-12LF“, нископодни единечни автобуси со должина од 12 метри и капацитет за 100 патници, од кои 31 место за седење. Во нив е вграден мотор според ЕУРО 4 стандарди за емисија на издувни гасови и автоматски менувач од германскиот произведувач „ZF Friedrichshafen AG“. Цената на еден автобус изнесува околу 125 илјади евра. До крајот на годинава ЈСП треба да добие уште 65 примероци од овој модел, како и четири примероци од зглобниот модел „CityLAZ-18LF“, чија поединечна цена изнесува 171 илјади евра. Исто така до крајот на годинава треба да пристигнат првите 68 двокатни автобуси од Кина, со поединечна цена од 177 илјади евра.

http://www.build.mk/?p=6758




1


2


3


4


5


6


7


8


9


10


11


12


13


14


15




Edited by Cloverstack - 22-Feb-2011 at 22:39
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #339 Posted: 22-Feb-2011 at 22:45
Автобусот со број 1001 на сликите на Cloverstack го има бројот 15 но попладнето околу 17:00 ја го сликав истиот на водњанска и возеше како 22а. Дали се предомислиле или ќе ѓи ротираат незнам.
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #340 Posted: 22-Feb-2011 at 22:47
Уште нешто да кажам сеа од како ги видов автобусите у живо. Многу ама многу ми е криво што не ги нарачавме сите вакви а не двокатни-кинески.А башка цената им е 125 илјади евра а на двокатните 177 илјади, можевме 400 да купиме. Али ајде дај боже да грешам.

Edited by toasumjas - 22-Feb-2011 at 22:56
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 44>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.218 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.