build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Возен парк (ЈСП - ЛАЗ)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 44>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 21-Dec-2010 at 03:11
Како се викаше онаа што вршеше хомологација на бродовите во Охрид? Истата да не е?
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2393
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 21-Dec-2010 at 07:49
Другар, да не мислеше до ЈУЛИ 2011?
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 21-Dec-2010 at 09:02
Originally posted by <Fresno>

Originally posted by Dexter26

Вака би испаднало дека автобусите не доцнат, туку со оглед на фактот дека биле испратени на хомологација кај таа германска фирма пред веќе 2 недели, всушност се се одвива според планираното по што, доколку се помине како што треба, автобусите би требало да пристигнат во Скопје во јануари 2011.


Ако е така, автобусите ЌЕ доцнат. Прашањето е само дали ќе плаќаат пенали од ЛАЗ, или ќе бидат истолерирани (ако воопшто е можно да не се почитува договорот) во име на добрите македонско-украински односи.


Не верувам дека украинците би си дозволиле таков лапсуз. Додека за нас чекањето на автобусите е некое си губење на идниот комфор, за нив тоа би претставувало лош PR и вистинска финансиска загуба.

Претпоставувам дека во договорот стои автобусите да бидат испорачани на хомологација до крајот на 2010, што украинците и го испочитувале. Тоа што некои наши медиуми или/и владини претставници лошо го протолкувале тој дел, е веројатно од каде е пласирана веста дека ќе бидат испорачани до крајот на 2010 на улиците на Скопје.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 21-Dec-2010 at 09:56
не вистината е дека не поминале на хомологација во германија  бидејќи манов мотор, па сега украинците морааат наново се да испеглаат и пак дас ги вратат на хомологација автобусите та сетне да ги испорачаат кај нас, а ние како по обичај за да не си нарушиме добрите односи со единствената земја која и не снабдува квалитетно со ефтино оружје ќе си дополниме некој анекс на договорот каде ова каснење ќе биде оправдано т.е. испоракта пролонгирана се  додека германците од МАН не дадат амин!
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 21-Dec-2010 at 10:01
Originally posted by lslcrew

Како се викаше онаа што вршеше хомологација на бродовите во Охрид? Истата да не е?

Не знам, не верувам дека е истата.
Инаку, од 2010, хомологацијата на бродовите во Охрид ја врши француската фирма Биро Веритас, а не германска фирма.
Помнам дека фирмата што го изврши техничкиот преглед на бродот Илинден беше германска, но тоа со потонувањето на Илинден беше во 2009, а францускава фирма Биро Веритас го врши техничкиот преглед на бродовите во Охрид од пролетта 2010, ако добро помнам.

Originally posted by krale

Претпоставувам дека во договорот стои автобусите да бидат испорачани на хомологација до крајот на 2010, што украинците и го испочитувале. Тоа што некои наши медиуми или/и владини претставници лошо го протолкувале тој дел, е веројатно од каде е пласирана веста дека ќе бидат испорачани до крајот на 2010 на улиците на Скопје.

И јас го мислам истото.
По автоматизам, бидејќи автобусите веќе се испратени на хомологација кај таа германската фирма пред да истече крајниот рок заклучно со 31 декември 2010, следува дека украински ЛАЗ го испочитувал договореното.


Edited by Dexter26 - 21-Dec-2010 at 10:01
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 21-Dec-2010 at 10:12
@ Max

Од каде излегоа сега MAN и MAN-ов мотор  Question
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 21-Dec-2010 at 10:20
од шофер во градски хаха
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 21-Dec-2010 at 11:17
Јас сега ја гледам репризата од вчера и незнам од кај ги вадите заклучоците. Автобусите се произведени, пројдена е хомологацијата во Германија, а во четврток се очекува да стигне првиот. Тој автобус треба да пројде хомологација кај нас на Машински и метереолошки и ако пројде тој автобус, нашиве стручњаци од тие две институции ќе одат во Украина да ги проверат и другите. Ако е се во ред со документација за увоз и со нивната хомологација сите 15 треба да се тука за 2-3 недели
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 21-Dec-2010 at 11:53
Originally posted by Djole88

Јас сега ја гледам репризата од вчера и незнам од кај ги вадите заклучоците. Автобусите се произведени, пројдена е хомологацијата во Германија, а во четврток се очекува да стигне првиот. Тој автобус треба да пројде хомологација кај нас на Машински и метереолошки и ако пројде тој автобус, нашиве стручњаци од тие две институции ќе одат во Украина да ги проверат и другите. Ако е се во ред со документација за увоз и со нивната хомологација сите 15 треба да се тука за 2-3 недели

Е па тогаш нема уште долго да чекаме, еве се ближи четврток, ќе видиме дали навистина ќе пристигне првиот автобус.
 
Јас не ја гледав целата емисија, фатив само краток дел каде што Милето Јанакиески велеше дека во јануари 2011 автобусите ќе бидат во Скопје.
 
Можеби со тоа сакал да каже дека во јануари 2011 ќе бидат пуштени во употреба од страна на ЈСП Скопје, можеби сакал да каже дека во јануари 2011 ќе биде готова целокупната документација, или не знам што друго.
 
Како што реков, јас не ја гледав целата емисија, го фатив само делот каде што зборуваше за хомологацијата која веќе 2 недели ја вршела таа некоја си германска фирма, и каде што спомна дека се надева дека во јануари 2011 автобусите ќе бидат во Скопје.


Edited by Dexter26 - 21-Dec-2010 at 11:54
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 21-Dec-2010 at 14:49
Епа така ќе му дојде. Еве проста пресметка. Во четврток да дојде автобусот во Скопје и да се среди се на машински и метеролошка, ќе им треба 2-3 дена, во превод петок, понеделник и вторник. После тоа следуваат новогодишни празници до 7ми(односно до 9ти, зошто е викенд). Под претпоставка дека до тогаш стварно ќе дојде автобусот и се да биде средено, најрано што можат нашите да отидат таму е 10ти Јануари. Од тогаш да се чека 14 дена, значи последна недела на Јануари, што би значело еден месец пенали.

Е сега друг муабет е дали во договорот има клаузула која вели до крај на 2010 да се произведени и спремни за преглед или до крај на 2010 да се на улиците во возна состојба Тука може да прават малверзации
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 21-Dec-2010 at 14:52
Извинете за пост под пост, ама сега ја видов и оваа вест, која до некаде го потврдува муабетот за автобус во четврток.

В четврток стасува примерок од украинските автобуси?

Во Скопје задутре се очекува да стаса примерок од украинските автобуси на компанијата „Лаз“, која има обврска до крајот на годинава да ја испорача првата тура 15 автобуси од вкупно 84 договорени со владината набавка. Автобусот што ќе стаса треба да биде подложен на испитувања од страна на Машинскиот факултет. Во меѓувреме, според најавите, во завршна фаза е и хомологацијата на автобусите што се врши во Германија.

И покрај тековните постапки, се' поизвесно е дека производителот нема да ја испочитува обврската согласно со договорот, 15 автобуси да почнат да возат по скопските улици најдоцна до 31 декември. Ниту од ЈСП „Скопје“, ниту, пак, од Бирото за метрологија и други институции инволвирани во проектот не сакаат официјално да ги коментираат случувањата и да прогнозираат дали и кога воопшто Украинците ќе ги испорачаат автобусите. Без коментар е и претставничката од „Лаз“, која веќе неколку дена престојува во Скопје.

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој е потписник на владината набавка, неодамна единствено посочи дека во случај на доцнење со испораката производителот ќе плаќа пенали. Не кажа во кој случај договорот со компанијата евентуално би бил раскинат

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=8F67634AF7657E48929B40373E8BA2EA
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 21-Dec-2010 at 15:04
Нема обнова на возниот парк 20 години, вие броите у секунди овде...стварно не ми е јасно...што е битно дали е утре или заутре...ако ја завлечат со месеци, тоа е друга работа...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 21-Dec-2010 at 15:18
Џоле метрологија и метеорологија е различно. Завод за метрологија е македонско стандардизационо тело се занимава со нционални еталони и мерки и спороведување на си систем за меќународна упореба и слични усвоени светси мерки.
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 21-Dec-2010 at 18:03


Фала брат на појаснување И јас се чудев што бараат метеорологија да праат испитувања
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2393
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 21-Dec-2010 at 22:46
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 22-Dec-2010 at 02:31


Слика ли си ставил? Не се покажува  Dunno
Back to Top
sanos_a View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote sanos_a Quote  Post ReplyReply #177 Posted: 23-Dec-2010 at 19:56
дечки дали имате информација за првиот примерок на ЛАЗ во Скопје?
дали дојде првиот примерок?
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #178 Posted: 23-Dec-2010 at 20:14


Јас денеска бев во близина на објектот за хомологација на машински факултет и повеќе пати тркнав со надеж дека можеби ќе го видам таму, ама ништо...  од 9 до 14. Ако стигнал, можда е и во некоја од базите на ЈСП, ама верувам барем некој медиум ќе известеше...  Dunno


Edited by Cloverstack - 23-Dec-2010 at 20:17
Back to Top
BKV View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 26-Dec-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote BKV Quote  Post ReplyReply #179 Posted: 26-Dec-2010 at 19:17
The first bus for Skopje from LAZ currently only on tests at Lviv
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #180 Posted: 26-Dec-2010 at 22:30


Sounds like you're an insider
Do you have a rough idea when it will be delivered to Macedonia?



Edited by Cloverstack - 26-Dec-2010 at 22:30
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 44>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.230 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.