build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Враќање на коцката на Плоштад Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 20>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11846
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 14-Dec-2009 at 22:23
Originally posted by гитардемон

Да не ја постирам цело колумна тука, прочитајте ја Скопје... како Венеција!

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=F47D9E87E35EC14BB8AC62D7A930D768
Зошто да не

Опишаната трагикомедија за жал е наша реалност  Roll%20eyes

Коце и Венеција

Димитар Чулев

Без намера да расправаме за вкусовите со градоначалникот Коце Трајановски, кој го избра Париз како модел, според кој ќе го развива Скопје, слободни сме да понудиме алтернативен урбанистички план „Б“: а зошто Скопје не би го направиле како Венеција?

Место комплицираната операција на демонтирање на мермерот од плоштадот „Македонија“ за да се врателе камените коцки (зашто така било во Париз и во сите престолнини), место скапото ширење на улицата што во иднина ќе прерасне во авенија „Илинденски полиња“, место поставување споменици, а можеби и триумфална порта на еден од краевите на „Партизанска“... што и' недостасува на прекрасната Венеција.

Со едноставна операција на неодзатнување на одводните шахти и нечистење на испустите од атмосферската канализација (што редовно се случува при дожд) градот релативно брзо би се поплавил. Тоа се случи во 1962 и во 1979 година, така што би се обновила и една стара традиција прекината со непотребната регулација на Вардар по земјотресот.

Водата би го исчистила градот, а тоните пластични шишиња, кеси и хартија економски ќе го оправдаат проектот за собирање и рециклирање на вредните суровини, кои ќе се собираат на браната во Демир Капија. Таа општина економски ќе зајакне, а Трајановски ќе добие поени и во ЗЕЛС.

Возилата што само прават проблеми со паркирањето ќе бидат протерани на обиколницата каде што на наплатните рампи ќе се собираат огромни пари за градскиот буџет, а измиениот и еколошки чист центар ќе стане туристичка атракција. Странци ќе се фотографираат пред поплавената Ристиќева палата...

А, да, најважното: ќе се распише тендер за увоз на гондоли (може и двокатни) место градот да се гуши во проекти за трамвај, метро, автобуси...

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=F47D9E87E35EC14BB8AC62D7A930D768
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 15-Dec-2009 at 03:30

незнам колку е оправдано, но мене лично коцката ми беше далеку помила како појава, иако во првиот момент кога се наредија тоа гранитните плочи на новиот плоштад делуваше убаво, сепак сега ми делува истото повеќе како инстант опкружување

но, од друга страна доколку стара-нова нбм биде поплочена а ќе биде, воедно поплочена е и метропол, а и Црквата во иднина според рендерите треба да биде во сивец, и од другата страна доколку хотелите и офицерски ги фасадираат почисто, постојниве гранитни плочи ќе си легнат убаво!

~

е сега зошто и дали навистина враќањето на коцката е од естетски побуди тоа незнам, но лично мислам дека посреди може да има сосем други причини а по повод поставувањето на споменикот на плоштад! сепак да почнеме со естетиката:

1. веруваат дека со староградскиот изглед во опкружувањето на плоштадот најдобро и најафтентично би легнала камена коцка, која воедно и нема да собира и прави вирови како што е случај со ова пстојниов гранит 

2. сакаат да се отерасат од босанскиот радиоактивен гранит со кој во моментов е поплочен плоштадот, но тоа сакаат да го изведат индиректно без да се наведе јасната причина

3. свесни се дека интервенцијата со тешка механизација на плоштад околу поставувањето и на фонтаната и на споменикот ќе предизвика пукање на постојните гранитни плочи  и со таква анализа предвид навреме се осигуруваат за евентуален калабалак кој би се јавил индиректно како последица на веќе зацртаните зафати...!?!

4. градските власти сакаат со време да си отворат лесен и ефтин простор за реметењето во иднина на плоштадот со подземниот тунел, односно изместувањето на главните канализациони водови, трасирањето на тунелите и подземниот паркинг...!?!

5. сакаат да имаат уште една добра тема за дефокусирање, класично добро одработен спин кој не е ни екстра лош ни екстра добар туку легнува како вода на брашно, тоа само на идејата каква реакција привлекува муабетов, а тек што ќе биде доколку и навистина почне да се реализира...!?! од овој аспект и целосно ја оправдувам и подржувам оваа иницијатива, бидејќи во вакви хипокртични и хиперхистерични времиња кога ни се врши разно-разен политичко-културно-економски притисок подобро бесоти негативната енергија во јавноста да се дисперзира преку вакви патки него во недостаток од урбан сензационализам народ да се сврти кон општа психоза заради вакво или онакво интегрирање и сите негови нус-ефекти и девијации по нашата свест како што е грчката параноја дека некој сака да им ја земе назад Егејска Македонија, за греота но тие во таа реалност си живејат, како беше онаа кој си ја има мувата на капата тој и си ја ишка...!?!

~

може дилемиве се сомнителни но доколку човек подлабоко анализира за секоја од нив ако ништо друго има простор да се искористи како одржлива теорија, сепак во јаност може да се излезе само со естетко алиби!

мене ми се наметнува друга дилема, зошто сега додека споменикот не е поставен и додека Црквата не е изградена да не го отскријат плоштадот и со лезет тунелите да ги завршат!? со таквиот пристап се ќе оди брзо и подмачкано него да се работи само под земја, сепак најпрво има доста што доле да се изместува од инфрастурктура, но и воедно побрзо ќе се одвиваат градежните работи... но за тој инфраструктурен проект од програмата на Коце сега не ми се верува некој да фрли камен па и владата да финансира, иако ова е можеби еден од поглавните скопски приоритети, и од тој аспет логично корисно е да има некаков ред на нештата...!?!

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 15-Dec-2009 at 04:35
Да те поправам. Гранитот не е радиокативен зашто е од боснаскиот, него секој гарнит е радиокативен. Токму поради таа радиоактивност не се препорачува гранит во затворени порсотории како што некои хотели го користат, туку претежно се користи за отворени површини како плоштади и слично. Во надворешни услови радиактивност не е штета бидејќи е во премали количини.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 15-Dec-2009 at 09:17

не велам дека гранитот е радиоактивен бидејќи е босански туку укажувам дека ко за иронија е од босна небаре нема каде од кај нас камен да се набави!

а дека можело да се избегне поголема или помала или никаква радиоактивност тоа е друга работа, зависино од седиментите каде е ваден гранитот и колку на тие места истиот е врзан за радиоактивни руди... сепак:

Со дозволената граница на радијација се и гранитните плочи вградени во улицата „Македонија“ во Скопје, на Широк Сокак во Битола, плоштадот во Прилеп и на други места - велат стручњаците. http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=7BFE45886DD8184484F6447101E93AEC&arc=1

е сега колку и дали е дозволено деца подолго да престојуваат на плоштад и која е дозволената количина на зрачење која е присута на истиот тоа незнам, ништо не е транспарентно објавено и истакнато, патем колку што се сеќавам ул.мкд  и плоштад се поплочени со различен травертин...

~

е сега овој што ќе го извадат од плоштад не е лошо да се префрли на  ул.димитрие чуповски односно рекорд, доколку планираат ова да биде пешачка зона, но доколку планираат во иднина да терааат и тука подземен коридор, најдобро е уште сега тоа да го средат во еден здив со со' тунелети под плоштад (еден тунел е но заради дополнителниот сегмент од стара нбм ги етикетирам во множина)
оваа зона доколку ја направат целосно пешачка тоа ќе биде центар кој прилега за една метропола, токму даун таун, само треба на време да се затнат сите слободни места со подземни гаражи чиј пристап би терал преку подземните коридори, секое пацио во центар да има катна гаража која би ги опслужувала фирмите во околината! 

~

добро а знае ли некој поранешната коцка на плоштад од кое време е, дали можеби е таа истата со која во турско или србско биле поплочувани улиците или е од времето на комунистичките работни акции!?

Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 15-Dec-2009 at 09:46
Текстов на Чулев е фантастичен, веројатно како наследство од градоначалник до градоначалник останува венецијанскиот концепт да се развива, само сега Коки сврте накај Париз...
Дека веќе е отворена темава, може pole да ставиме? Чисто и дијаграмски да се покаже како се размислува на темава...може некој ќе го земе предвид резултатот...

п.с. коцката веројатно е од времето на Јосиф Михајлович, своевремено бил исмејуван за поставувањето на истата, дека „немало“ потреба од нејзе, а каљосаните улици биле духот на „градот“ - имаме некаква традиција во незнаењето да се живее градски, не е ова ништо ново...камо денеска да ни беше градоначалник истиот, ама ја немаме таа судбина...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8803
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 15-Dec-2009 at 09:51


Какви опции да поставам на анкетата?

За
Против
...

?
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 15-Dec-2009 at 09:57
Па веројатно, за трета опција не ми текнува...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 15-Dec-2009 at 09:58
За
Против
Сеедно
Не знам и такви бакрачи се многу глупа опција на сите анкети.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8803
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 15-Dec-2009 at 10:24
Originally posted by lslcrew

ЗаПротивСеедноНе знам и такви бакрачи се многу глупа опција на сите анкети.


Ne znam e biten parametar vo opsti anketi, no tuka ne veruvam deka bi imalo lugje sto 'Ne bi znaele' da odgovarat na ova prasanje. OK kje idam so tvoive predlozi
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 15-Dec-2009 at 11:04

секогаш мора да има златна средина како "исто ми се фаќа" или "кому иде", ајде да бидеме покуртоазни за средна опција најдобро нека оди "сеедно - и за и против"  

~

а ова што велиш Давид дека на Јосиф Михајловски-Јуруковски ја има постелено калдрмата тоа е точно http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=44&PID=32045&SID=f4cz735ad9b4z2e956zdd6d814c7e34c#32045 се гледа и на снимкава дека во турско (сцената со камен мост) плоштадот е на места макадам, мислам дека од железничката па се до камен мост имало дробен камен како основа која евентуално со поплавите во минатото да е покривана со песок и земја!?



Edited by Max - 15-Dec-2009 at 11:05
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11846
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 15-Dec-2009 at 13:41
Пробав но не успеав да најдам инфо кога прв пат бил поплочен плоштадот, но наидов на податок (се надевам точен) дека плоштадот со таа коцка што беше таму до 2003, ликот го добил во 40-тите години на минатиот век.

Еве две слики, првата е од 20-тите, а втората од 50-тите, каде јасно се гледа разлика во материјалот и начинот на кој е нареден.

Дополнително, доколку податокот дека првата слика датира од 20-тите е точен, ја прави малку веројатна можноста Јосиф Михајловиќ да бил човекот кој прв го поплочил плоштадот, бидејќи тој на градоначалничката функција стапил на 29.01.1929. Но којзнае, можеби одиграл улога - на википедија го пишува следново: „Пред тоа во Градот работел како архитект-урбанист и уште тогаш имал почнато неколку проекти“.

1


2

Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1852
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 15-Dec-2009 at 13:53
abe lepota e kockava sto da kazam
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1852
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 15-Dec-2009 at 13:59
"Дури и кога даваше отчет за сработеното во неговите први 100 дена најави дека приоритет ќе му биде Скопје да го направи Париз, а можностите за тоа биле големи, бидејќи двата града имале многу сличности, пред сé бидејќи низ двата града течат две прекрасни реки, Сена и Вардар" e ova ne znam dali e za placenje ili za smeenje. prekrasniot vardar nash go sporedi so sena!!!!!! a koga ke pocne da seta malce pocesto ke vidi deka skoro site gradovi imaat reka. i deka skopje i pariz bas i ne se tolku slucni... ili? tuka negde se....

Edited by Cloverstack - 15-Dec-2009 at 14:33
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1852
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 15-Dec-2009 at 14:00
"Според најновата идеја, пак, која предизвика и најмногу реакции во јавноста, градскиот плоштад треба да личи на париските и да биде целосно поплочен со калдрма, а не со босански гранитни плочи. Трајановски вели дека само така можеме да им се приближиме на европските метрополи."
tocno e apsolutno se slozuvam. samo taka, nema drug nacin. mislam deka toa e glaven uslov. sho postaro go napraime skopje da izglea toa poubavo. koj ke znae deka e napraveno zavcera, bitno e da deluva staro. bravo za covekov, redok vid na inteligencija poseduva,


Edited by Cloverstack - 15-Dec-2009 at 14:34
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11846
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 15-Dec-2009 at 14:01
xnx, од каде се цитативе?
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1852
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 15-Dec-2009 at 14:02
http://www.time.mk/read/ebe655cda2/de5e7f0028/index.html

Edited by Cloverstack - 15-Dec-2009 at 14:35
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 15-Dec-2009 at 14:03
Видете, дајте да не се зае**ваме со коцкава. Па Скопје не е град како Копенхаген  во кои сите круциални проблеми се решени па треба да се работи на финесите. Во Скопје има тоооолку многу навистина сериозни проблеми во коишто треба да се насочи целокупната енергија, средства и идеи, решенија кои би го овозможиле Скопје да профункционира како град и да го растовари колапсот. Пред се тоа се сообраќај, паркинг, јавен превоз, урбанизам и хигирена. Плус неможе да си дозволи секој селден градоначалник да ги ревидира и менува идеите на претходникот. Да не зборуваме дека кога би се раскопувал плоштадот, задолжително е да се изгради и тунелот Соборна-Народна Банка (јас незнам зошто сега кога кејот е затворен заради една приватна зграда не се работи на тој сегмент од тунелот исто така), да не зборуваме за мизерната статуа на било-кој. Па зарем 4 пати во 10 години ќе се прави плоштадот?!?  Апсолутно ПРОТИВ во овој момент и заради само-себе си доволната естетска причина.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
SpaceAge View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 11-Dec-2009
Location: SWEDEN
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote SpaceAge Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 15-Dec-2009 at 14:27
Moram da go spomnam toa sto go rece pred nekoja den prof.Konstantinovski deka  poradi nedostatok na idei za moderniziranje na gradov ovie ova go pravaat to est se vrajkaat na staroto
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11846
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 15-Dec-2009 at 14:45
@ xnx

ОК, ги преместив постовите тука, бидејќи во меѓувреме издвоивме посебна нишка за темава.

Ради прегледност и избегнување на забуни, во иднина би те замолил да ја користиш опцијата за цитирање (quote). Објаснета е во упатството за постирање и не е воопшто сложено/тешко  Smile

Исто така во интерес на дискусијата, постирај ги релевантните текстови во целост, а не само извадоци.

Еве го упатството за постирање:

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=181


А еве го и текстот во целост, директно од Нова Македонија

По реките и бутките, на ред дојдоа коцките





 

Од кабинетот на градоначалникот Трајановски вчера не соопштија дали тој чува во ракавот уште некоја идеја добиена во Париз или во другите градови каде што патуваше, како Фрајбург, Загреб и Истанбул

 
 
%20  
Париз ја направи Илинденска улица без трафики, може да ни донесе пловен Вардар, а најверојатно во 2011 година ќе се направи уште една реконструкција на плоштадот „Македонија“ поради идејата што ја добил градоначалникот Коце Трајановски за време на неговата посета на овој град. Само два дена Трајановски престојуваше во француската метропола, од 20 до 22 јули, каде што се сретнал со парискиот градоначалник Бертранд Деланое и разговарал за функционирањето на локалната самоуправа и јавните претпријатија.

Но веднаш по враќањето се фати за работа. Дури и кога даваше отчет за сработеното во неговите први 100 дена најави дека приоритет ќе му биде Скопје да го направи Париз, а можностите за тоа биле големи, бидејќи двата града имале многу сличности, пред сé бидејќи низ двата града течат две прекрасни реки, Сена и Вардар. Во предизборната програма на Трајановски нема проект за претворање на Вардар во пловна река, како што имаа некои негови противкандидати на локалните избори, па така ќе треба да почекаме за да видиме дали од таа изјава ќе произлезе и конкретен проект.

Но затоа во програмата има проект „Убаво Скопје“, со кој се предвидува да се осветлат сите знаменитости и јавни објекти, за и Скопје да биде град на светлината.

Париските искуства вторпат беа употребени кога се уриваа трафиките пред фонтаната „Лотос“ во Градскиот парк, поради потребите да се прошири улицата Илинденска. Сопствениците на овие привремени објекти остро реагираа на одлуката на градот, а на тоа градоначалникот им одговори дека додека шетал низ Париз никаде не видел ниту една бутка, па ако на таквите објекти им се овозможи и понатаму да постојат, никогаш нема да го направиме Скопје наш Париз.

Според најновата идеја, пак, која предизвика и најмногу реакции во јавноста, градскиот плоштад треба да личи на париските и да биде целосно поплочен со калдрма, а не со босански гранитни плочи. Трајановски вели дека само така можеме да им се приближиме на европските метрополи. Тој тврди дека треба да се искористи моментот бидејќи плоштадот ќе се раскопува поради поставување фонтана и скулптура на Александар Македонски, па може да се направи и дополнителна реконструкција, а и онака останале стари коцки во депото на јавното претпријатие „Улици и патишта“.

Поради презафатеност на градоначалникот, од неговиот кабинет вчера не соопштија дали тој чува во ракавот уште некоја идеја добиена во Париз или во другите градови каде што патуваше, како Фрајбург, Загреб и Истанбул.




Тодровиќ: Фонтана в година, Александар подоцна

Владимир Тодоровиќ, градоначалникот на Центар, вчера соопшти дека фонтаната на плоштадот „Македонија“ ќе почне да се прави во 2010 година, откако ќе заврши преместувањето на подземните инсталации. Скулптурата во неа, пак, не било предвидено да биде поставена в година, а за тоа јавноста дополнително ќе била информирана.
 
   
Автор: Б.С.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12159104476&id=14&setIzdanie=21862
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1852
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 15-Dec-2009 at 14:51
fala sto gi premesti postovite, sega vidov deka ima posebna niska, vo idnina ke se pridrzuvam do pravilata...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 20>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.