build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Враќање на коцката на Плоштад Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 20>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 15-Dec-2009 at 15:26

реално во такво артнуво опкружување какво што е зацртано околу плоштадот ова е идеална комбинација која мислам дека ќе легне добро, но повторно зависи дали и колку тоа ќе се изведе беспрекорно! од друга страна со ова не треба да се брза, најдобро чаре е постојниве гранитни плочи кои и така постојано прават вирови на плоштад да се тргнат во време кога ќе треба да се среди подземниот коридор и подземната гаража, а истите потоа да се искористат за поплочување на димитрие чуповски и со тоа да се направи една унифицирана педестријална зона која би го опфатила цел мал ринг, како и што имаше најави досега, ова од повеќе аспекти е добредојдено, но особено заради комерцијално-туристичкиот момент! 

сепак за такви зафати како тунели низ мал ринг треба особено посветување и на време и на средства, што градот реално сам никогаш нема да може да ги истера ни сега ни во иднина па макар и се презадолжил! ова дефинитивно треба да го земе во свои раце владата, но за вакви потфати бар се додека не се крени повторно на нозе економијата нема да има скоро никаков простор, иако реално за скопје тунеливе се најприоритетна работа заедно со уште неколку позначајни сообраќајни решенија...

ако јас се прашувам што вели Андреј ни споменикот ни фонтаната ни коцката не би ги поставувал сега, односно се додека не се среди подземниот коридор, и иако истиот може да се изведува строго под земја со оглед дека тунелите и не се баш плитко планирани, сепак најдобро е да се остави слободен простор за какви и да е потреби и изместувања на подземни инсталации и инфраструктура, кои ќе одат како песна доколку преместувањето или нивното поставување нема пред или над себе никаква пречка! а дури потоа со лезет би се свртел кон шминка и китење на централното градско подрачје! ова навистина е болна работа скопскиот центар да биде постојано едно големо градилиште во наредната декада! колку смешно ми падна кога градоначалникот на центар даде изјава дека фонтаната ќе се гради пола година, а дури потоа ќе се поставува коњаникот, за жал ова кај и навистина е реалност, додека во цел свет зграда од осум спрата се крева за една година, кај нас за истата треба три, тоа е она расклимана оператива но и слаба конкуренција никој не ни е крив што сме на ова дереџе, едноставно пазарот е закржлавен до немајкаде! 

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 15-Dec-2009 at 15:37

Александар на Букефал ќе го сардиса плоштадот

Гоце Михајлоски Коментари (0)   
15.12.2009 15:25
 

 

За поставувањето на споменикот на Александар, тежок триесетина тона и висок 12 метри ќе се користат 4 крана, дознава А1.

Работната механизација се очекува да зафати скоро третина од вкупната површина на плоштадот. На местото каде што ќе се гради, плочите што сега се поставени ќе бидат искорнати. Според проценките, голем дел од нив потоа нема да можат повторно да се наредат, бидејќи ќе бидат оштетени. Тоа, според информациите на А1, е и една од главните причини за намерата на скопскиот градоначалник Коце Трајановски да ја враќа коцката.

Од една страна бидејќи дел од парчињата што беа извадени при реконструкцијата се уште е употреблива, а од друга стара, оти може полесно и поевтино да се набави коцка отколку пак да се купуваат плочи од Босна и Херцеговина.

Интересно е што Коце Трајановски во својата програма, во која инаку детално се опишани сите предвидени проекти во неговиот мандат, го нема враќањето на коцката на плоштадот. Освен тоа, тој засега нема намера ниту да спроведе јавна анкета за да слушне дали скопјани ја прифаќаат идеја што ја добил додека шетал низ Париз.

Општинските власти најавија дека споменикот ќе се постави најрано по една година. До тогаш ќе се гради фонтаната, која ќе го зафати целиот круг со зеленило, а во средината ќе биде наместен и постаментот висок 10 метри, на кој ќе стои Александар јавнат на Букефал.

Околу него ќе има осум војници и четири бронзени лавови свртени на сите четири страни на плоштадот. Возилата и градежните машини за изградбата на овој проект ќе влегуваат преку улицата покрај паркингот на „Телеком“.




http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=117529


Edited by Cloverstack - 15-Dec-2009 at 16:29
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 15-Dec-2009 at 15:47
Телевизијава од ден на ден повеќе станува нерелавантен извор, шпекулант, спинер и незнам што повеќе. Според кои они тоа проценки уште од сега знаат дека тие плочки што ќе се изваделе немало да може па да се искористат?! Па уште знаат од која страна ќе дошле крановите! Dump
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 15-Dec-2009 at 16:28


Па што не не просветлат надлежните тогаш? Или можеби и тие уште не знаат и си зацртуваат работи без основно навремено обмислување?



-----------------------------


Луѓе, кога постирате вести обавезно вклучувајте го изворот со комплетен URL


Edited by Cloverstack - 15-Dec-2009 at 16:28
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 15-Dec-2009 at 16:43
Па од една несреќна изјава на градоначалникот, која патем и имаше сосема друга намена да создаде спин и да ја насочи дискусијата во друг правец одколку на суштинските зафати што ќе се вршат на плоштад, а и прилично му успеа во тоа на градоначалникот. А и ние тука сме за жалење со четири страни мубает, а и се отворија дебати по медиуми, стварно незнам што очекуваш од надлежните на два дена после неформална изјава. А тоа што телевизијава има проблем на вака невкусен начин секојдневно да презентира у јавност е друг поширок проблем. Е сега има две работи, првата секое чудо три дена, а втората може би и се работи само за испитување јавно мислење во однос на коцката, за што мање више е небитно дали ќе се поставува и коцката е сосема минорна маргинална работа во однос на црква, споменик, тунел, хотел, и стриста други работи што треба да се случат на плоштад, и ние сега тука дебатираме за коцката! Crazy 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 15-Dec-2009 at 17:04
Што очекувам од надлежните? Транспарентност, одговорност и да престанат да се однесуваат ко деца, а граѓаните да ги третираат ко ретардирани поданици.

Нормално е да сум вџашен и бесен кога градоначалникот дава онакви изјави и аргументи, без разлика дали била една несреќна изјава (а не е една) или пак зад операцијава стојат други мотиви. Фактот што работава е можеби испреплетена и со други покрупни работи не значи дека не треба да ја разгледаме и сама по себе. До толку маргинална не е. А ако се работи за „финта“ тогаш е уште полошо. На крајот на краиштата, за што треба да дискутираме? За медиумите? Не се согласувам дека на медиумите треба да им се лепат етикети на нерелевантни извори и шпекуланти, кога одговорноста за целата збрка и сите шпекулации е на друго место.

Нека повелат надлежните, нека кажат што точно ќе се прави, кога, како... апсолутно сите детали. Зборуваме за Плоштад Македонија побогу! Не може Коце наводно да се врати од Париз и така лежерно да ни соопшти дека све ќе преврти наопаку, ама да не даде издржано образложение и детални информации за тоа што не чека.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 15-Dec-2009 at 17:10
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4788
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 15-Dec-2009 at 17:33
Еве еден медиум кој секогаш е на место:

http://on.net.mk/default-MK.asp?ItemID=3A8AC4CC45E40340B56A58376EA8BCC4

Тажно, но вистинито
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 15-Dec-2009 at 17:41

@ lslcrew



Клипот со Мирка... те молам...  Roll%20eyes

На крајот на краиштата, изгледа не си ме ни прочитал внимателно:

Originally posted by Cloverstack

Што очекувам од надлежните? Транспарентност, одговорност и да престанат да се однесуваат ко деца, а граѓаните да ги третираат ко ретардирани поданици.
Originally posted by Cloverstack

Нормално е да сум вџашен и бесен кога градоначалникот дава онакви изјави и аргументи, без разлика дали била една несреќна изјава (а не е една) или пак зад операцијава стојат други мотиви.
Originally posted by Cloverstack

А ако се работи за „финта“ тогаш е уште полошо. На крајот на краиштата, за што треба да дискутираме? За медиумите? Не се согласувам дека на медиумите треба да им се лепат етикети на нерелевантни извори и шпекуланти, кога одговорноста за целата збрка и сите шпекулации е на друго место.
Originally posted by Cloverstack

Нека повелат надлежните, нека кажат што точно ќе се прави, кога, како... апсолутно сите детали. Зборуваме за Плоштад Македонија побогу! Не може Коце наводно да се врати од Париз и така лежерно да ни соопшти дека све ќе преврти наопаку, ама да не даде издржано образложение и детални информации за тоа што не чека.




Edited by Cloverstack - 15-Dec-2009 at 17:42
Back to Top
polko View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 14-Dec-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote polko Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 15-Dec-2009 at 17:41

Ако продолжи Коце и понатаму да ни шета низ Европските метрополи, тешко нас. Замислете си што ќе се случи со Скопје по неговото враќање на пр. од Венеција!?!Потоп ::))

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 15-Dec-2009 at 22:18

ја би да се врати од од кај сака со идеа за брза железница по кеј  која бтњ ќе биде врзана и за аеродром и за козјак односно идеата за зимски туристички центар на Караџица, а може и потака да тера некој туристички крак и низ убавините на Поречието  шала на страна но ова најозбилно го мислам, камо да имавме капацитет за вакви еколошко-транспортни комбинации!

~

а каде е сега клесаниот камен т.е. калдрмата, навистина ли ја чувале на некој плац? па тоа пенов бил феномен, брееј за какви се не работи ќе најдат место во депо, наместо да ги искористеа тоа камењата за нешто попаметно па макар и скулптура тие ги паркирале на чување небаре позлатени се!

може најдобро чаре ќе беше од овие камења да ја изѕидаат фонтаната, а плочникот на плоштад да не го гибаат, единствено да го истампонираат дополнително онаму каде е подпропаднат! на тој начин ќе се добие минималистички призвук на калдрма во опкружувањето кој дури симболично ќе алудира дека патот до нашата историја односно нашиот најрепрезентативен претставник тера преку македонски камен, а не преку избетониран базен! добро донекаде малку претеризам е ситно клесан камен да се употреби во таква цел, можеби попрво некој арпаџик нареден ќе биде доволно, но за класичен споменик излиен во бронза добро би легнала ете и калдрмисана фонтана  претерав но далеку поиздржана варијанта него цел плоштад наново да се калдрмиса!

~

а за медиумите што да се каже имаат секогаш издржани претпоставки но проблем е што секогаш ги најавуваат бомбастично како конечни! ко за иронија на толку мал простор ај што ретко наоѓаат сигурен извор туку и ретко точно успеваат да го протолкуваат политичкиот говор! тие прават гафови за далеку посуштни но очигледни прашања, а не па за нешто што за нив е научна фантастика! да не бидам дрзок но понекогаш навистина ми се гади да не речам повраќа од ваквата практика да се прави од се и сешто сензационалистичка параноја, се прашувам како би реагирале доколку некој навистина им отвори очи дека наголемо сме озрачени со осиромашен ураниум во скопско... за овој муабет целосно сум на линија со лсл!

а ова муабетот на Мирка не може да се примени во овој случај, бидејќи терање социолошки експеримент заради опипување пулс и од друга страна (што мислам дека е и главната поента во случајов) пуштање патка за дефокусирање, се две различни работи! сепак на крајот на краиштата може и навистина да станува збор за отворено бркање некоја опција, понекогаш едноставно некои луѓе и навистина се отворени и искрени во своите намери! од тој аспект сигурно се сеќавате пример Кирца кога велеше дека само за три недели ќе живееме со меѓународна референца, навистина и тој беше искрен во таа намера но и народот на тоа искрено наседна! се надевам дека оваа искреност е од таков спинуван карактер и фино на крај ќе излезе на мајтап муабетот, а во меѓувреме наместо да тупиме глава зошто комшилуков ксенофобно забегува ние ќе ја тераме со естетско-еколошки муабети како зошто коцката ќе ја има или ќе ја нема, ќути има и бетер пример кај америте има патки од типот зошто човек треба во секое време на дофат да има гас маска или во која се варијанта се' терости можат да ги нападнат, кутрите потрошувачкото општество односно економијата преку страв ја стимулираат, ова кај нас бар нашиот страв и комшиската параноја преку невозможни комбинации се омекнува или дисперзира... ако јас спроведувам некој сличен фол постојано би вртел на естетско-еколошки муабети! симптоматично е на кој начин се може да се протолкуваат ваквите недоречености од надлежните, но може и навистина стои она кло што го вели дека се крајно закржлавени и како институции, но и како поединци, што во пракса и неретко е случај! 

кога веќе кршам клечки да не заборавиме да го потспомнеме и културниот рекет што го тераат "неангажираните" медиуми кои за да си пополнат програма, но и за да си обезбедат спонзори, некој муабет знаат особено да го извозат како би си изградиле позиција, било маркетиншка или економска...!

 



Edited by Max - 16-Dec-2009 at 08:46
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 16-Dec-2009 at 01:29
Originally posted by Max

...а за медиумите што да се каже имаат секогаш издржани претпоставки но проблем е што секогаш ги најавуваат бомбастично како конечни! ко за иронија на толку мал простор ај што ретко наоѓаат сигурен извор туку и ретко точно успеваат да го протолкуваат политичкиот говор! тие прават гафови за далеку посуштни и очигледни прашања а не па за нешто што е за нив научна фантастика! да не бидам дрзок но понекогаш навистина ми се гади да не речам поврача од ваквата практика да се прави од се и сешто сензационалистичка параноја, се прашувам како би реагирале доколку некој навистина им отвори очи дека наголемо сме озрачени со осиромашен ураниум во скопско...!
Транзицијата во Бугарија хиперпродуцираше ”мафијаши”, а во Македонија печатари, таксисти и НОВИНАРИ! Nuts
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 16-Dec-2009 at 08:40

па добро не се новинарите криви што за цело време имаме најлиберален медиумски закон!волку медиуми на мал простор не сум сигурен дека некаде постојат!  но да не се лажеме на сите им одговара ваквата ситуација, во спротивно мислам дека досега и нешто ќе побараа или превземеа да се смени! лично и мене не ми пречи тоа што има многу медиуми туку тоа што таквиот квантитет продуцира никаков квалитет! едноставно домашниов медиумски простор ни е оаза на медиокритетот!

~

добро а да прашам и од Камен Мост ли ќе го вадат травертинот и ќе му ја враќаат коцката? веќе ако ја тераат патинирано ич нека не запираат и до крај нека ја истераат, во спротивно вака двете целини од плоштад Македонија и плоштад Карпошово Востание ќе бидат со Камениот Мост поделени! ако јас се прашувам не би го чепкал плоштадот или би го поплочил со жолт травертин како на Камениот Мост! евентуално во недостаток на камен може наместо цел плоштад, всушност двата плоштада околу камениот мост, да се пуштат само симболично ленти од жолт травертин кои од оградите ќе тераат кон споменикот на плоштад Македонија и кон фонтаната на плоштад Карпошово Востание...

но ако дефинитивно ја тераат со коцка, не е лошо истата да ја фугираат со нешто поколиретен песок со нијанса како травертинот на Камениот Мост! http://www.groundtradesxchange.com/pavers/polymeric_sand.htm#poly-joint-sand-color-options така на некој начин би направиле една целина повторно од двата плоштада кои ете преку циклична мозаична калдрма со жолто обоена фуга би биле една хоризонтална целина, посреди со уникатна грбка како Камениот Мост! но воопшто нема да ми пречи наместо едноставни циклични бранови на калдрма да истераат дури и Калкада http://en.wikipedia.org/wiki/Portuguese_pavement#Cal.C3.A7ada_as_a_form_of_art ако веќе ја тераме со експерименти тоа и до крај да го истераме, само се плашам во таков случај да не ни го закачат тоа вентилаторот како опција, и тоа чисто геометриска, но и тоа би легнало добро!?! само прашање е колку и навистина останува на плоштадов простор за ваков спектакуларен пристап со калкада односно поаморфни форми на стилизирана калдрма, него како тоа што е сега случај со чисто геометриски форми од мермерни плочи, сомнително но на толку мал простор кој набрзо ќе биде затнат од сите страни со згради единствено чаре е униформност на хоризонталните површини, во спротивно ептен ќе боде очи цело опкружување (она токму староградски дизниленд), но затоа постојат идејни решенија и 3д визуелизација со што се надевам дека ќе стигнеме до оптималната комбинација!



Edited by Max - 16-Dec-2009 at 09:00
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 19-Dec-2009 at 05:52
Би било добро да се врати коцката , но не старата ! туку ново делкана
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 19-Dec-2009 at 06:06
Previous Стара и да сакаш нема, голем дел е распределена по тротоарите низ Скопје. Но, како што тргнале во се да бараат автентичност, ништо чудо да ја извадат! Wallbash
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 645
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 19-Dec-2009 at 14:35
Ziveam vo belgrad, koj isto taka ne moze da se pofali so nekoj ubav plostad. Imam prijateli ovde, koi bea prijatno iznenadeni od plostadot vo nase skopje. Ako pocnat da go gradat  toa sto planiraat da go gradat (fontana, crkva, spomenik, trgovski centar,, da ja vrakaat starata kocka i.tn. ) nema nisto da ostane od edinstvenoto ubavo nesto vo Skopje/ N eprocitav mislenje na nitu eden arhitekt i urbanist koj go podrzuva Koce v osvojata naludnicavost. Iako mislam deka zad ova stoi nekoj dil...
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 24-Dec-2009 at 14:34

Нови плоштади, а не стара коцка

На градот му се потребни неколку плоштади, а не еден околу кој властите постојано „ќе се буткаат на рака“, истакнаа учесниците на дебатата за плоштад Македонија

На Скопје му се потребни неколку плоштади, а не еден околу кој постојано властите „ќе се буткаат на рака“ - ова беше една од поентите на завчерашната трибина што ја организира Здружението на граѓани „Плоштад Слобода“. Темата „Плоштад Македонија - континуитет на идеи и концепти“ беше иницирана поради последните негативни реакции за најавата од градоначалникот Коце Трајановски дека ќе ја враќа старата коцка на плоштадот. Дебатираа поранешниот градоначалник Трифун Костовски, м-р Дивна Пенчиќ од Здружението „Прва архибригада“, професорите Јасмина Силјановска и Михаил Токарев од Архитектонскиот факултет и социологот Илија Ацески.

Професорката Силјановска рече дека е чудно како досега никому не му текнало да изгради повеќе јавни простори во Скопје, имајќи предвид дека градот има недостиг од јавни простори, а сите си ги мерат силите на едно парче место во центарот. Таа смета дека враќањето на коцката не е добра идеја, а и дека на плоштадот не треба да му се одземе цивилниот карактер што би се случило ако се изгради најавената црква.

- Градските плоштади се места каде се изразува политичката моќ, служат за церемонии, како и за позитивни или негативни реакции на граѓаните. Нашиот плоштад низ времето бил предмет на многу идеи за обликување, но никогаш не му била оспорена граѓанската улога - рече таа.

Професор Михаил Токарев запраша „до која длабочина сме подготвени да копаме, до кој слој“, поставувајќи го ова како филозофско прашање, со оглед дека ако се изгради црква треба да се има предвид дека некогаш на плоштадот имало и џамија.

- На ова прашање сметам дека не може да одговори градоначалникот Коце Трајановски, кој сака да го поправи саатот на Старата железничка станица - рече проф. Токарев.

За бившиот градоначалник Трифун Костовски, проблемите на Скопје се многу подлабоки од плоштадот. Тој порача дека градската власт мора да се фокусира на капиталните проекти, како изградба на подземни тунели. Како поранешен градоначалник, тој потенцира дека мора да се слуша гласот на граѓаните. Во тој контекст го спомена примерот со „Илинденска“ и одлуката во негово време таа да не се шири, туку да прерасне во пешачка зона.

- Протестот на граѓаните од „Илинденска“ додека јас бев градоначалник беше јасен сигнал дека така не треба да се работи. Затоа почнавме да размислуваме за подземен тунел под улицата, кој е и предвиден со Генералниот план - истакна Костовски.

Тој смета дека најавата за менување на гранитот на плоштадот е бесмислена. Парите, според него, треба да се пренасочат за многу поважни работи.

- Треба да се турка проектот трамвај, за кој оставивме осум милиони евра во буџетот, и да се решаваат горливите проблеми како изградба на атмосферска и фекална канализација. Во Скопје има 5.000 септички јами, кои се опасни за хемискиот состав на пивката вода од Рашче - смета тој.

Организаторите рекоа дека покана за трибината му доставиле и на градоначалникот Коце Трајановски, но не добиле одговор. Покана му испратиле и на поранешниот градоначалник Ристо Пенов, но тој ги одбил.

Јорданка Ивановска


Просторот кај „Пресвета Богородица“ идеален за нов плоштад

Поранешниот градоначалник Костовски предложи просторот кај црквата „Пресвета Богородица“ да се искористи за изградба на нов плоштад. Тој потенцира дека ова не го предлага затоа што е ктитор на црквата, туку затоа што се работи за атрактивен простор.

- Не треба да се упропастува тоа делче плоштад што веќе го имаме. Каков таков, личи на плоштад. Проблемите на Скопје се поголеми и исклучиво подземни - изјави поранешниот градоначалник Костовски.

Другите учесници на дебатата не сакаа да ги обелоденат своите идеи, велејќи дека „идеите чинат скапо“.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=7C0BE20C3D2EA541908ECA3B521A85EC

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 16-Jan-2011 at 01:26

Сите скопски плоштади

Скопскиот Плоштад, како централно урбано јадро, бил формиран постепено, во еден простор кој спонтано се обликувал, а чии одлики се зачувани и денес...пишува Данило Коцевски

Плоштадите секогаш биле најпрепознатливите симболи на урбаната градска средина. Постојат големите, централни плоштади, но и слични помали јадра кои ги обележувале градовите и им давале архитектонско-урбанистичка специфика. И Скопје не е исклучок од тоа правило. Оваа карактеристика особено е актуелна денес, кога плоштадите повторно го окупираат нашето внимание. Скопскиот Плоштад, како централно урбано јадро, бил формиран постепено, во еден простор кој спонтано се обликувал, а чии одлики се зачувани и денес.
Постојат неколку клучни историски периоди при формирањето на главниот скопски Плоштад. Помалку е познато дека Плоштадот како целина се оформил по Првата светска војна, иако според конфигурацијата на самиот простор, зачетоците датираат многу отпорано. Плоштадот секогаш бил поврзан со улицата Македонија, која ги менувала имињата низ времето. Од 1911 година, кога била оформена, водела директно до Камениот мост, пред кој имало ниски куќарки, кои подоцна биле урнати. Кога султанот Мехмед Решад Петти дошол во Скопје, свечената поворка се движела од Железничката станица сè до куќите пред Камениот мост, а потоа свртувала налево, кон "Идадија".
Кога Јосиф Михајловиќ дошол за претседател на Скопската општина во 1929 година, започнале уривањето на старите и изградбата на новите капитални објекти. Бил довршен Офицерскиот дом, а потоа изградени Народната банка, Стопанската комора ("Метропол"), Ристиќевата палата. Во тоа време, на просторот пред посочениве објекти, бил изграден комплекс од згради, меѓу кои се наоѓала и позната боемска кафеана "Маргер". Тој комплекс бил урнат во 1946 година поради проширување на Плоштадот. Плоштадот, главно, го задржа таквиот свој лик сè до почетокот на новиот 21 век, кога беше реконструиран заедно со улицата Македонија.
Во дваесеттите години од минатиот век, поточно во 1923 година, Скопје добило нова калдрма од каменоломот во Кисела Вода. Плоштадот тогаш ја добил коцката, која била заменета со нова, за време на војната во 1942 година. Таа коцка постоеше сè до најновата реконструкција, кога Плоштадот беше поплочен.
Втор по значење беше плоштадот Слобода оформен пред Втората светска војна, а доградуван и дообликуван сè до земјотресот од 1963 година, кога буквално исчезна од топонимијата на Скопје со подигањето на Градскиот ѕид. Домот на градежниците изграден во педесеттите години, кој постои и денес, беше дел од плоштадот Слобода. Денес тој простор го краси скулптура на птици, која им дава питомост на бетонот и асфалтот на централното градско подрачје. На фотографијата од плоштадот Слобода што ја објавуваме во овој број се отвора прекрасна панорама на Скопје, која ја донесува на показ целата урбана специфика на тогашниот град. Од карактеристичниот круг на Плоштадот, па сè до бреговите на реката Вардар.
Во стариот дел на Скопје, во Чаршијата, имало повеќе мали плоштади. Тие му давале особена убавина на животот во тој крај. Еве неколку примери кои досега се помалку познати или се подзаборавени. На десниот брег од реката Серава, која тогаш течела среде Чаршијата, се наоѓале два мали плоштада, од кои едниот кај некогашната Игит-паша џамија во близината на Сули ан, а другиот кај Чифте амамот и Мурат-пашината џамија. Во 1991 година се урна познатата култна кафеана "Слога" за да започне повторното оформување на некогашниот мал плоштад. Но, тука сè застана. Остана само очекувањето оваа идеја навистина да се реализира, со што ќе се оживее духот на малите чаршиски плоштади.
Кога Евлија Челебија дошол во Скопје во средината на седумнаесеттиот век, забележал дека целата Скопска чаршија е поделена на мали чаршии во кои биле групирани одделни занаети: папуџиска, лулеџиска, кафтанџиска, дукмеџиска, алваџиска, памукчиска, опинчарска чаршија. Во нив се формирале простори за мали плоштади. Вака вели Челебија: "Има чаршија и плоштади украсени со 2.150 дуќани со згради ѕидани од камен или тули во малтер, на сводови и со кубиња. Особено се украсени чаршиите на еснафите... Во времето на летните горештини целиот плоштад скопски прилега на сенестите места во Багдад".
Кај фонтаната пред Капан ан се наоѓа Црвениот плоштад во спомен на победата на левите сили на општинските избори во Скопје во 1920 година. Плоштадот Пела или оној во Автокоманда се примери за збогатување на урбаните простори во градот кој има потреба од таков вид урбани јадра, кои веќе се традиција или постепено стануваат тоа.

http://vest.com.mk/?ItemID=4047A7857E2BEE4E8A135920C1F05158
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 21-Sep-2011 at 11:08

Трајановски најави враќање на коцката


Градоначалникот Коце Трајановски, по посетата на Париз, изјави дека на плоштадот „Македонија“ ќе ја врати старата коцка

 

 
%20  
- Скопје треба да стане како европските градови, во кои ако прошетате ќе видите дека сите плоштади се со вакви камења. Тие не се во модернистички стил, туку со стара архитектура, карактеристична за нивното минато. Така треба да биде и со нашиот главен град. Коцката што беше извадена му дава посебен дух и белег на плоштадот, на градот и затоа мора да се врати назад. Во ниту една метропола не се уништуваат плоштадите стари стотина години за да се заменат со модерна архитектура, па така треба да биде и кај нас - изјави Трајановски пред истекот на 2009 година. Денес од градската администрација со нов став.

- Градоначалникот во својата изјава за враќање на коцката на градскиот плоштад истакна дека тоа ќе се случи доколу се прават подземните паркиралишта на плоштадот. Сега за сега нема најави за изградба на подземните паркиралишта - изјавија од градот Скопје.

Плоштадот „Македонија“ се реновираше во 2003 и 2004 година, кога тогашниот градоначалник Ристо Пенов ја замени коцката со гранитни плочки.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=921111020221&id=14&prilog=0&setIzdanie=22386
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 21-Sep-2011 at 11:10

Скопската калдрма заминува во историјата


Се намалуваат улиците поплочени со калдрма. Иако таа е сведок за историските случувања, надлежните сé почесто одлучуваат да ја заменат со асфалт

 
 
%20  

Старата калдрма остана на кејот „Димитар Влахов“, на дел од улицата Македонија и во Старата скопска чаршија

Калдрмата полека исчезнува од градот, иако останува на некои мали улици. Додека светот се обидува да ја зачува и да ја вклопи во градовите, кај нас се вадат и последните коцки. Улицата спроти ГТЦ, која ги поврзува Војвода Васил Аџиларски и булеварот Кузман Јосифовски-Питу, викендов осамна без калдрма. Таа е извадена, а наместо неа општинарите најавуваат нова асфалтна маса, со која на скопјани ќе им се овозможело полесно да се движат.

- Се реконструира пат во должина од 350 метри, при што по целата должина ќе се асфалтира. Функцијата на улицата и понатаму ќе остане иста како и досега и се планира во наредниот период да биде партерно уредена - објаснуваат од општината Центар, кои се надлежни за нејзина реконструкција.

И покрај апелите од граѓаните калдрмата да остане барем низ центарот на градот и да сведочи за изградбата на метрополата, надлежните и понатаму ја отстрануваат.

- Со вадењето на коцката се менува ликот на Скопје. Сега веќе не може да се обновува или да се врати назад. За коцката може да кажеме дека е доцна, но добро е барем во некои делови од градот да се зачува - вели хроничарот Данило Коцевски.

И старите скопјани жалат по некогашната калдрма, која ги потсетува на младоста и на развојот на Скопје. Тие велат дека ниту шеталиштето, ниту плоштадот, ниту Камени мост го немаат шармот како во периодот кога беа поплочени со калдрма.

Единствено корисниците на автомобили се израдуваа од реконструкцијата на оваа улица и истакнуваат дека сега веќе нема да ги кршат своите возила.

Како што потсетува Данило Коцевски, коцката во Скопје почнала да се поставува уште во 20-тите години на минатиот век. Таа е обновена помеѓу двете светски војни, а делови се обновувале и по земјотресот во 1963 година.

- Во војната е сменет дел од коцката, при што е поставена поситна коцка на улиците низ Скопје. Последна обнова на калдрмата е направена пред десетина години, и тоа само во Старата скопска чаршија, при што коцките се заменети со поголеми - вели Коцевски.

Покрај чаршијата, поголеми реони во Скопје каде што и понатаму останува калдрмата се кејот „Димитар Влахов“, на потегот пред МАНУ, МКЦ и пред црквата „Пресвета Богородица“, како и дел од улицата Македонија.

 Рим, Лондон и Париз се со калдрма
 Париз, Рим и Лондон се само дел од светските метрополи каде што калдрмата и натаму живее. Рим важи за град на фонтаните и на калдрмите и токму автентичната архитектура дополнета со ситните коцки привлекува многу туристи. „Форбс“ неколку години наназад го прогласува Париз за најубав град, кој воодушевува со ниските градби и со старата калдрма.
 
 
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=921111019554&id=14&prilog=0&setIzdanie=22386
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 20>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.