build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Враќање на коцката на Плоштад Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 192021
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7819
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #401 Posted: 14-Mar-2022 at 18:54

нека дојдат сега да го оправаат ова тие што го градеа, што патем се распаѓаше и во нивно време... нејќам да звучам политички обоен, ама на претходниот плочник немаше скоро никакво оштетување и беше прелесен за одржување, ничим изазвано беше сменет
ништо чудо до душа да дојдат нови преродбеници на плоштадот да па направат уште некоја бљувотина китејќи се со тоа како го средиле просторот, тоа му се случува на градов веќе со години наназад со сите градоначалници испосменети
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 16484
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #402 Posted: 24-May-2022 at 17:10
Беа потрошени милиони, но фонтаната не работи – Град Скопје ја обвини минатата власт



https://mk.tv21.tv/bea-potrosheni-milioni-no-fontanata-ne-raboti-grad-skopje-ja-obvini-minatata-vlast/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 16484
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #403 Posted: 30-Aug-2022 at 12:37
ПАК ПРОПАДНА КАМИОН ВО ФОНТАНАТА НА ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА



Пак пропадна камион во фонтаната на Плоштадот Макадонија во Скопје. Од утрово, на Плоштадот се поставува бина и шатори за фестивалот на пивото „Пиволенд“ кој го организира Град Скопје. Еден од камионите кој носеше опрема пропадна и фонтаната сега повторно е искршена и оштетена.

Пропаднатиот камион не успеа да го крене ни пајакот кој дојде да го извлече.

„Приватен субјект со возило камион без дозвола неовластено влегол на плоштадот Македонија, по што е причинета штета на плочникот. Градот Скопје остро го осудува овој чин, ќе ги преземе сите законски мерки за извршување на инспекциски надзор како и за санкционирање, по што за причинетата штета врз јавните добра на плоштадот ќе се бара надомест на штета. Ваквото однесување од страна на поединци е недозволиво и за истото ќе се спроведат најстроги санкции“, соопшти Град Скопје.

Ова е трет пат да пропаѓа камион на Плоштад. Во 2017 пропадна камион додека се подготвуваше пречек на ракометарите на Вардар по освоената шампионска титула.

Лани во март пропадна камион за чистење на плочникот на Комунална хигиена. После тоа, плочникот на фонтаната со месеци стоеше отврорен и заграден со лента за да не минуваат пешаци.

Површинската фонтана беше изградена во време на ексградоначалникот Коце Трајановски и чинеше 2,5 милиони евра. И таа е дел од проектот на владата на Никола Груевски „Скопје 2014“ вреден околу 700 милиони евра.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/pak-propadna-kamion-vo-fontanata-na-ploshtad-makedonija/
Carpe diem
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2218
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #404 Posted: 30-Aug-2022 at 17:00

So koj pamet vleguvaat so kamioni na Plostadot i zosto nema podvizni stolbcinja koi ke bi sprecile vakvi pojavi. Ova ne e prv pat!

Edited by Denko - 30-Aug-2022 at 20:45
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 992
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #405 Posted: 30-Aug-2022 at 19:45
Имаше едни бетонски топки, не знам зошто ги тргнаа.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7819
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #406 Posted: 03-Sep-2022 at 01:36

еве и да не се топките и да речеме дека фонтаната е со најврвен квалитет направена... најповеќе се работи за неписмени шофери и тоа како лабаво власта дозволува секакви возила да се движат сегде
па мајко му, ако има знак на мост дека е забрането за возила над 5 тони да речеме, нема да шибаш врз него со возило со дупла тежина од тоа
и без фонтаната, плочниците се толку деликатни што се чудам како до сега издржаа колку-толку
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14420
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #407 Posted: 28-Oct-2022 at 10:44
Се санира плочникот на улица Македонија



Екипите на ЈП „Улици и патишта“ работат на санација на плочникот на улица Македонија.

– Активностите кои што тиe ги изведуваат при санирањето на оштетените плочи се на потегот од крстосницата со улица Димитрие Чуповски до крстосницата со улица Даме Груев. По целиот овој потег на улицата Македонија се врши отстранување на оштетените и пропаднати плочи, рамнење на подлогата и повторно враќање подредување на плочите – информираат од јавното претпријатие.

Оттаму информираат и дека, во текот на вчерашниот ден екипите го санирале и просторот околу споменикот на Цар Самоил.

https://www.slobodenpecat.mk/se-sanira-plochnikot-na-ulica-makedonija/
За сè има вторпат
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2218
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #408 Posted: 28-Oct-2022 at 13:17
Vo sklad so naslovot na niskata da prasam:
Sto bidna so vrakanjeto na kockata na plostadot?
Back to Top
Bezveza View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 12-Jul-2021
Online Status: Offline
Posts: 32
  Quote Bezveza Quote  Post ReplyReply #409 Posted: 10-Nov-2022 at 21:19
па нели е коцка само не истата?
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2218
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #410 Posted: 11-Nov-2022 at 13:45
Originally posted by Bezveza

па нели е коцка само не истата?
Ova nema vrska so vrakanje na kockata. Prostadot bese kaldrma, sega veke ne e...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 16484
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #411 Posted: 23-Nov-2022 at 08:03
од твитер

Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 16484
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #412 Posted: 23-Nov-2022 at 08:08
уште една од поблиску

Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14420
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #413 Posted: 23-Nov-2022 at 10:51
По којзнае кој пат се случува
За сè има вторпат
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2547
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #414 Posted: 23-Nov-2022 at 21:15
Пошто ова стана традиција, може да се излие во бронза едно камионче и да се постави вака пропаднато во фонтаната.

Поарен споменик здравје.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 192021

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.