build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Енергетска ефикасност

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 10-Apr-2010 at 14:03
РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ОБНОВЛИВА ЕНЕРГИЈА
Струјата оди во ветер

Македонија е на дното по енергетска ефикасност во регионот и троши дури четири пати повеќе енергија за исти потреби од европскиот просек. Ова беше истакнато на Регионалната конференција за одржлива енергија на југоисточна Европа, што вчера се одржа во Скопје. - Во Македонија не се прави многу за обновливите извори на енергија, а последнава недела беа намалени и субвенциите за производство на енергија од сончеви колектори, што е лош сигнал за сите потенцијални инвеститори. Владата дури одлучи да ги намали и субвенциите за граѓаните што инвестираа во соларни панели за топла вода - рече Искра Стојковска од невладината организација „Фронт 21/42“. Како причина за тоа зошто нема поголеми вложувања во енергетскиот сектор се наведува несигурноста на инвеститорите поради честите промени на тарифите и на правилниците, како и административните процедури и пречки со кои се соочуваат тие. - Цената на електричната енергија од обновливи извори на енергија во принцип е поскапа, но постојат модели како и кој ќе ја плати разликата во цена. За разлика од обновливите извори, фосилните предизвикуваат последици за здравјето на луѓето и за тоа се одлеваат пари за лекување кои ние директно не ги плаќаме во електричната енергија поради што таа изгледа поевтина - вели Стојковска. Формирањето неформална мрежа на невладини организации од регионот на југоисточна Европа, кои работат на темата одржлива енергија и споредувањето на состојбите во енергетиката во регионот, е основната цел на регионалната конференција за одржлива енергија. - Државите од регионот наидуваат на слични проблеми, а невладините организации имаат слични ставови во однос на проблемите со одржливата енергија. Затоа сметаме дека е неопходен регионален пристап особено ако се има предвид дека потенцијалите за обновлива енергија на регионот главно се недоволно искористени - изјави Стојковска. Бернард Ивчиќ од невладината организација „Зелена акција“ од Хрватска истакна дека во неговата земја има добри услови и потенцијали за производство на електрична енергија од обновлива енергија, но тие не се доволно искористени. - Причина за тоа е недоволната информираност и свест на надлежните за донесување одлуки за производство на електрична енергија од обновливи извори, како и големото влијание на големите енергетски компании кои ги користат постојните извори на енергија - рече Ивчиќ, нагласувајќи дека состојбата на тоа поле е слична во сите земји од регионот. Тој не препорачува изградба на големи хидроцентрали, иако даваат чиста енергија поради големата еколошка штета што ја предизвикуваат заради неопходноста од изградба на акумулации.

Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 10-Apr-2010 at 16:36
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 08-Jun-2010 at 14:28

Како да заштедиме 1,2 милијарда евра!


 

Новите згради од „Скопје 2014“ иако се во барок-стил, ќе бидат опремени со најсовремени градежни материјали, ќе бидат штедливи и енергетски ефикасни

 
 
%20  
Сиромавиот секогаш двапати плаќа. Оваа народна мудрост ја отсликува и состојбата со трошоците на јавните објекти во државата. Поради нивната старост и некомпатибилност со меѓународните енергетски стандарди големи се и давачките за затоплување и ладење на овие објекти. Тука посебно предничат школите и болниците. Според анализите на Македонската агенција за енергетска ефикасност (МАЦЕФ), можностите за заштеди на енергија во јавните објекти се мерат со повеќе стотици милиони евра. И во стратегијата за енергетска ефикасност до 2020 година, до која дојде „Нова Македонија“, пред таа и официјално да биде промовирана, се предвидуваат вкупни заштеди од 1,2 милијарда евра во неколку сектори (резиденцијален, комерцијален, индустриски и транспортен), со претходна инвестиција од 522 милиони евра. Секако, за да се заштеди, мора прво да се вложи во реновирање и адаптација на ваквите објекти. Стратегијата е подготвена од Македонскиот центар за енергетска ефикасност, Алијансата за заштеда на енергија, со поддршка од УСАИД и Меѓународната ресурсна група. Заштедите во потрошувачката на енергија што можат да се остварат само во комерцијалниот сектор, каде што влегуваат и јавните објекти, достигнуваат 124,5 милиони евра. Од Владата нагласуваат дека се свесни за високите трошоци за енергенси и затоа сите нови државни објекти што се градат ги исполнуваат стандардите за енергетска ефикасност, и со тоа се штедливи згради.

- Иако имаше разни тврдења дека се градат објекти во стар барок-стил, без разлика на надворешниот изглед, новите објекти од проектот „Скопје 2014“ ги исполнуваат сите стандарди за енергетска ефикасност. Сите архитекти се водат од современите трендови и запазени се највисоките стандарди за изолација и на материјалите што се вградуваат, за објектот да биде енергетски ефикасен - ни изјави Мартин Мартиновски, портпарол на Владата.

Во сите европски земји се полага големо внимание на енергетската ефикасност на јавните згради. Во Германија енергетската ефикасност сé повеќе е застапена во градбите, бидејќи енергијата станува сé поскапа, додека материјалите за изработка на енергетски ефикасни објекти стануваат сé поевтини и подостапни. Според Герхард Шредер, одговорен за Југоисточна Европа на компанијата „Профајн“, само преку прозорски системи можни се заштеди и до 50 отсто од енергијата.

- Новите европски прописи дозволуваат субвенционирање само на градбите во кои се посветува внимание на заштеда на енергијата. Контролата какви градежни материјали се вградуваат се води во таканаречениот „енергетски пасош“ на објектот - вели Шредер.

Дури и германскиот Бундестаг располага со соларни панели со кои се снабдува со енергија. Во проектот за реновирање на македонското собрание не се предвидува поставување соларни панели, туку специјално стакло.

- Со проектот за доградба, надградба, адаптација и зајакнување на Собранието е предвидено на постојниот објект да се заменат старите прозорци со нови и изведување нова фасада. Во проектот се применети термоизолациски материјали во секој домен, и тоа: на надградбата се предвидени фасадни панели со посебна термоизолација, прозорци со термопан-стакло, во доградбата има фасада од обесена термоизолациска алуминиумска конструкција со калени, ламенирано и пацифирано термопан-стакло. Стаклените куполи се предвидени со застаклување со дупли термопан-стакла, со над 50 отсто рефлексија - ни изјави архитектката Билјана Ивановска.




Колкави сметки плаќаат државните институции?

Сметките за струја и греење што ги плаќаат нашите институции се движат од неколку илјади до десетици илјади евра месечно. Од Собранието просечно за струја им се потребни 489.000 денари месечно (7.951 евро), додека за парно греење во грејната сезона просечно издвојуваат 1.290.000 денари месечно (20.975 евра). Сметките на Владата се нешто повисоки од парламентот.

- Просекот на давачките за струја изнесува 600.000 денари месечно (9.756 евра), додека за парно плаќаме 1.600.000 денари месечно (26.016 евра) за период од шест месеци додека трае грејната сезона - велат од Владата.

Според експертските анализи, најголеми можности за заштеди има кај училиштата, кои трошат и по 100 тони нафта за загревање, и кај болниците. Истражувањата на МАЦЕФ покажале дека во детската градинка „Кочо Рацин“ се можни заштеди од 177.864 киловат-часа годишно, или во пари 476.675 денари (7.750 евра). Кај средното училиште „Јосиф Јосифовски“ годишната заштеда е проценета на 1.068.639 киловат-часа или 2.863.952 денари (46.568 евра).

- Со автоматско регулирање на централното греење во општината Кисела Вода е остварена годишна заштеда од 60.000 евра - ни изјави Игор Петрушевски од МАЦЕФ.

Од „ЕВН-Македонија“ тврдат дека државните институции релативно навреме ги плаќаат своите сметки.

- Порано се јавуваа одредени проблеми со единиците на локалната самоуправа, но во последните три месеци сметките се плаќаат навреме - ни изјави Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН.

Истражувањето што го спровеле од оваа компанија покажало дека над 56 проценти од потрошувачите не знаат што е тоа рационално користење на електричната енергија, додека повеќе од 60 проценти од граѓаните не користат штедливи светилки.

 
   
Автор: Александар С. Димковски


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=68101028188&id=10&setIzdanie=22002
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 10-Jun-2010 at 16:17

Инвестиции во енергетиката

Со инвестиции од 522 милиона евра за подобрување на енергетската ефикасност во сите сектори Македонија до 2020 година ќе заштеди 1,2 милијарди евра за енергија и ќе ја намали емисијата на јаглероден двооксид за 66 килотони, предвидува „Стратегијата за енергетска ефикасност на Македонија до 2020 година“. „Тоа би значело заштеди од 14,5 отсто, односно 24 отсто за резиденцијалниот сектор, 12 проценти во комерцијалниот, 38 во индустријата и заштеди од 25 отсто во транспортот. За тоа е неопходна инвестиција од 522 милиона евра до 2020 година во сите сектори вклучително и во приватниот“, изјави вчера министерот Фатмир Бесими. Тој истакна дека во моментов во Македонија соодносот на енергетска интензивност е четири пати поголем од европскиот, односно енергетската ефикасност мерена според БДП е четири пати помала од енергетската ефикасност на ЕУ. „Во моментов, во ЕУ на 1.000 долари БДП се троши 0,2 еквивалентни тони енергија, а во Македонија 0,75. Со имплементација на мерките од оваа стратегија тоа би требало да се сведе од 0,45 до 0,49 во 2020 година“, изјави министерот Бесими. (Ек.Р.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=CAE6C1ECB5E95241924F36C5B4BEA300
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 24-Jun-2010 at 15:04
Гостивар-Заштеда на енергија со сончеви колектори soncevi-kolektori.jpgВо гостиварската општа болница наскоро ќе започне со реализација на проектот за заштеда на електрична енергија, со воведување на алтернативна енергија. Проектот предвидува поставување на сончеви колектори, замена на дотраените прозорци со ПВЦ, а расипаните радијатори ќе се заменат со нови. Сето ова ќе придонесе за намалување на трошоците за затополување на просториите. За реализацијата на зафатот ќе бидат потрошени околу 80.000 евра, што се обезбедени од Светската банка.

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2259&Itemid=125
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 18-Sep-2010 at 08:56
Заем од 1,3 милиони евра за инвестиција во енергетска ефикасност на МИК Свети Николе

Свети Николе, 16 септември 2010 (МИА) - Месната индустрија „Свети Николе“ доби заем од Европската банка за обнова и развој во износ од 1,3 милиони евра за модернизација на енергетскиот систем на фабриката. 

Средствата, како што информираат од ЕБОР, ќе се искористат за имплементација на голем број мерки за индустриска енергетска ефикасност во производствените капацитети на компанијата, како што е замена и модернизација на постојната опрема, имплементација на систем за управување со енергија и реновирање на пречистителната станица за отпадна вода на фабриката.

Проектот ќе и овозможи на компанијата да ја намали својата потрошувачка на гориво и електрична енергија со што ќе се намалат емисиите на јаглерод диоксид. Со ова ќе и се овозможи на компанијата значително да ги намали трошоците за одржување и работење, да го минимизира загадувањето на животната средина и да ја зголеми својата севкупна конкурентност.

- Намалувањето на енергетската интензивност на економиите е клучен приоритет за ЕБОР и ние сме среќни што го поддржуваме МИК Свети Николе во подобрувањето на неговата енергетската ефикасност. Проектот ќе и помогне на компанијата да работи согласно еколошките стандарди на ЕУ и да биде позитивен пример за другите македонски компании, истакна Елена Урумовска, претставник на ЕБОР за Македонија.

Финансирањето се обезбедува во рамките на Линијата за директно финансирање на проекти за одржлива енергија за земјите на Западен Балкан која беше воведена во 2009 година со цел да им се обезбеди поддршка на локалните мали и средни претпријатија за инвестиции во проекти за обновлива енергија и индустриска енергетска ефикасност.

Основан во 1960 година, МИК Свети Николе е еден од водечките брендирани македонски производители на месо, со разновидна база на потрошувачи и широк асортиман на месни производи кој вклучува трајни и полутрајни месни преработки, свежо месо и конзервирани месни производи.

Во агрибизнис секторот, Банката има директно вложено над 6 милијарди евра во повеќе од 400 проекти во Централна и Источна Европа и во Комонвелтот на независни држави од 1991 година. Од почетокот на своето работење во Македонија, ЕБОР има обезбедено над 540 милиони евра во повеќе од 40 проекти во клучните сектори на економијата, мобилизирајќи дополнителни инвестиции во вредност од над 663 милиони евра. скс/дма/14:40

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=76970319&lId=1&pmId=
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 03-Mar-2011 at 18:23

Претставувањето на потенцијалите на искористувањето на сончевата енергија за добивање топла вода, беше основната цел на меѓународната конференција на тема „Кон поволни услови за зголемена употреба на термални сончеви уреди во домаќинставата и индустријата“ што денеска се одржува во Скопје.

sonc-500332011

На конференцијата организирана од Македонскиот центар за енергетска ефикасност - МАЦЕФ, а финансиски поддржана од ЕУ, успешните примери за воведување на ваквите системи во хотелиерството во Грција и Романија ги претставија Атанасиос Калоџерас од ИСИ Парта - Грција и Даниел Амариеј од КАРДТ Решица - Романија, додека македонските искуства ги претстави Ѓорѓи Пеев од претпријатието Тиверија.

- Сонцето е голем извор за користење на енергија, но за тоа се потребни знаење и финансии. Токму пренесувањата на искуствата и знаењата од Грција и Романија, земји кои се многу понапред од Македонија на ова поле, и информирањето за кредитните линии кои се нудат за подобра енергетска ефикасност е целта на денешниот регионален собир во Скопје, рече професорот Константин Димитров, претседателот на МАЦЕФ.

Советникот за економија на Делегацијата на Европската унија Даниел Шрот истакна дека ЕУ финансиски ја поддржува иницијативата за подбрување на енергетската ефикасност и користење на обновливите извори на енергија како што е сонцето.

- Македонија има многу добри услови за употреба на технологии на соларната енергија кои сега за сега не се употребуваат доволно. Во ЕУ и во регионот има успешни модели и користа од размената на информации со нив и пренесувањето на најдобрите практики е значајна, рече Шрот.

Тој посочи дека ЕУ ги става енергетската ефикасност и користењето на обновливите извори на енергија, во како што рече, срцето на својата економска стратегија.

Македонија, нагласи, треба да се фокусира на практичната примена на Законот за енергетика што беше усвоен годинава и на веќе усвоените стратегии меѓу кои и Стратегијата за користење на обновливите извори на енергија.

Телефонското истражување спроведено лани од 18 до 20 ноември  врз 1.000 испитаници во Струмица и Куманово покажува дека само 4 отсто од граѓаните користат сончеви колектори за загревање на санитарна топла вода во домаќинствата, а над 81 отсто се заинтересирани да ги постават доколку имаат финансиска можност.

http://daily.mk/cluster3/3b3cba47cccd84c40c736361287019f5/623345
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 23-Mar-2011 at 00:29
ОТВОРАЊЕ КАНЦЕЛАРИЈА И ИНФО ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА ГРАД СКОПЈЕ

Градот Скопје и Регионалниот проект за ‘‘Градење на капацитетите за управување со енергијата во градовите‘‘ утре / 23.03.2010 година (среда)/ во 11 часот, официјално ќе ја отворат Канцеларијата за управување со енергијата и Инфо центарот за енергетска ефикасност и обновливи извори. Канцеларијата ќе ја отворат градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и Валтер Лојкс, заменик амбасадор во Амбасадата на Сојузна Република Германија во Република Македонија. Поздравен говор ќе одржи и претставникот на Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Енергерска ефикасност и раководител на проектот господин Владимир Калински.

Канцеларијата ќе биде отворена во просториите на Градот Скопје, во рамките на Регионалниот проект за „Градење на капацитетите за управување со енергијата во градовите‘‘- „Capacity Building for Energy Management in Cities” (Capital Cities Initiative – CCI), како резултат на соработката меѓу Градот Скопје  и Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Енергерска ефикасност при Германското друштво за интернационална соработка, а е целосно финансирана од GIZ.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4066&mid=482&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 07-Apr-2011 at 13:09
ГРАДОТ ПОТПИША ПИСМО ЗА ШТЕДЕЊЕ СТРУЈА

Новите фасади нема да пропуштаат топлина

Инсталација, прозорци, како и фасади на новите згради во Скопје ќе се прават на начин кој ќе спречува топлината да излегува надвор од нив

Новите згради во Скопје ќе штедат струја. Тоа, практично, значи дека целата инсталација, прозорци, како и фасади ќе се прават на начин кој ќе спречува топлината да излегува надвор.
Ваква шанса за идна изградба на градот е овозможена со писмо кое градоначалникот Коце Трајановски деновиве го потпиша со градоначалниците на Анкара, Подгорица, Белград, Сараево, Тирана , Загреб и на Фрајбург, а согласно кое Скопје станува дел од мрежата на енергетски ефикасни главни градови во Југоисточна Европа.
"Како резултат на нашата соработка со Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа, отворивме канцеларијата и инфо-центар, сè со цел во иднина да градиме капацитети за управување со енергијата.
Со потпишување на ова писмо, станавме директни учесници во продолжување на овој проект на штедење струја", изјавија од Град Скопје.
Реализација на овој проект почна уште во октомври 2009 година, кога Градот потпиша меморандум за разбирање со повеќе од овие градови, како резултат на што деновиве потпиша и документ за изработката на акциониот план, согласно кој ќе ги исполнува своите обврски. (М.Ѓ.)


www.vecer.com.mk
Back to Top
accipiter82 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote accipiter82 Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 27-Jun-2011 at 11:47
ЕДНОСМЕНСКИ УЧИЛИШТА – РЕАЛНОСТ ИЛИ ФИКЦИЈА

Овој текст е извадок од дел од презентацијата на проект изработен од м-р. Илија Василевски. Проектот се вика “Правилен развој на учениците со воведување на концептот на едносменско претпладневно работење”. Целта на овој проект е да се покаже што се би се постигнало доколку учениците учат во една смена и кои би биле бенефитите од тоа. Имплементација на проектот едносменски училишта мошне позитивно би се рефлектирало не само врз развојот на учениците како и подобрување на квалитетот на наставата и на целиот образовен процес туку и врз животната средина. Едносменските училишта се реалност насекаде низ светот додека кај нас тоа не е случај и е мошне ретка појава. Во истражувањето кое е направено во “ОУ Елпида Караманди” м-р. Илија Василевски на оригинален начин покажал како тоа може да се постигни.


Како би се постигнало тоа?

Потрошувачка на нафта за една грејна сезона: 18 литри на 1м2 кога се работи во две смени, а 12 литри кога сe работи во една смена или 33,3% заштеда. За една грејна сезона во ОУ,,Елпида Караманади“- Битола се трошат 60000 литри нафта. Kога би се работело во една смена би се заштедиле 20000 литри или околу 11000 евра.

Во грејна сезона во ОУ,,Елпида Караманди“- Битола се трошат околу 60000 денари за струја месечно. Kога би се работело во една смена би се заштедиле околу 20000 денари месечно или за една грејна сезона околу 2000 евра

http://energetskaefikasnost.info/?p=1008
http://energetskaefikasnost.info
Back to Top
accipiter82 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote accipiter82 Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 29-Jun-2011 at 10:14
Што е тоа хибридна куќа - интервју со Робин Бојчевски директор на АРЕСЕ Солушнс

Минатата недела, во вестите се појави информација во врска со изградба на прва „хибридна куќа„ во Македонија. Голем број на наши читатели и голем број на луѓе воопшто се прашуваа што е тоа „хибридна куќа“, како функционира итн. Во врска со тоа разговараме со Робин Бојчевски, директор на АРЕСЕ Солушнс Скопје, компанијата што ја изгради првата „хибридна куќа“ во Македонија.

Минатата недела, низ Македонија помина веста за појава на прва „хибридна куќа“. Голем број луѓе се запрашаа што е тоа „хибридна куќа“?

РБ: Поимот „хибридна куќа” во конкретниов случај се однесува на хибридниот систем за производство не електрична енергија: ветерен генератор и систем од фотонапонски (фотоволтаични) панели, надополнет со термален сончев колектор за загревање на вода.

Вообичаено системите кои вклучуваат повеќе од еден извор на енергија се нарекуваат „хибридни”. Бидејќи објектот не поседува приклучок кон јавната дистрибутивна напонска мрежа, некако природно се наметна поимот „хибридна куќа”.

Повеќе на http://energetskaefikasnost.info/
http://energetskaefikasnost.info
Back to Top
accipiter82 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote accipiter82 Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 12-Sep-2011 at 14:21
Енергетска ефикасност во минатите 20 години во Македонија

Минатата недела Македонија ја прослави својата одлука за независност. Тоа ме поттикна на размислување, што е направено на полето на енергетска ефикасност во Р. Македонија за овие 20 години. Оние што се упатени во оваа област или делумно упатени, знаат што не е направено и што можеше да се направи, но да видиме што е направено во оваа област.

Уште додека Македонија беше во состав на СФРЈ почнаа први обиди на развојот на самиот концепт на енергетска ефикасност. Во 1988 год. се донесе програма за заштеда и ефикасно користење на енергијата до 2000, кои беа во согласност со тогашниот Закон за енергетика. Програмата беше финансирана од страна на буџетот на Република Македонија во период од 1989, 1990 и 1991. Резултат на оваа програма беше заштеда од 5% од вкупната потрошувачка на енергијата во индустрискиот сектор.


Но,од 1991 па се до 1997 немаше големи поместувања во енергетската ефикасност. Во 1997 се донесе Националната развојна стратегија која во себе вклучуваше и принципи на достигнување на економскиот развој со рационално користење на енергија.

Значи од 1997 се почнува со поголемо размислување за енергетска ефикасност и тогаш се почнува со имплементација на концептот на енергетска ефикасност во стратегии на развој и енергетски стратегии.

Покрај оваа програма во 1997 година се донесе и новиот Закон за енергетика. Како резултат на тие активност Владата на Република Македонија донесе нова програма за енергетска ефикасност до 2020 година.
.....

Повеќе на http://energetskaefikasnost.info/?p=1618
http://energetskaefikasnost.info
Back to Top
accipiter82 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote accipiter82 Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 21-Nov-2011 at 08:44
International GreenBuild Conference 2011

Првата Интернационална конференција на зелената градба (International GreenBuild Conference 2011), која се одржува во организација на „Ecoist“ и од страна на „Национална алијанса за локален економски развој„ („NALED“), ќе се одржи на 24 ноември 2011 година во Белград, Србија.

Создавање на здрави, оддржливи простори во урбани средини претставува во исто време економски здрава инвестиција, друштвено одговорно управување и во склад е со принципите на оддржлив развој на градовите. Првата Интернационална конференција на зелената градба 2011, е настан кои во исто време ќе собери деловни лидери и иноватори, еколошко свесни стручњаци, како и носителите на одлуки во државниот сектор, а се со цел да се покрени синергија неопходна за побрз развој на зелениот урбанизам во Србија.

Повеќе...

Edited by accipiter82 - 21-Nov-2011 at 08:45
http://energetskaefikasnost.info
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 04-Jan-2012 at 19:47
Министерот Сараќини одржа прес конферeнција за енергетската ефикасност


Министерот за економија Ваљон Сараќини денеска одржа прес конференција за поттикнување на јавноста и зголемување на свеста за придобивките од енергетската ефиксност, во услови на зголемена цена на електричната енергија.
Министерот Сараќини посочи дека ако се земат во предвид трендовите во енергетскиот сектор, зголемената побарувачката, а помали се резерви на фосилни горива кои се главен извор на електрична енергија, во иднина не треба да се очекува намалување на цените на електрична енергија, токму затоа граѓаните треба да се ориентираат кон примена на мерки за поголема енергетска ефикасност.
- “Замена на старите светилки со компактни флуоресцентни енергетски поефиксни светилки , поставување на ПВЦ прозори, топлинска изолација на надворешните ѕидови, купување на апарати со највисока А класа кои трошат најмалку енергија, исклучување на апаратите по завршување на нивното користење, “ се само дел од мерките за заштеда на електрична енергија, кои ги истакна министерот на денешната прес конференција.
Тој додаде дека домаќинствата треба да се ориентират кон инсталирање на сончеви колекторски системи кои и годинава ќе ги субвенционира Министерството за економија, а за кои е предвидено околу шест милиони денари .                                                                                                                                                                                                         
Во таа насока тој почи дека со практикување на мерките за енергетска ефикасност може да се заштедат од 20 до 40 проценти од трошоците за енергија, а државата може да заштеди околу седум проценти од вкупната потрошувачка на електрична енергија во 2011 година.
Според професорот Констатнтин Димитров, гараѓаните мораат да ги менуваат своите навики во однос на трошењето на електричната енергија за да го заштедат домашниот буџет. Тој смета дека се што ќе се вложи денес во однос на практикување на мерките за енергетска ефикасност во иднина дури трикратно позитивно ќе се исплати.
Министерот Сараќини, за енергетскиот биланс за 2012 година рече дека се очекува да изнесува 82 000 ТЈ(тераџули) од кој што уделот на потрошувачка на енергија во домаќинствата е околу 29%, на индустријата околу 34% секторот сообраќај 20,5%, земјоделие 2% и потрошувачка за не-енергетска употреба околу 1,5%.
Според Сараќини државата им помага на граѓаните, меѓутоа и самите граѓани и индустриски капацитети треба да си помогнат, пред се преку практикување на енергетската ефикасност за заштеда на електричната енергија. Во таа насока министертот ја посочи и Програмата на Владата на Република Македонија за субвенционирање на потрошувачката на енергија, со која е предвидено да се субвенционираат домаќинства со право на социјална парична помош и семејства корисници на правото на постојана парична помош. Субвенцијата се дава за дел од потрошената енергија (електрична енергија, огревно дрво, јаглен, екстра лесно масло за домаќинствата/нафта за домаќинствато и централно греење). Месечниот надоместок за субвенција изнесува 600 денари.


http://www.economy.gov.mk/Home?article=de41cdbf-aa42-4c64-a640-1c2fdb9ac361&lang=3
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 10-Jan-2012 at 13:18
„Калинка“- првата енергетско ефикасна градинка во Македонија

Општина Аеродром и УНДП од денес почнаа со реализација на проектот за комплетна реконструкција на градинката „Калинка“, како пилот-проект за создавање целосно енергетски ефикасна градинка, прва во Република Македонија.
За таа цел занималните во градинката „Калинка“, која всушност претставува стара барака, ќе се расчистуваат од инвентарот и од другите материјали и средства, по што ќе се почне со реконструкција на просториите.

Реконструкцијата на објектот опфаќа промена на покривот и ѕидовите, поточно ќе се заменат дрвените со нови бетонски ѕидови, ќе се менуваат вратите како и прозорците со нови модерни ПВЦ прозорци со висококвалитетна изолација, ќе се промени комплетно и електричната инсталација, а ќе се стави и нова фасада со термичка изолација.

Исто така, ќе се постават сончеви соларни колектори преку кои ќе се обезбедува топла вода, така што ќе се редуцираат трошоците, односно ќе се штеди енергијата.

Ова практично значи дека градинката „Калинка“ ќе биде реконструирана согласно сите мерки за енергетска ефикасност што важат во ЕУ и ќе биде првиот целосно енергетски ефикасен објект во Република Македонија.

Реконструкцијата на градинката се изведува според елаборатот за енергетска ефикасност направен од експерти од Словачка по претходно направена целокупна анализа на објектот.

Во реконструкцијата на градинката „Калинка“, општина Аеродром учествува со околу 4 милиони денари.

Се предвидува поголемите градежни зафати и активности да се одвиваат за викендите, така што децата ќе бидат максимално заштитени од какви било негативни влијанија при реновирањето.

Инаку, во проектот кој е дел од програма за енергетска ефикасност на УНДП конкурираа околу 15 најдобри општини, меѓу кои апликацијата на Општина Аеродром беше оценета како најподготвена и најуспешна.

Реализацијата на овој проект е доказ дека општина Аеродром посветува големо внимание на енергетска ефикасност, на ефектите и потребата од заштеда на енергија, со цел подобрување на условите за претстој и учење на децата во градинката, но и за подобрување на условите за живот на граѓаните. Речиси, сите предвидени проекти во основните училишта и градинките ќе се изведуваат согласно нормите за енергетска ефикасност за заштеда на енергијата.

Инаку, со овој проект почнува кампањата на општина Аеродром за подигнување на свеста за енергетската ефикасност, при што на граѓаните ќе им бидат поделени флaери, брошури и друг информативен материјал.

Izvor: Kurir, http://www.kurir.mk/republika/skopje/56482-Kalinka--prvata-energetsko-efikasna-gradinka-vo-Makedonija
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 25-Jan-2012 at 16:05

Прва ниско енергетска зграда во Карпош

Првата комерцијална ниско енергетска зграда во Карпош денеска ја промовираше градоначалникот Стевчо Јакимовски. Станува збор за приватна инвестиција на фирмата „ВЕНС Инженеринг“, која вградува високи стандарди во веќе изградена зграда во општината, но и во два нови објекта кои сега се градат.
Овој инвеститор е  пионер и промотор на изградба на објекти кои користат обновливи извори на енергија за затоплување и кои прават заштеда на енергијата. Трошат помалку од 50 киловат часови енергија на метар квадратен, на годишно ниво. Ако се спореди по категоризацијата со европските земји ова е првиот кандидат да добие „енергетски пасош“ од А-категорија.
На денената презентација, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, најави дека ќе се донесе Правилник со кој ќе се дефинираат горните дозволени граници, кои инвеститорите во станбени и нестанбени објекти и во реконструкциите, мора да ги применат, како мерки на термо изолација, врати и прозорци и употреба на обновливи извори на енергија, за да можат да добијат градежна дозвола.
-Иако поминаа повеќе од три години од донесувањето на Законот за енергетика, Владата и ресорните министерства сѐ уште не ги донесоа Правилниците и методологиите за енергетски контроли, а со тоа и обврските за новите градби и реконструкции. За да се стимулира изградбата на вакви објекти  во Општината, додека државата не донесе Правилник ќе важи  новиот Правилник на Општина Карпош кој треба да го усвои Советот на наредната седница – рече тој.
Со правилникот се предвидуваат  субвенции во надоместокот за градежно земјиште што ги плаќаат инвеститорите. Поточно, 20 отсто од уплатените комуналии, ќе им бидат вратени на инвеститорите на вакви објекти, што е големо финансиско олеснување за нив, а ќе влијае и врз цената на ниско енергетските станови. Становите ќе бидат со иста пазарна цена како и комерцијалните во градот, односно околу 1.200 евра за метар квадратен.

http://www.plusinfo.mk/vest/31019/Prva-nisko-energetska-zgrada-vo-Karposh

Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 13-Feb-2012 at 12:57
„Енергетски ефикасна општина - успешна општина“, проект во Крива Паланка

Намалување на трошоците на општината Крива Паланка за осветлување на јавните површини, промовирање и употреба на енергетски ефикасни светилки и нивна употреба во институциите и примена на мерки и техники за енергетска ефикасност се секундарни цели, како и намалување на фосилните горива, а со тоа и намалување на загадувањето на животната средина во кривопаланечката општина како главна цел е спроведувањето на проектот под мотото „Крива Паланка енергетски ефикасна општина - успешна општина“.


- Како проектни активности се предвидуваат подоговка на Cost - Benefit анализа за енергетска ефикасност, поставување и замена на 100 енергетско-ефикасни сијалици за улично осветлување и 60 светлечки тела за внатрешно осветлување“, истакнаа проект-координаторите Јорданка Шапкалиска и Борјанчо Мицевски од НВО - Регионален центар за одржлив развој од Кратово.

Во таа насока ќе се организираат повеќе работилници за енергетска ефикасност и нејзиното значење, потоа објавување на конкурс за ликовна и поетска творба на тема „Енергетска ефикасност“ каде ќе бидат вклучени учениците од основните училишта од регионот, како и подготовка и дистрибуирање на промотивен материјал, организирање на кампања за енерфгетска ефикасност и креирање на јавната свест кај младата популација од потребите за штедење на енергетските ресурси.

Проектната активност ќе започне од овој месец и ќе трае до март 2013 година.

Организатор на проектот е Регионалниот центар за одржлив развој од Кратово, а копартнер е општина Крива Паланка.

Проектот „Крива Паланка енергетски ефикасна општина - успешна општина“ финансиски е поддржана од Канцеларијата на Глобалниот еколошки фонд од Скопје, преку Програмата за мали грантови на УНДП, а вредноста на проектот изнесува 36.362 американски долари.

Izvor: Kurir, http://kurir.mk/republika/proekti/60631-Energetski-efikasna-opstina---uspesna-opstina-proekt-vo-Kriva-Palanka
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 14-Mar-2012 at 18:49
Промоција на „Правилник за мерките за енергетска ефикасност“

Утре, четврток (15.3.2012) со почеток во 12.00 часот ќе се одржи промоција на „Правилник за мерките за енергетска ефикасност кои треба да ги исполнат проектите за изградба на нови и реконструкција на постоечки објекти како услов за добивање одобрение за градење од Општина Карпош“.

На видеобим ќе се презентира методологијата на пресметките кои треба да бидат доставувани во фазата архитектура на основните проекти за кои се бара дозвола за градба во општина Карпош. Презентацијата е на д-р Петар Николовски, стручен консултант на проектот.

Промоцијата ќе се одржи во големата сала на Општина Карпош (бул. Партизански одреди бр. 68, барака бр. 5).

На овој линк можете да го симнете или да го разгледате првиот македонски правилник за енергетска ефикасност, кој допрва треба да го напише и усвои и државата: http://issuu.com/opstinakarpos/docs/pravilnik_za_energetska_efikasnost_02_za_web_2

Edited by BOJAN - 14-Mar-2012 at 18:50
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 16-Mar-2012 at 00:55


Мерките за енергетска ефикасност задолжителни за сите објекти што ќе се изведуваат во Карпош

Извор:%20Општина%20Карпош


Општина Карпош денеска го промовираше Правилникот за мерки за енергетска ефикасност, прв документ од ваков вид во Македонија со кој се пропишуваат техничките услови за ограничување на годишната потрошувачка на енергија за греење на објектите на територијата на оваа скопска општина. Предвидено е мерките да важат при изградба на нови станбени и нестанбени објекти, како и при поголема реконструкција на постоечките згради, а ваквите барања не се однесуваат за згради и споменици како специјални архитектонски или историски вредности, верски зданија, времени објекти, станбени објекти чија планирана употреба е пократка од четири месеци во годината и објекти за престој со помала површина од 50 метри квадратни.

Како критериум за добивање на одобрение за градење, инвеститорите во основниот проект кој го доставуваат до општината ќе треба да вклучат и Елаборат за градежна физика со кој треба да се докаже дека објектот ги исполнува критериумите зададени во правилникот. Зградите за кои ќе биде приложен доказ дека потребите за греење се помали за најмалку 10% од минималните барања во правилникот, ќе бидат стимулирани со намалување на надоместокот за комуналии за 15% во делот кој и припаѓа на општината, а инвеститорите за дополнителни 5% ќе се ослободат од комуналните давачки доколку објектите користат и некој од обновливите извори на енергија.

Мерките за енергетска ефикасност ќе се применуваат во поглед на потрошувачката на енергија, заштедата на греењето, ладењето, техничката изолација на ѕидовите и прозорците и на вградувањето на обновливи извори енергија. Локалните власти од Карпош го исполнуваат потпишаниот договор меѓу земјите од Југоисточна Европа и од ЕУ, со кој треба да се намали емисијата на јаглерод диоксид и потрошувачката на енергија за 20%, но и да се зголеми учеството на обновливите извори на енергија за 20%.



#
Објавено на 15.03.2012 во категорија Вести.

Тагови: Градежни материјали, Греење и климатизација, Енергетска ефикасност, Легислатива, Обновлива енергија


http://www.build.mk/?p=13356
Back to Top
accipiter82 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote accipiter82 Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 17-Apr-2012 at 16:11
http://energetskaefikasnost.info
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.111 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.