build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Урбанистички планови и парцели (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбанистички планови и парцели (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 63>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Урбанистички планови и парцели (општо)
    Posted: 18-May-2022 at 13:48
Во К.Вода кај Шампионче,пералнава остана меѓу две новоградби...веројатно има маркичка за некое зградиче и тука меѓу двете



https://samoprasaj.mk/naacik/2350-vlasta-so-pravilnik-ja-vrati-betonizacijata-na-skopje-na-maksimum
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 05-Apr-2022 at 17:07
ОПШТИНА ЦЕНТАР ПОДНЕСЕ ЖАЛБА ОТКАКО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ Ѝ ГО ОДЗЕДЕ ЗЕМЈИШТЕТО ЗАД ЗГРАДАТА „ТИФАНИ“



Општина Центар поднесе жалба до Управата за имотно-правни односи за одземањето на државното земјиште зад зградата „Тифани“ во строгиот центар на градот. Без да се побара согласност од Општината, Министерството за финансии во март со решението го одзема правото на користење на државното земјиште на катастарската парцела КП 11843/2. Решението е донесено откако сопственост на државното земјиште побарала компанијата „СМС шопс“, која заедно со физички лица е сопственик на соседната парцела.

„Градежната парцела бр.5.9.1. е во сопственост на државата, каде трајно право на користење има Општина Центар и е со вкупна големина од 413 метри квадратни. Од три расположливи катастарски парцели, оние кои се во сопственост на државата се со површина од 22 квадратни метри и 90 квадратни метри, а најголема е парцелата која во Катастарот се води како државен имот врз кој право на користење има Општина Центар. Таа е со површина од 301 квадратен метар, но приватизација Управата за имотно правни работи ја одобрува на 185 квадратни метри. Општина Центар како траен корисник на дел од државното земјиште морала да биде прашана за согласност пред било каква одлука или постапка од страна на институциите. Во овој случај постапката за одобрението на Општина Центар е заобиколена, поради што и градоначалникот Герасимовски поднесува жалба“, велат од Општина Центар.

Според Деталниот урбанистички план Мал ринг од 21 декември 2012 на градежната парцела бр. 5.9.1. во чии рамки се наоѓа катастарската парцела 11843/2, од која дел е во државна сопственост, предвидува градби од категорија А2, односно домување во станбени згради. Во тек е постапка за донесување на нов план, каде што за посочената катастарска парцела предвидена е намена В4, односно државни институции.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-tsentar-podnese-zhalba-otkako-ministerstvoto-za-finansii-go-odzede-zemjishteto-zad-zgradata-tifani/
Carpe diem
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7765
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 02-Apr-2022 at 00:16

што е со кафанскиов муабет „не можам сега јас да зацртам трева“?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 26-Mar-2022 at 17:40
ГРАДЕЊЕ ЗГРАДИ КАЈ КИНО ВЛАЕ Е СОГЛАСНО ЗАКОНОТ И ГЕНЕРАЛНИОТ ПЛАН, НЕ МОЖАМ ЈАС СЕГА ДА НАЦРТАМ ТРЕВА, ВЕЛИ ЈАКИМОВСКИ

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски вели дека новите 10-катници на местото на поранешно кино Влае кои се предвидуваат со Деталниот урбанистички план (ДУП) Влае 2, не може да се избршат. Во разговор за САКАМДАКАЖАМ.МК, тој вели дека го почитува законот и повисоките акти како Генералниот урбанистички план (ГУП) кои таму предвидуваат станбено домување односно изградба на згради.

„Не можам да кажам таму ќе нема згради, ќе нацртаме трева. Ние мора да работиме според законот односно правилник донесен во 2015 година според кој, за површина над 1.000 метри квадратни мора да се нацртаат маркички за згради од приземје, девет ката плус поткровје. Тука површината е поголема и затоа имаме максимална висина од 10 ката. Тие згради се предвидени со претходниот Детален урбанистички план и сега ние не можеме на некого нешто да му одземеме. Исто така, Генералниот урбанистички план донесен во 2012 и Регулацискиот план направен според него пред една година, на тој дел предвидуваат домување. Со претходниот план таму се дозволуваа 16-катници, а сега висината е намалена на 10 ката“, вели градоначалникот Јакимовски.

Претходниот план, за кој Јакимовски вели дека со него биле предвидени зградите, беше донесен во негово време односно во претходниот негов мандат од 2013 до 2017, а во 2018 беше поништен од Уставен суд. На нашето прашање дали тој како градоначалник избран од граѓаните смета дека таму и на празниот простор кај „Кам маркет“ треба да има згради, а притоа нема соодветна инфраструктура која може да ги прими новите жители, Јакимовски вели дека не може да кажува што мисли туку мора да работи според законот и да носи одлуки.

„Категорично тврдам дека направивме подобар план од претходниот. На локацијата кај кино Влае отсекогаш се предвидувале објекти. Прво беше трговски центар, а со ГУП-от од 2012 просторот доби пренамена домување. Се согласувам дека може зградите малку да се стеснат, да се остави простор за повеќе зеленило. Кај ‘Кам’ мора да им зграда оти таа е предвидена со претходниот план. Точно дека сега земјиштето е државно, но во тек е процес на денационализација и ако сега ја избршиме маркичката, кога ќе заврши процесот сопственикот може да ја тужи Општината, бидејќи одземено му е правото кое еднаш му било дадено“, вели Јакимовски.

Бидејќи Јакимовски постојано вели дека ДУП-от го прави согласно ГУП-от, го прашавме зошто не почека да се донесе нов Генерален план кој е во фаза на подготовка, каде како Општина ќе побара да се сменат одредени намени. Јакимовски вели дека планот 3 години стои, а граѓаните не можат да си ги решат имотните прашања, не можат да ги средат и откупат парцелите и да добијат право за доградба на куќите.

„Секогаш одредени поединци зборуваат дека се нацртале згради и нема зеленило, што не е точно, има многу повеќе зелени површини од претходно. Никој не ги слуша граѓаните кои постојано бараат од Општината да се донесе план. Тие сега не можат ништо да прават со своите имоти, бидејќи претходниот план е укинат“, додава Јакимовски.

За обвинувањата на граѓаните дека на местото на спортските терени ќе се градат затворени спортски објекти, Јакимовски вели дека тоа не може да се случи и се шират лажни вести.

„На крајот на порта Влае нацртавме зеленило, тоа е единствена површина со државно земјиште. Мора да има пред зградите монтажен паркинг, бидејќи граѓаните постојано се жалат дека нема место за паркирање. Нацртавме и градинка во склоп на училиштетото ‘Димо Хаџи Димов’ и друга на кејот на Вардар. За овие маркички се жалат граѓаните кои се сопственици на имотите. Црква мора да има, бидејќи во овој дел нигде нема верски објект и веќе разговараме со Г. Г. Стефан за нејзина изградба“, вели Јакимовски.

Планот за Влае 2 до вчера беше изложен на јавна анкета и граѓаните можеа да поднесуваат анкетни листови. Од Општината велат дека ќе ги земат предвид сите барања на граѓаните кои се согласно законот.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/gradene-zgradi-kaj-kino-vlae-e-soglasno-zakonot-i-generalniot-plan-ne-mozham-jas-sega-da-natsrtam-treva-veli-jakimovski/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 24-Mar-2022 at 07:42
Три државни парцели стануваат приватни за нова шесткатница кај „Тифани“







Три парцели кај зградата „Тифани“ во најстрогиот центар на Скопје од државни стануваат приватни со објаснување од Управата за имотно-правни работи дека се работи за дооформување на парцела, пишува А1ОН.

Две од трите парцели, според јавно достапните податоци од Агенцијата за катастар на недвижностите, се сопственост на Република Македонија, а една е запишана како сопственост на Општина Центар.

-За приватизација на земјиштето во корист на „СМС шопс“, Управата за имотно-прави работи експресно постапувала. Компанијата на 3 март годинава поднела барање да престане правото на користење што го имала Општина Центар, а тринаесет дена подоцна добила решение со кое престанува корисничкото право на Општината за тие да може да ја дооформат парцелата за новата шесткатница. За изработка на вакви решенија има граѓани што чекаат и по една деценија. Од Министерството за финансии, во чиј состав како самостоен орган функционира Управата за имотно -правни работи, не одговорија на прашањата од „А1он“, пишува порталот.

https://a1on.mk/video/video-tri-drzhavni-parceli-stanuvaat-privatni-za-nova-shestkatnica-kaj-tifani/
Carpe diem
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 900
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 23-Mar-2022 at 13:19
4 цркви,со веќе постоечките 2 тоа се 6 цркви... пошто ептен побожно население има во Карпош...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 23-Mar-2022 at 08:10
Во Карпош ќе никнат зграда на 11 ката и 4 цркви

Не можеме да нацртаме трева или да ја избришеме парцелата, изјави градоначалникот Стевчо Јакимовски

Кај Кино Карпош ќе има една зграда 11-катница. Тоа е приватно земјиште, но мора на Совет да помине. Овој план е подговотвен од претходниот градоначалник. Има законски ограничувања на коишто ние не можеме да влијаеме. Не можеме да нацртаме трева или да ја избришеме парцелата, изјави градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, гостувајќи во „Студио 10“ .

Предлог ДУП-от во Карпош предизвика многу реакции помеѓу граѓаните, а Јакимовски појаснуваше дека овие планови биле изработени од претходните градоначалници, а дека сегашната верзија е малку изменета.

Како општина, додаде Јакимовски, не можеле да се прават видни измени бидејќи се работи за приватно земјиште. Со сегашниот план предвидени се и четири цркви, кои, какошто нагласи Јакимовски, се исклучиво по барање на граѓаните.

– Нашиот план е на 10 до 12 илјади жители да има една црква. Предвидени се 4 цркви, бидејќи 98 отсто од населението во Карпош се христијани, рече Јакимовски.

https://novatv.mk/vo-karposh-ke-niknat-zgrada-na-11-kata-i-4-tsrkvi/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 22-Mar-2022 at 13:47
САКААТ ДА НИ НАПРАВАТ ИЛИ МОТЕЛ, ИЛИ ХОТЕЛ, ИНСПЕКТОРИ ПОСТОЈАНО НЕ ВОЗНЕМИРУВААТ - жителите од улицата „Пити Гули“ се кренаа на нозе



Жестока граѓанска реакција пристигна до медиумите околу планирана изградба во близина на контроверзните Плацеви на Водно.

Граѓаните на улицата Питу Гули испратија соопштение до медиумите, во кое реагираат дека во нивна близина ќе се гради објект со еден кат повеќе од дозволеното.

Како што самите велат во своето соопштение, на 18 март 2022 година, жителите на Питу Гули, улицата која се наоѓа веднаш под озлогласените „Плацеви на Водно“, а во моментов предмет на судски процес, поднеле барање за поништување на Одобрението за градење издадено на Маркеза ДООЕЛ, од страна на претходниот градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

„Во прилог, ќе ги најдете сумирани аргументите кои ги содржи барањето за поништување на горенаведеното Одобрение. Одобрението е издадено спротивно на Деталниот урбанистички план за овој дел. Согласно со Извод од план за градежна парцела бр 10.75 - тука, дозволената максимална катност е П + 1 + Пк. Планираната градба во основниот проект врз основа на кој е издадено одобрението за градење - предвидува еден спрат повеќе од дозволеното - кое Инвеститорот се обидел да го замаскира со поимот „галерија“, инаку термин кој е непостоечки во Законот за градење. Спратот додаден како „галерија“ има функционална висина (2,65 м), додадена над висината од 3,35 м на приземјето. Општината направила превид и така приземјето станало спрат со висина од 6 м. Со наводната „галерија“, Општината на Инвеститорот му дозволила да добие уште еден спрат од градбата, што е спротивно на параметрите утврдени со ДУП-от.

Општината доделила Одобрение за градба, без да овозможи пристап до истата, што е спротивно на член 94 од Законот за градежно земјиште. Во фактичката состојба не постои пристап до самата парцела. Во моментов, ДУП-от предвидува „Улица 5“ како пристап до парцелата, но таа во реалноста не постои, а не постоела ниту во моментот на извадање на Одобрението во прашање. Општината ја нема предвидено изведбата на оваа улица во својата Програма за уредување на градежно земјиште за 2022 година. Дополнително на горенаведеното, не е јасно како на Инвеститорот ќе му се овозможи поставување на водоводна, фекална и атмосферска канализација и друга инсталација со приклучоци до градежната парцела.

Според Решението за хидротехнички услови дадено во постапката за издавање на Одобрение на ул. Питу Гули постои само водоводна мрежа, а треба да се изведе фекална и атмосферска мрежа. Нејасно е каде се предвидува да се приклучи објектот на Инвеститорот на фекална и атмосферска канализација, знаејќи дека водовод нема примено дека на ул. Питу Гули постои фекална и атмосферска канализација. Согласно постоечката хидротехничка инфраструктура, кога Инвеститорот би започнал со градба, за да користи градежна вода би му била потребна изведба од 22 м водоводна мрежа, која не е јасно ниту кога, ниту на кој начин има намера да ја изведе - со оглед на тоа дека за да ја изведе треба да направи ископ на постоечката улица, а за тоа му е потребно посебно одобрение од Општината.



Најинтересно во проектната документација е дека произлегува дека одобрението е издадено за градба која суштински има друга намена од таа за која е издадено одобрението, а која намена Инвеститорот се обидел да ја скрие. Проектната документација покажува објект или за заедничко домување (А3) или за времено домување (А4), па дури можеби и за хотел (Б5). Во секој случај не покажува објект со намена А0-домување со посебен режим. Ова се гледа од предвиденото во проектната документација, како на пример: 20 паркинг места на две нивоа, лифт со големина за 6 лица, 20 посебни собни единици, 30 купатилски умивалници, 30 огледала и етажерки над и под секој умивалник, 30 моноблок шолји, 30 батерии за умивалниците, 21 туш батерии за топла и ладна вода, 26 ЕК вентили за машини за алишта и садови, 13 ЕК вентили за кујнска батерија, 13 бојлери.

Општината не увидела дека постои целосно несовпаѓање на овие бројки со проектот за архитектура каде не е јасно на пример, каде ќе биде сместена оваа санитарија бидејќи истиот предвидел 10 спални (од кои манипулативно 8 ги нарекол детски) и предвидел 7 купатила (тоалети). Истото важи и за проектот за електрика кој не се совпаѓа со архитектонскиот.

Дополнително, со Одобрението за градење на Инвеститорот му се одобрува објект од втора категорија, со намена А0 - домување со посебен режим, која намена на градба, со влегување во сила на Правилникот за урбанистичко планирање, согласно член 77 од истиот,, повеќе не постои. За крај, во Основниот проект приложен во докуменатацијата врз основа на кој е издадено Одобрението за градење содржи дополнителни бројни пропусти, недостатоци и грешки, во однос на пропишаните висини за спратовите, приодот за возилата и како тие ќе влегуваат во двоспратниот подземен паркинг, проектот кој е на ниво на идеен проект не ги отсликува сите проекти и сите фази, на ниту едно место во проектот не се внесени подни коти - ниту на пресеците ниту на основите, не се ставени скалите во изглед, а дадено е одобрение за фаза 1 - каде се очекува да се изградат скали до приземје, проектот за статика не соодветстува со проектот архитектура.

Овие бројни пропусти се причини заради кои вообичаено стручните служби би вратиле проект. Во моментов постојат нерешени прашања со соседните парцели кои дополнително ги отежнуваат прашањата околу ова Одобрение.

Општината периодов, повеќекратно ги вознемири жителите на улицата, вршејќи притисок врз нив, веројатно со цел да надомести за своите пропусти при доделувањето на ова Одобрение.

Инвеститорот бара начин како да си обезбеди пристап за да почне со градење преку поднесување на пријави до општината за непосредните соседи се со цел да си отвори пристап преку 50 години уредувани површини кои се единствена патека до ридот по кој треба да помине тешката механизација.

Општината веќе постапува согласно неговите барања и неколку пати на терен одат инспектори за да пронајдат пропуст во имотните листови на непосредните соседи.

Соседите кои живеат таму повеќе од 50 години се изложени на постојани притисоци и трошоци за изработка на елаборати за да ја докажат точноста на оградувањето на нивните парцели надевајќи се дека општината нема да пронајде слабост која инвестиротот би ја искористил за да добие пристап“, пишуваат жителите на Питу Гули во своето соопштение до јавноста.

Или, како што нагласуваат, општината не направила проблем за ова несовпаѓање, според кое јасно се гледа дека објектот нема да биде семејна куќа туку ќе биде или мотел, преноќувалиште, дом или хотел.

https://faktor.mk/sakaat-da-ni-napravat-ili-motel-ili-hotel-inspektori-postojano-ne-voznemiruvaat---zitelite-od-ulicata-piti-guli-se-krenaa-na-noze
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 21-Mar-2022 at 17:53
ЈАКИМОВСКИ: ВО ВЛАЕ ЌЕ ИМА 11. КАТНИЦА, ГРАДИНКА, ЦРКВА И МОНТАЖЕН ПАРКИНГ

Каков ДУП ќе донесе Општина Карпош за Влае - Граѓаните вчера на протест порачаа - Не сакаме нови згради. Дупот предвидува, да се изгради единаесеткатница и црква, а од другата страна, треба да никне монтажна катна гаража.

Откако граѓаните вчера побараа да не се донесе новиот Детален урбанистички план за Влае, денеска првиот човек на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски во Студио 10 на ТВ24 вели – Единаесеткатница ќе се гради бидејќи е на првиатно земјиште, со план изготвен од претходниот градоначалник, Стефан Богоев.

Поранешниот градоначалник Богоев телефонски за Телевизија 24 вели: „Јас план за Влае ниту сум изготвил, ниту сум донел, а тоа може лесно да се провери“.

Советниците на СДСМ за ТВ24 брифираат дека нема да дозволат бетонизација на Влае. Тие вчера на протестот разговарале со граѓаните и велат дека даваат поддршка да се донесат измени со кои ќе се избрише нацртот за единаесеткатницата. Од друга страна, даваат поддршка да се донесе ДУП кој предвидува монтажна катна гаража, но и дозвола за граѓаните кои имаат веќе постојни објекти, а кои бараат доградба. Реагираа и од Левица - нема да гласаат ДУП во кој ќе ги нема барањата на жителите на Влае.

Иницијативата „Борба за Влае“, која ги организираше протестите вчера тврди - Ако овој план се усвои, тоа ќе значи бришење на единствените спортски и зелени површини во овој дел од градот на сметка на згради и паркиралишта.

На протестот во Влае се појавија советници од сите политички партии освен од Гром, чиј лидер е градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски.

https://www.24.mk/details/jakimovski-vo-vlae-kje-ima-11-katnica-gradinka-crkva-i-montazhen-parking
Carpe diem
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 912
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 20-Mar-2022 at 18:45
ВМРО/Стефче назад во локална и одма се врати граѓански активизам
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1762
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 20-Mar-2022 at 16:23
Затоа служи попис, да видиш што каде колку ти треба.

Јас стварно не разбирам зашто луѓето во Македонија мислат дека "проблемот" припадници од друга религија не постои се додека не дојде моментот за верски објект. И како да од тогаш постои проблемот понатаму во фул издание 100%. Дури па и овие што протажираат верски објекти со цел обележување територија, истото го мислат, дека ќе постигнат ефект.

Сепак, реално гледано, повеќе негативен ефект се постигнува на целокупно оптшествено ниво, отколку позитивно. Какви сака нека се гласачите, макар и крајно нетрпеливи кон други религии, сепак тоа е нивен избор. Очигледно не е време за ова прашање.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 20-Mar-2022 at 15:57
Жителите на Влае на нозе – не сакаат нивната населба да стане ново Дебар Маало



https://telma.com.mk/2022/03/20/жителите-на-влае-на-нозе-не-сакаат-ни/
Carpe diem
Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Online
Posts: 130
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 20-Mar-2022 at 14:01
Најголем проблем е џамијата,за се можи да се прогледа низ прсти и згради и ова она ама за оваа масовна шќиптаризација/муслиманизација на цела држава не можи и не смејт !
И порано било држ-недај ама ова сдсм шо го прат ни во турско не се правело.

П.С. Да знам дека Стевче србомано е градоначалник сега и се прајт на триипол,ама ова е одобрено од претходнио а мора да се запри сега и одма.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 20-Mar-2022 at 13:09
Во врска со планот за Влае







https://www.facebook.com/BorbaZaVlae
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 15-Mar-2022 at 15:00
ОПШТИНА КАРПОШ ПОЧНА ПОСТАПКА И ЗА ПЛАНОТ ЗА ЖДАНЕЦ, ЖИТЕЛИТЕ ВЕЛАТ СЕ ЦРТААТ ОБЈЕКТИ И УЛИЦА ВО ДВОРОВИ И СЕ УНИШТУВА ЗЕЛЕНИЛО

Општина Карпош ја почна постапката за носење на уште Детален урбанистички план, со кој според граѓаните ќе се уништи хуманото живеење во населбите Козле и Жданец. Со измените на ДУП-от за блок Ј03.04 дел од Градска четврт ЈОЗ, зад дел од куќите во Жданец се предвидува пробивање на нова улица и маркички за куќи со приземје, два ката и поткровје. Новите објекти се предвидуваат на парцели кои се државно земјиште.

На јавната презентација на планот жителите револтирано ја прашуваат планерката од „Тајфа план“ и претставниците на Општината зошто на државно земјиште цртаат маркички за куќи кои сметаат дека ќе прераснат во згради, наместо да го заштитат овие парцели со намена зеленило.

„На сметка на нашето хумано живеење, Општина Карпош планира да ни насади нови згради во дел од дворовите кои ги користиме повеќе од половина век. Станува збор за државно земјиште кое најверојатно веќе го пикирале моќните претставници на урбаната мафија која препозна брза заработка. Зелениот појас над нашите семејни куќи, некој замислил да биде ново урбано грдење на просторот со една цел. Освен што постои ризик, на сртот над нашите домови, да се изградат бетонски чудовишта на простор каде постои опасност од лизгање на земјиштето од можниот налет на багерите, новите соседи директно ќе гледаат во нашите спални соби. Според Над нашите домови треба да никнат околу десет нови објекти на сметка на децениското зеленило кое сите ние го негуваме со години“, велат жителите на овој дел од населбата Жданец.

Со новиот план улицата која ќе се гради за да има пристап за новите куќи, не минува само низ дворови туку треба да се урне и куќа.

„Како сте можеле да нацртате ваков план, па дали вие сте излегле на лице место, да ја видите конфигурацијата на терен и дека улицата ми ја урива куќата. Тука нема услови ниту за пробивање улица ниту за новите градби. За чии интереси го правите планот, кога нас не сте нè прашале“, рече една од присутните граѓанки на јавната презентација.

Од Општина Карпош им рекоа на граѓаните дека планот не е донесен, оваа почеток и дека нивните барања можат да ги напишат на анкетни листови и истите ќе бидат земени предвид.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-karposh-pochna-postapka-i-za-planot-za-zhdanets-zhitelite-velat-se-tsrtaat-objekti-i-ulitsa-vo-dvorovi-i-se-unishtuva-zelenilo/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 15-Mar-2022 at 14:57
ДУП со „спорната“ бензинска пумпа повторно се најде пред Уставен суд



Иницијативата е поднесена од скопјанката Наташа Шурбановска, според која Одлуката на Советот на Карпош за донесување ДУП не е во согласност со Уставот и со членовите 108 и 110, Законот за урбанистичко планирање, ГУП за Град Скопје и со Правилникот за урбанистичко планирање, па таа предлага времена мерка забрана за градба на објект до донесување конечна одлука на Уставниот суд.

Деталниот урбанистички план за просторот кај СЦ „Борис Трајковски“, кој ја опфаќа и парцелата за бензинска пумпа, поради која Општина Карпош беше тужена од „Пуцко петрол“, повторно ќе се најде пред Уставен суд.

Судот информираше дека е оформен предмет за поднесена иницијатива, со која се оспорува Одлуката на Советот на Карпош од 3 март годинава за донесување на ДУП за Градска четврт 3. 04, Блок 3 04.05.

Иницијативата е поднесена од скопјанката Наташа Шурбановска, според која со овој ДУП се предвидува изградба на бензинска пумпа спроти базенот „Младост“ во општина Карпош на дел од сообраќајната инфраструктура. Таа смета дека Одлуката не е во согласност со Уставот и со членовите 108 и 110, Законот за урбанистичко планирање, ГУП за Град Скопје и со Правилникот за урбанистичко планирање. Поради тоа Шурбановска му предлага на Уставниот суд да донесе времена мерка забрана за градба на објект до донесување конечна одлука на Уставниот суд.

На донесувањето на овој ДУП му претходеа цела низа настани, во обид со неговото навремено носење да се спречи пресуда со која Општината би требало да плати отштета во милионски суми евра.

Градоначалникот Стевчо Јакимовски пред два месеца јавно ја повика градоначалничката на Скопје Данела Арсовска да формира Комисија за урбанизам, која треба да даде согласност за планот. Откако тоа се случи, по неколкудневни договори и „убедувања“ на советниците и по сугестија на државниот правобранител, ДУП беше донесен на вонредна седница на 3 март, ден пред судското рочиште на кое требаше да се соопшти пресудата за случајот во кој „Пуцко петрол“ ја тужеше локалната самоуправа.

Бензинска пумпа е вцртана кај СЦ „Борис Трајковски“ покрај булеварот Осми Септември, на државно земјиште, земјиште за кое ние заедно со Градот Скопје и државата добивме 2,6 милиони евра. Тоа е најскапо продадена бензинска пумпа во државава. На јавното наддавање се јавија шест компании, меѓу кои и „Макпетрол“ и „Окта“. Добивме многу висока цена, а станува збор за мала бензинска пумпа со само две места за точење бензин. Највисока цена понуди „Пуцко петрол“ и според законските прописи, тој ја доби парцелата – објасни градоначалникот Стевчо Јакимовски одговарајќи на прашањето на граѓанин во своето обраќање во живо на „Фејсбук“ за тоа каков е исходот од овој случај.

Според Јакимовски, по престанокот на неговиот мандат, сопственикот побарал градежна дозвола во Општината, но повеќепати бил враќан поради сообраќајно решение од МВР, а во меѓувреме Уставниот суд го поништил овој ДУП. Бидејќи тоа практично значи дека парцела за бензинска повеќе нема и тој договор не може да се реализира, „Пуцко петрол“ ја тужел Општината на суд со барање да му се вратат 2,6 милиони евра, плус камати и отштета за изгубена добивка. Како што објасни Јакимовски, донесена е пресуда, па Апелацискиот суд повторно го вратил предметот на судење.

По сугестија на правобранителот, бидејќи таму е тужена и државата, бидејќи 20 отсто од средствата ги зема државата, предлогот беше што побрзо да се донесе тој ДУП и повторно да му се понуди истата локација и нов договор и доколку му се понуди, а тој одбие, во тој случај нема право да бара отштета – рече градоначалникот на Карпош.

Планот е донесен еден ден пред изрекувањето на пресудата, и според Јакимовски документите се доставени до судијката веднаш, но тоа не е земено предвид и пресудата е изречена на 4 март. Тој вели дека пресудата уште не е доставена до Општината, но неофицијално се информирани дека е изречена сума за отштета кон „Пуцко петрол“ од 15 милиони евра.

Деталниот урбанистички план првично беше донесен во јули 2016 година и во него беше вцртана парцела за бензинска пумпа. Три месеци подоцна е спроведено јавно наддавање за продажба на државното земјиште, но во 2018 година Уставниот суд го укина планот. Планот што е неодамна донесен, минатото лето беше јавно презентиран и во него исто така е вцртана парцела за бензинска пумпа покрај булеварот Осми Септември.

Останува да се види дали тој повторно ќе биде поништен од Уставниот суд.

https://www.slobodenpecat.mk/dup-so-spornata-benzinska-pumpa-povtorno-se-najde-pred-ustaven-sud/
Carpe diem
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7765
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 14-Mar-2022 at 18:49

освен тоа што може да се направи екстензија на паркот до парцелава, не гледам што има лошо во тоа таму да има станбени објекти, се додека не се насилно набутани внатре
тука има бaраки, и тоа е отприлика се.. дури и да се направи парк, низ него ќе поминува улица реално, нема смисла

преку глава ми е од тоа трубење на „згради се лоши“... разгледајте го просторот, дајте што има опции, барајте да има транспарентност за да може да се разгледуваат мааните на планот и објектите а не само „сонце, воздух, згради лоши хур дур“
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 13-Mar-2022 at 12:38
ЌЕ СЕ РАСПРОДАВА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ КАЈ КИНО ВЛАЕ ЗА ПРИВАТНИ ИНВЕСТИТОРИ ДА ГРАДАТ 10-КАТНИЦИ, ВЕЛАТ ЖИТЕЛИ НА ВЛАЕ



Дел од земјиштето кај поранешно кино Влае каде треба да никнат 10-катници е државно, велат жителите на населбата. Тие против лошиот Детален урбанистички план (ДУП) за Влае 2 кој го носи Општина Карпош се организираа во група „Борба за Влае“. Велат не сакаат кули на местото на бараките на кино Влае и не сакаат државно земјиште со 1.600 метри квадратни да се даде за згради наместо за јавен простор

„Површината за градба на кулите кај кино Влае со стариот ДУП укинат од Уставен суд беше 2.575 метри квадратни, а со новиот е речиси двојно зголемен на 4.443. Кога планерката на јавната презентација ни кажа ‘сите живеете во град, ако нејќете да има улици и други содржини не живејте во град‘, пропушти да каже дека со својот цртеж доделила над 1.600 метри квадратни државно земјиште на некое приватно лице за да може да ги окрупни парцелите откако ќе се усвои планот. Цела улица Есперанто и дел од паркот околу Делфина се додадени во градежната парцела. Бараме тој да се одземе од парцелата, зашто тие 1.600 метри квардатни ни припаѓаат на сите нас, а не на едно лице. Бараме објектот кај Кино Влае да стане пропорционален на условите, а не да ни направи хаос во населбата.“, велат жителите од групата „Борба за Влае“.

Граѓаните велат дека со новиот план се цртаат нови улици меѓу нивните куќи, како и јавни содржини на приватен имот, а тоа што Општината го вика развој на населбата, за нив е уништување и бетонизација. Само во зградите кај кино Влае ќе има 1.000 нови жители.

„Вие ни правите тесни улици без велосипедски патеки и претесни тротоари, вие ни одземате од парковите, за нечии парцели да бидат поголеми. Вие ни цртате 10-катница покрај парк кој ќе остане целиот во сенка. Не сме ние тие кои не сакаме содржини и улици. Вие ни ги одземате содржините и улиците. Тоа што вие го викате развој всушност е деградација на населбата. Од населба со зеленило, јавни простори и уличен живот. Влае ќе ја направите населба во која има само спални соби, згради, продавници, монтажни гаражи и хаос на улиците“, велат од „Борба за Влае“.

Од Општина Карпош и градоначалникот Стевчо Јакимовски бараат ДУП-от да се промени после јавната анкета, па дури ако треба и да се распише референдум за граѓаните да им кажат на властите дека се против ваквите содржини.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ke-se-rasprodava-drzhavno-zemjishte-kaj-kino-vlae-za-privatni-investitori-da-gradat-10-katnitsi-velat-zhiteli-na-vlae/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 12-Mar-2022 at 15:02
СО НОВ ДУП ЌЕ НИКНАТ 10-КАТНИЦИ НА МЕСТОТО НА КИНО ВЛАЕ, КАКО И ЦРКВА НА ИНКЛУЗИВНОТО ДЕТСКОТО ИГРАЛИШТЕ ДО ПЛОШТАД ДЕЛФИНА

Нови маркички за згради предвидува Општина Карпош во населбата Влае со новиот Детален урбанистички план за Влае 2, за кој вчера беше одржана јавна презентација. Овој ДУП еднаш беше донесен во претходниот мандат на градоначалникот Стевче Јакимовски, но во 2018 година е укинат од Уставен суд. Сега планот повторно се враќа во игра и Општина Карпош и градоначалникот Јакимовски ја почнуваат постапката за негово повторно носење и отворање можност за нова бетонизација на населбата.

Жителите на Влае револтирани ја следеа презентација, велејќи им на планерките од планерската куќа „Билд урбан“ кои ги пратиле од општината да го презентираат планот, дека нема да дозволат да им помине планот, доста е веќе со овој урбанистички хаос што му се прави на Скопје.

Со планот се предвидуваат згради на просторот на некогашно кино Влае односно зад автобуската станица на булеварот Партизански одреди. Зградите ќе бидат со висина од 6 до 10 ката. Парцелата за маркички за згради е проширена и на улицата Есперанто сè до плоштадот Делфина. Со новиот план улицата ќе предвидува да се пробива зад киното односно пред основното училиште „Димо Хаџи Димов“.

На местото на инклузивното игралиште за деца со посебни потреби на плоштадот Делфина пак е вцртана маркичка за црква. Детското игралиште беше направено пред две години и него тогаш го отвори ексградоначалникот Стефан Богоев.

Маркичка за зграда се предвидува на празниот простор кај „Кам маркет“ односно во делот каде населбата Влае се граничи со населбата Хром. Овој простор како што велат жителите е државно земјиште и бараат да се направи парк, а не да се распродава државна земја за бизнис интереси со приватни градежници.

Планот го опфаќа и просторот покрај кејот на реката Вардар каде сега се наоѓаат спортски терени. Со ДУП-от се предвидува намена спортски центар што за жителите е спорно бидејќи со тоа се дозволува и затворени објекти односно градење на спортски сали. На просторот пак до игралиштата кој сега е зелена површина пак е вцртана маркичка за градинка, на што исто така реагираа граѓаните бидејќи станувало збор за приватен имот.

„Државно земјиште продавате на приватни инвеститори да градат згради, а на приватен имот цртате градинка. Да не нацртавте толку многу маркички и згради ќе имаше место и за градинка и поликлиника“, рекоа револтирано жителите на Влае.

„Како може меѓу сите овие куќи на една празна парцела да вцртате маркичка за зграда со приземје и три ката. По која логика тоа го дозволуваат. Се направија покрај Вардар згради и сега цртате нови. Откако никнаа зградите немаме каде да паркираме, ние сме избрале да живее во мирна населба, не може да не уценувате дека мора да се донесе планот за да си го откупиме земјиштето. Тоа е права уцена. За да можеме да си го оствариме правото вие ни вметнувате решенија за дополнителна бетонизација на населбата“, рекоа граѓаните.

Планерката од фирмата „Билд урбан“ пак им рече на жителите дека планот бил носен врз основа на регулациски план донесен од Град Скопје и дека живеат во град и затоа мора да има содржини.

„Сите живеете во град, ако нејќете да има улици и други содржини не живејте во град. Сите може да пополните анкетни листови до 25 март и вашите забелешки ќе бидат земени предвид“, рече една од планерките на „Билд урбан“.

Граѓаните им рекоа дека досега џабе се пишувале анкетни листови, Општината пак си ги носела плановите онака како што замислила. Најавија дека нема да дозволат овој лош план за Влае да биде донесен.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/so-nov-dup-ke-niknat-10-katnitsi-na-mestoto-na-kino-vlae-kako-i-tsrkva-na-inkluzivnoto-detskoto-igralishte-do-ploshtad-delfina/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 12-Mar-2022 at 08:07
Не знам колку е точно ова но сепак да го имаме во предвид...


-----------------------------------------------------------
Предлог-ДУП-от предвидува оваа улица да ја нема и да се пробие друга покрај школото, меѓу Димо Хаџи Димов и новите кули Кино Влае. Односно улицата Есперанто од покрај Порта Влае да продолжи право накај 8ца, наместо да се искривува по т. н. „ес-от".
Но наместо да ја предвиди старава улица за проширување на зеленилото од плоштад Делфина, планерот ја дава на дооформување за кулите „Кино Влае“, односно ја става во нивна парцела за да го купат тоа државно земјиште.



Кулите ќе дојдат до работ на овој тротоар, а меѓу нив и школото треба да се пробие новата улица.



На местото каде порано имаше паркинг за таксисти, а денес кафуле, во иднина ќе има зграда од 23-35 метри, а можеби и повеќе после јавната анкета.



Од споредбата на укинатиот ДУП и предлог - ДУП-от на јавна анкета, се гледа дека во новото решение, парцелите за станбени згради се многу, многу поголеми.

А површината на сите катови заедно е речиси непроменета!



Новиот предлог ДУП за СЗ 19 кој моментално е на јавна анкета

Од него се гледа дека планираните објекти треба да имаат висини од П+6,П+8 и П+10, во облик на П околу централен веројатно трговски дел со П+1.



https://www.facebook.com/BorbaZaVlae
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 63>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.296 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.