build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбанистички планови и парцели (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2829303132 64>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #581 Posted: 20-May-2011 at 22:02
Во еден Дуп на една урбана единица од општина Аеродром, на место на парцела со 40 гаражи (објект тврда градба), впишана е зграда за домување при што за целите на зградата предвидени се паркирања во склоп на градежната парцела-подземно, но не и за 40 гаражи кои се избришани, а се очекува инвеститорот да им даде парична надокнада ( да им ги откупи). Работата е во тоа што ние немаме паркинг место и она што го имаме го узурпираат за зграда, а со тоа и станарите кои ги имаат откупено гаражите ( на времето) и се во нивна сопственост ке останат без паркинг. Иако општината од една страна промовира градење на паркинзи, ги дава на "узурпирање"  на ј.п. градски паркинг слободните паркинзи кои после профитираат од тие веке платени места, гради паркинзи и бара да се обезбедат пракинзи при одредени доградби и надградби, од друга страна таа потенцијалните места за паркинг ги пренаменува во одреден профит. Нашите 3 згради кубурат со паркинзи кои се направени според стандардите во 60-те години и сега моментално поради зголемениот број на возила и стандарди наместо на таа локација каде што беа гаражите да се впише подземен паркин кој во иднина ќе се изгради, они постоечкиот го бришат. Дали има правни рамки да се побара промена на дупот и евентуално бришење на зградата и вцртување на паркинг или на друга локација впишување на паркинг затоа што никаде ама никаде не е предвиден паркинг за овој дел. Па ако знае некој како одат работите со бришење на зграда и слично нека сподели искуство па повелете!


Edited by Baze - 20-May-2011 at 22:05
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #582 Posted: 22-May-2011 at 18:32


Бројот на потребни паркинг места за постоечките објекти мора да биде запазен во ДУП-овите, тоа е правно регулирана обврска на планерите. Колку што сум можел да приметам до сега, барем теоретски секогаш ја почитувале таа обврска, односно во урбанистичките планови предвидувале толку колку што налагаат стандардите (а на терен, после триста дубари, сосема друга слика), вклучувајќи ги и ДУП-овите за стари станбени населби со голем број веќе постоечки објекти планирани според друга регулатива... во таквите ДУП-ови, поради нови стандарди, барем на хартија се расфрлаа со нови големи паркинзи по цена најголем дел од постоечкото зеленило. За нови објекти од неодамна имало поинкави правила, односно бројот на задолжително потребни паркинг места се одредувал согласно конкретниот проект, но тоа е за друга тема, битно за постоечките објекти нема играње со цифрите.

Така да прашањето е дали сепак барем формално немаат вцртано некаква алтернатива со која ги надокнадуваат паркинг местата што се губат? Не мора да е добра или практична алтернатива, не мора да е ниту реално остварлива, туку доволно за да бидат чисти пред законот... Доколку имаат вцртано, мислам дека на располагање за жал ви останува само граѓански притисок до општината.

Но доколку имаат направено пропуст, дефинитивно ДУП-от треба да биде предмет на преиспитување. Мислам прва адреса на која треба да се обратите секако е секторот за урбанизам на општина аеродром, а во зависност од нивната реакција, ќе видите како понатаму.
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #583 Posted: 28-May-2011 at 02:46
Vest sto ja procitav denes nisto po detalno zasega
Охрид ќе добие современ спортски комплекс
Со вчерашното усвојување на предлог одлуката за донесување детален урбанистички план за Урбана заедница 17, Урбан блок 17.2 опфат 1, 2009-2014 (Спортски центар Атина Бојаџи), од страна на советниците, се даде зелено светло за изработка на архитектонско- урбанистичкиот проект за градежната парцела на овој простор на која ќе биде изграден современ спортски комплекс.

Како што потенцира раководителот на секторот за урбанизам при локалната самоуправа, Бранко Арнаудоски, за да се стави предлог одлуката за овој простор пред советниците, претходел долг период договори со министерството за транспорт и врски и министерството за животна средина, по што била добиена согласност од надлежните министерства.



Во рамки на комплексот е предвиден стадион со капацитет од 25. 000 гледачи, покриена спортска сала, една помошна спортска сала, два базени од кои едниот ќе биде покриен и еден на отворено, помошни спортски терени за голем фудбал, за мал фудбал, кошарка, тенис, одбојка, како и еден објкет кој во зимски период ќе се користи како лизгалиште, а во летниот како игралиште за хокеј на трева.

Во комплексот е предвиден и паркинг простор кој ќе го опслужува целиот комплекс, кој ќе се протега на голема површина под нивото на теренот и над првиот кат, а на приземниот кат ќе има содржини поврзани со спортските активности .

Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4075
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #584 Posted: 05-Jun-2011 at 08:44
Najdov urbanisticki plan od Saraj



Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #585 Posted: 05-Jun-2011 at 10:04
PreviousДај Боже да го средат делов, на влез на Скопје е.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #586 Posted: 30-Jun-2011 at 22:02
Вардар ќе добие уште еден пешачки мост
Објавено: пред 26 минути | Прочитано: 29 | Печати |



Академијата за драмски уметности ќе добие нов објект во близина црквата „Пресвета Богородица“. Ова е дел од измените на предлог одлуката за Деталниот урбанистички план „Пресвета Богородица, кои се усвоија на денешната седница на Советот на општина Центар.
Новина зацртана во планот е и изградба на црковен комплекс околу постоечката црква, во кој ќе бидат сместени крстилница за богослужителите, библиотека на Македонската православна црква, а во предниот дел на црквата ќе се гради објект кој ќе биде официјална резиденција на МПЦ. Целата парцела која според новите измени на ДУП-от е поделена на два дела, ќе добие и плоштад кој со нов пешечки мост ќе се поврзува со другата страна на кејот на реката Вардар. Според проектантот Благоја Тагасовски од проектамтската фирма „Импума“ задолжена за изработка на деталните урбанистички планови, идејата за овој мост не е нова и се сретнува во ДУП-вите од 1965 година, па наваму, како и во проектите на аритектот Кензо Танге, но досега не е реализирана.
-Останатите делови од планот се успогласување на урбанистички плански документации. Постојат два објеки кои заштитени, „Стара макеоднска куќа“ која сега е кафеана и една санбена куќа што се наоѓа на булеварот Крсте Мисирков . Се воспоставува еден режим на заштита, кој забранува околу нив да се градат премногу високи објекти. Морфологијата на палнот е задржана од претходните планови – вели Тагасовски.
Според урбанистичкиот план, најблискиот објект до кејот на реката Вардар е на околу 30 метри.
ГМВ
http://www.time.mk/read/NONE/24dc46dfbf/index.html
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #587 Posted: 06-Jul-2011 at 12:36

ДУП за центарот

На претстојната 38.седница на Советот на општина Гевгелија на дневен ред ќе се најде Предлог-одлуката за донесување на ДУП за централното градско подрачје во Гевгелија.


Седницата на Советот е закажана за 8.07.2011 година (петок), со почеток во 13 часот, а на истата се очекува да биде донесен и УП вон населено место за комерцијални и деловни намени во КО Негорци, м.в."Долна Корија" , спроти Негорските бањи.
Со донесувањето на ДУП за центарот на градот се создаваат основните предуслови за урбанистичко-архитектонско оформување на централното градско подрачје. Пред се, дислокација на пазариштето и автобуската станица со што всушност и ќе се создадат услови за реализација.



Извор
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #588 Posted: 09-Jul-2011 at 15:24
Нов урбанистички план за Битола

Општина Битола годинава ќе ја почне постапката за изработка и донесување нов генерален урбанистички план-ГУП за градот и населените места.
Според новата програма за просторно и урбанистичко планирање, локалната самоуправа е во постапка на донесување на ГУП-урбан опфат „Баир Битола“ за површина од 82 хектари, како и ГУП за урбаната населба Довлеџик која се наоѓа на влезот во овој град од страната на Охрид.

Од општина Битола информираат дека во тек е постапката за донесување на 38 детални урбанистички планови-ДУП, кои се во фаза на нацрт, а чие доцнење беше предизвикано од ставањето во мирување на повеќе активности поради одржувањето на предвремените парламентарни избори, во кои кандидати за пратеници беа и градоначалникот на општина Битола Владимир Талески и претседателката на општинскиот Совет, Лилјана Кузмановска.

Како што е познато, градоначалникот Талески се откажа од функцијата пратеник, додека пак на седницата на Советот на општина Битола што ќе се одржи в понеделник, на местото на сега пратеничката Кузмановска, ќе биде избран нов претседател на овај локален орган со што ќе продолжи донесувањето на одлуку од надлежноста на локалната самоуправа.


http://kurir.mk/republika/opstini/35696-Nov-urbanisticki-plan-za-Bitola
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #589 Posted: 11-Jul-2011 at 03:47

Советот на општина Гевгелија го донесе ДУП за центарот на Гевгелија со кој конечно се утврдува урбанистичката рамка и ново урбанистичко уредување на централното градско подрачје.



Локалитетот се наоѓа во западниот дел на Гевгелија, а е лоциран во градскиот градежен реон. На север границата оди по улица „Мицо Шаренко“, скршнува на југ по улица „7ми Ноември“, а на исток до улица „Гевгелиски партизански одред“.На исток границата оди по осовина на улица „Гевгелиски партизански одред“ и улица „Кирил и Методиј“.

На југ границата оди по осовината на улици „Ристо Фаршинин“ и „Јосиф Јосифовски“, додека на запад границата оди по осовина на улица „Ѓорѓи Велков“, скршнува на запад по улица „Маршал Тито“, скршнува на север по улица „И.Л. Рибар“ и улица „Ристо Шуклев“. Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 15.5 ха.

Во блокот се планираат објекти за домување, комерцијално деловни и јавни намени, а во
централното градско подрачје е предвиден простор за живеење на 1088 домаќинства со
3920 жители, а нето густината на живеење во рамките на локалитетот изнесува 500 ж/ха.
Инаку, централното градско подрачје во Гевгелија се состои од 6 дела во кои се
планирани над 300 градежни парцели.
Значајно е да се забележи дека со ДУП-от сите постојни стари објекти ќе бидат
задржани во постојната форма, а се планира дислокација на Градското пазариште
и Автобуската станица на кои локации треба да никнат нови комерцијално-деловни
објекти. На просторот на Градското пазариште треба да биде изградена Катна гаража,
а подземна гаража е предвидена на постојниот паркинг-простор пред Стопанска банка,
каде што се предвидува уредување на нов центар со амфитеатар, зелени површини и
голема фонтана. Долж улицата „Скопска“ е предвиден деловен станбен блок, каде што
постојните сопственици на парцели можат да реализираат објекти со деловнии простории
во приземјето и станови на катовите.
Со новиот ДУП се предвидува сегашниот центар како пешачка зона да биде прошире.
Исто така, предвидена доградба на постојната општинска зграда кон југозапад и изградба
на објект од јавен интерес на местото на објектите каде што се наоѓаат Агенцијата за
вработување и Катастарот.
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
Auric Goldfinger View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 11-Jul-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Auric Goldfinger Quote  Post ReplyReply #590 Posted: 11-Jul-2011 at 13:41

Прво , поздрав до сите .
Форумот го читам од порано и е најдобар избор за информации околу градежните и урбанистичките активности во Македонија.

Originally posted by lslcrew

Општина Кисела Вода на сајтот постави неколку урбанистички планови!http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=277


Овде        http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=279

се предвидени нови големи трговски единици , од кои на пример 1.08 располага со површина за градба од 8470 м2. Премногу наивно ли ќе е од моја страна , ако очекувам за кратко време , некој познат бренд да пушти корен овде ?!

Edited by Auric Goldfinger - 11-Jul-2011 at 13:50
J.Bond: -DO YOU EXPECT ME TO TALK?

A.Goldfinger: -NO MR.BOND, I EXPECT YOU TO DIE !
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #591 Posted: 11-Jul-2011 at 17:44


Се е можно, но самото вцртување во урбанистички план најчесто не значи ништо во однос на очекувања како твоите
Има неброени вакви маркички низ градов...
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #592 Posted: 12-Jul-2011 at 15:08
Незнам дали е за овде ама !!!

Изѕидан од хаос, развиван без идеја


 

Со неконтролираното ширење на триесетина населени места, Ѓсé додека тие не се споија едно со друго, се создаде конгломерат од околу 200.000 жители, со речиси праволиниска форма и со должина од дури 55 километри, што е поголемо растојание и од најоддалечените точки на Рим, Минхен и на Будимпешта

 
 
%20 

Тие што не го познаваат регионот доволно нема шанси да препознаат во кое населено место се наоѓаат 

КАКО СЕ СОЗДАДЕ ПОЛОШКИОТ ВЕЛЕГРАД

Кое е најдолгото населено место во Македонија? Во Скопје, од Драчево до Сарај има 25 километри, а само 15 километри од Радишани до последните згради на Водно. Тоа не е ниту приближно долго колку потегот Вратница -Вруток во полошкиот крај, каде што селата покрај патот Тетово - Јажинце и на стариот пат од Гостивар кон Тетово толку многу се проширија, што се споија едно со друго и им се залепија на двата града. Вкупно 55 километри има од првата до последната точка, во правец североисток - југозапад, и притоа секогаш има барем некаков објект покрај патот, куќи, магацини, индустриски хали и слично. Тоа е поголемо растојание од двете најоддалечени точки на градови како Минхен, Будимпешта и Рим, кои имаат помеѓу 2,6 и 3,2 милиони жители, односно и по 16 пати повеќе од сите луѓе што живеат во „Полог сити“, кои според пописот од 2002 година се 181.000, а денес веројатно околу 200.000. Како дошло до тоа? Па, тие градови се правеле по некаков план, обично имаат кружна форма и испреплетена мрежа од улици, булевари и авении. Нашиот случаен велеград, пак, настанал поедноставно - куќите се налепиле на еден меѓународен пат (кон север) и на еден регионален (кон југ). Шесте општини низ чие подрачје се протега конгломератот во изминативе три години издале речиси две илјади градежни дозволи, а од 2005 година до лани во нив биле регистрирани околу 800 дивоградби, според расположливите податоци на Државниот завод за статистика, со кои не биле обработени општините Врапчиште, Теарце и Јегуновце.

НИКОЈ НЕ ЧЕКА ПЛАНОВИ ЗА ДА ГРАДИ

Тие што не го познаваат регионот доволно нема шанси да препознаат во кое населено место се наоѓаат, каде завршува Тетово, а почнува Порој или продолжува Џепчиште, која е границата меѓу Теарце, Отушиште, Пршовце и Глоѓи, а исто е и на јужната страна, каде што Камењане, Боговиње, Синичане, Пирок и Градец се препознаваат само според џамиите или по каналите за одведување на водите од Шар Планина. Животот во шарските височини не бил толку лесен како тој во котлината, па заедно со водата од планината се слевале и луѓето, набрзина купувале ниви, граделе куќи, па ги прошириле селата сé до нивното спојување, бидејќи, со оглед на неразвиената инфраструктура, сите сакале да бидат што поблиску до патот. Истото го правеле и староседелците, чии големи семејства морале некаде да живеат. Сето тоа се одвивало без план. Реализацијата ја претекна идејата, која, всушност, никогаш не ни имала сериозна шанса да влезе во трката.

- Покриеноста со урбанистичка планска документација е слаба. Не е лесно да се изработи детален план, а не е ниту евтино. Изработката може да трае една или повеќе години, а наједноставните планови чинат по 20.000 евра. Во вакви замрсени услови, пак, цените се многу повисоки. Општините немаат толку пари и не можат да постигнат набрзина да направат документација. А луѓето сакаат да градат, имаат потреби. Не може да им се објасни дека треба да чекаат прво да се направи план. Тие и онака се навикнати послободно да градат - објаснува Имерли Беќири, раководител на секторот за урбанизам во општината Боговиње.

НЕМА МУЛТИЕТНИЧКО ШИРЕЊЕ

Патиштата се во ужасна состојба. Особено делот јужно од Тетово, кон Боговиње, Пирок и Вруток, стариот пат за Гостивар. Стеснет под притисок на градбите, среќа што овој пат е раскопан како ораница, па многубројните возила не може да возат пребрзо и да го направат уште поопасен, иако несреќите се чести. Во другиот дел, кон Јажинце, за забавување на сообраќајот служат легнатите полицајци, кои по своите димензии лесно може да се наречат клекнати, дури и исправени. Тоа биле магистрални и регионални патишта (и сé уште се такви на хартија), а се претвориле во главни селски сокаци, по функцијата, а на многу места и по изгледот. Процедурално, општините немаат право ниту да ги пополнат дупките со песок, туку за својот „широк сокак“ треба да ја чекаат државата, а на тоа ниво работите секогаш се посложени.

- Си постојат стандарди, но не се почитуваат. Се знае колку оддалечени треба да бидат објектите од оваа категорија патишта. А тие се залепени до коловозот. Нема ниту прегледност ниту соодветна сигнализација. Истиот пат се користи за фабриките, за луѓето да одат на работа и за сé друго. Затоа често има сообраќајки - вели Иван Атанасовски, претседателот на месната заедница во Лешок.

Една тесна уличка означува до каде е Лешок, а од каде почнува Слатино, село населено со етнички Албанци, па така и овие две населени места станаа дел од конгломератот. Но Атанасовски сака да биде прецизен во врска со неговото создавање. Неговата куќа-чардаклија и убавиот двор под дебелите борови сенки се остаток од времето кога Лешок бил многу просперитетно село. Во изминативе години паднало од 770 на 240 жители и не се ширело на ниедна страна, туку околните места, како Слатино, се споиле со него.

- Порастот на популацијата е едностран, само кај Албанците. Во селата со Македонци тоа не се случува. Во Лешок, на пример, има само 14 деца од прво до четврто одделение - додава лешочанецот.
Податоците од последниот попис, стари девет години, покажуваат дека селата со Македонци, како Лешок, Непроштено и Вратница имаат меѓу 400 и 1.300 жители, а тие со Албанци и по повеќе од 8.000.

РЕТКО КОЈ ЈА ГЛЕДА ГОЛЕМАТА СЛИКА

Меѓу 28-те села и двата града нема инфраструктурен прекин, но регионот е мошне разнолик во негативна смисла. Сите населени места имаат проблеми со водоводот, канализацијата, патиштата и сето тоа се решава парцијално, ад хок. Долгорочно недостатоците остануваат и се множат. И покрај сето тоа, ретко кој воопшто размислува за случајниот полошки мегалополис и за предизвиците со кои тој ќе се соочи во иднина. Особено ако продолжи да функционира на овој начин.

Скендер Палоши, поранешен заменик-министер за транспорт и врски, а сегашен раководител на секторот за урбанизам во општината Тетово, укажува дека оваа состојба нуди големи можности за брз развој. Но, додава тој, мора да се смени начинот на кој му се пристапува на регионот.

- Само со регионален пристап можеме да ја унапредиме инфраструктурата. Сега на потегот од Вратница до Вруток има многу општински граници, па со тоа договарањето за што било оди потешко. Да беа само две општини, Тетово и Гостивар, полесно ќе се спроведуваа големи проекти. Парцијалното решавање на проблемите со водата, канализацијата или со планираната гасификација чини многу повеќе отколку тоа да го направиме сите заедно. За водата, на пример, може да се направи акумулација на Шар Планина и да се спроведе мрежа од цевки до сите места - вели Палоши.

Прв проблем што треба да се реши, според него, е регионалниот пат Тетово -Јажинце, кој поминува низ Теарце, Џепчиште и Порој и на него се приклучуваат споредни улички, што е недозволиво според правилниците. Затоа Палоши предлага да се направат посебни приклучоци, клучки, подвозници и надвозници.

 

 Идеални услови за трамвај

%20Како што се создаде конгломератот така и функционира, неорганизирано. Поради тоа, сосема очекувано, нема ниту организиран јавен превоз со кој би се поврзувало населението што живее на потегот долг 55 километри. Дивите превозници со комби-возила, најчесто со моделот „форд транзит“ од 1990-тите, се полошката верзија на скопското ЈСП. Не се ретки, линиите главно им се протегаат од Тетово или од Гостивар до местото каде што живее сопственикот, но ниту имаат распоред ниту издаваат билети.
Според Скендер Палоши, линеарната поставеност на соединетите полошки села нуди идеални услови да се воспостави единствен урбан транспорт, трамвајски или тролејбуски систем.
- Ако десет лица од Теарце одат на работа во Боговиње, тоа значи дека има десет автомобили на улиците. Со организиран транспорт, ќе се намали бројот на возила, метежот и загадувањето - смета Палоши.

 

Додека се направи трамвајска мрежа, комби-возилата „форд транзит“ ќе бидат полошко ЈСП 

Издадени градежни дозволи во Полошко
година број
2008 624
2009 578
2010 499
2011 176

Регистрирани дивоградби
година број
2005 209
2006 122
2007 129
2008 112
2009 112
2010 100
Извор: Државен завод за статистика

 
  
Автор: Александар Самарџиев / Гоце Трпковски  Фотографија: Игор Бансколиев


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7121192272&id=9&&prilog=0setIzdanie=22328

Edited by Cloverstack - 12-Jul-2011 at 15:47
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #593 Posted: 14-Jul-2011 at 21:34

СКОПЈАНИ СЕ ЖАЛАТ НА ЛЕТНИТЕ СЕДНИЦИ НА ОПШТИНИТЕ

Се усвојуваат ДУП-ови, а градот е празен

Центар и Кисела Вода денес одлучуваат за осум урбанистички планови, а скопјани се надвор од градот и не можат да дадат забелешки за нив

Само денес општините Центар и Кисела Вода треба да усвојат дури осум детални урбанистички планови. Ваква работна атмосфера во општините има секое лето, кога градот е празен. Скопјани реагираат оти дневните редови на седниците се полни со точки од урбанизмот, а многу од нивните соседи и роднини не се тука за да дадат забелешка на планот.
"Секое лето иста песна. Како да не научија дека градот е празен и нема кој да се побуни ако нешто во планот не одговара на неговите потреби. Се прават јавни анкети за плановите кога нема никој во градот, потоа се ставаат на гласање и си поминуваат лесно, па потоа се чудиме како парковите преку ноќ стануваат згради", коментираат жителите на Кисела Вода, во која денес се одлучува за пет суштински планови за Општината.
Намерата на советниците во Кисела Вода е да донесат планови за населбите Пржино, Кисела Вода, 11 Октомври 2, кај булевар Србија и 11 Октомври 2, кај бензинска пумпа, како и да направат измена и доплнение на планот за населбата Расадник. За повеќето од овие планови јавните анкети, на кои се очекуваат забелешки од граѓаните, ќе се распишат во текот на месецов. 
Во Центар, пак,0 ќе се гласа за планови за Маџир маало, Буњаковец и за зеленилото покрај Вардар.
Но и покрај негодувањата на граѓаните на ваквите дневни редови, општините тврдат дека е вистинско време да се донесат вакви одлуки.
"Деталните урабанистички планови се носат врз основа на позитивната законска регулатива, која не ограничува во кој временски период од годината тие треба да се донесат. Не е точно дека планови се гласаат само преку лето. Напротив, тие се носат во текот на целата година, а за нив граѓаните се известуваат преку весници и општинската веб страница. Процедурата е крајно демократска", изјави Марјан Спасески, портпарол на Кисела Вода.
И Центар со ист став. Од таму тврдат дека нема законско ограничување за закажување на седници, а сите процедури за нивно одржување се почитуваат редовно. (М.Ѓ.)

http://www.vest.com.mk/?ItemID=0859D43305434E4C8C0A892E0724DC0D
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #594 Posted: 15-Jul-2011 at 11:04

Нов кинески ѕид ќе се гради во Градскиот парк


Објектот со намена катна гаража со сродни дејности како што е хотелско сместување ќе се гради на местото каде што сега се наоѓаат бараките на градската управа. Гаражата ќе биде висока седум метри, но сé уште не се знае колку паркинг-места ќе има

 
 
%20  

Кога градоначалникот ќе се пресели под Кале, бараките ќе „пораснат“ за неколку метри

Нова катна гаража со најмалку 15 отсто простор за хотелско сместување во објектот е планирана со новиот детален урбанистички план „Централно зеленило покрај реката Вардар - јужен дел“. Гаражата ќе се изгради на местото каде што сега се наоѓаат бараките на градската управа. Објектот ќе биде висок седум метри, но сé уште не се знае колку паркинг-места ќе има. Со овој план се предвидува и сообраќајница, која треба да поминува покрај северната трибина на арената „Филип Втори“, со крак на улицата Ленинова и од булеварот Илинден да се спои со обиколницата.

Познатата градба Кинески ѕид зад стадионот, пак, сé уште е означена како хотелски комплекс, иако таму веќе на големо се продаваат станови. Под овој објект треба да има две подземни паркиралишта, а до стадионот уште една катна гаража.

На вчерашната седница на советот на општината Центар на разгледување беа ставени и плановите за Буњаковец 1 и за Маџир Маало. Деталниот урбанистички план за Маџир Маало е прв таков документ што се усвојува откако е направен генералниот план во 2002 година. Во него е предвидено веднаш до комплексот банки да се направи деловен објект. Тој ќе се наоѓа на аголот од улиците Кузман Јосифовски-Питу и Никола Карев, на празниот простор каде што сега расте дива трева и ќе биде висок речиси 30 метри, со седум ката и поткровје. Со него маалото целосно ќе се затвори и нема да се гледа од железничката станица и од околните улици. По барање на општината во планот е предвидена изградба на верски објект.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=71511101236&id=14&prilog=0&setIzdanie=22331
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #595 Posted: 15-Jul-2011 at 12:51
Ова е катастрофален потег според мене. Секогаш сум сметал дека дека по отстранување на бараките делот треба да се интегрира во паркот.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #596 Posted: 17-Jul-2011 at 18:41
На некои од нашиве телевизии имаше некакви лоши снимки од ДУП-от. Гаражата буквално е ѕид, по целата должина каде што сега се бараките, над 200 метри! Не гледам никаква логика да се сокрива најрепрезентативниот дел на паркот на ваков начин. Освен бизнис-логиката се разбира, бидејќи катната гаража сигурно ќе биде накитена и со многу деловен простор и угостителски локали.

Реално има потреба од паркинг простор во тој дел, но едно подземно ниво би било сосема доволно, а на просторот над него да се прошири паркот. Подземното ниво може да се изведе ефтино и едноставно, со оглед дека бараките ќе се расчистат и таму ќе има бришан простор. А катна „гаража“ како оваа што ја нацртале е урбанистичко злосторство од рангот на кинескиот ѕид!

Bash
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #597 Posted: 17-Jul-2011 at 22:19
Тука стравоит не треба да виде биде во насока на узурпација на паркот, линијата е одредена со уличката, целта е јасна да се постигне тој кањон од барок, така да не е толју опасно да не ја прејде уличката према парк. Од друга страна како ќе бвлијае на паркот е друга работа.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #598 Posted: 20-Jul-2011 at 22:59
Склопив една мапа која се однесува на веројатната „greenfield“ урбана експанзија на Скопје во периферните делови на градот, во наредните 10-тина години. Ги вклучив само помасивните ДУП-ови кои ги има на увид. Со исклучок на касарната Илинден, сите останати површини се буквално бришан простор.

1. Касарна Илинден - Индивидуално и колективно (воглавно индивидуално) домување со пропратни содржини + големи комерцијални објекти + парк шума
2. Зајчев рид - Индивидуално и колективно домување (воглавно индивидуално) со пропратни содржини + комерцијални објекти
3. Сончев град - Индивидуално и колективно домување (воглавно индивидуално) со пропратни содржини
4. Хиподром 2 - Индивидуално и колективно домување со пропратни содржини + комерцијални објекти
5. Спортско рекреативен центар Гази Баба (кај Смилковско езеро)
6. Индустриско - комерцијална зона Гази Баба (помеѓу клучките Хиподром и Сингелиќ)
7. Индустриска зона Расадник Бутел
8. Индустриска зона Стопански двор

За очекување е дека дел од овие простори во наредниот период ќе почнат сериозно да се пополнуваат и тоа битно ќе ја смени физиономијата на градот. Особено навивам за делот кај касарната Илинден и за Зајчев рид. Покрај тоа што овие две населби барем според плановите треба да ги кренат нашите стандарди и сфаќања за квалитетен живот и за урбанизацијата на просторот, тие ќе му дадат визуелна масивност на градот во оној дел кој беше нелогично „тенок“, а е блиску до центарот. Тој истенчен дел го упропастува впечатокот на повеќето панорами, не само од Водно, туку и од ред други локации. Со изградбата на тие површини, ќе се дооформи јадрото на градот.






Edited by Cloverstack - 21-Jul-2011 at 01:28
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #599 Posted: 21-Jul-2011 at 23:04
Многу убава мапа

стави го сателитот на grayscale, ќе изгледа уште подобро (и понејасно)...

А од каде го имаш планот за касарната? Или си го исекол од некоја слика?

Edited by mladen_s - 21-Jul-2011 at 23:27
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #600 Posted: 22-Jul-2011 at 00:24


Еве го сателитот на grayscale, а по нешто материјали за касарната Илинден, вклучувајќи го и планот што го имам искористено, можеш да најдеш во оваа нишка:
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=674





Edited by Cloverstack - 22-Jul-2011 at 00:24
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2829303132 64>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.227 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.