build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Урбанистички планови (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбанистички планови (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3031323334 48>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Online
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #621 Posted: 15-Jul-2011 at 11:04

Нов кинески ѕид ќе се гради во Градскиот парк


Објектот со намена катна гаража со сродни дејности како што е хотелско сместување ќе се гради на местото каде што сега се наоѓаат бараките на градската управа. Гаражата ќе биде висока седум метри, но сé уште не се знае колку паркинг-места ќе има

 
 
%20  

Кога градоначалникот ќе се пресели под Кале, бараките ќе „пораснат“ за неколку метри

Нова катна гаража со најмалку 15 отсто простор за хотелско сместување во објектот е планирана со новиот детален урбанистички план „Централно зеленило покрај реката Вардар - јужен дел“. Гаражата ќе се изгради на местото каде што сега се наоѓаат бараките на градската управа. Објектот ќе биде висок седум метри, но сé уште не се знае колку паркинг-места ќе има. Со овој план се предвидува и сообраќајница, која треба да поминува покрај северната трибина на арената „Филип Втори“, со крак на улицата Ленинова и од булеварот Илинден да се спои со обиколницата.

Познатата градба Кинески ѕид зад стадионот, пак, сé уште е означена како хотелски комплекс, иако таму веќе на големо се продаваат станови. Под овој објект треба да има две подземни паркиралишта, а до стадионот уште една катна гаража.

На вчерашната седница на советот на општината Центар на разгледување беа ставени и плановите за Буњаковец 1 и за Маџир Маало. Деталниот урбанистички план за Маџир Маало е прв таков документ што се усвојува откако е направен генералниот план во 2002 година. Во него е предвидено веднаш до комплексот банки да се направи деловен објект. Тој ќе се наоѓа на аголот од улиците Кузман Јосифовски-Питу и Никола Карев, на празниот простор каде што сега расте дива трева и ќе биде висок речиси 30 метри, со седум ката и поткровје. Со него маалото целосно ќе се затвори и нема да се гледа од железничката станица и од околните улици. По барање на општината во планот е предвидена изградба на верски објект.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=71511101236&id=14&prilog=0&setIzdanie=22331
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #622 Posted: 15-Jul-2011 at 12:51
Ова е катастрофален потег според мене. Секогаш сум сметал дека дека по отстранување на бараките делот треба да се интегрира во паркот.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #623 Posted: 17-Jul-2011 at 18:41
На некои од нашиве телевизии имаше некакви лоши снимки од ДУП-от. Гаражата буквално е ѕид, по целата должина каде што сега се бараките, над 200 метри! Не гледам никаква логика да се сокрива најрепрезентативниот дел на паркот на ваков начин. Освен бизнис-логиката се разбира, бидејќи катната гаража сигурно ќе биде накитена и со многу деловен простор и угостителски локали.

Реално има потреба од паркинг простор во тој дел, но едно подземно ниво би било сосема доволно, а на просторот над него да се прошири паркот. Подземното ниво може да се изведе ефтино и едноставно, со оглед дека бараките ќе се расчистат и таму ќе има бришан простор. А катна „гаража“ како оваа што ја нацртале е урбанистичко злосторство од рангот на кинескиот ѕид!

Bash
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #624 Posted: 17-Jul-2011 at 22:19
Тука стравоит не треба да виде биде во насока на узурпација на паркот, линијата е одредена со уличката, целта е јасна да се постигне тој кањон од барок, така да не е толју опасно да не ја прејде уличката према парк. Од друга страна како ќе бвлијае на паркот е друга работа.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #625 Posted: 20-Jul-2011 at 22:59
Склопив една мапа која се однесува на веројатната „greenfield“ урбана експанзија на Скопје во периферните делови на градот, во наредните 10-тина години. Ги вклучив само помасивните ДУП-ови кои ги има на увид. Со исклучок на касарната Илинден, сите останати површини се буквално бришан простор.

1. Касарна Илинден - Индивидуално и колективно (воглавно индивидуално) домување со пропратни содржини + големи комерцијални објекти + парк шума
2. Зајчев рид - Индивидуално и колективно домување (воглавно индивидуално) со пропратни содржини + комерцијални објекти
3. Сончев град - Индивидуално и колективно домување (воглавно индивидуално) со пропратни содржини
4. Хиподром 2 - Индивидуално и колективно домување со пропратни содржини + комерцијални објекти
5. Спортско рекреативен центар Гази Баба (кај Смилковско езеро)
6. Индустриско - комерцијална зона Гази Баба (помеѓу клучките Хиподром и Сингелиќ)
7. Индустриска зона Расадник Бутел
8. Индустриска зона Стопански двор

За очекување е дека дел од овие простори во наредниот период ќе почнат сериозно да се пополнуваат и тоа битно ќе ја смени физиономијата на градот. Особено навивам за делот кај касарната Илинден и за Зајчев рид. Покрај тоа што овие две населби барем според плановите треба да ги кренат нашите стандарди и сфаќања за квалитетен живот и за урбанизацијата на просторот, тие ќе му дадат визуелна масивност на градот во оној дел кој беше нелогично „тенок“, а е блиску до центарот. Тој истенчен дел го упропастува впечатокот на повеќето панорами, не само од Водно, туку и од ред други локации. Со изградбата на тие површини, ќе се дооформи јадрото на градот.






Edited by Cloverstack - 21-Jul-2011 at 01:28
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #626 Posted: 21-Jul-2011 at 23:04
Многу убава мапа

стави го сателитот на grayscale, ќе изгледа уште подобро (и понејасно)...

А од каде го имаш планот за касарната? Или си го исекол од некоја слика?

Edited by mladen_s - 21-Jul-2011 at 23:27
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #627 Posted: 22-Jul-2011 at 00:24


Еве го сателитот на grayscale, а по нешто материјали за касарната Илинден, вклучувајќи го и планот што го имам искористено, можеш да најдеш во оваа нишка:
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=674





Edited by Cloverstack - 22-Jul-2011 at 00:24
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #628 Posted: 22-Jul-2011 at 19:09
Да речеме овде

Една куќа може да има само три стана

Куќа може да се гради, ама само со три станбени единици, а не како досега со осум

Куќа може да се гради, ама само со три станбени единици, а не како досега со осум. Ова се новините во Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко живеење објавени вчера во „Службен весник“. Според овие измени, индивидуална куќа веќе нема да биде објект со осум станбени единици, туку ќе биде со три. „Она што во иднина ќе треба да го правиме е како да се дефинира централното градско подрачје. Повторно има дел каде што инвеститорот и институциите проценуваат кога е во интерес на општо добро да се одземе некоја зелена површина. Тоа е нешто за што сметаме дека има простор за злоупотреба од некои инвеститори и ќе треба заедно со институциите и овој дел да го разгледаме“, вели пратеничката Лилјана Поповска. Таа најави дека ќе побараат од институциите примена на правилникот и ревизија на градбите што моментно имаат добиено дозвола, но не се опфатени со Правилникот и со деталните урбанистички планови. Целта, според неа, е да не се случи тие градби да добијат легализација.

Граѓанската иницијатива за здрава животна средина и здраво живеење на вчерашната трибина го отвори прашањето за тоа во какви стандарди и нормативи се врши урбанистичкото планирање во државата и како во практика тоа се одразува на заштитата на зелените површини.

Членовите на иницијативата порачаа да не се злоупотребува Законот за градба од инвеститорите и од општинската администрација. „Општините да не ги злоупотребуваат законите, бидејќи тоа што не им одговара не го земаат предвид. Применуваат само она што им одговара. Градежните инспектори да си ја гледаат нивната работа, а не да делат правни совети“, порача Аднан Ибраими, обвинувајќи дека службениците се поврзани со инвеститорите и не се води сметка на зелените површини и на животната средина. (Ек.Р.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=094A9A2D8E58C34E82F167E558804574
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Online
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #629 Posted: 26-Jul-2011 at 11:10

100.000 метри квадратни за спортско-рекреативен центар во Карпош

  • Објавено: пред 18 минути |
  • Прочитано: 16 |
  • Печати |
http://plusinfo.cfd.mk/large_pics/2011/07/26/Untitled.png

Советниците на општина Карпош дадоа виза за измена на деталниот урбанистички план со цел изградба на спортско-рекреативен центар на потегот од булеварот 8-ми Септември до улица Љубљанска и приклучувањето со улицата Скупи, на површина од 100.000 метри квадратни.
Во рамките на спротско-рекреативниот центар, освен содржини за спорт и рекреација, се планираат и комерцијални и деловни објекти.
Според генералниот урбанистички план, постои техничка можност за изградба на амфитеатар, галерии, повеќенаменски стадион, угостителски објекти и слично.
-Планот е изработен со максимално почитување на ажурираната геодетска подлога со што се олеснува понатамошната реализација на инвеститорите- велат од општина Карпош.
Општината на 8 јули го донесе ДУП-от за урбана заедница Карпош 3 и со тоа обезбеди предуслови за инвестирање, а сега се чека на заинтересираните инвеститори да пројават желба за изградба на содржините кои се предвидуваат.
ДТ/ВЃ

http://www.time.mk/read/NONE/1b8b853b56/index.html
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #630 Posted: 17-Aug-2011 at 23:32


Комплексот над Јужен булевар порасна за 18 ката



Од 16 метри висина и два ката, новиот ДУП дозволува деловниот комплекс зад Старата железничка станица да се издигне до 20 ката

Деспина Трајковска

Од 16 метри висина и дозволена катност од два ката, огромниот деловен комплекс што е предвиден да се гради над Јужен булевар зад Старата железничка станица сега е проектирано да може да се издигне до максимум 20 ката. Тоа е единствената разлика што ја предвидува последната верзија на предметниот ДУП, кој од вчера се наоѓа на увид на граѓаните. Всушност, се повторува постапката за донесување на урбанистичкиот план кој неодамна беше укинат од страна на Уставниот суд поради скратената постапка на усвојување, иако законските норми кога се донесе планот не го дозволуваа тоа.

И во оваа верзија е предвидено да се изградат неколку комерцијално-деловни објекти во должина од околу 1 километар над Јужниот булевар, кој во овој дел е предвиден како подземна сообраќајница. Во план е да се најде инвеститор што би го изградил булеварот, а за возврат ќе ги добие парцелите за градба што се над него. ДУП-от ги потврдува и трите ротонди во реонот на Стара железничка станица. Два помали кружни тека треба да го „негираат“ надвозникот кон Црниче, со едниот ќе се врзат улиците „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ и „Кочо Рацин“, а со другиот „Железничка“ и „Бихаќска“. На другата страна на комплексот, пак, сообраќајното решение на планот предвидува да се изгради голема ротонда, која ќе го регулира сообраќајот на раскрсницата на улиците „Јасмин“ и „Железничка“ со „Свети Климент Охридски“, „Водњанска“ и „Васил Ѓоргов“.

Лидија Андреевска од „Тајфа план“, фирмата автор на ДУП-от, информира дека и во овој случај се потврдува конзерваторската основа за дел од реонот. Односно, планираниот комерцијален објект на местото на сегашниот паркинг помеѓу Музејот и ТЦ „Рамстор“ ќе треба да се изгради со „пресликана“ фасада и висина како и железничката станица. Според Андреевска, планот дава можност и за обнова и развој на разрушениот дел на Старата железничка станица, кој практично е испланиран да биде влез во новиот деловно-административен комплекс.

„Предвидено е цел булевар да е подземен, а над него да се наоѓаат дел од градбите. Паркирањето ќе се решава и со подземен паркинг, што е веќе реализирано со постојните градби на трговскиот центар и банката. Инаку, овој план е од големо значење за Скопје, особено сообраќајната студија, која има добиено виза од Градот Скопје и од Министерството за транспорт и врски“, вели Андреевска за која Јужниот булевар има значење исто како и северната обиколница на Скопје.

ДУП-от предвидува подземната улица да биде широка 31,5 метри, од кои по две ленти од по 3,75 метри во двата правци, две ленти по 3 метри наменети за застанување на возилата, како и средишен коридор во кој има зацртано трамвајска пруга. Објектите над булеварот со околните содржини ќе се поврзуваат со еднонасочни улици. Проектирано е комплексот да се поврзе со новиот хотел, деловниот објект и со трговскиот центар кои се' уште не се изградени.

Политички препукувања

Предметниот ДУП пред две години беше причина за политички препукувања меѓу власта и опозицијата. Опозиционерите сметаа дека се прави голем криминал, оти наводно го нарачала ДУП-от за бизнис-интереси на луѓе блиски на владејачката партија. Иако ДУП-от официјално беше ставен во владината програма за изработка на приоритетни урбанистички планови, наводно, финансиер, сепак, не била Владата, туку друг инвеститор што бил заинтересиран да го изгради подземниот булевар, а за возврат да ги добие парцелите за градба над него.

Градските власти, пак, информираа дека ГЕММА, фирмата која ги гради хотелот и трговскиот центар зад „Рамстор“, им понудила да изгради дел од Јужен булевар, на потегот од раскрсницата со „Водњанска“ до подвозникот во Кисела Вода. За возврат, фирмата би требало да добие уште една градежна парцела на таа локација. Градот и фирмата дури имаа потпишано и протокол за соработка.

izvor
Back to Top
Charlie View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 19-Aug-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Charlie Quote  Post ReplyReply #631 Posted: 19-Aug-2011 at 13:47
Здраво на сите, го следам форумов од поодамна мислам дека е одличен.
Имам само едно прашање незнам дали има некој упатен да објасни околу работиве со железничкава музеј? го прочитев натписов па ме интересира дали навистина има иницијатива за обнова на разрушениот дел на Старата железничка станица? бидејки сметам дека старата железничка била еден маркантен објект во овој град па заслужува да биде обновена, се разбира со некоја друга намена.

Edited by Charlie - 19-Aug-2011 at 13:53
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #632 Posted: 22-Aug-2011 at 16:53
Добредојде Charlie

Во ДУП-от има предвидено маркичка за објект кој одговара на старата железничка станица. Но дали навистина би се обновувала, со колкав степен на автентичност и со каква намена, тоа тешко дека некој може да каже, со оглед на тоа дека кај нас прејде во навика ваквите планови да се менуваат на дневна база. Во прилог на неизвесноста по ова прашање на пример говори и фактот дека ДУП-от „Стара Железничка“ од 2009 година, за конкретната градежна маркичка предвидуваше деловен простор, а со последниве две верзии од годинава е предвидена намена - култура. За жал на сајтот на општина центар не можам да го најдам текстуалниот дел на ДУП-от, евентуално ако таму е образложено подетално што точно се планира, ако воопшто е искристализиран некаков план, макар и минлив.


Еве извадок од најновиот предлог-ДУП






Од друга страна еве што пишува во извештајот за животната средина за ДУП-от (инаку ова е постара верзија на документот, не знам дали сеуште е актуелна).







Edited by Cloverstack - 22-Aug-2011 at 16:57
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #633 Posted: 22-Aug-2011 at 19:20
Ќе се менува урбанистичкиот план за Горно Лисиче
понеделник, 22 август 2011, 19:11
Жителите на населбата Горно Лисиче стравуваат дека државата ќе им ги сруши дивоизградените куќи, зашто на тоа место се планира изградба на булевар. Александар Зиков веќе 20 години живее на улицата „Тодор Чангов“, каде е предвиден булеварот. Тој веќе поднел барање за легализација, но и покрај тоа стравува дека неговата куќа нема да може да се легализира без промена на урбанистичките планови.

- Од општина велат дека ништо нема да биде, но додека не ги добиеме потребните документи, ништо не верувам. Поднесовме документи, бележани сме веќе со црвено каде треба да биде Булеварот и сега ништо не ни издаваат, ќе чекаме до 3 септември. Петиција поднесовме за промена на ДУП, кажаа дека се сменил, па и таму се бунеле граѓаните, па рекоа дека ќе се решава на ниво на општина, вели Александар Зиков, жител на општина Аеродром.

Од општината Аеродром велат дека нема да ги уриваат куќите, бидејќи до крајот на годината треба да биде усвоен новиот урбанистички план.
Трасата на булеварот што треба да се гради ќе биде поместена, вели градоначалникот Коневски.

- На оние места каде има објекти кои според ДУП се спротивни, ќе се обидеме да ги усогласиме, со тоа што ќе ги измениме плановите со булеварот согласно генералниот урбаниситчки план. Кога ќе го усогласиме ГУП со фактичката сосотјба, тогаш следи промена на ДУП и тогаш ќе ги легализираме и тие објекти, вели градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски.

На местото каде е предвидено да се изгради булевар живеат околу 2000 луѓе, во 300 до 400 дивоизградени куќи.
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=40116
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #634 Posted: 23-Aug-2011 at 03:39
Јасно е дека неможе да се очекува од некој што е предмет на експропријација да демонстрира општествена одговорност и да покаже коопретивност за квалитетот на живеење на неговите соседи, само не ми е јасно како може институции и политиката да ретерираат кога за неколку изгубени гласови и галами што ќе се заборават за кратко време, добиваат куп гласови. И крај крајева легализацијава е чисто објектите да влезат во системот  во регистрацијата како градежен капитал, не за да се пореметат урбанистичките текови. А од друга страна па и тука гуп-от е така малку од ѓутуре нацртан бес почитување на предходната мрежа, а Чангов требала да биде како некоја основа  што ќе се испочитува, нормално не зборам за компромиси на сметка на поврзувањето со останатиот дел од градот.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Online
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #635 Posted: 07-Sep-2011 at 10:32

Зад старата железничка станица ќе се градат 20-катници

Во Скопје, на барање на Владата

скопје
Откако Уставниот суд го укина Деталниот урбанистички план  "Стара железничка станица", по барање на Владата надлежните од општината Центар подготвија нов предлог-план според кој деловните објекти на Јужниот булевар, пораснаа, ни повеќе ни помалку, туку за цели 18 ката. Со последните измени на планот, место два ката со приземје и потпокрив, на просторот зад старата железничка станица, ќе се дозволи да се градат комерцијални и деловни објекти од 20 ката.
Со јавната анкета која штотуку заврши, општината Центар одново ја почна постапката за донесување на нов ДУП „Стара железничка станица“. Пред неколку месеци, измените кои се предвидуваат со овој план паднаа на Уставен суд, оти тој беше донесен по скратената постапка. Затоа сега се повторува целата законска постапка, односно планот до крајот на август беше на јавна анкета, за заинтересираните скопјани, кои живеат во овој дел од градот да го разгледаат и да поднесат евентуални приговори. По ова, нацрт-верзијата на планот ќе се најде на дневен ред на некоја од есенските седници на Советот на општината.

Освен висината на венецот на објектите, планот е речиси ист како и оној донесен минатата година. Со ДУП се предвидува Јужниот булевар, во овој дел од центарот на Скопје, да се гради под земја, а врз него се проектирани деловни и комерцијални објекти, односно просторот е замислен како голема пешачка зона. Според плановите на локалните власти, ќе се бара инвеститор кој би ја финансирал изградбата на булеварот, а за возврат тој ќе го добие земјиштето над сообраќајницата. Во јавноста уште минатата година се шпекулираше дека земјиштето ќе се даде на Мијалков, Камчеви, Азманов...

- Дваесет ката е максималната висина, што не мора да значи дека сите објекти ќе бидат толку високи. Треба да се има предвид дека четири до пет ката од објектите ќе бидат искористени за паркинг-простор, имајќи предвид дека подземен паркинг нема да може да се гради поради булеварот, објаснуваат од проектантската куќа "Тајфа план", која го изработи овој ДУП.

За пристап до Јужниот булевар ќе се градат и три кружни текови. Две помали ротонди треба да го „анулираат“ надвозникот кон населбата Црниче, поточно, со едната ротонда ќе се врзат улицата Мито Хаџивасилев-Јасмин и булеварот Кочо Рацин, а со другата улиците Железничка и Бихаќска. На другата страна на комплексот, пак, сообраќајното решение на планот предвидува да се изгради голема ротонда кај деловниот објект на НЛБ Тутунска банка, која ќе го регулира сообраќајот на крстосницата на улиците Мито Хаџивасилев-Јасмин и Железничка со булеварите Свети Климент Охридски, Водњанска и улицата Васил Ѓоргов.

Планот предвидува и изградба на трговски центар на паркингот меѓу Музејот на Скопје и ТЦ „Рамстор“. Трговскиот центар освен истата висина, треба да има и фасада иста како онаа на Старата железничка станица, за која е предвидено да се реставрира. Од „Тајфа план“ информираат дека планот има конзерваторска  основа за дел од реонот, затоа што е дадена можност за обнова и развој на урнатиот од земјотресот во 1963 година дел од Старата железничка станица, кој практично е испланиран да биде влез во новиот деловно-административен комплекс.

Покрај трговскиот центар, со измените на планот е предвидена и маркичка за изградба на катна гаража зад "Рамстор". И со оваа верзија е предвидено да се изградат низа комерцијално-деловни објекти во должина од околу еден километар над Јужниот булевар, кој во овој дел е предвиден како подземна сообраќајница.

Овој план е од големо значење за Скопје, особено сообраќајната студија, која доби виза од Градот Скопје и од Министерството за транспорт и врски, велат проектантите, за кои Јужниот булевар има значење исто како и северната обиколница на Скопје.

Деталниот урбанистички план предвидува подземната улица да биде широка 31,5 метри, со по две ленти од по 3,75 метри во двата правци, две ленти по три метри наменети за застанување на возилата, како и средишен коридор, во кој е зацртано да поминува трамвај. Објектите над булеварот со околните содржини ќе се поврзуваат со еднонасочни улици. Проектирано е комплексот да се поврзе со новиот хотел, деловниот објект и со трговскиот центар на улицата Железничка, што со години се чека да се изградат.

Пред две години овој Детален урбанистички план беше причина за политички препукувања меѓу власта и опозицијата. Опозицијата, тогаш сметаа дека со планот се прави голем криминал, затоа што планот бил наводно нарачан за бизнис интересите на личности блиски на владејачката партија. Иако ДУП официјално беше ставен во владината програма за изработка на приоритетни урбанистички планови, наводно, финансиер, сепак, не била Владата, туку  инвеститорот - заинтересиран да го изгради подземниот булевар, а за возврат да ги добие парцелите за градба над него.

Градските власти, пак, информираа дека „ГЕММА“, фирмата што ги гради хотелот и трговскиот центар зад „Рамстор“, им понудила да изгради дел од Јужниот булевар, на потегот од раскрсницата кај булеварот Водњанска до подвозникот во Кисела Вода. За возврат, фирмата требало да добие уште една градежна парцела на таа локација. Градот и фирмата дури имаа потпишано и протокол за соработка.

Границите на опфатот на овој ДУП се сообраќајниците Мито Хаџивасилев-Јасмин, Водњанска, Железничка и Бихаќска, со површина од 14,28 хектари. Поделен е на три блока со вкупно 18 градежни парцели.

Уставниот суд бадијала укинува
Уставниот суд на седница во март годинава ја укина Одлуката на советот на општината Центар, за измена и дополнување на Деталниот урбанистички план „Стара железничка станица“, од 30 август 2010 година. Судот утврди дека Одлуката била донесена по скратена постапка во време кога не постоела таква законска можност, согласно Законот за урбанистичко и просторно планирање. Донесувањето на урбанистички планови по скратена постапка беше укинато со измените на овој закон од јули 2009, кои стапија во сила на 31 декември истата година.

Ист ваков епилог доживеа и верзијата на Деталниот урбанистички план „Мал Ринг“, од 29 јануари 2010 година. Како и во тој случај, општината во новата верзија на плановите внесе повеќе измени. Интервенцијата на уставните судии, освен усвојување на нов план по редовна постапка, секогаш ја отвора можноста за маркички за нови објекти.

http://www.time.mk/read/NONE/b524122ec8/index.html
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3870
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #636 Posted: 10-Sep-2011 at 22:08
DUP ovi na Opstina Kicevo http://www.kicevo.gov.mk/dup.html

PS: Ivani dol e industriska zona, posto ovde ima edna 2 ne sum siguren ama edno e sigurno i toa deka imeto ivani dol e industriska zona i tamu na golemo se gradi



Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #637 Posted: 13-Sep-2011 at 06:30
Нов предлог ДУП на неколку реони во Гевгелија, е изложен за јавноста. Билтенот пишува дека ДУП-от ќе биде на разгледување 10 дена.

Најверојатно се работи за ДУП-от околу централниот градски реон.
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Online
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #638 Posted: 13-Sep-2011 at 14:06

Солитери и во Маџир Маало

Едно од последните скопски маала го загуби статусот на заштитена зона

маџир%20маало
Едно од најстарите скопски стари јадра - познатото Маџир Маало, го изгуби статусот на заштитена амбиентална зона. Според новата верзија на деталниот урбанистички план за овој локалитет, што неодамна ја донесе советот на општината Центар, наместо куќите во Маџир Маало, се предвидува изградба на 20-метарски станбени згради, голем трговски центар и црква, а задржана е и трасата на булеварот Крушевска Република, кој минува сред маалото.
Овој план е усогласен со ставот на Управата за заштита на културното наследство, чии стручњаци неодамна утврдија дека во Маџир Mаало повеќе нема објекти што треба да бидат заштитени. Жителите на ова старо градско јадро со децении живеат во супстандардни услови, без водовод и канализација, а не им беше дозволено да градат нови или да ги доградуваат постојните куќи, токму поради тоа што надлежните сакаа маалото да го задржи својот автентичен лик. Потребата за поквалитетно домување, пак, ги натера маџирмаалци на диво да ги доградуваат и реновираа старите куќи, што сега ќе може и да ги легализираат, секако ако поднеле барања.

Со цел да внесе посовремен и поздрав начин на живот, општината Центар неколкупати досега правеше обиди да се донесe детален урбанистички план за Маџир Маало, но жителите на овој дел од центарот на Скопје тоа не го прифаќаа. Дали сега ги прифатиле новините - на местото на трошните куќи да се изградат солитери, ќе се знае по сумирањето на резултатите од штотуку завршената јавна анкета за нацрт верзијата на ДУП за Маџир Маало.

Една од главните пречки за прифаќањето на овој план, досега беше токму  трасата на булеварот Крушевска Република, дел од неизградената примарна сообраќајна мрежа од градски автопати, од исклучително значење за идниот развој на Скопје, што и тогаш и сега е предвидено да минува токму сред оваа градска четврт. Со цел маалото да остане како заштитена амбиентална целина, имаше обид и во Генералниот урбанистички план да се измени трасата на булеварот, односно да се помести до Транспортниот центар.

За жал, и овој предлог не успеа. За објектите во Маџир Маало постоеја заштитно-конзерваторски основи, поради кои тие не смееја ниту да се реновираат, ниту да се доградуваат или надградуваат. Но, во новиот нацрт- детален урбанистички план, овие основи веќе не постојат, што отвора можност за осовременување на овој дел од Скопје, објаснуваат од проектантската куќа „Ин пума“, автор на ДУП.

Сега во Маџир Маало се предвидува колективно домување, со здружување на повеќе помали катастарски парцели, односно згради со приземје и пет ката, со максимално дозволена висина од 19 и 20 метри. По должина на булеварот Кузман Јосифовски Питу, од Транспортниот центар до комплексот банки, предвидна е изградба на комерцијален објект со повеќе намени, исто така, со висина од 20 метри.

Во средиштето на маалото е вцртана маркичка за црква, а паркирањето ќе биде под земја, во рамките на секоја градежна парцела. Покрај магистралната сообраќајница булеварот Крушевска Република, како собирни улици се предвидени булеварите Кузман Јосифовски-Питу и Никола Карев, сервисна е улицата Ѓуро Ѓоновиќ, а станбени се улиците 59, Прилепска, Титовелешка, Маџир Маало, Анте Хаџи Митков, Охридска и Петричка.

Опозицијата во советот на општината Центар изрази сомневање дека планот може да се реализира. Исто така, советниците од СДСМ се сомневаат дека оваа сообраќајна мрежа е соодветна на густината на населеноста, зашто покрај кејот на Вардар е предвидена пристапна улица за објекти, високи 19 и 20 метри. Според архитектите, таа улица не ќе може да одговори на густината на овие облакодери. Стручњаците сметаат и дека со планот е предвидена преголема концентрацијата на згради на овој простор, поради што бараат нивната висина да се намали.

Останува отворено и прашањето, на чие барање ќе се гради црква, и дали земјиштето е државно или приватно. Надлежните од општина Центар велат - црквата ќе се гради по барање на маџирмаалци. Односно, иницијативата потекнала токму од неколкумина сопственици на земјиштето, на кое треба да се гради црквата. А, дали сите ќе се сложат со ова, ќе се знае откако ќе се обелоденат резултатите од јавната анкета за овој ДУП.

И стручната ревизија достивила над 40 забелешки за планот.
Опозицијата смета и дека се онеправдани сите оние кои досега го почитуваа законот и чекајќи детален урбанистички план не ги реновираа и доградуваа старите куќи во Маџир Маало, наспроти тие што изградија дивоградби и сега ќе ги легализираат. Исто така, не е исклучена можноста некои од сопствениците на парцелите каде што е предвидено да се гради зграда, да не се согласат со тоа и објектите да си останат во сегашната состојба, со што не се постигнува никаков економски развој.
Опфатот на ДУП за Маџир Маало изнесува 18,63 хектари, со густина од 450 жители на еден хектар и 30 проценти зеленило во рамките на една градежна парцела, што ќе ги задоволи потребите по „бели дробови“, доколку  паркирањето е под земја.

http://www.time.mk/read/NONE/21fff297e8/index.html
Back to Top
WNBARCH View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 15-Apr-2011
Online Status: Offline
Posts: 86
  Quote WNBARCH Quote  Post ReplyReply #639 Posted: 13-Sep-2011 at 14:38
што е по дефиниција солитер?
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7256
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #640 Posted: 13-Sep-2011 at 20:21
Originally posted by WNBARCH

што е по дефиниција солитер?
игра со карти Big%20smile
шала на страна, само фенси збор за облакодер или висококатница...

инаку, многу повеќе ме радува што смешката тоа селце да биде заштитена зона, веќе ја нема Banana
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3031323334 48>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.