build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Урбанистички планови (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбанистички планови (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3334353637 48>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2114
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #681 Posted: 18-Apr-2012 at 18:10

Стамбени згради, градинка, амбуланта и црква ќе се градат на запуштениот локалитет во населбата Ченто во општина Гази Баба.

cento500

Просторот кој беше запуштен и празен, по усвојувањето на урбанистичкиот план „Маџари 2, урбан блок 5“, почнува да се средува и урбанизира.

Според урбанистичкиот план, станбени објекти ќе се градат зад запуштениот Дом на култура „11 Октомври“ и во близина на маркетот Тинекс.

Пред извесен период заврши дислокацијата на останките од гробиштата во Ченто, кои беа преместени во Бутел и во Kамник. Според урбанистичкиот план овој терен е наменет за изградба на новата црква.

http://www.kurir.mk/republika/skopje/68082-Zgradi-gradinka-ambulanta-i-crkva-ke-se-gradat-vo-Cento

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 379
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #682 Posted: 19-Apr-2012 at 15:16
Не се разбирам многу во усвојување на ДУП па ме интересира колку време отприлика е потребно да се усвои еден ДУП, дали од кога ќе се усвои мора тој реон да биде буквално според него и ако е така за колку време треба да се добие тој изглед според ДУП-от.
Back to Top
bojanbojan40 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote bojanbojan40 Quote  Post ReplyReply #683 Posted: 19-Apr-2012 at 18:19
Zdravo,me interesira na kolku vreme se nosi ГУП konkretno za Ohrid me interesirat,dali primer ima zakonski rok primer na sekoj 10 godini ili za sekoj grad e razlicno ? I kade moze da se proveri tocno toa.Ako imate linkoj i slicno bi bile od korist  
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #684 Posted: 19-Apr-2012 at 21:23
Originally posted by bojanbojan40

Zdravo,me interesira na kolku vreme se nosi ГУП konkretno za Ohrid me interesirat,dali primer ima zakonski rok primer na sekoj 10 godini ili za sekoj grad e razlicno ? I kade moze da se proveri tocno toa. Ako imate linkoj i slicno bi bile od korist  

Планирањето на просторот се врши за период од најмалку:
- петнаесет години за Просторен план на Републиката,
- десет години за генерален урбанистички план, урбанистички план за село и урбанистички план вон од населено место и
- пет години за детален урбанистички план.

Со донесување на нов Просторен план на Републиката и нов урбанистички план, престанува да важи постојниот план.
Пред истекот на пропишаниот плански период донесувачот на планот најмалку еднаш годишно изработува стручна анализа на плановите со која се утврдува евентуалната потреба од изменување и дополнување на плановите или дел од плановите.

Последниот ГУП за Охрид го покрива периодот 2002-2012.

Originally posted by mr bombastic

Не се разбирам многу во усвојување на ДУП па ме интересира колку време отприлика е потребно да се усвои еден ДУП, дали од кога ќе се усвои мора тој реон да биде буквално според него и ако е така за колку време треба да се добие тој изглед според ДУП-от.

Нема утврден универзален рок. Зависи од површината на просторот кој се уредува; сложеноста на теренот; гоедетските мерења; време за анализа на инжинер архитект; иницијаторот (физичко, правно лице или општината); финансиерот (општината или државата) итн. Обично целата постапка трае неколку месеци, но може да одземе и повеќе време.

За да се добие дозвола за градба, планираниот објект мора да е предвиден во ДУП-от. Нема определено време за колку време треба да се изгради она што е предвидено со ДУП-от, освен ако не се работи за посебен договор помеѓу општината и инвеститорот во кој инвеститорот е задолжен објектот да го изгради во одреден рок. Во тој случај, доколку објектот не биде изграден во предвидениот рок инвеститорот плаќа пенали.

За подетални информации прочитајте во пречистената верзија на Законот за просторно и урбанистичко планирање од 2011.
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 379
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #685 Posted: 21-Apr-2012 at 02:04
Originally posted by OCB

Originally posted by bojanbojan40

Zdravo,me interesira na kolku vreme se nosi ГУП konkretno za Ohrid me interesirat,dali primer ima zakonski rok primer na sekoj 10 godini ili za sekoj grad e razlicno ? I kade moze da se proveri tocno toa. Ako imate linkoj i slicno bi bile od korist  

Планирањето на просторот се врши за период од најмалку:
- петнаесет години за Просторен план на Републиката,
- десет години за генерален урбанистички план, урбанистички план за село и урбанистички план вон од населено место и
- пет години за детален урбанистички план.

Со донесување на нов Просторен план на Републиката и нов урбанистички план, престанува да важи постојниот план.
Пред истекот на пропишаниот плански период донесувачот на планот најмалку еднаш годишно изработува стручна анализа на плановите со која се утврдува евентуалната потреба од изменување и дополнување на плановите или дел од плановите.

Последниот ГУП за Охрид го покрива периодот 2002-2012.

Originally posted by mr bombastic

Не се разбирам многу во усвојување на ДУП па ме интересира колку време отприлика е потребно да се усвои еден ДУП, дали од кога ќе се усвои мора тој реон да биде буквално според него и ако е така за колку време треба да се добие тој изглед според ДУП-от.

Нема утврден универзален рок. Зависи од површината на просторот кој се уредува; сложеноста на теренот; гоедетските мерења; време за анализа на инжинер архитект; иницијаторот (физичко, правно лице или општината); финансиерот (општината или државата) итн. Обично целата постапка трае неколку месеци, но може да одземе и повеќе време.

За да се добие дозвола за градба, планираниот објект мора да е предвиден во ДУП-от. Нема определено време за колку време треба да се изгради она што е предвидено со ДУП-от, освен ако не се работи за посебен договор помеѓу општината и инвеститорот во кој инвеститорот е задолжен објектот да го изгради во одреден рок. Во тој случај, доколку објектот не биде изграден во предвидениот рок инвеститорот плаќа пенали.

За подетални информации прочитајте во пречистената верзија на Законот за просторно и урбанистичко планирање од 2011.




Дали ова значи дека ако се усвои ДУП-от за Маџир Маало тоа ќе биде крај за селските куќи од турско време односно дали маџирмаалците ќе мора да прифатат на место на нивните куќи да никнат згради, деловни и комерцијални објекти и друго?
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #686 Posted: 22-Apr-2012 at 15:23
Тоа ќе значи дека сопствениците на имотите ќе добијат можност да ги изградат станбените, комерцијалните и деловни објекти кои ќе бидат предвидени во ДУП-от. Друга опција би била имотот да го продадат на приватен инвеститор заинтересиран да ги изгради тие објекти. Но ова не значи дека тие ќе бидат приморани истото да го сторат. Нивната сопственост може да биде експроприирана само доколку ДУП-от предвидува изградба на објекти од јавен интерес (комунални објекти, паркови, улици итн.).

Edited by OCB - 22-Apr-2012 at 15:24
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #687 Posted: 26-Apr-2012 at 23:31

ОТКАКО СО ГОДИНИ НИТУ ЕДНА ПАРЦЕЛА ОД ЛУКСУЗНИОТ КОМПЛЕКС НЕ СЕ ПРОДАДЕ


Нов ДУП за скопската елита да се вдоми на Зајчев Рид


Измената на урбанистичкиот план ќе оди во насока да се почитуваат катастарските парцели со кои ќе се олесни реализацијата на евентуални објекти кои мислат да ги градат инвеститорите, велат од Општина Карпош


Наместо елитна населба која требаше да никне зад Управата за хидрометеоролошки работи и по три години Зајчев Рид е пусто место обраснато со троскот. Проблемите со нерешените имотно-правни односи во овој дел од градот ја закочија изградбата на луксузниот комплекс кој требаше да понуди високорезиденцијални домови со пространи дворови, амфитеатар, два плоштада, хотел и многу други содржини. Интерес од инвеститорите има, но се откажуваат, бидејќи многу мал дел од површината е во државна сопственост. За конечно да се понуди посебна локација за домување на скопската елита, од Општината Карпош, во чијашто надлежност е сега земјиштето, најавуваат промена на Деталниот урбанистички план. Измените во планот наскоро ќе се најдат на дневен ред на седниците на Советот.
- Досега официјално барање за изградба на луксузни објекти на Зајчев Рид нема иако интерес од компаниите има. Бидејќи голем дел од парцелите таму се во приватна сопственост, општината ќе го промени урбанистичкиот план. Измената на ДУП-от ќе оди во насока да се почитуваат катастарските парцели со кои ќе се олесни реализацијата на евентуални објекти кои мислат да ги градат инвеститорите - вели Виолета Цветковска, портпарол на Општината Карпош.
Од Министерството за транспорт и врски, кои го најавија овој проект во 2008 г., само велат дека земјиштето на Зајчев Рид повеќе не е во нивна надлежноста и тие немаат одговорност за него.
- Во согласност со Законот за градежно земјиште Општината Карпош ги има преземено надлежностите во делот на управување со градежното неизградено земјиште - посочија од Министерството.

Луксузната населба требаше да се гради на површина од 150 хектари. Во планот се вцртани вкупно 103 градежни парцели, од кои блоковите за домување ќе бидат згради со осум ката и потпокрив, во кои ќе бидат сместени 4.000 стана. Покрај зградите предвидена е и изградба на куќи. За децата се предвидени две основни училишта, од кое едното ќе биде за странските дипломати и градинка. На највисоката точка на Зајчев Рид ќе се постави резервоар за вода, за потребите на месното население. Пешачката патека ќе води до амфитеатарот, од каде што ќе се гледа локалитетот Скупи. Во новата населба ќе можат да живеат од 24.000 до 28.000 жители. Во населбата ќе се влегува од четири места. Преку клучката кај Момин Поток, од надвозникот од патот кон Качаник, по булеварот "Словенија" и од потегот што води кон населбата Бардовци.
Освен Зајчев Рид изградба на елитни населби беа планирани и на Водно, Сончев Град и Хиподром 2, но сите тие засега се уште се само на хартија.

Аквапаркот ќе добие дозвола на 11 мај
Деталниот урбанистички план во кој влегува аквапаркот ќе биде донесен на посебна седница, закажана за 11 мај, изјави градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Тој вели дека нема да ја кочи неговата изградба, но посочи дека аквапаркот според него не е приоритет. Јакимовски го повика директорот на СЦ Борис Трајковски, Ратко Капушевски, да присуствува на седницата и да го образложи проектот.
-ДУП-от во кој влегува аквапаркот е изработен и финансиран од Општина Карпош. Во ниту еден момент ниту сум кажал, ниту сум имал намера да кочам урбанистички план на мојата општина-посочи Јакимовски.

(С.М.)
вечер
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #688 Posted: 27-Apr-2012 at 20:39

Дали прво и основно е целосно истражен тој простор како археолошко наоѓалиште?

...kaj si kapelo pak ke si kape...
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #689 Posted: 11-Jun-2012 at 00:34
Датум: 10.06.2012, 18:25
НОВИ ОБЈЕKТИ И НАДГРАДБИ КАЈ ЦРВЕНИОТ KРСТ


„Интеримпекс“ ќе стане десеткатница

Kатна гаража кај училиштето „Димитар Миладинов“ (поранешно „Браќа Рибар“), и надградба на постоечки деловен објект на поранешен „Интеримпекс“, предвидува планот „Јужен дел - централно подрачје“, усвоен на последната седница на Советот на Општината Центар. Се работи за реонот околу Зелениот пазар и околината кај социјално. Гаражата ќе биде четирикатница, додека висината на деловната зграда е 29 метри или десеткатница, приближно колку кулите меѓу кои се наоѓа, а тоа се првата и втората кула, кои гледаат кон булеварот Kочо Рацин.

Она што овој план го нуди како можност се локации за поставување нови уметнички скулптури во парковите и на други јавни површини во овој реон.

Планерите од проектантската куќа ИН-ПУМА објаснија дека пристапот до деловниот објект и паркирањето ќе биде решен од задниот дел каде што ќе има отворен паркинг со подземни нивоа. Според Силвана Ваневска од оваа куќа, се работи за продолжување на важечкиот план од 2002 година. Kатната гаража, рече таа, е старо решение, а тие само го презеле и во овој.

- Ова е детален план со две јавни анкети. Сообраќајните решенија се усогласени со Генералниот план на градот Скопје од 2002 година, со кој исто така се усогласени и намените - нагласи Вановска.

Опозицијата ја обвини општинската власт дека продолжува со трендот на уништување на зелените површини во централното подрачје. Од советничката група гласаа против овој план.

- Местото каде што е предвидена катнатата гаража претставува уредена зелена површина. И тоа е парк со урбана опрема, оформен со средства од жителите и делумно со средства од Општината Центар. Со секој урбанистички план се намалува по некоја зелена површина - тоа се случува со изградбата на црквата пред Домот на АРМ, а познат е проблемот и со Дебар Маало - реагираше Благородна Мојсовска-Kрстевска од СДСМ.

Овој урбанистички план го уредува и прашањето на надворешноста на зградите.

Фасадите на новопроектираните објекти може да бидат во еден од предвидените стилови, а тоа се: модерна, постмодерна архитектура, барок, класицизам, неокласицизам, романтизам или неоромантизам. Постојните, пак, станбени згради во овој реон ќе се реконструираат, реставрираат и ќе им се даде нов естетски израз. Сепак, не беше кажано во кој стил - дали во постојниот или, пак, во некој сосема нов.



Три милиони евра заем за катната кај „Нова Македонија“

Најавената катна гаража зад поранешна „Нова Македонија“ ќе се гради со заем од три милиони евра. Советот на Општина Центар на последната седница уште еднаш даде согласност локалната власт да се задолжи кај финансиска институција. Всушност се работи за повторена одлука. Членовите на Советот оваа одлука за заем ја усвоија уште лани, но локалните челници во рок од една година не склучија договор со ниедна банка. Постапката, како што објасни Тодоровиќ се искомплицирала поради проблеми со парцелата. Подоцна тие биле решени со преместување на маркичката за гаража за неколку метри подалеку од претходно предвидената.

- Во овој момент најважно е да донесеме одлука за изградба на катна гаража и одлука за задолжување, а понатаму сигурно со неа ќе менаџираме најдобро што можеме - појасни градоначалникот Владимир Тодоровиќ.

По завршување на градежните активности, со гаражата ќе управува општинското претпријатие „Паркинзи“. Ќе биде висока 25 метри и ќе располага со капацитет од 150 паркинг-места. Околу 15 проценти од гаражата ќе бидат наменети за деловен простор.

Анела Петрова
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=4F508C0F128B5C4EAB6D4D313073D018
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #690 Posted: 11-Jun-2012 at 00:43
Моја претпоставка е дека целат на пополнување на ‘‘дупките‘‘ помеѓу зградите... за после кога ќе се реновираат фасади... да можат да ги направат сите во барок... да не двои... и да држи некоја линија по венец... 
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #691 Posted: 13-Jun-2012 at 15:16
ДУП-от за „Стара железничка станица“ бил законски
Објавено: пред 28 минути
Прочитано: 153
Печати


Уставниот суд на Македонија работеше на днешната седница, на која присуствуваа и тројцата новоизбрани судии чиј мандат е почнат на први овој месец, не поведе постапка за Одлука за Деталниот урбанистички план „Стара железничка станица“ во Скопје, донесена од Советот на општина Центар во ноември 2011 година затоа што утврди дека постапката на донесувањето на Одлуката е во согласност со Законот за просторното и урбанистичкото планирање, а во однос на согласноста на деталниот план со генералниот план, Судот утврди дека тоа е во негова надлежност.
Судот расправаше и одлучуваше и по едно Барање на граѓанин за заштита на неговите слободи и права во однос на јавното изразување на мислата.
Судиите не поведоа постапка за Законот за електронските комуникации, а во однос на Законот за социјалната заштита и Законот за територијалната организација на локалната самоуправа ги отфрли иницијативите, бидејќи со нив се бара Судот да се произнесе за примената на тие закони, а тоа не е во надлежност на Уставниот
http://www.time.mk/read/NONE/4180b00384/index.html
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1163
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #692 Posted: 27-Oct-2012 at 16:30

27.10.2012 - Голем дел од генералниот урбанистички план за Тетово од 2003 година не е реализиран

Студенски град, економски и културен центар на Полог. Тетово кој во последниве 15 тина години двоструко го зголеми бројот на жители, се уште функционира во рамките на истите граници исцртани пред повеќе децении. Моментално во градот вклучувајќи ги и студентите гравитираат околу 200 000 жители. Неопходноста од изградба на колективни објекти за домување и стопански капацитети, го направи градот неподносливо место за живеење. На сметка на градбите се уништи зеленилото, шеталиштата. Единствено место за движење останаа само тротоарите, но и тие се почесто се узурпираат од автомобилите поради недоволниот број на паркинг места.

Експертите сметаат дека на градот под итно му е потребен нов Генерален урбанистички план. Во него да се планира и префрлање на дел од институциите надвор од централното градско подрачје, каде и се создаваат најголемите гужви. Советуваат градот во иднина да се подели на индустриски и дел за домување.

Од општина Тетово велат дека работат на изработка на нов Генерален урбанистички план. Доколку сакаме да ги префрлиме институции те надвор од градот мора да имаме организирано јавен превоз, сообраќајно решение кое ќе биде дел од новиот план за растеретување на градот. Во него ќе се одредат локации посебни за колективно и индивидуално домување

Постојниот Генерален урбанистички план е донесен во 2003 година Тој се уште не е целосно реализиран поради немање на финасиски средства изјавија од секторот за урбанизам. Главните булевари се уште не се пробиени , но овие проекти ќе бидат вметнати во новиот план кои се надеваме во иднина целосно да ги спроведеме, со децентрализацијата на општината во делот на финасиите велат општинарите.
http://www.kiss.com.mk/mak/novosti1.asp?id=16386
Потребна е кантонизација на на западниов дел, кој сака нека се буни, али е неопходна за да профункционираа оваа средиа се уште е заостаната од поранешната држава и некој се уште живееат во 2001
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #693 Posted: 13-Nov-2012 at 06:56
Originally posted by Cloverstack

Склопив една мапа која се однесува на веројатната „greenfield“ урбана експанзија на Скопје во периферните делови на градот, во наредните 10-тина години. Ги вклучив само помасивните ДУП-ови кои ги има на увид. Со исклучок на касарната Илинден, сите останати површини се буквално бришан простор.

1. Касарна Илинден - Индивидуално и колективно (воглавно индивидуално) домување со пропратни содржини + големи комерцијални објекти + парк шума
2. Зајчев рид - Индивидуално и колективно домување (воглавно индивидуално) со пропратни содржини + комерцијални објекти
3. Сончев град - Индивидуално и колективно домување (воглавно индивидуално) со пропратни содржини
4. Хиподром 2 - Индивидуално и колективно домување со пропратни содржини + комерцијални објекти
5. Спортско рекреативен центар Гази Баба (кај Смилковско езеро)
6. Индустриско - комерцијална зона Гази Баба (помеѓу клучките Хиподром и Сингелиќ)
7. Индустриска зона Расадник Бутел
8. Индустриска зона Стопански двор

За очекување е дека дел од овие простори во наредниот период ќе почнат сериозно да се пополнуваат и тоа битно ќе ја смени физиономијата на градот. Особено навивам за делот кај касарната Илинден и за Зајчев рид. Покрај тоа што овие две населби барем според плановите треба да ги кренат нашите стандарди и сфаќања за квалитетен живот и за урбанизацијата на просторот, тие ќе му дадат визуелна масивност на градот во оној дел кој беше нелогично „тенок“, а е блиску до центарот. Тој истенчен дел го упропастува впечатокот на повеќето панорами, не само од Водно, туку и од ред други локации. Со изградбата на тие површини, ќе се дооформи јадрото на градот.
Дополнето со ДУП за:

9. Нов Клинички центар кај Бардовци










Back to Top
tonikostov View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Oct-2009
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 127
  Quote tonikostov Quote  Post ReplyReply #694 Posted: 13-Nov-2012 at 09:54
Можеш ли да го споделиш фајлот за download заедно со плановите? Ме интересира делот кај што завршува булевар Словенија и јужно кон Вардар. Ми се чини дека за тој дел немаш вклучено ДУП, но неможам да видам добро - треба поголем зум
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #695 Posted: 14-Nov-2012 at 16:54
Originally posted by tonikostov

Можеш ли да го споделиш фајлот за download заедно со плановите? Ме интересира делот кај што завршува булевар Словенија и јужно кон Вардар. Ми се чини дека за тој дел немаш вклучено ДУП, но неможам да видам добро - треба поголем зум
Поголем зум не може бидејќи ова е резолуцијата во која што работев уште од почеток, но во секој случај еве го оригиналниот PSD фотошоп фајл ако ти врши работа Smile
Се разбира, слободно преработувај го и дополнувај го ако сакаш   Cheers

http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/URBANISTICKI%20PLANOVI/Sk%20ekspanzija/Skopje ekspanzija.psd



А еве ги и вклучените поединечни ДУП-ови:
(ова се оние со кои јас располагам во моментов и кои беа искористени за состаување на мапата, можеби по нет има подобри и понови верзии):

1. Касарна Илинден
http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/URBANISTICKI%20PLANOVI/Sk%20ekspanzija/1.jpg


2. Зајчев рид
http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/URBANISTICKI%20PLANOVI/Sk%20ekspanzija/2.jpg


3. Сончев град
http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/URBANISTICKI%20PLANOVI/Sk%20ekspanzija/3.jpg


4. Хиподром 2
http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/URBANISTICKI%20PLANOVI/Sk%20ekspanzija/4.jpg


5. Спортско рекреативен центар Гази Баба (кај Смилковско езеро)
- не можам да го најдам во моментов


6. Индустриско - комерцијална зона Гази Баба (помеѓу клучките Хиподром и Сингелиќ)
- не можам да го најдам во моментов


7. Индустриска зона Расадник Бутел
http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/URBANISTICKI%20PLANOVI/Sk%20ekspanzija/7.pdf


8. Индустриска зона Стопански двор
http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/URBANISTICKI%20PLANOVI/Sk%20ekspanzija/8.jpg


9. Нов Клинички центар (кај Бардовци)
- го има во мојот претходен пост




Edited by Cloverstack - 14-Nov-2012 at 16:56
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #696 Posted: 21-Jan-2013 at 22:24
Погледнете го сајтов:
http://skopjeraste.mk/

Феноменален е, иако се однесува само на Буњаковец и Дебар Маало.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
Harry Potter View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 07-Jan-2012
Location: Skopje, Macedon
Online Status: Offline
Posts: 12
  Quote Harry Potter Quote  Post ReplyReply #697 Posted: 08-Mar-2013 at 20:00
дали знае некој што треба да се гради на локацијава? ова е во населба Пролет, Центар:


www.MacedonianFootball.com
Back to Top
nouseforname View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 16-Dec-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 155
  Quote nouseforname Quote  Post ReplyReply #698 Posted: 08-Mar-2013 at 20:59
pominuvam sekoj den od tuka,i kolu sto gledam seuste go cistat terenot mene mi lici ili nekoe parkce ili stanbena zgrada
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #699 Posted: 09-Mar-2013 at 03:32
Според ДУП-от (кој ја предвидува и Крушевска Република како полн булевар), треба да има две станбени згради П+3. Но не ме чуди ако решиле да направат ад-хок привремено решение за паркинг или нешто слично.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
Harry Potter View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 07-Jan-2012
Location: Skopje, Macedon
Online Status: Offline
Posts: 12
  Quote Harry Potter Quote  Post ReplyReply #700 Posted: 09-Mar-2013 at 14:31
тоа Крушевска Република да биде булевар тешко дека ќе се оствари, барем не додека Тодоровиќ или ВМРО се во Центар. треба згради да се рушат за такво нешто, а во маало никој не се согласува на тоа. плус планот за тоа е стар можеби 15 години, од СДСМ.
www.MacedonianFootball.com
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3334353637 48>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.297 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.