build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Урбанистички планови и парцели (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбанистички планови и парцели (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 54>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 07-Oct-2008 at 00:18

ВЕЛЕШКИ УРБАНИСТИЧКИ НЕСОГЛАСУВАЊА

Новиот ГУП заглави во Вардар

Планот е тешко применлив, смета градоначалникот Коцевски, а планерите порачуваат ако Велес сака да биде европски, треба да се почитуваат предвидените решенија

Автобуската станица сред реката Вардар и рушење повеќе згради во центарот на Велес се предвидени со новиот Генерален урбанистички план на градот, донесен во 2006 година. Иако е во сила само две години, а со важност до 2018, поради неприменливоста, веќе почна да се работи на негова измена. Стручњаците тврдат дека предвидените решенија се единствената можност за развој на градот.

- За жал, во новиот ГУП има многу недостатоци и треба сепаратно да ги коригираме, се' до изработка на нов. Постојните решенија се тешко применливи, па мораме да се решиме за измени - вели градоначалникот Аце Коцевски.

Со новиот ГУП е предвидено по улиците Маршал Тито и Вардарска да се вози со 80 километри на час, но затоа треба да се рушат зградите и објекти што се во околината. Тоа значи дека популарната Свиларска зграда и комплексот Чешел во центарот на Велес ќе треба да се урнат за да се обезбеди потребната ширина на коловозот. Поради ова новиот ГУП на Велес е изменет на неговиот старт откако се покажа како неспроведлив во централното градско подрачје. Советот на општината ги донесе измените за улиците Маршал Тито и Вардарска, кои наместо магистрални станаа собирни. Проблем се јавува и со просторот каде што треба да биде лоцирана новата автобуска станица, наспроти Железничката, за да се добие транспортен центар. Но, на тоа место е реката Вардар, поради што сега се бара нов простор за овој витален објект на градот.

- Во согласност со просторната студија на Република Македонија и позитивните законски прописи исцртан е новиот ГУП на Велес. Истиот е минат на ревизија во Министерството за транспорт и врски, така што планот е квалитетен и реален, а доколку Велес сака да биде европски треба тој да ги почитува предвидените решенија - категорични се планерите. Планот е изработен од Агенцијата за планирање на просторот во Штип, која денес повеќе не постои.

Планерите објаснуваат дека со просторната студија е планирано реката да тече во корито кое не е исто со постојното, а градот доколку сака ГУП да го примени реката Вардар треба да се пренасочи. Потоа согласно законот улицата Маршал Тито, која поврзува два региона е магистрален пат, а за таков е потребно да биде широк 22, а не како што е сега - 11 метри, поради што ќе треба да се урнат повеќе објекти околу нив. Овие зафати, пак, градот не е во можност да ги прифати и да почне да ги реализира, поради што како најлесно решение е промена на ГУП со нови парцијални решенија. За да се растовари фреквентноста на улицата Маршал Тито, која е единствена врска на стариот со новиот дел на градот, предложено е да се изгради мост кај зградата на ЈКП „Дервен“, во Градскиот парк, со кој ќе се поврзе населбата Речани.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=4B47873E91512F4F994603FC2D6B4D4F


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 07-Oct-2008 at 11:47
ДУП „СУДСКА ПАЛАТА 2“ НА УВИД ПРЕД ГРАЃАНИТЕ
Судиите ќе се раскомотат во висококатница

Судскиот комплекс спроти Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе добие уште една зграда, а до неа ќе се изгради и катна гаража. Ова е предвидено со измените и дополнувањата на предложениот детален урбанистички план „Судска палата 2“, кој општина Центар го стави на јавна анкета за увид на граѓаните. Планот го опфаќа просторот кој на север се граничи со булеварот Гоце Делчев, на запад продолжува покрај булеварот Крсте Мисирков, од југ се граничи со кејот Димитар Влахов, а на исток со зградата на Македонското радио. - Со план се изврши повторна распределба на просторот со тоа што секој објект доби одделна парцела. Нови предвидени објекти се зградата на Кривичниот суд, со приземје и шест ката, и висина до 25 метри. Таа ќе има сопствен паркинг, а со посебен урбанистички проект ќе се утврди дали ќе биде надземен или подземен. За посетителите во судот ќе има место да се паркираат во катната гаража, која е наменета за 500 возила, со приземје и пет ката и висина од 17 метри - објаснуваат од АД за урбанизам „ЗУМ“, кои го изработија планот. Освен овие два нови објекти, измените ќе овозможат да се направи доградба и надградба на постојните згради на Институтот за македонски јазик, Архивот на Македонија и Младинскиот културен центар, но само до постојната висина. На просторот зад МКЦ се исцртани две парцели за парковско зеленило кои ќе се уредат со клупи, фонтани, чешми, канделабри, а предвидени се маркици и за споменици. - Станува збор за споменикот - бомба од времето на Втората светска војна - кој сега се наоѓа на локацијата на која е предвиден новиот Кривичен суд. Тој ќе се дислоцира во парковското зеленило, а на зградата на судот ќе се постави и обележје за спомен-куќата од времето на НОБ, од која сега има само рушевини - објаснуваат во „ЗУМ“. Со предлог-планот е предвидено да се срушат бараките кај зградата на Македонското радио, а проектирана е и нова улица, крак на постојната Димитар Влахов, која ќе биде врска меѓу булеварите Крсте Мисирков и Гоце Делчев. Планот е со важност од пет години, а граѓаните ќе може да го погледнат до 14 октомври.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=1519&ArticleID=99879


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 07-Oct-2008 at 11:53
Originally posted by lslcrew

ДУП „СУДСКА ПАЛАТА 2“ НА УВИД ПРЕД ГРАЃАНИТЕ
Судиите ќе се раскомотат во висококатница

Судскиот комплекс спроти Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе добие уште една зграда, а до неа ќе се изгради и катна гаража. Ова е предвидено со измените и дополнувањата на предложениот детален урбанистички план „Судска палата 2“, кој општина Центар го стави на јавна анкета за увид на граѓаните. Планот го опфаќа просторот кој на север се граничи со булеварот Гоце Делчев, на запад продолжува покрај булеварот Крсте Мисирков, од југ се граничи со кејот Димитар Влахов, а на исток со зградата на Македонското радио. - Со план се изврши повторна распределба на просторот со тоа што секој објект доби одделна парцела. Нови предвидени објекти се зградата на Кривичниот суд, со приземје и шест ката, и висина до 25 метри. Таа ќе има сопствен паркинг, а со посебен урбанистички проект ќе се утврди дали ќе биде надземен или подземен. За посетителите во судот ќе има место да се паркираат во катната гаража, која е наменета за 500 возила, со приземје и пет ката и висина од 17 метри - објаснуваат од АД за урбанизам „ЗУМ“, кои го изработија планот. Освен овие два нови објекти, измените ќе овозможат да се направи доградба и надградба на постојните згради на Институтот за македонски јазик, Архивот на Македонија и Младинскиот културен центар, но само до постојната висина. На просторот зад МКЦ се исцртани две парцели за парковско зеленило кои ќе се уредат со клупи, фонтани, чешми, канделабри, а предвидени се маркици и за споменици. - Станува збор за споменикот - бомба од времето на Втората светска војна - кој сега се наоѓа на локацијата на која е предвиден новиот Кривичен суд. Тој ќе се дислоцира во парковското зеленило, а на зградата на судот ќе се постави и обележје за спомен-куќата од времето на НОБ, од која сега има само рушевини - објаснуваат во „ЗУМ“. Со предлог-планот е предвидено да се срушат бараките кај зградата на Македонското радио, а проектирана е и нова улица, крак на постојната Димитар Влахов, која ќе биде врска меѓу булеварите Крсте Мисирков и Гоце Делчев. Планот е со важност од пет години, а граѓаните ќе може да го погледнат до 14 октомври.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=1519&ArticleID=99879




Nuts
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7447
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 07-Oct-2008 at 22:49
е добро де, кај нас и тоа почна да се смета за висококатница LOL
инаку кога првпат го прочитав насловот, мислев дека се работи за висина блиска на судската палата
било како, нека градат, само нека биде нешто квалитетно и да се совпадне со просторот, само да не ја заебат локацијата на една од поубавите згради во градов (барем според мене)
и не мора да прават доградби на околните згради, можеби реновирање и реставрација се во ред


Edited by zabegan - 07-Oct-2008 at 22:50
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 08-Oct-2008 at 23:22
Деталните планови за атрактивните локации ќе се донесуваат експресно


Општините не ги искористиле бенефициите за донесување на приоритетни Детални урбанистички планови и трите милиони евра од истата Програма кои годинава им ги понуди Министерството за транспорт и врски. Само неколку градоначалници доставиле предлог локации на атрактивно државно земјиште кое може да се продаде на јавно наддавање. Ова го истакна министерот Миле Јанакиески, на вчерашната средбата со градоначалниците, наменета за решавање на заедничките проблеми во врска со урбанистичкото планирање. Тој ги повика члениците на локалната власт до крајот на месецов да предложат нови локации и да се вклучат во Програмата за приоритетни планови за следната година.

- Пожелно е плановите да бидат со намена за трговски центри, хотели, катни гаражи ..., односно се што ќе биде интересно за вложување како од домашни така и од странски инвеститори, им рече Јанакиески. Тој напомена дека со доставување предлог план за просторно планирање ќе добијат две бенифиции. Прво финансиите за изработката и донесувањето ќе биде на сметка на државата, а второ ДУП-от ќе може да се донесе по скратена постапка за десет до 15 дена.
Градоначалниците се пожалија на обемната процедура, неограничените временски термини како и забелешките што ги добиваат од Министерството за нестручната изработка. Тоа, рече Јанакиески, по Нова година нема да се случува бидејќи услов за поднесување на планот е да го изработила фирма или овластен проектант којшто поседува лиценца. Тој најави дека Владата размислува да го зголеми процентот што го земаат општините од продажбата на државното земјиште.

- Најверојатно процентот за продажбата на земјиштето кое сега за државата е 60, а за општините 40, ќе биде поголем во корист на општините отколку за државата. Тоа начелно е прифатено, но треба да се утврди процентот, рече Јанакиески.

http://vecer.com.mk/?ItemID=C16856D02AC9134C9CB51E07750BB137


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 17-Oct-2008 at 01:38
Успеав некако да го исчупам ГУП-от на гостивар. Ама сега има друг проблем. Сликата е расцепкана во 2700 парчиња, па ако може некако некој да ги спои со некој софтвер. Еве ви го rar-фајлот па пробајте.

pgu.rar ~ 43.9 MB



Edited by lslcrew - 17-Oct-2008 at 01:50
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 17-Oct-2008 at 04:33
Еве го средив ГУП-от! Ама ако стиснам зум ми вика not enough memory. Срамота за Трифун! Браво за Гостивар! 

10240х12800 43,4 MB
Gup Gv.jpg

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 17-Oct-2008 at 04:55
Originally posted by lslcrew

Еве го средив ГУП-от! Ама ако стиснам зум ми вика not enough memory. Срамота за Трифун! Браво за Гостивар! 

10240х12800 43,4 MB

Gup Gv.jpg

Applause

!!! 



Edited by beTon - 17-Oct-2008 at 04:57
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12197
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 17-Oct-2008 at 13:11
Originally posted by lslcrew

Еве го средив ГУП-от!
  Thumbs%20Up


Ама ако стиснам зум ми вика not enough memory.
Јас имам прилично стара машина надоградена до 1 гига рам и око не и трепнува при било какви манипулации со сликата. Big%20smile


Срамота за Трифун! Браво за Гостивар! 
Така некако... А можда Трифке го чека новиот ГУП да го стаи Crazy
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 18-Oct-2008 at 00:37
@Кловер, Верувале или не добивме одговор од кисела вода во најновиот општински весник. Инаку има два одговара, едниот на моето прашање, а едниот на твоето прашање. Дават одговора гласат вака:

За да можат урбанистичките планови да бидат поставени на интернет се подготвува софтверскиот дел на плановите. Плановите ќе бидат поставени кон крајот на оваа или почетокот на идната година.


За да можат урбанистичките планови да бидат поставени на интернет се подготвува софтверскиот дел на плановите. Плановите ќе бидат поставени кон крајот на оваа или почетокот на идната година.


Bash
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 18-Oct-2008 at 01:23
Извадоци од општинскиот весник на општина кисела вода:



Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 18-Oct-2008 at 02:14
Еве четири плана од Охрид. На едниот се гледа дел од трасата што се чудевме од каде ќе проаѓа, за новиот булевар околу охрид.





Edited by lslcrew - 18-Oct-2008 at 02:14
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12197
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 18-Oct-2008 at 17:58
Originally posted by lslcrew

Еве четири плана од Охрид. На едниот се гледа дел од трасата што се чудевме од каде ќе проаѓа, за новиот булевар околу охрид.


За жал ова е делот за кој што и онака немаше дилеми Unhappy
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12197
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 18-Oct-2008 at 18:00
За да можат урбанистичките планови да бидат поставени на интернет се подготвува софтверскиот дел на плановите. Плановите ќе бидат поставени кон крајот на оваа или почетокот на идната година.

Crazy

Абе Џорџе, каков софтверски дел те спопаднал, едноставно „качете“ ги плановите (најобични слики во дигитална форма) на сајтот.
Не знам дали тебе некој таму те прави будала, или ти се обидуваш од нас да направиш будали.
Bash

А ако спремате нешто пософистицирано (како ГИС-от на општина Карпош), во што се сомневам, вие во меѓувреме сепак ставете ги плановите на сајт (работа што не кошта ни пари ни време), а паралелно туркајте си го и тој „софтверски дел на плановите“.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 19-Oct-2008 at 04:45

денес ме потсетија на една итересна ситуација во СК Roll%20eyes , а најверојатно истата била нормална појава и низ цела држава, се работи за градежните дозволи на објектите што биле градени со државни пари во минатото, а тоа било скоро 90% од се што е изградено во “социјализмот“ , т.е. се градело по одлука на некоја државна институција како што била владата, министерствата, собранието, градот, итн., но никој не издавал градежни дозволи ниту пак некој барал чим одлуката била донесена од некој од централата па така она што се влечело во социјализмот испливало како рак рана во капитализмот, за денес да имаме многу училишта, јавни згради, стамбени згради, и какви се не објекти кои едноставно во катастар немаат документација со која би се потврдила некоја градба дека постои на некое место т.е. тие се ДИВОГРАДБИ, па има и многу луѓе заглавени кои неможат ни да си го продадат имотот ниту пак да превземат проширувања или обновување “бидејќи нивните објекти чисто онака не постојат никаде“ абе ова само кај нас и на филм Shifty да биде уште почудно јавно за ова не се зборува се држи работата во подрум за да не се крене паника кај народот иако реално можеби истиот и е запознаен со овoj момент, но бидејќи институциите молчат и се вадат на хаотичното архивирање од минатото, се надева дека со некакво законско решение ќе се исправат работите кога тогаш и ќе си ги легализираат објектите, што е во најава веќе некое време(од лани) Thumbs%20Up, но ај стамбените згради, но и државните згради па и фабриките скоро сите се ДИВОГРАДБИ, не би ме зачудило и улиците да се отсвирени само по директива и истресени нормално од ракав - анархија од најтежок тип!!! но бар како туристичко спектакуларен момент дефинитивно е check this out!!! но најверојатно и да не се легализираат неможат да се турнат таквите објекти бидејќи се над десет години стари, па стануваат трајна сопственост се до градење објект (предвиден во дуп) од потенцијален инвеститор кој има или би добил тапија за земјата од вистинскиот сопственик на земјиштето било тоа да е државата или некој наследник. но волку екстремен пример се јавува теоретски кај куќи но не и кај згради каде мислам дека вакво нешто многу лесно нема да помине...! останува да се види како и до кога ќе си тера вака работата, арно ама белегот го имаме засекогаш мислам “ПОЛА ВЕК КОМУНИСТИЧКА ДИВОГРАДБА НА СЕКОЕ ЌОШЕ“ 

Исчезнале од евиденцијата на Катастарот 

Целиот комплекс објекти во Трговскиот центар "Лептокарија" како и Трговскиот центар во скопската населба Карпош 4 не постојат во евиденцијата на скопскиот Катастар. Извори од оваа институција за "Вечер" потврдуваат дека за двата комплекса во Катастарот не постојат имотни листи. Неофицијално, не се работи за изградба на имот кој во минатото бил национализиран, туку единствено за дивоградба за која ниту една надлежна институција не издала одобрение. Истите извори потврдуваат дека решавањето на имотно-правниот статус, односно нивната легализација треба да се одвива постепено бидејќи станува збор за простор на кој се наоѓаат станбени згради и угостителски објекти. Во Катастарот ваквата состојба ја оправдуваат со значителната застареност на податоците и нередовното ажурирање на сопственоста и се надеваат дека проблемите ќе станат минато со неговата целосна компјутеризација која ќе помогне во скратување на процесот на регистрација на трансакциите.

Градимир Марковски - Вечер - 04.12.2006

   

иста ситуација е колку што знам и со новите згради спроти Скопјанка.....

И Домот на АРМ дивоградба

Локацијата на која е изграден овој објект, заедно со просторот до споменикот на Мајка Тереза му припаѓа на скопското семејство Десовски, дознава "Вечер". Клопчето дополнително се заплеткува со фактот што истото семејство од времето кога е изграден Парламентот, во 1938 година, до денес се јавува како сопственик и на една третина од зградата на Собранието за кое "Вечер" веќе пишуваше дека лежи на имот на ерменско семејство

Се зголемува бројот на капитални објекти во Скопје од големо значење за државата и главниот град кои не се заведени во Катастарот, за кои не постои имотен лист или се изградени на туѓ имот. По сознанијата дека Парламентот во кој е сместен и кабинетот на претседателот на државата е дивоградба, "Вечер" дојде до информации дека и Домот на АРМ во Скопје, изграден во 70-те години се наоѓа на туѓо земјиште.
Локацијата на која е изграден овој објект, заедно со просторот до споменикот на Мајка Тереза му припаѓа на скопското семејство Десовски, дознава "Вечер".
Клопчето дополнително се заплеткува со фактот што истото семејство од времето кога е изграден Парламентот, во 1938 година, до денес се јавува како сопственик и на една третина од зградата на Собранието за кое "Вечер" веќе пишуваше дека лежи на имот на ерменско семејство кое живеело во Скопје. Непознато е дали овие две скопски семејства веќе имаат покренато барање за денационализација.
Сепак, извори од Катастарот велат дека неверојатно е пропустите во евиденцијата на сопственоста, од минатото да се исправат на тој начин што на вистинските сопственици ќе им бидат вратени истите имоти кои во минатото биле национализирани.
- Невозможно е да се уриваат Парламентот и Домот на АРМ. Најверојатно доколку се утврди дека се изградени на земјиште кое е туѓа сопственост државата ќе мора да им даде друга локација или паричен надоместок, велат истите извори. Освен за овие две градби, градските власти неодамна потврдија дека имотноправниот статус не е решен и за Универзалната сала за која не постои имотен лист.

Градимир Марковски - Вечер - 25.11.2006

Дивоградбите ќе се легализираат со експертска помош од ОН(искуства од рио и бомбај)  

Законот за легализација на дивоградбите ќе биде готов за четири месеци

Легализирање на дивоградбите, воспоставување дигитална база на податоци за урбанистичките планови и формирање регистар на земјиште во државна сопственост се целите на проектот „Техничка помош и поддршка на политиката за донесување закон за легализација на дивоградбите и воспоставување на дигитална база на податоци за урбанистичките планови“ На министерот за транспорт Миле Јанакиески ке му помага УНДП во Македонија со Марија Луиза Силва.
Јанакиески напомена дека за четири месеци, во рамки на проектните активности, ќе биде изготвен законот за легализација на дивоградбите.
“Целта не овој закон не е да се легализира урбаната мафија, туку да им помогне на граѓаните кои имаат куќи стари по 10, 15 и 20 години, а немаат документи за нивната сопственост”, потенцира Јанакиески.
Според него, новата правна рамка ќе ги регулира методите и процедурите за легализација на дивоградбите, ќе ги определи институциите и субјектите што ќе бидат надлежни за нејзино спроведување и ќе овозможи интеграција на легализираните градби во вкупната урбана, економска и социјална структура на општините.
Регистрацијата на дивоградбите уште не е почната, иако општините доставиле првични податоци.
“Има општи бројки за тоа колку дивоградби ќе се легализираат, но се уште е многу рано да се прецизираат. Регистрацијата на дивоградби не е почната. Допрва ќе се утврдува принципот на работење, методолгијата, ќе се анализира ситуацијата, ќе се прават планови, па дури потоа ќе се пристапи кон легализирање”, рече Јанакиески.
Тој смета дека во Македонија има десетици илјади градби стари по 10, 20 или 30 години за кои сопствениците немаат имотен лист.
Законот за легализација на дивоградбите согласно Виенската декларација, досега требаше да се донесе, но тоа не го сторија претходните министри. - Рокот за донесување на законот е изминат, но ниту еден министер досега не се зафати за овој процес зашто е тежок, рече Јанакиески.
Амбасадорот на УНДП Луиза Силва истакна дека легализацијата е сложен и тежок процес кој, сепак, мора да се спроведе. - Легализацијата на дивоградбите мора да биде јасна и транспарентна. Само така ќе се заштитат демократијата и вредноста на земјиштето. Важно е да се почитува средината во која живееме и да се воспостави владеење на правото. Законот мора да биде ефективен и да даде конкретни резултати, порача Луиза Силва.

Капитал - број 418 - 22.11.2007



Edited by beTon - 19-Oct-2008 at 04:50
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 25-Oct-2008 at 03:26
ОХРИДСКИТЕ СОВЕТНИЦИ НЕ ЈА ПОСЛУШАА ВЛАДАТА
Ќе се гради охридскиот Менхетн

Советниците на Општина Охрид на вчерашната седница го усвоија Предлогот на деталниот урбанистички план за урбаната заедница 8, познат како ДУП за охридскиот Менхетн. Не беше прифатено укажувањето на Министерството за транспорт и врски дека "Советот треба да го одложи донесувањето и спроведувањето на овој предлог на ДУП, за кој ова министерство има издадено согласност на 8 октомври, се додека не истече рокот од 2 години за привремената заштита на археолошкиот локалитет Бејбунар".
Министерството за транспорт и врски претходно даде согласност на ДУП-от за урбаната заедница 8. Согласноста е повлечена откако Управата за заштита на културното наследство на 14 октомври издала решение со кое археолошкиот локалитет Бејбунар, кој се наоѓа на планскиот опфат од предлогот за ДУП за урбана заедница 8, се става под привремена заштита. Во истото решение е определено дека рокот на траење на привремената заштита изнесува две години од денот на донесувањето на решението, во кој никој не смее да го оштети ниту уништи локалитетот.
Градоначалникот на Охрид Александар Петревски остро реагираше на ваквиот став на Министерството за транспорт и врски и овој потег го окарактеризира како политичка хајка. Тој кажа дека за да се дојде до Предлог на ДУП за оваа урбана заедница, претходни биле добиени сите согласности.
На просторот кај Бејбунар, според најавите, се планира изградба на 20-ина згради. Архитектите овој дел на Охрид веќе го нарекуваат охридски Менхетн.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=158728&idg=8&idb=2507&rubrika=Makedonija

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12197
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 25-Oct-2008 at 03:56
Ова со ваков или онаков „Менхетн“ ги премина сите граници. Баш ме интересира колку високи згради се планирани, ама какви и да се, нејќам више да слушам вакви идиотски компарации и етикети!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 27-Oct-2008 at 00:57
Просторот со наколна населба ќе се урбанизира?!


На просторот кај Бејбунар, каде советот на Општина Охрид усвои предлог одлука да се градат згради, постои наколна населба, една од најзначајните од праисториско време, најстара во Европа, тврди директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман.
- Нашите сознанија велат дека на овој простор има хелинистички гробови кои треба да се истражат и да се кренат. Но исто така имаме сознанија дека на три до четири метри на целиот овој мочуриштен предел постои наколна населба и затоа бараме време од две години да направиме сондажни испитувања, вели Кузман. Според него се работи за огромна наколна населба, а примероците на дрва од населбата од соседните локалитети, кои биле испратени на истражување во Германија, укажувале на тоа дека станува збор за најстари куќи во Европа.
- Постои можност еден дел од населбата да се зачува, а на другиот дел да се градат зградите. Ќе ставиме привремена заштита само таму каде што сметаме дека може да има културно наследство, вели Кузман.

Токму ваквото урбанистичко решение кое предвидува на овој локалитет да никнат 30-тина колективни згради, деновиве ја разбранува охридската јавност. Општината и покрај решенијата за привремена забрана за урбанизацијата во населбата Бејбунар од страна на Министерството за транспорт и врски и Управата за заштита на културното наследство, одлучи да го прифати ваквото урбанистичко решение. Советот на Општина Охрид го изгласа деталниот урбанистички план за урбана единица 8, што предизвика остри реакции од ВМРО-ДПМНЕ, од каде велат дека целата постапка е незаконска и претставува кривично однесување.

- Градоначалникот Александар Петрески свесно ги прекрши правните нормативи што владеат во Р Македонија. Зошто и покрај одлуката и забраната од страна на Министерството за транспорт и врски да не се гради на оваа локација, упорно се настојува на мала врата да се протне оваа одлука. Кој од ова има најголем интерес. Дали градот или градоначалникот, изјави охридскиот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Цветко Грозданов кој најави кривична пријава против градоначалникот Петрески.

Од Општината, пак, тврдат дека се работи за уште една намерна постапка на централната власт со која се попречува и забавува развојот на Охрид. "Само по основ на комуналии од изградбата на населбата во Бејбунар ќе се инкасираат 10 милиони евра во општинската каса, велат градските власти.

http://vecer.com.mk/?ItemID=28960A517C56FD4E9ADE11A6CD96D142

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12197
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 27-Oct-2008 at 01:09
Знае некој каде е ова Бејбунар?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 27-Oct-2008 at 01:11
Изволте: 41° 7'2.01"N  20°49'32.02"E

Edited by lslcrew - 27-Oct-2008 at 01:12
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 54>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.406 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.