build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Урбанистички планови (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбанистички планови (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3839404142 48>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #781 Posted: 09-Jan-2016 at 13:07
Кметот Стевчо ќе ја уништи последната шанса за Општина Карпош да добие адекватен парк, голема зелена површина, уредена од општински пари, која би била своевидно продолжение на Градскиот парк. Со други пропратни содржини, овој дел би било омилено катче за карпошовци. Јас имам живеено во овој дел на Скопје и знам дека парк недостига, а има простор за да се реализира вакво нешто.

По мое, ваква локација е злосторство да се претвори во поле за изградба на нови станбени згради!
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2446
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #782 Posted: 09-Jan-2016 at 13:20
A што предвидуваше претходниот план?

Многу одамна имам видено еден план кој предвидуваше парк, налик на градскиот, со езерца и сл. Потоа дојде некој проект (мислам и на форумов го има) за нешто као мини-београд на води покрај Палас... ама официјален план немам видено.

---------

btw, Стефче стално бил опуртуниста... онаа уткана Влајко стално ќе ми биде во сеќавање.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5071
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #783 Posted: 09-Jan-2016 at 19:09
Nego ima li nekoi izmeni vo urbanistickite planovi vo aerodrom vo delot kaj micurin. Predvideni li se nekoi novi objekti.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7256
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #784 Posted: 09-Jan-2016 at 20:00
Originally posted by fichot

btw, Стефче стално бил опуртуниста... онаа уткана Влајко стално ќе ми биде во сеќавање.
сите имаме исто мислење за влајко, ама едно е влајко, а друго е вирусот од станбени кокошарници низ градов кој се шири веќе 20 години
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #785 Posted: 10-Jan-2016 at 12:43
Originally posted by zabegan

Originally posted by fichot

btw, Стефче стално бил опуртуниста... онаа уткана Влајко стално ќе ми биде во сеќавање.
сите имаме исто мислење за влајко, ама едно е влајко, а друго е вирусот од станбени кокошарници низ градов кој се шири веќе 20 години

Она што дефинитивно треба да престанат да го прават локалните самоуправи е да не ги слушаат коментарите на граѓаните во процесот на донесување на Деталните урбанистички планови.

Конкретно во Општина Карпош, на дел од оние ДУП-ови што сега се донесуваат имаше и по стотици анкетни ливчиња. Ај што нема стручна расправа и што директно се оди на јавна анкета за граѓаните, ама од стотици предлози на граѓаните да не прифатиш ниту еден, или промил од нив, тоа само значи дека општината не ги носи урбанистичките планови за граѓаните.

Јас повторно ќе предложам, целиот тој дел од хотелот Александар Палас до ресторан Имес треба да се издигне во голем парк. Единствено разбирање имам за парцелата кај раскрсницата на булевар Илинден и Октомвриска револуција, и евентуално за една хоризонтална линија од објекти покрај самиот булевар Илинден.
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #786 Posted: 10-Jan-2016 at 12:58
Originally posted by BOJAN

Го видов урбанистичкиот план, сосема е ок. И не се бунат сдсм за овој план, туку за планот во тафталиџе кај што се бараките на нивната општинска организација.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #787 Posted: 10-Jan-2016 at 13:11

Не удави со СДСМ. Ебати животот во кој опсесија ти е СДСМ...
Back to Top
Antonov View Drop Down
Groupie
Groupie

Joined: 10-Jan-2016
Online Status: Offline
Posts: 72
  Quote Antonov Quote  Post ReplyReply #788 Posted: 10-Jan-2016 at 13:21
Проблемот е со ДУП за Тафталиџе 1 кај пазарот, а не за кај објектите на општинската организација на СДСМ, тој ДУП е донесен уште од пред неколку години и нема ништо спорно тука. Спорни се изградбата на бензиска пумпа веднаш до пазарот (помеѓу Форца и пазарот) и улица која ќе ги уништи двете мали паркчиња.

Иначе во однос на урбанистичкиот план кај Борис Трајковси тука требаше да се изградат станбени објекти од страна на една израелска компанија, но на јавниот повик тие не учествуваа т.е. претходно ДУП за овој дел беше изготвен на нивно барање, тие не учествуваа и ништо не бидна од тоа.
Иначе можам уште од сега да кажам дека кај Борис Трајковски ќе се градат згради на Адора.
Тие требаше да се градат во Карпош 4, но ништо од тоа. Тие сега ќе имаат нова локација и ќе бидат долж течението на Вардар. Исто така и кај делот на кејот на Вардар кај Карпош 4 ќе има згради.
И да не се лажеме дека овој ДУП е донесен директно од страна на Јакимовски. Овој ДУП го носат советниците на ДПМНЕ. Јакимовски во многу наврати за медиуми збореше дека нема ниту едно парче зеленило да се узурпира од Општината.
Впрочем нов градоначалник на Општина Карпош е Сашо Лазаревски.
Претходно пишував за ова, а најдобро знае jvation.
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #789 Posted: 10-Jan-2016 at 13:31
Originally posted by pbanks

Не удави со СДСМ. Ебати животот во кој опсесија ти е СДСМ...

Никогаш мојот интелект не би дозволил да ми биде опсесија сдсм, инаку како да напишам кога сдсм реагира за донесувањето на дуп кој ги тангира нивните бараки. Да напишам една партија реагира за еден дуп поради едни бараки. Смешна е констатацијата, првин не ми дозволувате да зборам за Жерновски, ми бришевте постови, па сега го ословувам како еден градоначалник, мене лично ме заболе и за сдсм и за градоначалникот, ако убаво ги прочиташ моите постови ќе видиш дека во 99% ги нема ниту едните ниту другите, неколку пати само сум ги спомнал жерновски, сдсм и црпко. Од друга страна не те видов да реагираш вака принципиелно на членови од кој едниот е модератор, на кои што секој втор пост им е гнасно плукање на валадата, вмро, мвро, грујо, фирерот, и да не набројувам. Јас најмалку стопати сум реагирал дека нивните натписи се партиски, долни и навредливи, а ти ниту еднаш, ова се вика двојни стандарди.

Edited by King - 10-Jan-2016 at 13:33
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #790 Posted: 10-Jan-2016 at 14:23

Сосема ми е јасно дека нема аир да ти го објаснувам проблемот, тоа го знаеме и од твоите други инкарнации. Тоа би била навреда за мојот интелект.

Поголемиот број постови ти ги имам прочитано, иако не коментирам активно следам одредени дискусии. 99% ти се политички и тоа на прилично вулгарен начин. Дали пишуваш од штаб или немаш врска со партија а имаш изразена желба да „изгинеш“ за нечиви политики не е ни битно, резултатот е тој.

Кога би бил тука да дискутираш за Скопје, не би се занимавал ниту со СДСМ, ниту со ВМРО ниту со другите кои се занимаваат со СДСМ и ВМРО, туку би се занимавал со суштината на проблемите и со нудење на свои гледашта за решение за проблемите.

Чисто информативно, дискусијата нема да ја продоложам независно од одговорот (доколку го има), веќе изгубив неколку минути на пишување на овој пост што е далеку над мојот дозволен дневен лимит на политички ПМ10.

Edited by pbanks - 10-Jan-2016 at 14:31
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #791 Posted: 10-Jan-2016 at 17:09
СДСМ си тера со своја политика за ДУП-овите за Тафталиџе 1 и за Карпош 3. Од утре ќе ги видиме нивните аргументи и аргументите на засегнатите граѓани. Кинг, јас не коментирам нешто што немам видено. Конечната верзија на ДУП-овите за овие две населби уште не е објавена од администрацијата на Општина Карпош.

Она што јас го коментирав е сосема друг урбанистички план кој е во фаза на донесување и за кој може да се дејствува, а тоа е планот што го опфаќа Кејот на Вардар во Општина Карпош. Она што го коментирам произлегува од она што е објавено официјално на веб-страницата на Општина Карпош.
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #792 Posted: 10-Jan-2016 at 18:38
Originally posted by BOJAN

СДСМ си тера со своја политика за ДУП-овите за Тафталиџе 1 и за Карпош 3. Од утре ќе ги видиме нивните аргументи и аргументите на засегнатите граѓани. Кинг, јас не коментирам нешто што немам видено. Конечната верзија на ДУП-овите за овие две населби уште не е објавена од администрацијата на Општина Карпош.

Она што јас го коментирав е сосема друг урбанистички план кој е во фаза на донесување и за кој може да се дејствува, а тоа е планот што го опфаќа Кејот на Вардар во Општина Карпош. Она што го коментирам произлегува од она што е објавено официјално на веб-страницата на Општина Карпош.

Бојан апсолутно не ти приговарам за твојот начин и стил на изразување, ниту за твоите експлицитни политички искажувања, ми засмета коментарот од некој кој се претставува политички независен дури и политички незаинтересиран, а сегокаш ги приметува, коментира и санкционира само одредени про или против политички ставови, што е крајно некоректно, посебно ако тој некој е админ.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #793 Posted: 10-Jan-2016 at 20:10
Останува опцијата за површината до Кејот на реката Вардар во Општина Карпош да се направи парк со езерца и евентуални спортски содржини кои би ги дополниле она што во моментов го нуди Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Кога мислам на парк, мислам на нешто налик на Градскиот парк. Граѓаните на Општина Карпош ова го заслужуваат, кои и онака се континуирани посетители на самиот Кеј на реката Вардар.

СТОП за изградбата на станбени згради на секоја слободна локација во Скопје.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7256
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #794 Posted: 10-Jan-2016 at 22:23
Originally posted by BOJAN

Originally posted by zabegan

Originally posted by fichot

btw, Стефче стално бил опуртуниста... онаа уткана Влајко стално ќе ми биде во сеќавање.
сите имаме исто мислење за влајко, ама едно е влајко, а друго е вирусот од станбени кокошарници низ градов кој се шири веќе 20 години

Она што дефинитивно треба да престанат да го прават локалните самоуправи е да не ги слушаат коментарите на граѓаните во процесот на донесување на Деталните урбанистички планови.

Конкретно во Општина Карпош, на дел од оние ДУП-ови што сега се донесуваат имаше и по стотици анкетни ливчиња. Ај што нема стручна расправа и што директно се оди на јавна анкета за граѓаните, ама од стотици предлози на граѓаните да не прифатиш ниту еден, или промил од нив, тоа само значи дека општината не ги носи урбанистичките планови за граѓаните.

Јас повторно ќе предложам, целиот тој дел од хотелот Александар Палас до ресторан Имес треба да се издигне во голем парк. Единствено разбирање имам за парцелата кај раскрсницата на булевар Илинден и Октомвриска револуција, и евентуално за една хоризонтална линија од објекти покрај самиот булевар Илинден.
станбени објекти не поддржувам буквално никаде, освен ако не е нешто што не сме го виделе до сега, што би го кренал квалитетот на становите во Скопје
едноставно мора да сопре некогаш богатењето на неконтролираната изградба на станови и гниењето на градов како целина само поради нив
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #795 Posted: 11-Jan-2016 at 10:52
Ама луѓе, нема спас од оваа работа додека не се воведе врховно тело, некој совет на архитекти кој додека не удри печат не може ништо да се гради.
Јас дури би им дал овластување да коментираат и спречат некоја градба заради својот надворешен изглед, а не само заради урбанистички нормативи.
Од чаламот си патиме!
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2446
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #796 Posted: 11-Jan-2016 at 23:07
Да, уште кога би живееле во некаква си утопија каде тоа тело не би било подложно на корупција...
Порано (90ти) имаше и министерство за урбанизам, и градски архитект ако не се лажам, па пак беше анархија т.е. баш во тој период почнаа доградби (и дивоградби) од секаков тип, згради со сомнителен квалитет и мизерен изглед, лепење клими кај ти прдне, отварање или заѕидување прозорци и тераси итн.
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #797 Posted: 11-Jan-2016 at 23:26
Originally posted by fichot

Да, уште кога би живееле во некаква си утопија каде тоа тело не би било подложно на корупција...
Порано (90ти) имаше и министерство за урбанизам, и градски архитект ако не се лажам, па пак беше анархија т.е. баш во тој период почнаа доградби (и дивоградби) од секаков тип, згради со сомнителен квалитет и мизерен изглед, лепење клими кај ти прдне, отварање или заѕидување прозорци и тераси итн.

Првпат се согласувам со тебе во целост.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #798 Posted: 21-Jan-2016 at 09:09
ВЛАДАТА ЌЕ ОДЛУЧИ ШТО ЌЕ СЕ ГРАДИ ВО ГРАДСКИ ПАРК

Деспина Трајковска-Димова

Владата ќе одлучи што ќе се гради на местото на бараките на Град Скопје во Градски парк. И за наменета и за катноста, последниот збор ќе го даде Владата, бидејќи проценила дека станува збор за локација од јавен интерес. Ова вчера го појаснија надлежните од Општина Центар кои ги презентираа планираните измени во ДУП-от за реонот од „Илинденска“ до Вардар.

„Ние немаме никакво влијание за посочената локација, се' ќе биде одлука на Владата. ДУП-от за тој дел ќе го изработи Министерството за транспорт и врски. Според наши сознанија, таа постапка се' уште не е започната. Инаку, колку да знаат заинтересираните граѓани, тој дел од планот воопшто и не оди на јавна анкета“, рече вчера Благоја Тагасовски од „ИНПУМА“, кои се изработувачи на измените на планот.

Тој потсети дека до скоро на местото на бараките била предвидена катна гаража, но оти неодамна со владина одлука било решено таму да се гради нешто друго. А што, досега нема официјални информации.

Инаку, во ДУП-от, генерално нема некои поголеми измени. Објектот на „Кермес“ ќе си остане во истите граници и габарит, се задржуваат објектите на „Опатија“, „Езерце“, како и објектот и терените на тенискиот клуб „Југ“... На четирите згради на потегот од Влада кон градски стадион, градени во 1947 година, ќе им се дозволи надградба од кат и потпокрив, како и проширување на терасите за 3 метри. По барање на Сстанбеното претпријатие, кое стопанисува со арената „Филип Втори“, до стадионот е предвиден простор од околу 3.000 квадрати за репортерски возила.

Со предложените измени, предвидени се четири ленти за „Ленинова“, што значи проширување на постојната улица за две ленти, а во план е и проширување на уште една споредна улица. Некои од сегашните еднонасочни улици, пак, предвидено е повторно да станат двонасочни.

ДУП-от е изложен до 26 јануари во просториите на ООУ „Коле Неделковски“ секој работен ден од 8 до 16 часот. Од Општината не ја исклучија можноста јавниот увид да биде продолжен со оглед на тоа дека поради технички причини, граѓаните немаа пристап до планот неколку дена. „За 10 дена има само два анкетни листа. Но, доколку постои интерес, верувам дека градоначалникот ќе дозволи продолжување на рокот за јавниот увид“, посочија вчера од Центар.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=AFB2F337C8737A40AC990CEE7EC045A2
За сè има вторпат
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #799 Posted: 21-Jan-2016 at 11:33
Јакимовски ќе го претвори Карпош 4 од еколошки рај во паркиралиште

Жителите од скопската општина Карпош 4 бараат од градоначалникот Стевчо Јакимовски и од советниците да го повлечат предлогот за новиот Детален урбанистички план (ДУП), со кој, како што објаснуваат, ќе се намалат зелените површини и ќе се загрози квалитетот на живеењето во населбата. Тие, своето писменото барање што го доставија до Општина Карпош, го поткрепија и со студија, финансирана од УСАИД, а во која е потенцирано дека овој нацрт - ДУП е спротивен на препораката од Генералниот урбанистички план за Град Скопје: да не се уништува парковото зеленило и дека според новите измени, постои непотребно зголемување на бројот на јавни паркинзи.

Според студијата за Карпош 4, оваа населба сега е „пример за еколошки чиста и архитектонско-урбанистички функционална населба“.
„Иако локациски е поставена во рамките на три магистрални улици со висок интензитет на движење, се карактеризира со висок степен на парковско зеленило, кое ги апсорбира негативните последици од сообраќајниците-загаден воздух, бучава, експонирање на населбата на преголема посетеност и џагор, немање простори за рекреација, силни ветрови и струења и сл. Од еколошки аспект населбата е чиста и зачувана, содржи високи дрвја со скапоцена старост и пејзажна убавина. При поставување паркинзи на просторите на зеленило (како во предложената урбанизација), се нарушува целиот концепт на домување во населбата и таа ќе има потреба од повеќе зелени простори. Со поставување на овие паркинзи (кои според наведените анализи за паркинзи не се потребни), населбата уште повеќе ќе биде изложена на рандом посетители, со цел да ги паркираат своите возила, истовремено просторно упатени кон трговскиот центар Сити мол“, пишува во студијата.

Во студијата е наведено и дека оваа градска четврт има многу повеќе зеленило отколку другите населби, но, како што се вели, тоа не смее да биде причина зеленилото да се уништи.

„Не треба да се гради во планскиот опфат за тој да кореспондира со соседните населби (кај кои фалат зелени површини и простори за спорт и рекреација), туку треба еколошки да се разгледаат соседните населби, со тоа што истите би кореспондирале со населбата Карпош 4“, наведуваат експертите што ја изготвиле студијата.

Според студијата, во оваа населба не смее да се зголемува ниту висината на објектите „поради опасноста некои објекти да бидат во критична состојба за сончева светлина со што губат од својата вредност и се со некомплетни услови за домување“.
„Населбата Карпош 4 е изградена населба со комплетна инфраструктура, која е планирана за постојниот процент и коефициент на изграденост. Со зголемување на истите, ќе се наруши и инфраструктурната мрежа односно таа нема да ги задоволува потребите во ново планираната состојба“, потенцираат експертите.

Во студијата е наведено и дека во последните неколку години, поради постојаното зголемување на процентот на изграденост во Град Скопје, нивото на јавно парковско зеленило е значително намалено и е доведено до критичен стадиум.

Жителите од населбата Тафталиџе минатата недела уште еднаш упатија барање до градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, да не го спроведува новиот Детален урбанистички план, за кој, како што тврдат, имаа многу приговори уште во фазата на донесување.

- Со новиот ДУП треба да се пробие двосмерна улица од булеварот Партизански одреди, да помине покрај пазарчето во Тафталиџе и да излезе кај ресторанот „Форца“. На почетокот на оваа улица, во близина на Партизанска се предвидени две нови згради, и нам не би ни сметало за нив да има приод, но не сфаќаме зошто улицата и понатаму продолжува, низ зелените површини, речиси до самите наши прозорци - велат од Иницијативниот одбор за спас на зеленилото во Карпош.
За новиот детален урбанистички план реагираа и жителите од Карпош 3. Тие заедно со жителите од Тафталиџе најавуваат протести и затворање на улицата Партизанска ако надлежните не покажат слух за нивните барања.

http://plusinfo.mk/vest/54945/jakimovski-kje-go-pretvori-karposh-4-od-ekoloshki-raj-vo-parkiralishte
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2446
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #800 Posted: 21-Jan-2016 at 18:26
Четири ленти за Ленинова? wtf!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3839404142 48>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down

This page was generated in 0.297 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.