build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбанистички планови (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 41424344>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1729
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #841 Posted: 30-Oct-2018 at 07:37
Кај завод за рехабилитација во Капиштец се гради турбо. Грдосии од 8 ката на улица каде има само куќи и една зграда од 5. Ако веќе имало една зграда изградена пред 15-20 години од 5 ката морале да го задржат нивото. Се гради на 100% од маркицата до самиот тротоар и објектите не се обезбедени, оградени, кој сака може да влезе...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #842 Posted: 01-Feb-2019 at 12:58
Не најдов тема за Шапка или за ски-центри. На линков има слики од плановите.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1889
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #843 Posted: 02-Mar-2019 at 17:17
Ново градско лице кај новата железничка станица



Завршија јавната презентација и анкетата за деталниот урбанистички план градска четврт И09 – нова железничка станица во делот за општината Центар. Бидејќи планот опфаќа и дел за Аеродром и за него допрва ќе следуваат јавна презентација и анкета. Центарци веќе ги дадоа своите забелешки, барем оние што го видоа планот и сега им останува на надлежните да ги сумираат, анализираат и евентуално да ги вградат во предвидениот план. Планот опфаќа површина од 8,51 хектари во градската четврт нова железничка станица. Се предвидува изградба на нови станбени и деловни објекти, зелени површини и единици за здравствена и социјална заштита. Притоа, во делот на општината Центар планот предвидува инфраструктура и станбени згради, а во делот на општината Аеродром големи трговски единици и единици за здравствена и социјална заштита, а истиот тој предвидува и паркови и зеленило на територијата на двете општини.

Конечниот предлог-план по деталниот урбанистички план градска четврт И09 за новоформираната градска четврт беше на јавна презентација во просториите на општината Центар. Граѓаните можеа да видат и кои се границите на опфатот. Северната граница се движи по оската на булеварот Кузман Јосифовски-Питу, на југоисток границата оди по должината на улицата Борис Кидрич. Југозападната границата се движи по оската на Третата македонска бригада и на северозапад по крајната линија на улицата Никола Карев, која оди во иста линија со Железничката станица и Маџир Маало.

– Со планот се предвидени нова инфраструктура и нови станбени објекти за колективно домување, односно згради. Предвиденото зеленило во рамките на ДУП-от е во обем што би бил можен со постојната состојба, односно таканареченото парковско и заштитно зеленило. На ова место е предвидена изградба на шест објекти со катност П+7, со исклучок на постојниот објект, кој е со катност П+4. Станува збор за објекти за колективно живеење со приземје и плус седум ката во висина, иако според генералниот урбанистички план општината можеше да дозволи П+12, приземје плус дванаесет ката, но одлучивме дека се доволно седум ката. Постојната зграда на тој дел е П+4, приземје плус четири ката, објект на кој му дадовме да се направи доградба. Објектите се блоковски решени – објаснуваат од општината Центар.
Оттаму додаваат дека јавната анкета на планот И09 за општината Центар заврши заклучно со 27.2.2019 година. По сумирањето на сите забелешки што ги доставиле граѓаните, истите тие ќе се анализираат, сумираат и евентуално – ќе се вметнат во идниот план.

Од општината Аеродром сѐ уште не ја завршиле јавната анкета за својот дел и тоа допрва ќе го направат. Неофицијално дознаваме дека повеќето од забелешките на овој план се однесуваат на делот за Аеродром, бидејќи таму се предвидени комерцијални објекти, куќи, згради и хостели. Какви ќе бидат забелешките на аеродромци ќе се знае откако делот за Аеродром ќе ја помине јавната презентација.

– Овој план е заеднички со општината Центар. Делот од Центар беше ставен на јавен увид, а делот што се однесува на Аеродром ќе биде ставен на јавен увид набрзо кога на увид ќе бидат презентирани сите детали од страна на стручното лице – планерот, за што јавноста ќе биде навремено информирана – ни одговорија од општината Аеродром.

Досега само за мал дел од опфатот на овој план постоела планска документација, бидејќи со генералниот урбанистички план на градот Скопје од 2002 година овој опфат бил третиран како зона со намена на површини за сообраќај и врски. Со генералниот урбанистички план од 2012 година овој опфат ја менува намената и се формира градска четврт И09 – нова железничка станица.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/ново-градско-лице-кај-новата-железнич/


--------------------------------------------------------------------
Не ми е јасно на кој дел планираат да прават згради со катност П+7??
Back to Top
Théoden View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 38
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #844 Posted: 03-Mar-2019 at 00:10
Originally posted by stef4o


--------------------------------------------------------------------
Не ми е јасно на кој дел планираат да прават згради со катност П+7??


На место на куќите покрај 3-та македонска бригада. Има еден предлог план на страницата на Општина Аеродром:
http://www.aerodrom.gov.mk/page/urbanistichki
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1889
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #845 Posted: 07-Mar-2019 at 19:17
Ќе се гради трговски центар и згради кај депото на „пајакот“

Завршија јавната презентација и анкетата за деталниот урбанистички план градска четврт И09 – нова железничка станица во делот за општината Центар, пишува Нова Македонија.
Бидејќи планот опфаќа и дел за Аеродром и за него допрва ќе следуваат јавна презентација и анкета. Центарци веќе ги дадоа своите забелешки, барем оние што го видоа планот и сега им останува на надлежните да ги сумираат, анализираат и евентуално да ги вградат во предвидениот план. Планот опфаќа површина од 8,51 хектари во градската четврт нова железничка станица. Се предвидува изградба на нови станбени и деловни објекти, зелени површини и единици за здравствена и социјална заштита. Притоа, во делот на општината Центар планот предвидува инфраструктура и станбени згради, а во делот на општината Аеродром големи трговски единици и единици за здравствена и социјална заштита, а истиот тој предвидува и паркови и зеленило на територијата на двете општини.

Конечниот предлог-план по деталниот урбанистички план градска четврт И09 за новоформираната градска четврт беше на јавна презентација во просториите на општината Центар. Граѓаните можеа да видат и кои се границите на опфатот. Северната граница се движи по оската на булеварот Кузман Јосифовски-Питу, на југоисток границата оди по должината на улицата Борис Кидрич. Југозападната границата се движи по оската на Третата македонска бригада и на северозапад по крајната линија на улицата Никола Карев, која оди во иста линија со Железничката станица и Маџир Маало.

– Со планот се предвидени нова инфраструктура и нови станбени објекти за колективно домување, односно згради. Предвиденото зеленило во рамките на ДУП-от е во обем што би бил можен со постојната состојба, односно таканареченото парковско и заштитно зеленило. На ова место е предвидена изградба на шест објекти со катност П+7, со исклучок на постојниот објект, кој е со катност П+4. Станува збор за објекти за колективно живеење со приземје и плус седум ката во висина, иако според генералниот урбанистички план општината можеше да дозволи П+12, приземје плус дванаесет ката, но одлучивме дека се доволно седум ката. Постојната зграда на тој дел е П+4, приземје плус четири ката, објект на кој му дадовме да се направи доградба. Објектите се блоковски решени – објаснуваат од општината Центар.

Оттаму додаваат дека јавната анкета на планот И09 за општината Центар заврши заклучно со 27.2.2019 година. По сумирањето на сите забелешки што ги доставиле граѓаните, истите тие ќе се анализираат, сумираат и евентуално – ќе се вметнат во идниот план.

Од општината Аеродром сѐ уште не ја завршиле јавната анкета за својот дел и тоа допрва ќе го направат. Неофицијално дознаваме дека повеќето од забелешките на овој план се однесуваат на делот за Аеродром, бидејќи таму се предвидени комерцијални објекти, куќи, згради и хостели. Какви ќе бидат забелешките на аеродромци ќе се знае откако делот за Аеродром ќе ја помине јавната презентација.

– Овој план е заеднички со општината Центар. Делот од Центар беше ставен на јавен увид, а делот што се однесува на Аеродром ќе биде ставен на јавен увид набрзо кога на увид ќе бидат презентирани сите детали од страна на стручното лице – планерот, за што јавноста ќе биде навремено информирана – ни одговорија од општината Аеродром.

Досега само за мал дел од опфатот на овој план постоела планска документација, бидејќи со генералниот урбанистички план на градот Скопје од 2002 година овој опфат бил третиран како зона со намена на површини за сообраќај и врски. Со генералниот урбанистички план од 2012 година овој опфат ја менува намената и се формира градска четврт И09 – нова железничка станица.

https://skopjeinfo.mk/kje-se-gradi-trgovski-centar-i-zgradi-kaj-depoto-na-pajakot-0?fbclid=IwAR3keb3jAqWRLkYEtZHLVLhwvTYAe5sOXsJxmmb_Z2BwxBfNhXokYG5pw7M
-----------------------------------------------------------------

На градот не му треба ништо друго освен згради и трговски центри.
Конкретно Аеродром ајде да го земеме Мичурин пред се има потреба од градинка,од нови паркинзи,реконструкција на инфраструктура и ред други работи.
Аеродорм нема средно ама затоа бројот на згради од ден на ден расте.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1470
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #846 Posted: 07-Mar-2019 at 20:49
Сѐ повеќе од две згради П+4 во Центар и градинка и парк во Аеродром е дополнително угушување на централниот дел од градот. Само згради, згради, згради. Едвај чекам да пукне и балонот и градот.

Како би изгледал планот во корист на Скопје и жителите


Како ќе изгледа планот (веројатно сѐ е двојно поголемо) во корист на малата група профитери за кои Скопје е перална за пари, а не град
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11997
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #847 Posted: 11-Mar-2019 at 09:26
Скопје има можност за урбан комплекс „Сонце“

Во урбанистичката практика се применува сè поголемо зголемување на квантитетот на објектите, со цел добивање поголема изградена површина, која овозможува поголем профит од изградените објекти, а тоа е најчесто присутно кога се предвидуваат нови објекти со релативно големи волумени во близина до постојните, со едновремено намалување на квалитетот на живеењето во соседните објекти, со што во целина се намалува квалитетот на урбаната средина. Сè почесто се предвидуваат линеарни блокови долж сообраќајниците, плус се додаваат еркери на објектите, со што уште повеќе се намалува сообраќајниот профил, а со тоа се намалува можноста за соодветно проветрување на просторот, со што од урбанистички аспект се применува неповолно лоцирање на објекти и таа состојба иницира потреба од измена на таквата практика.



Тој тренд е изразен во Скопје, кој во последно време има непријатен рекорд во светски рамки во поглед на загаденост на воздухот, а со лоцирање на новопредвидени објекти се придонесува за намалување на струењето на воздухот и крајно време е да се реагира за менување на законската регулатива, со цел да се овозможи зголемување на квалитетот на просторот. Натамошно мотивирање на квантитетот најмалку е потребно на Скопје и другите градови во Македонија, но напротив треба да се промовира квалитет на просторот потпирајќи се на континуитетот на традиционалните вредности на архитектурата и урбанизмот, со специфични хумани карактеристики и во таа насока треба да се одвива трансформацијата на современата урбана средина, со вклучување на повеќе вегетација, помалку енергија, примена на еколошки принципи и промовирање на одржлив развој и зголемување на квалитетот на урбаната средина.

Тоа треба да се применува на сите нивоа во обликувањето на урбаната средина, во секој нов урбанистички план и секој нов објект, а наместо квантитет да се промовира квалитетот на средината.

Во делот на подготовка и изработување на урбани концепти на детални урбанистички планови и при изработување на идејни решенија на архитектонски објекти треба да се применува принципот на организирање на објективни урбанистички и архитектонски конкурси со поголем број учесници, за да може да се споредуваат идеи и да се вреднува оптимално идејно решение, со примена на објективни критериуми и систем на вреднување на урбанистички и архитектонски простори. Во основа, треба да се промовираат урбанистички и архитектонски конкурси за добивање идејни решенија, урбанистички и архитектонски концепти, со оглед дека се работи за креативен процес кој е резултат на работа на поединци или тим архитекти и треба тие да бидат примарни, а не фирмите каде се вработени (а кои се битни за организирање на изработката на основни проекти на архитектонските објекти).

Натаму после завршување на конкурсите и избор на првонаграден труд, според објективни критериуми и индикатори, право на авторот-архитектот на првонаградениот труд е да избере фирма каде ќе го изработува основниот проект и за таа активност потребни се соодветни овластувања, кои ги издава Комората на овластени архитекти и овластени инженери.

Принципот на конкурси за идејни решенија треба да се применува особено во Скопје, како град на промени, контрасти, град со нетипичен урбан развиток, кој го прекинал развојот на урбаното ткиво неколкупати во својата историја и продолжил да се трансформира низ времето. Градот се создава со генерации, со вклучување на многу творци и секој на свој начин дава одреден белег на градот. Урбаниот изглед и архитектурата се одраз на секое време.





Приказ на позицијата на локалитетот во ткивото на градот Скопје

Во моментот актуелен е урбанистичкиот план и проект на обликување на урбаниот локалитет спроти хотелот „Холидеј Ин“, а со оглед на позицијата на локалитетот во рамки на градот Скопје, се креира предлог-концепт за организирање на просторот, како придонес при изработување на урбанистичкиот план на предметниот локалитет во ткивото на градот Скопје.

При изработка на урбанистичкиот план за локалитетот односно при проектирање на идејниот проект, треба да се третира целината на урбаниот локалитет, со цел да се оформи урбанистичка целина на структурата, а реализацијата е поврзана со етапноста на решавање на имотно-правните односи и динамиката на реализација, поврзани со финансиски средства за реализација на планираните и проектираните капацитети на комплексот со повеќе намени, кој одговара на позицијата во рамки на централниот дел на градот.

Битен аспект на обликување е обезбедување мерило на предвидените архитектонски структури во корелација со околните објекти, при што се констатира дека висината на постојните околни објекти (кулите на Градски ѕид, зградите на хотелот „Холидеј Ин“, Работнички дом и Комплексот банки) се во рамки на височина од П + M + 12 (односно 14 ката или околу 40 метри височина на објектите), што за Скопје со оглед на сеизмичката активност е соодветна и нема потреба да се прави натпревар во зголемување на височината. Тоа ќе биде почитувано во предлогот за обликување на предметниот комплекс.

Предметниот локалитет се согледува како просторна целина – урбанистичка и архитектонска, со оглед на значењето и позицијата на локалитетот во подрачјето на градот Скопје, со повеќенаменски содржини во функција на градското живеење, со акцент на користење на партерот со содржини од јавен интерес, за различни групации граѓани.

Со оглед на обликот на локацијата ограничена со сообраќајници, оптимално е ако се организира целина на структурата на комплексот и тоа иницира предвидениот концепт да биде во облик на сонце, со оглед на симболиката на сонцето како извор на енергија и светлина, кое како симбол има големо значење за поднебјето на Македонија. Базичната форма се обликува со централно јадро кое зрачи енергија и со систем на зраци од центарот (во конкретниот концепт со осум зраци), кои во просторот се поврзани со потребата да се организираат трактови со содржини за различни намени.





Симбол на сонце како концепт за организирање на комплексот

Кругот како базичен облик на концептот и радијалните трактови се основа за организирање на комплексот. Средниот дел на структурата е цилиндричен волумен со висина максимум 14 катови. Осумте трактови се терасесто третирани со различна косина односно агол на поставеност на терасите, со изразено присуство на вегетација во структурата, со примена на зелени фасади и кровови. Со оглед на радијалната поставеност на трактовите истите не се паралелно поставени и имаат триаголни меѓусебни релации, заради подобро проветрување и осончување на локалитетот. Таквата поставеност е важна со оглед на состојбата со загаденоста на воздухот, а присуството на вегетација во структурата е поволна и е во функција на подобрување на квалитетот на живеењето.



Организација на комплексот „Сонце“ со терасести трактови со вегетација

Во приземјето на комплексот се предвидени влезните делови на трактовите и има пристап до вертикалните комуникации, со содржини од различен карактер, во првите неколку нивоа со предвидување јавни, комерцијални и деловни содржини, следуваат делови со содржини за домување, со предвидување на тераси со вегетација, со што се доближува заедничкото домување со квалитетите на семејната куќа со тераси со минидвор пред станбениот простор.

Локалитетот има предвидени соодветни поврзувања со јавниот транспорт и на Кеј 13 Ноември се нудат различни можности (може и етапни) со подземен јавен транспорт, површински трамвај или висечки јавен транспорт (систем Sky Way), а се во зависност од можностите за примена на современи системи.

На првото ниво се предвидува пешачка комуникација како врска на Градскиот трговски центар кон делот на Веро центарот и надвозник над Булеварот „Кочо Рацин“, во функција на подобрување на пешачкото движење.

Во подземните делови на комплексот се предвидуваат подземни паркинг- простори на повеќе нивоа, со отвори за вентилација и осветлување и со вегетација, со оптимално движење на автомобилскиот пристап и паркирање.

Во источниот дел на локалитетот се предвидува организирање на Музеј на солидарноста, кој како намена недостасува во одбележувањето на дел на развојот на градот и како потсетување на процесот на солидарноста, по повод катастрофалниот земјотрес од 1963 година и третман на Скопје како град на солидарноста. Во тој дел се предвидува Фонтана на солидарноста и Амфитеатар на солидарноста, со можност за користење во различни поводи и среќавање на граѓаните во јавен простор за комуникација. Градот треба да има таков простор како дел од меморијата на просторниот развој на градот.



Предлог-концепт на обликување на Комплексот „Сонце“ во Скопје

Со предложениот концепт на организирање на Комплексот „Сонце“, се организира урбана целина за различни намени, со предвидување оптимална височина и волумени на објектите, со присуство на вегетација во партерот во ободот на локалитетот, на фасадите и со предвидување зелени кровови, со што се зголемува вегетацијата во локалитетот. Со примена на соларни колектори оптимално се користи сончевата енергија, се предвидува рационално користење на енергијата со енергетска ефикасност, се предвидува примена на еколошки материјали за изведба на структурите, со терасести организирани трактови, со што се организира соодветен урбанистички и архитектонски простор на комплексот и се промовира квалитет на урбаниот простор.

Автор: проф. д-р Мирче КОКАЛЕВСКИ, дипл. инж. арх.

https://www.porta3.mk/skopje-ima-mozhnost-za-urban-kompleks-sonce/?fbclid=IwAR2MnS9NrCcwL9f1-hA6ubZKtt3aLIvBes-GRYV-qaJsYTBLThTfO4FEwGA
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1889
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #848 Posted: 15-Mar-2019 at 18:49
Не ми е јасен делот со дворот на гимназија Корчагин зошто ќе ја изгуби истоќната страна,каква улица ќе се гради??

--------------------------------------------------------------------------

Усвоени измените и дополнувањата на ДУП Градска четврт И03 „Мирче Мацан“ и ДУП Градска четврт „Ново Маало“ 1

На вчерашната седница, Советот на Општина Центар ги усвои измените и дополнувањата на деталните урбанистички планови за Градска четврт И03, локалитет „Мирче Мацан“ и Градска Четврт И02, „Ново Маало“ 1. Станува збор за првите два ДУП-а по донесувањето на мораториумот.

Освен усогласување на деталните урбанистички планови со генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012 – 2022 година, дополнително се постигнати и низа придобивки во интерес на жителите. Главен фокус е ставен на зелените површини и искористување на државното земјиште за паркови и детски игралишта, наместо за изградба на објекти.

Така, со изменетиот ДУП Градска четврт И03, локалитет „Мирче Мацан’, површината на јавното зеленило се зголемува на 6383 м2, наспроти предвидените 158 м2 согласно важечкиот план.Во ДУП Градска четврт И02 на Ул:„Кочо Рацин“ каде по претходен план било предвидено изградба на хотел на државно земјиште, пренаменет е целиот простор во парковско зеленило со површина од 2900 м2.

Во плановите, на задолжително зеленило од минимум 20% во рамки на градежна парцела, согалсно Законот за урбано зеленило, се обврзуваат и инвеститорите како предуслов за добивање дозвола за градба. Инвеститорите се обврзуваат и потребите за паркирање да ги остварат во рамките на својата парцела, наместо досегашната пракса, согласно важечкиот план, 20% од потребите за паркирање да ги остваруваат на јавен паркинг.

Со измените, парцелата на гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“ кој спаѓа во Градска четврт И03, локалитет „Мирче Мацан“ е зголемена за 12% во споредба со важечкиот план. Притоа, делот од училишниот двор што ќе се одземе од источната страна заради реализација на новопроектираната сообраќајница од ГУП-от, улицата „Мирче Ацев“, ќе се надомести со зголемување на дворот од јужната страна. Во однос на важечкиот план, училишниот двор на гимназијата ќе се зголеми за 808 м2. На оваа површина, актуелниот план предвидуваше станбена зграда.

И двата ДУП-а се комплетно услогласени со стандардите и условите за хумано домување. Така, кај 30 градежни парцели е направено оддалечување на градежната линија од дното на парцелата со цел да се обезбеди подобро осончување, повеќе природна светлина и подобра циркулација на воздухот за идните станари на овие згради. Оддалечувањето е направено според одредбите од Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање, а за сите парцели кои ќе се развиваат во иднина предвидени се пристапни улици.

https://24info.mk/усвоени-измените-и-дополнувањата-на-д/
Back to Top
Théoden View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 38
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #849 Posted: 15-Mar-2019 at 19:40
Originally posted by stef4o

Не ми е јасен делот со дворот на гимназија Корчагин зошто ќе ја изгуби истоќната страна,каква улица ќе се гради??


Според плановите треба да се пробие улица од крајот на 3-та македонска бригада, што ќе минува помеѓу Корчагин и базенот, ќе излезе на Кочо Рацин и ќе продолжи како Мирче Ацев кон ГТЦ.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1470
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #850 Posted: 15-Mar-2019 at 19:43
Вака е решено во претходниот ДУП. Претпоставувам дека е избришана полукружната зграда долу десно.

Добро е што е донесен похуман план, се надевам дека сите ДУП-ови во Скопје ќе се ревидираат, со што ќе станат во корист на граѓаните наместо капиталот, ама има уште простор за напредок. Предложеново продолжение на Трета Македонска Бригада е ужасно и сосема непотребно.


Edited by Staro Skopje - 15-Mar-2019 at 19:45
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Théoden View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 38
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #851 Posted: 15-Mar-2019 at 20:20
Originally posted by Staro Skopje

Вака е решено во претходниот ДУП. Претпоставувам дека е избришана полукружната зграда долу десно.

Добро е што е донесен похуман план, се надевам дека сите ДУП-ови во Скопје ќе се ревидираат, со што ќе станат во корист на граѓаните наместо капиталот, ама има уште простор за напредок. Предложеново продолжение на Трета Македонска Бригада е ужасно и сосема непотребно.


Колку што можам да забележам од предлог ДУП-от презентиран во јули 2018, изгледа како целосно да е напуштена таа опција. Иако според мене идеално би било да се сведе на обична сервисна улица што ќе завршува на Ленинградска.

Полукружната зграда ја нема, но како да има нови на место на булеварот. А вака изгледа како и новозацртана зелена површина да е само на сметка на избришаниот булевар, што за мене не е некое подобрување.

Сепак, ова е само нагаѓање, ова на сликата веројатно не е конечен план и додека не го објават не можеме да знаеме.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1470
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #852 Posted: 15-Mar-2019 at 22:23
Доста зеленило е зачувано и пред Олимписки базен (колку што можам да разберам), каде во сегашниот план има хотел, а се предвидува зеленило.

Не знам што ќе прават со игралиштата на РЈК. Таму каде што се предвидува улица има бетонско плато со две стативи и два коша забетонирани, кои се користат три пати годишно, па верувам дека нема да биде тешко да ги преместат на југ. Треба некако да го вклопат и паркингот во дворот.

А паркингот кај полицијата и сега е речиси секогаш преполн, кога ќе се изградат сите планирани згради, а ќе го снема паркингот можно е да настане хаос. Не знам како го решиле тоа.

Најдобро би било да се организира голема дискусија „Скопје: од градежен хаос кон грижлив град“ и да се ревидираат сите ДУП-ови, со учество на граѓаните, стручната јавност, невладините организации, правници, економисти, екологисти, властите и градежната фела и да се одлучи како да се подобрат идните градби и да се види што со веќе постоечките за да се минимизира штетата.

И не се само зградите, туку и автомобилите, самиот процес на градба, градежниот шут, ѓубрето и модификациите на станарите кои го зголемуваат урбаниот хаос.

Време е транзицијата да заврши и да градиме модерен град.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 138
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #853 Posted: 16-Mar-2019 at 01:59
Може паркингот спроти QBE да стане паркинг на две нивоа и на тој начин најверојатно би се решил проблемот со паркингот.
Back to Top
Théoden View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 38
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #854 Posted: 17-Mar-2019 at 16:39
Еве го. Повеќе има нови маркички за згради отколку за зеленило. LOL
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #855 Posted: 18-Mar-2019 at 13:10
Добро би било кружниот тек да го направат турбо, слично како кај Католичка, а маркиците до него да се спојат за катна гаража. Не ми е јасно како целиов кварт ќе комуиницира со кружниот, со оглед на тоа што малите улици немаат излез директен на него.

Лошо е ова за Корчагин дефинитивно, но ако биде пропратено со целосно реновирање на школото и на дворот ќе се јаде некако. Улицата сепак е битна, кога веќе другиот крак кон 11 Октомври се брише.

Зеленилото гледам дека само на кружниот и на дел од сегашниот див паркинг ќе го има. Евентуално за тие 20% кај новите маркици да се здружат инвеститорите па да направат некои внатрешни мини паркови, што и не ми изгледа баш веројатно.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1889
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #856 Posted: 26-Mar-2019 at 18:22
Во врска со мораториумот во О.Центар кој беше укинат,што се би можело да се очекува да никне низ општината(се спомнува хотел во Маџир Маало,голем комплекс во Крњево итн)



Edited by stef4o - 26-Mar-2019 at 18:25
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1889
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #857 Posted: 03-Apr-2019 at 18:07
ДУП за Ново Маало(на потегот меѓу Веро Џамбо и Олимписки базен)

Back to Top
Théoden View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 38
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #858 Posted: 03-Apr-2019 at 18:26
Споредба со претходниот:


Двете деловни згради покрај Кочо Рацин сега се станбени, сите други си стојат скоро без никакви измени, само повисоки за 3 метра.

Милина, луѓенца. Laugh

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9025
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #859 Posted: 03-Apr-2019 at 18:27

Без озбилен архитектонски конкурс за квартот, ќе добиеме само уште една епизода на Настел-Адора-Голден Арт и сл.


Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1889
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #860 Posted: 03-Apr-2019 at 18:53
Izmenite se minimalni no veke so godini samo si crtkaat razni visini i formi a na teren situacijata e horor kukite se raspagjaat. A inaku ako resat da go realiziraat planot togas ne ocekuva copy paste od Star Aerodrom.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 41424344>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.297 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.