build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Урбанистички планови (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбанистички планови (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 474849
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2066
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #961 Posted: 31-Jul-2020 at 20:14
Проблемот е што средновековните тротоари се претесни, а зеленило нема. Градот треба да се шири, ама не вака.

На спорното место може да никне супер парк, а отаде булеварот да направат станбена населба со широки тротоари, велосипедски ленти и зеленило. Треба да се размислува и за преселба на Железарница во Илинден и ниски згради на нејзино место.

Набрзинка:
Зелено - парк
Црвено - згради
Портокалово - куќи
Сино - градска болница
Жолто - улица
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 932
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #962 Posted: 31-Jul-2020 at 20:27

Е фала за ова.

Инаку, не реков јас дека треба да биде парк целото и нормално дека не треба да викаме дека требаат паркови на секоја можна локација, туку повеќе се согласував со ставовите за ширината на тротоарите, за непредвиденото зеленило и слично.

Иако, факт е дека Скопје не го задоволува просекот за зеленило на м2 по жител, така да, нормално е дека треба Градот да размислува за нови површини на секоја можна локација. Воедно, кај да е, ќе треба нов ГУП да носат, па ете им добра шанса.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5578
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #963 Posted: 05-Aug-2020 at 14:14
ШТО СОДРЖИ ПЛАНОТ С 15 – БУТЕЛ: Место лозови насади, се планира да никнат згради



Мнозинството во Советот усвои Регулациски план за градска четврт С 15 (Општина Бутел). Со него 9,2 хектари земјиште под лозови насади (доминантно државна сопственост) комотно може да стане станбени згради, иако можеше подобро.

Советничката во Град Скопје, Драгана Велковска вели дека иако постои регулациски план од 2015 година истиот не беше даден на увид на советниците за да може да се направи компаративна анализа и да се утврди квалитативното подобрување на новоусвоениот план.

– Иако во ГУП за оваа четврт има предвидено без малку 0% зеленило, ГУП е флексибилен и допуштено е 3-4% отстапка за јавни намени, што значи дека најмалку толку може да се додаде зеленило. Ако не се користат механизмите за дозволено коригирање на ГУП, донесувањето на регулациски план нема никаква поента, освен побрзо носење на детални планови кои е уште помалку веројатно дека ќе се носат во корист на јавниот интерес – е една од суштинските забелешки на Велковска по, како што вели, консултација што ја направила со експерти за урбанистичко планирање.

Таа смета дека новиот регулациски план не ги решава проблемите кои ги констатирал, а имал шанса зашто има државно земјиште. Според неа, заложбите на планерот се само декларативни, за потоа со графичкиот и нумеричкиот приказ да се протне план кој е целосно спротивен на текстуалното образложение.

– На никаков начин не се гарантира заштита на критичните земјишни ресурси и разумно не се користат со тоа што целосно се пренаменуваат во домување. Планерот си поставува извесни цели и дава препораки (повеќе зеленило за неутрализирање на тропските ноќи) кои не се одразени во графичкиот и нумеричкиот приказ. Таму остануваат само постојните 0,26 хектари (=2600м2) парковско зеленило за повеќе од 6 илјади жители, иако имало шанса да се зголеми поради големото присуство, т.е. 9,2 хектари (92.000 м2) на земјиште под лозови насади веднаш покрај булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ – смета таа.

Според неа, се планираат сервисни улици со минимални тротоари од 1,5 метар на кои кога ќе се стават светилки, корпи итн., не ќе може ни двајца да се разминат.

– Практично, ниту со сообраќаен проект нема да може да се воведат велосипедски ленти внатре во оваа четврт, иако една од декларираните цели на донесување на планот е “насочување на сообраќајниот систем кон користење на еколошки прифатливи средства – нагласува Велковска.

Поради тоа што смета дека овој план нема одржливост, таа предлага истиот да се повлече и унапреди, а предлагачот да ги прифати нејзините забелешки.

– Постои реална опасност во следните две години до донесување на новиот ГУП да се усвојат регулациски планови кои ќе ја уништат и последната шанса Скопје да стане зелен град. Колку што ме држи сеќавањето, скопјани не го дадоа својот глас за такви политики – вели Велковска.

https://www.vecer.press/што-содржи-планот-с-15-бутел-место-лозо/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 417
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #964 Posted: 05-Aug-2020 at 17:03
Максималиситчките позиции на кобајаги загрижените "граѓани" се тоа што уствари го уништува центарот на Скопје. Не е можно секој ДУП до толку да нечини и да мора цело време да се јаде гомна. Наместо да се поддржи изградба на згради во лозјето они и тука најдоа гомна да јадат, кај што е чиста работата. Е со такво понашање само повеќе го загрозуваат Дебар Маало и градот и ништо добро не прават.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4702
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #965 Posted: 05-Aug-2020 at 20:37

А зошто мора згради, а не куќи? Ќе испаднат грди шесткатници посекако, а улиците ќе бидат широки како за запрежни коли и магариња од турско. Нема потреба да се уништи уште една населба.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7315
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #966 Posted: 05-Aug-2020 at 21:45
Originally posted by гитардемон


А зошто мора згради, а не куќи? Ќе испаднат грди шесткатници посекако, а улиците ќе бидат широки како за запрежни коли и магариња од турско. Нема потреба да се уништи уште една населба.
не е висината страшна, колку лошото планирање, еве нека бидат и повисоки зградите, ако не се гетоизирани ко Стар Аеродром на пример, не е толку страшно

знам дека зборам во празно, врвот на архитектурата и урбанистичкото планирање во градов ни е Стар Аеродром, Расадник и слични бљувотини
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 474849

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.281 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.