build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Урбанистички планови и парцели (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбанистички планови и парцели (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 5152535455 64>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19665
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1041 Posted: 16-Dec-2020 at 14:00
Дали ова значи дека 5-те планови кои се донесени не важат односно се враќаат на старо како што биле пред 2017 или не??
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19665
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1042 Posted: 16-Dec-2020 at 18:17
Општина Центар за укинатиот мораториум: Во Уставниот суд да се бара одговорност за се што ќе се случува понатаму со деталните планови

Од скопската општина посочуваат и дека е симптоматично тоа што иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови не ја поднеле жители на главниот град, туку двајца охриѓани
Откако се корегираа одредени планови и се усогласија со важечкиот Генерален урбанистички план (ГУП) на град Скопје, одеднаш пристигнаа и иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на одлуката за неспроведување на деталните урбанистички планови и тоа, внимавајте, не од жители на општина Центар, ниту на град Скопје, туку ни помалку, ни повеќе – од граѓани на Охрид. Со оваа одлука за прифаќање на иницијативата поднесена од двајца граѓани на Охрид и со неприфаќањето на каква било дискусија, ни станува јасно како ќе се одвива дискусијата на уставните судии.

Ова е дел од реакцијата на локалните власти во Центар, откако Уставниот суд денеска повторно донесе времена мерка за укинување на мораториумот за градба во оваа Општина.

Уставните судии одлучија да ја прифатат иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови, што ја донесе Центар во март 2019 година. Времената мерка што ја донесе судот ќе биде на сила додека не се донесе оценка дали мораториумот за градење е во согласност со Уставот и законите.

Одлуката за применување на деталните урбанистички планови, што ја донесе општина Центар, не е иста како претходната туку, напротив, го оценува начинот на кој се спроведуваат деталните урбанистички планови. Тоа значи дека не може да се спроведуваат сите претходни планови чии параметри не се усогласени со ГУП. Согласно со ГУП за Скопје 2012-2022 година, се дефинира дека суштинска карактеристика на системот на урбанистичкото планирање, кој произлегува од Законот за просторно и урбанистичко планирање, е двостепеноста на системот на урбанистичкото планирање на градовите. Двостепеноста се остварува со генерални и детални урбанистички планови, при што во генералните урбанистички планови се одредуваат зоните на намената на земјиштето и функционалната организација на просторот, примарните инфраструктурални мрежи и основните услови за изградба, додека деталните планови служат за разработка и спроведување на генералните урбанистички планови. ДУП, како план од пониско ниво, мора да биде усогласен со ГУП“,објаснуваат од општината.

Локалните власти, исто така, посочуваат дека ГУП 2012-2022 година стриктно наведува дека: „Во периодот од донесување то на ГУП за град Скопје до усогласувањето на деталните урбанистички планови кои ги донесуваат општините во составот на градот Скопје, деталните урбанистички планови кои се на сила можат да се применуваат само и исклучиво во оние делови од планскиот опфат кои се во согласност со ГУП, односно не се спротивни ниту на една негова одредба.“

Планските документации кои се опфатени со Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови се однесуваат на планови што се донесени 2011, 2012, па дури и 2003 година. Ако се земе предвид временската дистанца, дивжењето на имотот, имотно-правните односи, правото на сопственост и преостанатите права кои произлегуваат од нив во најголема мера претрпеле низа промени. Тие промени се однесуваат во постапки за дооформување на земјиште, легализација, приватизација, постапки по отуѓување на градежно земјиште со непосредна спогодба, долготраен закуп или јавно наддавање. Потребите на граѓаните нужно се промениле. Сопственоста, нејзиното стекнување, располагање и правораздавање е динамична категорија и со проток на време нужно трпи промени. Во тој контекст, параметрите зададени во цитираните детални урбанистички планови опфатени во Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови, оспорена со Иницијативата У.бр.273/2020, се веќе неприменливи и се надвор од параметрите зададени од ГУП. Дел од нив веќе и се донесени од страна на Советот на општина Центар, како „Тасино Чешмиче 2“, „Мирче Мацан“, „Даре Џамбаз“) и произведуваат правно дејство“,

Оттаму реагираат дека Уставниот суд се става во надредена позиција во однос на Општината, на која, како што се посочува, ѝ ги ускратува сите можности да реагира во измена на деталните урбанистички планови, „додека праксата говори дека лош план може да се замени само со нов, подобар, што всушност беше и појдовната намера на општината со новите планови“.

Со ова, практично, Уставниот суд само допушти да биде прекршен Законот за просторно и урбанистичко планирање, а со тоа и ГУП на град Скопје 2012-2022), каде што изрично е наведено дека деталните урбанистички планови мора да бидат усогласени со ГУП. Ако земеме предвид кој е подносител на иницијативата, јасно е дека никој не ја цени нашата заложба и мислењето на архитектите, урбанистите и стручната јавност, луѓе кои посветија огромен труд за да се направат промени на подобро со деталните урбанистички планови во општина Центар. Доколку со оваа одлука биде укината, ќе стапат на сила старите планови, за кои граѓаните и тоа како се противеа. Оттука, за сѐ што ќе се случува понатаму, одговорноста наместо во општината, мора да се бара во Уставниот суд, кој ги скрати можностите на Општина Центар за било каква промена со новите детални урбанистички планови“,

https://360stepeni.mk/opshtina-tsentar-za-ukinatiot-moratorium-vo-ustavniot-sud-da-se-bara-odgovornost-za-se-shto-ke-se-sluchuva-ponatamu-so-detalnite-planovi/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19665
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1043 Posted: 16-Dec-2020 at 22:07
Колку што разбирам со укинувањето на мораториумот се дава можност масовно да се издаваат дозволи по старите планови што на пример значи дека Маџир Маало ќе го докусурат со истите грдосии како што почнаа пред 4-5 години,само незнам што ќе се случува со Ново Маало и Крњево 2 нели ги усвоија ревидираните планови дали тие важат или и тие се враќаат на старо?? Што со проектот за 60 патниците спроти Холидеј Ин(со мораториумот требаше да се намали катноста)?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19665
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1044 Posted: 17-Dec-2020 at 07:58
ЈА ИЗГУБИВМЕ БИТКАТА ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ ВО ЦЕНТАР, ВЕЛАТ ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ОТКАКО УСТАВЕН ПАК ГО ПОНИШТИ МОРАТОРИУМОТ ЗА ГРАДБА НА ИНИЦИЈАТИВА НА ОХРИЃАНИ

Одлуката на Уставен суд за укинување на мораториумот за градба во Општина Центар ги уби надежите за подобар квалитет на живот и победи профитот, соопштија од граѓанската иницијатива „Здравје пред профитот во Центар“. Велат дека исчезна политичката воља да се поправат грешките од претходниот систем и незаконските планови за градба се повторно на сила.

Посочуваат дека овие планови не се само одговорност на Општина Центар туку и на Министерството за транспорт и врски, на Град Скопје, Министерството за животна средина, Дирекцијата за заштита и за спасување, Министерството за култура, но и новоти Министетство за одржлив развој и антикорупција бидејќи „граѓаните се чувствуваат излажани оти им ветија дека ефикасно ќе ги заменат незаконските и корумпираните планови со нови подобри планови кои ќе обезбедат подобар квалитет на живот“.

„Сите овие институции од денес ќе бидат виновни за небезбедниот сообраќај во Центар особено пешачкиот, за преполни училници, за недостаток на сонце во вашите домови, за преполни амбуланти, за неможност да ви пристапи Брза Помош и Пожарна, за недостаток на игралишта, за премногу ѓубре, недостаток на паркинг и поголема загаденост. Надлежните избраа профит наспроти квалитетот на живот и безбедноста на нашите деца“, велат од „Здравјето пред профитот“.

Тие обвинуваат дека власта „им замижаа на планерските куќи кои бесконечно изнаоѓаат ‘итарпејовски” решенија како да не ги подобрат плановите и не ги спроведат стручните барања“.

Уставен суд ја прифати иницијатива за оценување на уставноста на мораториумот за градба во Општина Центар и донесе времена мерка тој да се укине додека се оцени дали одлуката е уставна или не.

Иницијативата до Уставен суд ја поднесоа двајца граѓани од Охрид.

Од Општина Центар ваквата одлука на Уставен суд ја сметаат за штетна и велат дека „ако се земе во предвид кој е подносител на иницијативата, јасно е дека никој не ја цени заложба и мислењето на архитектите, урбанистите и стручната јавност кои посветија огромен труд за да се направат промени на подобро со деталните урбанистички планови во Општина Центар“.

„Доколку со оваа одлука биде укината, одлуката за начинот на спроведување на деталните урбанистички планови, ќе стапат на сила старите планови, за кои што граѓаните и тоа како се противеа. Оттука, за сѐ што ќе се случува понатаму, одговорноста наместо во општината, мора да се бара во Уставниот суд, кој ги скрати можностите на Општина Центар за било каква промена со новите детални урбанистички планови“.

Градоначачникот на општината Саша Богдановиќ вели: „Нашата борба не завршува со оваа одлука, напротив, ни го дава потребниот ветар в грб. Општина Центар и јас како нејзин градоначалник, избран од граѓаните на Центар на непосредни, фер и демократски избори, ќе направиме сѐ што е во наша надлежност со единствена цел, да ја направиме општината подобро и похумано место за живеење“.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ja-izgubivme-bitkata-za-podobar-zhivot-vo-tsentar-velat-graganskite-organizatsii-otkako-ustaven-pak-go-ponishti-moratoriumot-za-gradba-na-initsijativa-na-ohrigani/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19665
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1045 Posted: 17-Dec-2020 at 18:22
Центар го прифати предлогот на Белчева-Андреевска: Почнува постапка за суспензија на плановите за градење

Советот на Општина Центар ја прифати иницијативата на советничката Јана Белчева-Андреевска да се искористи законската можност за суспензија на плановите за градење, откако вчера Уставниот суд одлучи да го укине мораториумот.

Покрај Белчева-Андреевска, зад овој предлог се потпиша и Јон Фрчковски, советник од СДСМ.

Откако го усвои, Советот го задолжи градоначалникот Саша Богдановиќ итно да ја започне постапка за суспензија и во рок од десет дена да ја достави потребната документација до Министерството за транспорт и врски.

Тоа, пак, има 15 дена да се произнесе, по што Советот би требало да донесе одлука за ставање на плановите под суспензија.

Советничката Белчева-Андреевска, која ја покрена иницијатива се повика на членот 23 од новиот Закон за урбанистичко планирање.

„Донесувачот на планот (во случајот Општина Центар), одлуката за суспензија ја донесува врз основа на стручен елаборат за суспензија на применувањето на урбанистичкиот план, негови делови или плански одредби, изработен од комисијата за урбанизам од членот 38 од овој закон, а по претходно добиено мислење од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот, кое се издава во рок од 15 работни дена по приемот на стручниот елаборат и барањето за мислење“,

пишува во ставот 26 од членот 23.
Таквите стручни елаборати врз кои може да се донесе одлука за суспензија, како што нагласи советничката, веќе постојат.

Ваквиот чекор локалната власт презема откако вчерашната одлука на Уставниот суд за укинување на мораториумот го отвори патот за градење на територија на општината каде ДУП-овите беа оспорени.

Одлуката за укинување на мораториумот е времена, што значи дека забраната за градење се укинува сè додека уставните судии понатаму не се произнесат дали мораториумот бил согласно Устав или не.

https://360stepeni.mk/tsentar-go-prifati-predlogot-na-belcheva-andreevska-pochnuva-postapka-za-suspenzija-na-planovite-za-gradene/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19665
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1046 Posted: 18-Dec-2020 at 11:59
Без мораториум би имало 300 нови згради во Центар

Граѓаните не треба да се грижат дека во Општина Центар ќе се изградат згради од по 60 ката пред хотелот „Холидеј ин“, рече Менди Ќира од Стопанската комора на Северозападна Македонија во синоќешното гостување на 1ТВ, откако вчера Советот на општината, и покрај решението на Уставниот суд, повторно донесе одлука за мораториум за издавањето градежни дозволи на поголемиот дел од нејзината територија.

Со тоа претставникот на стопанствениците што го иницираа укинувањето на мораториумот се обиде да го задржи фокусот на дебатата на овој дел од центарот, кој со месеци предизвикува големо внимание во јавноста, иако проблемите со градењето во Центар се протегаат многу пошироко до Маџир маало, Дебар маало, Капиштец и до други локации.

Тој додаде дека тие како бизнис-заедница не биле против повеќе зеленило во општините, но дека урбанистичките планови требало да се одблокираат „за да им се овозможи на граѓаните да располагаат со својот имот, што е човеково право“.

Ако им се дозволи на сопствениците на имоти да располагаат со нив на начините што се предвидени со сегашните детални урбанистички планови, тоа можеби нема да доведе до изградба на 60-катниците, но ќе овозможи во централното подрачје да се изградат уште околу 300 станбени и деловни згради. Некои од нив се мали, по четири ката, и на хартија се куќи (приземје, два ката и поткровје), додека други се висококатници од по 11, 14, дури и до 26 ката.

ДУП-овите запрени додека се донесат нови

За разлика од досегашната пракса кога се носеа привремени забрани за градење на секои три месеци, овојпат општината усвои трајна одлука за неприменување на деталните планови за кои било утврдено дека не се во согласност со Генералниот урбанистички план за Град Скопје за периодот од 2012 до 2022 година.

Меѓу 27-те блокирани урбанистички планови е и тој што предвидува изградба на три згради од по 60 ката во центарот, поврзани со згради од по 20 ката. Овој проект повторно предизвика силни реакции меѓу граѓаните, особено откако минатата недела на конференцијата „Шанса за Скопје“ беше претставена макета како тој комплекс би изгледал во споредба со објектите од неговата непосредна околина како хотелот „Холидеј ин“, катната гаража и блоковите и кулите од Градски ѕид.

Бизнисменот Ќира во ТВ-интервјуто се обиде да аргументира дека ако главниот проблем за граѓаните на Скопје е што на тој простор може да изникне уште едно бетонско чудовиште, тие воопшто не треба да се грижат.

„Тие 60-катници се таму 10 или 15 години и ниту се почнати да се градат, ниту ќе се градат. Никој не е заинтересиран да ги гради зашто тука има други проблеми. Значи не е тоа така дека ќе се градат. И нема шанси да се градат, јас имам сознанија за тоа“, рече Ќира во гостувањето во „Отворено студио“.

Не може три, но може една



Идејата е навистина стара, и не дојде од локалната самоуправа, туку од Владата. Првпат почна да се зборува за деловен центар со висококатници на просторот спроти „Холидеј ин“ уште за време на првиот мандат на поранешниот премиер Никола Груевски, меѓу 2006 и 2008 година. Тогаш се споменуваа згради и до сто ката, но подоцна во Деталниот урбанистички план од 2012 беа нацртани три 60-катници поврзани со 20-катници.

Тој план воопшто не беше во фокусот на јавноста сѐ до крајот на минатата година, кога беше откриено дека државното земјиште на големиот паркинг спроти хотелот било продадено на заедничка компанија на бизнисменот Зоран Антиќ и на Македонската православна црква, врз основа на законското право за откуп на земјиште заради дооформување на градежните парцели.

Засега се мали шансите да се изгради целиот комплекс од три плус три згради. Тој не е замислен да се направи само на паркингот спроти хотелот, туку на целиот простор меѓу „Холидеј ин“, Веро центарот и Олимписки базен, опфаќајќи го и Ново маало, едно од најстарите маала во Скопје. И по шест години откако овој ДУП е во сила, на тоа место според проверката на податоците од катастарот за недвижности има 80-тина приватни имоти што им припаѓаат на околу 230 сопственици. Тоа е имотно-правен проблем што би требало да го реши кој било заинтересиран инвеститор

Сепак, со окрупнувањето на парцелата на паркингот, заедничката фирма на Антиќ и на МПЦ би можела да изгради една од трите згради, ако ДУП-от остане непроменет. Антиќ има најавено во медиумите дека сакал да направи повеќе објекти, од кои највисокиот би бил кула од 30 ката што би го носела името „Кензо Танге“.

Градежниците позасегнати од другите ДУП-ови

Додека тој ДУП е тешко остварлив поради имотно-правната состојба, на многу други локации низ Центар има градежни маркички што лесно може да се реализираат, а дел од нив веќе се претвораат во згради, со одобренијата за градење што биле издадени пред првата одлука за мораториум.

Местото каде што градежните инвеститори го насочија својот фокус откако речиси снема парцели во Стар Аеродром е Маџир маало. По истиот пример, оваа населба целосно се трансформира, и ако се исполни ДУП-от, таму може да има околу 80 објекти од по седум ката, поврзани во блокови.

И спроти реката Вардар, во уште едно старо маало, Крњево, се предвидени 70-тина седумкатници и еден објект од 14 ката на аголот на паркингот спроти поранешен Скопски саем.

Сѐ уште стои маркичката на плоштадот за објектот наречен „Шпански скали“ на празниот простор меѓу зградите „Пелистер“ и „На-Ма“, како и катната гаража од 29 метри спроти Старата железничка станица, до недовршената зграда на ЕСМ. Европски универзитет може да порасне од три на 26 ката.

Нереализирани маркички има и во Капиштец спроти Клинички центар, на Водно и во Дебар маало. Во дел од овие места се користат максималните димензии предвидени за индивидуални куќи (приземје, два ката и поткровје) за да се изградат згради од по четири ката, на секој по еден стан.

Заштита на државниот имот и на соседските права

Во новата одредба на Општина Центар, именувана како „одлука за начинот на применување на деталните урбанистички планови“, се вели дека нема да се спроведуваат плановите кај кои не се усогласени површините на градежно земјиште, максимално дозволениот број на жители и густина на населеност, наменската употреба и други одредби од Генералниот урбанистички план.

Се прекинуваат сите постапки што почнале откако Уставниот суд го запре мораториумот, а остануваат да важат дозволите издадени пред 27 декември 2017 година.

Мораториумот не се однесува на издавањето дозволи за реконструкција, адаптација, пренамена, измени во градба, ниту на одобренијата за подземни инфраструктурни инсталации.

Претседателката на Советот на Центар, Јана Белчева Андреевска, која беше една од иницијаторите на мораториумот, очекува дека на крајот од овој процес ќе имаат детални урбанистички планови што ќе овозможат похумано живеење. Таа објаснува дека ревизијата на ДУП-овите има неколку генерални цели.

„Прво, државниот имот треба да го заштитиме и да го искористиме за зеленило или за други институционални или социјални потреби на жителите на Центар. Досега сме го распродавале наместо да градиме училишта, градинки или културни центри. Второ, треба да се обезбеди дека одредбата за 20 отсто зеленило на секоја парцела навистина ќе се почитува. Трето, да нема ДУП-ови во кои не се согледани сите фактори на ризик, можности за евакуација при непогоди итн. И четврто, да се почитува соседското право“, вели Белчева Андреевска.

Целта на општинските власти, според неа, е повеќе да ја вклучат јавноста во донесувањето на плановите и да ѝ овозможат да дава забелешки за целите планови, вклучително и за јавниот простор, а не како досега, секој да има право да поднесе претставка само околу содржината предвидена на неговиот имот.

https://prizma.mk/bez-moratorium-bi-imalo-300-novi-zgradi-vo-tsentar/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19665
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1047 Posted: 25-Dec-2020 at 13:59
ЗА СЕКОЈ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ ПРАВИ ЕЛАБОРАТ И ЌЕ ГО ПРАЌА НА ПОНИШТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ, ОТКАКО УСТАВЕН СУД ГО УКИНА МОРАТОРИУМОТ ЗА ГРАДБА

За сите урбанистички планови Општина Центар ќе прави посебни елаборати во кои ќе се наведат прекршувањата на законот и нестручноста во нивната изработка, за да може повторно, по третпат, да се поништат. Овојпат одлуката за суспензија треба да ја донесе Министерството за транспорт и врски по предлог на Општината.

Откако пред десет дена Уставниот суд по вторпат ја поништи одлуката за мораториум во Општина Центар, по предлог на советничката Јана Белчева-Андреевска Советот донесе заклучок за почнување постапка за суспензија на плановите според новиот Закон за урбанистичко планирање. Во членот 23 (6) се нуди можност за суспензија на сите планови за кои постои стручен наод за непрофесионалност, незаконитост и нестручност.

„Постапуваме по овој заклучок, но тоа не оди толку брзо, службите не можат само за неколку дена да донесат стручен наод за секој план поединечно во кој ќе бидат наведени неправилностите. Откако ќе направиме таков елаборат, Советот на Општината како донесувач на плановите се обраќа до Министерство за транспорт и врски, а Министерството дава согласност. Досега е изработен елаборат за деталниот план за Дебар Маало“, вели градоначалникот Саша Богдановиќ.

На 16 декември, Уставниот суд по вторпат донесе времена мерка за укинување на мораториумот за градба во Општина Центар и одлучи да одлучува по иницијативата на двајца охриѓани за оценување на уставноста на одлуката за забрана за градба во Центар.

По однос на тоа како ќе постапува Општината во меѓувреме додека бидат изработени сите елаборати и Министерството за транпорот и врски се изјасни по нив, Богдановиќ вели дека не ја добиле официјално одлуката на Уставен суд и додека таа не стигне ќе важат истите правила како досега.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/za-sekoj-urbanistichki-plan-opshtina-tsentar-ke-pravi-elaborat-i-ke-go-praka-na-ponishtuvane-vo-ministerstvoto-za-transport-otkako-ustaven-sud-go-ukina-moratoriumot-za-gradba/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19665
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1048 Posted: 29-Dec-2020 at 16:42
Охриѓани го менуваат ликот на скопски Центар



https://samoprasaj.mk/ziveacka/1861-2020-12-29-12-09-46
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19665
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1049 Posted: 29-Dec-2020 at 18:35
ДКСК за ДУП „Треска“: Не може газди и инвестотори да бираат идејно решение за локацијата

Државната комисија за спречување корупција на денешната 45-та седница донесе одлука со која му укажува на Советот на Општина Центар да донесе нов заклучок за членовите на комисиите, кои работат на изборот на идејното урбанистичко решение за локацијата на поранешната фабрика „Треска“. Претседателката на комисијата, Билјана Ивановска, вели дека самите отвориле предмет откако дознале дека градоначалникот формирал комисии за составување влезни податоци и Комисија за оценување конкурсни решенија, во кои членуваат и претставници кои што се сопственици на земјиштето.

„Гледајќи го списокот на учесниците, каде се наоѓаат и сопственици на тој простор, заклучивме дека комисиите не се независни и во нив членуваат претставници на сопствениците на земјиштето и на инвеститорите, кои остваруваат директна финансиска корист од урбанистичко решение. Сметаме дека учествотото на приватниците во овие комисии, всушност ќе овозможи протежирање на нивниот приватен интерес, што не е во ред со закон, изјави Ивановска“,

изјави претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.
По добиените документи од Општина Центар, рече Ивановска, утврдено е дека се прекршува еден член од Законот за јавни набавки со кој се пропишува дека оценувањето на проектите за идејно решение го извршува комисија од три члена, кои се независни од учесниците во конкурсот и се професионални во таа област.

https://360stepeni.mk/dksk-za-dup-treska-ne-mozhe-gazdi-i-investotori-da-biraat-idejno-reshenie-za-lokatsijata/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1050 Posted: 04-Jan-2021 at 02:28

Ова што се случува со урбанистичкото планирање во Скопје е вистински ужас. Сереме врз една одлична основа што ни беше оставена. Во еден солидно испланиран град, се повеќе вметнуваме урбанистички принципи од Калкута, од Хајдерабад, од фавелите во Хондурас... Несфатливо е и мазохистички е!

Еден нормален позитивен тренд што траеше повеќе од еден век (од крајот на 19-ти век па се до крајот на 1990-те години) го свртевме за 180 степени и сега одиме назад кон дното - делови од градот се претвораат во нешто што е модерна верзија на османлиска касаба од средниот век. Еве една кратка, отрезнителна рекапитулација.

1889 година
Ова е дел од мапа на Скопје од 1889 година и тука се гледа тогашно Маџир Маало (Мухаџир Маало).
Уште кога не се ни наѕирало ослободување од османлиско ропство, касабата почнала полека да се трансформира и понекаде да добива градски урбанистички контури.





1914 година
Според регулациониот план на Димитрије Леко, уличната мрежа почнува да се реорганизира на територија на целиот град, испланирани се повеќе големи паркови и плоштади, квартови и зони со точно определена намена...




1929 година
Планот на Јосиф Михајловиќ - Јурукоски е чекор понатака и е основа за многу значајни јавни проекти кои се спровеле во негово време и контурите на тој план на многу места се гледаат и денеска, како на пример Плоштадот Македонија, а и добар дел од Големиот Ринг што во таков широк профил бил изграден уште во негово време...





1948 година
Според планот на Лудјек Кубеш, имаме понатамошно консолидирање на уличната мрежа, уредно распоредени објекти во блокови и населби со многу зеленило, исто така големи парковски и рекреативни зони.



Овде е Индустриската зона Исток според истиот план од 1948 (споредете со Индустриска зона Визбегово подолу)





После земјотресот се направени уште поголеми чекори. Испланирана и делумно реализирана е импресивна сообраќајна мрежа. Испланирани и изградени се населби како Тафталиџе, Карпош 4, Козле, Трнодол, Жданец, Влае, Топанско поле, Скопје север, Бутел, Радишани, Јане Сандански, Ново Лисиче...



.
.
.
.
.


А еве го нашето урбанистичко планирање во 21 век

Се чини дека единствена конзистентност во новите планови е дека секој сопственик на пола метар квадратен земјиште добива градежна маркица, а секој постоечки објект расне во сите можни правци...

За инфраструктура е она што случајно ќе остане измеѓу. За зеленило и јавни намени воопшто да не правиме муабет.


Крњево (Општина Центар):





Долно Нерези (Општина Карпош):





Ново Маало (Општина Центар):





Водно (Општина Центар):





Индустриска зона Визбегово:









Ова лудило мора да престане!



Edited by Cloverstack - 04-Jan-2021 at 03:03
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2018
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1051 Posted: 04-Jan-2021 at 03:33
Ме интересира како се одлучи за овој асортиман од шкрапаници во ситуација кога градските/општинските власти на дневно ниво имаат овер-продукција на глупости?!

Си можел малку и накај Кисела Вода да прочешлаш. Населбите 11-ти октомври згради/куќи, Црниче, Рампа, Чешма, како преку ноќ се транформираат во фавели, како од пропорционалните улици за индивидуално домување преку ноќ се прават охридски сокаци потрупани со еркери надвиснати над тротоарите да можеби еден ден ќе може да се прерипа од зграда во зграда или баремживели да се направи преку тераса. И тоа по цена од 1250 еур/м2, и тоа па уште се продава и се купува!

Искрено мислам дека некои малку посаглам комлекси на денешницава, колку чудно и да звучи, ама на пример еден Космос, новата во Бутел незнам како се викаше, новиот комлекс после Алумина, па дури и еден Расадник, ќе ги засенат овие шркапаници. Мислам дека еден кога во Македонија ќе почне да се гледаат и други аспекти на домувањето, ане само да се купува рефус квадратура, еден ден ќе има до толку вишок вакви зградички што ќе биде исплатливо за идните инвестирои да ги рушат и на нивно место да никнуваат пофини решенија.

Целото ова лудило, колку ние и да збориме тука, има само еден и единстевн позитивен социјален аспект. А тоа е дека државата, а со тоа граѓаните, имаат се повеќе стамбен простор на располагање и се повеќе луѓе имаат соптсвено парче имот. Се друго од урбаниситчко-архитектонски аспект е погрешно.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1052 Posted: 04-Jan-2021 at 18:56
Не знам дали уопште вреди нешто да се дискутира. Градов е неповратно уништен и би требале милијарди да се оправи.

Еве набрзина пресек на состојбата (моментален урбанизам + развој на краток рок), со тоа што сите жолти реони имаат огромен потенцијал за црвенеење, а особено Маџир Маало, Ново Маало, Мичурин, Карпош 1, Кисела Вода и Чаир. Зелените и светло зелените реони може да се зачуваат и подобрат ако сега се реагира; за жолтите ќе треба доста пари, портокаловите и црвените само ако најдеме нафта па потрошиме 20 милијарди на рушење.

Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1053 Posted: 04-Jan-2021 at 19:49
Originally posted by user8642

Ме интересира како се одлучи за овој асортиман од шкрапаници во ситуација кога градските/општинските власти на дневно ниво имаат овер-продукција на глупости?!

Си можел малку и накај Кисела Вода да прочешлаш. Населбите 11-ти октомври згради/куќи, Црниче, Рампа, Чешма, како преку ноќ се транформираат во фавели, како од пропорционалните улици за индивидуално домување преку ноќ се прават охридски сокаци потрупани со еркери надвиснати над тротоарите да можеби еден ден ќе може да се прерипа од зграда во зграда или баремживели да се направи преку тераса. И тоа по цена од 1250 еур/м2, и тоа па уште се продава и се купува!


Изборот падна на планови кај кои одма се гледа дека чекориме назад кон касаба... Улична мрежа што е хаотичен лавринт од сокачиња, објекти во сите можни форми и расфрлани без никаков ред... Овие „планови“ изгледаат како фактичка состојба во некоја фавела, а не како урбанистички планови според кои ќе се урбанизира простор.

Далеку сме ние од асални проценти на изграденост, проценти на зеленило, ширини на тротоари, адекватна комунална инфраструктура, адекватна застапеност на класи на намена... Ние очигледно треба прво да се присетиме што е градежна линија, што е блок, што е улица...
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1054 Posted: 04-Jan-2021 at 21:37
Безидејноста на општините, лошото финансирање и скржавоста се најголем проблем. На постојните парцели одобруваат згради, без скоро никаков напор да се подобри инфраструктурата, а не па да направат нова улична мрежа со нови целосно маркици.

Како можеше од прилично празен и не-баш-убав, но добар град со одлична основа за развој, да направиме касаба на 21 век? Штета што и Стар Аеродром не бил урбанизиран во 80-тите.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1055 Posted: 05-Jan-2021 at 14:40
Еве како можеше - алтернативен урбанистички план за Аеродром:
Црвено - станбени згради;
Темно зелено - парк (не броејќи го блоковското зеленило);
Зелено - спорт;
Розово - деловни;
Темно сино - комерцијални и угостителски;
Сино - образовни;
Темно виолетово - административни;
Светло виолетово - здравствени;
Кафено виолетово - верски;
Сиво - катни гаражи.
Улици: 6 ленти, 4, главна 2, споредна 2, блоковска 2.

Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19665
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1056 Posted: 15-Jan-2021 at 14:47
ГРАЃАНИТЕ ЌЕ МОЖAT ДА УЧЕСТВУВААТ ВО ИЗРАБОТКАТА НА НОВИТЕ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ ЗА КИСЕЛА ВОДА, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТЕМЕЛКОВСКИ

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денеска преку видеообраќање на својот фејсбук профил најави дека Општината ќе формира партиципативно тело за изработка за деталните урбанистички планови. Во ова тело како што кажа Темелковски, можат да учествуваат сите оние граѓани кои тоа го сакаат и треба да се пријават до 11 февруари во Општината.

„Во јавноста во изминатиот период премногу се говореше за деталните урбанистички планови и за урбанизмот во општина Кисела Вода. Изминативе три години посветено работевме на изработка на ДУП-те бидејќи начинот на кој се носеа во минатото беше и сѐ уште е штетен за граѓаните. Затоа дел од нив со одлука на Општината ги дадовме на Уставен суд, но за жал оттаму одлучија дека се донесени согласно законските регулативи. Но, за да обезбедиме подобри услови за живот одлучивме да формираме партиципативно тело во кое граѓаните ќе можат дирекно да бидат вклучени во носењето на урбанистичките планови. Само со заеднички напори може да донесеме планови кои ќе бидат во интерес на нашите граѓани“, вели градоначалникот Филип Темелковски.

Партиципативното тело ќе биде составено од членови на Комисијата за урбанизам на Општина Кисела Вода, стручни лица вработени во правното лице што го изработува урбанистичкиот план кој е предмет на расправа, претставници од урбаните и месните заедници, претставници на невладините организации од различните сегменти на урбаниот живот, здруженија на граѓани и граѓански активисти од подрачјето на општината што ги претставуваат различните групи на граѓани, како и граѓани што се стручни лица од областа на урбанистичкото планирање и другите стручни области суштествени за планирањето и одржливиот развој на градот.

Во Кисела Вода во тек е постапката за изработка на новиот детален урбанистички план за Расадник, со кој на сега празниот простор се вцртуваат маркички за сто нови згради.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/graganite-ke-mozhat-da-uchestvuvaat-vo-izrabotkata-na-novite-urbanistichki-planovi-za-kisela-voda-veli-gradonachalnikot-temelkovski/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1057 Posted: 16-Jan-2021 at 19:46
Малце го потсредив планот Мирче Мацан (ЗОИЛ, Корчагин) за да биде во корист на граѓаните.

Штета што наместо соодветен блоковски развој, се редат грди голубарници. За заштита на наследството и подобар изглед, можеше да се нареди новите згради да го применат стилот на старите од 20/30-тите кои се рушат.



Edited by Staro Skopje - 16-Jan-2021 at 20:03
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2018
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1058 Posted: 16-Jan-2021 at 20:02
Originally posted by Staro Skopje

.... можеше да се нареди новите згради да го применат стилот на старите од 20/30-тите кои се рушат.


Еднаш имаше ваков обид! Се викаше СК14 и заврши со стиропори и ефтини импровизации за милиони евра потрошени.    Не изазивај пак судбина....
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1059 Posted: 16-Jan-2021 at 22:12
Тоа е кичозен криминален обид за лечење комплекси. Тука зборувам за обид за зачувување на малото наследство на градот, не кочејќи го неговиот развој. Квалитетни автентични фасади од квалитетни автори.

На Корчагин можеа да му се доградат 5 училници на приземје и 7 на кат и таму да се смести новосоздадената Математичка гимназија, а северно од нив да има парк и паркинг наместо голубарници.

Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19665
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1060 Posted: 20-Jan-2021 at 12:45
Порталб: Попова Шапка со урбанистички план од 1980 година, активистите бараат општината да се ангажира

Туристичкиот центар „Попова Шапка“ сè уште нема детален урбанистички план, иако тоа според Хамди Сулемани од иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ е клучно за овој туристички центар. Во интервју за Порталб.мк, претседателот на Советот на општина Тетово, Беким Мемети, вели оти е оптимист дека оваа работа ќе биде завршена во текот на годинава. Од Министерството за транспорт и врски, пак, велат дека последен пат ДУП за Попова Шапка примиле во 2013 година, пишува Порталб.мк.

Според Хамди Сулемани од Иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ во моментов за Попова Шапка постои Детален урбанистички план усвоен во 1980 година, и нов урбанистички план би ги решил сите инфраструктурни проблеми во овој центар и би го направил поконкурентен.

„Урбанистичките планови се клучот на развојот на една структура или населба и поради тоа, за да се развие Попова Шапка неопходен е урбанистички план со кој ќе се определи инфраструктурата, ќе се третираат и сите други инфраструктурни проблеми, за да се има развиен, убав центар, што ќе биде конкурентен со центрите во регионот“, вели Хамди Сулемани.

Според него, добар урбанистички план за Попова Шапка би ставил крај еднаш засекогаш на градежната инвазија и, како вели тој, урбанистичкото уништување е нешто што може да се поништи само со уривање на бесправните градби.

„Деталниот урбанистички план ќе стави крај на градежната инвазија, ќе го спречи и урбанистичкото уништување, што не е можно да се поништи освен со уривање на бесправните градби, а од комуналните такси за новите градби, општинската каса ќе наплаќа средства“, додаде Сулемани.

Што велат надлежните?

Општина Тетово повторно ја започна пропаднатата постапка од 2013 година за усвојување на Детален урбанистички план за Попова Шапка, но овој обид имаше уште полоша судбина од планот од 2013 година, бидејќи не помина во јавната расправа во 2019 година.

Според Беким Мемети, претседателот на Советот на општина Тетово, во моментов, постапката за Деталниот урбанистички план (ДУП) е во тек и сите жалби на граѓаните се разгледани, а после потпишувањето од страна на изготвувачот на планот, Мемети вели дека ДУП-от повторно ќе се даде на јавна расправа и ќе се изврши целата постапка.

„Што се однесува до ДУП-от за Попова Шапка, постапката е во тек. Во моментов, завршена е постапката на одговори на жалбите доставени од страна на граѓаните. Во меѓувреме, повикан е и изготвувачот на планот, кој треба да ги потпише одговорите, што ќе се случи во текот на овие денови. После тоа, ДУП-от ќе биде повторно јавно објавен, ќе се повтори како постапка, со сите жалби внесени во него, а доколку нема, тогаш ќе биде обработен во другите институции. Верувам дека во текот на овие месеци или во текот на оваа година треба да се заврши како постапка“, рече Беким Мемети за Порталб.мк.

На прашањето дали градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, ќе успее во текот на преостанатите осум месеци од мандатот да обезбеди ДУП за Попова Шапка, Мемети вели оти е оптимист дека ова ќе се случи, иако не е сигурен.

„Што се однесува до тоа дали ќе има или не, не зависи целосно од нас, вклучени се повеќе институции и кога предметите се префрлуваат од една институција во друга, тоа значи дека е потребно време, но јас сум оптимист по природа и мислам дека ќе се заврши и оваа работа“, додава Бeким Мемети.

Потсетуваме дека Деталниот урбанистички план за Попова Шапка беше во изборната програма „Заедно за Тетово какво што го сакаме“ на актуелната градоначалничка, Теута Арифи. Ова ветување сè уште не е остварено.

Од Министерството за транспорт и врски за Порталб.мк потврдија дека последниот пат кога на нивна адреса пристигнал некаков Детален урбанистички план за Попова Шапка било во 2013 година и тој сè уште не е усвоен.

„Ве информираме дека во 2013 година започнала подготовка на документацијата за изработка на Деталниот урбанистички план за Попова Шапка. Од Министерството за транспорт и врски не е донесена документацијата на урбанистичкиот план поради тоа што, согласно тогашниот закон, недостасувала потребната документација“, рекоа од Министерството за транспорт и врски.

Што се однесува до донесувањето нов ДУП за Попова Шапка, од овој ресор потенцираа дека ќе биде потребно да се вклучат неколку други релевантни институции.

„Оттогаш, Законот за урбанистичко планирање е два пати изменет, за евентуално продолжување на некоја нова постапка за тој дел, ќе биде потребна проценка на релевантните институции, меѓу кои и Министерството за животна средина и локалната самоуправа во Тетово“, изјавија од Министерството за транспорт и врски.

Инаку, во 2019 година, Општина Тетово на јавна дебата претстави нов ДУП за Попова Шапка, меѓутоа, имаше многубројни критики од граѓаните и цивилното општество и тој не помина на јавната расправа. Иста беше судбината на ДУП-от и пред осум години – и тогаш не беше усвоен и постапката остана на половина.

https://meta.mk/portalb-popova-shapka-so-urbanistichki-plan-od-1980-godina-aktivistite-baraat-opshtinata-da-se-angazhira/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 5152535455 64>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.328 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.