build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Урбанистички планови и парцели (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбанистички планови и парцели (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 565758
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12625
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1141 Posted: 11-Sep-2021 at 12:24
Се работи за ДУП за ГЧ СЗ 16 со опфат од 47 хектари во Ѓорче Петров (спроти пазарот во Ѓорче): северно од Партизанска сѐ до новата траса на ул. Црногорска (продолжение на Словенечка), на исток до продолжението на Илинденска + новата траса на Ацо Шопов и на запад до Македонска војска.
Постојната индустриска зона останува, освен ф-ка Карпош, останува станицата на ЈСП (која станува и прва/последна станица за БРТ) и се вметнува нова станбена населба од 5900 жители на место на фабрика Карпош и околни локации.
Од прилозите, видливо, никаде не е планиран велосипедски сообраќај, а се работи за преголем опфат (отприлика 600 x 800 метри, мерено oд googlemaps) и опфат кој се планира „од нула“ и имало шанса да се испланира најдобро што може и од аспект на сообраќај и сите можни аспекти!
Од новопредвидените станбени и комерцијални објекти ништо не е изградено и има шанса за подобро планирање!
За поздрав се планираните пешачки патеки, но за критика е недостатокот на велосипедска мрежа која би требало да се планира на секои максимум 250 метри!







https://www.facebook.com/NaTochak
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12625
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1142 Posted: 13-Sep-2021 at 16:45
Незнам колку има вистина за овие 8000м2 инаку точно е дека другиот дел тревникот поред Илинденска е сопственост на ДРУШТВО ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ТРГОВИЈА И УСЛУГИ ИНВЕСМЕНТ ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ ЕКСПОРТ ИМПОРТ



https://www.facebook.com/zastitanasportskiotcentarboristrajkovski/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12625
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1143 Posted: 18-Sep-2021 at 14:39
За една година во Скопје треба да се изградат илјадници станови, деловни простори, комплекси... никаде нема паркови, игралишта...



Од она што можевме досега да го пресметаме во наредните година-две во Скопје веќе е зацртано дека треба да се изградат илјадници станови, деловни простории, комплекси… кои само ги пополнуваат празните неизградени простори во главниот град. Новата локална власт, и покрај бројните ветувања за зелени површини, за спортски игралишта, градинки, велосипедски патеки, за зелено Скопје… очигледно е дека ќе мораат само да го аминуваат она што е веќе зацртано. А цртано е многу…

Ако почнеме од Сарај, таму е веќе почната изградбата новиот станбено деловен комплекс Планет, на кој на досега неизградени 85.310 квадрати (кои, патем се продадени за 71 денар по квадрат или за 98.488 евра) ќе никнат 142 вили. Езерото Треска актуелниот градоначалник Петре Шилегов не им го врати на Скопјани, ама затоа таму планирано е да се градат исто така хотели и други придружни објекти.

Во Општина Карпош, на земјиштето на поранешната фабрика Алумина, на површина од околу 42.000 метри квадратни ќе се градат станбени згради и деловен простор. Општина Карпош ветува дека нема да се дозволи неконтролирана градежна експанзија, туку напротив, ќе доминира зеленилото. Инвестиција се проценува на околу 150 милиони евра

Дека зеленилото нема да доминира пред СЦ „Борис Трајковски“ е јасно со ДУП-от според кој дел од терасата и тениските терени од центарот ќе ги нема затоа што тука треба да се пробие сервисна улица за новите згради на просторот пред базенот и спортската сала. И тука нов станбено-деловен комплекс.

Во Карпош има уште. Козле. На површина од околу 150.000 метри квадратни ќе никне нова населба во зелениот појас на падините на Водно, над Институтот за белодробни заболувања. Ова се предвидува со новиот Детален урбанистички план Ј 04 Козле, кој ги поминал сите фази и се чека на усвојување од Советот на Општина Карпош. Планот предвидува над Институтот за белодробни заболување, да се градат куќи со дозволена катност од приземје, два ката плус поткровје.

Одиме во Центар. Земјиштето на поранешната фабрика за мебел „Треска“ беше (или е) голема шанса за општинските власти да покажат еден поинаков пристап, нов пристап за развојот на градот, да се покаже дека може и поинаку. Но, и тука интересот на градежниците и градоначалниците не се совпаѓа со оној на жителите.

Зборуваме за простор од околу 63.000 квадратни метри на кои, според последниот Детален урбанистички план од 2012 година треба да никнат 30 згради или на овој простор ќе траба да живеат 3.000 нови жители.

За градбите на паркингот пред хотелот „Холидеј ин“ сѐ е завршено. Некаде октомври треба да почне изградбата на три нови згради од кои највисоката ќе биде со 25 ката и нов деловен центар – 400 нови станови, нови 1.200 жители. Деловната зграда, пак, ќе има приземје и 16 ката. Во рамките на парцелата е предвидено зеленило на 6.520 метри квадратни.

„На централното подрачје на Скопје му е потребна длабока анализа и визија за неговиот развој, ширење и иднина. Изреката „без добар урбанизам, нема добра архитектура“ никогаш не била поважна од сега. Скопје заслужува добар урбанизам и добра архитектура“. Ова го бараа граѓанските организации за тоа како треба да се развива Општина Центар.

Општина Кисела Вода. Населба Расадник. 100 нови згради за нови 20.000 жители. Од овој план актуелниот градоначалник Филип Темелковски и кандидат за нов мандат не се откажува и покрај бројните реакции на жителите на оваа општина.

Општинската администрација на Гази Баба на чело со градоначалникот Борис Георгиевски не се откажува од идејата за вцртување за Детален урбанистички план во Железара, со цел да може таму да се развие тешко загадувачка индустрија.

Да не го заборавиме и бившиот Скопски саем – таму во октомври ќе биде отворен новиот трговски центар Ист гејт, а веднаш потоа почнува изградбата на 100.000 м2 деловен простор и 200.000 м2 станбен простор или 1.600 станбени единици.

Повеќе од сигурно е дека има уште.

https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/za-edna-godina-vo-skopje-treba-da-se-izgradat-iljadnici-stanovi-delovni-prostori
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12625
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1144 Posted: 29-Sep-2021 at 14:26
Парцелата поред кеј до напуштениот објект спроти Вип Хотел е сопственост на Друштво за трговија градежништво и услуги Омега Билдинг-Штип



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12625
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1145 Posted: Yesterday at 11:14
Незнам дали нешто е сменето во деталниот план за овој дел ама објективе под Кале се тотално запуштени и руинирани.
од твитер

Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1525
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1146 Posted: Yesterday at 17:26
Пак ќе бидеме робови на емоциите на старите скопјани. Ќе почнат да цмиздрат носталгичари по телевизии како тоа младоста им била тука, како тоа Скопје имало хокеј клуб, и оп, ете ти проблем. Неможеш да се оттарасиш од некое овакво ругло што ниту некој сака да го реновира, ниту па некој има можност да го сруши. Саемот некако се протна иако не беше баш у оваа категорија, ама ова стварно нема смисла. Дури и да се инвестира во Македонија повторно во хокеарско игралиште, без разлика дали приватно или државно, сигурно нема да биде баш ова и тука.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12625
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1147 Posted: Yesterday at 17:27
Затоа и постирав тука мислев да не има веќе вцртано некаква маркичка за овој потег со намена Б4,Б5 или евентуално А2?
Многу долг период стои вака запуштен просторот.

Edited by stef4o - Yesterday at 17:27
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7658
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1148 Posted: Yesterday at 19:52
Originally posted by user8642

Пак ќе бидеме робови на емоциите на старите скопјани. Ќе почнат да цмиздрат носталгичари по телевизии како тоа младоста им била тука, како тоа Скопје имало хокеј клуб, и оп, ете ти проблем. Неможеш да се оттарасиш од некое овакво ругло што ниту некој сака да го реновира, ниту па некој има можност да го сруши. Саемот некако се протна иако не беше баш у оваа категорија, ама ова стварно нема смисла. Дури и да се инвестира во Македонија повторно во хокеарско игралиште, без разлика дали приватно или државно, сигурно нема да биде баш ова и тука.
тоа што граѓаните грешат е што се става акцент на најнебитната работа, во случајов носталгии, провев, и слични глупости
побитни се другите работи, на пример мене жал би ми било ако го срушат лизгалиште за некоја бљувотина од објект со небитна намена ко станови за рандом копуци
не толку дека објектот вреди, колку што се заменува за нешто побезвредно
така и Сајмиште го заменија со бљувотина од хангар што ќе пропадне за макс 5 години, што од лош менаџмент, што од нови трендови и објекти
има основа револтот на граѓани, ама секогаш се пласира со погрешни аргументи
затоа на пример на лименката универзална и ставаат нова лименка одозгора, зошто за толку не бива, толку е интелетуалниот капацитет на масите

Edited by zabegan - Yesterday at 19:53
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 437
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #1149 Posted: Yesterday at 20:14
Ова не треба да се руши зошто му е потребен ваков објект на Скопје, а не поради носталгија а најмалку за да се изградат кутии овде.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1525
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1150 Posted: Yesterday at 20:27
Originally posted by FT

Ова не треба да се руши
Originally posted by FT

зошто му е потребен ваков објект на Скопје.
Се обидувам да најда логика на исказот, ова се две неповрзани работи. Тоа што на Скопје му треба ваков објект, е сосема различно од тоа дали конкретниов обејкт треба да се руши. Скопје НЕМА лизгалиште, зашто постоечкиов е само фатаморгана од некогашно лизгалиште, а НЕ Е лизгалиште. На Скопје не му треба оваков објект, зашто оваквиот е само рушевина. А лизгалиште му треба, да, ама тоа може на друго ако се нафати некој да финансира.

Edited by user8642 - Yesterday at 20:27
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 717
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #1151 Posted: Yesterday at 20:39
А не може самиот град да стопанисува со лизгалиште?
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2032
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #1152 Posted: Yesterday at 20:46
Originally posted by user8642

Originally posted by FT

Ова не треба да се руши
Originally posted by FT

зошто му е потребен ваков објект на Скопје.
Се обидувам да најда логика на исказот, ова се две неповрзани работи. Тоа што на Скопје му треба ваков објект, е сосема различно од тоа дали конкретниов обејкт треба да се руши. Скопје НЕМА лизгалиште, зашто постоечкиов е само фатаморгана од некогашно лизгалиште, а НЕ Е лизгалиште. На Скопје не му треба оваков објект, зашто оваквиот е само рушевина. А лизгалиште му треба, да, ама тоа може на друго ако се нафати некој да финансира.
Pretpostavuvam deka e greska vo izrazuvanjeto, deka vsusnost objektov ne treba da se rusi zatoa sto na Skopje mu e potrebno lizgaliste.
I jas velam deka lizgaliste e potrebno no ne gledam nekoja logika za "staticno" lizgaliste na otvoreno. Poveke e potrebna sala za lizanje. Inaku nikako ne mi e jasno kako leten olimpiski bazen moze da bide nefunkcionalen. Bukvalno vo cela Makedonija se zapustija letnite bazeni, pritoa ne se izgradija novi
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13834
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1153 Posted: Yesterday at 21:13
Лизгалиште има, се наоѓа веднаш до спортската сала Борис Трајковски. Мало е, ама си работи кога му е сезона.

Летни базени исто така има, но се во приватна сопственост. Затоа и не ги знаете повеќето.
За сè има вторпат
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1289
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1154 Posted: Yesterday at 21:14
Подобро рушевина отколку плац за профит на кичести станбени згради.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2032
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #1155 Posted: Yesterday at 21:18
Originally posted by Џоле

Лизгалиште има, се наоѓа веднаш до спортската сала Борис Трајковски. Мало е, ама си работи кога му е сезона.

Летни базени исто така има, но се во приватна сопственост. Затоа и не ги знаете повеќето.
Jas zboruvam za lizgaliste od zatvoren tip za profesionalci.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 565758

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.359 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.