build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Урбанистички планови и парцели (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбанистички планови и парцели (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 5960616263>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1201 Posted: 22-Dec-2021 at 12:57


Дојде на ред и деталниот урбанистички план за Градска четврт З 09 односно за делот помеѓу бул. Партизански одреди, М.Т. Гологанов, бул. 8-ми Септември и ул. Франклин Рузвелт.
- Нова зграда кај Веро со висина од 27 метри
- Паркинзи на местото на зеленилото помеѓу зградите кои се наоѓаат помеѓу бул. Партизански одреди и ул. Каирска
- Нова зграда кај Катастар

https://www.facebook.com/photo?fbid=10227106612150000&set=a.1070899771535
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1202 Posted: 25-Dec-2021 at 11:08
Originally posted by stef4o

ЈАКИМОВСКИ СЕ ЖАЛИ ОД АРСОВСКА: Веќе 45 дена го молам градот Скопје да назначи комисија за урбанизам, може да изгубиме тужба од 15 милиони евра

Дел од новинарите вчера успеале да добијат брифинг со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, но тоа не му успева сеуште никако на градскиот татко на Карпош Стевче Јакимовски. Градоначалникот и лидер на ГРОМ Стевчо Јакимовски се пожали дека подолго време не може да стапи во контакт со градоначалничката на Скопје, која беше избрана со поддршка на неговиот поголем коалициски партнер-ВМРО-ДПМНЕ.
„Имам потреба вака јавно да се обратам, веќе 45 дена го молам Градот Скопје да назначи комисија за урбанизам, бидејќи старата комисија е суспендирана, а немаат назначено нова комисија за да го одобри деталниот урбанистички план за кој што сме ние тужени, а тужителот бара 15 милиони евра оштета.
Досега имав средба со јавниот правобранител и со правобранителот кој го води предметот. Инсистираат планот итно да се донесе и на инвеститорот да му се понуди парцелата која е суспендирана со поништување на планот.
Ова е последниот начин со кој што можам евентуално да влијаам за позитивно решение на проблемот за Општината Карпош да не биде доведена во тешка материјална состојба“, пишува Јакомовски на својот фејсбук профил.

https://faktor.mk/jakimovski-se-zali-od-arsovska-vekje-45-dena-go-molam-gradot-skopje-da-naznachi-komisija-za-urbanizam-moze-da-izgubime-tuzba-od-15-milioni-evra


Плац за бензинска на Пуцко ги „скара“ Јакимовски и Арсовска



Апелот на градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски до новата скопска градоначалничка Данела Арсовска, Град Скопје да даде согласност за Детален урбанистички план, бидејќи во спротивно Општина Карпош се соочува со опасност да плати оштета од 15 милиони евра, се однесува на судски спор покренат од страна на нафтената компанија „Пуцко Петрол“, дознава Фокус.

Според информации од Општина Карпош, оваа компанија во сопственост на Асмир Јахоски, син на пратеникот од редовите на ДУИ Ислаил Јахоски, на јавна лицитација одржана во 2016 година купила плац покрај булевар Осми Септември, во близина на хотелот Александар Палас и спортскиот комплекс Борис Трајковски.

Притоа, во моментот кога компанијата го купила земјиштето за околу 2 и пол милиони евра на наддавање со уште 5 компании, на сила бил Детален урбанистички план кој на таа локација предвидувал изградба на помала бензинска станица, со две пумпи за точење на горива.

Впрочем, продажбата на земјиштето се врши за време на претходниот мандат на Јакимовски, но по промената на локалната власт, кога нов градоначалник на локалните избори во 2017 година стана Сфетан Богоев, Уставниот суд го укина овој ДУП, бидејќи, според Судот, бил донесен во незаконска постапка.

На тој начин, компанијата го загуби законското право (секој урбанистички план има сила на закон) да гради бензинска станица на купениот имот, по што поднела тужба со која првичните 2 и пол милиони евра за купување на земјиштето пораснале до 15 милиони евра, сосе камати и побарување по основ на неостварена добивка.

КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ?

Како што вели Јакимовски за Фокус, Пуцко Петрол веќе еднаш добил првостепена судска пресуда во своја корист, но, објаснува тој, по жалба на Државното правобранителство предметот е вратен на повторно одлучување.

Државниот правобранител беше кај мене и кажа дека под итно треба да се усвои ДУП-от, по што истата локација правобранителството на суд ќе и ја понуди на компанијата. Ако одбие, ќе нема право на оштета – вели Јакимовски, додавајќи дека правобранителот периодов праќал дописи до Општина Карпош и Град Скопје, па дури и предочува на евентуална кривична одговорност.

Инаку, тој пред неколку дена јавно ја прозва новата скопска градоначалничка Арсовска, истакнувајќи дека 45 дена го моли Градот да назначи Комисија за урбанизам, за да го одобри планот за кој неговата општина е тужена за побарување од 15 милиони евра оштета.

Арсовска, пак, му одговори дека тој врши медиумски и институционален притисок врз Градот за да даде позитивно мислење на одреден урбанистички план, наместо, како што потенцираат, вината да ја бара кај неговиот претходник.

НОВ ДУП

Поточно, судскиот процес против Општина Карпош е покренат кога градоначалник беше Богоев, во чие време, всушност, почнала постапка за усвојување на нов урбанистички план.

Меѓутоа, овој план не се однесувал за цела четврт, како што бил опфатот на претходниот укинат план од страна на Уставниот суд, туку за еден блок, што го опфаќал само плацот што Пуцко Петрол го купил во време кога имало важечки план со маркица за бензиска пумпа.

Така, во изминатиов период овој план ги минал сите законски фази, но заглавил во Град Скопје, кој првично дал забелешки на планот.

Откако овие забелешки се поправени, планот бил вратен во Град Скопје непосредно пред да се одржат изминатите избори, но до денес нема ниту одговор со нови забелешки, ниту позитивно мислење, за да може да оди на следна фаза во Министерство за транспорт и врски и на крај да се врати на гласање пред општинскиот совет.

Иако Законот за просторно и урбанистичко планирање предвидува дека Градот мора во рок од 5 дена да се изјасни, сепак, тоа не е направено, бидејќи по промената на локалната самоуправа суспендирана е старата комисија за урбанизам, а се уште не е назначена нова.

https://fokus.mk/plats-za-benzisnnka-na-putsko-gi-skara-jakimovski-i-arsovska

Edited by stef4o - 25-Dec-2021 at 11:08
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1203 Posted: 25-Dec-2021 at 11:10
Кај изгорените бараки до Буњаковец вцртана е шесткатна зграда



На местото каде пред неколку дена изгореа бараките на скопското јавно претпријатие Улици и Патишта, во непосредна близина на трговскиот центар Буњаковец во центарот на Скопје, предвидена е изградба на станбена зграда.

Според податоците што ги обезбеди Фокус, на таа локација е вцртана маркица за изградба на шесткатна зграда со намена А2, со што, според Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање, се означува „домување во станбени згради“.

Всушност, тоа е предвидено со Деталниот урбанистички план донесен во 2012 година, кој потоа беше замрзнат, односно ставен под мораториум од страна на Советот на Општина Центар, додека градоначалник беше Саша Богдановиќ.

Паралелно со тоа, во рамки на Општина Центар се покрена постапка за носење на нов ДУП за тој дел, кој носи назив Градска четврт 3 11 – локалитети Буњаковец 1 и Буњаковец 2.

Притоа, со новиот ДУП се намалува катноста на објектот за 2 ката, односно се спушта од 6 на 4 ката, меѓутоа неговата намена останува иста – А2 или „домување во станбени згради“.

Арно ама, постапката за усвојување на овој план не е завршена до ден денес, а во меѓувреме Уставниот суд ја укина одлуката за привремена забрана за градење во Општина Центар.

КАТНА ИЛИ ПОДЗЕМНА ГАРАЖА?

Меѓу плановите што потпаднаа под мораториумот беше и оној за делот околу Буњаковец, што значи дека моментално на сила е стариот ДУП од 2012 година, кој предвидува изградба на шесткатна зграда.

Според податоци од Катастарот на недвижности, земјиштето главно е во државна сопственост, додека дел од земјата во близина е во сопственост на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, како на ЈП Улици и Патишта.

Од Општина Центар посочуваат дека и со стариот и со новиот ДУП што е во фаза на изработка се предвидува изградба катна гаража до Буњаковец, на местото каде моментално е поставен монтажен паркинг, како и на дополнителна површина наоколу.

Според неофицијални информации, во рамки на актуелната градска администрација се размислува да се отфрли изградбата на катната гаража, и во тој дел да се изгради парк, додека проблемот со паркирањето да се реши со подземен паркинг.

Меѓутоа, поради тоа што земјиштето е во сопственост на различни државни институции, а дел е и во приватна сопственост, според нашите извори, допрва ќе се испитува дали оваа идеја е остварлива.

Иако надлежните се уште ги испитуваат причините за пожарот во кој изгореа бараките и неколку автомобили, опозицијата веќе изнесе сомнеж дека тој можеби е намерно подметнат.

https://fokus.mk/kaj-izgorenite-baraki-do-bunakovets-vtsrtana-e-shestkatna-zgrada
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1204 Posted: 11-Jan-2022 at 18:24
Герасимовски со барање за вонреден инспекциски надзор на ДУП Градска четврт Ј07



Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, испрати барање до Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам за вршење на вонреден инспекциски надзор на блоковите 10, 28 и 43 од Деталниот урбанистички план Градска четврт Ј 07 Локалитети: Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара.

-Од причини што Советот даде задолжение на градоначалникот да се обрати до Вас, бараме во рамките на Вашите законски надлежности, да ја испитате околноста, можностите и рамките за извршување на вонреден инспекциски надзор врз ДУП Градска четврт Ј 07 (донесен на 18.7.2014) околу неговото донесување, особено за блоковите 10, 28 и 43 и за истото да нѐ известите во најкус можен рок“ – е неведено во барањето испратено до Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.

Како што информираат од Општина Центар, со извршувањето на вонредниот инспекциски надзор ќе се излезе во пресрет на барањата на граѓаните од улиците: „Козара“, „Питу Гули“ и „Салвадор Аљенде“, кои тоа го побараа од Герасимовски, но и ќе бидат појасни околностите кои довеле до донесувањето на планот во 2014-та година.

Советот на Општина Центар на последната четврта седница го задолжи Герасимовски од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам да побара вонреден инспекциски надзор на планот.

https://www.vecer.press/герасимовски-со-барање-за-вонреден-ин/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1205 Posted: 01-Feb-2022 at 07:58
Крњево и Маџир Маало ќе се урбанизираат, ДУП-овите се при крај

Герасимовски исто така рече дека населбите Крњево и Маџир Маало кои се во централното градско подрачје ќе се урбанизираат и нивните ДУП-ови се при крај. Во делот на Треска, каде што е ДУП-от на Буњаковец 1 и 2, Герасимовски рече дека ќе се отпочне со нов ДУП, по одлука на Комисијата за урбанизам, поради тоа што сегашниот е од 2012 година. Герасимовски рече дека истиот е почнат да се ревидира за да се усогласи со ДУП-от но е закочен со месеци односно години. Герасимовски и вечерва истакна дека во Општина Центар ќе има хуман урбанизам, дека тој како градоначалник целосно ќе се бори за што повеќе јавно добро зеленило, градинки, училишта итн.

https://skopje1.mk/archives/162262
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1206 Posted: 01-Feb-2022 at 14:26
Герасимовски: Почнуваме со урбанизација и модернизација на Крњево и Маџир Маало

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави нови градби, урбанизација и модернизација на населбите Крњево и Маџир Маало. Во интервју за Националниот сервис МРТ, изјави дека населбите Крњево и Маџир Маало, како едни од најстарите маала во Општина Центар, неопходно е да бидат урбанизирани и да добијат модерен лик. Герасимовски рече дека ДУП –от за Маџир Маало 1 е донесен, при крај е тој за Маџир Маало 2, а во завршна фаза е и ДУП-от за Крњево.

– Во Маџир Маало 1 веќе се почнати со давање на дозволи, исто и во Маџир Маало 2 иако е во самата процедура. Таму се повеќе и станбени објекти, има и дел хотели, додека во Крњево се уште немаме почнато со давање на дозволи, нема ни почнато со градби изминатиот период. Верувам дека за брзо време ќе го донесеме и тој ДУП-ќе, ги отстраниме тие забелешки коишто се од град Скопје и од Министерството за транспорт и врски и што поскоро ќе почнеме и таму да издаваме дозволи, како што кажав, да го модернизираме и тој дел од Центар којшто е и самиот влез на Општина Центар. ДУП-овите за Маџир Маало 1 и 2 се во завршна фаза, со поминати јавни анкети и чекаме од институциите да добиеме зелено светло за да поминеме во завршната фаза, односно донесување на Совет и донесување на истите – изјави Герасимовски.

Герасимовски за МРТ кажа и дека општината работи на решавање на проблемот со паркирањето, одржување на хигиената и зголемување на зеленилото, при што најави голем зелен појас на местото на изгорените бараки на поранешниот суд за прекршоци во Градскиот парк.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/gerasimovski-pochnuvame-so-urbanizacija-i-modernizacija-na-krnjevo-i-madjir-maalo/
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 394
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #1207 Posted: 01-Feb-2022 at 14:45
Урбанизацијата:



Модернизацијата:




Edited by Théoden - 01-Feb-2022 at 14:46
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14161
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1208 Posted: 09-Feb-2022 at 11:31
Ми звучи повеќе како популизам, одошто како „справување со градежната мафија“... Посебно зашто, според фотографијата, станува збор за парцели на крајот од населбата, каде сега имаш пуст простор. На десетина метри оттука веќе има еден пристоен парк меѓу зградите.

Избришани уште три градежни маркици во Реонскиот Центар во Општина Аеродром



На вчерашната седница на Советот на Општина Аеродром биле избришани уште три градежни маркици во Реонски Центар. Станува збор за градежен простор од вкупно 13.200 м2 на која било предвидено изградба на згради.

-Продолжуваме со бришење на градежните маркици ширум нашата општина! На Аеродром му е потребна хумана урбанизација! На вчерашната седница на совет на Општина Аеродром на наша иницијатива избришавме уште три маркици во Реонски Центар. Станува збор за градежен простор од вкупно 13.200м2 планирана изградба на згради. Задоволен сум што Советот ја изгласа оваа иницијатива која е во интерес на аеродромци. Ставаме акцент на зеленилото и хуманата урбанизација. Преку одговорно работење придонесуваме за што повеќе зелени површини во нашата општина! – истакна градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски.

Инаку, ова не е првпат да се избришат градежни маркици во Реонскиот Центар. Претходно на иницијатива на градоначалникот Муцунски, Советот на Општина Аеродром изгласа бришење на две градежни маркички во Реонски центар, каде беше предвидено да се гради општинска зграда и станбена зграда.

https://www.slobodenpecat.mk/izbrishani-ushte-tri-gradezhni-markici-vo-reonskiot-centar-vo-opshtina-aerodrom/
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1209 Posted: 14-Feb-2022 at 15:04
(ВИДЕО) Тетово чекори внимателно кон суспензија на ДУП „ШИК Јелак“

Најпопуларните детални урбанистички планови во државава, од повеќе причини, се оние во Општината Центар, но од неодамна имаат конкуренција во ДУП-от кај некогашниот ШИК Јелак во Тетово. Овој детален план, на кој се впишани маркички за четири трговски единици и 27 седумкатници, го донесе претходниот совет предводен од ДУИ и СДСМ, а од неодамна се обидува да го суспендира мнозинството во новиот совет составено од БЕСА, Алијанса, ВМРО-ДПМНЕ и независните од „Најдобро за Тетово“
Само неколку дена откако во 2020 година беше избрана новата владина коалиција СДСМ-ДУИ, двете партии остварија соработка и во Општина Тетово – го донесоа Деталниот урбанистички план за просторот кај некогашниот гигант ШИК ЈЕЛАК.

Со новиот Детален урбанистички план, кој општината го истурка веднаш по изборите, предвидени се 27 станбени згради високи до 7 ката и четири големи трговски единици, од кои една огромна.

По смената на локалната власт на крајот на 2021 година, новото општинско раководство не чекаше ниту два месеци за да почне постапка за суспензија токму на деталниот план за ШИК Јелак.

Заклучувам дека со 18 гласа „за“, ниту еден глас против и ниту еден воздржан, оваа точка е усвоена“.рече Дурмиши.
Во моментов, „заглавени“ се и планот и процедурата на општината за негова суспензија





Вака, одозгора, изгледа поранешната фабрика ШИК Јелак и просторот околу неа. Вака, одозгора, требаше да изгледа истиот тој простор со измените на деталниот урбанистички план што ги донесоа советниците на ДУИ и на СДСМ во септември 2020 година. На местото на фабриката и сегашните куќи, се вцртaa станбени згради, дуќани и трговски центри.

Целата приказна ја следеше и политички конфликт, бидејќи најголемиот ќар од планот ќе го имаа газдите на ШИК Јелак. А, меѓу нив, во моментов, е контроверзниот црногорски бизнисмен Миомир Давидовиќ Дака.

Иако има политичка волја, а според Сулејмани и правни аргументи, единствената одлука поврзана со суспензијата на планот останува таа на Советот од пред Нова година. Според Законот за просторно и урбанистичко планирање, потребен е стручен елаборат за суспензија од комисијата за урбанизам на општината за постапката да продолжи.

Бавниот развој на настаните, градоначалникот Билал Касами го објаснува со намерата да се задржи законитоста на целата постапка при евентуална ревизија на урбаниот блок.

Целата оваа постапка не сакаме да не биде спротивна на законот и следствено и општината и граѓаните да имаат натамошни последици.Затоа и покрај интересот на јавноста и на граѓаните на Тетово како процедура да биде побрза, внимаваме да се зачува законитоста на целата постапка за евентуална ревизија на урбаниот блок“

вели Касами.
Тетово е една од ретките општини што се обидуваат да го применат механизмот на ревизија на урбанистички планови. Општината Центар во Скопје се обиде да го оди тој пат, но имаше само ограничен успех.

Проблемот е во т.н. стекнато право – односно штом еднаш ќе се вцрта маркичка за приватна парцела, таа не смее да се брише или менува.

„Нема да преземеме никакви чекори за исправање на една неправда, која би создала уште една неправда кон граѓаните. Затоа реков дека сме внимателни во целата постапка што ја почнавме. Доколку немаме силни гаранции од експертите за урбанизам, но и од судска практика дека со секое наше постапување нема да ја подобриме урбанистичката состојба во Тетово и воедно нема да создаваме дополнително финансиско оптоварување за граѓаните на Тетово, нема да направиме чекор во спротивна насока.Така што,целата постапка треба да биде според закон и, секако, заштита на јавниот интерес“

рече Касами.
„360 степени“ побара став и од другите „актери“ во приказната. Од контактите на фирмите на потенцијалниот инвеститор, бизнисменот Дака, не успеавме да добиеме коментар за развојот на настаните во Тетово.

https://360stepeni.mk/video-tetovo-chekori-vnimatelno-kon-suspenzija-na-dup-shik-jelak/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1210 Posted: 21-Feb-2022 at 11:05
БИТОЛА СЕ ГРАДИ ПО ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ОД ПРЕД 23 ГОДИНИ, ОПШТИНАТА ВЕТИ НОВ

Битола има застарен Генерален урбанистички план (ГУП) кој не е обновен 23 години и не ги задоволува современите урбанистички потреби на градот. Недостига смирување на сообраќајниот метеж преку воведување еднонасочни сообраќајници, поради неплански градби невозможно е проширување на улиците, околните ридови кои некогаш беа рекреативни зони сега се преполни дивиградби, градот се празни, а згради никнуваат на секој чекор… Архитектите критикуваат дека стариот ГУП не може да понуди визија за понатамошен урбанистички равој на Битола.

„Тоа што не е донесен ГУП се одразува многу негативно, бидејќи прво со донесување закон за легализација на дивоградбите се потикнува дивото градење. Градот се проширува, се гради неплански, што има влијание врз квалитетот на живот. Не се добро проектирани, односно предвидени инфраструктурните инсталации, водовод, канализација и останатите, а со новите непланирани приклучоци се раскопуваат улиците за кои треба санација. Градот сообраќајно се решава парцијално без плански одредби или застарени, според некогашните правила и прописи. Тие што градат дивоградби не плаќаат комунални давачки кои се користат за изградба на нови улици. Не може да се понудат решенија за проширувањето на границите на градското подрачје, односно на каде ќе се развива градот“, велат архитекти од Битола.

Од Општината најавија дека годинава ќе почнат постапката за изработка на нов ГУП. Велат, актуелниот е работен врз анализи кои не кореспондираат со времето во кое се применува, поточно 20 години подоцна. Тој е димензиониран за демографска состојба, соообраќајни потреби, сопственички односи, стандарди на живеење различни од денешните.

„Актуелниот ГУП се темели на регулатива, стандарди и нормативи за урбанистичко планирање неприменливи во современ контекст. Основниот развоен документ на градот е во голем расчекор со целите за одржлив развој и останатите глобални развојни документи во сферата на урбанистичкото планирање’’, соопштија од Општината.

На прашањето кога ќе биде донесен, од Општината велат дека динамиката ќе биде согласно законската регулатива. Од Јавното претпријатие за урбанистичко планирање неодамна соопштија дека главна активност во тековната година ќе биде нацрт фазата за изработка на ГУП-от.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/bitola-se-gradi-po-generalen-urbanistichki-plan-od-pred-23-godini-opshtinata-veti-nov/
Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 136
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #1211 Posted: 21-Feb-2022 at 14:23
Битола,најградскио град уништуван со децении,ќе го светни ли сонце конечно
Скопје замина во подпросечност,за Битола мислам имат уште шанса да заличит на град,широк сокак е одлична основа. Ќе видиме шо ќе биди...
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 394
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #1212 Posted: 21-Feb-2022 at 14:38
Неколку извадоци од тековниот ГУП на Битола што сум ги ископал од некаде:



Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1773
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1213 Posted: 21-Feb-2022 at 17:58
Многу пати Скопје сме го дикутирале, ама Битола слабо, и добро е што има овакви матерјали. На Битола и треба едно радикално прежалување на "старото јадро и традицијата" и пробивање на неколку клучни булевари, инвазивно, и да се реши за многу децении нанапред.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14161
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1214 Posted: 21-Feb-2022 at 18:07


Така размислувале и „комуњарите“ на времето, па денес сите ги плукаат за уништување стари градски јадра. Дури и градови во Белгија се упропастени на тој начин.

Edited by Џоле - 21-Feb-2022 at 18:07
За сè има вторпат
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5361
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #1215 Posted: 21-Feb-2022 at 18:21
Чарето за Битола е да се ограничи сообраќајот во старото јадро колку што може повеќе, да се забрани паркирањето, и да се демотивира населението да вози кола за оди на мочање. Сепак, Битола како град и битолчани само тонат во калта во последниве 15-20 години и нема да биде ништо поарно во иднина. Помина славата на тој град. Универзитетот е за никаде, работниот пазар е тој што е - една фабрика (Кромберг & Шуберт) која мораше да носи луѓе од Ресен, Демир Хисар и на крај Украина Оти нема кадарна работна сила...


Старото јадро изградено во турско, наместо да се форсира за угостителски објекти (ресторани, хотелчиња и Airbnb) кај нас е главна резиденцијална зона, каде секој сака 2 коли да ги паркира на улица. Креваат куќи на 3-4 спрата во стил а ла Мала Речица, уриваат куќи стари стотици години.

Никој не вози велосипед, паркираат кој каде ќе стигне. Тие Охрид не можат да го средат, не па Бтиола. Што останува тогаш за помалите градови во државава...
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 136
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #1216 Posted: 21-Feb-2022 at 20:08
Ај да не пропадни во оваа централизирана лоповска држава,само скопје та скопје,бар да направевте нешто квалитетно со та милијарда што ја задолживте цела држава,ви ги тутнаја спомениците Мијалков и Зоне побегуља,ги дрпнаја парите и магла фатија.За овие сегашните па не вреди ни да збораш ни да колниш....само скупјанце,другите градој и села нека пцојсаат или нека се исселат.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1773
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1217 Posted: 21-Feb-2022 at 21:43
Еве уште еден проблем на Македонија, ако му објасниш на прост сељак со многу зборови од каде потекнува проблемот како што објасни Гитар, нема да те разбере сељакот. Ама ако му собереш све на купче и му кажеш еден збор, "Скопје", и како тоа "Скопје" е криво што во Битола сам си унакажува, е тогаш од неокортекс до петна жила има да те разбере, јер само еден збор разбира!

Инаку, оффтопик, @Гитар, не те разбрав убаво, сакаш да кажеш дека место "танчерки" од Украина сега доаѓаат работници за индустриски зони?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5361
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #1218 Posted: 21-Feb-2022 at 23:44
Originally posted by user8642

Еве уште еден проблем на Македонија, ако му објасниш на прост сељак со многу зборови од каде потекнува проблемот како што објасни Гитар, нема да те разбере сељакот. Ама ако му собереш све на купче и му кажеш еден збор, "Скопје", и како тоа "Скопје" е криво што во Битола сам си унакажува, е тогаш од неокортекс до петна жила има да те разбере, јер само еден збор разбира!

Инаку, оффтопик, @Гитар, не те разбрав убаво, сакаш да кажеш дека место "танчерки" од Украина сега доаѓаат работници за индустриски зони?


Фабриката имаше над 4000 работници, но немаше доволно кадар во цела Битола и селата, па носеа од Ресен и Демир Хисар, за на крајот да донесат од Украина. Официјално дел од нив биле работници на пракса за новата фабрика во Украина, но сум чул дека за поголеми нарачки кога треба поголема работна сила, ги носат оти нема тука кој.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 741
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #1219 Posted: 22-Feb-2022 at 08:20
Како што кажа гитар пред некој пост, светлото време на градот помина. А тоа што некогаш имало подобри времиња во голема мера се должи на географијата. Процутот од 19ти и 20ти век се должи на централната поставеност на градот. Потоа станува лрајчето на слепо црево. Чаре би била една нова регионална "глобализација" на градот. И друг пат имам спомнувано, спасот за сите места подалеку од 100 км од Скопје е да се соединат во мини агломерации, а ако се има план и желба тоа е релативно лесно изводливо со Прилеп, со пар добри инфраструктурни решенија и темелно експлоатирање на современите технологии. И ако веќе некој можи да има некаков ќар од капитулацијата со името - тоа е Битола. Со оглед на то дека немаме отворени прашања со Грција, отворањето и зголемувањето на контактите со пограничните региони треба да се избуста. Прва на листата е пругата која е готова и сè уште вон функција веќе три години.

Во поглед на екпномија и образование - универзитетот треба целосно да се реформира. Да се укинат сите насоки освен ИТ и неколку технички области, носење на спремен кадар од странство (дали наши дали туѓинци) и бустање максималнп на тој сектор. Но за ова огромен проблем е партиската метастаза, тнр. научен кадар, кој моментално на универзитетот е поброен од студентите. Многу тешко е тоа да се прочисти.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1220 Posted: 23-Feb-2022 at 17:54
Општина Центар планира изработка на нов ДУП за одредени делови на Водно

Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам се прогласил за ненадлежен во однос на инспекциски надзор на ДУП Ј 07, префрлајќи ја одговорноста на Општина Центар, односно Советот кој го носи овој план.

Ова е одговорот што го добиле општинските власти откако градоначалникот Горан Герасимовски побара вонреден инспекциски надзор од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам на наведениот план кој ги опфаќа локалитетите: Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара.

– До Општина Центар пристигна одговор од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и во него, Инспекторатот, повикувајќи се на Законот за просторно и урбанистичко планирање, се прогласува за ненадлежен по прашањето за инспекциски надзор на ДУП-от Ј 07. Надлежноста за постапување по овој предмет е во рамки на делокругот на Општина Центар, односно Советот, кој го донесува овој план – потенцираат општинските власти.

Тие додаваат дека, во соработка со стручните служби и Советот на Општина Центар, продолжуваат да бараат решенија за состојбата со Водно и најавија дека е во план и изработка на нов урбанистички план за одредени делови од Водно.

Имено, неодамна, на средба прво со претставници од Општина Центар, а потоа и со градоначалникот Горан Герасимовски, жителите на улицата „Питу Гули“ реагираа на издаденото правосилно одобрение за градење индивидуален станбен објект (намена А0) во градежна парцела што се наоѓа на падината на Водно, непосредно над нивните објекти. Тие стравуваат дека поради издавањето на градежната дозвола за овој објект, ќе никнат и други, со што постои опасност да се урне целиот рид.

Додека жителите на средбата што се одржа во вечерните часови бараа помош од Општината да најде можност и начин како да се сопре оваа градба, инвеститорот утрината започна со околчување на плацот. По барање на жителите, инспектори од Општина Центар извршија увид на терен и утврдија дека инвеститорот „Маркеза“ ДООЕЛ не врши градежни дејства, туку се работи за оградување на плацот, кој е во негова приватна сопственост.

По овие средби, Советот на Општина Центар го задолжи градоначалникот Горан Герасимовски да побара вонреден инспекциски надзор од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам на ДУП-от Ј 07. Жителите и натаму очекуваат да се изнајде решение.

https://www.vecer.press/општина-центар-планира-изработка-на-н/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 5960616263>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.719 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.