build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Урбанистички планови и парцели (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбанистички планови и парцели (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1314151617 62>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
micko_v View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Jun-2009
Location: Firenze, Italia
Online Status: Offline
Posts: 123
  Quote micko_v Quote  Post ReplyReply #281 Posted: 22-Jun-2009 at 22:33
Здраво форумџии, дали некој поседува фото од ДУП Тасино Чешмиче 2 или има информации каде може да се најде (освен очигледното , во општина Big%20smileBig%20smile)
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #282 Posted: 06-Jul-2009 at 02:58

Ќе се гради црква во Триангла и трговски центар во Маџари

Мал христијански храм ќе може да се изгради во урбаната заедница Триангла. Храмот ќе биде со површина од 81 квадратен метар и со висина на венецот од 8,7 метри. Вкупната површина на парцелата за изградба е 210 квадрати. Ова, меѓу другото, е предвидено со новиот детален урбанистички план за населбата Триангла, кој во форма на нацрт помина на последната седница на Советот на Општина Гази Баба.

Примарната функција на овој план е домувањето, односно 41 отсто од планскиот опфат е за таа намена. Дел од парцелите за домување ќе бидат наменета за станбени згради, а дел за куќи. Нов станбен блок ќе се гради на улицата Благоја Стефковски, каде што сега се наоѓаат бараки од привремен карактер кои во 1964 година ги изградила Комерцијална банка за своите службеници. Во меѓувреме тие се откупени и сега претставуваат приватен имот. Исто така, планирана е изградба на мало детско игралиште со површина од 64 квадрати, како и коловоз, тротоари, велосипедски патеки, пешачки пристапи, паркиралишта и заштитно зеленило.

Советот го донесе и планот за дел од населбата Маџари, за таканаречениот Урбан блок 3. Според планот, на местото на некогашното кино „Маџари“ ќе се гради голем трговски центар. И во овој дел од општината се предвидува домување во станбени куќи, како и објект за јавна институција од културата и за државна институција.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3153580097D8C14C9A64BDFB5D6B97CA
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #283 Posted: 09-Jul-2009 at 03:26
Се изнервирал и со трактор ја изорал улицата!

Станува збор за вратено земјиште на државата од пред 60 години на сопственик, кој пред две недели најпрво со жичана ограда ја заградил дедовината, скопската улица Пробиштипска, а пред некој ден по рушењето на истата од комшиите и нејзиното тргање на сопственикот му прекипува и револтирано со трактор во вечерните часови буквално ја ора улицата


По добиената информација за десетина дена актуелна случка која ги мачи жителите на улицата Пробиштипска во општината Ѓорче Петров и секојдневно ја прераскажуваат по малку на смеа отколку со револт, екипата на Вечер во текот на вчерашниот ден успеа да излезе на терен и да се увери во кажувањата. Станарите на спорната улица велат дека ова е "бисер" не само во метрополата туку и пошироко кој единствено може да се случи во Скопје и Македонија.

Станува збор за вратено земјиште на државата од пред 60 години на сопственик, кој пред две недели најпрво со жичана ограда ја заградил дедовината, скопската улица Пробиштипска, а пред некој ден по рушењето на истата од комшиите и нејзино тргање на сопственикот му прекипува и револтирано со трактор во вечерните часови буквално ја ора улицата. Настан кој засега немал медиумско внимание, но е и конфузен исто така колку што е смешен и трагичен.

Станарите на улицата Пробиштипска гневни на општината Ѓорче Петров и државата за одлуката за враќање на земјиштето на кое повеќе од 50 години има сервисна улица на која тие живеат.
- Овде живеам половина век. Не очекував вакво нешто да се случи ни на филм а не па во мојата улица. Дојде пред отприлика еден месец и ни се закани дека ќе гради зграда. Ние не го сфативме сериозно и на смеа му рековме да ни остави барем метар за да можеме да поминеме до дома, вели Зешев Венцислав, жител на Пробиштипска 16 а. Тој ни објасни дека отакако сопственикот кој повеќето го знаат како Благоја им се заканил дека ќе го стори тоа по само еден ден улицата ја оградил со жичана конструкција во целата нејзина должина.
-Постави ограда која му ја извадивме веднаш. Побаравме полициска и општинска помош но тие ни рекоа да го тужиме ако пак го направи тоа, тврди станарот на Пробиштипска. Вечерта откако ја тргнавме оградата тој со помош на платеници дојде и со мотокултиватори и трактори ја изораа улицата. Имаше и физичка пресметка и заканувања до нас, но попусто, успеавме само делумно да го спречиме.

Од општина Ѓорче Петров запознаени со проблемот но засега ништо не можат да сторат освен да се стопира било каква градежна активност.
-Не е до нас проблемот. Проблемот е до државата која не била информирана дека на денационализираното земјиште има улица. Засега дадовме забрана за се! Лично не го знаеме сопственикот на земјиштето но го повикуваме на разговор кај нас да се договориме за алтернативна локација во замена на улицата. Работиме на изноѓање на решение а тоа е пробивање на улицата Социјалистичка Зора со главната сообраќајница.

Се додека овој проблем не се реши жителите на Пробиштипска влегуваат од провизорни места и своето ѓубре со автомобил го носат до контејнерите на булеварот Партизанска.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=5D9C25E30867D64AA411D20423F605BA
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #284 Posted: 11-Jul-2009 at 04:25
Не ја копав со трактор туку со багер!

Од општината Ѓорче Петров вчера, во врска со случајот, ни изјавија дека нивните служби во понеделник ќе се состанат за да го разгледаат настанатиот проблем и дека тогаш ќе излезат со официјален став околу "Пробиштипска"


По објавувањето на сторијата во Вечер за поплаките на жителите за раскопаната со трактор улица "Пробиштипска" во скопската општина Ѓорче Петров, во текот на изминатиот ден добивме реакција од сопственикот на спорното земјиште на кое тој тврди дека ќе прави што сака, зашто ги има сите документи.

- Два дена јас и моето семејство не сме спиени од кога видовме и прочитавме невистинити изјави од станарите на "Пробиштипска", објаснува видно возбуден пензионерот Благоја Мишевски, сопственикот на земјиштето на кое до пред некој ден се наоѓаше сега веќе ископаната улица во Ѓорче.

- Лично ги познавам станарите таму и навистина не знам од каде такви информации ви дале за земјиште кое е мое години наназад и не е добиено со денационализација туку е лично мое и можам да му правам што сакам. Пред да најмам луѓе да ја ископаат улицата, не како што ви кажале со трактор туку со багер, појде син ми и лично ги информираше тамошните дека за некој ден ќе отпочнеме со градежна активност, вели Благоја. Поставивме жичана конструкција, ни ја тргнаа. Повторно разговараше син ми со нив, тие му рекоа немаат ништо против нас туку против општината и државата што не размислиле кога потпишувале решение за градба, кое според нив е неиздржано и им го узурпирал излезот од нивните куќи. Тука јас не ја гледам мојата вина што сакам да градам на мое земјиште и што сум ја ископал улицата со багер. Отсекогаш сум имал поседовен лист и одобрение за градба на индивидуална станбена зграда, но се одовлекувало од други причини. Сега најдов инвеститор и ќе градам. Ако имаат проблем локалните станари од "Пробиштипска" нека одат во општина и таму нека се докажуваат а не да водат војни со мене по весници и институции, објаснува сопственикот на земјиштето, на која се наоѓа улицата, Мишевски.

Во решението за градење и нејзиниот графички приказ кој Мишевски ни го покажа потпишан од Секторот за урбанизам во Општина Ѓорче Петров стои одлука со бр. 081-1309/4-1 во која надлежните од општината, на парцела од 3091 м2 во 2005 год. даваат дозвола за градба. Во документот покрај другото стои елаборат со кој треба да се реши паркирањето и пристапот на околните куќи како и деталните локациски податоци на парцелата.

Од општината Ѓорче Петров вчера во врска со случајот ни изјавија дека нивните служби во понеделник ќе се состанат да го разгледаат настанатиот проблем и дека тогаш ќе излезат со официјален став околу "Пробиштипска".



http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=DE578EB13D50384F9798A9119D9E0FA9
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #285 Posted: 11-Jul-2009 at 13:29
Eeek3 

Работава била стигната до издадени дозволи?!? Е ова навистина ни на крај памет не ми падна дека може да е така. Што се може да ти зготви бирократија... Crazy

Се прашувам сега колку време една од страните ќе трпи (а веројатно и двете страни и плус ќе си ги нарушуваат меѓучовечките односи) додека не се расплетка случајов. Дали со изградба на уличната мрежа предвидена со тој ДУП или договорно со замена на локацијата не е битно. Но тешко дека ќе биде брзо...
А да се прашаат тие што дале дозволи да го образложат своето решение и кога веќе го направиле тоа, што превзеле за да се обезбеди пристап до објектите што ќе се отсечат?


Патем за каква зграда се збори? Според маркичката очигледно се работи за куќа.

Back to Top
mama View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 12-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote mama Quote  Post ReplyReply #286 Posted: 12-Jul-2009 at 22:36
ИНФОРМАЦИЈА ЗА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА КАРПОШ


      Во понеделник, 13 јули, во 13 часот, Советот на Општина Карпош ќе ја одржи Петтата седница на која на дневен ред ќе се најдат пет урбанистички планови кои се однесуваат на одделни подрачја од територијата на Општина Карпош. Освен тоа, на дневен ред ќе се најдат и одлуките за издавање фискултурни сали во основните училишта под закуп, Предлог-Програмата за социјална заштита како и некои други точки на дневен ред од значење за функционирањето на Општината.


Кабинет на Градоначалник на Општина Карпош

________________________________________________________________________
me interesiraat za koi urbanisticki planovi ke se diskusira, dali nekoj ima informacii
mama
Back to Top
mama View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 12-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote mama Quote  Post ReplyReply #287 Posted: 14-Jul-2009 at 10:57
Одложена петтата седница на Советот на Општина Карпош - СОВЕТНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СТАВИЈА „РАМПА„ ЗА УРБАНИСТИЧКИТЕ ПЛАНОВИ

     Петтата седница на Советот на Општина Карпош, денес немаше своја завршница откако градоначалникот на Општината, г-дин Стевчо Јакимовски ги повлече сите точки од дневен ред, кои како предлагач ги достави на расправа за оваа седница.
     Причина за ваквиот потег беше неприфаќањето на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ како и на независните советници Ранко Петровиќ и Радмила Ристовска од Група избирачи на дневен ред да се најдат носечките три детални урбанистички планови за Централниот градски парк - блок 2, за локалитетот Карпош 4 - Стара телевизија и за Тафталиџе - урбана единица 6,8 и 10 и за нив да се почне расправа. Освен тоа, советниците од  советничката група на ВМРО-ДПМНЕ изгласаа симнување од дневниот ред и на Предлог-Одлуката за организација, делокруг и начин на извршување на задачите на општинската администрација на Општина Карпош, како и Предлог одлуката за издавање под закуп на фискултурните сали и друг простор во основните училишта од подрачјето на Општина Карпош.
     Образложенијата дека советниците немале доволно време да ги разгледаат подетално урбанистичките планови, од страна на советниците на СДСМ и ЛДП беа протолкувани како класична опструкција, бидејќи плановите беа ставени на дневен ред уште од минатата седница. Токму по барање и во согласност со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ разгледувањето и усвојувањето на овие детални урбанистички планови тие беа одложени и оставени за оваа седница. Оттогаш до денес, советниците имаа цели 30 дена да ги разгледаат  и проучат ДУП-овите, но и тоа им било недоволно поради неискуство и неупатеност во оваа материја, како што самите истакнаа, па повторно одбија да ги стават на дневен ред и да расправаат за нив.


Градоначалник на Општина Карпош         
Стевчо Јакимовски

mama
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #288 Posted: 14-Jul-2009 at 13:39


Баш ме интересира дали некоја од тие урбани единици во Тафталиџе е опфатот за проектот на Газит Глоуб. Ваљда ќе покажат каква таква ефикасност за толку битен проект.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #289 Posted: 14-Jul-2009 at 22:35


Тафталиџе - урбана единица 6,8 и 10
не е, го има на сајтот на општината:

http://199.236.67.122/karpos/23-DUPzaurbed6810TaftalidzelokKanal.pdf


За Централен градски парк - блок 2  и  Карпош 4 - Стара телевизија уште по насловот е јасно дека не можат да бидат.
Е сега кои се тие двата преостанати (во првата вест се спомнува дека се работи за пет планови) останува мистерија.
Можно е евентуално да е и збунка, па оној за Тафталиџе некој да го протолкувал како три посебни планови (урбана единица 6,8 и 10)

Dunno
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #290 Posted: 14-Jul-2009 at 23:49
Previous
Овој што го посочи гледам се работи за покриениот канал да се претвори во пешачка патека. А другите се загатка !!??

Успат најдов и како ке буде јужниот булевар (бул Македонија) кај „олимпико“ - некогаш Roll%20eyes


Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #291 Posted: 15-Jul-2009 at 11:13

Советници во Карпош се плашат од нов кинески ѕид

Членовите на овој општински совет од редовите на ВМРО-ДПМНЕ го одложија донесувањето на деталниот план за дел од Градскиот парк за да го проучат подобро, бидејќи се сомневаат дека објектот на Кајак-кану клубот лесно може да стане нов монструозен објект на кејот

%20
Советниците од општината Карпош на последната седница требаше да усвојат пет нови детални урбанистички планови, но не донесоа ниту еден. Главна причина за одложувањето на плановите, според членовите на советот од ВМРО-ДПМНЕ, е летниот период, кога, според нив, се усвојуваат само сомнителни урбанистички решенија. Затоа решија да ги остават новите планови до септември, до кога треба и подобро да ги проучат, но и да и овозможат на јавноста да се запознае со нивната содржина.

Најспорен, според советниците, беше планот за дел од Градскиот парк, кој ги уплаши дека во себе крие нов кинески ѕид на местото на сегашниот Кајак-кану клуб.

- Нема да дозволиме уште една урбанистичка афера со волкави размери во паркот. Да усвоиме план, па од медиумите да дознаеме дека сме овозможиле изградба на уште еден кинески ѕид. Се дозволуваат проширувања на објектот на Кајак-кану клубот, иако градоначалникот не убедува дека ништо нема да се случи. Затоа мислам дека не е проблем да ги одложиме плановите за два-три месеци - смета Емил Угриновски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

Друг спорен план беше и тој кај поранешните простории на националната телевизија во Карпош 4. Двете новопредвидени згради дополнително ги раскараа советниците. Тие се потсетија на случајот од пред четири години, кога во пожар во една од висококатниците до мостот „Обединети нации“ загинаа родителите на пливачката Мирјана Бошевска.

- Тогаш пожарникарите одвај пристапија кон местото. Уличките се тесни, па ако се направат уште два објекта, се зголемува ризикот од катастрофи. Мој предлог е сите детални урбанистички планови да ги презентираме на телевизија, за граѓаните да знаат што се планира - смета независниот советник Ранко Петровиќ.

Залудно градоначалникот Стевчо Јакимовски се обидуваше да ги убеди советниците да ги усвојат плановите. Тој тврдеше дека Кајак-кану клубот е објект планиран и изграден уште во 1984 година и ќе се користи само за спортските потреби, но ниту тоа не ги премисли членовите на советот. Во еден момент дискусиите станаа толку несериозни, што откако советниците одложија половина точки од дневниот ред, градоначалникот сам ги повлече останатите. И, по двочасовна расправа за дневниот ред, седницата заврши уште пред да почне.

.......

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7159101592&id=14&prilog=0&setIzdanie=21738
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #292 Posted: 15-Jul-2009 at 11:21
Кај нас веке се посочи во нишката - Градски парк Скопје



Кајак, маска - кафана, турбо
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #293 Posted: 15-Jul-2009 at 11:23

Нема да се гради зградата на улицата Багдадска

Иако инвеститорот веќе платил комуналии и чека градежна дозвола, Државниот градежен инспекторат ги поништил локациските услови поради неусогласеност меѓу генералниот и деталниот урбанистички план

%20
Фирмата „Гранд инвест“ нема да може да ја изгради планираната зграда на улицата Багдадска во населбата Тафталиџе, иако веќе има платено комуналии, затоа што Државниот градежен инспекторат одлучил да ги поништи локациските услови за објектот, соопштуваат од општината Карпош. Причината поради која инспекторатот смета дека на местото не треба да се направи објектот е неусогласеноста меѓу генералниот и деталниот урбанистички план.

Од кабинетот на градоначалникот Стевчо Јакимовски истакнаа дека ќе се поништат локациските услови, односно дека нема да се издаде дозвола за градба.

- Првично донесовме одлука да се затрупа дупката сé додека да не се донесе конечно решение. Пред неколку дена бевме информирани од Секторот за урбанизам во нашата општина дека по предлог на Државниот инспекторат е донесено решение за поништување на локациските услови за што група граѓани имаат поднесено и барање - истакнаа од кабинетот на Јакимовски.

Поради презафатеност на управителот Панче Минциковски, од фирмата „Гранд инвест“ не беа во можност да дадат свој коментар за случајот. Пред дваесетина дена група граѓани од маалото, меѓу кои и пратеничката Лилјана Поповска, протестираа против изградбата на објектот образложувајќи дека тој не се прави плански и дека инвеститорот копа дупка уште пред да добие градежна дозвола. Следниот ден градоначалникот Јакимовски рече дека постои неусогласеност меѓу плановите, но дека комуналиите веќе биле уплатени, а постапката да се издаде градежната дозвола почнала додека со општината управувал неговиот претходник, в.д. градоначалникот Сашо Димиќ. Тој тогаш не најави дали ќе издаде дозвола или целосно ќе се поништи постапката и ќе му се вратат парите на инвеститорот. Но, неможејќи да чека да завршат сите процедури, фирмата „Гранд инвест“ веќе ја ископа дупката за темелите, а управителот Минциковски најави дека ќе бара отштета од општината ако не му издаде одобрение за градба бидејќи комуналиите не му биле единствениот трошок досега, а објектот постоел во деталниот урбанистички план.

Проблемот е во тоа што со деталниот план за тоа подрачје усвоен во 2001 година била предвидена зградата, но следната година бил донесен нов генерален план за Скопје во кој целото тоа подрачје се наменило исклучиво за индивидуално домување, односно за куќи. Иако имале обврска, ниту една општинска управа на Карпош во изминативе седум години не извршила усогласување, односно не ја избришала маркичката за зградата. Затоа и поранешниот в.д. градоначалник Димиќ вели дека не можел да не ја почне процедурата за градежната дозвола.

- Маркичката постои и ако се спротивставевме на изградбата, инвеститорот можеше да нé тужи. И јас сум против изградба на зграда во тој реон. Поднесов и иницијатива да се промени деталниот урбанистички план, но стариот ќе важи сé додека да не се донесе нов - објасни Димиќ.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7159102423&id=14&prilog=0&setIzdanie=21738
Back to Top
mama View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 12-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote mama Quote  Post ReplyReply #294 Posted: 15-Jul-2009 at 11:45
kako edni od sopstvenicite na zemjisteto na ovaa lokacija, ne ni e vo prilog zabranata.
Lani vo februari konecno se zavrsi denacionalizacija i privatizacija i ni bese vrateno zemjisteto vo povrsina od 2200m2. Uste vo 1978 bile predvideni stambeni blokovi i ne ni dozvoluvaa da gi sanirame kukite.
mama
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #295 Posted: 15-Jul-2009 at 14:03


мама, колкава зграда е планирано да се изгради таму?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #296 Posted: 15-Jul-2009 at 15:07
@ mama

И која е точната локација?

ДУП-от го има на сајтот на општината:
http://199.236.67.122/karpos/15-DUP-taftalidze-MZ-V-Tase.pdf

Каде е конфликтот со ГУП-от? Колективно / индивидуално домување?


Edited by Cloverstack - 15-Jul-2009 at 15:07
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #297 Posted: 15-Jul-2009 at 15:33
Од написот за урбанистичкиот план во паркот:
Мој предлог е сите детални урбанистички планови да ги презентираме на телевизија, за граѓаните да знаат што се планира - смета независниот советник Ранко Петровиќ.
Господине, не мора да се забегува со непрактични глупости. Едноставно спроведувајте транспарентни јавни расправи за новите планови, а сите планови нека бидат достапни на увид на граѓаните  - во електронска форма на интернет и на хартија по општините. Нема потреба од правење шоу.
Конкретно Карпош можеме да го пофалиме дека е една од општините кои барем во електронска форма ги имаат направено достапни плановите. Таквите општини за жал се бројат на прсти од едната рака. Карпош воедно беше и пионер на ваквото претставување.
За другите аспекти на транспарентноста околу плановите не знам како стои општината, но сигурно ситуацијата може да се унапреди со многу пологични и попрактични методи отколку преку телевизија. Телевизија едноставно не е медиум погоден за оваа работа.


Edited by Cloverstack - 15-Jul-2009 at 15:37
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #298 Posted: 15-Jul-2009 at 15:50
Clover прстите од една рака се многу! Ај да не кажам на што можам да ги избројам..!  Shifty
Back to Top
mama View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 12-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote mama Quote  Post ReplyReply #299 Posted: 15-Jul-2009 at 23:14

za zgradata na ulica Bagdatska trebase da bide 66m:14m so kota H= 21m, a tocnata lokacija e pozadi O.U. Vojdan Cernodrinski (staro 29 Noemvri),

dobieni se lokaciski uslovi od 2008 i sega gi ponistuvaat, plateni se i komunalii.Struseni se zivealistata na sopstvenicite na spornata lokacija. I sto sega.....Ohno 
mama
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #300 Posted: 16-Jul-2009 at 15:28
Originally posted by mama

za zgradata na ulica Bagdatska trebase da bide 66m:14m so kota H= 21m, a tocnata lokacija e pozadi O.U. Vojdan Cernodrinski (staro 29 Noemvri),

dobieni se lokaciski uslovi od 2008 i sega gi ponistuvaat, plateni se i komunalii.Struseni se zivealistata na sopstvenicite na spornata lokacija. I sto sega.....Ohno 

Значи се работи за маркицата што ја имам заокружено на сликата подолу?

Како што претпоставував, во ГУП-от (http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=458) и покрај тоа што го имаме само во мала резолуција, се гледа дека тој дел е предвиден за индивидуално домување. Но тогаш како е донесен овој ДУП што таму предвидува неколку објекти за колективно домување??? На Google Earth гледам еден од нив е веќе и изграден!!!
Ако може да ни кажеш нешто повеќе за ова:
Originally posted by mama

Uste vo 1978 bile predvideni stambeni blokovi i ne ni dozvoluvaa da gi sanirame kukite.



Инаку да бидам сосема искрен, не оправдувам локации предвидени за индивидуално домување едноставно да се пренаменуваат за колективно домување. Ако не друго, што правиме со инфраструктурата која не е димензионирана за такви акробации... Седум згради на место каде што инаку би требало да има дваесетина куќи претпоставувам не е нешто што може да помине без последици по „Тафталиџанските“ улици, водовод и слично...

Но ова возење што ви го приредиле вас е за секаква осуда. Демек ајде готова е работата, платете комуналии, па после пу пу не важи. Од државни институции е недозволив таков однос па макар и да се работеше за нешто банално, а не па за такво крупно прашање! Така е во држава во која што не постои одговорност!

Се надевам дека ќе успеете да се изборите за обесштетување соодветно на големината на штетата што ви е нанесена.
Во таков случај можеби некој и ќе се заинтересира чиви неодговорни постапки и одлуки предизвикале одлевање на јавни пари од општински буџет. Не навлегувам кој и зошто така работел. Сакам конечно одговорност! Не само од желба некој да биде казнет за штетата што ја нанел, туку пред се како превентива од слични работи во иднина.





Edited by Cloverstack - 16-Jul-2009 at 15:58
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1314151617 62>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.402 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.