build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Урбанистички планови (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбанистички планови (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2728293031 48>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #561 Posted: 31-Oct-2010 at 17:17

чекајте малку.... бензиската е тоа виолетовото... А што е тоа портокаловото внатре во паркот....

едит: аха.... во секој случај мене тој внатре во паркот не ми одговара за таму, па и што и да е....

едит2: па добро ако е такво нешто како што вика лсл добро... ама пак некако е големко за таму.... но сепак треба многу да се пази на изгледот за да се вклопи во околината.... да не биде нешто чкарт.... а ако се работи за нешто друго строго сум против....

ај ќе видиме....



Edited by FoSsiL - 31-Oct-2010 at 17:22
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2114
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #562 Posted: 09-Nov-2010 at 16:23
Предлог нацрт детален урбанистички план за централно градско подрачје-Урбана единица2.Блок 2.2 к.о. Делчево-Општина Делчево

http://www.delcevo.gov.mk/images/stories/sliki/1.10.2010-1.11.2010/PrezentacijaDUP/Sintezen_24-09-2010.jpg
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #563 Posted: 17-Nov-2010 at 01:54

Промовиран прирачник за урбанизам

Каде да се информирам што се планира за градба на моето земјиште? Дали можам да влијаам на урбаните параметри (површината на градба, катноста на објектот) и што да барам од градоначалникот и од Советот на општината? Ова се трите клучни прашања на кои одговара прирачникот за урбанизам кој беше промовиран од Здружението на граѓани „Млади за млади“.

- Нашата цел е едукација и транспарентност во донесувањето на урбанистичките планови и подигнување на свеста кај граѓаните за влијанието на урбанизмот во начинот на нивното живеење. Доколку граѓаните ги дознаат своите права, нема да дозволат да бидат манипулирани. Со своето знаење ќе може ефикасно да влијаат во својата средина поттикнувајќи ги сите генерации за заштита на нивниот простор при донесување на еден урбанистички план. Со транспарентноста и едукацијата ќе се потрудиме да влијаеме на совеста на советниците кои се членови на политички партии, изјави Ивана Дамовска, координатор на проектот.

Таа информираше дека овој прирачник е дел од проектот „Младите и урбанизмот“, на кој му претходела едукација и анкета во средните училишта и на Универзитетот за тоа колку младите се запознаени со урбанизмот и со просторното планирање и дали биле во општина за да видат како изгледа еден урбанистички план.

- Од оваа анкета произлезе дека средношколците и студентите воопшто не дискутирале на оваа тема, ниту, пак, биле во општина да видат како изгледа еден урбанистички план, информира Дамовска.

Прирачникот е отпечатен во 10.000 примероци на македонски и на албански јазик и во наредниот период ќе биде дистрибуиран по сите скопски општини, како и во Тетово, Гостивар, Кичево, Битола и во Охрид. Програмата ја спроведува Центарот за институционален развој ЦИР и е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, претставувана од Канцеларијата за соработка во Македонија.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=99CC2F7802343249A149A189FDD035D0
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Online
Posts: 729
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #564 Posted: 28-Nov-2010 at 11:39
Зошто е изработен дупот Крњево поставен на страницата на општина центар?
однапред благодарам
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #565 Posted: 03-Dec-2010 at 02:59

Бетон расте во парк-шумите

Властите носат урбанистички планови со кои се дозволува изградба на висококатници во заштитените подрачја на парк-шумите

Деловите на заштитените подрачја на парк-шумите Гази Баба и Водно, единствените бели дробови на Скопје, со години не се физички разграничени на терен. Тоа го користат локалните власти, кои со донесување детаљни урбанистички планови дозволуваат да се атакува врз нив, да се сече шумата, а наместо зеленило, да никнуваат бетонски висококатници.

Водно е нападнато од сите страни - од Нерези, Кисела Вода, Козле. Се гради над Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, но инвеститорите имаат дозволи за градба.

НЕМА ФИЗИЧКИ ГРАНИЦИ

Од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, кое ги стопанисува и ги управува парк-шумите, односно го одржува зеленилото во нив, признаваат дека состојбата е таква со години.

- На терен се' уште физички не се одредени границите на парк-шумата Гази Баба, ниту пак на Водно. Постои одлука на Градот од 1989 година за измена и за дополнување на одлуката за прогласување на Водно од градски парк во парк-шума, каде што само се одредени катастарските парцели. Со одлука од 1998 година Гази Баба се прогласува за карактеристичен пејзаж, но и тоа постои само на хартија, со одредени катастарски парцели - вели Елизабета Георгиевска, портпарол во „Паркови и зеленило“.

Таа додава дека никој не ги прашува и не ги известува за одржување на јавните расправи, на кои се даваат забелешките по однос на детаљните урбанистички планови што се донесуваат за тие делови.

- Ние секогаш последни дознаваме за одржување на јавните расправи, и тоа најчесто од приватни извори. Всушност, и нашите чувари имаат проблеми во однос на градежните активности во овие зони. А факт е дека полека се окупираат и двете - потенцира Георгиевска.

Од „Паркови и зеленило“ истакнуваат дека со денационализацијата во парк-шумата Гази Баба им е вратено земјиште на приватни сопственици од неколку илјади квадрати. Според нив, засега таму се' уште не се гради.

- И на Водно, кај Нерези, постојат приватни имоти - лозја, но тие според законот не смеат да бидат пренаменети во друго - велат во јавното претпријатие.

Од Градот не признаваат дека досега физички не се утврдени границите на парк-шумите Водно и Гази Баба.

- Границите на парк-шумата Водно и карактеристичниот пејзаж Гази Баба се утврдени со Генералниот урбанистички план на град Скопје. Активните ДУП-ови, донесени од општините за овие локалитети, се во согласност со ГУП - велат градските власти, упатувајќи на тоа дека конкретната реализација и контролата врз нивното спроведување е во надлежност на градежните инспекторати од скопските општини.

Од општините се оградуваат од овој проблем, но негираат дека со донесување на ДУП се пречекорени границите на заштитените делови. Од Општината Центар не одговараат дали воопшто знаат до каде се границите на заштитените подрачја и велат дека заштитата на оваа парк-шума е во надлежност на Градот. Нивните градежни инспектори, како што велат, вршат постојани контроли на теренот. Треба да се спомене и обидот за легализацијата на т.н. Шпанско село на Водно, кое припаѓа на територијата на Општината Карпош. Тогаш, над 2.000 објекти - дивоградби, полудивоградби, скромни, но и луксузни, во месностите над Жданец, Трнодол и Нерези, во време на градоначалникот Андреј Петров беа вметнати во урбанистичките планови, иако тогаш се тврдеше дека во плановите не се влезени 78-те објекти од т.н. Шпанско село, кои се изградени во заштитениот појас на Водно и кои градоначалникот Петров немаше храброст да ги урне. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, тогаш рече дека градоначалникот не може средствата кои на негово барање му беа префрлени за уривање да ги пренаменува за легализација, но до денес остана нејасно зошто не му извршија поголем притисок. Освен што ги легализира овие четири локалитети, Петров отворено се залагаше и за легализација на 78-те дивоградби. За да се случи тоа, тој тогаш бараше поместување на границата на заштитениот појас на парк-шумата, а тоа тогаш го поддржа и градоначалникот Трифун Костовски.

ДУП „ЛИРИЈА 2“ ВО ЗАШТИТЕНА ЗОНА

Најсвеж пример за тоа дека границите не се утврдени како што треба е донесувањето на ДУП „Лирија 2“, со кој се узурпира дел од шумата Гази Баба.

- Уставниот суд, на иницијатива на нашиот инспекторат, го запре спроведувањето на ДУП „Лирија 2“, кој опфаќаше делови на парк-шумата Гази Баба - потенцираат од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.

Општината Гази Баба реагираше дека Општината Чаир навлегува во нејзина територија. Од Чаир тогаш негираа дека ја узурпираат парк-шумата, иако беше запрена реализацијата на ДУП. Општината Гази Баба реагираше и до Агенцијата за катастар на недвижности, од каде што добија мислење и потврда дека е направен превид и од Уставниот суд им беше наложено да се сопрат сите активности околу донесување на урбанистичката документација додека точно не се утврдат границите меѓу овие две општини.

Дури тогаш реагираа од Градот. Скопскиот градоначалник Коце Трајановски до Собранието на Република Македонија поднесе иницијатива за донесување закон за изменување и дополнување на Законот за градот Скопје, бидејќи во членот 8 од Законот за градот Скопје постои непрецизност и неусогласеност во однос на утврдување на границите меѓу општините Бутел, Гази Баба и Чаир. Според дадените описи на границите, се констатира оти постои простор за кој со сигурност не може да се утврди на која општина и' припаѓа. И самиот Трајановски тогаш призна дека е спорна тромеѓата на општините Гази Баба, Чаир и Бутел.

Жители на Пржино со петиции реагираат на тоа што е дозволена градба на семејни куќи со градини, за кои се плашат дека ќе станат висококатници.

- Ќе запре струењето на воздухот, а со сечењето на шумата може да се создаде опасно свлечиште - велат граѓани од Пржино.

Од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам велат дека локацијата кај хотелот „Панорама“, над ИЗИИС, е опфатена со Генералниот урбанистички план на град Скопје и со ДУП на Општина Центар.

- Границите на парк-шумата Водно се јасно утврдени, исто како и границите на градот Скопје, па може да се констатира дека изведбата на споменатата локација е во рамките на веќе утврдени граници - велат од Инспекторатот.

ЌЕ ГИ ШТИТАТ ОТКАКО ГИ УНИШТИЈА

Од Градот информираат дека се работи на ревреднување на границите на Водно и Гази Баба. Од Министерството за животна средина и просторно планирање, кое веќе подготвува нов закон, велат дека врз основа на новиот Закон за заштитата на природата, потребно е повторно прогласување на Водно и на Гази Баба за заштитени подрачја.

- Градот веќе изработи Студија за ревалоризација на природните вредности на Гази Баба и Водно, врз основа на која ќе се доутврдуваат нивните граници. Студијата претставува основа за да почне постапката за нивно повторно прогласување за заштитени подрачја - вели Сашо Јорданов од Секторот за природа.

Откако ќе се усогласат границите, ќе се изготви информација за потребата од прогласување на Водно и на Гази Баба за заштитени подрачја. Потоа, ќе се одржи јавна расправа, по што ќе биде изработен предлог-законот и ќе и' предложи на Владата субјект кој ќе управува со тоа заштитено подрачје - велат од надлежното министерство.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=043F848CBE5A3C4C93DBCA7BF291EBFC
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Online
Posts: 3870
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #566 Posted: 03-Dec-2010 at 21:57
Lugje da ne se planira ovde nekoja zgrada?
Go vidv uste ednas gis od skopje i pisuva servisni dejnosti, a vo map gledam samo kucarki a nacrtan e eden sosema druga forma:



Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #567 Posted: 04-Dec-2010 at 03:09
Не е тоа маркица. Опфатот е обележан како наменет за сервисни дејности. Кога ќе се планира дуп во овој опфат ќе се вцртуваат објкети со сервисни дејност од б категорија изгледа беше.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #568 Posted: 06-Dec-2010 at 15:37
Јавна анкета по Нацртот на ДУП Цветан Димов

03.12.2010

Врз основа на член 24 став 2 од Законот за просторно и урбанистичко планирање ("Сл. весник на РМ" бр.51/05, бр. 137/07, 91/2009 и 124/2010), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), член 57 од Статутот на Општина Кисела Вода ("Сл.гласник на Град Скопје" бр.8/2005) и Одлуката за утврдување Нацрт Деталниот урбанистички план М.З. Цветан Димов-ИИ, дела 1-1, општина Кисела Вода со бр. 07 – 8315/9 од 30.11.2010 година донесена од Советот на Општина Кисела Вода – Скопје, Градоначалникот на Општина Кисела Вода, го дава следното



С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање на јавна презентација и јавна анкета
по Нацртот на ДУП Цветан Димов-ИИ, дел 1-1,
Општина Кисела Вода


Локалитетот е дефиниран со следните граници:


- на запад: границата оди по осовината на улиците Огњан Прица, до пресечната точка со планираната улица Емил Зола,
- на југо-исток: границата оди по осовина на улицата Емил Зола,
- на северо-исток: границата оди по осовината од Булевар Македонија и
- на исток: границата оди по осовината на Иван Козаров
Во рамките на овие граници, површината на планскиот опфат изнесува 9,58 ха.


Јавната презентација и јавната анкета по Нацрт Деталниот урбанистички план М.З. Цветан Димов-ИИ, дела 1-1, општина Кисела Вода со површина на плански опфат 9,58 ха, Општина Кисела Вода, ќе се спроведе со излагање на Нацрт-Планот во просториите во М.З. Цветан Димов.
Јавната анкета ќе трае 10 работни дена од денот на објавувањето на Соопштението.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови, секој работен ден од 7-15 часот.
Контакт тел. 070 333 879.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден ¬¬¬09.12.2010 година /четврток/ во 15 часот во просториите во општина Кисела Вода – барака 7 (голема сала).    


-Анкетниот лист можете да го симнете овде       


-Деталниот урбанистички план можете да го видите овде

http://kiselavoda.gov.mk/Uploadedimages/Cvetan%20Dimov%20-Nacrt.jpg
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #569 Posted: 06-Dec-2010 at 20:53
Општинската зграда ќе се простира до Партизанска
 
Предвидено е просторот на библиотеката „Другарче“ да биде надграден со уште еден кат, локацијата кај „Тинекс“, кај што имаше простор за само една градба, сега се дели на две градежни парцели, а отворена е можност за дооформување на просторот на „Македонски пошти“  
 
%20  
Нов ДУП за Карпош 3




Новата зграда во која ќе се всели администрацијата на општината Карпош ќе се простира до булеварот Партизански одреди. Ова е основата новина што ја предвидува нацрт-верзијата на новиот детален урбанистички план за Карпош 3, што се прави на иницијатива на општинските власти, затоа што стариот ДУП од 2006 година многу малку се реализирал, најмногу поради нерешени имотноправни односи со сопствениците на земјиштето.

Се работи за просторот од поликлиниката „Букурешт“, па сé до улицата Никола Русински, во кој влегува и просторот на трговскиот центар „Лептокарија“, една од најпрометните локации во оваа општина, со површина од 12,10 хектари. На неизградениот простор со измените се отвора можност за изградба на станбени згради со мали комерцијални дејности, државни институции. Библиотеката „Другарче“ ќе може да се надгради со уште еден кат, локацијата кај „Тинекс“, кај што имаше простор за само една градба, сега се дели на две градежни парцели, а отворена е можност за дооформување на просторот на „Македонски пошти“. Исто така, како новина се воведува и инфраструктурниот план за водовод и канализација.

Независниот советник Ранко Петровиќ, смета дека со овој план не се задоволени капацитетите за паркирање.

- Нема место за паркирање. Дали со овој ДУП ќе им се овозможи пристојно паркирање. Не се работи само за стандардите што треба да се задоволат во областа на домувањето, туку и за планираните комерцијални објекти. Ова практично значи дека ќе има огромен број автомобили, а каде ќе се сместат, од деталниот урбанистички план не се гледа - вели Петровиќ.

Од општината, пак, објаснуваат дека паркирањето нема да биде проблем, затоа што не смее да се реализира проект, со недоволно паркинг-места.

- Овој план е ревизија на стариот, што значи дека не се планира ниедна нова градба. Паркирањето е застапено по сите нормативи. Не смее да се реализира објект што нема да ги задоволува потребите на паркирањето. Капацитетите се апсолутно задоволени, а зголемен е и капацитетот на јавните паркинзи - вели Виолета Цветковска, портпаролка на општината Карпош.

Автори на деталниот урбанистички план Карпош 3 се стручњаците од Градскиот завод за урбанизам и сите негови содржини се усогласени со генералниот урбанистички план.

Јавна презентација и јавна анкета на нацрт-деталниот урбанистички план Карпош 3 наскоро ќе се изложи и пред јавноста, со цел таа детално да се информира за сите новитети, односно да даде свое мислење.
 
   
Автор: Б.Ст.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12610102386&id=14&prilog=0&setIzdanie=22151

Edited by Cloverstack - 06-Dec-2010 at 20:54
Back to Top
omilevski View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 13-Dec-2010
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote omilevski Quote  Post ReplyReply #570 Posted: 26-Dec-2010 at 23:22
Ke sakate li da mi ispratite  vo pogolema rezolucija  za: ДУП Горно Лисиче урбана единица А
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #571 Posted: 26-Dec-2010 at 23:28


Радо. Kој дел поточно ти треба?
Back to Top
srdjan79 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 27-Dec-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote srdjan79 Quote  Post ReplyReply #572 Posted: 27-Dec-2010 at 17:23
Здраво,
мене ми исто така треба дуп-от за горно лисиче, но незнам како е означен делот кај ресторан “Мирко“ и делот кај спортската обложувалница “Ас-спорт“ поранешна “Панда“.
Благодарам однапред. Smile
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #573 Posted: 27-Dec-2010 at 19:12


Еве го делот кај ресторанот Мирко:
http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/urbanisticki planovi/DUP Gorno Lisice A del kaj mirko 4000x3000.jpg

Кажи ми за кој опфат поточно те интересира, за да ти пратам и табела со детални информации за парцелите во тој опфат (опфат е првата бројка што ја имаат парцелите, односно заедничката бројка на група парцели во еден реон... на пример 1.1 1.2 1.3 и така натаму се од опфат 1,  а 17.19 17.20 17.21 итн се од опфат 17). Доколку не сакаш јавно, пиши ми приватна порака, ќе ти пратам така.

А за “Ас-спорт“ и поранешна “Панда“објасни ми малку поубаво кој е тој дел, или дај координати од google earth, google maps, yahoo maps....

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #574 Posted: 14-Jan-2011 at 12:50
ОПШТИНАТА ЌЕ ГО НАМАЛИ ОПСЕГОТ НА ЗАШТИТА
Старите градски јадра на тест

Роза Петкова

Општина Центар ќе се обиде да ги урбанизира старите градски јадра Маџир маало, Крњево и Ново маало со ревидирање на нивните заштитни зони. Според тоа што го велат надлежните од Општината, ќе се намалуваат степенот и опсегот на заштита, односно повторно ќе се проценуваат историското и културното значење на старите градби и, веројатно, ќе се бара начин како да се модернизира и урбанизира нивната околина. Тоа произлегува и од барањето на тамошните жители да ја искористат атрактивната локација и заедно со заинтересирани инвеститори да можат да градат поголеми објекти на местата на нивните куќи, кои сега се наоѓаат во супстандардни услови што важеа за почетокот на минатиот век. Донесувањето детални урбанистички планови за трите скопски маала е ветување на градоначалникот Владимир Тодоровиќ, кое тој најави дека ќе го исполни до крајот на неговиот мандат. - Во тек е собирање документациона основа за наведените планови и по комплетирање на истата ќе почне подготвување на нацрт-плановите. Еден од елементите на документационата основа е и ревизија на заштитно-конзерваторските основи, со која се очекува да се намалат рамките и степените на заштита - вели Јовица Ацковски, портпарол на Општината. Спорен момент за жителите отсекогаш бил булеварот Крушевска република, кој минува преку дел од куќите во трите населби. Тој е зацртан во Генералниот урбанистички план по скопскиот земјотрес во 1963 година како една од главните магистрали што ќе го растовари сообраќајот, но никогаш не е изграден според дадениот профил. Направен е само еден потег, од крстосницата со „Тутунски комбинат“ до крстосницата со булеварот Кузман Јосифовски-Питу кај Народна банка, но и тој не е булеварско решение со четири ленти, туку со две. Од Општината велат дека нема измени во однос на булеварот Крушевска република бидејќи тој е дел од важечкиот ГУП и тие имаат обврска да го преземат во деталните урбанистички планови. Последен обид да го реши прашањето со старите маала во Скопје Општината имаше пред три години кога изработи верзија на детален план за Маџир маало и ја даде на увид пред граѓаните. Жителите тогаш негодуваа и, меѓу другото, бараа да се избрише трасата на Крушевска република и на трамвајската линија за да не им се дели населбата и да не загубат од нејзината пазарна вредност, да се урбанизира простор десно од проектираниот булевар Никола Карев, кој бил предвиден за зеленило, и на предвидените двокатни куќи со приземје да можат да им изградат и поткровје. Некои жители реагираа и за решението од Управата за заштита на културното наследство со кое целата населба и неколку определени куќи во неа се земаат за заштитено подрачје и со тоа е спречено нивно менување, туку само конзервирање. Образложението од Управата тогаш беше дека тоа маало е првата целина во Македонија изградена според урбанистички план и се смета за вредно во однос на неговата улична мрежа, која не дозволува изградба на поголеми објекти. Општина Центар во изминативе години направи урбанизација на Дебар маало предвидувајќи неколку катни станбени блокови покрај Партизанска, но високи објекти се изградија и во внатрешното јадро, на местата на дотогашните ниски куќи. Овој потег беше добар за инвеститорите, но не се покажа популарен за Општината, која доби многу критики дека го уништи изгледот на маалото и создаде сообраќаен хаос и проблем со паркирањето.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2215&ArticleID=154624
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #575 Posted: 18-Jan-2011 at 10:34

Деталните урбанистички планови се менуваат почесто од чорапи


Најконтроверзниот детален урбанистички план за Малиот ринг е пример без преседан за менувањето на плановите. Во текот на една година тој се смени дури десетина пати, а најверојатно поради изградбата на плоштадот „Скендер-бег“ ќе претрпи уште неколку измени

 
 
%20  

И намената на локацијата на некогашниот хотел „Панорама“ со години се менува според барањата на инвеститорите

Колку е поатрактивно некое земјиште толку почесто се менуваат и усвојуваат детални урбанистички планови за тие локации. За некои населби деталните планови се носат на неколку месеци, во зависност од атрактивноста на парцелите. Урбанистите објаснуваат дека оваа појава не била многу популарна пред десетина години. Трендот за менување на деталните планови почнал пред пет-шест години.

- Понекогаш се случува да имаме барања за менување на еден ист детален урбанистички план дури и неколку пати во месецот. Најчесто се бара измена на намената на плановите, за додавање катност на објектите. Сепак, мора да се признае дека барањата за измена на намената на објектите се најмногубројни - велат урбанистите и проектантите.

ИНВЕСТИТОРИТЕ ГЛАВНИ УРБАНИСТИ

Скопје сé повеќе станува град по мера на инвеститорите, односно парите, а помалку на реалните потреби на скопјани. Во зависност од моќта и длабочината на џебот на инвеститорите, општините ги менуваат плановите прекуноќ. Желбата на инвеститорите најмногу се „почитува“ во општината Центар. Во времето на поранешната градоначалничка на Центар, Виолета Аларова, се направени најмногу пренамени во деталните урбанистички планови. Општинарите, пак, се правдаат дека мора да се раководат според желбите на инвеститорите, затоа што на овој начин најчесто се полни општинската каса.

Најконтроверзниот детален урбанистички план за Малиот ринг е пример без преседан кога е во прашање менувањето на плановите. Во текот на една година тој се смени дури десетина пати, а најверојатно поради изградбата на плоштадот „Скендер-бег“ ќе претрпи уште неколку измени.

Тука е и пренамената на планот на легендарниот хотел „Панорама“, кој се влечкаше со години, затоа што општинарите не можеа да се погодат со инвеститорите околу намената на просторот. Прво хотелот требаше да биде болница, па се направи пренамена во хотел, за на крајот сега таму да се прави апартманско-резиденцијален објект. Истото се случи и со парцелата до хотелот, предвидена за тениски и кошаркарски игралишта, на чие место никнаа згради каде што обичните смртници не можеа да си помислат да купат стан. Пренамена имаше и за маркичката на која се изгради трговскиот центар со хотел „Зебра“, во населбата Капиштец. Тој простор, првично, беше наменет за класична гаража, со еден кат деловни простории за инвеститорот. Но со измена на деталниот урбанистички план, гаражата се пренамени во деловен објект со катно паркирање, но, овој пат, двојно поголема од предвиденото. Потоа со уште една интервенција во планот, паркингот кај белите кули во Капиштец се проби во сервисна улица.
Сосема спротивна е ситуацијата со Маџир Маало. Прво, жителите живеат во супстандарди, не смеат да ги реновираат своите куќи, немаат канализација. Втор проблем е булеварот Крушевска Република, кој во овој дел треба да поминува на столбови. И трето, маџирмаалци не можат ни да ги продадат куќите. Ниту општинските ниту, пак градските власти не преземаат ништо за урбанизација на ова маало.

ОПШТИНИТЕ НЕМИ


Посебна приказна, пак, е усогласеноста на деталните урбанистички планови со генералниот урбанистички план на Скопје, кој е алфа и омега или устав во урбанизмот. Општините спротивно на ГУП, што е и кривично дело, многу често ги пренаменуваат локациите. Така, наместо колективно живеење, во одредени општини никнуваат индустриски зони и обратно. Еклатантен пример за ова е општината Гази Баба, каде што постојат цели маала на места, кои според ГУП се предвидени за индустриска зона.
Или постојат населби, што пред дваесетина години се дивоизградени, па за нив до ден-денес нема детални урбанистички планови. Пример е дивата населба, во близина на гробиштата во општината Ѓорче Петров, која лежи на трасата на неизградениот булевар Сремски фронт, вцртан и во генералниот урбанистички план. Неколку децении се избегнува донесувањето на овој детален урбанистички план, поради намерата на општинарите населбата да се легализира. Во оваа општина проблеми создава и земјиштето, на некогашната фабрика „Купром“, во населбата Хром. ГУП тука предвидува индивидуално домување, но, за жал, за такво нешто нема некое интересирање меѓу инвеститорите.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1181199357&id=14&prilog=0&setIzdanie=22184
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4667
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #576 Posted: 23-Jan-2011 at 23:58
Јавна презентација и анкета



Врз основа на член 24, став 1, 2 и 4 од Законот за просторно и уранистичко планирање во просториите на Општина Гази Баба се организираше јавна презентација и јавна анкета по Нацрт-урбанистички план вон населено место за локалитет Заобиколница од клучка "Хиподром" до клучка "Сингелиќ" - Блок 15 Општина Гази Баба - Скопје. Инаку, јавната презентација која претставува стручно презентирање на планот се одржа на 12.01.2011 година во просториите на Општина Гази Баба. Јавната анкета ќе трае 10 работни дена од денот на објавувањето на Соопштението во јавно гласило, т.е. од 12.01.2011година до 26.01.2011 година.
- Во одредениот рок граѓаните и правни лица можат да достават писмени забелешки, мислења и сугестии на анкетните листи во просториите на Општина Гази Баба. Планот е истакнат исто така во Општина Гази Баба, каде што има дежурни активисти во времето од 8,30 до 16 часот за прибирање на забелешки на анкетните листови, велат одговорните од Општината.

По Нацртот кој опфаќа простор од 12,08 ха, утврден од Советот на Општина Гази Баба, основната класа на намена на просторот во опфатот е за лесна и незагадувачка индустрија, сервиси, стоваришта и терминал. Компатибилна класа на намена на просторот максимум 30% од основната класа на намена за мали комерцијални и деловни намени, големи трговски единици, деловни дејности, заштитно зеленило и меморијални простори (максимум 15%). Јавната анкета се спроведува за да може понатаму да се спроведе постапката за донесување на ДУП за ова подрачје на територија на Општина Гази Баба.


http://vecer.mk/?ItemID=830F37983AB6814D8FA4E23CBFF7F9A5

Веста може да оди и во нишката за скопската обиколница.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #577 Posted: 09-Feb-2011 at 19:59

Уставен суд поведе постапка за ДУП „Стара Железничка„

среда, 09 февруари 2011, 16:46

За урбанистичкиот план „Стара Железничка„ што на брзање лани во август го донесе скопската општина Центар – е поведена постапка во Уставниот суд оти е изгласан спротивно на Законот за урабнистичко и просторно планирање. Судиите изрекоа и привремена мерка – се запираат сите акти и дејства што се превземаат на терен врз основа на изменетиот план.

Со измените Јужниот булевар во должина од еден километар се вцрта пет метри под земја, а над него се испланираа објекти за деловен простор и катни гаражи. Опозицијата во Центар уште при гласањето на планот пред шест месеци предупредуваше дека документот се носи по кратка постапка како оној за малиот ринг што веќе падна на Уставен суд – но власта ја игнорираше.

СДСМ тогаш тврдеше и дека „Гема груп„ е компанијата што ќе ја гради подземната сообраќајница на Јужен булевар и деловниот простор над неа од 153 илјади метри квадратни . Истата компанија го гради хотелот спроти Рамстор и според опозицијата со измените на планот добива уште квадрати градежно земјиште и целиот објект од хотел ќе се трансформира во згради за домување.

Милка Смилевска

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=33649

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #578 Posted: 17-Feb-2011 at 02:10
Штипското проектанско претпријатие изготвува план за населбата „Автокоманда“

Штип, 16 февруари 2011 (МИА) - Урбанистите од ЈП „Штип проект“ почнаа со изготвување нацрт урбанистички план за искористување на 9 хектари земја во населбата „Автокоманда“.

Раководителот на Одделението за планирање и уредување во ЈП „Штип проект“, Илија Наков вели дека станува збор за проект, со кој ќе се овозможи изградба на деловен и стабен простор, но и за сместување на „Градскиот пазар“ на нова локација.

- Просторот кај монтажните бараки наречени печурки ќе се уреди, а предвидено е во овој објект да се изградат две поздемни катни гаражи, потоа два спрата деловни објекти, каде што во приземјето ќе биде сместен Зелениот пазар. На самиот објект предвидено е изградба на две кули станбен простор на 16 ката, рече Наков.

Општина Штип празниот простор во населбата „Автокоманда“ ќе го понуди на инвеститори, а вкупната корисна површина која ќе се изгради ќе изнесува 54 000 метри квадратни. Според Наков постапката за донесување на целокупната документација за овој проект ќе се одвива во наредните два до три месеци. вдј/цр/15:57

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=81234763&lId=1&pmId=501
Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #579 Posted: 21-Feb-2011 at 02:17
http://en.wikipedia.org/wiki/Urban_planning   urb. plan za opstina aerodrom se najde na ovaa strana Big%20smile 
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #580 Posted: 21-Feb-2011 at 13:59
Одвереме на време проверувам на страната на општина Гази Баба, за дуп на делот Трубарево и Јурумлери, делот на Трубарево во близина на пругата, а делот на Јурумлери по должина на автопатот, па ме интересира дали некој знае дали се донесени дуп-овите за овие две места или имињата на дуповите се водат под друго име?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2728293031 48>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.375 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.