build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Урбанистички планови (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбанистички планови (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2829303132 48>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #581 Posted: 02-Mar-2011 at 14:11

Деталните планови во Аеродром на „ремонт“


Општината Аеродром распиша оглас за избор на фирма за изработка на измени и дополнување на деталните урбанистички планови

 

 
%20  
Се бараат фирми што ќе вршат архитектонски, инженерски и интегрални услуги, просторно планирање, уредување на земјиштето, научни и технички советодавни и услуги за технички испитување и анализа. Сите заинтересирани своите понуди треба да ги достават до 14 март, во 10 часот, во просториите на општината, кога е закажано и јавното отворање на понудите.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=321194461&id=14&prilog=0&setIzdanie=22220
Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #582 Posted: 09-Mar-2011 at 23:46
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #583 Posted: 10-Mar-2011 at 00:41
Момци не ставајте слики со вакви ненормални резолуции 10.330 × 8.910 пиксели

За вакви работи или thumbnail или линк


Edited by Cloverstack - 10-Mar-2011 at 00:43
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #584 Posted: 11-Mar-2011 at 01:32
Дали ги имаме овие два плана тука:
http://opstinacentar.gov.mk/resources/internal/file_views/1204/1_DUP%20TASINO%20CESMICE%201.jpg
http://opstinacentar.gov.mk/resources/internal/file_views/1202/1_DUP%20PRESVETA%20BOGORODICA.jpg
Нов пешачки мост? Овој до сега сме го спомнале?


Edited by lslcrew - 11-Mar-2011 at 01:37
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7256
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #585 Posted: 12-Mar-2011 at 03:30
Previous
доколку се среди дивината карши Холидеј ин има логика тука да има пешачки мост, но вака мостов нема што да поврзува
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2114
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #586 Posted: 18-Mar-2011 at 20:21
ДОНЕСЕН УП ЗА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН БОГОРОДИЦА

http://gevgelija.gov.mk/mk/components/com_joomgallery/img_pictures/__2/mart_2011_20110316_1603963479.jpg

Превземете ја сликата во целосни димензии (28,3MB)

Советот на општина Гевгелија го усвои Урбанистичкиот план вон населено место за мултинаменски стопански комплекс на потегот Гевгелија - граничен премин Богородица.

Во непосредна близина на урбанизираниот простор се наоѓа граничниот премин Богородица и Царинскиот терминал.

Станува збор за 120 хектари од двете страни на автопатот Е-75 со најатрактивни локации, од кои дел се во приватна, а дел во државна сопственост.


На овој простор предвидена е изградба на туристичко-угостителски комплекси и шопинг центри, терени за рекреација, бензиски пумпи, сообраќајници и други придружни содржини.

Од двете страни на автопатот Е-75 веќе се изградени два големи туристичко-угостителски објекти, хотел-казино „Фламинго“ и хотел „Рамада Плаза“ со казино „Принцес“.


Наскоро се очекува да биде објавена продажбата на првите локации на државно неизградено земјиште.

http://gevgelija.gov.mk

Edited by Makedonij - 18-Mar-2011 at 20:24
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #587 Posted: 21-Mar-2011 at 19:33
Во врска со текстуалните елаборати (така да ги наречам) на деталните урбанистички планови, на интернет страницата на некој општини ( на пр. Центар) овие елаборати или како и да се викаат се поставени и може да се читаат, разгледуваат и слично, но на одредени општини не се поставени за веќе донесените дуп-ови, па ме интересира дали има можност преку соодветна уплата ако е можно да се побара таа документација за одреден дуп или блок во тој дуп на разгледување за остварувања на соодветни права кој се зацртани во тој дуп, а опишани во таа документација и дали таа документација има јавен карактер за да може да се разгледа?

Edited by Baze - 21-Mar-2011 at 19:34
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #588 Posted: 22-Mar-2011 at 02:37
Искрено не знам и затоа не можам да тврдам, но би бил максимално изненаден доколку тоа не е документ од јавен карактер. Би рекол дека дефинитивно се работи за нешто што општините се должни да го стават на увид на граѓаните (кога веќе ретко ги ставаат на официјалните сајтови, тогаш барем на лично барање на некој граѓанин). Но без разлика кои им се обврските, би се кладел дека ќе треба да се потрудиш за да дојдеш до тие документи... ова го кажувам од свое и пошироко универзално искуство со нашата проклета бирократија, чија неодговорност, бескорисност и параноја имаат легендарни размери. Јаките нерви и упорноста се најсилно оружје во борбата со нив. Веројатно ќе изгубиш повеќе време отколку што би сакал, но ако си навистина решен да дојдеш до тие документи, верувам ќе успееш.
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #589 Posted: 22-Mar-2011 at 10:17
Фала
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #590 Posted: 23-Mar-2011 at 16:08
Одлуката на Советот на општина Центар, донесена на 30 август 2010 година, со која се вршеше изменување и дополнување на Деталниот убанистички план „Стара железничка станица“, е укината од Уставниот суд на Република Македонија.

ustaven_dup-240
Укинувањето е затоа што Судот утврди дека оваа Одлука била донесена во скратена постапка, иако во време на нејзиното донесување не постоеле можности во Законот за просторно и урванистичко планирање измените и дополнувањата на ДУП да се донесуваат во скратена постапка.

Од Судот велат дека донесувањето на ДУП во скратена постапка постоело од 31 декември 2009 година, па потоа сите измени и дополнувања на деталните урбанистички планови морало да бидат во редовна постапка, односно да се испочитуваат сите фази на изработување и донесување на планот. Уставниот суд ја укина одлуката како неуставна, бидејќи е донесена по 31 декември 2009 година, кога не постоеле законски можности за носење во скратена постапка.

Судот денеска поведе постапка за две одредби од Законот за Управата за јавни приходи, чиј основен текст е донесен 2005, и три пати дополнуван во 2008, 2009 и 2010 година. Станува збор за член 4, став 3 од основниот текст на Законот и член 5, став 2 од измените на Законот од 2010 година.

Членот 4, став 3 предвидува УЈП да врши работи во врска со јавните давачки доколку тие и се доверени со закон или со договор. Поведувањето на постапката е во делот на одредбата која предвидува Управата да врши работи и врз основа на договор, при што надоместокот од вршењето на тие работи е приход во државниот буџет. Поведувањето е затоа што според Уставот членот 33, воведувањето и плаќање на јавни давачкисе уредува со закон, а не и со друг акт, па ниту со договор.

Во однос на членот 5, став 2, поведувањето е затоа што со таа одредба се предвидува измените на Законот донесени во 2010 година да се применуваат од 1 ноември 2010 година, иако Законот е објавен на 5 ноември 2010  година. Со тоа законската одредба предвидува Законот да се применува пред да се објави во Службен весник на Република Македонија, што не е во согласност со Уставот, според кој законите влегуваат во сила и се применуваат само по нивното објавување.http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/23552-Ustavniot-sud-go-ukina-DUP-ot-Stara-zeleznicka-stanica




Edited by Cloverstack - 23-Mar-2011 at 20:04
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #591 Posted: 24-Mar-2011 at 10:23
Здраво.
Ме интересира нешто во врска со ДУП-овите, дали освен општината располага со веќе донесените дуп-ови или има и други институции каде што може да се најде копија од истиот одобрен и донесен дуп, на пример во Град Скопје или Министерство за транспорт и врски.  
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #592 Posted: 24-Mar-2011 at 18:56
Токму институциите кои ги спомна сигурно располагаат со урбанистичките планови (Град Скопје за сите скопски општини, а Министерството за целата држава), затоа што без тоа не би ни можеле да остварат еден крупен дел од своите надлежности. Ама доколку како граѓанин би ги побарал од нив, сигурно и дека ќе те упатат во конкретната општина, со право.
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #593 Posted: 25-Mar-2011 at 18:16
http://opstinakarpos.net/oglasi/povtorno_centralen_park_blok1.jpg
Не знам дали го имаме ова регистрирано, се работи за дел од централниот градски парк кој припаѓа на општина Карпош.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #594 Posted: 25-Mar-2011 at 18:20
PreviousЕве нешто поконкретно во врска со ова:
Врз основа на член 24 став 2 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен Весник на РМ бр. 51/05, 137/07, 91/09 и 124/10), Градоначалникот на Општина Карпош, го дава следното,
С О О П Ш Т Е Н И Е
за Повторно организирање на Јавна презентација и Јавна анкета по Нацрт - Деталниoт урбанистички план за Централен градски парк, Блок 1, Општина Карпош, Скопје.
Јавната анкета по Нацрт - Деталниoт урбанистички план за, Централен градски парк, Блок 1, Општина Карпош, Скопје, ќе се одржи од 15.03.2011 година до 28.03.2011 година, секој работен ден, од 08.00 до 16.00 часот, во У.З. "Карпош 1", Општина Карпош, Скопје.
Јавната презентација по Нацрт-Деталниот урбанистички план за Централен градски парк, Блок 1, Општина Карпош, Скопје, ќе се одржи на ден, 23.03.2011 год.
во 15.00 часот, во просториите на У.З "Карпош 1", Општина Карпош, Скопје.
Просторот за кој се донесува Нацрт- Деталниот урбанистички план, за Централен градски парк, Блок 1, Општина Карпош, Скопје, е дефиниран со следните граници,
- од запад – Булевар “8 ми Септември“
- од север – по јужниот брег на постојната водена површина
- од исток – по постојната патека на западната граница на зоолошката градина.
- о д југ - осовината на Булевар “Илинден“
Површината на опфатот на просторот за кој се однесува овој Детален урбанистички план изнесува П= 27.70 ха.
Анкетните листови за учество ва Јавната анкета ќе се наоѓаат во У.З. "Карпош1", Општина Карпош, Скопје
Соопштението за организирање на Јавната Презентација и Јавната анкета, Графичкиот приказ за Нацрт - Деталниот урбанистички план за, Централен градски парк, Блок 1 Општина Карпош, Скопје, и подетални информации за истиите ќе бидат објавени на ВЕБ страната на Општина Карпош- www.karpos.gov.mk.
Во определениот рок, заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот, можат да достават писмени забелешки на анкетните листови.
ГРАДОНАЧАЛНИК НА 14.03.2011 год. ОПШТИНА КАРПОШ
Скопје Стевчо Јакимовски
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #595 Posted: 25-Mar-2011 at 18:52
Планот го имавме некаде тука, само беше сликано и воопшто не беше во добра резолуција со познати висини и други податоци. Го барав на сајтот на карпош тогаш и го подзаборавив дека беше во процедура за носење. Тогаш и сега стравот е истиот, да не се отвара мала врата за узурпација на паркот. Не дека сега тамо има нешто посебно и така се некои руинирани населби и нефункционални делови од паркот. Бензинска и не е баш до толку потребна, само незнам што па мора уличка позади бензинската кога и така низ бензинска се проаѓа.
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #596 Posted: 25-Mar-2011 at 19:07
PreviousНе знам за која бензинска збориш, не гледам дека ќе има бензинска. Мене ми беа битни  објектите за комерцијален и деловен простор, кои се наоѓаат до булевар Илинденска и паркингот долж целиот булевар, зошто тоа место е ништо друго освен ливада со по некоја куќа. Нема некои кузнај какви навлегувања во паркот бидејќи и онака овој простор е запуштен и неискористен, а е со голем потенцијал.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #597 Posted: 25-Mar-2011 at 19:18
Сега и јас се збунив, нели требаше оваа плавата маркица бензинска да биде, сега трафостаница.
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #598 Posted: 25-Mar-2011 at 19:27
Не не е ни трафостаница. Трафостаницата 110киловатна е сместена на 8 Септември со маркица Е2, а оваа плавава маркица (Б, Е2) е објект за мешана намена. Барем така пишува во "легендата". А иначе примети дека улицата што се спушта од 8 Септември кон Александар Палас од запад и паркот од исток е споена со Новопроектирана што треба да се пробие, што е сосема ок решение.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #599 Posted: 25-Mar-2011 at 20:31
Стар Дојран со нова урбанистичка документација

star-dojran_thumb.jpgДојран  - По урбанизацијата на дојранското крајбрежје, плажите со новите концесиски договори и новата стопанска зона во село Николиќ, општината Дојран започна постапка за урбанистичка планска документација за катастарската општина Стар Дојран.

Во тек е јавна презентација на стратегиската оценка за животната средина на новиот Урбанистички план, заедно со измените и дополнувањата која ќе трае триеесет дена.

Станува збор за областа околу новата туристичка населба „Карач", во близина на областа Дикилташ, со урбанистички опфат на 17,44 хектари. Таа е одалечена само 200-300 метри од брегот на Дојранското Езеро кое важи за заштитено подрачје и важен природен еко систем.

Изготвувач на ажурираната геодетска подлога е Ѓорги Шарламанов, а на стратегиската оценка за влијанието на урбаната зона врз животната средина е друштвото за еколошки консалтинг „Деконс Ема" од Скопје.

Предвидените активности во планскиот документ кои планираат богато хотикултурно уредување, ќе придонесат за заштита, унапредување и адекватно користење на природните предели, амбиентите и пејсажите на просторот, во насока на зачувување на амбиентните, естетските и рекреативните потенцијали на просторот. (МИА)

star-dojran.jpg




http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2911&Itemid=125
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #600 Posted: 28-Mar-2011 at 13:56
Здраво.
Се распрашував за процедурата за измена на веќе донесен дуп, па ме интересира дали може да се бара промена на целиот дуп или промена на одреден дел во случајов блок, колку време ќе е потребно за сето тоа да помине и колку ќе е цената за изработка на овој дел или цел дуп.
Инаку работата е следна:
Во веќе донесен дуп има грешка или пропуст од страна на планерите кои го изработиле дупот, бидејќи таа аномалија или пропуст е после изгласувањето утврдена, од општина не советуваат НИЕ како баратели да дадеме барање до општина за промена на дел од дупот (делот кој ги засега сите), па ако нашето барање е издржано ќе помине на совет, па следно што треба е НИЕ барателите да најдеме фирма која ќе изработи промена на делот на дупот која ќе ја платиме НИЕ, па после тоа сето ова треба пак да помине на совет за изгласување. Свесни сме дека планерите од фирмата нема да ја признаат грешката и износот да го подмират и слично, така што треба да видиме какви понуди ќе стигнат за да видиме дали ќе се исплати сето тоа.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2829303132 48>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.