build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбанистички планови (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3132333435 42>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #641 Posted: 06-Oct-2011 at 08:34
Датум: 05.10.2011, 19:18

до краЈот на октомври темелник за ОСУМKАТНИЦА KАЈ ХРАМОТ „ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“

Актерите ќе се селат од бараки во зграда

ФДУ ќе биде дел од административната зграда, чија изградба ќе почне до крајот на октомври, и во која ќе се преселат уште 10 државни институции како УЈП, Агенцијата за планирање на просторот, Дирекцијата за спречување перење пари, Државниот девизен инспекторат и други

Покрај Вардар, во околината на црквата „Пресвета Богородица“ до крајот на октомври ќе почне изградбата на административната зграда во која ќе бидат сместени 10 државни институции, како и новите простории на Факултетот за драмски уметности (ФДУ). Студентите на овој факултет, а и вработените, со децении функционираат во привремени бараки, подарени по земјотресот, а и расфрлани на неколку локации во Скопје.

Објектот готов за 20 месеци

Kога објектот ќе биде готов, во него ќе се преселат Бирото за судско вештачење, дел од Управата за јавни приходи, Агенцијата за планирање на просторот, Дирекцијата за спречување перење пари, Државен девизен инспекторат, Државниот завод за индустриска сопственост, Националната агенција за европски образовни проблеми, Бирото за регионален развој, Технолошки индустриски зони, како и Агенцијата за цивилна воздушна пловидба. Секоја од институциите ќе има посебен влез.

Службата за општи и заеднички работи во Владата на Македонија веќе распиша оглас за избор на фирма која ќе го гради објектот.

- Изборот е во тек, а најповолната понуда се очекува да биде избрана за две недели, а наскоро треба да добиеме и одобрение за градба од Општина Центар - изјави Васе Доневски, директор на Службата за општи и заеднички работи.

Околу деталите за објектот, информираше дека ќе биде со површина од 24.000 квадратни метри, на седум ката плус потпокрив, а паркирањето ќе биде решено со подземна гаража на две нивоа со капацитет за 130 возила. Инвеститорот, според договорот, има обврска да ја заврши градбата во рок од 20 месеци.

Плоштад пред црквата „Пресвета Богородица“

Директорот Доневски не откри колку ќе чини изградбата на објектот, со образложение дека тоа ќе биде познато откако ќе заврши тендерот за избор на најповолен изведувач.


Урбанистичкиот план за локалитетот „Пресвета Богородица“ ги решава и барањата на Македонската православна црква, за содржините околу православниот комплекс. Па така, зад храмот се предвидени библиотеката на МПЦ во која ќе се чуваат нивните вредни книги, крстилница и простории за богослужителите на црквата. Во предниот дел, кон реката Вардар ќе биде седиштето на МПЦ и официјалната резиденција на архиепископот охридско-македонски.

Пред самата црква, како што објаснија надлежните од Општината Центар, се подготвува проект за плоштад, кој ќе се простира до самата река Вардар. Kомуникацијата со другата страна на реката ќе биде решен со пешачки мост.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=83C4A3B0CA667644ABC23B12B4EE759F

Edited by Cloverstack - 06-Oct-2011 at 11:21
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #642 Posted: 07-Oct-2011 at 11:11

Трговски центар наместо црква во Ново Лисиче


Наместо црква, жителите на реонски центар Аеродром ќе добијат трговски центар

 

 
%20  
Ова се новините во деталниот урбанистички план што деновиве им е поставен на увид на граѓаните во основното училиште „Лазо Ангеловски“. Инвеститорот ќе треба да направи и мало црквиче во неговата парцела.

Измените во урбанистичкиот план Реонски центар урбана единица А - блок 1 и 2 се отворени на увид на јавноста до 19-ти овој месец, секој ден од 12 до 19 часот. Воедно граѓаните тука ќе имаат можност да ги поднесат своите забелешки.

Јавната презентација, на која ќе присуствува стручен тим што ги правел измените во планот, ќе се одржи на 12 октомври во 17.30 часот.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1071194447&id=14&prilog=0&setIzdanie=22400
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #643 Posted: 15-Oct-2011 at 11:07

Ниту катна гаража, ниту хелиодром во Аеродром


На местото на трошните куќички во близината на Транспортниот центар треба да се изгради катна гаража со хелиодром, но нивната изградба не е ни на повидок

 
 
%20  

Од општина не прецизираат кога ќе се срушат старите куќи за да се реализира проектот за катна гаража

Меѓу многуте нови станбени згради, комерцијални објекти, спортски игралишта и терени на кејот на реката Вардар, од Транспортниот центар кон Аеродром остана една „црна точка“. Тоа се трошните куќички веднаш до Транспортниот центар. Некои од нив се остаток од некогашното Маџир Маало, а со изградбата на железничката станица станале дел од општината Аеродром. Токму таа локација е најпроблематична и го кочи урбанистичкиот план. На нивното место е предвидена изградба на катна гаража на чиј покрив треба да има хелиодром, ама проектот ќе може да се реализира дури откако ќе се обесштетат жителите.
- Не знам зошто им пречиме тука на општинарите. Знаеме дека е предвидена изградба на нови модерни објекти, но ние немаме каде да одиме. Ако државата ни определи друга локација за живот, ние ќе се иселиме - вели Марија Тодоровска, жителка во ова запуштеното маало.

Убавата слика во овој дел од градот дополнително ја градат бездомниците, кои под мостот имаат направено импровизирани домови и во тој дел редовно има купишта отпад расфрлан на сите страни.
Според деталниот план Јане Сандански, врз катната гаража е предвидена изградба на хелиодром, меѓутоа од општината не прецизираат кога ќе се реализира сето тоа.

- На местото на куќите во овој дел од општината е направен ДУП што предвидува разни содржини, така што кога ќе дојде до реализација на содржините во овој дел, куќите ќе бидат срушени - објаснуваат од одделението за односи со јавност при општината Аеродром.

Со реализацијата на плановите, кејот на реката Вардар (потегот на територија на општината Аеродром) би добил сосема поинаков и модернистички стил. Во продолжение на кејот се предвидени многу спортски објекти, паркови и други содржини од рекреативен карактер, како и неколку објекти за хотелско сместување. Дел од нацртаното веќе е реализирано, како на пример фудбалското и тениските игралишта.
За поголемиот дел од планираните објекти не постојат имотноправни проблеми и нивната реализација ќе се одвива тековно. Исклучок е потегот во близината на Транспортниот центар. Нацрт-плановите го направија кејот атрактивна локација, како за аеродромци така и за околината. Во летниот период шеталиштето и велосипедската патека се преполни со рекреативци. Предвидени се и нови сообраќајници, како што е продолжението на улицата Борис Кидрич, која ќе биде паралелна со Транспортниот центар, но и реализацијата на овој проект сé уште е неизвесна.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=10151111964&id=14&prilog=0&setIzdanie=22406

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #644 Posted: 17-Oct-2011 at 00:08
Фонтани и споменици пред црквата „Пресвета Богородица“
Фонтани, нови градби, плоштад се само дел од новите содржини што ги предвидува планот „Пресвета Богородица“ за урбанизација на левиот брег на Вардар, во делот на истоимениот храм. Овој простор, со децении мрачен и запуштен, во наредните две години ќе претставува вистинско градилиште.

Општината Центар распиша конкурс за избор на изведувач на комплексот фонтани, предвидени да се градат на плоштадот пред црквата, кој е во фаза на проектирање. Фонтаните, според информациите на општинарите, ќе бидат дел од спомениците кои веќе се леат, и тоа со релјефи на житијата на Пресвета Богородица, свети Петар и Павле и свети Никола.

Покрај Вардар, пак, во околината на црквата „Пресвета Богородица“, до крајот на месецов ќе почне изградбата и на административна зграда, информираа неодамна од Службата за општи и заеднички работи при Владата. Во осумкатницата ќе бидат сместени 10 државни институции, како и новите простории на Факултетот за драмски уметности (ФДУ). Левиот брег на Вардар со десниот ќе биде поврзан со нов пешачки мост.

Урбанизирањето на овој локалитетот, долж реката, според урбанистичкиот план, подразбира и изградба на библиотека на МПЦ во која ќе се чуваат вредни книги, како и крстилница и простории за богослужителите на црквата. Во предниот дел, кон реката Вардар ќе биде седиштето на МПЦ и официјалната резиденција на архиепископот охридско-македонски. (Ј.И.)
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=7E092E73A9429A498302B4B892491ED4
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #645 Posted: 17-Oct-2011 at 18:56

Згради ќе ги заменат воените бараки во Аеродром


Со промената на урбанистичките планови, стотината монтажни воени бараки во Аеродром треба да се заменат со 25 нови згради, високи до 23 метри

 

 
%20  
Ваквиот план, особено локацијата, се покажа како мошне интересен за инвеститорите. Иако не се води прецизна евиденција до каде стигнало преобликувањето на овој дел од населбата, и инвеститорите и локалните власти очекуваат таа да заврши за неколку години.

Ниските бараки се направени по земјотресот во 1963 година и зафаќаат по шеесетина квадратни метри. Залепени се една до друга и наместени во редови, а меѓу нив се протнуваат тесни и неосветлени патеки. Со урбанистичкиот план за локалитетот Црква, урбана единица Б, сето тоа треба да се замени со нови згради, кои во зависност од квадратурата може да имаат различен број станови. Меѓу објектите треба да има и нови сервисни улици што ќе се вклопат во постојната сообраќајна инфраструктура.

„Дабар“ е една од фирмите што градат нови згради врз темелите на старите бараки. Од фирмата потврдуваат дека интересот за купување станови во овој дел од градот е голем и затоа решиле да инвестираат тука. Нивниот станбено-деловен објект ќе има две подземни нивоа со гаражи, паркинзи и со остави, на приземјето ќе се сместат 28 локали со различна големина, а на шесте ката и на поткровјето ќе има вкупно 98 стана со различни функционални решенија и квадратура.
 
 
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=101711100176&id=14&prilog=0&setIzdanie=22407
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #646 Posted: 19-Oct-2011 at 23:12

ПО ПЕТ ДЕЦЕНИИ, ПЛАН ЗА СТАРОТО МААЛО KРЊЕВО

Ќе паднат ќерпичите, ќе никнат кули

Седумкатници на местото на старите и трошни куќарки кои датираат од пред еден век, но и пошироки улици наместо сегашните тесни и валкани предвидува планот за населбата Kрњево кој Општината Центар им го презентира на жителите. Овој локалитет се наоѓа спроти Сајмиште. Некои од жителите се задоволни од решенијата кои по пет децении застој во урбанизацијата ги нуди Општината, други не. Малкумина се изјаснија дека сакаат да си ги задржат куќите наспроти мнозинството кое сака да се најде инвеститор кој би градел.

За граѓанинот Димче Марковски планот е профитерски.

- Тој не е направен за да можат луѓето да живеат удобно. Ни беше ставен на увид само нацртот без никакви анализи за бројот на жители, без решени паркинг-места. Секој треба да си обезбеди паркирање во рамките на својата парцела. Исто така, нема пристап за возила, нема пешачки патеки, нема детска градинка, образовна институција, ниту спортски игралишта - рече тој.

Имаше негодувања и барања и за конечно бришење на замислениот булевар Kрушевска Република од Генералниот план на Скопје, а со тоа и во детаљниот. Во урбаната заедница, каде што ќе биде јавната анкета, ќе има и петиција за собирање потписи за ваквата иницијатива. Поради овој булевар, односно неговата неизградба, пет децении Kрњево немаше можност за развој. За изградбата мора да се урнат 30 куќи, но државата никогаш не најде пари за негова реализација, и тоа од Маџир Маало преку Kрњево со цел потоа да се спои со „Никола Kарев“ во Автокоманда. Доколку решението се избрише од плановите, на местото на овие објекти може да се предвиди колективно домување.

Своите забелешки во однос на нацрт-планот граѓаните можат да ги доставуваат до 11 ноември годинава, секој работен ден од 10–17 часот во урбаната заедница „Kрњево“.

Анела Петрова

 

Чифлиганец ќе гради 15-катница

Нацрт-планот за старото маало Kрњево предвидува зграда од 15 ката и 1.225 стана на паркингот пред хотелот, кој се наоѓа спроти Сајмиште. Планерите кои им го презентираа планот на жителите обелоденија дека објектот ќе го гради бизнисменот Ванчо Чифлиганец, поранешен пратеник. На некои од жителите не им беше јасно зошто во внатрешноста на маалото висините се помали од оваа зграда, на што добија одговор дека висината ја диктира големината на парцелата.

- На аглите меѓу две големи сообраќајници дозволено е да има повисоки згради. Очекуваме објектот каскадно да се спушта и постепено да се доближи до висината на останатите објекти - истакна планерката Лидија Андреевска од куќата „Тајфа план“.

Претставник на градежната фирма „Адора инженеринг“, на која Чифлиганец е директор, потврди дека зградата која ќе се гради на паркингот пред хотелот „Вип“ е на градежната фирма на овој бизнисмен.

- Таа ќе биде со големина предвидена со планот - одговори Драгана Чифлиганец, претставник од „Адора“.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=07ABBEDB5C7D044197E1B7EF064AB63C
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11811
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #647 Posted: 19-Oct-2011 at 23:55


Овој ДУП е уште еден куп безидејно нафрлани маркички и прошарани улички, по линија на најмал можен отпор. Да ти се плукнам на ваквиот „урбанизам“ и ваквиот „прогрес“.

Сепак, убедливо најбитно е да биде сочуван коридорот за булеварот Крушевска република   Cheers




Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #648 Posted: 20-Oct-2011 at 08:25
Имаше негодувања и барања и за конечно бришење на
замислениот булевар Kрушевска Република од Генералниот план на Скопје, а
со тоа и во детаљниот. Во урбаната заедница, каде што ќе биде јавната
анкета, ќе има и петиција за собирање потписи за ваквата иницијатива.
Поради овој булевар, односно неговата неизградба, пет децении Kрњево
немаше можност за развој.
Со кого го делиме градов еееј, не ми се верува...банда од неколку луѓе да си игра со ГУП на главен град на држава што си замислува дека метропола ќе стане...а со вакви планови може да биде само едно село со високи згради...


Претставник на градежната фирма „Адора инженеринг“, на која Чифлиганец е директор, потврди дека зградата која ќе се гради на паркингот пред хотелот „Вип“ е на градежната фирма на овој бизнисмен.

- Таа ќе биде со големина предвидена со планот - одговори Драгана Чифлиганец, претставник од „Адора“.
Тие се и авторите на планот, а „Тајфа“ е потписник, тоа се гледа од авион...
Планов е во стилот на оној за Ново Маало, како и постарите од Буњаковец-Дебар-маало потегот од кои веќе 15 години ги гледаме резултатите...страшно, ужасно - не знам што е подобро, може и вака да си остане село и никогаш ништо да не се изгради...и очекувате после некои убави да се изградат на вакви површини за градење...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3214
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #649 Posted: 20-Oct-2011 at 09:54
Овој дел од Скопје ќе стане ново Дебар маало, полигон за натпревар на правење немилосрден профит без ниту тронка чувство за тоа како ќе изгледа финалната населба.
Back to Top
The Man View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 135
  Quote The Man Quote  Post ReplyReply #650 Posted: 20-Oct-2011 at 14:36
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #651 Posted: 20-Oct-2011 at 15:13
Previous

А јас мислев дека Орце Николов е испокршена улица...

The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #652 Posted: 20-Oct-2011 at 15:52
Ја не знам што е со луѓево, сликари си играат ваква каша да искочи или што е работава. Урбанистички импресионизам  и експресионизам во едно. Добиваат бришан простор и го усеруваат. Секоја чест.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 411
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #653 Posted: 20-Oct-2011 at 16:48
Не сте ми јасни. Подобро селата во град да останат отколку да се урбанизираат? Па сигурно планерите од кеиф не формирале прави улици, а и што е па тоа толку битно? Реалната ситуцаија налага окрупнување на парцелите, без содавање на дополнителни имотно-правни проблеми кои само ќе ги одбиваат инвеститорите уште 50 години. Или па ајде да си нацртаме паркови и облакодери во сите ДУП-ови за овие „села“ во Скопје, па да си стојат на хартија уште 100 години.

Одлично е што се формира права градежна линија кон Александар Македонски и Гоце Делчев и одлично е што е задржана трасата на Крушевска република. Формата на некои од внатрешните улици по кои ќе има минимален сообраќај е најмалку битна и целосно прифатлива жртва што треба да се даде за урбанизација на оваа област.
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #654 Posted: 20-Oct-2011 at 16:55
Previous Па баш заради тоа што се окрупнуваат парцелите, треба да се добие нешто посодржајно. И кој спомна облакодери тука? А за улиците, па немаше да биде битно доколку имаше некоја цел, ги шарале чисто онака за да изгледа рашарано и поразиграно, демек еве во склоп со објектите ќе се добие на тежина.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 411
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #655 Posted: 20-Oct-2011 at 17:13
Не шарале зашто сакале, туку гледале да има минимално поместување на улици (а со тоа и компензирање на парцели) и пробивање на нови. Погледни ја постоечката ситуација на мапа и ќе сфатиш за што зборам.
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #656 Posted: 20-Oct-2011 at 17:41
Па добар параметар одбрале, минимално поместување на улици. Сегде сонуваат да им се даде ваква прилика, скоро ко на тацна, за да се извади максимална креативност, нас проблем ни е пробивање на нови улици. Па едни улици што се постоечките и онака треба да се прават од почеток. Не знам зошто очекуваш да се задоволам со вакви работи. Можеби да беше ова случај во Ѓорче ќе бев задоволен. Се ќе се сведе пак на станбени згради, со гадни поткровја и проблем за паркирање за едно 10-15 години. Дај Боже да грешам.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #657 Posted: 20-Oct-2011 at 18:19
Заради тоа што некој некогаш влегувал храбро во тие планирања (кои патем излегоа нож со две оштрици), една од "позитивните" придобивки (колку се позитивни што пропаднаа како фабрики е друга работа) e што денес имаме алумина, тоа после алумина, фас кои се бришани простори и затоа сега на нив се градат стамбените типизирани комплекси. дека сум некој фан толку на типизирани монотони комплекси, не сум до толку, но урбанизмот кој го имаат е за почит. Затоа освен формирање градежни линии кон булеварите како минимум критериум, и тоа не целосно, треба малку побулдожерски да се влезе одколку само просто следење на предходните линии. Треба државава да има еден експропријационен фонд, идеја што уште многу оддамна ја имам дадено и да служи за вакво расчистување села и потоа тој фонд да се полни од продажба на локациите кои биле чистени и урбанизирани. За почетен капитал се исплати и кредитирање. Јас многу пати сум рекол, маала не се проектираат за да изгледаат убаво на google earth, туку за од улична перспектива, ама ова на што личи. Па оставаат некои простори помеѓу за да после не се исплати ни тоалет да поставиш, маалска патна мрежа, а непрегледна, па малку осет.


Edited by lslcrew - 20-Oct-2011 at 18:21
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 411
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #658 Posted: 20-Oct-2011 at 18:47
Па добар параметар е бидејќи за да ја поместат таа малска уличка за 5 куќи ќе платат милион евра (а се далеку повеќе од 5), пари што може да отидат за да речеме реконструкција на 2-3 улици. Од друга страна, плацовите над старата крива улица ќе ги продадат за евро по квадрат. Така да јас, како даночен обрзник, немам никаков интерес да инвестирам во исправање на маалски улички. За експропријација на Крушевска република да, ама за вакви потфати нема логика евентуални експропријациони фондови да бидат ставани во функција.

И што е многу важно додека целиот тој процес започне ќе остане статус кво ситуацијата. А ова решение може да почне со реализација уште по донесување на планот. Како што гледам, ќе треба само некои мали делници да се пробијат, останатото е на инвеститорите. Многу поважно е каква ќе биде архитектурата и бројот на паркинг места по зграда. Тука општината може да помогне со укинување на бесмисленото правило за закосени поткровја и со ригидна контрола на капацитетот на подземните гаражи.
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #659 Posted: 27-Oct-2011 at 23:38
Во новиве урбанистички планови што треба да се донесат гледам дека на раскрсницата кај Нова Македонија е планиран доста голем кружен тек но и на повеќе места во центаров. Еве линкови да не ги ставам сликите, огромни се:
http://www.opstinacentar.gov.mk/resources/internal/file_views/1182/7_DUP%20GolemRing%20ZAPAD.jpg
http://www.opstinacentar.gov.mk/resources/internal/file_views/1357/3_PREDLOG-SINTEZEN-METO1-SINTEZEN.jpg
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 743
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #660 Posted: 28-Oct-2011 at 15:06
Originally posted by Macedonicus

Во новиве урбанистички планови што треба да се донесат гледам дека на раскрсницата кај Нова Македонија е планиран доста голем кружен тек но и на повеќе места во центаров. Еве линкови да не ги ставам сликите, огромни се:
http://www.opstinacentar.gov.mk/resources/internal/file_views/1182/7_DUP%20GolemRing%20ZAPAD.jpg
http://www.opstinacentar.gov.mk/resources/internal/file_views/1357/3_PREDLOG-SINTEZEN-METO1-SINTEZEN.jpg


Одамна е овој план за гоелм кружен тек кај дом на печат, идејата е под него да поминува јужен булевар и со кружниот тек да се поврзат климент охридски, водњанска, Хаџивасилев Јасмин, и двете улици што излегуваат сега на рескрсницата на почеток на водџаска кај дал фуфо. Со ова ќе се избегне онаа многу кратка делница помеѓу два големи раскрсници со семафори, и во основа јас мислам дека ќе воведе поголема проточност и помалку конфликти од типот кога од голганов вртиш десно кај дом на печат па мораш да сечеш две ленти многу брзо за да се престроиш во лената која врти за накај улица железничка спрема љуц односно МВР.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3132333435 42>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.