build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбанистички планови (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 40414243>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
skopskodete View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 96
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #821 Posted: 08-Apr-2017 at 09:38
Originally posted by alexsend

Власта треба да служи на мнозинстовто!
Парите со кои располага се од мнозинството и не може за интереси на 1-2% да патат сите!
Вакви измени треба со локален референдум како во нормален западен свет.
И ова се носи на 1 месец пред крај на мандат...хммм

А чекај ти од кај го виде мнозинството бе? Шест луѓе пред камера ти е мнозинство?
За кое мнозинство збориш?
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1384
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #822 Posted: 08-Apr-2017 at 13:59
Затоа ивица коневски и вмро-апмнр, вмро-авторитарна партија за македонски национален раскол изгубија во Аеродром на неодамнешните парламентарни избори.

Шапуриќ: Општина Аеродром е веќе неподнослива за живеење


Повод за денешниот прес на Либерално-демократската партија се катастрофално лошите услови за живеење во општината Аеродром, каде веќе 12 години ВМРО-ДПМНЕ е на власт. Оттогаш, од ден во ден, условите за живеење во општината стануваат сѐ повеќе неподносливи. Граѓаните се соочуваат со урбан хаос и бесмилосна и неодржива градба, која доведе до масовно уништување на зеленилото, загадување на воздухот и загрозување на здравјето на граѓаните, изјави денеска потпретседателот на ЛДП, проф. д-р. Зоран Шапуриќ.

- Оваа тн. „урбана експанзија“, кулиминира во последните пет години, за која е одговорно владеачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општината Аеродром, како и градоначалникот Коневски Ивица. Општината Аеродром стана навистина неподносливо место за живеење. Уништени се илјадници квадратни метри на зеленило и исечени се повеќе стотици масивни повеќе-децениски дрвја, наместо кои се засадени грмушки со минимална зелена маса и фамозните палми.

Неодрживата градба и бизнис интересите доведоа до прекумерна населеност, закрченост на сообраќајот дури и во најмалите улици, голем број на сообраќајни незгоди, недостаток на паркинг места и неможност за струење на воздух. Во многу делови на општината Аеродром се постигнати неславни рекорди по бројот на возила, така што бројот на моторните е поголем од илјада возила на квадратен километар, што е надвор од секаков урбан и хуман стандард. Исто така, нивото на бучава предизвикана од масовната градба и сообраќајот во Аеродром е десет пати поголема од максимално утврдените граници.

(...)

(...)

(...)
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 406
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #823 Posted: 09-Apr-2017 at 04:02
Originally posted by Staro Skopje

Затоа ивица коневски и вмро-апмнр, вмро-авторитарна партија за македонски национален раскол изгубија во Аеродром на неодамнешните парламентарни избори.

Шапуриќ: Општина Аеродром е веќе неподнослива за живеење


Повод за денешниот прес на Либерално-демократската партија се катастрофално лошите услови за живеење во општината Аеродром, каде веќе 12 години ВМРО-ДПМНЕ е на власт. Оттогаш, од ден во ден, условите за живеење во општината стануваат сѐ повеќе неподносливи. Граѓаните се соочуваат со урбан хаос и бесмилосна и неодржива градба, која доведе до масовно уништување на зеленилото, загадување на воздухот и загрозување на здравјето на граѓаните, изјави денеска потпретседателот на ЛДП, проф. д-р. Зоран Шапуриќ.

- Оваа тн. „урбана експанзија“, кулиминира во последните пет години, за која е одговорно владеачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општината Аеродром, како и градоначалникот Коневски Ивица. Општината Аеродром стана навистина неподносливо место за живеење. Уништени се илјадници квадратни метри на зеленило и исечени се повеќе стотици масивни повеќе-децениски дрвја, наместо кои се засадени грмушки со минимална зелена маса и фамозните палми.

Неодрживата градба и бизнис интересите доведоа до прекумерна населеност, закрченост на сообраќајот дури и во најмалите улици, голем број на сообраќајни незгоди, недостаток на паркинг места и неможност за струење на воздух. Во многу делови на општината Аеродром се постигнати неславни рекорди по бројот на возила, така што бројот на моторните е поголем од илјада возила на квадратен километар, што е надвор од секаков урбан и хуман стандард. Исто така, нивото на бучава предизвикана од масовната градба и сообраќајот во Аеродром е десет пати поголема од максимално утврдените граници.

(...)

(...)

(...)


Се е тоа во ред. Сите знаеме за бизнис интересите на градоначалниците, но тука има и една друга работа. Сите Македонци што доаѓаат од помалите места, плус тие што се селат од Чаир и Скопје Север сакаат да купат станови во Аеродром. Никој не купува во околината на Скопје, туку сите сакаат во Центар или близу Центар.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2347
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #824 Posted: 09-Apr-2017 at 11:35
Originally posted by Kid_A


Се е тоа во ред. Сите знаеме за бизнис интересите на градоначалниците, но тука има и една друга работа. Сите Македонци што доаѓаат од помалите места, плус тие што се селат од Чаир и Скопје Север сакаат да купат станови во Аеродром. Никој не купува во околината на Скопје, туку сите сакаат во Центар или близу Центар.


Габороне (Африка):

https://www.google.com/maps/@-24.615826,25.9543436,3a,75y,178.88h,67.36t/data=!3m6!1e1!3m4!1sOFnqWkrkbzrbmtpz40fbXg!2e0!7i13312!8i6656!6m1!1e1

https://www.google.com/maps/@-24.5899147,25.9228508,3a,75y,54.11h,75.28t/data=!3m6!1e1!3m4!1sQa-GlEvF4J6N73YUCcjoJA!2e0!7i13312!8i6656!6m1!1e1

https://www.google.com/maps/@-24.6062719,25.9036034,3a,75y,239.93h,69.93t/data=!3m6!1e1!3m4!1sEJjwgJsYmqTnosJBeBCStw!2e0!7i13312!8i6656

https://www.google.com/maps/@-24.6258585,25.8957341,3a,75y,320.02h,81.03t/data=!3m6!1e1!3m4!1sAvYXg4ZcVb72fRi-jjCKqQ!2e0!7i13312!8i6656

https://www.google.com/maps/@-24.6232025,25.9545748,3a,75y,10.44h,74.22t/data=!3m6!1e1!3m4!1sf7O_Naq9AtBdRg2kGY-kaA!2e0!7i13312!8i6656

https://www.google.com/maps/@-24.6301951,25.8789771,3a,75y,126.8h,76.1t/data=!3m6!1e1!3m4!1spjpZo0_ymYONLjC29z1Xgg!2e0!7i13312!8i6656

Сега, отиде во кобајаги елитната населба Јака на европско Скопје и погледни го планот на улиците. Па тогаш запрашај се зошто никој нејќе да купува станови и куќи во околината на Скопје.

Друг голем минус е што Скопје практично нема јавен превоз, туку има пензионерски превоз, кој глуми јавен превоз. Згора на сè, во автобусите на ЈСП не се дозволени куфери, гајби, вреќи, така што секој пензионер наместо еднаш, ќе треба да оди по пет пати, и беспотребно да зафаќа место, наместо нашата неизживеана Влада да им купеше чикенбуси, ем сè ќе можеа да си товарат, ем немаше да пречат на останатите.

Edited by phenomenon - 09-Apr-2017 at 11:57
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1384
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #825 Posted: 09-Apr-2017 at 16:15
Не мора да ги уништуваат зеленилото и планските населби за цела Македонија да се пресели во Скопје. Во Ќерамидница, Кисела Вода, како и покрај пругите меѓу КВ и АЕР има место за неколку десетици илјади жители.

Originally posted by phenomenon

Згора на сè, во автобусите на ЈСП не се дозволени куфери, гајби, вреќи, така што секој пензионер наместо еднаш, ќе треба да оди по пет пати, и беспотребно да зафаќа место, наместо нашата неизживеана Влада да им купеше чикенбуси, ем сè ќе можеа да си товарат, ем немаше да пречат на останатите.

Не заборавај дека ова правило (забрана) е донесено во балканската држава Македонија. Гајби и вреќи не сум видел, ама често гледам куфери по автобусите.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #826 Posted: 12-Apr-2017 at 00:32
again, главен виновник за се е лошото непланско градење во Скопје кое има длабоки историски корени... истото ги научи граѓаните дека да се живее во Центар е премија и дека нешто најелитно е да живееш во кокошарник за ефтина пара, битно да е во Центар, нормално... спои го тоа со фактот дека просечната Македонска раја појма нема од квалитетен живот и добиваш ужасен микс
На Скопје во 2017 година му фалат неколку булевари кои треба да ги поврзат постоечките населби, а не па да збориме за нови населби... за јавниот превоз е веќе искоментирано
Аеродром се смета за некоја супер општина, затоа што има повеќе зеленило и простор за рекреација и затоа што има повеќе содржини потребни за секојдневен живот... инаку и Чаир е блиску до Центар, и Кисела вода е блиску, и Карпош е блиску... а Аеродром иаку е блиску до Центар, е изолиран од буквално сите други општини, а единствена врска со Центар му е булевар кој веќе почнува да трпи последици од пренаселеност
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 406
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #827 Posted: 12-Apr-2017 at 10:53
Скопје не може да се депопуларизира од проста причина што тука Албанците се во демографска и територијална експанзија, а нискиот македонски наталитет се компензира со доселувањето на Македонците од Источна Македонија, но тие Македонците не се доселуваат во доминантно албански средини, туку повторно се групираат во етничко чисти македонски средини.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1656
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #828 Posted: 12-Apr-2017 at 16:28
Место има, желба не!
Пример Керамидница, со добар план на Градот/Општината може да биде налик нов центар, вака е неурбанизирана пустелија.
Пример Зајчев Рид, на само 500метри нов булевар е до Хубо, празен простор во изобилие, неурбанизиран...
Пример пробивање и продолжување на Илинденска накај Волково...

И уште еден куп друг делови кои се во непосредна близина, а само поради непланската работа на општините не се урбанизира и проектира од 0!
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1384
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #829 Posted: 13-Apr-2017 at 21:03
Со изградба на црвените простори и пробивање на булевари на жолтите линии, во Скопје може да се сместат уште 200.000 жители. Наместо да ги уништуваме планските населби, можеме да градиме нови.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2347
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #830 Posted: 14-Apr-2017 at 10:43
Целиот овој обележан дел би требало да го изградат, доколку беа нормални и гледаа подалеку од радиусот од 500 метри околу нивниот предок - Коњот под воин.
Да беа нормални, како што не се, во овој дел може да направат и нов плоштад на Скопје, кој ќе биде тоа што е - плоштад, а не пренатрупан саемски кичерај заграден со згради од сите страни.
Тоа во случај да беа нормални. А вака по трипати ќе го прекопуваат плоштадот на тој квази-центар и ќе фрлаат пари за бескорисни тракатанци и ташаци, а ваму не се во состојба да ги видат неурбанизираните рурални средини во непосредна близина.




開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1384
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #831 Posted: 14-Apr-2017 at 11:32
Како што веќе некој предложи, кај саемот може да изградат конгресен центар и сите пропратни содржини (уште еден хотел, луксузни станови и деловен центар) поради близината на булеварот и аеродромот. Додека кај УКИМ (Крњево) може студентски домови и културен центар, Ново маало кули од 10-15 спрата, Маџир маало уште два-три деловни и административни згради слични на НБРМ, а во Ќерамидница може нешто слично на Аеродром.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #832 Posted: 17-May-2017 at 17:36
Дали некој случајно има ДУП од Трубарево?
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 542
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #833 Posted: 16-Aug-2017 at 22:26
Што стана со информациите за вистинските последици од пожарот на Заводот за урбанизам? Навистина ли неповратно исчезнаа голем број документи и скици за обновата на градот? По пожарот само некои површни бомбастични наслови се објавија, па се злоупотреби целиот случај, и на крајот не се објави најсуштинското: дали навистина изгубивме огромен број уникатни архивски материјали за постземјотресната обнова на градот?
Или можеби јас не сум ажуриран, ама ми се чини дека некако исчезна темата..
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11757
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #834 Posted: 03-Jan-2018 at 18:38
ПРОФ. Д-Р ДИВНА ПЕНЧИЌ: СЕ НАОЃАМЕ НА НАЈПРИМИТИВНОТО НИВО НА ПЛАНИРАЊЕ НА ГРАДОТ, ВОЗДУХОТ ОД ВОДНО НЕ СТИГНУВА ДО СКОПЈЕ

Кога се шетате низ Скопје, какви емоции Ви предизвикува новиот лик на градот?

- Јас сум родена во Скопје, но тоа не е важно, позначајно е кој како го живее и дали го живее градот. Може и вчера да сте дошле тука, но да се чувствувате пријатно и да го сакате. Сум живеела и во други градови кои се многу пострашни од нашиот, како на пример Истанбул. Едно е да се шета како турист таму, а друго е да се живее. Па затоа кога сум се враќала во Скопје, ми било многу убаво. Скопје во бивша Југославија беше најзелен град затоа што имаше шанса по една голема катастрофа буквално да почне од нула. Дошле странски експерти и заедно со нашите луѓе имале можност да креираат нов град. Скопје бил мал град до земјотресот, но добил шанса да се планира согласно најновите светски сознанија во тоа време. Урбанизмот во тој период исто така бил во подем, бидејќи експертите требало да градат многу градови што биле разрушени по Втората светска војна. Се внимавало во која климатска зона спаѓал градот, какви се ветровите, осончување, осветлување, проветрување, што е со реките, околните планини и зеленилото. Тоа денеска се заборавени категории кога е во прашање планирањето. Скопје бил и имал шанса да биде преубав град. Оваа наша транзиција нè доведе до очекувања дека секој треба од едно парцелче да стане богат, да земе три стана, дуќан итн. Порано имало еден друг систем кој не бил многу праведен, но ги ставал луѓето во некаква иста ситуација. Имате куќа и парцела, но земјиштето не ви припаѓа вам, било национализирано. Тоа денес го прават и капиталистичките земји, не е карактеристика за социјализмот. Кога некое земјиште влегува во рамките на еден град, тоа земјиште е и јавно добро. Имаш право на надоместок, некогаш повеќе, некогаш помалку правичен, но планирањето е на ниво на цел град. Тоа значи дека на мала парцела нема да може да кренете зграда зашто немате добар влез, становите не може да имаат добра ориентација и осветленост и едноставно нема да има добри услови за живот. Порано се внимавало на оддалеченоста на објектите, пристапот до улица, зеленилото. Денес, со овој начин на урбанистичко планирање нема квалитетен живот.

Кога Скопје ќе се погледне од високо, веднаш е уочлив хаосот, за разлика од која било светска метропола каде што јасно се гледаат зелени појаси, дрвореди, куќи и згради со иста висина..

- Така е. Кога Скопје ќе се погледне од високо, веднаш се гледа што било градено до некаде 2000-та година и што потоа. Ако се погледне Расадник, таму не може да се препознае што е улица, парк или дрворед. Погледнете накај Аеродром или Карпош, ќе видите дека планот е ставен во служба на јавно добро. Главниот проблем, според мене, е што му се даде приоритет на приватното добро, а се поништи јавното. А планирањето на градовите е измислено во 19 век кога се задушувале индустриските градови, како, на пример, Лондон. Се задушувале од греењето, јагленот, фабриките, но некои паметни луѓе, филантропи, решиле да создадат поздрава околина. Измислиле планирање за да се заштити јавното добро, да има место за училишта, зеленило, паркови, места за дружење.

Во повеќето населби зградите се толку збиени едни до други, што соседите може рака да си подадат од балкон. Треба ли да има казни за ваквите градби?

- Меѓу објектите треба да се остави простор, секако, си има стандарди за сѐ. Еве ќе дадам пример со пожарот што ни се случи тука, на факултетот. Пожарна немаше од каде да влезе, секој се оградил, ставил столпчиња, немаше пристап за пожарникарските возила. Вака е и во близина на секое училиште во Скопје. Има правила колкаво треба да биде растојанието меѓу објектите. А, секако дека треба да има многу казни за оние што ги прават зградите и објектите надвор од правилата и стандардите.
Но, за жал, посилни се инвеститорите, на секој му се овозможува да гради, не е важно ни осончување, ни проветрување, ни осветлување, а тоа е една цела наука. Проблем е и тоа што планирањето остана само на архитектите, а тоа всушност е интердисциплинарно. Архитектите знаат што е метеорологија, демографија, меѓутоа, тоа се посебни науки и струки. Оваа држава, од друга страна, не инвестира во овие струки.

Како влијае целиот овој урбанистички хаос врз загадувањето на воздухот, кој секој ден нѐ убива?

- Загадувањето не е нов проблем, но секако е влошен. Капиштец е првиот масивен ѕид од градби што го спречија воздухот од Водно. Водно е специфично бидејќи има кањони, протоци, поројни канали преку кои струел воздух низ цело Скопје. Во 1965 година Скопје е планирано да се гради со зелени прстени, коридори кои продирале до градот. Оние зелени појаси во Тафталиџе, Карпош 3 и Карпош 4, тој појас кај што е Архивот, Гоце Делчев и потоа „Партизанска“, кај „Сити мол“ биле оставени за воздушните струи од Водно да се спојат со тоа зеленило. Практично се правени зелени мостови за да струи воздухот. Сега нив ги нема. Првиот ѕид, брана поради која воздухот престана да струи, е Капиштец, а сега со градењето на Водно се случува катастрофа. Ова е кобното за градот. Многу зеленило е исечено во градот. Сè што е земјиште буквално се претвора во бетон. А урбанистичкото планирање треба да го штити јавниот интерес. Приватниот сам се штити, притиска, корумпира, но кој тогаш го штити јавниот интерес?

Кој дел од Скопје е најкритичен кога е во прашање урбанистичкото планирање?

- Градењето на Водно е најстрашно. Во лоша состојба е и Чаир, кој од една зелена населба многу почна да се напаѓа, а за неа малку се зборува. За Расадник, немам зборови, тоа е екстрем. Во Кисела Вода нема дрво останато. Феномен е и тоа што луѓето сепак купуваат станови и каде што има најневозможни услови за живот. Тука има и економски аспект, а планирањето треба да се занимава и со овој аспект, а тоа не се ни споменува.

Доцна ли е за спас на Скопје, има ли шанси градот повторно да почне да дише?

- Верувајте, има уште каде да се гради, сѐ додека не станеме како Водно или Расадник. Има простор сѐ уште дупки да се пополнуваат и тоа ме плаши. Сметам дека има спас, но тоа навистина бара невидена свест и многу силна политичка волја. Не мислам на политичките партии кога го кажувам ова, туку на креирање политики на град. За жал, ние не разликуваме политика од стратегија или policy, или добра градска политика. Добро се почна, планерите тоа добро го знаат, но вината си ја префрлаат еден на друг. Ние сме во време кога сите коментираат: „Јас знам, ама мене никој не ме праша и не сум виновен“. Излезот е во сосема нова стратегија. Ние сме потписници на декларации на Обединетите нации за одржлив урбан развој. Таму, во тие одржливи глобални цели, има 17 на број. Единаесеттата цел е градовите да бидат похумани, поиздржливи, поеластични. Таму има јасно поставени цели и индикатори. Само по таа листа да се почне, многу работи ќе се подобрат. Но, ние сега се наоѓаме на најпримитивното ниво на планирање на градот. Светот, пак, е отиден многу далеку. Во градовите не се зборува каде ќе се гради, туку како да се обезбедат јавни простори, здрава средина, каде што млади и стари ќе живеат достојно. Ние градиме само за најбогатите, но светот одлучил, а ние сме потпишале дека ќе градиме за општо добро на сите граѓани.
Прво што треба сите градоначалници да направат е да пребројат колку бездомни граѓани има секаде и на тие луѓе да им се најде дом. Имаме енклави на луѓе што живеат под мостови, во диви населби и за нив мора да се најде решение. Планирањето на градовите денеска се занимава и со здравјето на луѓето. Тоа го направиле Американците многу одамна, а ние сега треба да го правиме. Тие рушеле цели населби и одново планирале за на граѓаните да им обезбедат поздрави услови за живот. Скопје има шанси сѐ уште да почне да дише, но потребна е челична волја за да се промени свеста кај сите.

Се одомаќини во јазикот еден термин како дежурен виновник за урбанистичкиот хаос, а тоа е урбаната мафија.

- Секој што гради сака и да гради, тоа, нели, му е работа, но не би ги нарекла сите урбана мафија. Меѓутоа, имаше случаи, а така ги навикнаа и инвеститорите, па имаше и службеници во агенциите, министерствата кои се научија да кажуваат: „А бе тука има место, зошто три ката, може и седум на мала парцела“. Тоа е една спрега која не е почната со лоши намери, бизнис е во прашање, но отиде предалеку.

Кога е во прашање градот Скопје, не може да не се спомне проектот „Скопје 2014“. Колку тој ја влоши состојбата со урбанистичкото планирање и, секако, со воздухот?

- Да, многу има влијание, особено градењето покрај Вардар. Кога сме кај приказната со зелените коридори, Вардар, Лепенец, Серава, Маркова Река, Треска, исто така се појаси, ги викаат сино-зелени, по кои струи воздух, односно се пренесува чистиот воздух. Скопје можеше, а и така е планирано, целиот појас на Вардар од влез до излез на градот да биде парк. И уште има шанса да се направи тоа. Со некои прекини ќе биде кај што е изградено, ама тоа може да биде спас за Скопје. Во светот дури се прави нешто друго, се смета дека овие реки што одат во регулирани корита не се добри за живиот свет, го убиваат. Сега практика е водата да тече по зелени коридори, да се вратат природните живеалишта. Градот Скопје има направено фантастични студии за озеленување на градот, за озеленување на Лепенец и Серава, но стојат во фиоки. Кога прашуваме зошто не ги вадат, од Град Скопје ни велат дека тоа не го интересира обичниот граѓанин. Сообраќајната мрежа низ градот исто така може да придонесе воздухот да струи, но само ако има дрвореди, дали во средина дали странично. Сега со сечење на дрвјата се нарушува целата клима низ градот.

Ве боли ли кога гледате што му е направено на градот?

- Премногу ме боли. Но, со мојата ќеркичка, која сака да вози велосипед, одново го доживувам градот сега како граѓанин, гледам што е добро, што не е добро. И затоа треба и граѓанската свест да се подигне на повисоко ниво. Не дека граѓанството не разбира ништо. Сега е време кога треба да се седне со граѓаните и да се прашаат за мислење, за тоа како тие го доживуваат градот и што им е потребно за подобар живот. Ние со институциите не сме спротивставени страни, ние не треба да разговараме со напади еден кон друг, ниту пак да очекуваме некој друг да направи нешто за нас. Планерите, оние во општините, и граѓаните треба да работат заедно.

http://www.fakulteti.mk/news/18-01-03/prof_d-r_divna_penchikj_se_naogjame_na_najprimitivnoto_nivo_na_planiranje_na_gradot_vozduhot_od_vodno_ne_stignuva_do_skopje.aspx
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11757
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #835 Posted: 03-Jul-2018 at 16:40
УСТАВЕН СУД ГО ПОНИШТИ УРБАНИСТИЧКИОТ ПЛАН ТАФТАЛИЏЕ 1, АКТИВИСТИТЕ БАРААТ МОРАТОРИУМ ЗА ГРАДБА ВО ОПШТИНА КАРПОШ

Уставен суд го укина Деталниот урбанистички план (ДУП) за Тафталиџе 1, кој беше донесен на 5 јануари 2016. Уставниот суд оцени дека Општина Карпош не ги почитувала уставните и законските одредби при донесување на спорниот ДУП кој го опфаќа потегот од булеварот Партизански одреди, улица Московска, булевар Македонија и булевар 8 Септември и со кој е предвидува во зеленилото да никнат нови згради.

„Необјавувањето на Одлуката за неспроведување на стратегиска оцена (бр. 34-3079/17 од 06.07.2015 година) на начин и постапка пропишани со Законот за животната средина, значи дека не е во целост запазена постапката за донесување на деталниот урбанистички план предвидена со Законот за просторно и урбанистичко планирање, што води кон повреда на начелото на владеењето на правото, како темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија, поради што Судот оцени дека оспорената одлука не е во согласноста со член 8 став 1 алинеи 3 и 10 од Уставот на Република Македонија, со членот 15-в од Законот за просторно и урбанистичко планирање и со членот 65 Законот за животната средина“, се вели во одлуката на Уставниот суд.

Деталниот урбанистички план за Тафталиџе 1 и Карпош 4 беше донесен на Бадник во 2016, за време на мандатот на ексградоначалникот Стевчо Јакимовски. Граѓанските иницијативи Ние сме Карпош 4 и Зелено Тафталиџе по ваквата одлука неколкупати организираа протести и маршеви барајќи да престане бетонизацијата на општината и ја го обжалија планот на Уставен суд.

Овие граѓански иницијативи сега бараат од Општина Карпош и градоначалникот Стефан Богоев да го стават нивното барање за носење на Одлука за запирање на спроведување на 29 урбанистички планови на точка на дневен ред на следната седница на општинскиот Советот и да ја изгласаат.

„Правна поука, мислење нема што да се чека на оваа тема, зошто едни од најеминентните професори и стручни лица за оваа проблематика веќе дадоа свое мислење, а тоа е дека ‘може и треба Општината да ги запре, зошто е јасно дека не се донесени согласно законот. Подобро е да запре споведување на незаконски детални урбанистички планови, одошто да чека Уставниот суд да ги прогласи сите 29 за такви заради прекршена процедура’. Општината МОЖЕ и ТРЕБА да донесе Одлука за запирање на спроведување на 29 урбанистички планови, за кои законската порцедура не била испочитувана при нивно носење. Тоа е тоа. Кратко и јасно“, велат од граѓанските иницијативи Ние сме Карпош 4 и Зелено Тафталиџе.

Досега, под притисок на граѓанските инцијативи Здравјето пред профит и За одбрана на Дебар Маало, само Општина Центар ја стопираше реализацијата на сите 31 досега донесени Детални урбанистички планови, што значи дека нема да се издаваат дозволи за градба. Мораториумот за градба се донесе на 27 декември 2017, а е продолжен до септември, до кога треба да заврши ревизијата на плановите и да се донесе одлука кои планови треба да се изменат.

Од Општината велат дека причина за стопирање на плановите е тоа што голем дел од нив се носени во доцните ноќни часови и не е изготвен извештај за стручната расправа и јавна анкета. Ова се истите причини поради кои Уставен суд го укина и ДУП за Тафталиџе 1 донесен од Општина Карпош.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ustaven-sud-go-ponishti-urbanistichkiot-plan-taftalidhe-1-aktivistite-baraat-moratorium-za-gradba-vo-opshtinata/
За сè има вторпат
Back to Top
BlaZho View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 08-Aug-2018
Online Status: Offline
Posts: 5
  Quote BlaZho Quote  Post ReplyReply #836 Posted: 16-Aug-2018 at 06:34
Originally posted by Џоле

УСТАВЕН СУД ГО ПОНИШТИ УРБАНИСТИЧКИОТ ПЛАН ТАФТАЛИЏЕ 1, АКТИВИСТИТЕ БАРААТ МОРАТОРИУМ ЗА ГРАДБА ВО ОПШТИНА КАРПОШ

Уставен суд го укина Деталниот урбанистички план (ДУП) за Тафталиџе 1, кој беше донесен на 5 јануари 2016. Уставниот суд оцени дека Општина Карпош не ги почитувала уставните и законските одредби при донесување на спорниот ДУП кој го опфаќа потегот од булеварот Партизански одреди, улица Московска, булевар Македонија и булевар 8 Септември и со кој е предвидува во зеленилото да никнат нови згради.

„Необјавувањето на Одлуката за неспроведување на стратегиска оцена (бр. 34-3079/17 од 06.07.2015 година) на начин и постапка пропишани со Законот за животната средина, значи дека не е во целост запазена постапката за донесување на деталниот урбанистички план предвидена со Законот за просторно и урбанистичко планирање, што води кон повреда на начелото на владеењето на правото, како темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија, поради што Судот оцени дека оспорената одлука не е во согласноста со член 8 став 1 алинеи 3 и 10 од Уставот на Република Македонија, со членот 15-в од Законот за просторно и урбанистичко планирање и со членот 65 Законот за животната средина“, се вели во одлуката на Уставниот суд.

Деталниот урбанистички план за Тафталиџе 1 и Карпош 4 беше донесен на Бадник во 2016, за време на мандатот на ексградоначалникот Стевчо Јакимовски. Граѓанските иницијативи Ние сме Карпош 4 и Зелено Тафталиџе по ваквата одлука неколкупати организираа протести и маршеви барајќи да престане бетонизацијата на општината и ја го обжалија планот на Уставен суд.

Овие граѓански иницијативи сега бараат од Општина Карпош и градоначалникот Стефан Богоев да го стават нивното барање за носење на Одлука за запирање на спроведување на 29 урбанистички планови на точка на дневен ред на следната седница на општинскиот Советот и да ја изгласаат.

„Правна поука, мислење нема што да се чека на оваа тема, зошто едни од најеминентните професори и стручни лица за оваа проблематика веќе дадоа свое мислење, а тоа е дека ‘може и треба Општината да ги запре, зошто е јасно дека не се донесени согласно законот. Подобро е да запре споведување на незаконски детални урбанистички планови, одошто да чека Уставниот суд да ги прогласи сите 29 за такви заради прекршена процедура’. Општината МОЖЕ и ТРЕБА да донесе Одлука за запирање на спроведување на 29 урбанистички планови, за кои законската порцедура не била испочитувана при нивно носење. Тоа е тоа. Кратко и јасно“, велат од граѓанските иницијативи Ние сме Карпош 4 и Зелено Тафталиџе.

Досега, под притисок на граѓанските инцијативи Здравјето пред профит и За одбрана на Дебар Маало, само Општина Центар ја стопираше реализацијата на сите 31 досега донесени Детални урбанистички планови, што значи дека нема да се издаваат дозволи за градба. Мораториумот за градба се донесе на 27 декември 2017, а е продолжен до септември, до кога треба да заврши ревизијата на плановите и да се донесе одлука кои планови треба да се изменат.

Од Општината велат дека причина за стопирање на плановите е тоа што голем дел од нив се носени во доцните ноќни часови и не е изготвен извештај за стручната расправа и јавна анкета. Ова се истите причини поради кои Уставен суд го укина и ДУП за Тафталиџе 1 донесен од Општина Карпош.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ustaven-sud-go-ponishti-urbanistichkiot-plan-taftalidhe-1-aktivistite-baraat-moratorium-za-gradba-vo-opshtinata/


Може ли некој да ми објасни што влијание има одлукава врз згради што се почнати со градба. Разгледувам станови баш во тој дел, страв ми е откако ќе го купам станот да се случи некој правен проблем.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #837 Posted: 16-Aug-2018 at 12:01
Previous
 
Нема да бидат урнати, ако на тоа мислиш.
 
Но можно е спорните објекти да не поминат градежна и градска инспекција, поради што можно е да останеш без имотен лист, а со тоа целата твоја инвестиција паѓа во вода.
 
Прифати го мојот совет:
 
Купувај станови во стари станбени објекти - се` што е изградено пред 1990 година е` докажан квалитет и докажана безбедност.
 
За жал старите станбени објекти доаѓаат со застарени фасади и без ПВЦ прозорци, но затоа исполнуваат безбедносни и градежни стандарди кои над 70% од новите станбени објекти не ги исполнуваат.
 
Голден Арт на пример, ги критикуваат поради лош квалитет на фасадата и изолацијата.
 
Адора ги критикуваат дека користеле бетон со послаб квалитет - ако ова е вистина, не сакаш да живееш во нивен станбен објект во случај на земјотрес.
 
Настел е синоним за корупција и криминал.
 
Затоа прими го мојот совет и купи си стан исклучиво во стара станбена зграда. Се` додека има лифт - доколку купуваш стан на погорни катови, се` додека нема сериозни проблеми од типот на лошо одржување на заедничките ходници, застарена електрична инсталација или испукани цевки, и се` додека не е дувло на наркомани и крадци, ќе можеш да си дозволиш пристоен и удобен живот во таков станбен објект.
 
Е сега, секако дека ќе мораш да реновираш и тоа ќе те чини пари, но удобноста и безбедноста не се ни малку евтини.


Edited by Dexter26 - 16-Aug-2018 at 12:04
Back to Top
BlaZho View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 08-Aug-2018
Online Status: Offline
Posts: 5
  Quote BlaZho Quote  Post ReplyReply #838 Posted: 16-Aug-2018 at 13:55
Originally posted by Dexter26




Previous
 
Нема да бидат урнати, ако на тоа мислиш.
 
Но можно е спорните објекти да не поминат градежна и градска инспекција, поради што можно е да останеш без имотен лист, а со тоа целата твоја инвестиција паѓа во вода.
 
Прифати го мојот совет:
 
Купувај станови во стари станбени објекти - се` што е изградено пред 1990 година е` докажан квалитет и докажана безбедност.
 
За жал старите станбени објекти доаѓаат со застарени фасади и без ПВЦ прозорци, но затоа исполнуваат безбедносни и градежни стандарди кои над 70% од новите станбени објекти не ги исполнуваат.
 
Голден Арт на пример, ги критикуваат поради лош квалитет на фасадата и изолацијата.
 
Адора ги критикуваат дека користеле бетон со послаб квалитет - ако ова е вистина, не сакаш да живееш во нивен станбен објект во случај на земјотрес.
 
Настел е синоним за корупција и криминал.
 
Затоа прими го мојот совет и купи си стан исклучиво во стара станбена зграда. Се` додека има лифт - доколку купуваш стан на погорни катови, се` додека нема сериозни проблеми од типот на лошо одржување на
заедничките ходници, застарена електрична инсталација или испукани
цевки, и се` додека не е дувло на наркомани и крадци, ќе можеш да си дозволиш пристоен и удобен живот во таков станбен објект.
 
Е сега, секако дека ќе мораш да реновираш и тоа ќе те чини пари, но удобноста и безбедноста не се ни малку евтини.






Баш тоа и ми беше поентата. Да не именувам компанија и објект, имаат претходно градено солидни и фалени градби, сега продаваат станови во градба на оваа локација (во моментот се дигаат спратовите, мислам до 1ви или 2ри се стигнати). Кои се „шансите“ да се зезнам со купување на нов стан? По медиумиве читам дека постоечките објекти ќе останеле како што и се (нели Настел Тафталиџе се со имотен лист), но да не испадне со оваа или други згради „пиши пропало“. Дефинитивно сум за новоградба купување, во ова маало, а и фирмава е со солидна репутација. What to do, what to dooo...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1453
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #839 Posted: 29-Oct-2018 at 19:41
Мораториум како инструмент за контрола на изградбата

Мораториумот на градење во Општина Центар е една од смелите одлуки на Советот на Општината, иницирана од градоначалникот Саша Богдановиќ и претседателката Јана Белчева-Андреевска. Тоа и беше предизборното ветување до граѓаните – ставање ред во урбаниот хаос и подобрување на квалитетот на живот за граѓаните во Центар.



Но, „Зошто мораториум?, „Што значи мораториумот?“, „Која е неговата цел?“ и „Какви се неговите реперкусии?“, се само дел од прашањата кои си ги поставуваат многу од заинтересираните чинители. Кога се вели „чинители“ се мисли на сите кои некако ги засега одредена одлука или акција, независно дали се пасивни или активни, директни или индиректни учесници. Во овие чинители се многу субјекти и тоа:

-       секој жител на Центар, но и секој корисник на тој простор;

-       секој што сака да гради како сопственик на некоја парцела, но и секој во чија околина ќе се гради;

-       секој заинтересиран инвеститор, но и секој кој сака да го види бенефитот од таа инвестиција;

-       секој вклучен во изработка на проектна документација за идните градби, но и тој што треба да изврши контрола и да даде одобрение;

-       секој вклучен во планирањето на просторот, но и тој што треба да изврши контрола и да даде мислење;

-       секој што треба да донесе одредена општинска политика, но и тој што треба да ја спроведе;

но, и многу други.

Имајќи го ова предвид, објаснувањето и одговорите на актуелните прашања не се едноставни. Уште повеќе е тешко да се дадат едноставни и јасни одговори и поради немањето на целосна претстава, на скоро сите чинители, за сложениот процес на креирање на квалитетен живот и соодветен просторен развој.

„Зошто мораториум?“ Мораториумот го бараа граѓаните, првично граѓанската иницијатива „Во одбрана на Дебар Маало“, станувајќи свесни за постојаното загрозување на условите и квалитетот на живот во делови од Општина Центар. Нивната здружена акција на запознавање со она што се планира, какви тоа проблеми може да изнедри и зголемувањето на свесноста дека сепак како граѓани секој има право да се вклучи во следење на креирање градски политики и иден просторен развој.

„Што значи мораториумот?“, основниот и единствен одговор е дека тој значи ургентно запирање на градењето и замрзнување на состојбата. Оттука мораториумот е инструмент со кој можеше да се обезбедува време за да се согледа состојбата на терен, но и да се прегледаат планските документи кои ја овозможуваат градбата.

„Која е неговата цел?“ – станува јасно кога длабински ќе се навлезе и осознае состојбата со условите за живот и загрозениот квалитет на живот во секој дел од Центар. Но, уште појасно кога темелно ќе се прегледаат важечките планови, како и во процес на донесување урбанистички планови. Инстинктивното размислување дека нешто не е во ред со урбанистичкото планирање и донесувањето одлуки за иден просторен развој, базично потекнува од неудобното чувство на секојдневно отежнување на животот и постојаното зголемување на проблемите со загадувањето, сообраќајниот колапс, загрозеното здравје, немање место во градинките и училиштата, немање здравствени установи на лесно достапни локации, губење на зеленилото, узурпирани и оградени простори и многу други.

Досега, не разбирајќи го мораториумот најмногу се алудира на „одземена можност за градење“, но всушност на прашањето „Какви се неговите реперкусии?“, одговорот е дека тој е добра почетна позиција за едно поинакво, похумано, пограѓанско, подемократско, потранспарентно, постручно, поетично согледување на вистинските состојби и планирање на идниот развој на Центар.

Ова сè може да се илустрира со досегашното искуство на Општина Центар и работата на градоначалникот, советниците и службите во локалната самоуправа. Имено, формиран е тим за евалуација на урбанистичките планови, формиран од надворешни експерти, членови на Советот, службеници од Општината одговорни за планирањето, млади архитекти и сл., кои на увид ги имаат сите документи кои се однесуваат на планирањето.

Тимот за евалуација интензивно работи на согледување на состојбите на терен и споредување и оценување на планираните услови за иден просторен развој на секој активен детален урбанистички план кој е ставен под мораториум. Изготвена е методологија за евалуација, која постојано се тестира и се усовршува, имајќи предвид дека досега ваква евалуација не е спроведена и е нова иако се состои од познати и стандардни урбанистички алатки и инструменти. Евалуацијата се презентира во извештај и истиот се доставува и презентира на градоначалникот и претседателката на Советот. Евалуацијата главно служи како основа за доработка, корекција, но и за одбивање на планови кои не соодветствуваат на квалитетен урбан развој.



За да се појасни зошто беше потребна ваква евалуација и со тоа да се покаже зошто беше потребен мораториумот како инструмент, ќе се илустрира со неколку клучни сознанија од досега направените евалуации на десетина детални урбанистички планови.

Генералните заклучоци се дека при изработка на планските документи:

-      Не се почитуваат Законот за просторно урбанистичко планирање и правилниците кои произлегуваат од него како Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање и Правилникот за поблиска содржина, форма и начинот на обработка на урбанистичките планови.

Се работи за сериозно нарушување и на професијата и низок квалитет на плановите дури ниту од технички аспект. За сериозноста на планерскиот аспект како одговорен акт, не може ниту да се разговара и етиката е сериозно нарушена.

-       Не се почитуваат ниту, со закон пропишани, стандарди и нормативи од областите: заштита и спасување, заштита на животната средина, сообраќај и безбедност во сообраќајот, комунални услуги, заштита на културно наследство и сите останати кои се дел и ги опфаќаат сите аспекти на квалитетно живеење.

Со ова директно се влијае на нарушување на условите како и квалитетот на живот.

-       Постојната состојба, односно состојбата на терен не е ниту оддалеку доволно антиципирана и ажурирана. Најчесто планот се изработува врз претходен план, со најчесто непознат степен на реализација. Се повикува во голем обем и на сомнително „стекнато право“, притоа не земајќи го со закон заштитеното јавно добро.

-       Параметрите зададени во ГУП-от на Скопје, селективно се исполнуваат или не исполнуваат, со најголеми дискрепанци во бројот на предвидени жители. Во некои планови тоа е надминато дури девет пати. Надминување во планираниот број на жители според ГУП-от е евидентирано во сите прегледани планови, под изговор дека „Гуп-от е лош! и Тоа сите го знаат!“. А всушност се нема поголемата слика од демографскиот развој на градот, кој има негативни тенденции во однос на тоа што во дуп-овите се планира.

-       Не се прави напор за добивање на сите потребни мислења од субјекти, повикувајќи се на пропишаното со закон „Ако не одговорат во даден рок, се смета за позитивно“. Со немањето мислење, на пример за прашања од областа на заштита и безбедност, директно се влијае на можноста од губење човечки животи и големи материјални штети. Во најмала рака, со недобивањето мислење за инфраструктурата, директно на граѓаните им се нанесува штета во смисла на создавње услови за немање вода, струја, одведување на отпадни води и отпад и сл. Тука е и нетретирање на мислењето врзано за обезбедени градинки, училишта, амбуланти, услови за заштита на животната средина.

Одлуки за користење на земјиштето кои се во корист на инвеститори, на сметка на квалитетот на живот на граѓаните. Често земјиштето кое е на Република Македонија „лесно“ се „доделува“ на навидум непознати субјекти, со образложение дека така наложуваат законите или пак креативниот акт на планерот.

-       Сите планови се соочени со добивање повеќекратни забелешки од релевантните тела и институции (Комисија за урбанизам при Општина Центар, Комисија за урбанизам при Град Скопје, Министерство за транспорт и врски). Планерите не одговараат на забелешките, не прифаќаат, но не постапуваат. Тука спаѓаат и неусогласености со Агенцијата за катастар на РМ.

-       Решенијата, односно понудените плански решенија, се проблематични од разни аспекти и тешки за согледување. Обременети се со спротивности со ГУП-от, исполнување на поединечни желби на сопственици, но попроблематични се решенијата во корист на „моќни“ инвеститори.

-       Недостаток на издржани инвентаризации, анализи, заклучоци, јасно поставени плански програми, оценки на капацитетот на планските опфати, оценка на можности, проверка на варијанти и барање најдобро решение. Планските документи обилуваат со небулози во овие делови и се препишува од план во план, без притоа да се воочи специфичноста на секој поединечно. Често невнимавањето оди дотаму што информациите се однесуваат на некој друг град. Ваквите случаи упатуваат дека иако планските документи поминуваат низ повеќе филтри, често не се проверуваат во целост, а ова пак упатува на лошо поставен процес на донесување планови, немање јасни процедури и декларирани одговорности.

-       Планирањето на просторниот развој на Општина Центар е нерамномерен и со тоа нерамноправен. Граѓаните не се со еднакви позиции и можности. Некои четврти се заложници на наследени одлуки, но за жал и новите решенија не го решаваат проблемот. Други пак, се препознати како атрактивни и дополнително се натрупуваат, а тоа во иднина ќе се врати со намален квалитет на живот. Недостига сериозна економска анализа, но оваа алка во урбанистичкото планирање не само што е слаба, туку и ја нема. Урбанистите сосема паушално проценуваат што е економски бенефит.

-       За правото на достојно живеење и зголемување на квалитет на живот, во плановите ниту се размислува, ниту е предмет на сериозна професионална работа. „Квалитетот на живот“, според вклучените во процесот на изготвување урбанистички планови е категорија која ја нема доволно објаснето законодавецот и не обврзува. Животот, правото на лесна достапност, сонце, чист воздух, слободен поглед кон околината, каде да се фрли домашниот отпад, не се предмет за работа на планерите????

Секако секој план има свои специфики и не сите од генералните забелешки се однесуваат на секој, но со длабинска анализа, за секој план посебно, дополнително се покажува кој план со што се соочува. Но, забелешките покажуваат една исклучително алармантна состојба со планирањето, но и со креирање на политики за просторен развој.

Како што може да се види, „мораториумот“ е корисен и треба да се поддржи. Дава време за стабилизација на состојбите и смирување на интензивното и хистерично пополнување на „секоја дупка“, со објект. Дава време за сериозна анализа, проценка на досегашните штети и намалување на штетите кои новите понудени решенија ќе ги создадат. Секој детален план треба да се евалуира и да се пренасочи во правец на поквалитетно изработен документ за поквалитетен и достоен за граѓаните живот.

За жал, мораториумот има и свои непријатели, а тоа се: незнаењето, несфаќањето, неправењето разлика што е тоа „квалитетен животен простор“, шпекулантско и примитивно урбанистичко планирање, притисоците од т.н. „урбана мафија“, која за жал не е мит, поплаките од граѓани и сл.

Но, за среќа совеста и моралот на поддржувачите на мораториумот и оние кои го одржуваат, е на високо ниво и се истрајни во заложбите за „ЗДРАВЈЕТО ПРЕД ПРОФИТОТ!“ и Општина за граѓаните!

Автор: вонр. проф. д-р Дивна ПЕНЧИЌ

https://www.porta3.mk/moratorium-kako-instrument-za-kontrola-na-izgradbata/
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1852
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #840 Posted: 29-Oct-2018 at 20:26
Дали се запре градењето?!, ако имам можност лично ќе и го поставам ова прашање на проф. Пенчиќ, бидејќи изгледа дека она гледа низ розеви очила, не гледа на оние градби кој изникнаа покрај железничка, оние што никнуваат спроти Пролече и еден куп други низ Општина Центар. Каков мораториум каква мачкина кашлица и замачкување очи ,мораториум не постои во оштина Центар тоа е само усмено кажано и запишано на хартија со која си го исчистиле носот или задникот.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 40414243>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.