build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Урбанистички планови (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбанистички планови (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 424344
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 525
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #861 Posted: 03-Apr-2019 at 19:19
Па и катноста е зголемена на неколку парцели. Што беше поентата на мораториумот не сфаќам.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 495
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #862 Posted: 03-Apr-2019 at 23:18
Originally posted by <Fresno>

Што беше поентата на мораториумот не сфаќам.

Да ги наштелуваат ДУП-овите според нивните инвеститорски (спонзорски) потреби LOL
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12153
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #863 Posted: 11-Apr-2019 at 15:49
НЕСЛАВЕН ЈУБИЛЕЈ

Пред 20 години Мирослав Грчев го нацрта ДУП-от за Дебар Маало, сите предвидувања се остварија – хаос, пренаселеност, бетон...

Пред точно 20 години, на 29 април 1999, донесен e Деталниот урбанистички план за Дебар Маало и Буњаковец кој го промени карактерот на населбата и го промени овој простор од населба за индивидуално во населба колективно домување. Сите тогашни предупредувања на архитектите и урбанистите се остварија, не потсетија од граѓанската иницијатива Во одбрана на Дебар Маало.

Тогаш, нарачател и предлагач на планот беше тогашниот градоначалник на oпштина Центар, архитектот Мирослав Грчев. ДУП-от се косеше со Генералниот урбанистички план, но сепак стапи на сила.

Граѓани и архитекти организирани во Иницијативниот одбор за заштита на Дебар Маало и Буњаковец барале да се стопира донесувањето затоа што густината на населението ќе се зголеми за 200 отсто (тоа и се случи), затворениот блоковски систем и висината на објектите од 20-30 метри до слеме над тесните улички од 3-5 метри ќе го сведат на минимално осончувањето и струењето на воздухот (на терен е така), ниту една мерка за заштита на животната средина не е задоволена (затоа некому конечно му текна во Центар да донесе решение за мораториум за градба), ќе настане хаос во сообраќајот, паркирањето и инфраструктурата (секојдневна глетка во Дебар Маало), зелените површини ќе се претворат во паркинзи (треба ли докази и за ова)...

Во таа 1999, членовите на тој Иницијативен одбор за заштита на Дебар Маало велеа дека со планот ќе се дехуманизира просторот и ќе настанат супстандардни услови за живеење во населбата, а сето тоа за профит на неколку приватни инвеститорски и градежни фирми.

Дваесет години потоа, по донесувањето на овој план живееме во хаосот што тогаш го предвиде Одборот за заштита.

Нарачателот на планот, градоначалникот на Центар архитектот Мирослав Грчев тврдел дека тој план бил најдобар и дека со него ќе се изедначат правата на луѓето во населбата и ќе се обезбеди плански развој. Тој во интервју за тогашен Вечер вели: „Други органи во државата се должни да го штитат планот и воопшто поредокот на градското живеење. Министерството за урбанизам издава дозволи, има инспекции градежни, урбанистички и единица за уривање“.

Еве, со цитати на тогашните актери, како изгледало тоа во однос на ДУП-от за Дебар Маало.

Арх. Мирослав Грчев, градоначалник на општина Центар, нарачател и предлагач на планот:

„Тоа е само теоретско предвидување за зголемување од 34.000 жители, што во контекст на другите одредби за реализација на планот е практично невозможно“ (таа бројка е повеќекратно надмината).

„Нема конфликт (на интерес) затоа што јас не сум платен советник ниту на една фирма, со зборови и со бројки. Апсолутно никогаш не земам и строго внимавам на таа смисла да нема ниту назнаки ниту претпоставки. Овој план носи правила за градба за повеќе од 1.500 локации… Бесмислено е да барате градоначалникот да прекине со својата вокација и струка додека е градоначалник“.

„Ова е најдетален и од стручен аспект најакрабичен план што е некогаш направен во Република Македонија“.

Министер за урбанизам и градежништво, Душко Кадиевски, кој пред да стане министер беше градски архитект и беше вклучен во целата процедура на донесување на ДУП-от за Дебар Маало и Буњаковец. Иако имал големи забелешки за предложениот нацрт-план за Дебар Маало и Буњаковец, како што е неговата неусогласеност со постојниот и тогаш сѐ уште важечки Основен урбанистички план за Скопје од 1985 година, и тоа во делот на намената на просторот и густината на живеење, сепак дал позитивно мислење и препорачал, при изготвување на предлог планот да се анализираат и разрешат неговите забелешки.

Како министер за урбанизам и градежништво Кадиевски беше тој кој, според закон, одлучуваше дали еден ДУП ќе се спроведе или ќе се стопира до донесување на нов ГУП за град Скопје.

Иницијативен одбор за заштита на Дебар Маало и Буњаковец:

„Се зголемува бројот на жители од населба со околу 13.000 жители и се предвидува да се зголеми на околу 35.000, што е енормно голема густина на населеност, недозволена за наши стандарди и иницира супстандардно живеење“.

Одборот тврдеше и дека посебните одредби по кои треба да се спроведува планот нудат можност за манипулација: „Ова пред сѐ се однесува на одредбата за површината за градба, што ќе ги тера сопствениците на парцелите и на сегашните куќи да бидат лесен плен на приватните инвеститорски и градежни фирми кои и минималниот зелен простор во парцелата ќе го уништат и ќе го претворат во паркинг простор“.

Еве што тогашните советници на општина Центар, на 29 април 1999 година, велеа за Деталниот урбанистички план за Дебар Маало и Буњаковец. Во тогашната анкета на весникот Вечер одбиле да учествуваат Страшо Зафировски, Игор Папеш и Јани Макрадули од СДСМ и двајца советници од ПДП-НДП.

Одговорите на останатите се:

1. Ташко Благоев, ВМРО-ДПМНЕ – не гласал

„Јас не навлегов во материјата доволно, меѓутоа кога ми ги кажавте овие работи што ги спомнувате со прашањата, сега подруго размислувам и сум против ваков план. Ако се реализира ќе се загади сѐ, ќе се намали осветлувањето и тесно ќе биде. Ова е централно градско подрачје и ќе нема струење на воздухот.“

2. Перо Андонов, СДСМ – гласал за планот

„Јас сметам дека никој не е толку луд да направи нешто што после нема да испадне добро.“

3. Никола Силјановски, СДСМ – гласал за планот

„Не знам дека ќе се зголеми бројот на жители, планот не одредува популациска политика, туку урбани услови за живот. Треба да се заштити маалото од дојдени кои по полулегални канали имаат изградено објекти. Смета дека нема да се намали квалитетот на живеење зашто овој план има принципи.“

4. Иванчо Вучевски, СДСМ – гласал за планот

„Ако сакаме да живееме во една урбана средина и да се решат сите аномалии, најдоброто решение е овој план што ќе ги разреши сите инфраструктурни проблеми.“

5. Васил Диневски, ВМРО-ДПМНЕ – гласал за планот

„Свесен сум за моето гласање, но во позитивна смисла. Аспектот за зголемување на бројот на жители за најмалку 200% бил разгледуван и дека тоа се максимални оптимални бројки и тој број на жители нема да се исполни во наредните 20 до 30 години.“

6. Полексија Грозданова Ристоманова, СДСМ – гласала за планот

„И да е натфрлен бројот на жители за 200, 300 отсто, тоа е цената да се живее во градско подрачје. Предвидено е градење на паркинг простори, а што се однесува до тоа дека ќе се зголеми загаденоста: Дебар Маало има предност дека до него е паркот и има природна вентилација.“

7. Димитар Илиевски, СДСМ, претседавач на Советот – гласал за планот

„Нормално е да се зголеми бројот на жители и со проекцијата на планот е предвиден колкав би бил тој број. Таа бројка на жители е максимална, но не и задолжителна. Со планот нема да се намали квалитетот на живеење, туку планот предвидува решавање на целокупната инфраструктура, а за паркирањето – ако некој обезбеди паркирање, ќе гради.“

8. Владимир Петрушевски, ЛДП – воздржан

„Знам дека се зголемува бројот на жители, но не бев свесен за колкав број станува збор. Знам дека драстично ќе се намали квалитетот на живеење, но за жал, во советот функционира партиска дисциплина за прашања што не се партиски.“

9. Драган Јанковски, СПМ – гласал за планот

„Ќе се зголеми бројот на жители, но нема да се намали квалитетот на живеење, бидејќи сите негативности се регулираат со новиот план.“

10. Гордана Вељковиќ – Јегени, СДСМ – гласала за планот

„Почитувани се сите нормативи и стандарди во однос на бројот на жители и се отвара голем инвестициски циклус. За драстичното намалување на квалитетот на животот – тоа ќе се случеше доколку планот не се донесеше.“

11. Иван Николов, СПМ – гласал за планот

„Планот во догледно време ќе стави ред во градбата, никој не е загрозен со планот и строго се утврдени принципите за градба, бидејќи има одредби за спроведување на планот по кои ќе се работи, а за понатаму има инспекциски органи кои ќе си ја вршат работата.“

12. Владимир Павловски, ЛП – гласал за планот

„Знам дека ќе се зголеми бројот на жители, меѓутоа мислам дека нема да се намали квалитетот на живеење. Тоа со анализа е докажано во елаборатите во материјалите што ни беа доставени на седницата.“

13. Денко Скаловски, ЛДП – гласал за планот

„Нормално е да се наголеми бројот на жители зашто станува збор за централно градско подрачје, а не приградска населба. Секој кој сака дворче нека живее во Радишани.“

14. Ратко Црвенковски, ЛДП – воздржан

„Знам дека со планот ќе има енормно зголемување на бројот на жители, дека ќе се намали квалитетот на живеење и дека планот не е обмислен до крај.“

15. Јулијана Шалева, ВМРО-ДПМНЕ – гласала за планот

„Дебармаалци живеат во централно градско подрачје и треба да сфатат за такво живеење со намален квалитет. Колку и да е лош планот, подобар е од сегашнава состојба“

16. Босилка Ризовска, ВМРО-ДПМНЕ – воздржана

„Гласав против планот, бидејќи знаев дека со новите згради се пренаселува Дебар Маало.“

Во одбрана на Дебар Маало

https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/pred-20-godini-miroslav-grchev-go-nacrta-dup-ot-za-debar-maalo-site-predviduvanja
За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1766
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #864 Posted: 11-Apr-2019 at 16:12
Е така треба, по име и презиме но и за многу други работисем Дебар Маало.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 525
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #865 Posted: 12-Apr-2019 at 11:23
Грчев, критичарот на СК2014. Каква иронија.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1885
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #866 Posted: 12-Apr-2019 at 15:07
Супер , само дали авторите се обиделе да проверат дека тој ДУП никогаш не е усвоен и дека прв ДУП за Дебар Мало е од Аларова после 2002 година ако не се лажам и дека по тие ДУП ови се гради и ден денес ,а претходно е се дивоградба со потпишано решение за градба од министерство за транспорт и врски врз основ на ДУП од 1985 година.
Back to Top
Théoden View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 52
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #867 Posted: 24-Apr-2019 at 13:28
Го има ли некој новиот ДУП за градска четврт З-04 во општина Карпош? Според најавите, просторот за зеленило е зголемен речиси за трипати, на сметка на просторот за домување. Ме интересира дали и колку е ова реална измена или се работи повторно за мачкање очи.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2292
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #868 Posted: 03-May-2019 at 07:34
Од фб,наводно се кројат маркици за нови згради во зеленило на локации непосредно до Мајчин Дом и во Ново Лисиче меѓутоа сепак информациите не се 100% сигурни можно е да се работи за шпекулации но не би бил зачуден ако нешто од ова се реализира познавајќи ја досегашната ситуација и што досега се изгради







Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1766
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #869 Posted: 03-May-2019 at 15:43
Ова ако го направат... треба да ја запалат општината. Буквално!

*општинската зграда.

Edited by alexsend - 03-May-2019 at 15:44
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2292
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #870 Posted: 03-May-2019 at 15:50

Од општината денес ги демантираа вестите,нема да се гради.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2292
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #871 Posted: 19-Aug-2019 at 06:45
Нешто во врска со ДУП за Трнодол-О.Карпош кој во последно време е доста актуелен.Предвидени се згради од 4 и 6 ката на местото на бараките но велат дека нивната градба ќе предизвикала свлечишта итн....Еве извадок од деталниот и некои бараки каде треба да се гради(од фб)





Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 424344

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.187 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.