build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Урбанистички планови (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбанистички планови (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 434445
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2847
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #881 Posted: 07-Nov-2019 at 15:11
Кој брише постоечки цевки во урбанистичките планови во Центар за да се добие градежна дозвола?



Има или нема цевка за атмосферска канализација во дворот на зградата на улицата „Тодор Александров" број 71 во Скопје? Жителите на зградата велат дека по средината на парцелата, во нивниот двор (кој во меѓувреме станал градежно земјиште со маркица за хотел) минува цевка и дека таму не смее да се гради. Проектантите од „Тајфа план", пак, си ја нацртале цевката неколку метри полево, односно покрај маркицата, а не под неа. По безброј перипетии и неколку измами, техничките лица на ЈП „Водовод и канализација - Скопје" утврдија дека по средината на таа парцела навистина поминува цевка.

Со зградата на улицата „Тодор Александров“ (поранешна „Салвадоре Аљенде“) уште од почетокот има сериозни проблеми со легализацијата на земјиштето под зградата, со намената на дворот, па дури и со сопственоста на влезовите, лифтовите и скалите... Ништо чудно, ако се знае дека уште во првичната пренамена на земјиштето и во инвестицијата се замешани Пеце Наумовски и Александар Ивановски, познат како Алек Теранова.

Од неодамна е отворен уште еден проблем. Дворното место околу зградата за време на купувањето на становите од инвеститорот (Алек Теранова) беше претставувано како детско игралиште и паркинг за возилата од зградата. Од 2003 година на местото е вцртана маркица за објект за привремено сместување (хотел). Во меѓувреме маркицата стануваше сѐ „повисока“ и „поширока“, а на крај (септември 2019) се собраа сите потребни документи и наскоро овој план ќе се најде на усвојување пред советниците на општина Центар.

Општина Центар на 15 јануари 2018 година од ЈП „Водовод и канализација-Скопје“ беше известена (бр.1302-149/1) дека инвеститорот ТД Три инвест ДОО Скопје не може да гради на таа маркица (заведена на улица Славејко Арсов КП 2424/20 КО Центар 2). „Во рамките на парцелата за проектот изработен од Дом-дизајн увоз-извоз ДОО Скопје, каде што е предвидена градба, постои атмосферска канализација Ф 300. Не е дозволена изградба на подземни и надземни објекти над наша постоечка инфраструктура“, напиша Водовод.

Истото јавно претпријатие на 15 февруари 2019 година дава позитивно мислење (бр.1301-379/2) упатено до „Тајфа план“ за ДУО Градска четврт ЈО6 дел од локалитетот Тасино Чешмиче 1 и Тасино Чешмиче 2 општина Центар. Во овој план цевката за атмосферска канализација е нацртана малку полево и сега „не оди“ под маркицата. А на лице место не е ни копнато, освен градинарските работи што станарите редовно ги извршуваат во своето мало паркче.

Откако ова им го укажавме на раководителите во ЈП „Водовод и канализација“, тие веднаш испратија екипи на лице место и утврдија дека цевката од таму навистина со години не е мрдната и дека тука некој некого мами.

Откако беше утврдено ова, од ЈП „Водовод и канализација-Скопје“ ветија дека сега ќе испратат и трето писмо до општина Центар во кое, слично на она од 2018 година, ќе потврдат дека под маркицата сепак има цевка и дека тука не може да се гради.

Таму и според сите постоечки, основни урбанистички стандарди не може да се гради (близина до друга зграда, дневно светло, тесна уличка, приод за гости, број на паркинг места, опасност од лизгање на земјиште...). Но тоа во Скопје веќе одамна не се применува.

Да се надеваме дека новите општински власти, според сите нивни ветувања во овој, а и во стотина други случаи, ќе реагираат соодветно. И нема да заборават и на одговорноста.

https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/koj-brishe-postoechki-cevki-vo-urbanistichkite-planovi-vo-centar-za-da-se-dobie
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 532
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #882 Posted: 08-Nov-2019 at 07:03
Ако и ова се изгради, отпишете го градов
Ни суперсонично метро нема да ни помогне за сообраќајниот колапс,за другите сфери кои ќе колабираат да не правиме муабет.

https://a1on.mk/macedonia/video-kje-se-gradat-li-50-novi-zgradi-kaj-treska-centar-dve-godini-bez-odluka/





Edited by kiriOK - 08-Nov-2019 at 07:08
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2847
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #883 Posted: 08-Nov-2019 at 07:49
Центар спротивно од Кисела Вода: „ДУП за Корчагин без згради со двојно повеќе зеленило“



https://telma.com.mk/tsentar-sprotivno-od-kisela-voda-dup-za-korchagin-bez-zgradi-so-dvojno-poveke-zelenilo/?fbclid=IwAR3dY2q7vZeG5Qs6sZa1uy3kCStjyfvIfkpTTk-t5UIdu_SJjvt4_Xij-s0

-------------------------------------------------------------
За кој детален план поточно станува збор,за делот околу гимназија Корчагин или??
Back to Top
Théoden View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 76
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #884 Posted: 08-Nov-2019 at 14:42
Previous
Не, туку за населба Пролет.
Вака од прилогот не ми се воочливи некои поголеми промени, ова „двојно повеќе зеленило“ звучи прилично помпезно.


Edited by Théoden - 08-Nov-2019 at 14:42
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 756
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #885 Posted: 08-Nov-2019 at 18:21
Баш така, помпезно. Бидејќи зеленило влегува и трева, а на градов му требаат два-три парка со големи разгранети дрвја, т.е. мини шуми.

Проектот што го прочитав кај Шилегов дека имаат план од Град Скопје да посадат дрвја долж Кејот на Вардар е одличен проект според мене. Ширењето на Градски парк кон Карпош 4. Доразвивање на паркот долж Митрополит Теодосиј Гологанов.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1512
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #886 Posted: 08-Nov-2019 at 21:02
Ако не се лажам ГС сака да сади во мајор коритото на Вардар... не треба тоа да биде сосема празно за заштита од поплави? Дрвјата ем ќе заземаат многу простор, ем лесно може да се откорнат и да направат штета со надојдената вода.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Théoden View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 76
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #887 Posted: 08-Nov-2019 at 22:43
Originally posted by ehrlich

Баш така, помпезно. Бидејќи зеленило влегува и трева, а на градов му требаат два-три парка со големи разгранети дрвја, т.е. мини шуми.

Проектот што го прочитав кај Шилегов дека имаат план од Град Скопје да посадат дрвја долж Кејот на Вардар е одличен проект според мене. Ширењето на Градски парк кон Карпош 4. Доразвивање на паркот долж Митрополит Теодосиј Гологанов.


Треба да се напомене дека парковите покрај „Теодосиј Гологанов“ се привремено решение, впрочем како и самиот булевар „Теодосиј Гологанов“. За да се развијат такви мини шуми потребни се децении, дури да се разгранат тие дрва. А во наредните децении мора да се реализира булевар „Македонија“ како решение за сообраќајниот хаос, што ќе значи уништување на најголемиот дел од зеленилото на овој простор.

Одлично место за вакви големи паркови во близина би биле просторите на поранешна „Алумина“ и „Треска“. Ако на вториот му нема спас, според изјавата на градоначалникот на Центар погоре, за првиот постои некоја можност да прерасне во парк. На оваа парцела е планиран голем трговски центар за кој сега, по изградбата на неколку слични трговски центри низ Скопје, сум сигурен дека нема да се најде заинтересиран инвеститор. Само треба да се рашири оваа идеја и да се направи притисок од јавноста да не се доцртаат маркички за коцкести монструми како Гранд Престиж и Домино на носењето на следниот ДУП.

Originally posted by Staro Skopje

Ако не се лажам ГС сака да сади во мајор коритото на Вардар... не треба тоа да биде сосема празно за заштита од поплави? Дрвјата ем ќе заземаат многу простор, ем лесно може да се откорнат и да направат штета со надојдената вода.


Шилегов мислам изјави дека се консултирал со експерти кои го увериле дека дрвата нема да прават никаков проблем при покачен водостој на Вардар. Се прашувам дали се тоа истите експерти што не гледаа проблем и со галиите? Nuts
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 532
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #888 Posted: 09-Nov-2019 at 08:20
Originally posted by Théoden


Одлично место за вакви големи паркови во близина би биле просторите на поранешна „Алумина“ и „Треска“. Ако на вториот му нема спас, според изјавата на градоначалникот на Центар погоре, за првиот постои некоја можност да прерасне во парк. На оваа парцела е планиран голем трговски центар за кој сега, по изградбата на неколку слични трговски центри низ Скопје, сум сигурен дека нема да се најде заинтересиран инвеститор. Само треба да се рашири оваа идеја и да се направи притисок од јавноста да не се доцртаат маркички за коцкести монструми како Гранд Престиж и Домино на носењето на следниот ДУП.


1.Капитол го уништи ТВ Бисер, поради тоа има иднина,како и локацијски
2.Рамстор ќе продолжи да функционира поради локацијата
3.Трговскиот што се гради кај Џевахир е осуден на банкрот
4.Скопје Ист Гејт поради самиот размер на инвестицијата ќе се одржи, но тоа ќе означува дефинитивен крај на ТЦ'ри како Скопјанка,Беверли,Бутел,Антико,Олимпико...
5.ГТЦ поради неодминливата локација останува посетен,но веројатно и тоа малку што е останато од звучно, квалитетно и популарно ќе се евакуира и се повеќе ќе гледаме продавници за авто делови или ролетар и тука.
6.Сити Мол е првиот и единствен голем трговски со модерен концепт,единствен ТЦ од Центар до излез на Скопје, останува силно позициониран
7.ВЕРО ќе претрпи тешки загуби со пуштање на Скопје Ист Гејт,но поради локацијата и концептот со содржината како Џамбо ќе се одржи

Кога се ќе зумираме...како архитектура,величина,понуда,концепт,содржини,посетеност,локација...ние реално имаме/ќе имаме 3 трговски центри (Сити Мол,Ист Гејт и Рамстор) и 2 полу-трговски или како да ги наречам (Капитол И ВЕРО)
ГТЦ е некој мелез меѓу пропаднатите (Скопјанка,Беверли,Бутел,Антико,Олимпико...) и целина составена од продавници, но поради неизбежната локација би му дал трета категорија, нешто како аутлетот во Топанско Поле?

Така да мислам дека тој терен кај Алумина и те како ќе најде заинтересиран инвеститор,не толку како побарувачка на пазарот за нови трговски во Скопје, него највише како локација и реон (богатите населби како Козле,Тафталиџе,Жданец)...тие луѓе сигурно многу повеќе би предпочитале да одат во трговски што им е на 10 минути пешки него да идат кај саем и да се буткаат по бутици со цел Чаир и пола Косово.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1817
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #889 Posted: 09-Nov-2019 at 09:58
На просторот меѓу Спортската сала Борис Трајковски или како и да се вика сега... и кеј може да се засадат илјада дрвја, сега на прсти може да се избројат во таа депонија.

Дали има некој план за фабриката Треска? Кај Рузвелтова. Што со тој огромен простор?
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 543
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #890 Posted: 09-Nov-2019 at 12:40
Originally posted by kiriOK

[QUOTE=Théoden]
3.Трговскиот што се гради кај Џевахир е осуден на банкрот

Ако е добро направен, со добра понуда и големина, дефинитивно има добра иднина. Покрива огромен дел од исток и југоисток, а сега веќе е и добро поврзан булеварски во сите правци. Ист гејт е далеку, а Капитол е мини мол, така да за околу четвртина од Скопје и приградски населби нема конкуренција. Има некој инфо колку е GLA?
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1512
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #891 Posted: 09-Nov-2019 at 13:53
Покрај реставрација на Градскиот парк и развивање на Парк шумата Гази Баба, има простор и за други парк шуми низ и околу градов:

Големи:
Парк шума околу Смилковско и Стајковско езеро;
Парк шума спроти Веле брдо (новиот Клинички центар);
Парк шума Зајчев рид;
Парк шума Трубарево;

Средни:
Парк шума Бутел;
Парк шума Лепенец;
Парк шума Карпош;
Парк шума Касарна;

Мали:
Парк шума Горно Лисиче;
Парк шума Аеродром;
Парк шума Алумина.

Заедно со ширење на парковското зеленило низ Скопје, пошумување на Скопска Црна Гора, допошумување на Водно, развој на јавниот превоз и донесување на долгорочна стратегија за решавање на урбаниот хаос многу би се освежил градов.

Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Théoden View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 76
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #892 Posted: 09-Nov-2019 at 15:11
Originally posted by kiriOK


Така да мислам дека тој терен кај Алумина и те како ќе најде заинтересиран инвеститор,не толку како побарувачка на пазарот за нови трговски во Скопје, него највише како локација и реон (богатите населби како Козле,Тафталиџе,Жданец)...тие луѓе сигурно многу повеќе би предпочитале да одат во трговски што им е на 10 минути пешки него да идат кај саем и да се буткаат по бутици со цел Чаир и пола Косово.

Скептичен сум за ова. На запад постои тренд на затворање на трговските центри поради замавот на е-трговијата, која сигурено дека има помал удел кај нас, но очекувам да расте во иднина. Додека пак куповната моќ на народот не очекувам да порасне. Единствено локацијата може да биде примамлива за инвеститори.

Originally posted by alexsend


Дали има некој план за фабриката Треска? Кај Рузвелтова. Што со тој огромен простор?

Отприлика исто што му се случува на целиот тој дел на Скопје. Не очекувам некои поголеми измени ако планот воопшто се ревидира, освен оставање простор за детска градинка како што најави градоначалникот.




Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1817
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #893 Posted: 09-Nov-2019 at 17:13
Аууу не е ваљда.
На место на Треска здрава логика вели Еден поголем комплекс со модерна станбена зграда и голем парк + попратни објекти за општо добро, градинка итн. Не пак куп мали згради во сите бои на 12м растојание...

Ова е преубава локација за уште едно гето. Има голем ГОЛЕМ потенцијал за нешто со што ќе се гордее цел центар. Во минатото згрешивме, еве секако нов лист!

Edited by alexsend - 09-Nov-2019 at 17:17
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2847
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #894 Posted: 11-Nov-2019 at 13:52
Нов ДУП за населба Пролет-Центар



----------------------------------------------------

СО НОВИОТ ДУП ЌЕ СЕ ГРАДАТ ДВЕ НОВИ ЗГРАДИ ВО НАСЕЛБАТА ПРОЛЕТ

Додека општината Кисела Вода носи одлука за нови 100 згради, од другата страна на Скопје, во општината Ѓорче Петров е донесена одлука за нови 100 згради.

Oпштината Центар пак со нов урбанистички план во коj се вцртуваат само 2 станбени згради. На ваков потег се одлучи Советот на општина Центар каде советниците едногласни дека потребно е повеќе зеленило, а помалку градежни зафати.

Новиот урбанистички план за населбата Пролет е со посебен фокус кон зеленилото и решавање на долгогодишниот проблем со паркингот. Дополнително во новиот план за населбата Пролет, покрај oсновното училиште „11. Октомври“ ќе треба да има и детска градинка. Површината под јавно зеленило е зголемена од 4.283 на 8.788 метри квадратни во однос на претходните планови кои беа ставени под мораториум.

Претседателката на советот на општина Центар вели дека потребно е на граѓаните да им се даде јавниот простор. Друг сегмент на кој потенцира е да се обрне внимание на одржливоста на градот и да се даде можност на останатите општини.

Дека општина Центар важи за една од најпосакуваните локации за градење може да се види и низ Деталните урбанистички планови кои во моментов се под мораториум.

Оваа е една од локациите позади „Даре Џамбаз“ каде на местото на паркчето и зеленилото било предвидено зграда од 8 ката за потребите на СГС, како и катна гаража.

Со новиот ДУП, советот на општина Центар одлучи наместо бетон – зеленилото и паркот да остане, а зградата и катната гаража нема да се градат. Останатите ДУП-ови кои се под мораториум се уште подлежат на ревизија, а дел се во завршна фаза, како што е и ДУП-от со кој се опфаќа и парцелата наспроти ГТЦ, каде што сопствениците на фирмата „Обновители“, Зоран Антиќ и МПЦ планираат да изградат три згради од по 60-ката.



https://www.24.mk/details/so-noviot-dup-kje-se-gradat-dve-novi-zgradi-vo-naselbata-prolet
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2847
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #895 Posted: 11-Nov-2019 at 13:55
БОГДАНОВИЌ: НА МЕСТОТО НА КАФЕАНАТА „КАЈ ЗЛАТЕ“ ЌЕ ИМА ДНЕВЕН ЦЕНТАР ЗА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Државното земјиште кое било предвидено за градба во општина Центар ќе се пренамени во зеленило. Ова го кажа пред советниците градоначалникот на општината, Саша Богдановиќ, кој кажа дека со ова придонесуваат во значително зголемување на зеленилото во општината.

„Кај Основното училиште „11 Октомври“ имало само обична барака, но никаде немало градинка. Ние предвидовме изградба на нова детска градинка. Објектите предвидени за градба, а се сопственост на државната власт, ние решивме да ги пренамениме за зелена површина. Објектите кои се наменети за паркинг, ќе ги пренамениме за граѓаните“, рече Богдановиќ.

Преку промена на ДУП-от, се предивдува и изградба на монтажен паркинг во населбата Пролет, со што, како што рече градоначалникот на Центар, ќе се реши проблемот со паркирањето.

ДУП-от поминал и на јавна анкета, за што Богдановиќ рече дека поминал со преполна сала и аплауз, како од советниците, така и од граѓаните.

„Нема да има зграда до зграда и да си гледаат соседите дома, туку има значително растојание меѓу зградите. Новата градинка е во склоп на училиштето и се работи за убава површина согласно параметрите за градинка. Површината е на 1992 метри квадратни. Висината е според прописите, а има предвидено и двор“, додаде градоначалникот Богдановиќ.

По две години, градоначалникот вели дека направиле максимални напори да се измени она што може, бидејќи до сега Деталните урабистички планови биле ревидирани. Следниот ДУП кој ќе биде презентиран, петти од 31 ревидиран, ќе биде кај Тасино Чешмиче.

„Целта е да покажеме една друга слика од претходно, кога планови се носеле без јавност, во 3 часот наутро се заради нечии интереси. Наша задача како општинска администрација е да придонесеме за непречени услови за да се направат измените“, истакна Богдановиќ.

Просторот каде што сега е кафеаната „Кај Злате“, а кој е сопственост на општината, градоначалникот на општина Центар најави дека во моментов се приспособува и ќе биде пренаменет во дневен центар за лица со посебни потреби, проект кој се прави во соработка со Црвен Крст.

https://lokalno.mk/bogdanovik-na-mestoto-na-kafeanata-kaj-zlate-ke-ima-dneven-tsentar-za-litsa-so-posebni-potrebi/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2847
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #896 Posted: 13-Nov-2019 at 07:59
И на Ѓорче и Хром им се спремаат 100 нови згради?



Од изминатата недела актуелна е темата со ДУП-от во Расадник каде локалните власти во Кисела Вода се во постапка на носење на план со кој се предвидува изградба на над 100 згради на ''празно'' место. Кратко пред оваа тема да се актуелизира, локалните власти во Ѓорче Петров усвоија ДУП - CЗ 20 кој ја опфаќа населбата Хром и централниот дел во Ѓорче Петров каде што исто така се предвидува изградба на над 100 објекти со намена А2 или колективно домување но во густо населено и изградено подрачје, предупредуваат граѓаните на општината.

Ова значи дека во овој дел на Ѓорче Петров би се населиле околу 15.000 нови жители ако се земе стандардот дека на секои 28 метри квадратни има по еден жител, околу 7.000 автомобили дополнително би го оптовариле сообраќајот, нешто за што е повеќе од јасно дека општината и нејзините институции немаат капацитет да ги администрираат потребите на сите овие нови сограѓани.

- Овој е дел од Ѓорче Петров кој што е најзагаден и од каде што мерните станици регистрираат рекордни ниво на ПМ10 честички. Сакаме да знаеме колку е зголемена квадратурата на зеленилото или што овој план предвидува во насока на зачувување и унапредување на животната средина?, реагираат жителите.

http://skopjeinfo.mk/i-na-gjorche-i-hrom-im-se-spremaat-100-novi-zgradi?fbclid=IwAR0LPX0UCazjnbNBOscjfGAKTmt_dMeAyF7Vkb5WYLCBdbeaWKi4Jqz6R4Y

-----------------------------------------------------------------------
Еве еден извадок од тој детален план,планираат наместо куќите да градат згради со по 4 ката и неколку по 6 ката.

Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 756
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #897 Posted: 13-Nov-2019 at 17:49
Страшно, само толку можам да кажам.

Добро, мајка му стара, тоа планерите, планираат нешто друг вид на објекти (како школо, парк, деловен центар, игралиште, итн.) освен станбени згради. Па населбава откако Карпош забрани да се учи во Димо Хаџи Димов се соочува со невиден недостиг на простор за ученици, бидејќи тој пренаменетиот простор за училиште, кое е подрачно на тоа од Беровски од Ѓорче одвај сега функционира, а не со сите овие згради.

Да не зборувам дека планов е неостварлив на хартија, бидејќи не ги следеле линиите на моменталните поделби, туку си делеле, спојувале, впишувале разни згради на повеќе различни катастарски различни површини.

Хаос, плус баш до мојата куќа се впишани згради и со 7-8 ката. Изгледа ќе стануваме нова „Кисела Вода“.
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Rouen,Normandie
Online Status: Offline
Posts: 155
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #898 Posted: 13-Nov-2019 at 20:45
Единствено нешто за што се согласувам од планот е дека за просторот од СП Планет покрај автобуската постојка на 5/2ка „Стар Пазар“ (кон Центар) па се до крајот на тој потег до училиштето е потребна урбанизација. Тој дел означен на првата мапа кон лево, е полн со кал, прашина и тие објекти кои се наоѓаат таму не се фукционални.

А за овој другиот дел кон десно, мислам дека е тотална грешла. Јас сум сместен во споредните улици подоле кои за среќа не се опфатени со планот, но дури и сега во ваквата состојба навистина има гужва со автомобили. Како прво голем дел од куќите немаат паркинг или се со повеќе возила, па затоа се паркира до влезот на куќата. Друго ако се направат тие згради и се доселат уште жители, јавниот транспорт дефинитивно ЌЕ колабира. И покрај тоа што има неколку линии кои што поминуваат на таа постојка пак има гужви и полни автобуси.

Факт е дека голем дел на Ѓорче не е урбанизиран но не треба да се уништуваат веќе постоечките населби, посебно овие со веќе изградени куќи кои како така функционираат некако.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1512
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #899 Posted: 13-Nov-2019 at 21:27
Не е редно време да се испитаат професионалноста и намерите на планерите? Толку место има во Ѓорче Петров, тие запнале секоја оформена населба низ градов да ја унаказат.

Локалните власти да беа слуги на народот, О. Ѓ.П. може плански да добие нови 30,000 жители, а инфраструктурата тоа да го издржи.


Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 434445

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.