build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбанистички планови и парцели (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 4546474849 64>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #921 Posted: 26-Feb-2020 at 15:34
ИНТЕРВЈУ СО САША БОГДАНОВИЌ: Нема веќе бетонски џунгли и наполитанки згради, туку многу зеленило, градинка и училиште

Советот на Општина Центар минатата недела на вонредна седница го усвои заклучокот преку јавен конкурс архитекти и урбанисти да понудат креативни решенија како да се уреди парцелата на поранешната фабрика „Треска“. Со градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ разговаравме што ќе значи тоа во пракса и што би можеле да очекуваат центарци да се изгради на таа локација, а да биде запазен јавниот интерес. Богдановиќ одговара и на обвинувањето од претседателката на Советот на општината дека „конкурсот е само легален параван зад кој стојат бизнис интереси“ и како новото решение за оваа локација ќе биде вклопено во новиот ДУП, кој е во подготовка и како ќе се усогласи со Генералниот урбанистички план на Град Скопје.

*На јавен конкурс ќе се уредува парцелата на поранешната фабрика „Треска“. Што тоа ќе значи во пракса?

Општина Центар ќе распише конкурс во кој ќе се определи урбанистичко решение за тоа што ќе биде на тој простор. Ќе се формира комисија по моја иницијатива како градоначалник и која ќе ги даде сите параметри и програмски задачи што таму треба да се прави. Комисијата ќе се формира оваа недела бидејќи одлуката беше потпишана минатата недела. Денеска со Секторот урбанизам ќе одржам состанок и да ја договориме целата работна група и како ќе функционира комисијата.

*Одлуката беше одобрена од Советот на општина Центар. Претседателката на Советот, Јана Белчева, обвини дека конкурсот е „само легален параван зад кој стојат бизнис-интереси“. Како ова го коментирате?

Не можам да коментирам нешто посебно. Ако некој сака да донесе каква било одлука треба да биде присутен во салата на Советот и тука да дебатираме. Заклучоците што ги предадов претрпеа одредени измени од предлози на советници затоа што беа прифатливи. Моментот што настана, според мене, во раздвојување на мислењата е што иницијативата беше поднесена од граѓански здруженија, асоцијација на архитекти и слично и беше поднесена незаконски. Беше ставена на дневен ред и секое нејзино гласање за таква иницијатива ќе нè ставеше во правен лавиринт, а немаше да се постигне целта. Јас идејата ја прифатив, само што ја предложив јас, како градоначалник, за да ги избегнеме оние правни процедури кои што би настанале доколку беше поднесена како граѓанска иницијатива по тој закон како што беше поднесена.

Суштината е запазена, желбата и идејата е запазена, сега останува да ја реализираме. Не станува збор за никаков параван, комисијата ќе биде јавна и ќе бидат вклучени сите тие луѓе кои се дел од таа иницијатива. Не гледам никаков параван, туку напротив. Ако сме биле некаков параван немаше воопшто да донесеме такви заклучоци. Уште поголем доказ дека ниту сме параван е второто носење на мораториум по одлуката на Уставен суд. Можев да кренам раце и да кажам: не ми успеа да ги ревидирам плановите. Сепак, ние донесовме нова изменета одлука.

*Како избраното урбанистичко решение ќе се вклопи во новиот ДУП што се подготвува, како и во Генералниот урбанистички план на Град Скопје?

Новото решение ќе ги земе дел од параметрите од деталниот и од Генералниот урбанистички план, бидејќи на крајот тоа е целта поради која се ревидираат плановите – се усогласуваме со параметрите на ГУП-от. Тоа нема да се вклопи во стариот план, туку се носи сосема нов план во кое ќе биде вклопено тоа решение за тој дел.

*Во јавноста имаше обвинувања дека со новиот план Буњаковец 2 кој е во подготовка, се предвидуваат нови згради во тој дел, односно подигнување на бетонска џунгла. Дали вие би дозволиле да се случи вакво нешто?

Напротив, во сегашниот план, кој е под мораториум, има бетонска џунгла или јас ги викам популарно наполитанки. Тоа се огромни блокови во кои е само бетон, нема зеленило, нема јавни површини, нема предвидено градинка, ниту училиште, ништо. Во нашите идеи што сакаме да ги споделиме во новиот план е нешто сосема различно, а конкурсот само ќе го домоделира да биде уште поубаво. Да ги оставиме луѓето да работат со параметрите и да ги распределат така како што мислат. Да не бидат само бетонски зданија кои што ќе ни се протегаат и нема да личат на ништо, туку треба да биде нешто со кое сите ќе се гордееме.

*Какви решенија очекувате да понудат архитектите и урбанистите: повеќе зеленило и паркинзи и повисоки згради или?

Очекувам креативни решенија. Хипотетички, ние да ставиме и плус еден процент на зеленило тоа ќе биде повеќе. Ние одиме над 20, 30 проценти во зависност од местото. Можам да кажам дека сме единствена општина која новиот Закон за урбано зеленило почна да го применува во новите планови. Тоа значи дека не чекаме да се реализира стариот план, па потоа кога би се носел нов план, евентуално да се внимава. Не, ние веднаш го стопираме планот и го вградуваме новото законско решение.

*Дали со зголемување на процентот за зеленило на парцелите за градење ќе се дозволи поголема катност на зградите?

Тоа е задача на урбанистите и архитектите и тука не сакам да се мешам. Како ќе ги распределат параметрите, дали ќе биде во должина, висина или ширина, дали ќе биде повеќе на лево или на десно, не можам да се мешам, ниту сакам.

*Дали е решена сопственоста на земјиштето и што ќе се случи со семејствата кои живеат покрај улицата „Рузвелтова“ повеќе од 40, 50 години. Дали ќе им биде решено станбеното прашање?

Тоа дали некој ќе им даде станови или ќе ги обесштети, или ќе останат, тоа е нивна волја и избор. Јас имам информации дека поголем број од луѓето сакаат да се донесе планот и да се реализира за да не живеат во тие куќи во кои сега живеат. Најголем дел од нив си ги имаат легализирано нивните куќи и си имаат сопственост, односно имотен лист. Тие имаат направено докуп на парцелите бидејќи тоа беше државно земјиште и законот тоа го дозволува. Дел од земјиштето потпадна со пресуда на Законот за денационализација и го земаа семејството Вичентиевиќ, тие со тоа земјиште располагаат бидејќи порано им било земено и сега им е вратено. Имаше одредени парцели кои беа државни, а на тоа место имало изградено објекти и потоа луѓето си ги легализираа според Законот за легализација.

*Јавноста со години реагира на тврдењата на општините дека урбанистичките планови во Скопје се носат за задоволување на јавниот интерес, ама во пракса потоа се покажува дека не е така, дека сè се правело во интерес на градежните фирми?

Мене ми е најважно што дозволивме целиот процес да се води транспарентно. Претходниот план од 2012 година, беше донесен нетранспарентно без никој никого да го праша. И една работите на која сум горд е што овој состав на Совет дозволи да се вклучи јавноста, стручните лица, архитекти и асоцијации да расправаат, а пред се, имаме и сопственици кои сакаат да се направи некое креативно решение. На луѓето им е досадено да има само едно исцртување по желба на некого, а да нема задоволување на некој јавен интерес за кој сите збориме. На пример, на таков потег нема никогаш предвидено градинка. Ние во сите планови што ги носиме, таму каде што нема во близина детска градинка да испланираме детска градинка, бидејќи зголемени се потребите за деца од претшколска возраст и тоа ни е една од идеите таму. Тоа го применивме во планот за „Пролет“ каде на постоечка урбана заедница која беше пред распаѓање, таму вцртавме градинка, која ни е влезена во развојната програма и по завршување на проектот треба да почне да се реализира оваа година. Исто тоа го мислиме за плановите за Дебар Маало и за Парк. Капацитетите што ги имаме наследено се навистина мали и скромни, а ова ќе бидат сосема нови објекти. Имаме таков пример – градинка во Капиштец каква што децата ја заслужуваат.

*Споменавте пред малку дека во претходните детални урбанистички планови имало вцртувано маркици по желба на некого? Имате ли некакви сознанија за тоа?

Претпоставувам дека тогаш се исполнувале одредени желби. Во тие планови воопшто не се внимавало ниту за паркирање, ниту за зеленило. Ќе напомнам, планот што е донесен за „Пролет“, таму беше предвидено што е можно повеќе да му се даде на објектот /зградата. Ниту има раздалеченост од еден објект до друг, немаше предвидено зеленило, а камоли за паркинг место итн. Сега се е сменето. Сега ако сакаш да добиеш одобрение за градење на место каде што сакаш, прво треба да го решиш паркирањето. Не само да изградиш објект, а паркирањето да го решава општината. Раздалеченоста од зграда до зграда беше како што е сега во Дебар Маало. Мора да се задоволи минимум една третина од висината на објектот. На некој начин, ние ги стеснуваме, ги намалуваме габаритите се со цел да ги задоволиме параметрите кои се пропишани, а нив во минатото никој не ги почитувал, за жал.

https://www.vecer.press/интервју-со-саша-богдановиќ-нема-веќе/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #922 Posted: 02-Mar-2020 at 14:54
НЕМАМЕ УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ НА СКОПЈЕ ТУКУ НА ДЕСЕТТЕ ОПШТИНИ И ЗАТОА ЌЕ БАРАМ ДА СЕ СМЕНИ ЗАКОНОТ, ВЕЛИ ШИЛЕГОВ

Урбанистичкото планирање во моментов не генерира развивање на град туку развивање на енклави на десетте скопски општини, вели скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Токму поради тоа, вели дека после изборите ќе иницира промена на Законот за Град Скопје за да се централизира урбанистичкото планирање и начинот на финансирање на општините.

На трибината која ја организираше дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК на тема „Граѓанска зелена моќ – влијанието на граѓаните врз зачувување на јавниот интерес при урбанистичкото планирање“, Шилегов кажа дека поради тоа што нема централизирано урбанистичко планирање и урбанистичка политика на Град Скопје, неповратно се уништени делови од градот како Кисела Вода, Дебар Маало, Карпош, Аеродром.

„Првата рак рана на Скопје е што немаме централизирано урбанистичко планирање. Втората е што концептот на локални самоуправи е направен така што, голем дел од финансирањето за функционирањето на општините се базира на комуналиите, некаде околу 48 отсто во просек. Во такви услови во Скопје ни се случува секоја општина сама за себе да креира развој на определена површина, со крајна цел да можат да ги исполнуваат обврските за кои се основани“, вели Шилегов.

Со сегашните законски решенија, смета Шилегов, имаме една апсурдна ситуација што може да се случи во градот и тој како градоначалник на Скопје ништо не може да направи.

„На пример ако ја земаме како граница меѓу двете општини улицата Рузвелтова, Општина Центар од едната страна на улицата може да нацрта трговски центар, а од другата страна да добиете уште еден трговски центар од Општина Капрош. Тое е апсурд сам по себе. Јас како градоначалник сметам дека градот треба да се развива, но не онаму каде што бил развиен, туку во северниот дел, што многумина го избегнуваат. Затоа, откако сум градоначалник сериозно инвестираме во изградба на инфраструктура во тој дел“, рече Шилегов.

Жанета Трајкоска директорка на Институтот за комуникациски студии на трибината кажа дека изминативе 20 години интересот на граѓаните и јавниот интерес не бил централен при урбанистичкото планирање.

„Кој и да дојде на власт се покрива со закони, правилници согласно потребите или интересите на таа васт или одредени центри на моќ. Клиентелизмот кај нас, за жал, е многу сериозен и тоа се гледа и во урбанистичкото планирање. Во оваа фаза кога верувам дека на оваа власт ѝ е многу тешко да направи нешто кога штетата веќе е направена, треба да се обидеме да дефинираме што е јавниот интерес и во каков град сакаме да живееме. Како сакаме да изгледа Скопје, дали сакаме да носиме дополнителен сообраќај во центарот на градот. Кога одиме во Љубљана или Загреб се воодушевуваме што нема сообраќај во центарот на градот, што има зеленило и дрвја, а кога се враќаме тука тоа се заборава“, кажа Трајкоска.

Претседателот на Асоцијацијата на архитекти Мартин Пановски вели дека споредбите кои ги прават граѓаните и граѓанските активисти со Љубљана, се несоодветни бидејќи не кажуваат дека данокот на имот во Љубљана е многу голем, за разлика од кај нас.

„Како јавност бараме паркови, подобар град, правиме споредби со Љубљана. Ако сакаме одредени промени за кои се споредуваме на пример со Љубљана, треба да зборува и за зголемување на данок на имот. Тоа нема ниту еден политичар да го каже, но очекувам невладиниот сектор да го каже. Ако мавтаме со сакам парк и не кажеме колку ќе чини тој, тогаш секој ќе сака парк. Но, ако кажеме дека за да се направи тој парк ќе требаат 20 милиони евра пари на граѓаните, тогаш ќе размислам дали сакам парк“, рече Пановски.

А. АНТЕВСКА

https://sdk.mk/index.php/sakam-zeleno/nemame-urbanistichko-planirane-na-skopje-tuku-na-desette-opshtini-i-zatoa-ke-baram-da-se-smeni-zakonot-veli-shilegov/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #923 Posted: 02-Mar-2020 at 15:05
Нови 100 згради ќе никнат во Хром, новиот ДУП го покажува ова



Во новиот ДУП за населбата Хром е предвидена изградба на повеќе од 100 згради. И покрај тоа што се води битка на дел од граѓаните низ надлежните институции за несразмерното давање на висина во одреден дел од населбата, со кои ќе има објекти во висина од 16.5 до 22.5 метри и комплекси над 100 станови по единица, локалната самоуправа досега има издадено повеќе од осум одобренија за колективно домување кои веќе се влезени во градба.

Согласно градскиот урбанистички план во Хром се предвидени 203.125 метри квадратни градежна површина, а со усвојувањето на новиот ДУП таа бројка е порасната на 370.282 метри квадратни градежна површина или цели 167.157 квадратни метри станбена површина.

Во објавата споделена на фејсбук страната Ѓорче Петров граѓаните прашуваат: Кој е планот на општината за згрижување на сите овие нови жители од аспект на сервисирање на нивните комунални и секојдневни проблеми ? Каде ќе бидат паркинг местата за овие нови жители ? Каде е предвидено зголемувањето на зелените површини? Зошто парцелите на кои се предвидени објекти со А2 намена (колективно домување) се бирани по типот ''близок до овој'' ?

https://skopjeinfo.mk/novi-100-zgradi-kje-niknat-vo-hrom-noviot-dup-go-pokazhuva-ova
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2083
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #924 Posted: 02-Mar-2020 at 16:35
Со други зборови секоја куќа станува зграда
Ејјј страшни сме... не е реално ова...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2598
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #925 Posted: 02-Mar-2020 at 23:24
повеќето од жолтиве си се ко што си беа, П+2+Пк. Некои (ваљда „блиските до овој“) се +1. Големи блокови 5-7к има само во блокот горе-лево.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2083
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #926 Posted: 03-Mar-2020 at 16:48
А што е со фабриката веднаш до мостот?
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #927 Posted: 03-Mar-2020 at 19:04

Интересно, ама ја нема во планов.

Инаку, планов како што реков и претходно, навистина не им требал. Баш си е тивко моево маало (добро освен новопоставената џамија со новите звучници од Лака), и нема потреба од уништување на семејните куќи со згради, дури и сите да се П+3.

Точно е дека многумина сакаат да ги продадат куќите (т.е. дадат на инвеститори) и тоа се случува, ама еве една добра работа во планов беше дека ставиле четири куќи во мои комшии да бидат една зграда и сега едните нејќат и пропадна цела идеја за градба
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #928 Posted: 03-Mar-2020 at 19:20
Za koja fabrika stanuva zbor??
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15018
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #929 Posted: 03-Mar-2020 at 21:27
Веројатно за Купром, поранешна фабрика за хром, по која и населбата го добила името.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #930 Posted: 03-Mar-2020 at 21:51
Zatoa i prašav mislev deka se raboti tokmu za taa fabrika koja veke dolgi godini stoi napuštena,imaše pred nekoe vreme nekoi inicijativi da stane studentski grad ama sepak mislam deka za nekoe vreme i tamu ke se pravat zgradi...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #931 Posted: 07-Mar-2020 at 14:54

Кога веќе ја споменавме фабриката Купрум во Хром еве најдов некое видео од состојбата во внатрешноста,засега нема ништо на повидок за овој дел освен некои иницијативи за студентски град и слично....


НАПУШТЕНИ КУЛТУРНИ МОЖНОСТИ

Искршени прозори, метални скали кои недостигаат, демолирани лифтови, расфрлани шрицови насекаде, ѓубре, шут и непознати течности… Влегувањето во напуштената скопска фабрика „Купрум“ наликува на сцена од култните хорор филмови посебно, ако ја посетите на тмурен ден. Огромниот објект со децении е напуштен, оставен времето да го уништува цигла, по цигла. Она што не успеава природата да уништи, уништуваат луѓето, намерно или ненамерно.

Добрата архитектура на објектите и нивниот распоред сведочи дека во минатото оваа фабрика била економски двигател. Контратежа на хаосот кој го затекнавме е крикот на графити културата која низ годините спонтано се создала на ова напуштено место. Графитите можеби даваат надеж дека овој необезбеден јавен простор може повторно да стане корисен.

„Купрум“ е само еден од десетиците напуштени објекти во земјава. Дел од нив претставуваат опасност за здравјето на луѓето, дел ја загрозуваат и животната средина, а од друга страна се неискористен потенцијал од кои државата може да заработува, но најмногу може да добијат граѓаните и граѓанскиот сектор.

Купрум претставува наша прва иницијатива која ја започнавме со „Културно ехо“ од септември 2018 година. Веќе година и пол работиме на оваа проблематика за пренамена на овој објект во студентски град или младински центар. Тоа е потребно дополнително поради неговата стратешка локација“, велат од „Културно Ехо“.

Се простира на 22.000 квадратни метри од кои изградените објекти зафаќаат само 20 отсто.

Тоа дава можност останатиот дел да се искористи за зазеленување, особено што во овој дел од градот зелени површини речиси и да нема.

Се наоѓа на влезот на општина Ѓорче Петров во населбата Хром, од едната страна граничи со реката Вардар, а од другата страна со улицата „Васил Чакаларов“, со што одлично е поврзана со центарот на градот. Се наоѓа на 1 километар од студентскиот дом „Гоце Делчев“ што дополнително ја оправдува идејата за младински креативен центар.

Не е никако ограден, сите материјали кои се останати од неговото функционирање се распостелени насекаде низ просторот и во дворот. Има азбестни покривни материјали штетни за животната средина, има стаклена волна која е насекаде и во близина на реката. Има нафтени деривати, непознати течности кои се небезбедни за животната средина и за локалните граѓани кои слободно се движат низ фабриката, а меѓу нив и деца., посочува Димковска.

Во изминативе неколку години на Архитектонскиот факултет во Скопје изработени се повеќе од 10 магистерски трудови за ревитализација и заштита на објектот на „Купрум“.

Димковска сепак смета дека овој објект треба да биде ревитализиран во насока на јавен простор во интерес на младите и студентите.

Локацијата на поранешната фабрика „Купрум“, како и потенцијалот во постоечката структура на фабриката кој овозможува лесна трансформација на просторот за било каква намена се главните мотиви за Вчкова да ја вметне во својот магистерски труд. Но, можеби најглавниот фактор е што таа е родена и цел живот живее во Хром, непосредно до фабриката.

„’Купрум’ со децении бил главен двигател на индустријата и економијата во овој дел од градот и претставувал иницијатор за развој на околните населби. Со други зборови, фабриката постои од кога постои и населбата Хром, со што е длабоко врежана во колективната меморија на жителите од овој крај. За жал, денес изгледа како сеќавањето на минатото да доминира над сегашноста за овие простори“, раскажува Вчкова.



Еве и по некоја фотка од моменталната состојба





повеќе околу ова на линкот
https://vidivaka.mk/istrazuvanja/napusteni/?fbclid=IwAR2TaJ6EEVoDnMhHuJLpNZGXGwuQYLyKGzlkDeYIB8pAiiUHAj7UaV6U0Xs






Edited by stef4o - 07-Mar-2020 at 14:54
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2083
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #932 Posted: 07-Mar-2020 at 19:05
Се тоа убаво но главното прашање е, чиво е местото?
Приватно или државно? Зошто ако не е државно зошто воопшто да се дускутира било каква културна содржина сем вишок слободно време. А не ми личи дека е државно.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #933 Posted: 07-Mar-2020 at 19:49

Кратка проверка на катастар и покажува дека сопственик е Република Македонија (не знам дали ќе ви отвори директно, но тука најдов)
Back to Top
nouseforname View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 16-Dec-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 156
  Quote nouseforname Quote  Post ReplyReply #934 Posted: 10-Mar-2020 at 14:20
zdravo , edno malo prashanje . dali nekoi znae kade moze da go najdam DUPot od opshtina butel/rasadnik . bi trebalo da spagja pod ko butel dva . na stranata na opshtinata go imaat izbrishano
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #935 Posted: 11-Apr-2020 at 11:01
Катност и површина на објект се варијабла и се стекнато право откако ќе се впише во јавна книга

Откако се актуализираше во јавноста прашањето за просторот кај поранешната фабрика „Треска“ повторно се јавија старите болки за тоа што да се прави со конкретен простор и како тој да се подведе во урбанистичко планските документации во изработка. Последното е од особено значење затоа што Општина Центар – Скопје воведе т.н. мораториум на градење на конкретни, издвоени Детални урбанистички планови. Ако се погледне изворната одлука во суштина станува збор за „начин на применување на деталните урбанистички планови“ кои се таксативно наброени. Тоа е така за терминолошки да се избегне необременоста на Законот за просторно и урбанистичко планирање, кој не предвидува суспензија на веќе донесените детални урбанистички планови, нешто што е овозможено со новиот Закон за урбанистичко планирање донесен на 10.2.2020 година. Новиот закон има одложно дејство, па ќе започне да се применува наскоро. До тогаш сè уште ќе важи стариот Законот за просторно и урбанистичко планирање.

Градежните парцели на кои се наоѓа поранешната Фабрика „Треска“ се дел од ДУП „Буњаковец 2“ кој е во изработка, и благодарение на актуелноста на темата, очигледно се соочува со низа проблеми. Но за тоа нема да дискутираме овде.

Она што е мошне впечатливо е фактот дека при дискусија на сите насобрани проблеми и прашања, некако се провлекува во јавноста терминот „стекнати/стечени права“. Актуелноста и вербализацијата на овој термин, за жал, доведува и до многу заблуди, истовремено и од оправдани и од неоправдани причини. Тоа е така затоа што и при самото дискутирање на оваа тема, терминот „стекнати/стечени права“ се користи како сликовито изразно средство во вербалниот говор, без притоа да се обрне внимание што претставува, кои се неговите причини, какви последици и сфаќања произведува, но и што значи во правниот живот воопшто.

Не сум сигурен дека ќе го дадеме целосниот одговор на тоа прашање, бидејќи самиот збор „стечени/стекнати“, морфолошки претставува придавка на „права“, а самата теорија, но и пракса многу малку се занимава со ова прашање. За волја на вистината, праксата е несвесна за примената и за значењето на овој термин.

Поради ова сметам дека и настануваат низа дезинформации, погрешни толкувања, а особено погрешна примена на самиот правен термин, со што доведува до заблуда кај оние кои треба да ползуваат од стечените/стекнатите права.

Стекнатите права не се апсолутни

Терминот „стекнати права“ е општ и комплексен термин и како таков не може да се стави во некоја потесна рамка за да се објасни неговото правно животворење во легалистичка, но и во практична употреба.

Самиот термин суштински претставува една кованица од два апстрактни поими. Првиот поим е „стекнува/стекнување“, додека вториот е „право/правда/правичност“. Стекнувањето подразбира дејствие, коешто може да биде активно, но и пасивно по својата природа, додека правото/правдата/правичноста ја претставуваат причината поради која се преземаат тие дејствија, нивен основен извор.

Кога се зборува за „права“ се мисли на оние коишто произлегуваат од Уставот, од конвенциите и од меѓународните договори (inter partes и erga omnes).

Терминот „стекнати права“ не претставува ниту принцип, туку е еден специфичен вид на доктрина која ја заштитува целта до која е потребно да се дојде или стекне конкретно право, и истото да се напушти за да се утврди подоцнежниот статус.

Оваа доктрина е флуктуирачка во рамките на тие права и не е апсолутна, едноставно затоа што ниту едно право не е апсолутно, туку со самото тоа што се располага со него по принципот на слободна диспозиција, на ист начин се менува и смислата за стекнување, т.е. нејзиниот основ.

Стекнувањето оди правопропорционално со правото, односно за да некакво право постои, да биде воспоставено, мора да биде определено како такво и да постои можност да биде фактично држено, располагано и уживано, а со тоа и да биде дефинирано како „стекнато“.

На пример, статусното право претставува едно од најосновните права. Старите Римјани под статусно право (Jus quod ad personas pertinent) подразбирале право кое се однесува на лица – лично право. Тоа ја регулирало правната положба (status) на лицата во римското општество преку конкретни правни правила.

За волја на вистината, оваа смисла до ден денес, помалку или повеќе, не е променета, туку е адаптирана на модерните сфаќања за односот на граѓанинот кон државата. И обратно, неговиот статус и улога во општеството и државата. Правата кои граѓанинот ги ужива се регулирани со највисокиот правен акт – Уставот, а потоа и со законите кои произлегуваат од замислата на „уставотворецот“. Во денешна смисла на зборот граѓанинот преку Уставот стекнува конкретни права, кои се јасно дефинирани и кои го регулираат неговиот статус во општеството во однос на државата.

И оттука е јасно дека, веќе стекнатите права, во оваа смисла на зборот, само може да се унапредат, да останат исти, но не и да се уназадат. Тоа е суштината на оваа „нејасна“ доктрина, бидејќи токму преку оваа врска на граѓанинот со општеството – државата, како негов творец, се поврзува со неговата волја и желба да се унапреди себе си, но и другите.

Значи, граѓанинот е моќно битие, меѓутоа со самото тоа што тој својот суверенитет го предава на демократски начин на избори, тој практично дава легитимитет и легалитет да во негово име и за негова сметка, определени тела одлучуваат и донесуваат закони и прописи кои ќе влијаат во општествениот живот.

Фикција којашто не е произлезена од правото, туку е настаната произволно

Иако до овде, во овој текст, ни се чини дека материјата околу „стекнатоста“ на правата излезе надвор од темата во насловот, сепак, целта на ова раслојување е да покаже дека, прво, правото не е апсолутно, ниту апсолутистичко; второ, дека основот – стекнувањето исто така не е апсолутно и апсолутистичко; и трето, дека стекнувањето, како и правото, имаат своја вредност, која е варијабла и која како таква постои зависно од условите под кои правото ги диктирало и ги создало. Стекнатоста/стекнувањето не е само по себе основ, туку тоа произлегува од правото и е нераскинливо од правото, па така не претставува настанување само по себе, оти во спротивно би претставувала чиста фикција, а не одраз на моменталната состојба која е фактички присутна. Секоја фикција којашто не е произлезена од правото, туку е настаната произволно, нема правен основ и таа само му штети на правото за да воспостави нов однос кој нема да влијае апсолутно, апсолутистички и узурпаторски врз правото и правата на другите.

Ова последното е основа за рамноправност, еднаквост и еманципација на правото, правдата и правичноста за сите луѓе подеднакво.

Најсвеж пример претставува т.н. Брегзит (Brexit), односно напуштањето на Велика Британија на Европската Унија.

За Британија сега постои опасност да се соочи со недостаток на правна заштита на правата, кои претходно беа гарантирани под правото на ЕУи тоа претставува огромен ризик по нејзиното напуштање на Унијата. Есенцијата на овие права се содржи во фактот дека тоа е загарантирано право, за сметка на мислењето дека тоа е очекувано право во континуитет и дека таквото право треба да има економска вредност, што сугерира дека е возможно да биде пренесено. Меѓутоа потешкотијата произлегува кога треба да се дефинира „границата/опсегот“ на сопственоста. Значи, терминот „стекнати права“ не претставува ниту принцип, туку е еден специфичен вид на доктрина која ја заштитува целта заради која е потребно да се дојде или стекне конкретно право, и истото да се напушти како би се утврдил подоцнежниот статус.

Како што погледнавме на почетокот од ова излагање, практично стекнувањето мора да има определена вредност, а вредноста е утврдена согласно конкретни права. Така, како најчеста и најосновна вредност во животот на човекот, помеѓу другите, претставува и сопственоста.

Сопственоста во нашето право, согласно нашиот Устав претставува една од темелните вредности (член 8). Шестата темелна вредност е правна заштита на сопственоста. Меѓутоа, во Уставот постои една недоследност кога се потенцира сопственоста како темелна вредност. Терминот „јавна сопственост“ речиси да не постои во Законот за сопственост и други стварни права. Воведен е терминот „добра од општа употреба“, па многу лесно овој термин се претвори во државна сопственост, и нејасно стана до каде се граничи моќта на државата со располагањето на јавниот простор. Се чини дека Државата може многу лесно да располага со стварите од нејзина сопственост, без да има јасна дистинкција што точно Државата може, а што не може да отуѓува и под каков режим истото да го става. Оттука произлегоа и многу лесни постапки за отуѓување на државно земјиште (градежно или земјоделско) под сомнителни услови, а со тоа се доведе и до нерамномерен и неправилен економски развој на Државата.

Во таа смисла, членот 30 пак од Уставот, го гарантира правото на сопственост и правото на наследување, и притоа создава права и обврски сопственоста да служи за доброто на поединецот и на заедницата. Притоа, никому не може да му бидат одземени или ограничени сопственоста и правата кои произлегуваат од неа, освен кога се работи за јавен интерес утврден со закон.

Токму низ овие редови се гледа нејасниот статус на сопственоста како право и нејзиното стекнување. Од една страна, уставотворецот не се впушта во наведување на облиците на сопственоста, но од друга страна со самото тоа што наведува дека сопственоста како право создава права и обврски и дека истата треба да му служи за доброто на поединецот и на заедницата, делува рестриктивно. Рестриктивноста се наоѓа во фактот што самиот уставотворец наметнува дека сопственоста предизвикува да постојат права и обврски, и дека таа не е апсолутна, неограничена, апсолутистичка. Таа има вредност и вредноста произлегува од правата и обврските, особено од обврските. Тоа значи дека сопственоста, сама по себе, има вредност која значи унапредување и економисување со ова право, а не штета и наштетување по секоја цена.

Меѓутоа, нејасниот и неодредениот став на Уставот во овој дел, придонесува за една семоќност и самоволност на Државата да управува и располага со сопственоста по нејзина волја, па со тоа се создава и една нерамномерна општествена култура на семоќ на секој оној што е држател на правото на сопственост, што во суштина и не е така.

Тоа не било случај со поранешните устави во поранешниот социјалистички систем.

Тоа не било случај ни кај Старите Римјани, каде што правата на приватните сопственици plena in re potestas, никогаш не биле апсолутни и наполно ексклузивни. Секогаш постоеле ограничувања, па дури и во класичното и посткласичното право надвладеало правилото дека ниеден сопственик не смее да го искористува правото на сопственост со цел да му наштети на друг – male enim nostro iure uti non debemus; malitis non est indulgendum.

Се сметало дека е должност на секој сопственик да го ползува своето право во допуштени рамки и да го одбегнува намерното оштетување на друг.

Тоа не е ниту случај во Протоколот кон Европската конвенција за заштита на човековите слободи и права каде е допуштено секое физичко и правно лице да има право на непречено уживање во својата сопственост, и дека тоа на никаков начин не го спречуваат правото на Државата да ги примени оние закони кои се неопходни за да се контролира користењето на сопственоста, согласно на општите интереси или да се обезбеди плаќање на даноците или други придонеси или парични казни.

Ако, притоа, се погледне Законот за сопственост и други стварни права (ЗСДСП), правен основ за стекнување сопственост може да биде според закон, врз основ на правна работа и со наследување. Правото на сопственост се стекнува и со одлука на надлежен државен орган, на начин и под услови определени со закон (член 112 од ЗСДСП).

Стекнување право на сопственост врз основ на градење

За нас, во овој случај од особено внимание се одредбите од овој закон кои се однесуваат на стекнување право на сопственост врз основ на градење.

При изградба на објект на градежно земјиште, кога станува збор за градење на земјиште, сопственикот на земјиште предвидено со закон или врз основ на закон за градежни работи стекнува право на сопственост и на градежниот објект кој го изградил на земјиштето согласно градежните прописи и со запишување на правото во јавните книги за запишување на правата на недвижностите. Градителот на објектот со согласност на сопственикот на земјиштето стекнува сопственост врз објектот само под услови кои погоре ги наведовме.

Оваа одредба (член 116 од ЗСДСП) претставува наједноставен начин да се објасни како функционираат стекнатите/стечените права кога станува збор за градење.

Определено лица „А“ се здобило со право да гради на сопствено или на туѓо земјиште. Тоа лице „А“ не може да се стекне со сопственост на објектот, или на дел од објектот, без претходно за тоа да се согласи сопственикот на земјиштето (субјект „Б“), ако тој објект се гради на туѓо земјиште. Секако, тоа право да гради, субјектот „А“ не би го добил ако претходно не ја испочитува процедурата согласно друг закон – lex specialis, кој тоа му го дозволува (Законот за градење).

Значи, субјектот „А“ не е сопственик на земјиштето, но не е сопственик ниту на градбата, тој само има стекнато право да гради објект. Субјектот „А“ ќе стане сопственик на градбата (или дел од неа) оној момент кога таа градба ќе ја впише во јавна книга и врз основ на уписот ќе се стекне со сопственост врз новонастанато право – на недвижност. Слично е и кај субјектот „Б“. Тој, под претпоставка, може врз основ на договор да се спогоди со субјектот „А“ од градбата да добие определен дел, кој понатаму ќе го впише во јавна книга, и врз основ на тоа да се стекне со право на сопственост.

Субјектот „Б“, притоа, се стекнал со можност да се стекне со право на сопственост на дополнителна недвижност, покрај недвижноста – земјиштето кое го има. Тој може и да го отстапи правото на сопственост врз земјиштето, како би се здобил со право на сопственост еквивалентно или поголемо, од вредноста на сопственоста која има во моментот (која ја стекнал по претходен основ).

Ова укажува дека, ниту субјектот „А“ и ниту субјектот „Б“ се сопственици на една идна ситуација, која е непредвидлива и која е правно извесно дефинирана, но неизвесна да се случи. Нивниот однос претставува една правна фикција. Извесно е дека субјектот „А“ сака да гради, но неизвесно е дали ќе го комплетира и ќе се здобие со право на сопственост. Извесно е дека субјектот „Б“ има сопственост врз земјиште каде што субјектот „А“ сака да гради, но неизвесно е дали ќе дозволи да се гради на неговата сопственост.

Со други зборови, ниту субјектот „А“ ниту субјектот „Б“ немаат стекнато право на сопственост на нешто коешто треба да се случи во иднина, а е неизвесно дали тоа ќе се оствари. Она што е извесно е дека субјектот „А“ има стекнато право да гради, а субјектот „Б“ има стекнато право на земјиште коешто е од интерес на субјектот „А“.

Мошне интересна е ситуацијата од членот 117 од ЗСДСП каде градител може да се стекне со право на сопственост врз основ на одобрение од надлежен орган и ќе изгради објект на земјиште врз кое друг има право на сопственост без негова согласност, па така се стекнува со сопственост и на земјиштето на кое го изградил објектот, но и на земјиштето што е во функција на објектот за редовна употреба, но само во ситуација ако не знаел, ниту можело да знае, дека гради на туѓо земјиште, а сопственикот на земјиштето знаел за градбата и не се спротивставил веднаш.

Ова е можно само во ситуации кога одобрението за градење е дадено врз основ на неверодостојни документи за правото на сопственост на земјиште, што подоцна ќе се утврди. Во тој случај, сопственикот на земјиштето има право дури и да бара надомест на штета од страна на градителот во вредноста на земјиштето во висина на пазарна цена.

Тоа значи дека градителот е совесен, додека сопственикот е несовесен сопственик на земјиштето кое е под негова сопственост.

Сосема спротивна е ситуацијата кога постои несовесен градител, а совесен сопственик (член 118 од ЗСДСП). Градителот имал одобрение за градење, но знаел или можел да знае дека документот за правото на сопственост на земјиште не е веродостоен, тој гради на туѓо земјиште, а сопственикот се спротивставува. Сопственикот може да бара да му припадне правото на сопственост на градежниот објект, или градителот да го сруши изградениот објект и да му го врати земјиштето во првобитна состојба, или градителот да му ја исплати прометната цена.

Постојат и други модалитети предвидени во Законот за сопственост и други стварни права, но овие неколку споменати се едни од клучните за да се објасни односот на сопственоста и земјиштето како предмет на сопственост, основот за градење, како и стекнувањето на правата кои произлегуваат од градењето, односно сопственоста на земјиште како првобитна состојба пред да настане градењето воопшто.

За ова, во стварното право се вели дека accessorium sequitur principale, односно дека сè до одвојување/сепарација на споредната ствар (објектот) од главната ствар (земјиштето), дотогаш тие ја делат истата правна судбина. Со чинот на одвојување на непосредниот плод од стварта, настанува и чинот на физичко одвојување од матичната ствар, особено кога станува збор за човеково дејствие, во овој случај градење. Совесниот градителот кој има стекнато право исклучиво да гради, но не и право на сопственост, може да се стекне со сопственост на градбата, врз основ на соодветен правен основ во моментот на одвојување. Моментот на одвојување, во овој случај претставува завршување на градбата и упис на правото во јавна книга.

Сè до тогаш, ниту градителот има право на сопственост, ниту сопственикот на земјиштето се откажал од сопственоста (ја пренел) и ниту пак се стекнал со нова сопственост.

Од тие причини не може ни да стане збор за некаква вредност којашто не е воспоставена ниту констатирана, а камо ли да стане збор за стекнати права по тој основ.

Да се внимава како и на кој начин се располага со сопственоста со локацијата „Треска“

Треба да се биде многу внимателен кога се пристапува кон решавање на проблемот со поранешната фабрика „Треска“. Впрочем, треба да се биде особено внимателен во иднина и со многу други слични такви случаи, бидејќи веќе такви се сл
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #936 Posted: 06-May-2020 at 12:43
ПЛАНОТ СО КОЈ СЕ ИЗБРИША 8-КАТНИЦА НА „СГС“ ВО ЦЕНТАР Е ДОНЕСЕН СПОРЕД СИТЕ ЗАКОНИ, НЕОСНОВАНО Е БАРАЊЕТО ДА СЕ УКИНЕ, ОДЛУЧИ УСТАВЕН СУД

Општина Центар постапила во согласност со законот и стандардите при носењето на Деталниот урбанистички план (ДУП) „Даре Џамбаз“ и неосновани се наводите за оценување на уставноста, одлучи Уставниот суд по однос на иницијативата на фирмата „ССИ Инвестмент“ за поништување на планот со кој беше избришана маркица за 8-катница. Судијата Владимир Стојановски кажа дека при носењето на ДУП-от, Општината ги запазила сите постапки согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, односно била спроведена јавна презентација и јавна анкета.

„На јавната анкета, граѓаните и деловните субјекти можат да поднесат анкетни листови во кои ќе ги наведат забелешките во однос на измените предвидени со планот. Фирмата ‘ССИ Инвестмент‘ не учествувала во јавната презентација, ниту поднеле анкетен лист со забелешки, туку до Општината се обратиле една година подоцна. Општината правилно постапила и при носењето на планот почитувани се сите законски прописи“, рече судијата Стојановски.

Уставниот судија Јован Јосифовски кажа дека се неосновани наводите на поднесителот на иницијативата оти Општина Центар не постапила во согласност со законите и стандардите.

Откако Општина Центар лани во јуни ги донесе измените на планот со кои се намалува катноста на зграда на улицата 11 Октомври, каде што сега е сместена фирмата за обезбедување „СГС“, Друштвото за градежништво „ССИ Инвестмент“ ДООЕЛ Скопје, поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на планот.
Со измените на овој ДУП донесени на 6 август 2012, кога градоначалник беше Владимир Тодоровиќ, се предвидува зголемување на катноста за плус 6 ката на зградата каде што е сместена фирмата за обезбедување „СГС“. Овој објект е во сопственост на градежната фирма „ССИ Инвестмент“. Станува збор за делот кој сега има два ката и се наоѓа меѓу две згради. Со планот се овозможувало и овој објект да ја добие висината на двете згради кои се наоѓаат и буквално се залепени до него. Со зголемување на висината и изградба на зградата на станарите од соседните две згради ќе им бидат затворени прозорците.

Општина Центар ваквиот план го ревидираше и ја избриша маркичката за 8 ката за оваа зграда и ја врати на постојната состојба приземје плус два ката. Исто така беше избришана и маркичката за катна гаража во зеленилото.

А. АНТЕВСКА

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/planot-so-koj-se-izbrisha-8-katnitsa-na-sgs-vo-tsentar-e-donesen-spored-site-zakoni-neosnovano-e-baraneto-da-se-ukine-odluchi-ustaven-sud/

....





https://www.facebook.com/sasha.bogdanovikj
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #937 Posted: 12-May-2020 at 12:48
Повторно поништено одобрението за градење на „Шпански скали“



Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ постапувајќи во повторна постапка, донесе Решение со кое се огласува за ништовно одобрението за градење на објект со намена – комерцијални и деловни намени, од втора категорија, на улицата „11 Октомври“ ББ на инвеститорот ДТПУ „Амадеус Девелопмент“.

Како што информираат од Општина Центар, со ова, повторно се поништува одобрението за градење на инвеститорот во однос на градењето на таканаречените „Шпански скали“, кои требаа да никнат на порсторот кој се наоѓа на плоштадот „Македонија“.

-Во донесеното решение е наведено дека инвеститорот не пријавил отпочнување на градба, во согласност со член 67 од Законот за градење, ниту пак отпочнал со градба во рок подолг од две години од правосилноста на одобрението, во согласност со член 66 став 1 од Законот за градење, според кој одобрението за градење престанува да важи доколку инвеститорот не почне со изградба во рок од две години од денот кога одобрението за градење станало правосилно-образложуваат од Општина Центар.

Првично, градоначалникот Богдановиќ, на 09.02.2018 година донесе Решение со кое се огласува за ништовно одобрението за градење на објектот, на кое инвеститорот ДТПУ „Амадус Девелопмент“ поднесе жалба до второстепениот орган, а подоцна поведе и управен спор пред Управниот суд на Република Северна Македонија.

https://www.vecer.press/повторно-поништено-одобрението-за-гр/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #938 Posted: 15-May-2020 at 13:59
Нешто од 2014 ама вреди да се сподели

Maroje Mrduljaš: U SFRJ arhitektura je bila sredstvo emancipacije

(...)

Zanimljivo je vidjeti kako su arhitekti/urbanisti 1960- ih i 1970-ih razmišljali o urbanizmu: može li se urbanizam poistovjetiti sa socijalnom politikom? Ili devijacijom socijalne politike, kako kaže Vlado Antolić 1976: “Umjesto globalne politike zemljišta, vodi se sitničava politika izgradnje”? Između urbanizma, arhitektonskih ideja i socijalne politike, događa se “divlji modernizam” bespravne gradnje? Što u tom smislu znači današnja legalizacije bespravne gradnje?

Još se 1950-ih diskutira o problemima instrumentalne modernizacije, koja je tada obilježena nužnošću brze obnove. Od ekonomskih reformi sredinom 1960-ih jača utjecaj i moć građevinske industrije, jedne od najjačih privrednih grana u zemlji sa znatnim uspjesima u inozemstvu; primjerice, za beogradsku firmu Energoprojekt “sunce nikada nije zalazilo”. Građevinske kompanije imale su, naravno, utjecaja na urbanizam, pa su sociolozi poput Ognjena Čaldarovića mogli opravdano reći da ne postoji autentični socijalistički urbanizam. Ta konstatacija vrijedi za građevni fond, ali kada je riječ o odnosu prema javnom prostoru i javnom dobru, koncepti su doista bili socijalistički, u pozitivnom i negativnom smislu. Zemljište kao društvena svojina nije imalo takvu ekonomsku vrijednost kao danas, pa se zajedničkih parkovnih površina u stambenim četvrtima moglo realizirati u danas nezamislivom izobilju. Kvaliteta gradnje bila je solidna, pristojnoga prostornog standarda i na višoj razini od zemalja Istočne Evrope. Kao jamac socijalnog mira, prešutno se tolerirala divlja gradnja oko gradova, čime je osiguran i priljev radne snage. Te su “zone” čak bile financirane bankarskim kreditima, bila je to javna činjenica. Urbanisti su se javno zgražali nad divljom gradnjom, ali te zone nisu ucrtavali u svoje planove: modernistička imaginacija nije mogla priznati postojanje entiteta izvan plana.

Današnja legalizacija bespravne gradnje u čitavoj regiji bizaran je ishod tog procesa, propuštena prilika da se dugoočekivani susret institucionalnoga i neinstitucionalnoga urbanog razvoja uskladi. Proces legalizacije je svojevrsna institucionalna prijevara, u njega, nažalost, nije ugrađen mehanizam koji će te gradnje – a još više urbane prostore! – temeljito unaprijediti. Kako se, uostalom, gospodari novcem od legalizacije, u što se on investira?


(...)

arhiva.portalnovosti.com
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #939 Posted: 28-May-2020 at 15:03
ДОДЕКА ВО ТЕТОВО РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД-19, СОВЕТОТ РАСПРАВА ЗА ПРОМЕНА НА ДУП И ИЗГРАДБА НА 20 ОСУМКАТНИЦИ

Не помина предлогот на советниците од ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА на денешната седница на Советот на Општина Тетово да се расправа за мерките што Општината ги презела и ќе ги преземе за справување со кризата со КОВИД-19, место за промена на детален урбанистички план. Советниците потрошија речиси два часа на утврдувањето на дневниот ред.

„Ние побаравме на дневниот ред да се стават точки кои се однесуваа на заштита на јавното здравје, а се поврзани со пандемијата на КОВИД-19, но место ова, беа ставени точки за донесување на два урбанистички плана. Со еден се предвидува промена на ДУП по должината на булеварот Видое Смилевски-Бато, од големиот кружен тек до приватната болница, за да се даде дозвола за изградба на повеќе од 20 осумкатници. Тука се работи за приватно и државно земјиште. Како советничка група поднесовме барање да се изврши промена на предложениот дневен ред и побаравме место за ова, да се расправа за донесување олеснителни мерки за физички лица и деловни субјекти од Општината кои се погодени од мерките против КОВИД-19. За жал, по двочасовна расправа околу нашите предлози, тие не беа усвоени од мнозинството советници“, изјави Александар Велјановски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседавачот на Советот Беким Мемети рече дека во овој момент не може да се расправа за предлозите на ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА за давање финасиски олеснувања, бидејќи финансиските служби на Општината претходно треба да подготват анализа и материјал. Тој посочи дека овие барања можат да бидат ставени на дневен ред на некоја од наредните седници на Советот.

Ова беше втора седница на Советот на Општина Тетово откако изби епидемијата на коронавирусот. Првата се одржа онлајн, но сега советниците се собраа во собраниската сала на Општината.

По само две поминати точки, беше дадена пауза, а по нејзиното завршување веќе немаше кворум за да се продолжи со седницата.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/dodeka-vo-tetovo-raste-brojot-na-zarazeni-so-kovid-19-sovetot-rasprava-za-promena-na-dup-i-izgradba-na-20-osumkatnitsi/
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #940 Posted: 28-May-2020 at 20:30
ДУП за тетовскиот Менхетн Crazy
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 4546474849 64>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.270 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.