build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Урбанистички планови и парцели (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбанистички планови и парцели (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 4849505152>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 161
  Quote David Quote  Post ReplyReply #981 Posted: 03-Sep-2020 at 11:09
Боже боже,граѓаните не сакаат облакодери ама затоа за нео-комунистички ѕидови и 7 катни фарбаници душа даваат.

Само напалм за овој народ.
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 220
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #982 Posted: 03-Sep-2020 at 12:55
Originally posted by stef4o

...

– Зададена е височина од П до П+17 (од приземје до приземје и 17 нивоа), при што максимално дозволената бруто развиена површина за градење условува дека со П+17 може да биде изведен само мал дел од површината. Всушност, ова е планска одредба со која ќе се условат архитектите да изнајдат посмели архитектонски решенија за градбите, со разиграни и денивелирани површини и волумени, односно намерата е да се побегне од стерилните архитектонски решенија, кои беа вообичаени во изминатиот 10-годишен период, кога се реализираа „ѕидови“ во должина на улиците – велат од Општината.

...

– Дополнително, зададен е услов за реализација на градбите, според кој мора да се обезбеди најмалку 20 отсто површина под зеленило во рамките на градежните парцели. Овие 20 отсто претставуваат 6106 метри квадратни на ниво на плански опфат. Оттука, со планот е предвидено најмалку 10.363m² од површината да биде под зеленило (4.257+6.106), што претставува 27отсто од површината на блокот СЗ 24.03 – во рамките на регулационата линија како што е дефинирана со планот од повисоко ниво РПЧ СЗ 24 – објаснуваат од Општината.
 
...во самиот план реализацијата на една од градежните парцели е условена со изградба и на детска градинка во дел од градбата, на минимална површина од 1.483 метри квадратни



Уверени сме дека чесниот инвеститор е длабоко загрижен за квалитетот на живот и благосостојбата на граѓаните во населбата и во целост ќе ги почитува овие ограничувања и услови. Roll%20eyes
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7390
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #983 Posted: 03-Sep-2020 at 14:26
Меѓу маала со куќи да никне ѕид од згради од по 7, 13, 15 или дури 18 ката. Тоа се планира со новиот урбанистички план кој минатите денови го усвои општината Ѓорче Петров со кој треба да се пополни празната парцела на крајот на градот покрај главната улица.





https://www.facebook.com/prizma.mk/
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 295
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #984 Posted: 03-Sep-2020 at 16:45
Што би требало да има зад зградите т.е. што се подразбира под „пом.ГЛ“?
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 128
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #985 Posted: 03-Sep-2020 at 16:56
GL e valda Galerija. Nesto nalik supermarket ili deloven prostor izgleda.
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 220
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #986 Posted: 03-Sep-2020 at 22:57
Пом. ГЛ мислам значи помошна градежна (или гранична?) линија. Тоа се испрекинатите линии кои ги одбележуваат сегментите со различна висина во една иста градежна маркичка.
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 295
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #987 Posted: 04-Sep-2020 at 08:28
Ахам.. значи измеѓу зградите ќе нема ништо? Зелена површина? Многу чуден план.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7410
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #988 Posted: 05-Sep-2020 at 02:18
не знам зошто се инсистира на градење на лепенки и ѕидови кои немаат сеизмичка, еколошка и функционална логика и кои директно ја надвиснуваат улицата, кога со истата површина, слична спратност и број на станови може да се постигне истиот профит, доколку објектите се наредат како што треба

и ако не се лепенки, инвеститорите ќе имаат поубава можност за повеќе прозори и балкони што може барем малку да ја подигне вредноста на просторот кој ќе го продаваат

Edited by zabegan - 05-Sep-2020 at 02:19
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7390
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #989 Posted: 05-Sep-2020 at 13:17
Да не има некој инфо дали тука за делот од Керамидница околу Комуна има некаков детален план и што истиот предвидува.Пред некој ден забележав дека никнува некаква карабина на овој дел посочен на снимката но незнам за што се работи?



....



Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2266
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #990 Posted: 05-Sep-2020 at 13:54
A2 П+10+Пк H=37m: http://www.gazibaba.gov.mk/images/dupovi/dupovi_2016/dup-uz-keramidnica-ub1-i-dup-iiz-komuna-mz-keramidnica-sintezen-plan.pdf

Одлично место за неколку П+20 станбени кули и нешто П+25 деловно-угостителско...
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 220
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #991 Posted: 05-Sep-2020 at 15:03
Originally posted by zabegan

не знам зошто се инсистира на градење на лепенки и ѕидови кои немаат сеизмичка, еколошка и функционална логика и кои директно ја надвиснуваат улицата, кога со истата површина, слична спратност и број на станови може да се постигне истиот профит, доколку објектите се наредат како што треба

и ако не се лепенки, инвеститорите ќе имаат поубава можност за повеќе прозори и балкони што може барем малку да ја подигне вредноста на просторот кој ќе го продаваат


За почеток, пред било што друго треба да ги поместат зградите навнатре едно 5-10 метра од улицата. Видете го само овој дел. Имате тротоар од 2,5 метра кој покрај пешачка патека треба да има функција и на автобуска постојка, премин за велосипедската патека и влезови во дуќани во зграда висока 50 метра! Bash


Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 521
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #992 Posted: 05-Sep-2020 at 15:36
Од ново прават и пак лошо го прават. Навистина неверојатно!
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7390
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #993 Posted: 05-Sep-2020 at 17:22
Изгласан спорниот ДУП за кој Кичеец зема 300.000 евра од Дака-Давидовиќ



Само неколку денови по формирањето на новата власт, проследено со низа контроверзии, Советот на Општина Тетово предводен од коалиција СДСМ и ДУИ го изгласа спорниот детален урбанистички план кој се наоѓа на местото на поранешниот гигант ШИК Јелак. Со овој ДУП се предвидува градба од 230 000 метри квадрати, што значи околу 2 000 нови станови во Тетово и бизнис вреден 20 милиони евра.

Сопственик на објектите на поранешен ШИК Јелак, како и земјиштето на кое ќе се гради е контроверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Дака- Давидовиќ кој стана познат од разговорите каде му нуди на Кичеец 300 000 евра со цел да му се завршат работите, а дополнително ветува 2 000 метри квадратни земјиште и 2 милиони евра доколку се дозаврши работата поврзана со ШИК Јелак Тетово. Во разговорите се слуша дека Давидовиќ бил во постојана комуникација со Драги Рашковски, а имал и средби и со Зоран Заев.

Вчера Апелацискиот суд делумно ги уважи жалбите на обвинетиот Зоран Милески во случајот „Рекет“ , со што одлуката за одземање на имотот ја укина и предметот го врати на првостепениот суд на повторно постапување и одлучување.

https://antropol.mk/2020/09/05/izglasan-sporniot-dup/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7390
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #994 Posted: 07-Sep-2020 at 15:15
Граѓаните гневни, општина Тетово молчи: „Урбаната мафија цвета, наместо воздух имаме згради“



https://vecer.mk/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2266
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #995 Posted: 07-Sep-2020 at 21:38
Зошто не го критикуваат неверојатно ужасниот урбанизам на ДУП-от, не самата урбанизација? Во државава се градат срање згради врз срање планови, а сите се бунат зошто, а не каде, како и што се гради! Местото кај ШИК е одлично за порта на Тетово и деловно-комерцијален комплекс со висококатници, тие голубарници ќе фрлаат од воздух, па каде паднат, паднат!
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 544
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #996 Posted: 07-Sep-2020 at 21:47
Еве како е поделено земјиштето над браната Козјак. Сеуште се во државна сопственост земјиштатат освен двете обележани со стрелки кои се на Аурора. Ако има на друго место муабет за темава, префрлете го ова. Не сум знаел дека има и ДУП донесено за локацијава.

Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 521
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #997 Posted: 07-Sep-2020 at 22:53
Originally posted by Staro Skopje

Зошто не го критикуваат неверојатно ужасниот урбанизам на ДУП-от, не самата урбанизација? Во државава се градат срање згради врз срање планови, а сите се бунат зошто, а не каде, како и што се гради! Местото кај ШИК е одлично за порта на Тетово и деловно-комерцијален комплекс со висококатници, тие голубарници ќе фрлаат од воздух, па каде паднат, паднат!

Добра забелешка. Кај нас ја критикуваат урбанизацијата како процес, а не лошата урбанизација.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7390
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #998 Posted: 08-Sep-2020 at 12:53
Originally posted by stef4o





https://www.facebook.com/prizma.mk/




https://www.facebook.com/gjorce
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2266
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #999 Posted: 08-Sep-2020 at 17:10
И тука исто, не се бунат за ужасниот план, се бунат за тоа што полјаната ќе стане нешто.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7390
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1000 Posted: 10-Sep-2020 at 15:38
Жителите од Дексион не дочекаа одговор од Општината, излегуваат на протест

Тие реагираа веднаш по усвојувањето на планот и бараа од Општината да го ревидира, да се намали градежниот габарит и катноста на зградите, но како што информираат, ниту откако изминаа две недели од нивното барање, нема одговор од локалните власти.

Жителите од населбата Дексион, в сабота точно напладне, со мирен протест и блокирање на главната улица кај Јурија, во Општина Ѓорче Петров, ќе го искажат својот револт против усвоениот ДУП СЗ 24, со кој се предвидува изградба на згради со 17 ката на овој простор. Тие реагираа веднаш по усвојувањето на планот и бараа од Општината да го ревидира, да се намали градежниот габарит и катноста на зградите, но како што информираат, ниту откако изминаа две недели од нивното барање, нема одговор од локалните власти.

– Протестот ќе биде мирен и достоинствен, ќе се почитуваат сите заштитни мерки за ковид-19, а неговата цел ќе биде праќање порака дека условите за живот на граѓаните се пред парите и урбаната мафија! Нашите барања мора да бидат прифатени и овој криминално донесен ДУП мора да биде ревидиран – се вели во повикот на граѓаните организирани во Иницијатива против урбано дивеење.

Жителите на Дексион, незадоволни од донесениот ДУП, тврдат дека Јурија ќе се претвори во бетонска џунгла доколку се изградат згради со 17 ката, високи по 58 метри. Според нив, со тоа комплетно ќе се измени демографската слика на тој дел од Ѓорче Петров, ќе се наруши комодитетот на живеење и ќе создаде огромен проблем со новите возила и потребите за живеење на тие жители, како што се градинки и училишта. Покрај тоа, тие стравуваат дека со изградбата ќе запре струењето на воздухот и ќе се зголеми загадувањето.

Од Општина Ѓорче Петров во однос на констатацијата дека станува збор за „габаритен објект од 17 ката“, посочуваат дека тоа се максимално дозволените нумерички параметри за градежната парцела, но со нив не се дозволува изградба на целата површина за градење објекти со оваа височина.

Зададена е височина од П до П+17 (од приземје до приземје и 17 нивоа), при што максимално дозволената бруто развиена површина за градење условува дека со П+17 може да биде изведен само мал дел од површината. Всушност, ова е планска одредба, со која ќе се условат архитектите да изнајдат посмели архитектонски решенија за градбите, со разиграни и денивелирани површини и волумени, односно интенцијата е да се побегне од стерилните архитектонски решенија, кои беа вообичаени во изминатиот 10-годишен период, кога се реализираа „ѕидови“ во должина на улиците – велат од Општината.

Од Ѓорче Петров тврдат дека во просторот значаен дел е одделен за зеленило и дека е планиран и јавен парк на површина од 4257 метри квадратни, во зона надвор од градежни парцели.

https://www.slobodenpecat.mk/zhitelite-od-deksion-ne-dochekaa-odgovor-od-opshtinata-izleguvaat-na-protest/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 4849505152>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.217 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.