build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбанистички планови и парцели (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 5253545556 63>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14958
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1061 Posted: 18-Nov-2020 at 15:26
КИСЕЛА ВОДА ВНИМАНИЕ! УРБАНАТА МАФИЈА ЌЕ ГРАДИ СЕДУМКАТНИЦА ВРЗ ТИНЕКСОТ!
Безобѕирните општинари кои планираат да го изменат ДУП-от на Кисела Вода - да го срушат Тинкесот на Првомајска (бул Борис Трајковски) и да го искорнат зеленилото и на тоа место, простор колку за една бавча, да дозволат на тоа место да се гради седумкатница! Станува збор за градска четврт Ј12 блок 19



https://www.facebook.com/photo?fbid=10224737462604306&set=a.1555712893124
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14958
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1062 Posted: 18-Nov-2020 at 15:27
Нов ДУП за 21 ЗГРАДА А2 со бруто развиена површина од 43.000 метри квадратни.
Неверојатно! Уште еден ДУП карши Дом на слепи: 21 ЗГРАДА А2 со бруто развиена површина од 43.000 метри квадратни. Да не дозволиме да не натераат да живееме во гето.



https://www.facebook.com/За-Расадник-на-можности-за-хуман-живот-во-Кисела-Вода
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2656
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1063 Posted: 18-Nov-2020 at 15:41
Ич не ми е криво за ветото и бламот на владата. Ич. 0.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14958
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1064 Posted: 18-Nov-2020 at 15:54
Ептен нешто збеснаа со Кисела Вода во последно време за 2 недели многу предлог детални се појавија и сигурен сум ќе ги усвојат и фрлија око на општината и наместо некои поприоритетни содржини они ќе набутаат уште 100 згради за сметка на мораториумот во Центар околниве општини го плаќаат данокот.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14958
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1065 Posted: 18-Nov-2020 at 18:20
Во близина на школото Кирил Пејчиновиќ се планира една градинка и плус една 8 катница на соседната парцела,сето тоа за сметка на зеленилото





https://www.facebook.com/За-Расадник-на-можности-за-хуман-живот-во-Кисела-Вода
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14958
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1066 Posted: 20-Nov-2020 at 18:41
Граѓаните на скопска Кисела Вода против новиот ДУП, со кој треба да се гради десеткатница



https://telma.com.mk/2020/11/20/граѓаните-на-скопска-кисела-вода-прот/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14958
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1067 Posted: 22-Nov-2020 at 18:17
Со законска гимнастика куќите стануваат згради



Жителите на една слепа улица во населбата Пржино се загрижени. На крајот од нивниот сокак, каде што до неодамна живеело едно семејство, наскоро ќе се изгради зграда со 16 стана. Тоа всушност нема да биде зграда, туку четири споени куќи на еден сопственик, секоја на четири ката со по еден стан, кои би имале заеднички паркинг и заеднички решенија за други потреби својствени за колективното домување.

Веќе неколку месеци граѓаните се организираат, потпишуваат петиции и бараат од локалната власт да ја спречи изградбата на зградата. На улицата има 17 куќи, па со 16-те станови во зградата што не е зграда, бројот на домаќинства би се удвоил. Сите тие би го користеле истиот пристапен пат широк три метри, истата комунална инфраструктура и истата водоводна и канализациска мрежа. Тој дел од градот е веќе познат по честите проблеми со излевањето на канализацијата, особено во врнежливи денови кога многу вода надоаѓа од падините на Водно. Се обратиле до општината, до Државниот градежен инспекторат и бараат помош и од други институции, но засега без успех. Тие за БИРН изјавија дека се загрижени, затоа што тешка механизација ќе ја користи нивната улица додека се гради зградата, и дека откако таа ќе се направи, би се создавал сообраќаен хаос кога 16 возила секое утро би тргнувале од неа.

Општината тешко може да им помогне, со оглед на тоа дека сопственикот веќе поднел документи за да добие градежна дозвола, според условите што му ги овозможува деталниот урбанистички план од 2016 година. Градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, исто како и другите градоначалници од СДСМ, ветуваа дека ќе ги ревидираат урбанистичките планови донесени во времето на нивните претходници, во случајов Билјана Беличанец – Алексиќ. Но повеќето од нив по изборите објаснуваа колку им биле врзани рацете, особено за постапки што се во тек, како оваа.

За БИРН од општината објаснија дека за планот била водена комплетна постапка согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, што вклучувала и јавна анкета од 12 дена и добивање позитивни мислења од други релевантни институции. Сопственикот на парцелата 2074/2 во Пржино, додаваат оттаму, побарал да му се впише станбена зграда, но комисијата му го одбила тоа барање, и потоа му се впишале куќи во низа. Објаснувањето оттаму е дека ако некој простор е предвиден за домување во станбени куќи, тоа ги опфаќа сите видови куќи со дворови – самостојни, двокуќи, куќи во низа, атриумски куќи и други, со максимум четири стана. Општинарите дополнуваат дека во рамките на парцелите ќе треба да се обезбедат доволен број паркинг места, за да може на инвеститорот да му се дозволи да гради до максималната висина.

„За предметните локации има доставено барања за одобренија за градење. Проектната документација поднесена од инвеститорот сè уште подлежи на контрола дали ги исполнува условите за издавање одобрение за градење“, вели портпаролот на Кисела Вода, Јанко Бацарија, во писмениот одговор.

Градел за да го смести големото семејство





Сопственикот на парцелата во Пржино, за БИРН потврди дека намерата му е да изгради објект со 16 стана и вели дека не прекршува ниту еден закон или правило со тоа. Поделбата на парцелите била дел од семејниот договор за да се подели имотот.

„Тоа е имот на моето семејство и ние се иселивме оттаму. Ќе се гради зграда со 16 станбени единици, но ние сме големо семејство, јас имам две сестри, имам и родители, сите имаме деца, и тоа ни е потребно за да се сместиме“, вели за БИРН сопственикот на парцелата.

За обвинувањата од соседите дека ќе им го наруши квалитетот на животот, тој вели дека нивниот главен проблем бил канализацијата, но тоа не било негова обврска да го реши, туку на локалните власти. Во врска со сообраќајниот пристап, тој смета дека зградата која ќе биде на крајот од улицата, нема да создава проблеми.

„На сообраќајот не може да пречи тој што е последен на улицата, туку тој што е понапред. Ние имаме предвидено паркирање во самата парцела и плус паркинг за гости, така што нашите возила воопшто нема да пречат. На таа уличка постојано се паркираат возила, еднаш брзата помош не можеше да дојде до мојата куќа таму, моравме да ги викаме соседите да ги тргнат возилата“, додава тој.

Неговиот стар објект е урнат и плацот сега стои празен, подготвен за градба откако ќе ја добие дозволата.

Го барал максимумот и го добил

Дури и ако на еден имот има само една градежна маркичка за индивидуална куќа, законски дозволената висина за таквите објекти е 11,2 метри, односно четири ката. Врз секоја барака во Пржино, Црниче, Водно, Тафталиџе и многу други населби можат да се направат мини згради со по четири стана. Ако се поврзат двајца соседи, може да најдат инвеститор што ќе им направи зграда со осум стана. Тие би морале да имаат посебни влезови, бидејќи формално се сепак посебни куќи.

Тоа е минимумот. Кога се прави урбанистички план, секој сопственик има право да побара неговиот имот да се подели на повеќе градежни парцели, секоја со посебна градежна маркичка, и сето тоа да биде споено во низа. Може да се добијат до четири парцели, ако за тоа има просторни услови, односно ако ги имаат минималните димензии предвидени со правилник. Токму тоа го направил сопственикот на куќата во Пржино. Кога локалните жители добиле известување дека се подготвува нов детален план, тој поднел барање да добие најмногу што може од него.

Претходно имал куќа со основа од 160 квадратни метри, а со новиот план, усвоен на 31 мај 2016 од советот на Кисела Вода, добил четири маркички за куќи во низа, со основи од 78 и 79 квадрати и со максимална висина од четири ката. На овој начин добил основа од 313 квадрати и можност да направи објект од над 1.200 квадрати вкупна површина, на сите катови.

Две од четирите парцели на неговиот имот не излегуваат директно на улицата, што е спротивно на Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичкото планирање, но бидејќи станува збор за единствен сопственик, тој може самиот на себе да си одобри пристап преку едната парцела до другите.

Индивидуалното домување станува исклучок
Соседите, во борбата против зградата, побарале помош и од општинските советници, но и тие велат дека во оваа фаза е тешко нешто да се промени.

„Освен што е потребна ревизија на ДУП-овите, нивното носење треба да биде потранспарентно, за навремено да се откриваат вакви случаи“, вели Христина Оџаклиевска, советничка од ДОМ.

Ова не е единствениот случај од ваков тип. Погоре во населбата градежна фирма прави зграда што на својата интернет-страница ја рекламира како единствен станбен објект, иако според урбанистичкиот план тоа се три споени куќи на една катастарска парцела, со заеднички сопственици. Слични примери може да се најдат и во повеќе други населби.

Изминативе години Дебар маало, Стар Аеродром и Маџир маало станаа симболи на урбаната трансформација на Скопје, бидејќи од населби со куќи и со мали објекти се претворија во зони со густо изградени висококатници, со недоволна комунална инфраструктура и изложеност на сончева светлина. Но, ниту населбите што беше предвидено да останат со куќи не поминуваат многу подобро. Таму исто така се градат згради, со заобиколување на планската идеја и со искористување на дупките во законите.

Новиот објект во Пржино, сопственикот ќе го гради со фирма – партнер, па освен што ќе си го обезбеди семејството, можно е да остане и некој стан за продажба, но тоа, вели, сѐ уште не го допрецизирале. Неговата зграда не е прва во Пржино, а нема да биде ниту последна, а индивидуалното домување во оваа населба полека се претвора во исклучок.

https://prizma.mk/so-zakonska-gimnastika-kukite-stanuvaat-zgradi/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14958
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1068 Posted: 02-Dec-2020 at 07:53
Дали знаете дека Општина Ѓорче Петров спрема план за 10-катници и 20-катници спроти Пазарот и покрај кружниот тек, дијагонално од Порта Влае?
Анкетата е во тек од 19.ноември до утре!!!
Ќе гради ли Ѓорче Петров социјални станови спроти пазарот каде што моментално се паркираат граѓаните?
Зашто предвиделе 10-катници на државно земјиште.
Или можеби ќе гради социјални станови спроти Порта Влае каде го удружиле земјиштето од АРМ со приватно земјиште за 20-катница и за 1200 жители само во таа зграда?
Порта Влае има 15 спрата.
Но порта Влае има простор околу себе, има плато, има зеленило.
Оваа зграда ќе има 20 спрата и ќе излегува веднаш како грамада на кружниот тек!!!
Ако Порта Влае прави проблеми, останува да видиме какви проблеми ќе направи на околината оваа нова зграда.
Единствено добро во планот е што предвиделе градинка и мало зеленило на дел од локацијата на АРМ.
Но и со тоа не се фалат, зашто другото не е за фалење, па се надеваат тивко ќе им помине ова далеку од очите на јавноста.







https://www.facebook.com/UrbanTeror
Back to Top
IN_MOTION View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 197
  Quote IN_MOTION Quote  Post ReplyReply #1069 Posted: 11-Dec-2020 at 17:13
Се спрема нов дуп за градска четврт ЦС 10 Блок ЦС 10.02 - блок пред топлана (ТЕ/ТО) Ќерамидница.
Предвидени се неколку 7-8 катници према Ист-Гејт, куќи и нови улици.

Мислам дека се усогласува со ГУП 2022, останува намена домување на цел ЦС10.

     

Линк: https://www.e-urbanizam.mk/komentari-oglasi.nspx?announcementId=1643

АПДЕЈТ: Што би можела да биде големата маркичка 02.15 со намена А3?


Edited by IN_MOTION - 11-Dec-2020 at 17:42
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14958
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1070 Posted: 14-Dec-2020 at 13:15
Од денес, 14.12. до 30.12.2020 ќе трае јавната анкета за предлог ДУП-от ЦС 07 – Крњево 2.
Предлог ДУП-от ќе биде изложен за јавноста секој работен ден, од 8:00 до 16:00 часот, во просториите на урбаната заедница „Мирче Мацан“, а граѓаните во предвидениот период ќе можат да го погледнат и до општината да доставуваат анкетни листови со забелешки и предлози за планот.
На 23.12. (среда), во 10:00 часот, во сала на Совет (барака бр.6), општината ќе одржи и јавна презентација на планот.

-----------------------------------------------
Еве извадоци од планот кој се однесува на делот спроти Сајмиште околу Вип хотел во принцип нацртани се во внатрешноста над 30 маркици со катност П+5(без поткровје) со висина 19м,а напред пред Вип Хотел си остана маркицата за Адора да гради 13 катна зграда од 45 метри висина.







http://www.centar.gov.mk/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1760
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1071 Posted: 14-Dec-2020 at 14:52
Кај нас урбанистичкото планирање не треба да се вика "планирање". Треба да се вика "евидентирање". Затоа што само тоа е, евидентирање на желби, и ништо повеќе. Ако знаеме како општество кај тераме што правиме...
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 388
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #1072 Posted: 14-Dec-2020 at 16:14
Булевар Крушевска Република Suicide
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1073 Posted: 14-Dec-2020 at 17:30
Originally posted by Théoden

Булевар Крушевска Република Suicide


Да, Крушевска Република со профил 2х2 и врзана со северен булевар преку клучката на Трифун, и преку шикана...

Уште некој да ми објасни како човек да се приклучи на Крушевска кога доаѓа по Никола Карев од запад:






А еве ги и планерите - повторно ИМПУМА и некои имиња што ги имаме видено многупати досега во вакви ситуации:



Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2656
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1074 Posted: 14-Dec-2020 at 22:46
Аман више Wallbash
Супер е местово за хотел, културен центар со голем амфитеатар кој може да се позајми на УКИМ за предавања/дискусии од голем интерес и кули од 15-тина ката со адвокатски, економски, лекторски, преведувачки, IT канцеларии/компании... Ене ги факултетите, ене ги судовите, ене го МАНУ, Ист Гејт, МТВ, МКЦ... Абдаливе голубарници редат!

Кој е овој булевар Југославија? Од кога сегмент од клучка е засебен булевар?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote David Quote  Post ReplyReply #1075 Posted: 15-Dec-2020 at 08:38
Ќе се стави ли некогаш крај на П+5,П+7,П+9 во овој проколнат град.....

Какви идиоти мајко мила,еве ви прост совет место 30 П+5 направете 3 П+49,колку само простор ќе се отвори и зачува,па УКИМ кога тогаш ќе мора да се модернизира,односно гради нов,плус ќе треба да се надгради со уште неколку факултети,мора да се мисли чекор понапред,страшно е ако не се смогнат сили за просторов сосе МТВ да се направи модерен,висок,и привлечен. 30 гулабарници се точно тоа што не му треба на ова место !
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14958
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1076 Posted: 16-Dec-2020 at 13:56
УСТАВЕН СУД ПО ВТОРПАТ ГО УКИНА МОРАТОРИУМОТ ЗА ГРАДБА ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

Уставен суд по вторпат донесе времена мерка за укинување на мораториумот за градба во Општина Центар. Оваа одлука ќе биде на сила додека Уставен суд одлучи дали мораториумот е донесен во согласно со Уставот, откако денеска судиите ја прифатија иницијативата за укинување на уставноста поднесена од двајца граѓани од Охрид. Со тоа, сега веќе не важи забраната за градба и важат старите планови и инвеститорите може да бараат дозвола за градба.

„Поведена е постапка бидејќи постојат сомненија дека забраната за градба е донесена во спротивност со Уставот“, велат од Уставен суд.

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ, кој присуствуваше на седницата, кажа дека ваквата одлука е мешање во ингеренциите на Општината со што го легализира докажаното неусогласување со повисок акт, а тоа е Генералниoт урбанистички план (ГУП).

„Цениме дека деталните урбанистички планови мора да бидат усогласени со Генералниот урбанистички план како план од повисок ранг. Одлуката што Општина центар ја има донесено на 27.03.2019 не е во спротивност на важечките прописи и истата има за цел да го заштити јавниот интерес кој е примарен за сите жители, а е загарантирано согласно Уставот. Просторното и урбанистичко планирање е еден долготраен и плански процес кој опфаќа низа дејствија кои сами по себе си се надополнуваат и си противречат во смисла на размена на идеи и плански реализации. Тоа има за цел да обезбеди и заштити сè она што претставува хуман и нормален човечки развој на одреден простор, почитувајќи го јавниот интерес како примарен.
Оттука, хиерархијата на планските документи при носењето на урбанистичките планови мора да биде запазена, бидејќи таа е суштинска при оправданоста во постапката на донесување на пониските акти кои произлегуваат од повисоките”, вели Богдановиќ.

Лани, Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на мораториумот до Уставен суд беше поднесена од Градежната комора и Стопанската комора на северозападна Македонија. Потоа, на 20 март Уставниот суд времено го укина мораториумот додека не се донесе одлука дали тој е законски донесен и во согласност со Уставот.

По ваквата одлука на Уставен суд, Општина Центар донесе нова одлука за мораториум со која Деталните урбанистички планови кои се спротивни на Генералниот урбанистички план на Град Скопје, нема да се применуваат. Сите планови кои се ревидираат се спротивни на ГУП-от, па со тоа во Општината не се издаваат дозволи за градба додека не бидат усогласени со Генералниот план, односно не бидат донесени нови планови.

Советот на Општина Центар по предлог на градоначалникот Саша Богдановиќ, на 27 декември 2017 донесе мораториум на градба, со кој беше стопирана реализацијата на 31 детален план. Досега се донесени само пет планови.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ustaven-sud-po-vtorpat-go-ukina-moratoriumot-za-gradba-vo-opshtina-tsentar/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14958
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1077 Posted: 16-Dec-2020 at 14:00
Дали ова значи дека 5-те планови кои се донесени не важат односно се враќаат на старо како што биле пред 2017 или не??
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14958
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1078 Posted: 16-Dec-2020 at 18:17
Општина Центар за укинатиот мораториум: Во Уставниот суд да се бара одговорност за се што ќе се случува понатаму со деталните планови

Од скопската општина посочуваат и дека е симптоматично тоа што иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови не ја поднеле жители на главниот град, туку двајца охриѓани
Откако се корегираа одредени планови и се усогласија со важечкиот Генерален урбанистички план (ГУП) на град Скопје, одеднаш пристигнаа и иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на одлуката за неспроведување на деталните урбанистички планови и тоа, внимавајте, не од жители на општина Центар, ниту на град Скопје, туку ни помалку, ни повеќе – од граѓани на Охрид. Со оваа одлука за прифаќање на иницијативата поднесена од двајца граѓани на Охрид и со неприфаќањето на каква било дискусија, ни станува јасно како ќе се одвива дискусијата на уставните судии.

Ова е дел од реакцијата на локалните власти во Центар, откако Уставниот суд денеска повторно донесе времена мерка за укинување на мораториумот за градба во оваа Општина.

Уставните судии одлучија да ја прифатат иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови, што ја донесе Центар во март 2019 година. Времената мерка што ја донесе судот ќе биде на сила додека не се донесе оценка дали мораториумот за градење е во согласност со Уставот и законите.

Одлуката за применување на деталните урбанистички планови, што ја донесе општина Центар, не е иста како претходната туку, напротив, го оценува начинот на кој се спроведуваат деталните урбанистички планови. Тоа значи дека не може да се спроведуваат сите претходни планови чии параметри не се усогласени со ГУП. Согласно со ГУП за Скопје 2012-2022 година, се дефинира дека суштинска карактеристика на системот на урбанистичкото планирање, кој произлегува од Законот за просторно и урбанистичко планирање, е двостепеноста на системот на урбанистичкото планирање на градовите. Двостепеноста се остварува со генерални и детални урбанистички планови, при што во генералните урбанистички планови се одредуваат зоните на намената на земјиштето и функционалната организација на просторот, примарните инфраструктурални мрежи и основните услови за изградба, додека деталните планови служат за разработка и спроведување на генералните урбанистички планови. ДУП, како план од пониско ниво, мора да биде усогласен со ГУП“,објаснуваат од општината.

Локалните власти, исто така, посочуваат дека ГУП 2012-2022 година стриктно наведува дека: „Во периодот од донесување то на ГУП за град Скопје до усогласувањето на деталните урбанистички планови кои ги донесуваат општините во составот на градот Скопје, деталните урбанистички планови кои се на сила можат да се применуваат само и исклучиво во оние делови од планскиот опфат кои се во согласност со ГУП, односно не се спротивни ниту на една негова одредба.“

Планските документации кои се опфатени со Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови се однесуваат на планови што се донесени 2011, 2012, па дури и 2003 година. Ако се земе предвид временската дистанца, дивжењето на имотот, имотно-правните односи, правото на сопственост и преостанатите права кои произлегуваат од нив во најголема мера претрпеле низа промени. Тие промени се однесуваат во постапки за дооформување на земјиште, легализација, приватизација, постапки по отуѓување на градежно земјиште со непосредна спогодба, долготраен закуп или јавно наддавање. Потребите на граѓаните нужно се промениле. Сопственоста, нејзиното стекнување, располагање и правораздавање е динамична категорија и со проток на време нужно трпи промени. Во тој контекст, параметрите зададени во цитираните детални урбанистички планови опфатени во Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови, оспорена со Иницијативата У.бр.273/2020, се веќе неприменливи и се надвор од параметрите зададени од ГУП. Дел од нив веќе и се донесени од страна на Советот на општина Центар, како „Тасино Чешмиче 2“, „Мирче Мацан“, „Даре Џамбаз“) и произведуваат правно дејство“,

Оттаму реагираат дека Уставниот суд се става во надредена позиција во однос на Општината, на која, како што се посочува, ѝ ги ускратува сите можности да реагира во измена на деталните урбанистички планови, „додека праксата говори дека лош план може да се замени само со нов, подобар, што всушност беше и појдовната намера на општината со новите планови“.

Со ова, практично, Уставниот суд само допушти да биде прекршен Законот за просторно и урбанистичко планирање, а со тоа и ГУП на град Скопје 2012-2022), каде што изрично е наведено дека деталните урбанистички планови мора да бидат усогласени со ГУП. Ако земеме предвид кој е подносител на иницијативата, јасно е дека никој не ја цени нашата заложба и мислењето на архитектите, урбанистите и стручната јавност, луѓе кои посветија огромен труд за да се направат промени на подобро со деталните урбанистички планови во општина Центар. Доколку со оваа одлука биде укината, ќе стапат на сила старите планови, за кои граѓаните и тоа како се противеа. Оттука, за сѐ што ќе се случува понатаму, одговорноста наместо во општината, мора да се бара во Уставниот суд, кој ги скрати можностите на Општина Центар за било каква промена со новите детални урбанистички планови“,

https://360stepeni.mk/opshtina-tsentar-za-ukinatiot-moratorium-vo-ustavniot-sud-da-se-bara-odgovornost-za-se-shto-ke-se-sluchuva-ponatamu-so-detalnite-planovi/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14958
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1079 Posted: 16-Dec-2020 at 22:07
Колку што разбирам со укинувањето на мораториумот се дава можност масовно да се издаваат дозволи по старите планови што на пример значи дека Маџир Маало ќе го докусурат со истите грдосии како што почнаа пред 4-5 години,само незнам што ќе се случува со Ново Маало и Крњево 2 нели ги усвоија ревидираните планови дали тие важат или и тие се враќаат на старо?? Што со проектот за 60 патниците спроти Холидеј Ин(со мораториумот требаше да се намали катноста)?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14958
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1080 Posted: 17-Dec-2020 at 07:58
ЈА ИЗГУБИВМЕ БИТКАТА ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ ВО ЦЕНТАР, ВЕЛАТ ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ОТКАКО УСТАВЕН ПАК ГО ПОНИШТИ МОРАТОРИУМОТ ЗА ГРАДБА НА ИНИЦИЈАТИВА НА ОХРИЃАНИ

Одлуката на Уставен суд за укинување на мораториумот за градба во Општина Центар ги уби надежите за подобар квалитет на живот и победи профитот, соопштија од граѓанската иницијатива „Здравје пред профитот во Центар“. Велат дека исчезна политичката воља да се поправат грешките од претходниот систем и незаконските планови за градба се повторно на сила.

Посочуваат дека овие планови не се само одговорност на Општина Центар туку и на Министерството за транспорт и врски, на Град Скопје, Министерството за животна средина, Дирекцијата за заштита и за спасување, Министерството за култура, но и новоти Министетство за одржлив развој и антикорупција бидејќи „граѓаните се чувствуваат излажани оти им ветија дека ефикасно ќе ги заменат незаконските и корумпираните планови со нови подобри планови кои ќе обезбедат подобар квалитет на живот“.

„Сите овие институции од денес ќе бидат виновни за небезбедниот сообраќај во Центар особено пешачкиот, за преполни училници, за недостаток на сонце во вашите домови, за преполни амбуланти, за неможност да ви пристапи Брза Помош и Пожарна, за недостаток на игралишта, за премногу ѓубре, недостаток на паркинг и поголема загаденост. Надлежните избраа профит наспроти квалитетот на живот и безбедноста на нашите деца“, велат од „Здравјето пред профитот“.

Тие обвинуваат дека власта „им замижаа на планерските куќи кои бесконечно изнаоѓаат ‘итарпејовски” решенија како да не ги подобрат плановите и не ги спроведат стручните барања“.

Уставен суд ја прифати иницијатива за оценување на уставноста на мораториумот за градба во Општина Центар и донесе времена мерка тој да се укине додека се оцени дали одлуката е уставна или не.

Иницијативата до Уставен суд ја поднесоа двајца граѓани од Охрид.

Од Општина Центар ваквата одлука на Уставен суд ја сметаат за штетна и велат дека „ако се земе во предвид кој е подносител на иницијативата, јасно е дека никој не ја цени заложба и мислењето на архитектите, урбанистите и стручната јавност кои посветија огромен труд за да се направат промени на подобро со деталните урбанистички планови во Општина Центар“.

„Доколку со оваа одлука биде укината, одлуката за начинот на спроведување на деталните урбанистички планови, ќе стапат на сила старите планови, за кои што граѓаните и тоа како се противеа. Оттука, за сѐ што ќе се случува понатаму, одговорноста наместо во општината, мора да се бара во Уставниот суд, кој ги скрати можностите на Општина Центар за било каква промена со новите детални урбанистички планови“.

Градоначачникот на општината Саша Богдановиќ вели: „Нашата борба не завршува со оваа одлука, напротив, ни го дава потребниот ветар в грб. Општина Центар и јас како нејзин градоначалник, избран од граѓаните на Центар на непосредни, фер и демократски избори, ќе направиме сѐ што е во наша надлежност со единствена цел, да ја направиме општината подобро и похумано место за живеење“.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ja-izgubivme-bitkata-za-podobar-zhivot-vo-tsentar-velat-graganskite-organizatsii-otkako-ustaven-pak-go-ponishti-moratoriumot-za-gradba-na-initsijativa-na-ohrigani/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 5253545556 63>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.375 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.