build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбанистички планови и парцели (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 5354555657 64>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19689
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1081 Posted: 26-Feb-2021 at 17:53
Жителите на Ѓорче Петров утре на протест против новиот ДУП



https://kanal5.com.mk/zhitelite-na-gjorche-petrov-utre-na-protest-protiv-noviot-dup/a462966
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19689
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1082 Posted: 28-Feb-2021 at 09:56
СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ЗЕМЈИШТЕТО КАЈ „ТРЕСКА“ БАРААТ ДА НЕМА КОНКУРС, БОГДАНОВИЌ ВЕЛИ ЌЕ СЕ РАСПИШЕ НАСКОРО

Сопствениците на земјиштето кај фабриката „Треска“ во Скопје нема да бидат дел од комисијата која треба да го спроведе конкурсот за уредување на просторот. По укажувањето на Антикорупциска комисијата дека сопствениците не можат да бидат членови на комисијата, Советот на Општина Центар донесе нова одлука со која тие се исклучуваат од процесот.

На седницата на Советот на Општина Центар во петокот каде се одлучуваше за оваа одлука, присуствуваше и адвокат кој ги застапува сопствениците на земјиштето. Тој во нивно име побара да не се распишува конкурсот и да се дозволи да се гради според постојниот план, бидејќи повеќе на сила не е мораториумот за градба.

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ вели дека конкурс за „Треска“ ќе има. Надминати се проблемите и прифатени укажувањата на Антикорупциската комисија и наскоро ќе се распише.

Во комисијата за спроведување на конкурсот остануваат Мирко Андоновски од Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), професорката од Архитектонскиот факултет Дивна Пенчиќ, Снежана Митовска од Град Скопје и Биљана Насковиќ од Општина Центар.

Комисијата која ќе ги оценува пристигнатите решенија е составена од професорката Јасмина Силјановска од Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), професор Михајло Зиновски од Архитектонскиот факултет, Миодраг Радоњиќ-Бато од Архитектонската академија на ААМ, Ивана Драгшиќ, претставничка на невладиниот сектор, Жаклина Ангеловска од Комората на овластени архитекти, Марјан Иванов од Градежната комора, Наташа Тодоровска-Пренк од Општина Центар и Виктор Михајлов од Град Скопје.

Конкурсот беше ветен лани во февруари, откако тоа го побараа архитекти, професори и граѓански организации. По нивниот притисок, Советот на Општина Центар по предлог на градоначалникот Саша Богдановиќ донесе одлука преку јавен конкурс да се одлучи што ќе се гради на просторот на некогашната фабрика, која е на граница помеѓу Општина Центар и Општина Карпош.

Постоечкиот план предвидува на просторот да се изградат на 30 згради.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/sopstvenitsite-na-zemjishteto-kaj-treska-baraat-da-nema-konkurs-bogdanovik-veli-ke-se-raspishe-naskoro/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19689
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1083 Posted: 03-Mar-2021 at 21:53
УСТАВЕН СУД ГО УКИНА МОРАТОРИУМОТ, ОД УТРЕ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ СПОРЕД ПЛАНОВИТЕ ОД ВЛАСТА НА ВМРО-ДПМНЕ

Уставниот суд денеска ја укина одлуката за забрана за градба на територијата на Општина Центар. Тоа значи дека од утре, во центарот на Скопје повторно ќе може да се гради и тоа според решенијата од старите Детални урбанистички планови (ДУП) донесени во времето на власта на ВМРО-ДПМНЕ кога центарот на Скопје доби нов лик со споменици и барокни фасади за кој владата на Никола Груевски потроши 700 милиони евра.

„Уставниот суд ја укина Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови донесена од Советот на Општина Центар на 27.03.2019 година и го стави вон сила Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на актот, означен во точката 1 од оваа одлука“, се вели во соопштението објавено на веб страната на Уставен суд.

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ во декември лани, кога Уставниот суд донесе времена мерка за укинување на мораториумот, рече дека имаат и други начини како да се спречи непланско градење додека не се променат сите планови.

Уставниот суд одлучуваше за уставноста на забраната за градба во скопски Центар по иницијативата поднесена до нив од двајца охриѓани.

Во 2018, Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на мораториумот до Уставен суд беше поднесена од Градежната комора и Стопанската комора на Северозападна Македонија. Потоа, на 20 март Уставниот суд времено го укина мораториумот додека не се донесе одлука дали тој е законски донесен и во согласност со Уставот. По ваквата одлука на Уставен суд, Општина Центар донесе нова одлука за мораториум со која Деталните урбанистички планови кои се спротивни на Генералниот урбанистички план (ГУП) на Град Скопје, нема да се применуваат. Сите планови кои се ревидираат се спротивни на ГУП-от, па со тоа во Општината не се издаваа дозволи за градба.

Советот на Општина Центар по предлог на градоначалникот Саша Богдановиќ, на 27 декември 2017 донесе мораториум на градба, со кој беше стопирана реализацијата на 31 детален план. Досега се донесени само 8 нови планови од вкупно 31.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ustaven-sud-go-ukina-moratoriumot-od-utre-vo-opshtina-tsentar-mozhe-da-se-gradi-spored-planovite-od-vlasta-na-vmro-dpmne
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19689
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1084 Posted: 04-Mar-2021 at 14:56
ЌЕ БИДЕ ПОТЕШКО, НО ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ СО РЕВИДИРАЊЕ НА ДУП-ОВИТЕ, ВЕЛАТ ОД ОПШТИНА ЦЕНТАР ПО ОДЛУКАТА НА УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА МОРАТОРИУМОТ

Откако вчера Уставен суд го укина мораториумот за градба од Општина Центар велат дека ќе продолжат со ревидирање на Деталните урбанистички планови (ДУП). Велат сега процесот потешко ќе оди бидејќи градежниците ќе имаат право да бараат дозволи за градење, но не се откажуваат од исправање на лошите планови донесени во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ќе продолжиме со ревидирање на плановите иако процесот се одвиваше полесно додека на сила беше одлуката за нивно неспроведување. Општината ќе ги искористи сите дозволени правни механизми да продолжи со дисциплинирање на градежните парцели и ќе инсистираме максимално на запазување на параметрите за донесување на ревидираните детални планови“, велат од кабинетот на градоначалникот Саша Богдановиќ.

Уставен суд вчера одлучуваше за уставноста на забраната за градба во скопски Центар по иницијативата поднесена до нив од двајца охриѓани. Уставните судии ја укина Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови донесена од Советот на Општина Центар на 27.03.2019 година и го стави вон сила Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на актот, означен во точката 1 од оваа одлука.

Советот на Општина Центар по предлог на градоначалникот Саша Богдановиќ, на 27 декември 2017 воведе мораториум на градба, со кој беше стопирана реализацијата на 31 детален план. Досега се ревидирани само 8 планови.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ke-bide-poteshko-no-ke-prodolzhime-so-revidirane-na-dup-ovite-velat-od-opshtina-tsentar-po-odlukata-na-ustaven-sud/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19689
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1085 Posted: 04-Mar-2021 at 17:04
Градежен галоп во центарот на Скопје со амин од Уставен суд



https://telma.com.mk/2021/03/04/градежен-галоп-во-центарот-на-скопје-с/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19689
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1086 Posted: 04-Mar-2021 at 18:02
РЕАКЦИИ ПО УКИНАТИОТ МОРАТОРИУМ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР



https://www.24.mk/details/reakcii-po-ukinatiot-moratorium-vo-opshtina-centar
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19689
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1087 Posted: 04-Mar-2021 at 21:59
Што значи сега ова со укинувањето на мораториумот,не разбрав дали тие 8 планови кои ги ревидираа и ги усвоија важат или не?? Бидејќи од 31 план за три години усвоија само 8 а 23 останаа под мораториум кој сега веќе го нема. Ако знае некој поконкретно да појасни?
Дали на пример паѓа во вода планот за Маџир Маало што го усвоија пред кратко време и дека пак ќе има стотици мали зградички...
Дали кај памптракот карши Олимписки сега може некој да си го изгради хотелот што беше предвиден П+6 чинам по деталниот пред 2017г.?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19689
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1088 Posted: 04-Mar-2021 at 22:34
Белчева: Уставниот суд и институционалната негрижа ќе го „забетонираат“ Центар

Двајца Охриѓани и Уставен суд, помогнати од институционалната негрижа и безидејност му пресудија на Центар и им помогнаа на моќните да им се задоволат личните интереси, вели за ДВ советничката Јана Белчева-Андреевска
ДВ: Госпоѓо Белчева, што ќе се случува сега во општина Центар откако Уставниот суд го укина мораториумот за градба?

Одлуката на Уставниот значи дека во важност се дел од плановите кои не се заменети со нови, поточно 23 плана се на сила од вкупно 31 кои 2017 беа запрени за извршување.Мораториумот како што знае јавноста доби широка поддршка од граѓаните на Центар, беше дел од Платформата Здравје пред Профит за Центар и носечко ветување на владејачкото мнозинство на минатите локални избори. Граѓаните во него видоа можност за заштита на нивните со Устав загарантирани права, за хуманизација на просторот и заштита на животната средина и природата како темелна уставна вредност, зачувување на вредноста на својот имот и на својот спокој и пријатност во живеењето во сопствениот град. Центарци се согласија дека мора да се направи рамномерна распределба на развојот на општината, но и на густината на жители и зелен простор, на комунална, социјална и образовна инфраструктура која одговара на стандардите на живеење во 21 век во град претендент за европска престолнина. Но, отпор кон мораториумот постоеше од лакомите и бесчувствителните, од оние кои немаа ниту знаење ниту разбирање за разликата што е тоа квалитетен животен простор. Тоа се оние кои навикнати и прилагодени кон шпекулантско и примитивно урбанистичко планирање, и денес остануваат да се радуваат на одлуката на Уставен суд за укинување на мораториумот.

Пред очи на сите институции кои ги знаат прекршувањата и замижуваат, и на сите граѓани кои бараа и очекуваа промени, се’ се врати на моментот од каде тргнавме во 2017. Укинувањето значи дека понатамошната бетонизација на Центар може да продолжи.

ДВ: Дали со оваа одлука Уставниот суд застана на страната на „моќните инвеститори“, како што велите, и постои ли се уште начин да се застане на патот на неконтролираното градење во центарот на главниот град? Постојат ли и други механизми да се спречи нова градежна експанзија?

Да се потсетиме кој го напаѓаше мораториумот и велеше дека нема повеќе да инвестира во Македонија, или нудеше милијарди само за да се продолжи урбанизација водена од личен, а не јавен интерес и тоа на одвај 4км2, од сите 25.000 км2 во земјава. Одлуката на Уставен не е прва со која малкумина се заштитуваат, а многумина ќе ги трпат последиците. Претходно тоа беше и со иницијативата пред Уставен за т.н. стекнато право, со кое се потврди одредбата од Законот која дозволува правото на градење на сопствениците на земјиште добиено со планско решение да биде поважно од правото на жителите на просторот кои имаат свој имот и објекти и пред носење на планот. Кој останува да го брани јавниот интерес или да го слушне крикот на граѓаните ако институциите не го прават тоа?

За други механизми понатаму, останувам отворена да ги слушнам предлозите на правниците. Но, да потсетам, со новиот закон за Урбанистичко планирање се дозволи т.н. суспензија на планови, што дава надеж дека законодавецот бил дури и инспириран од одлуката за мораториум.

Да потсетам дека градоначалникот на Општина Центар беше задолжен од Советот во декември 2020 да започне постапка за суспензија на нелегалните урбанистички планови. Тоа значи дека имаше обврска до Министерство за транспорт и врски да поднесе стручни наоди за утврдените прекршувања и незаконитости во плановите, кои веќе беа докажани, а се однесуваа на неусогласувања со ГУП на Скопје, немање законска издржаност, ниту почитување на начелата за урбано планирање и хумано развивање на просторот, ниту со закон пропишани, стандарди и нормативи од областите: заштита и спасување, заштита на животната средина, сообраќај и безбедност во сообраќајот, комунални услуги, заштита на културно наследство и други аспекти на квалитетно живеење.
Но, додека Центар го “караше” Министерството за транспорт дека не пропишало форма, а Министерството за транспорт ја “продолжуваше комуникацијата”, одлуката за суспензија не се донесе, но Уставниот суд пресече.

И така, двајца Охриѓани и Уставен суд, помогнати од институционалната негрижа и безидејност му пресудија на Центар и им помогнаа на моќните да им се задоволат личните интереси и да ги остварат решенијата од незаконитите планови.

ДВ: Мораториумот беше во сила од 2017 година. Што презеде Општината во изминатите, речиси 4 години, за на некој начин да ја „осуети“ оваа одлука, имајќи предвид дека не можеше да се очекува таа да трае вечно?

Сосема се согласувам дека овој инструмент за корекција на плановите требаше побрзо да донесе резултати, но истовремено сум свесна за препреките кои се појавуваа за исполнување на целта. Искрено ќе кажам дека процесот започна многу амбициозно, од професор Пенчиќ се направи методологија за евалуација, брзо се лоцираа отстапувањата од законите и правилниците, но и од параметрите од ГУП. Комисијата за урбанизам направи нови плански програми по кои требаше да се изработат новите планови, а за просторот на фабрика Треска по предлог на граѓанска иницијатива се донесе одлука за решение со урбанистички конкурс. Но, наместо да се работи со најдобрите и најквалитетните планерски куќи, општината скоро насекаде избра да ги ангажира истите оние кои ги изработиле претходните незаконити планови, и тоа почнувајќи од Мал Ринг, Буњаковец, Дебар Маало 2 и Парк, и на крај и за парцелата на паркингот на Холидеј Ин каде планерот имаше понуда за едвај 1 евро по хектар. Оваа атрактивна локација ја вознемири јавноста со решението од претходниот план со три шеесеткатници, но не ги вознемири институциите да продадат државно земјиште за дооформување парцели по тој план. Истовремено, планерите кои беа ангажирани од општината да изработат нови решенија според новата планска програма за сите погоре наведени локации, одбиваа да ги исполнат барањата на комисијата и да ги коригираат плановите, но за тоа не беа санкционирани од Општина Центар.

ДВ: Кои конкретни локации се „жешки точки“ за кои постои најголем интерес кај инвеститорите?

Познати се слободните и неизградени простори во Центар, и тоа се жешките точки за кои се разработуваа нови плански програми или конкурси. Да ги набројам фабриката Треска, паркингот на Холидеј Ин, Крњево спроти скопски саем, Мал Ринг, Дебар Маало 2 и парк...И во последното интервју за вашиот медиум зборував за „растурен“ систем и неповрзаност меѓу податоците од секторите во општината, планирање врз влезни податоци кои не одговараат на актуелната состојба, неажурирање на информации за инфраструктурните потреби, за капацитетите во градинките и училиштата, за сообраќајната небезбедност, но и опасностите од природни катастрофи и непогоди. Надополнето со нетранспарентност, сето ова дозволува да се шпекулира, да се нагодуваат бројките и параметрите, да се исполнуваат интересите на инвеститорите и да не се размислува за последиците. Но, граѓаните мора да останат активни и критични, да наметнуваат отчетна власт, зошто неморална власт опстанува само ако граѓаните се пасивни и дезинформирани. Верувам дека сеуште има сила кај граѓаните да ја водат битката за град по мерка на човекот, а на следните локални избори да ги изберат своите вистински претставници, пред се во Советот на општината.



[https://www.dw.com/mk/скопје-центар-мораториум-градба-јана-белчева-уставен-суд-општина

Edited by stef4o - 04-Mar-2021 at 22:35
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19689
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1089 Posted: 31-Mar-2021 at 08:18
Лажна битка за враќање на мораториумот за градење во Центар

Општина Центар води декларативна борба за стопирање на градбите предвидени со деталните урбанистички планови за кои е утврдено дека се спротивни на Генералниот урбанистички план на Град Скопје. Изминаа три и пол месеци откако Уставниот суд го замрзна таканаречениот мораториум за градење, а локалната самоуправа и покрај најавите во овој период не поднела ниту едно барање за суспензија на спорните планови до Министерството за транспорт и врски. До пред неколку недели од Општината тврдеа дека активно работат на „оживување“ на мораториумот.

Молк од Општина Центар
Од Министерството потврдуваат дека Општина Центар не доставила елаборати или какви било документи, ниту пак прикачила некој од плановите за суспензија во системот е-урбанизам.

„До денеска, 22 март, во системот е-урбанизам, општина Центар нема доставено барања за суспензија на урбанистички планови. Исто така, Министерството за транспорт и врски нема примено документација која се однесува на суспензија на конкретните УП за кои прашувате“, велат од Министерството.

Од Општината молчат. Не сакаа да одговорат на прашањето зошто не се користи можноста за суспензија на спорните планови, за кои самата Општина тврди дека се незаконски и штетни.



Маѓепсан круг
Мораториумот за градба во Општина Центар требаше да спречи продолжување на урбанистичкото дивеење во срцето на Скопје. За првпат беше донесен во 2017 година, но двапати оспоруван пред Уставниот суд, еднаш од Градежната комора при Сојузот на стопански комори и вториот пат од охриѓаните Александар Илиоски и Игор Влакевски. Во меѓувреме, општината успеа да ревидира само 8 од вкупно 31 ДУП-ови, кои беа прогласени за спорни. Со последната одлука од 3 март, Уставниот суд го укина мораториумот за градба.

Три месеци пред оваа одлука, откако Уставниот суд првично го замрзна мораториумот, Советот на Општина Центар го задолжи градоначалникот Саша Богдановиќ да се бара суспензија на плановите преку Министерството за транспорт и врски и на тој начин да се „оживее“ мораториумот. Меѓутоа, овој период наместо за акција беше искористен за префрлање на топката од локалната самоуправа до Министерството за транспорт и врски и обратно. На нашите прашања од Министерството постојано информираа дека не се доставени елаборати, туку е побарано само мислење како да се изработат, а Општината тврдеше дека се постапува. И така во круг.

Чист терен за облакодери спроти „Холидеј Ин“
По одлуката на Уставниот суд за укинување на мораториумот во Центар, исчистен е теренот за изградба на висококатници спроти хотелот „Холидеј Ин“. Инвеститор е фирмата „Обновители“ на бизнисменот Зоран Антиќ и МПЦ. Од Општина Центар не одговорија на прашањето дали е веќе одобрено решението за оваа локација и што предвидува.

Деталниот урбанистички план за овој потег „ДУП Градска четврт Ц 08 – Ново Маало 2“ е во фаза 10, што значи дека планерот постапува по стручното мислење.

Уште една локација којшто чека бетонизација е онаа кај поранешната фабрика „Треска“. За таканаречениот Блок 06 кој е дел деталните урбанистички планови за Буњаковец,

Парцелите кај „Холидеј Ин“ и поранешната фабрика „Треска“ се само два од многуте примери во кои фирмите коишто ги изработуваат деталните урбанистички планови очигледно најголем дел од просторот гледале да го предвидат за изградба на станбено-деловно објекти со единствена цел – да се извлече максимален профит за инвеститорите. При тоа, не се запазени основните урбанистички правила за хуман живот на граѓаните.

https://samoprasaj.mk
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19689
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1090 Posted: 05-Apr-2021 at 13:29
Место со зеленило, Железара ќе биде сардисана со нови индустриски капацитети



Општина Гази Баба е во постапка на донесување на три детални урбанистички планови (ДУП за С 17 Блок 2, Блок 3 и Блок 4) за комплексот/фабрика Железара со намена Г-производство, тешка и лесна индустрија. Во исто време над комплексот/фабрика Железара до обиколницата на површина од 230.000 квадратни метри се води постапка за донесување на три Урбанистички проекти со намена Е 3.1 – постројки за термички, физичко – хемиски и хемиски третман на неопасен отпад (за каков отпад станува збор не се знае).

Жители на населбата Железара реагираат дека со овие ДУП-ови и Урбанистички проекти се зафаќаат нови, огромни празни површини со зеленило.

– Бидејќи загадувањето до сега ни беше малку, еве Општината ќе се погрижи да го засили малку повеќе. Наместо да се намали индустријата и технолошките процеси што ја загрозуваат животната средина, со нив само се зголемува проблемот на загадувањето и се отвораат нови врати за технолошки процеси опасни по здравјето на луѓето и животната средина. Донесувањето и реализацијта на овие планови троструко ќе го зголеми загадувањето, троструко ќе го влоши здравјето на луѓето и квалитетот на животната средина – реагира Валентина Велковска – Трајановска.

Таа смета дека жителите на населбите Железара, Бутел и Автокоманда како и на градот Скопје и населените места над Обиколницата ќе бидат под директно влијание на ново зголемено загадување, емисии на штетни гасови и бучава.

– Затоа, вклучете се во борбата да не се дозволи да дојде до зголемување на загадувањето, да не се овозможи отворање на нови индустриски капацитети, да не се дозволат нови локации за отпад или третман на отпад – вели Велковска – Трајановска.

– Не само што не се замараат за постоечкиве загадувачи тие ќе надополнувале, згради ќе граделе. Еднаш мора да се каже стоп, па незнам која и да е цената. Ако и овој пат железарци и останати жители од околните населби останат слепи при очи, тогаш дефинитивно заслужуваат да испоцркаат како глувци – коментира Кристијан Узунов.

Утре во големата сала на општина Гази Баба ќе се одржи јавна презентација на Предлог – Детален урбанистички план за градска четврт С 17 Блок 2, Блок 3 и Блок 4 на која може да присуствуваат сите заинтересирани лица.

Предлог –ДУП-овите за С 17 Блок 2, Блок 3 и Блок 4 се изложени во просториите на УЗ ″Железара″ до 29.04.2021 година, секој работен до 16 часот, каде може да се пополнат анкетните листови и да се дадат забелешки, предлози и мислења.

Забелешките по урбанистичките проекти со намена Е 3.1 – постројки за термички, физичко – хемиски и хемиски третман на неопасен отпад, може да се достават во општина Гази Баба или на имеил gradonacalnik@gazibaba.gov.mk до 30.04.2021 година.

https://www.vecer.press/место-со-зеленило-железара-ќе-биде-сар/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19689
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1091 Posted: 08-Apr-2021 at 07:16
Некои иницијативи за урбанистички планови во Аеродром само неможам да одредам за кој дел поточно







https://www.facebook.com/jassumodopstinaaerodrom
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2019
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1092 Posted: 08-Apr-2021 at 08:18
Се прави само ре-усвојување на постоечката ситуација со железара. А од тоа одредени кругови манипулираат и прават јавен скандал. ДУП-от за железара не е дебата во која ќе се разреши или може да се влијае на тоа дали железара ќе биде или не во Скопје. Тука е железара и ќе продолжи да биде тоа што е, независно од ДУП-от на случајно надлежната општина за овој објект од државно значење. Така да, џабе внимание за овој театар.
Back to Top
carver91 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 159
  Quote carver91 Quote  Post ReplyReply #1093 Posted: 09-Apr-2021 at 16:13
JАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА РАСПРАВА ПО НАЦРТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ВЛИЈАНИЕТО НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО – ГОРИЦА СЕВЕР , ОПШТИНА ОХРИД
https://ohrid.gov.mk/wp-content/uploads/2017/08/SEA-%D0%A3%D0%A0%D0%91%D0%90%D0%9D%D0%98%D0%A1%D0%A2%D0%98%D0%A7%D0%9A%D0%98-%D0%9F%D0%9B%D0%90%D0%9D-%D0%92%D0%9E%D0%9D-%D0%9D%D0%90%D0%A1%D0%95%D0%9B%D0%95%D0%9D%D0%9E-%D0%9C%D0%95%D0%A1%D0%A2%D0%9E-%D0%93%D0%9E%D0%A0%D0%98%D0%A6%D0%90-%D0%A1%D0%95%D0%92%D0%95%D0%A0-%D0%9E%D0%9F%D0%A8%D0%A2%D0%98%D0%9D%D0%90-%D0%9E%D0%A5%D0%A0%D0%98%D0%94-izvestaj-final.pdf

Edited by carver91 - 09-Apr-2021 at 16:14
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19689
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1094 Posted: 10-Apr-2021 at 14:44
На Илинденска-Карпош 3



https://www.facebook.com/groups/883203825068334
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19689
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1095 Posted: 11-Apr-2021 at 11:55
ДУП Градска четврт И 09 – Нова железничка станица



--------------------------------------------
Планот пишува дека е веќе во примена,се работи за делот јужно од депото на ПОЦ и предвидени се згради П+5 и П+7

Колку што успеав да избројам предвидени се 8 згради А2 П+7 и 2 згради Б2 П+5

http://www.centar.gov.mk/

Edited by stef4o - 11-Apr-2021 at 11:58
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19689
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1096 Posted: 11-Apr-2021 at 12:11
ДУП Градска четврт Ц 04 – Дом на градежници



http://www.centar.gov.mk/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19689
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1097 Posted: 20-Apr-2021 at 13:14
Богдановиќ ја фрли првата лопата на Водно и го отвори патот до плацевите на Камчев и Ексико

Вчера до соседството на улицата „Питу Гули“ стигна допис од општина Центар. Всушност, писмото стигна само до жител кој повеќе не престојува на таа адреса. Општината го известува дека градоначалникот Саша Богдановиќ на 7 април ставил потпис на дозвола за изградба на куќа на парцела во парк шумата Водно, над нивните домови. До куќата нема пат, но ако се изгради, овој пат ќе води до спорните парцели на озлогласениот офшор “Ексико” и фирмите на семејството Камчеви и Груевски.

Дозволата е издадена на име на приватна фирма „Маркеза ДООЕЛ“ од Скопје. Соседите имаат право да се жалат во рок од 15 дена, по кој период инвеститорот ќе добие правосилно решение.

Сопственик на „Маркеза“ е извесен Филип Костиќ. Име кое не е познато во елитните кругови на бизнисмени. Неговиот имот е опкружен со парцели чии сопственици се фирмата „Ексико“, „Кара“ на Орце Камчев, „Манд Интернационал“ на бизнисменот и поранешниот кошаркар Пеце Наумовски. Но, Костиќ е првиот во ова друштво кому Богдановиќ го потпишал документот за градба.

На фотографијата со жолта боја е парцелата на фирмата „Маркеза“ која доби дозвола за градба. Со црвена боја се парцели на „КАРА“ на Камчев, „Манд Интернационал“ на Пеце Наумовски и уште неколку други сопственици.



Теренот до неговиот плац од 1.226 метри квадратни е непристапен. Се наоѓа во шумата и дотаму нема улица. За да се стигне до локацијата треба да се помине низ мала слепа уличка, а потоа пеш низ дрвјата кои наскоро ќе треба да се исечат за да влезе багерот на Костиќ.

Крајот на слепата улица „Питу Гули“, плацот на „Маркеза“ се наоѓа во шумата.



Овие фотографии се од улицата „Питу Гули“. Тука се последните куќи и крајот на слепата улица. Плацот на кој „Маркеза“ ќе ја гради куќата се наоѓа во шумата. Од општината велат дека нивните анализи покажале дека дотаму има пристапен пат.

„Согласно снимките со кои располага Секторот за урбанизам и урбанистичко планирање на Општина Центар, до таа парцела има инфраструктура, односно до таму се протега крак на улицата „Питу Гули“, велат за ИРЛ од општина Центар.

Пред една година ИРЛ го постави истото прашање до општината. Дали до атрактивните плацеви ќе се гради пристапен пат? Тогаш добивме различен одговор.

„До наведените градежни парцели во ДУП-от предвидена е „Пристапна улица 5“, која се надоврзува на улица „Питу Гули 2“, напишаа во одговорот на прашање на ИРЛ, лани на 19 јули.

Криминален план со криминална реализација: Општината незаконски ја дала дозволата

Познатиот урбанист и универзитетски професор Мирослав Грчев без колебање вели дека ова е криминално дело.

„Противзаконски е и не може да се издаде градежна дозвола без сообраќаен пристап. Ако овој пат се изгради ќе треба да минува низ други имоти, од кои и дворови на луѓе кои со децении живеат овде и со петиции и протести се обидуваа со години да го заштитат ридот од вакви криминални активности. Ова е криминален план донесен во време на Владата на Никола Груевска и бара уште покриминална реализација. Дозволата за изградба на објект на планината Водно е напад врз темелните вредности на општествениот поредок. Единствено може да се сече за јавниот интерес, а не за приватни криминални интереси”, коментира Грчев.

На улицата „Питу Гули“ повеќе од шест децении живеат десетина семејства и низ годините успеваа да го одбранат ридот кој одамна го „меркаат“ функционери и богати бизнисмени и сакаат да живеат во височините над скопската котлина.

Гранит Таќи на улицата „Питу Гули“ живее веќе 57 години, од кои вели 30 години постојано некој се обидува да гради на земјиште кое не е предвидено за градење. Раскажува дека низ годините доаѓале амбасадори, политичари и разни големци, но секогаш се откажувале затоа што шумата не смее да се уништи.

„Нема пат и не треба да има. Тој дел е пошумен за да го штити Скопје и населбата од природни непогоди. Не постои друг начин да има пат освен ако тој не поминува низ нашите приватни дворови и да се исече шумата. А, ако поминува низ нашите дворови кои се приватна сопственост, тогаш ние веќе нема да имаме двор. Често се зборува за правото на сопственикот да гради на купениот имот, но каде е нашето право да продолжиме да живееме на имотите кои се наша приватна сопственост? Доколку се дозволи неодговорно да се сече шумата на Водно, последиците можат да бидат смртоносни. Уште ли ќе зборуваме за правата на инвеститор да гради или ќе почнеме да зборуваме за правото да се зачува животот.“, вели Гранит Таќи.

Соседите во 2015 година ги издржаа и насилните обиди да се пробие пат низ шумата на тогашната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ која ги исцрта маркиците, но сегашната локална власт предводена од СДСМ ги стави пред свршен чин и му го поплочи патот на првиот инвеститор.

„За жал, по десет години поминати во преписки, жалби, барања, пополнување на анкетни листови и петиција од жителите на населбата Водно, а кои се однесуваат на криминално донесениот ДУП Градска четврт Ј07, блок 10, се уште сме сведоци на силеџиското однесување на урбаната мафија. Во време кога се говори за прогласување на Водно за заштитено подрачје, кога се бара суспендирање на криминално донесените детални урбанистички планови, Општина Центар дава дозвола за градба на објекти, пробивање нови улици и уништување на шумата Водно. Ќе стави ли некоја крај на ова дивеење?“, прашува Гордана Самоникова, жителка на улицата „Питу Гули“.

Засега само „Маркеза“ поднела и добила барање за градба. Останатите сопственици, велат од општина Центар, се’ уште не почнале процедура за добивање градежна дозвола.

Соседите во 2015 година ги издржаа и насилните обиди да се пробие пат низ шумата на тогашната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ која ги исцрта маркиците, но сегашната локална власт предводена од СДСМ ги стави пред свршен чин и му го поплочи патот на првиот инвеститор.

„За жал, по десет години поминати во преписки, жалби, барања, пополнување на анкетни листови и петиција од жителите на населбата Водно, а кои се однесуваат на криминално донесениот ДУП Градска четврт Ј07, блок 10, се уште сме сведоци на силеџиското однесување на урбаната мафија. Во време кога се говори за прогласување на Водно за заштитено подрачје, кога се бара суспендирање на криминално донесените детални урбанистички планови, Општина Центар дава дозвола за градба на објекти, пробивање нови улици и уништување на шумата Водно. Ќе стави ли некоја крај на ова дивеење?“, прашува Гордана Самоникова, жителка на улицата „Питу Гули“.

Засега само „Маркеза“ поднела и добила барање за градба. Останатите сопственици, велат од општина Центар, се’ уште не почнале процедура за добивање градежна дозвола.

Мистериозниот сопственик Филип Костиќ во дилови со Ивица Георгиевски – Фреди

Плацот на кој е издадена дозволата за градба претходно била сопственост на Богдан Георгиевски. Една година по донесување на ДУП-от, во 2015 година, сопствениците го огласуваат за продажба и го купува фирмата „Маркеза“ на лицето Филип Костиќ. Фирмата е регистрирана на домашната адреса на Костиќ на улицата „Петар Драпшин“ во населбата Кисела Вода. Претходно фирмата се викала „Аквамарина Парк“ и била регистрирана како угостителски објект. Во изминатите пет месеци Костиќ формирал уште две фирми – „КМ Трејд ДООЕЛ“ лани во декември и „Прајм Сервис ДООЕЛ“ во февруари годинава, од кои што едната е градежна.

Костиќ преку неговата фирма „Маркеза“ во изминативе неколку години влегол во деловен однос со градежната фирма „БИСИ ДООЕЛ“, сопственост на поранешниот функционер на ВМРО-ДПМНЕ Ивица Георгиевски. Од документите достапни во регистерот, се гледа дека фирмите на Георгиевски и Костиќ имаат склучени неколку нотарски договори за закуп.

Последниот договори за закуп помеѓу „БИСИ“ и „Маркеза“ е склучен во март на сума од 500.000 евра, непосредно пред општина Центар да ја издаде дозволата за градба. „БИСИ“ на Ивица Георгиевски на 8 април подигнува кредит од Стопанска Банка во вредност од 4.300.000 евра, а како гаранција за кредитот ги заложува и побарувањата за закуп што ги има од Филип Костиќ.

Ивица Георгиевски беше детално запознаен со најновите случувања на Водно, издадената дозвола за градба и негодувањата на комшиите од „Питу Гули“. На нашето прашање дали тој има некаква поврзаност со оваа инвестиција, тој нервозн одговори „Зошто сум ви јас приказна“.

„Ме ставате во некои приказни со кои јас немам никаква врска. Како може да е прва дозвола за градба кога јас таму гледам дека се градат 20 куќи. Јас разгледувам повеќе локации за куќа на Водно. Можеби ќе градам, можеби ќе купам. Не разбирам каква тема гледате овде и не разбирам зошто правите тема каде што нема тема,“ рече Георгиевски во телефонски разговор со ИРЛ. Тој негира секаква поврзаност со оваа куќа.

ИРЛ стапи во контакт со вработен во Маркеза кој што вети дека ќе го извести Филип Костиќ за да не’ побара, но тоа не се случи до објавувањето на овој текст.

Незаконски ДУП

Деталниот урбанистички план за овој дел од Водно е донесен во јули 2014 година. Единствен ДУП кој го немаше потребното мнозинство, туку беше изгласан со 11 гласови ЗА, 11 ПРОТИВ и еден воздржан. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ поддржани од уценетиот претседавач на Советот, Мирослав Шиповиќ, имаа кворум за да ги исцртаат локациите во заштитената зона на Водно. Во тој период Шиповиќ беше уапсен и притворен за случајот „Машинопромет“, а подоцна пуштен да се брани од слобода.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев во 2015 година обелодени дека ДУП-овите („Тасино Чешмиче“ и „Капиштец – Водно“) каде што се наоѓаат овие вредни парцели биле сменети само со цел „да се задоволат мегаломанските афинитети на премиерот Никола Груевски“.

Беше објавен и разговор меѓу Груевски и поранешниот министер за транспорт, Миле Јанакиески. СДСМ тогаш обвини двата спорни ДУП-ови „Тасино Чешмиче “ и „Капиштец – Водно“ биле менувани само со цел Груевски преку блиски фирми и оф-шор компании од Белизе и Лугано, да купи имот вреден 5 милиони евра.

Тогашниот градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, се спротивстави на носењето на двата ДУП-ови и случајот го поднесе пред Уставниот суд, кој се прогласи за ненадлежен.

Жителите на улицата „Питу Гули“ се надеваа дека владата на СДСМ ќе најде начин да се спротивстави на узурпација на шумата на Водно и ќе им застане на патот на елитите кои сонуваат да живеат на скопскиот „Беверли хил“.

„Биодиверзитетот на и онака измаченото Водно дополнително ќе се уништи. Не ни очекуваме дека на градежните фирми и “сопствениците” ќе им биде гајле за животните и дрвјата кои живеат во шумата. Само да потсетиме дека Водно е свлечиште – како под Панорама што им попукаа потпорни ѕидови така и овде може истото да се случи. И да беше законски донесен ДУП-от за ова земјиште може и немаше да се буниме, но не е“, вели за ИРЛ Јасмина Арсова, жителка на улицата „Питу Гули“.

Парцелите за кои се отвора пат за градба се протегаат на површина од 12 илјади метри квадратни и на нив сега се наоѓа шума.

https://irl.mk/bogdanovi-a-frli-prvata-lopata-na-vodno-i-go-otvori-patot-do-platsevite-na-kamchev-i-eksiko/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19689
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1098 Posted: 20-Apr-2021 at 16:26
Ќе се гради во соседство на плацевите на Груевски – општината издаде дозвола за градба во ДУП-от за кој се кршеа копја и Шиповиќ заврши во притвор



https://telma.com.mk/2021/04/20/ќе-се-гради-во-соседство-на-плацевите-н/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2019
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1099 Posted: 20-Apr-2021 at 16:32
Ова е јадица!!! И општината знае дека ова нема да успее поради јавен притисок, па не се улави за да пред локални избори го касапат Водно! Јавноста треба сега да загриза нова јадица и целиот урбнистички фокус на фелата и јавноста да се пресели тука, додека во позадина кулите карши Холидеј-Ин почнат да се градат без поголема галама. Кога ќе се постигне целта, тогаш општината ќе попушти и ќе рече: да, во право беше јавноста, еве нема да го сечеме Водно.

Edited by user8642 - 20-Apr-2021 at 16:33
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1112
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #1100 Posted: 20-Apr-2021 at 18:42
Или тоа, или па во право беше муабетот за паркот во Карпош, дека има некоја борба меѓу скопското и „сељачкото“ крило. Српче изгледа како се почесто да го пуштаат низ вода.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 5354555657 64>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.236 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.