build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Урбанистички планови и парцели (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбанистички планови и парцели (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 55565758>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Vire View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 35
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #1121 Posted: 18-Aug-2021 at 12:27
А добро зошто вмро-дпмне мисли дека ова ги потресува карпошани ? Вмро-дпмне треба да порасне и да сфати еднаш засекогаш дека правилата,поплаките,проблемите што важат за нив во општини како карпош,центар,куманово,струмица,охрид...не важат кога тие се во опозиција. Едноставно си е така и тоа е тоа,најголемото зло од ова веројатно ќе биде изгледот на самите згради,сигурен сум дека дотичниот Неџат ќе купи квалитетна боја за фарбање.
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 413
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #1122 Posted: 18-Aug-2021 at 13:59
Како беше она... „важно се гради“   
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 670
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #1123 Posted: 18-Aug-2021 at 14:09
Originally posted by stef4o

Во Карпош 4(од твитер)





Или е тежок спин ова или јас не знам да ја работам страната на катастар.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12625
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1124 Posted: 18-Aug-2021 at 16:25
Ги проверив парцелите точно е дека Настел ја има сопственоста на сите оние сервиси за коли и сепарации но има и добар дел што е државно земјиште.
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 830
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #1125 Posted: 19-Aug-2021 at 14:52
Ако проверите каков е ДУП за дадениот парк ќе видите дека има паралелна сервисна улица со илинденска, која малку ама не баш се поклопува со постоечката сервисната уличка за бараките. Паркот е помеѓу таа сервисна улица и кејот. Следствено на тој простор помеѓу сервисната улица и илинденска во ДУП каде реално ќе никнат згради или комерцијални објекти.
Има во нишката за паркови постови на страна 15 или 16 чинам на кои се гледа ова.

Следствено не е изненадување што Настел ги откупил тие постоечки парцели по катастар. Е сега дали тоа било по реална цена или „со врски“ поевтино тоа е друга приказна за антикорупциска да ја провери.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12625
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1126 Posted: 21-Aug-2021 at 07:49
Згради и улица кај салата „Борис Трајковски“? – Општина Карпош: Улица да, но не и објекти за домување


Не сакаат да се руши терасата на базенот Карпош, картингот и тениските терени и на тоа место да никнат згради и улица која ќе ја поврзува постоечката со „8 ми септември“ кај спортскиот центар „Борис Трајковски“. Поради тоа дел од граѓаните на О.Карпош протестираа пред општинската зграда по повод новиот предлог Детален урбанистички план.

„Со овој ДУП се предвидува улица која ќе ги униши тениските терени и картинг центарот. Општина Карпош среде август и во ек на одмори и пред избори закажува јавна презентација мислејќи дека кај граѓаните на О.Карпош ќе поминат незабележано и ќе не можат да реагираат“, посочи Оливер Зафировски.

Разговаравме и со граѓаните кои велат дека со таа улица би се уништиле 10 000 метри квадратни површина.

„Борис Трајковски сакаме да биде културен, спортски центар, а не да се уништува со улици, со градби.. Сакаме да остане така како што е“, вели граѓанин.

„Протестирам поради урбаната џунгла што се случува во О. Карпош, затоа што во предвидениот план не беше така како што се испадна“, додава граѓанин.

„Уште и бетонизација стварно не личи на ништо“, посочи граѓанин.

Од општина Карпош со реакција по повод обвинувањата велат не помина обидот на ВМРО – ДПМНЕ за спречување на јавната презентација, иако два дена последователно го „хранеа“ своето членство и ги лажеа граѓаните дека е планирано уривање на спортскиот комплекс.

„Јавната презентација за Нацрт ДУП – от за Градска четврт 3 04, блок 5, помина во мирна и демократска атмсофера. Стручните служби на општина Карпош, од Секторот за урбанизам и планерите, на детален и едноставен начин објаснија дека посочениот Нацрт ДУП не предвидува никакво уривање на Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Исто така, планерката посочи дека овој ДУП, во рамки на блокот, воопшто не предвидува изградба на згради – објекти за домување“, велат од Општина Карпош.

Имено граѓаните имаа можност секој посебно да се информира што го интересира детално во врска со новиот предлог ДУП од планерката на јавната презентација.

https://mk.tv21.tv/zgradi-i-ulitsa-kaj-salata-boris-trajkovski-opshtina-karposh-ulitsa-da-no-ne-i-objekti-za-domuvane/
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 843
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #1127 Posted: 21-Aug-2021 at 11:14
Дали се сериозни со ваков идиотски ДУП и тоа пред избори? Доста веќе со трупање на секој слободен простор.
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 343
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #1128 Posted: 21-Aug-2021 at 14:20
Originally posted by <Fresno>

Дали се сериозни со ваков идиотски ДУП и тоа пред избори? Доста веќе со трупање на секој слободен простор.


Па токму сега пред избори им е потребно да му излезат во пресрет на „Пуцко петрол“. Big%20smile

Но она што е уште пострашно е она што може да се случува со слободниот простор во овој четврт. Јас се плашам дека објектите за домување кои сега ги демантираат ќе бидат во блокот јужно од спортскиот центар.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5307
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #1129 Posted: 21-Aug-2021 at 15:04
Оти бе, топ испадна со кинескиот ѕид позади градски стадион, дури имаме и заборавено дека е ненормален криминал
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12625
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1130 Posted: 24-Aug-2021 at 10:39
од твитер



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12625
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1131 Posted: 24-Aug-2021 at 11:02
СВЕТО ПИВАРА ЌЕ ГРАДИ ЗГРАДИ КАЈ СЦ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“? Нови детали од ВМРО-ДПМНЕ за аферата ДУП на Карпош

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштени ги праша градоначалниците на Град Скопје и општина Карпош Петре Шилегов и Стефан Богоев дали бизнисменот Светозар Јаневски ќе ги гради зградите кај СЦ „Борис Трајковски“ поради што се менува Деталниот урбанистички план на општина Карпош.

Партијата прашува и какви се односите на Шилегов и Богоев со бизнисменот.

-Дали Богоев го донесе својот последен ДУП како градоначалник за да му угоди на Шилегов и Свето Пивара, на штета на Карпош и Скопје? Стефан Богоев со измени во ДУП го уништува спортскиот центар Борис Трајковски одземајќи му ги тениските игралишта, картингот и дека од базенот за таму да може да никне широка улица која ќе води до парцела каде треба да никне бетонско чудовиште на транзицискиот богаташ Свето Пивара?Кој е интересот на Шилегов и зошто Богоев е принуден да го потпише овој ДУП во своите последни денови како градоначалник? Каква е врската на Шилегов со Свето Пивара? – прашува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Според партијата, на Карпош и на Скопје ќе им бидат одземени спортски терени кои служат за рекреација на илјадници луѓе за да можат тесна клика на луѓе да профитираат.

– Колку чини овој шверцерски ДУП? Време е да се стави крај на градоначалниците слуги на градежната мафија. Време е да се стави крај на маркиците добиени на чуден начин. Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

https://plusinfo.mk/sveto-pivara-e-gradi-zgradi-ka-sc-boris-tra-kovski-novi-detali-od-vmro-dpmne-za-aferata-dup-na-karposh/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12625
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1132 Posted: 24-Aug-2021 at 12:11
Овие 4 парцели поред Илинденска се во сопственост на Голден Арт веројатно планираат некаков комплекс згради







Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12625
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1133 Posted: 24-Aug-2021 at 12:17
А празниот плац/тревник јужно од А1 Арена е сопственост на

ДРУШТВО ЗА ГРАДЕЖНИШТВО,ТРГОВИЈА И УСЛУГИ ИНВЕСМЕНТ ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ ЕКСПОРТ ИМПОРТ СКОПЈЕ



а десно од овој простор преку булеварот има 2 поголеми парцели едната сопственост на ЗСФ Ком другата на СМС Шопс.

Edited by stef4o - 24-Aug-2021 at 12:20
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12625
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1134 Posted: 27-Aug-2021 at 15:37
Граѓанска иницијатива: Недозволиво е пред локални избори Општина Ѓорче Петров да планира промена на ДУП-от





И покрај нашите барања за намалување на урбаниот хаос во општина Ѓорче Петров, локалната власт нема слух. За 30 август закажана е седница на Комисијата за урбанизам и заштита на животната средина за дополнување на ДУП Градска четврт СЗ 03, Блок 3, а веднаш потоа во 12 часот закажана е и седница на Советот на општината за дополнувањето на ДУП-от. Оттука се гледа дека локалната власт продолжува да соработува со урбаната мафија, се вели во известувањето на Граѓанската иницијатива против урбаното дивеење во Ѓорче Петров.

Државната комисија за спречување на корупцијата во неколку наврати соопштува дека во предизборие носењето на детални урбанистички планови е забрането поради можност за трговија со влијание.

„Бараме веднаш општината да ја повлече оваа точка од дневен ред и да запре со урбаниот хаос. Доколку локалната власт не го послуша нашето барање ќе преземеме посериозни мерки, односно ќе организираме протест. Урбаниот хаос во општина Ѓорче Петров мора да запре“, се вели во предупредивањето на Граѓанската иницијатива против урбаното дивеење во Ѓорче Петров.


https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/gragjanska-inicijativa-nedozvolivo-e-pred-lokalni-izbori-opshtina-gjorche-petrov
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12625
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1135 Posted: 29-Aug-2021 at 13:03
Ова е зеленилото кое наскоро ќе го нема. Уште еден простор на кој наместо парк ќе никне 30 метарска зграда со предвидена вкупна изградена површина од 36.051 м2. Ова е само дел од предлог ДУП-от кој е ставен на дневен ред на утрешната 60. Седница на советот на Општина Карпош која впрочен се’ уште не е најавена во јавноста.
Уште еднаш ќе се шверцува ДУП спротивен на интересите на Карпошани.



https://www.facebook.com/groups/883203825068334/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13834
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1136 Posted: 29-Aug-2021 at 15:12


Тоа е просторот кај што изгореа некои бараки пред некоја година.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12625
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1137 Posted: 30-Aug-2021 at 10:39
КАРПОШ ИЗБРИША 4 МАРКИЦИ ЗА ЗГРАДИ ЗА ДВА НОВИ ПАРКОВИ И ОБЈЕКТ ЗА ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ



Општина Карпош избриша четири маркици за згради на државно земјиште во Деталниот урбанистички план за Градска четврт З 06, Блок З 06.09 (делот околу гимназијата „Здравко Цветковски“), кој денеска е на Дневен ред на седницата на Совет.
Имено, со новиот ДУП се бришат две згради предвидени за градба на државно земјиште и истите добиваат намена - парковско зеленило.
Односно, ако претходниот ДУП планираше две маркица за објекти за домување – А2 (П+5+ПК и П+6+ПК) денеска парцелите добиваат намена Д1 – парковско зеленило.

Исто така, со новиот ДУП кој денеска е пред советниците се бришат уште две маркици во истиот блок за згради – објекти за домување (П+7+ПК и П+7) и истите добиваат намена В1 – државни институции (П+6).

Со ваквата интервенција драстично се намалува површината за домување во станбени згради (А2), а се зголемува зеленилото (Д1). Стариот ДУП предвидувал 65.608 м2 – бруто развиена површина за градење, а новиот ДУП 31.000 м2. Исто така, со новиот ДУП се предвидува 5.080 м2 да бидат наменети за Д1 (парковско зеленило), а стариот ДУП предвидувал само 487 м2 за зелен појас.

Објектот кој е предвиден за државни институции и е во висина од 32 метри, ќе биде за потребите на Институтот за социолошки и политички истражувања, Академијата за судии и јавни обвинители, Заводот за урбанизам, како и други институции. Оттука, целосно е лажна информацијата дека ќе се гради објект за домување од 32 метри.

Новиот ДУП презема две маркици за згради од стариот ДУП (А2 – П+5+ПК и А2 – П+6+ПК). Според овие факти, неточна е информацијата дека општина Карпош вцртува нови објекти за домување. Напротив, локалната самоуправа направи сериозни напори и успеа да избрише четири маркици за изградба на згради. Две добиваат намена парк, а две маркици ќе бидат со намена за државни институции.

За овој ДУП, помината е и јавна анкета, како и јавна презентација, како процеси кои обезбедуваат граѓанско учество при нивно донесување.

https://www.facebook.com/bogoevstefan
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12625
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1138 Posted: 01-Sep-2021 at 10:48
Агресивна урбанизација на Аеродром, Карпош и Центар





Во Аеродром, Карпош и Центар не може да се каже дека има мегаломанство, навала и напад на урбанизација, изјави неодамна премиерот Зоран Заев, но, видливо е дека во изминатите години се промени ликот на централните скопски општини и се „збогати“ со нови згради.

Залудни беа и во неколку наврати протестите на граѓаните на овие општини да не се заменува зеленилото и просторот на сметка на изградбата на нови станови, бидејќи инвеститорите секогаш излегуваат како победници.

Најсвеж пример за загубената битка и покрај многубројните реакции во јавноста е планираната изградба на три висококатници во срцето на Центар веднаш спроти Градскиот трговски центар и хотелот Холидеј Ин.

Центар рекордер по одобренија и објекти, Жерновски победник

Центар е рекордер по издадени одобренија за градба и завршени објекти за домување од деловни субјекти кои се занимаваат со градежна дејност, кога ќе се соберат бројките достапни на Државниот завод за статистика.

Од 2013 година по одржувањето на локалните избори до јули годинава биле издадени 489 одобренија за градба. Најмногу од нив, 310 одобренија се потпишани во периодот кога со општината владееше Андреј Жерновски откако на локалните избори го победи неговиот противник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Тодоровиќ.

Жерновски беше дел од Либерално демократската партија, но, на изборите го поддржа опозициската коалиција „Сојузот на иднината“, а неговата победа се славеше пред седиштето на СДСМ на улицата Бихаќка. Неговиот наследник на функцијата Саша Богдановиќ од редовите на СДСМ ,исто така, е рекордер ако се споредат бројките со останатите две општини. И покрај мораториумот за градба администрацијата на Богдановиќ до јули годинава издала 179 одобренија за градба на деловни субјекти.

Општина Центар е на првото место и по завршени објекти далеку пред Карпош и Аеродром. Во изминатите 8 години во Центар никнале дополнителни 1272 објекти. На мапата на централното градско подрачје во просек годишно се појавувале нови 159 објекти.

Општината може да се пофали само со фактот дека е на последното место, споредбено со Аеродром и Карпош по завршени станови. Иако има издадено најмногу одобренија за градба и изградени објекти, вкупната бројка на завршени станови за истиот период изнесува 1693.

Карпош на второ место по сите параметри

Поранешниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски за време на неговиот втор мандат кој го освои како независен кандидат му бил зад пети на Жерновски во освојување на првото место. За време на неговото владеење биле издадени 298 одобренија за градба или само 12 помалку од Центар.

Но, затоа Јакимовски држи друг рекорд. Најмногу издадени одобренија за градба во еден месец. Во септември 2015 година општина Карпош прифатила 26 барања.
Неговиот наследник од редовите на СДСМ, Стефан Богоев кој победи на последните локални избори е далеку попретпазлив во давањето „амин“ за промена на ликот на неговата општина. Богоев до јули издал одобренија за изградба на 122 објекти.
За време на владеењето на двајцата градоначалници во Карпош биле завршени 737 објекти и 3856 станови.

Аеродром шампион по станови

Ако Карпош го држи второто место на листата по сите параметри, Аеродром може да се пофали со шампионската позиција по завршени 6818 станови за време на мандатот на Ивица Коневски од ВМРО- ДПМНЕ и на Златко Марин од СДСМ.
Највидлива е градежната експанзија во општината во близина на основното училиште Блаже Коневски. Радио Слободна Европа и пред три години пишуваше на темата, а тогаш на местото каде се наоѓаа старите воени бараки во радиус од 500 метри избројавме околу 29 нови згради.

Денес, повторно го посетивме тој дел од општината и може да се заклучи дека бетонизацијата се уште не запрела. Напротив дополнително се градат уште нови згради и покрај 538 објекти кои биле изградени од 2013 до годинава.
Под палката на Коневски општината издала 152 одобренија за градба, наспроти 87 за време на актуелниот градоначалник Марин.

Нов ГУП на Град Скопје 2022-2032

Во сите овие општини кои се во централното градско подрачје нема веќе никаква потреба, нити смее да се гради, вели Никола Велковски од Групацијата за градежништво при Стопанската комора, кој е и поранешен главен градски архитект. Според него, фелата ќе мора да го крене својот глас и со новиот Генерален урбанистички план и со новите градоначалници да се направи рестрикција во градењето.

„Поготово станбена градба, затоа што ние сите сме сведоци дека го направивме Скопје спална соба за цела Македонија што нема потреба. Значи урбанизмот не подразбира само градба на станбени објекти, туку и други од јавен интерес за потребите на граѓаните. Треба сега да дадеме максимално внимание при урбанизацијата, а да се намали на минимум, да не речам да се избрише станбено деловното градење затоа што веќе нема потреба. Се загушивме“ вели Велковски.

Постапката за изработка на новиот ГУП 2022-2032 е започната. Во неговата подготовка, како што најавија од Град Скопје, во рамките на предвидените процедури освен поддршката од Министерството за транспорт и врски како ресорно министерство, ќе биде вклучен и поширок круг на стручни лица од различни области, невладиниот сектор, академската заедница, како и граѓаните, директно или преку единиците на локалната самоуправа.

„Скопје ќе биде зелен град со многу повеќе внимателно распоредени зелени површини, повеќе функционални јавни простори, сообраќај планиран на начин што ќе обезбеди урбана мобилност и комунална инфраструктура која ќе биде целосно во функција на обезбедување чиста и здрава животна средина“, најави лани градоначалникот на главниот град, Петре Шилегов.

Нови законски одредби

Премиерот Заев порача и дека мегаломанство е спречено не само со волјата на градоначалниците и советниците, туку и со закон.

„Законот веќе ги лимитира и висините и габаритите на објектите кои се градат. Уставното право на сопственост е неприкосновено во демократијата и кај нас, но сега ставивме ред во растот и развојот на Скопје“ рече Заев.

Тој додаде дека со донесувањето на новиот Закон за урбанистичко планирање согласно укажувањата се сменети параметрите, а тоа е паркинг во самата парцела и минимум 20 отсто зелена површина во самата парцела.

Но, според Велковски, инвеститорите во првичните проекти ќе ветат дека ќе ги запазат овие одредби од законот, но, потоа нема да ги почитуваат.

„Ние немаме веќе инфраструктура за толкав тип на градба и за толкав број на жители во градот. На крај краева ќе доживееме како ние што имаме човечки инфаркт, ќе доживееме инфаркт на таа инфраструктура кај нас“, додава Велковски.

За изградбата на првата висококатница кај Холидеј Ин повеќе нема пречки, бидејќи дозволата на инвеститорите им беше потпишана минатиот месец. Зградата од 20 ката ќе биде уште една во низата, а иницијативата на Антикорупциска за кривично гонење на поранешните градоначалници на Центар, Тодоровиќ и Жерновски за злоупотреба на службената положба се уште чека на последниот збор од обвинителството.

На 17 октомври треба да се одржат локалните избори. Извесно е дека во трката нема да бидат вклучени токму актуелните градоначалници на Аеродром, Карпош и Центар. Тие иако имаат право на втор мандат, владејачката СДСМ донесе одлука на гласањето да оди со нови имиња.

https://www.slobodnaevropa.mk/a/агресивна-урбанизација-на-аеродром-карпош-и-центар/31435198.html?fbclid=IwAR0WVD0NcHAtlAsVc7O_NhzIlk28Bj3NPtYp7NqT7U9jWA_-HWZVW0EhwQM
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12625
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1139 Posted: 01-Sep-2021 at 17:07
Урбаната мафија пикира уште еден зелен простор да бетонира







Градежни фирми од поодамна ги пикираат парцелите во делот кај пластениците на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, од Зоолошката градина до спроти „Мида“. Тие се заинтересирани и се подготвени за градба во тој дел, но се на стенд бај. ДУП за тој дел е донесен уште во 2012 година и предвидува изградба на 12 деловни објекти од 6 и 7 ката, со можност да бидат и станбено-деловни згради. Овој простор засега не може да се претвори во градежна зона бидејќи постојниот ДУП треба да се преработи и да се усогласи со Регулацискиот план на Генералниот урбанистички план. Сè додека тоа не се направи, инвеститорите можат само да чекаат

Градежни фирми од поодамна ги пикираат парцелите во делот кај пластениците на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, од Зоолошката градина до спроти „Мида“. Тие се заинтересирани и се подготвени за градба во тој дел, но се на стенд бај. ДУП за тој дел е донесен уште во 2012 година и предвидува изградба на 12 деловни објекти од 6 и 7 ката, со можност да бидат и станбено-деловни згради.

Вкупно треба да се градат 17 илјади квадратни метри што претставува простор колку три фудбалски игралишта. Една третина од оваа градежна зона, односно четири од предвидените 12 згради во планот се исцртани на државно земјиште.

Од Општина Карпош потврдија дека сè уште е на сила Деталниот урбанистички план – Централен градски парк кој го опфаќа наведениот простор и оти тој е донесен уште од 2012 година. Во последно време немало заинтересирани за градење во тој дел и дека планот е нефункционален, иако објаснија дека Уставниот суд го укинал ДУП кој го опфаќа делот покрај булеварот „Илинден“, но тој не се однесува на просторот кај пластениците на ЈП „Паркови и зеленило“, од Зоолошката градина до спроти „Мида“ .

Во последниов период нема заинтересирани за градење во делот кој го опфаќа ДУП – Централен градски парк, а зошто е така, не знаеме. ДУП – Централен градски парк е важечки и во овој дел покрај „Илинденска“ има маркици за изградба на деловни згради, нема намена за станбени згради и е достапен на веб-страницата на Општина Карпош, www.karpos.gov.mk. Градот Скопје изработи Регулациски план за тој дел, но Општина Карпош засега сè уште не започнала постапка за донесување на нов ДУП – одговорија од Општина Карпош.

Причината за тоа, како што велат оттаму, е што се работи на други Детални урбанистички планови.

– Комисијата за урбанизам и Партиципативното тело работат на други урбанистички планови кои се приоритет. Во моментов нема постапка за донесување на нов ДУП – децидни се од Општина Карпош.

Овој простор засега не може да се претвори во градежна зона бидејќи постојниот ДУП треба да се преработи и да се усогласи со Регулацискиот план на Генералниот урбанистички план. Сè додека тоа не се направи, инвеститорите можат само да чекаат.

https://www.vecer.press/урбаната-мафија-пикира-уште-еден-зеле/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7658
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1140 Posted: 02-Sep-2021 at 20:28
не гледам абер од тоа секоја запуштена нива да се глорифицира како да е којзнае каков парк и тоа да е единствен аргумент за се... аман веќе
може да се дрискутира за габарит и намена на објектите и примери за тоа како би се уредил просторот со други решенија
конкретно тој простор таму е хаотичен, има лавиринти од пластениците на паркови и запуштените бараки во кои работат... се што е вон пластениците личи на депонија/индустриска зона
на булеварот се раштркани еден куп куќарки кои не знам зошто се оставени таму, кога еден куп други позначителни градби се изрушени низ градов

Edited by zabegan - 02-Sep-2021 at 20:28
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 55565758>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.406 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.