build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Урбанистички планови и парцели (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбанистички планови и парцели (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 5657585960 63>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1773
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1141 Posted: 08-May-2021 at 12:36
Според она што читам на твитер, наводно се работи за некаде во околина на Зегин директција во Капиштец карши Зембра према Водњанска. Наводно ДУП-от според кој се гради е од 2013-та донесен од тогашната власт на Општина Центар.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1142 Posted: 08-May-2021 at 14:03
Originally posted by user8642

   На твитер пишува дека е сликано некаде во Скопје. Не би ме изненадило стварно да е кај нас, ама неможам да тврдам дека е тука додека не знаеме точно за која локација се работи.

Колку треба еден ДУП да е направен со гс, за да дојде до вакво нешто на терен. Прво како е оставен тој процеп меѓу двете постоечки згради, па уште вака да се пополнува со трета зграда, со шпиц да влезе измеѓу.

И што е со терасиве од десната веќе постоечка зграда? Некој им продал тераси на калкален ѕид, па сега некој друг ќе им биде крив што "ги затвориле"??


Во Капиштец ти е ова,го имав и јас сликано пред месец дена,најгусиот дел од населбата со оглед на тоа дека оваа десно зграда со калкалниот ѕид чинам е дивоградба па после нешто е легализирано.Во секој случај тука приказната е завршена куќите ќе се заменат со згради и цената ќе им оди уште нагоре без оглед на хуманоста на условите за живеење,поглед,паркинг и слично,,,иста работа важи и за Стар Аеродром и други места каде едноставно нема назад и корекции.
Лошо е што менталитетот не се менува па и понатаму се создаваат планови по мерка на инвеститорите и голем е интересот секој да си ја замени старата куќа за стан.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1773
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1143 Posted: 08-May-2021 at 14:39
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 394
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #1144 Posted: 08-May-2021 at 14:44
Мислам дека се работи за оваа локација:
 41°59'31.66"N
 21°25'17.04"E


Извадок од ДУП:


Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1773
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1145 Posted: 08-May-2021 at 14:52
Уствари оваа цела зграда била таква, од сите страни имало прозори и тераси на калкалните ѕидови. Еве гледам сега според StreetView што фатил. Епа наздравје катакомбите.

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1146 Posted: 27-May-2021 at 17:27
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1147 Posted: 28-May-2021 at 13:08
Предлог ДУП-от за Ј 04 - Козле. Над ЈЗУ Институт за белодробни заболувања Козле се планирани 50-тина нови објекти. Најголем дел од нив со висина од 10,2 метри.



https://www.facebook.com/groups/883203825068334
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1148 Posted: 28-May-2021 at 17:24
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1149 Posted: 31-May-2021 at 17:15
ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ, ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ АКО ДУП-ОВИТЕ НЕ СЕ УСОГЛАСЕНИ СО ГУП-ОТ

Додека се крои судбина на парцелите во општина Центар преку евентуални суспензивни елаборати меѓу кои и тој за Холидеј Ин – во Собрание ќе се менува Законот за урбанистичко планирање во скратена постапка. Градоначалникот Саша Богдановиќ, во телефонски разговор, прашан дали се поднесени суспензивните елаборати појасни дека не знае дали истите ги пратиле во транспорт и врски. Но од Министерство за транспорт и врски во телефонски разговор велат дека веќе до нив стигнале околу 10 елаборати за суспензија, но не појаснија дали меѓу тие елаборати се наоѓа и тој за локацијата наспроти Холидеј ин.

Од друга страна Законот за урбанистичко планирање не издржа една година од неговото донесување – повторно ќе подлежи на измени и дополнувања. Во скратена постапка, во четврток, во Собрание ќе се прават измени на барања на дел од единиците на локална самоуправа. Пратеничката Маја Морачанин од ДОМ смета дека законот не смее да се носи во скратена постапка без поширока јавна дебата бидејќи истиот го дефинира квалитетот на живототна граѓаните.

„Навистина мислам дека кога се поднесуваат вакви измени, за Законот за урбанистичко планирање, е потребно појасно образложение што е целта да се постигне со овие измени и секако да биде вклучена пошироката јавност, пред се експертската јавност, урбанистите, архитектите, планерите, се разбира и граѓанските организации. јас колку што следам и експертската јавност до сега се нема за овие предложени измени за законот за урбанистичко планирање.“- вели пратеничката Маја Морачанин.

Од Асоцијацијата на архитекти не добивме одговор дали се запознати со идејата за предлог измените на Законот за урбанистичко планирање и дали планираат да реагираат на измените на законот кој ќе се прават во скратена постапка.

Но, од транспорт и врски на нашите прашања: Поради кои причини Законот за урбанистички планирање повторно ќе подлежи на измени и дополнувања, што се сака да се постигне со измените кои ќе бидат правени во скратена постапка без учество на експертите, планери, урбанисти, архитекти и останата јавност, како и тоа кои општини побарале да се направат промените од транспорт и врски не одговорија до затворањето на овој прилог.

Останува отворено прашањето, дали во периодот на евентуални суспензии на урбанистички планови забрзано се работи на измени и дополнувања на Законот за урбанистичко планирање    со цел да се оневозможи суспензија на планови за кои јавноста бурно реагираше, особено за локацијата наспроти Холидеј Ин.

https://24.mk/details/izmeni-na-zakonot-za-urbanistichko-planiranje-kje-mozhe-da-se-gradi-ako-dup-ovite-ne-se-usoglaseni-so-gup-ot
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1150 Posted: 02-Jun-2021 at 07:06
Originally posted by stef4o

Предлог ДУП-от за Ј 04 - Козле. Над ЈЗУ Институт за белодробни заболувања Козле се планирани 50-тина нови објекти. Најголем дел од нив со висина од 10,2 метри.



https://www.facebook.com/groups/883203825068334




https://www.facebook.com/groups/883203825068334
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1151 Posted: 02-Jun-2021 at 14:11
Богдановиќ: Ја собираме документацијата за спорните ДУП-ови, но мора поддршка и од надлежните институции

Постапувањето по заклучокот, вели Богдановиќ, трае, бидејќи станува збор за обемна документација која дел ја имаат, а дел мора да ја прибават од други институции.

– Кога ќе имаме конкретна информација и по мислење на Министерството за одреден елаборат ќе ви дадеме конкретна слика. Дали ќе биде дел, дали ќе биде цел опфат, на крајот ќе се заклучи во самото мислење. Ние сме ги дале сите параметри кои сметаа дека се потребни. Комисијата работи на тој проблем, станува збор за обемен материјал, бидејќи има многу земјишта кои се отуѓени со јавно наддавање за кои се почнати постапки. Потоа имате кривична оговорност, мора да координирате со обвинителство, со судовите бидејќи ако направите една мала штета, скапо може да ја чини Општината, рече Богдановиќ, додавајќи дека за да се промени одреден план, треба да се донесе нов план.

Со новите измени во Закон за урбанистичко планирање, смета тој, ќе се придонесе што побрзо да одат роковите, односно побрзо да се донесе план.

– Да не може по сто пати да се враќа кај планер, па да не постапува, па во институција, па институцијата имала тука некој или немала, па денес има една забелешка. Не! Еднаш треба да се кажат забелешките за да може што побрзо да го однесеме планот, бидејќи џабе разговараме, ако не донесеме нов план, како што сме имале нови планови, да отстраниме тоа што е спорно, вели Богдановиќ.

Додава дека има стиуации кога за одреден план имаат 10 пати враќање, и тогаш, како што вели, се губи во време.

После укинувањето на мораториумит вие не можете правно да спречите некој да си побара по стариот план, бидејќи веќе немате правна пречка. Затоа ни е брзањето, што побргу да траат процедурите, што побргу да се носат плановите за да може со нов план да го смениме стариот, рече Богдановиќ.

Прашан дали имаат притисоци со оглед на тоа дека инвеститорите се заканија дека ќе следат тужби доколку не се даде дозвола за градба, Богдановиќ посочи дека за неколку ситуации што поништувале одобренија и покренале постапки за раскинување се дадени на суд.

– Конкретно сега за катната гаража веќе се најавува рочиште каде треба да го раскинуваме договорот, нормално ние ќе ги браниме нашите ставови што сметаме дека е оправдано, а инвеститорот зошто не почнал со градба треба да ги брани своите ставови, тука имаме кривична пријава од наша и од нивна страна, вели Богдановиќ.

Уште еднаш повтори дека мора да се вклучат сите надлежни институции, бидејќи ова, како што рече, не е проблем само на Општина Центар и на Градот.

– Правиме се што можеме, ги брзаме работите, но затоа мора поддршка и од тие институции, заклучи Богдановиќ.

https://plusinfo.mk/bogdanovi-a-sobiirame-dokumentaci-ata-za-spornite-dup-ovi-no-mora-poddrshka-i-od-nadlezhnite-institucii/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1152 Posted: 04-Jun-2021 at 16:53
Со новиот ДУП во Карпош, тампон зеленилото околу детската болница во Козле се уништува



Со новиот Детален урбанистички план Ј04 Козле, кој ги поминал сите фази и наскоро ќе биде ставен на усвојување од Советот на Општина Карпош се предвидува во лозјата над Институтот за белодробни заболувања во населбата Козле да се градат објекти А1 – семејно домување, станбени куќи со дозволена катност од приземје, два ката и поткровје

Јавната анкета и јавната презентација за овој ДУП е спроведена во мандатот на претходниот градоначалникот Стевче Јакимовски во 2015 година, кога била донесена и одлука дека не е потребна стратегиска оценка за влијанието на животната средина во врска со предлог планот. Од општина Карпош во изјава за медиумите тврдат дека над болницата во Козле нема да се градат станбени згради, туку објекти за индивидуално домување, со максимална висина до 10 метри. Законот за оваа намена А1, предвидена во ДУП-от Ј 04, дозволува четири стана во еден објект.

Граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека набргу и тоа парче зеленило ќе отиде во историјата.

Стратегиската оценка би било пожелно да ја побараат од Министерството за животна средина и тоа да одлучи, бидејќи се работи за Парк шума Водно или евентуално од Град Скопје кој управува со Парк Шума Водно, вели архитект, Даница Павловска Циги за Радио Слободна Европа и додава: „Таму не треба да има ништо. Треба да биде зелено, затоа што се работи за некој тампон околу болницата. Како ќе се лекуваат децата таму ако наоколу имаат згради. Тоа место таму е одбрано за таква специфична намена затоа што е ориентирано кон шума, Водно, затоа што има струење на воздух од сите страни и таму децата се лекуваат. Значи тој како да го кажам тој атрибут, објектот на болницата Козле го губи“.

https://www.porta3.mk/so-noviot-dup-vo-karposh-tampon-zeleniloto-okolu-detskata-bolnica-vo-kozle-se-unishtuva/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1773
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1153 Posted: 04-Jun-2021 at 16:59
Можеби треба да размислиме out-of-the-box и да се запрашаме дали уствари на болницата и е местото тука. Што бара воопшто детска белодробна болница во сред загаден град?? Особена што на повисоките делови во Скопје има концентрација на издувни гасови во одреден слој кој немора да се секогаш ПМ честици. Овие повисоки делови почесто мирисаат на некакви си нитрати и сулфури заради концентрција на некои гасови баш на тие висини. Ајде да го остваиме овој објект да биде некакво идно школо, или што и да има потреба државата, а болницата да ја преместиме позади Водно, Скопска Црна Гора, Китка, Катланово. Има толку многу почисти делови околу градот, па немора да е баш тука.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1154 Posted: 10-Jun-2021 at 14:47
Дали Личиме на ЕУ? - ПАМЕТНА УРБАНИЗАЦИЈА ИЛИ НЕПРОМИСЛЕНА БЕТОНИЗАЦИЈА_E3



https://faktor.mk/dali-lichime-na-eu-treta-epizoda-skopje-naskoro-grad-so-milion-ziteli--losho-isplanirana-urbanizacija
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1155 Posted: 13-Jul-2021 at 07:21
ДУП-от за Градска четврт З 04, кај Борис Трајковски.
Со предлог ДУП се предвидува изградба на бензинска станица на површина од 1.525 метри квадратни. Оваа парцела е во сопственост на Пуцко Петрол



https://www.facebook.com/groups/883203825068334/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1156 Posted: 18-Aug-2021 at 11:07
Во Карпош 4(од твитер)



Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1773
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1157 Posted: 18-Aug-2021 at 11:50
Ова е измама на векот! Па добро една година едвај како пројде од најавата за парк. До толку ли?!
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1158 Posted: 18-Aug-2021 at 11:55
ЗГРАДИ И БУЛЕВАР ЌЕ НИКНАТ ВО СЦ БОРИС ТРАЈКОВСКИ! Скандалозен и криминален ДУП, алармира ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека градските власти преку урбанистички решенија изградба на улица и регулација на реката Вардар сакаат да го осквернават Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Од партијата повикаа граѓаните во петок во 13 часот да се соберат пред општина Карпош и да го спречат донесувањето на деталниот урбанистички план за тој дел од градот.
Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција денеска обвини дека градоначалниците на Град Скопје Петре Шилегов и на општина Карпош Стефан Богоев преку новиот деталниот урбанистички план за делот на градот кај Спортскиот центар планираат да пренаменат повеќе од 10.000 метри квадратни простор за изградба на улица и згради.
– Шилегов со помош на Богоев проектира нов булевар, кој треба да поминува директно низ картинг-центарот и тениските терени, како и терасата на базенот во рамки на спортскиот центар. Со оваа улица ќе се уништат повеќе од 10.000 метри квадратни корисна површина. Тениските терени, на пола пресечени со улицата, ќе бидат целосно бескорисни – рече Андоновски.
Тој информира дека булеварот со стариот ДУП бил планиран надвор од границите на Спортскиот центар.
– Заради градежни интереси, а тоа е зголемување на маркицата за градење на соседната парцела, Шилегов вцртува пат директно низ спортскиот центар и директно ги уништува картинг сталата, четирите тениски терени, како и летната тераса на базенот, сите државни објекти сопственост на спортскиот центар со имотен лист. Децата и младите од спортските клубови и од базенот ќе излегуваат директно на прометен булевар – вели Андоновски.

Тој рече дека со планот во просторот на тениските игралишта се планира изградба на згради.

– Дали ова значи дека некој ќе си ја зголеми сопствената парцела со државен имот од највисоко значење – спортско значење? На тој простор ќе се градат огромни згради. Бетонска џунгла наместо спорт – рече тој.

Андоновски соопшти дека Град Скопје планира да ја промена на намената на арената и базенот.
-Тие според овој план стануваат објекти од деловна намена, повторувам со деловна намена. Нема повеќе спорт во „Борис Трајковски“, ќе има бизнис и негово свесно уништување. Негативниот ефект се неколку милиони евра од инвестицијата во тениските терени изградени од Агенцијата за млади и спорт, летната тераса на базенот позната на сите скопјани и огромниот паркинг кои се уништени заради бизнис градежни интереси – рече тој.


Со овој план, додаде тој, се узурпира и иднината на преку 500 дечиња кои се дел од спортските клубови во базенот и тениските терени кои се дел од Спортскиот центар.

Тој потсети дека 55 милиони денари вложи владата на ВМРО-ДПМНЕ во изградба на тениски терени за иднината на македонскиот тенис. 3,5 милиони денари плати Спортскиот центар во комуналии за терените да се легални и да останат за следните генерации. Центарот има многу закупци и спортски клубови кои плаќаат кирија за своето спортско работење, а со тоа целиот Спортски центар остварува приходи во работењето. Таму се вработени и тренери, спортисти и помошен персонал.
Тој повика на 20 август (петок) во 13.00 часот, граѓаните да се појават во општина Карпош и да го спречат злостор со донесувањето на планот.

https://plusinfo.mk/zgradi-i-bulevar-e-niknat-vo-sc-boris-tra-kovski-skandalozen-i-kriminalen-dup-alarmira-vmro-dpmne/
Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 136
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #1159 Posted: 18-Aug-2021 at 12:27
А добро зошто вмро-дпмне мисли дека ова ги потресува карпошани ? Вмро-дпмне треба да порасне и да сфати еднаш засекогаш дека правилата,поплаките,проблемите што важат за нив во општини како карпош,центар,куманово,струмица,охрид...не важат кога тие се во опозиција. Едноставно си е така и тоа е тоа,најголемото зло од ова веројатно ќе биде изгледот на самите згради,сигурен сум дека дотичниот Неџат ќе купи квалитетна боја за фарбање.
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 462
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #1160 Posted: 18-Aug-2021 at 13:59
Како беше она... „важно се гради“   
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 5657585960 63>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.813 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.