build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбанистички планови и парцели (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 6061626364>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1221 Posted: 22-Aug-2022 at 16:47
Утре презентација на ДУП за Карпош 4, ќе се градат нови згради и деловни објекти

Жителите кои живеат во Карпош 4 и на просторот кај гимназијата „Нова“ до крајот на август можат да пополнуваат анкетни листови и да ги доставуваат своите забелешки за двата предложени детални урбанистички планови кои моментално се на јавна анкета – ДУП за Градска четврт 3 02, блок 3 02.02 и ДУП за Градска четврт 3 06, блок 05.



Жителите кои живеат во Карпош 4 и на просторот кај гимназијата „Нова“ до крајот на август можат да пополнуваат анкетни листови и да ги доставуваат своите забелешки за двата предложени детални урбанистички планови кои моментално се на јавна анкета – ДУП за Градска четврт 3 02, блок 3 02.02 и ДУП за Градска четврт 3 06, блок 05.

Утре за првиот ДУП кој го опфаќа просторот помеѓу улица Никола Парапунов, булевар Партизански одреди и кејот на Вардар, односно површина од речиси 12 хектари во Карпош 4, ќе има јавна презентацијата со почеток во 13 часот, а за другиот кој се однесува за простор во Тафталиџе, јавната презентација е закажана за 24 август во 13 часот.


Од „Независни за Карпош – За заштита на Карпош“ ги повикаа граѓаните да се информираат преку куќните совети и да се организираат за да присуствуваат во што поголем број на јавните презентации.

Притоа, од граѓанската иницијатива укажаа на неколку од содржините на Предлог –ДУП за Градска четврт 3 02, блок 3 02.02.

Делот околу белите кули – монтажна платформа за паркинг – со оглед на новите згради кои се градат, се сомневаме дека ќе биде доволно за нормално паркирање. Зградите кои се градат во моментов – на недоволно обезбедени градилишта, се со висини од П+5+Пк – паралелно на постоечките згради во редот на „Тинекс“, сите други што треба да се изградат и во преостанатиот дел со куќички П+6+Пк. Колку станови има во овие згради – толку паркинг простор треба да се обезбеди. Со оглед на тоа што ова е 2 Заштитна зона на бунарски систем Нерези – Лепенец, подземни паркинг нивоа треба да бидат ограничени – објаснуваат од “Независни за Карпош“.

Оттаму додаваат дека во преостанатиот дел од овој блок се предвидуваат две нови згради на самиот кеј на Вардар, со катност П+4+Пк и уште една зграда со две нивоа со висина П+4+Пк и едно ниво меѓу нив со П+1.

Останатите објекти во овој дел кои се со поголеми габарити се со деловна намена Б2 и висините се од 26 метри за П+6 и пониски меѓу нив П+1 до 8 метри висина. Круна на деловните објекти е огромниот квадрат на местото каде што во моментов има пазар кој е од 38 етри или 10 ката со приземје и понизок дел со „само“ 7 ката и висина од 28 метри. На Карпош му фалеле деловни објекти, паркинг нормално ќе се обезбеди – на цртежот, во реалност ќе бидеме сведоци на пренатрупани улици, нервозни возачи и дополнително загадување – велат од „Независни за Карпош“.

https://www.slobodenpecat.mk/utre-prezentacija-na-dup-za-karposh-4-kje-se-gradat-novi-zgradi-i-delovni-objekti/

Edited by stef4o - 22-Aug-2022 at 16:47
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1222 Posted: 22-Aug-2022 at 17:08








https://www.facebook.com/NezavisniZaKarpos
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1223 Posted: 26-Aug-2022 at 11:43
Северно од Влае 1 се наоѓаат т.н. Мавровски Куќи (Градска Четврт C3 26, Блок 1).
На 15.08 Општината објави дека за тој четврт ќе се организира Јавна Анкета по Предлог Детален Урбанистички План.

Од она што можеме да го забележиме од синтезниот план го издвојуваме следното:
1. На постоечките куќи им се дозволени 2 ката + поткровје. Тоа не е алармантно, дури и, зависно од останати услови, може да дозволува убав маалски живот
2. Не е јасно дали се планира градинка, болница или останата јавна установа иако има можност за такво нешто.
3. Онаму каде што има „празни плацеви“ се дозволени огромни згради т.н. Наполитанки.
4. Планирани се повеќе спортски објекти меѓу станбените згради, расфрлани без концепт. На цртеж бидејќи ознаката им е зелена, делуваат како зеленило, но не се тоа. Имаат определена катност и висина на објект.
Слично како во Александрија, што е преку улица од оваа населба, на просторите каде има магацини и привремени објекти, се планираат згради од 5 до 9 спратови.
Најалармантниот дел е целиот ред маркици за згради од приземје + 7 ката + поткровје покрај ул. Марк Твен (северно од раскрсницата кај Лепенец) кои се градат како „линиски центар“ кој е дозволен само покрај булевари.
Улица Марк Твен е продолжение на бул. Илинденска (кој така е нацртан во овој предлог ДУП, преземен од ГУП-от на Град Скопје иако техничките можности за директно поврзување со мост преку Вардар се скоро непостоечки поради бунарите во Долно Нерези (Лепенец) кои се резервни и многу битни за Скопје, а Градот нема најавено нејзино проширување и поврзување). Покрај оваа улица ќе може да се градат овие 7 згради од приземје + 7 ката + поткровје (во продолжение „9 - катници“) иако продолжението на бул. „Илинденска“ ниту постои, ниту е предвидена да се гради во следната деценија, а којзнае и дали некогаш ќе се изгради…, а сигурно населбата и улица Ацо Шопов немаат капацитет за да го издржат оптоварувањето кое би го предизвикале сите овие нови згради. Нели е логично прво да се изгради ЛИНИЈАТА-БУЛЕВАРОТ, па ЛИНИСКИОТ ЦЕНТАР? Каков е тој линиски центар без булевар?
Во внатрешноста на населбата се дозволени неколку згради од 4, 5 или 6 ката + поткровје на просторите каде сега нема куќи, односно има стопански објекти на големо државно земјиште (проверете ја парцелата КП 3127/1 од КО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 4 - ВЛАЕ). Таму каде што има паркинг, тој е на државно земјиште и со тоа општината ќе плаќа од свој џеб за изведба на паркинг за згради изградени од приватници. Тој паркинг треба да биде инкорпориран во маркиците на објектите, а државното земјиште да се пренамени.
Има многу прашања кои ги отвора овој ДУП.
Се отвора можност да се испланира целосно нова населба од нула!







https://www.facebook.com/BorbaZaVlae/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1224 Posted: 29-Aug-2022 at 13:47
Во новите ДУП-ови на Кале, ЦС 01 и ЦС 14, намалена катност на објектите и зеленило на површина од околу 30.000 м2.
Завршија јавните презентации на предлог ДУП-овите кои го регулираат просторот околу тврдината Кале.
Наместо хотелски комплекс со 6 ката и поткровје, катноста е намалена на 3 ката и добиено е зеленило на површина од 3.074 м2.
На местото на објект за спорт и рекреација, во новите планови предвидено е парковско зеленило на површина од 15.980 м2.
Во плановите избришана е планираната катна гаража на 8 нивоа и на нејзино место предвиден е јавен паркинг со 7.860 м2 зеленило.
За децата кои живеат во околината на тврдината Кале предвидовме и изградба на прва детска градинка во овој дел на Општина Центар, со што ќе решиме уште еден долгогодишен проблем.
Ова се само дел од придобивките на новите два плана.
Јавните анкети траат до 16-ти септември, а граѓаните до тогаш ќе можат своите идеи, предлози и забелешки за планот на пополнети анкетни листови да ги доставуваат до општината.











https://www.facebook.com/photo?fbid=460829559390825&set=pcb.460830759390705
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1225 Posted: 29-Aug-2022 at 13:50
КУЌИТЕ КАЈ КАЛЕ И МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ ЌЕ СЕ УРИВААТ ЗА ДА БИДЕ ЗЕЛЕНИЛО ОТИ ПРОСТОРOT Е ЗАШТИТЕНО ПОДРАЧЈЕ

Сите куќи кои се наоаѓаат кај скопската тврдина Кале и Музејот на современа уметност (МСУ) треба да се урнат, а просторот ќе биде парковско зеленило. Ова се предвидува со новиот Детален урбанистички план (ДУП) Градска четврт ЦС 14 Кале и СРЦ Кале за кој Општина Центар денеска организираше јавна презентација. На овој простор кој е заштитено подрачје има бараки кои се направени за време на земјотресот, но во последните години наголемо се градат куќи, згради и хотели дивоградби без градежни дозволи од Општина Центар.

„Со овој план, за првпат урбанистички е уреден и простор на и околу Калето за кој досега немало Детален урбанистички план. Куќите кои сега ги има, од кои дел се уште од земјотресот, со новиот план ги нема односно цел овој простор е парковско зеленило. Знаеме дека има објекти кои се и легализирани и затоа понатаму кога ќе се прави овој простор ќе бидат соодветно обештетени”, рече Билјана Насковиќ. раководителка на Одделението за урбанистичко планирање во Општина Центар.

Граѓаните кои присуствуваа на јавната анкета им кажаа на општинарите дека додека тие цртаа на хартија план, во тоа што го означуваат како зеленило секој ден никнуваат дивоградби.

„Вие додека цртате, 0вде хотел ви никна толкав, а никој не го виде за да спречи градба. Додека сега нам ни презентирате, овде имате багери и камион кои копаат дупка за нова зграда. Се јавуваме кај вас во Општина, но никој не интервенира“, рекоа граѓаните.

Од Општината им одговорија дека инспекциските служби веднаш ќе реагираат.

Од Музејот на современа уметност рекоа дека се задоволни со новиот план и со тоа што просторот од Каде до Музејот останува зелен простор, но повикаа на државен проект просторот да се среди и уреди, а не да биде темно сокаче како што е сега.

„Овде навечер е темно, цело зеленило е обраснато и запуштено, никој не го одржува, често има пожари. Мора да има државен проект за да се среди цел простор, да се уреди пристап од Кале до Музејот, на тој простор да се овозможи како отворен простор за изложување“, рекоа претставници од Музејот на современа уметност.

Во планот, на улицата Лазар Личеновски се предвидува да се изгради паркинг простор, а на парцелата каде имаше хотел сега има зеленило.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/kukite-kaj-kale-i-muzej-na-sovremena-umetnost-ke-se-urivaat-za-da-bide-zelenilo-oti-prostorot-e-zashtiteno-podrachje/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1226 Posted: 06-Sep-2022 at 11:56
ВО СКОПСКО ВЛАЕ ЌЕ НИКНЕ НОВА СТАНБЕНА НАСЕЛБА ЗА КОЈА ЌЕ СЕ ПРОБИВААТ УЛИЦИ НИЗ ДВОРОВИТЕ И КУЌИТЕ НА СТАРОСЕДЕЛЦИТЕ

Нова станбена населба ќе никне на празниот простор во Влае во близина на населбата Александрија. За изградбата на населбата ќе се пробиваат и прошируваат улици, за што ќе бидат одземени имотни од дворовите и ќе бидат урнати гаражите на староседелците чиишто куќи граничат со новата населба. Ова е предвидено со Деталниот урбанистички план (ДУП) за Градска четврт C3 26, Блок 1 кој опфаќа дел од населбата Влае или таканаречените мавровски куќи.

На вчерашаната јавна презентација беше кажано дека мора да се пробијат и прошируваат улиците за да се обезбеди пристап на новите жители на зградите. Зградите за кои се вцртани маркички се со висина од 5 до 7 ката.

„Зошто ја цртате улицата во нашите дворови кога може да биде на земјиштето каде ќе се градат новите згради, навистина нема логика кога имате празен простор, а вие цртате сообраќајница во нашите имоти. Уништувате живот на луѓе кои педесетина години живеат тука затоа што маркичките веќе ви се поделени, а на нас ни земате имот за да имате повеќе простор за нови згради“, рекоа жителите на населбата на јавната презентација на планот.

„Сакате улица која сега е широка 4,5 метри да ја проширите на 10 метри за да имаат пристап жителите од новите згради и на нас буквално ќе ни ги земете цели дворови и ќе ни минува улицата до самата куќа. Вие кога го правевте планот сте мислеле само на маркичките, но не и на нас. Овој план треба да ни овозможи подобар живот, но со ова што сте ни го испланирале ќе ни го уништите целосно мирниот маалски живот. Ги уништивте сите населби со куќи низ Скопје, сега на ред сме ние“, велат револтирано жителите.

Од Општина Карпош им кажаа дека овој план е многу подобар од претходните решенија, намалена била катноста на зградите, предвидени се спортски игралишта и зелени површини, како и маркичка за градинка.

„Оовј план не е конечен, изложен е тука пред вас за да ги чуеме вашите забелешки. Сите вие може да пополните анкетни листови кои ќе ги разгледа комисија“, рекоа претставниците од Општина Карпош.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vo-skopsko-vlae-ke-nikne-nova-stanbena-naselba-za-koja-ke-se-probivaat-ulitsi-niz-dvorovite-i-kukite-na-starosedeltsite/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1227 Posted: 20-Sep-2022 at 12:25
Овој потег на Трета Македонска долго време стои вака запуштен како див паркинг а има и некој гостилница Три Ангели и куќарка до тротоарот.Дали е предвидено нешто да се гради?



Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1228 Posted: 21-Nov-2022 at 12:11
Спорен ДУП претвори тивко маало во бетонски кањон

Звукот на циркуларната пила продира низ тесниот простор. Набргу ѝ се придружува чеканот, па хилтата, па мешалката за бетон, а багерот непрекинато се слуша како заднински звук.

За минувачите, непријатниот концерт трае неколку минути. Но, за жителите на населбата Капиштец, на улицата Козара и на околните помали улички, овој недиригиран оркестар свири секој ден, по цел ден, веќе осум години.

А сѐ почна откако стапи во сила деталниот урбанистички план за т.н. градска четврт Ј07 на Општина Центар, изгласан во јули 2014 година. Тој ги опфаќа локалитетите Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара, и во дел од нив овозможи семејните куќи да се заменат со станбени згради од пет, шест или седум ката, плус поткровја.



Сателитските снимки на Гугл покажуваат дека осум години се повеќе од доволно за инвеститорите да го видоизменат некогаш мирното маало во непосредна близина на центарот на градот, веднаш под Водно. Во круг со дијаметар од околу 300 метри веќе се направени триесетина згради, а има маркички за барем уште толку. Малите улички со куќи, дворови, градини и дрвја се претвораат во тесни кањони со бетонски карпи од по 20-25 метри од двете страни, низ кои сонцето продира само напладне.

Но, иако во приказните за скопското градење сме навикнале да ги слушаме оправдувањата дека „сѐ е според законот“, а на надлежните им се „врзани рацете“, овде работите не се толку чисти. Уставниот суд одлучи да прифати иницијатива, поднесена од локални жители, со кои се оспорува одлуката за усвојување на ДУП-от во 2014 година, бидејќи не била донесена со мнозинство гласови во Советот на Општина Центар. Од вкупно 23 советници, 11 гласале „за“, а еден бил „против“, па, сепак, планот влегол во сила. Со тоа, според иницијаторот, се прекршил Законот за локална самоуправа.

Планот познат и како „Плацови на Водно“



Планот за градската четврт Ј07 ги опфаќа и земјиштата што се дел од познатиот случај „Плацови на Водно“, во кој поранешниот премиер Никола Груевски беше првостепено осуден во отсуство на седум години затвор поради перење пари и противправно стекнување имот, а неколкумина други, меѓу кои неговиот поранешен кум Ристо Новачевски, бизнисменот Орце Камчев и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, исто така добија затворски казни.

Носењето на планот беше драматична епизода од работата на Советот на Центар по преземањето на власта од СДСМ и градоначалникот Андреј Жерновски во 2013 година. Тесното мнозинство во Советот од 12 советници на СДСМ наспроти 11 на ВМРО-ДПМНЕ првично го спречуваше носењето на урбанистичките решенија. Но, откако претседателот на Советот, Мирослав Шиповиќ, беше уапсен, па пуштен во 2014 година, неговото однесување се смени. Додека другите советници од СДСМ не учествуваа на расправата за овој и за други ДУП-ови, тој присуствуваше и гласал против. Со тоа обезбедуваше мнозинство за Советот да може да работи, а резултатот од 11 гласа наспроти 1 беше толкуван како одлука за усвојување на планот.



Жерновски се обидел да го спречи планот, поднесувајќи предлог да се запре неговото објавување во општинскиот службен гласник. Во него тој посочил дека ДУП-от е изгласан спротивно на Законот за локална самоуправа, односно без мнозинство од сите советници, како и дека не е усогласен со Генералниот урбанистички план. Советот, со истиот сооднос на гласови (11 „за“ и 1 „против“), пак, одлучил планот да се објави.

„Како градоначалник имав право еднаш да го запрам објавувањето, а кога Советот по вторпат ја донесе одлуката, планот стапи во сила. Ми остана само да поднесам иницијатива до Уставниот суд, но тој се прогласи за ненадлежен“, рече Жерновски за БИРН.

Одлуката со која се отфрла иницијативата на Жерновски во 2014 година стои на интернет-страницата на Уставниот суд, потпишана од поранешната претседателка на судот, Елена Гошева. Придружена е со долго образложение во кое се објаснува дека при подготовката на ДУП-от биле испочитувани сите законски чекори, од цртањето, преку јавните анкети, мислењата на разни институции итн. До него стои и издвоено мислење од тогашната уставна судијка Наташа Габер Дамјановска, во која таа укажува дека судот, иако требало, воопшто не се занимавал со тоа дали ДУП-от е изгласан во согласност со Законот за локална самоуправа и се држел само до тоа дали се исполнети одредбите од Законот за просторно и урбанистичко планирање.

Тивко стравување меѓу гласните градежни звуци



На плацовите на Водно, за кои се слушаше и во „бомбите“ што СДСМ ги објавуваше во текот на политичката криза во 2015 година, сѐ уште нема ништо изградено. Затоа, пак, подолу од нив, спорниот ДУП целосно го трансформираше просторот и ги направи неподносливи животите на многумина.

Во околината на улицата Козара, именувана по славната битка од Втората светска војна на југословенските партизани против окупациските сили, сѐ помалубројни се жителите што даваат отпор против нивниот сегашен „окупатор“ – градежниот бизнис. Тој уште одамна е во офанзива, па и на оваа Козара се чини извесна победата на „окупаторот“, слично како и на босанската планина во 1942 година.

Стравот е присутен низ сокаците во Капиштец. Не е видлив како бетонските ѕидови или гласен како градежните звуци, но се чувствува кај луѓето. Се обидовме да поразговараме со неколкумина што останале да живеат во куќи, но никој не сакаше да зборува јавно. Се жалат на притисоци, закани, дури и на физички напади поради различни обиди да го спречат градењето.



Надежта ја гледаат во новата иницијатива што Уставниот суд ја прифати и ќе ја разгледа во следниов период. Во неа ДУП-от повторно се оспорува поради истата причина – не бил донесен со мнозинство гласови во Советот.

„Немаме избор, мора некако да се бориме. Нарушени ни се основните услови за живот“, ни рече една од нив.

Откако судот сега формално изрази сомнеж во уставноста на одлуката за донесување на ДУП-от, на ред е да побара мислење од Општина Центар. Потоа ќе се подготви предлог за кој ќе се гласа на некоја од следните седници на судот.

https://prizma.mk/sporen-dup-pretvori-tivko-maalo-vo-betonski-kanon
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1229 Posted: 11-Jan-2023 at 17:44
ДУП-от со бензинската на Пуцко петрол на мета на уставниот суд-дали се отвора нова врата за милионска отштета од џебот на Карпошани



Деталниот Урбанистички План со бензинската пумпа на Пуцко-петрол на мета на Уставниот суд поради неусогласеност со Генералниот план, отворена е постапка за да се утврди дали ДУП-от до базенот Младост и салата Борис Трајковски е уставен или не. Ова отвора нова врата за можноста да се наплати милионска отштета од џебот на Карпошани и да се измолзе општинскиот буџет.

Плацот со години стои негибнат, општината Карпош во два наврати донесе Детален урбанистички план со кој предвидува бензинска пумпа,а инвеститорот Пуцко Петрол го купи државното земјиште и со години не гради и се обидува преку судски пат да извлече милиони евра од општинскиот буџет.

Во целата правно-урбанистичка драма со скапа цена повторно се вклучи Уставниот суд. Едногласно одлучија да ја прифатат иницијатива за разгледување дали ДУП-от е уставен или не.

-Уставниот суд досега разгледуваше само формални аспекти на иницијативите за уставност на ДУП-ови. Од приложеното се гледа дека е во ред. Но, во ДУП-от е ставена бензинска пумпа иако Генералниот урбанистички план, којшто е хиерархиски повисок, не предвидува тој тип на објект, беше став на уставен судија Осман Кадриу, известител за предметот со ДУП во Карпош.

-Нема дилема дека треба да се отвори постапка. Општина Карпош на најдрзок начин со план предвидува да се гради нешто што не е планирано, водејќи се од нечиј интерес, претседател на Уставен суд.

Уставниот суд донесе и времена мерка до одлучувањето со што се забранува издавање на било какви дозволи и одобренија за градба во конкретниот Урбанистички план.

Во дискусијата на уставните судии се слушна дека мора да се гледа и јавниот интерес за хуманизација на просторот што е содржано и во Уставот, а не како досега ДУП-овите да се гледаат само преку форма и покрај грешки како што е оваа.

Но, одлуката отвора и можност инвеститорот Пуцко Петрол да поведе нова постапка доколку планот биде поништен и како и пред неколку години да бара отштета од десетици милиони евра за изгубена добивка од бенизнска пумпа која не ја ни почнал.

Еднаш веќе доби отштета од над 15 милиони евра иако за плацот платил 2,3 милиони евра. Пресудата ја доби затоа што Уставниот суд го поништи конкретниот ДУП поради технички причини од постапката.

Но општината предводена од Стевче Јакимовски преку советот повторно го изгласа истиот ДУП (со исправена техничка греѓка и објавување на документ на веб страната), а Пуцко петрол со нова тужба бараше 15-тина милиони евра отштета.

Но на крај (преку Граѓански суд и Апелационен суд Скопје) и доби само 2,5 милиони евра колку што платил за плацот планиран за бензинска пумпа.

Инвеститорот не ни бара дозволи тврдејќи дека институциите му тврдат дека местото што го купил не е безбедно за пумпа и си бара милионска отштета. Еднаш веќе успеа, но во сегашната состојба и по конечната одлука на Уставниот суд, доколку го поништи ДУП-от ќе има нова шанса за молзење на буџетот на Карпош.

Доколку пак уставните судии го укинат ДУП-от тогаш ќе нема таква можност. А слични случаи кога поради институционални грешки, инвеститорите добиваат огромна отштета полека стануваат пракса во граѓанските постапки во суд.

https://telma.com.mk/2023/01/11/dup-ot-so-benzinskata-na-pucko-petrol-na-meta-na-ustavniot-sud-dali-se-otvora-nova-vrata-za-milionska-otshteta-od-dzhebot-na-karposhani/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1230 Posted: 25-Jan-2023 at 18:02
УСТАВНИОТ СУД ГО УКИНА ДУП-ОТ ЗА ВОДНО И КАПИШТЕЦ ДОНЕСЕН ВО 2014 ГОДИНА БЕЗ МНОЗИНСТВО СОВЕТНИЦИ

Уставниот суд денеска го укина деталниот урбанистички план (ДУП) на Општина Центар за Градска четврт Ј07 со локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило, Цвеќара, донесен во јули 2014 година.

Станува збор за планот со кој се опфатени плацевите на Водно на семејствата Камчеви и на избеганиот експремиер Никола Груевски за кои се водeше судски процес.

Како што велат од Уставниот суд, овој ДУП бил донесен иако не било обезбедено потребното мнозинство во Советот на општината.

„Судот оцени дека Одлуката за ДУП на Општина Центар е спротивна на Законот за локална самоуправа, поточно со членот 62 став 2 од овој Закон. Уставниот суд оцени дека не било обезбедено потребното мнозинство од 12 гласа ‘за’, како што предвидува законот“, изјави портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска, по денешната седница.

Од вкупно 23 члена, колку што броел Советот на Општина Центар, присутни биле 12 члена, од кои за донесување на одлука за деталниот урбанистички план гласале 11 члена, а еден бил против.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/ustavniot-sud-go-ukina-dup-ot-za-vodno-i-kapishtets-donesen-vo-2014-godina-bez-mnozinstvo-sovetnitsi/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1231 Posted: 22-Feb-2023 at 18:25
Укинат најголемиот ДУП, што со издадените решенија?!

Укинувањето на ДУП Ј07 со локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило, Цвеќара од страна на Уставниот суд и отвори голем проблем на Општина Центар. Бидејќи не е важечки и оној од 2014 година, практично тој дел од општината сега е без детален план.

-Ова е најголем ДУП можеби и во државава. За сега не можеме да постапуваме се додека не добиеме одговор околу толкувањето. Има пристигнато голем број на предмети. Инвеститорите зеле кредит, направиле идејно решение , а не можат ништо да реализираат, вели градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.      

За овој опфат од 1.1.2021, односно укинувањето на мораториумиот за градби од страна на Уставниот суд, Општина Центар има издадено 15 правосилни одобренија за градба, а површината која ја опфаќа планот е 136 хектари

Укинувањето на ДУП Ј07, со локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило, Цвеќара од страна на Уставниот суд и отвори голем проблем на Општина Центар. Бидејќи не е важечки и оној од 2014 година, практично тој дел од општината сега е без детален план.

Градоначалникот Горан Герасимовски и Општина Центар веќе започнале консултативни средби со сите засегнати страни и институции кои се вклучени во постапката за донесување на планот.

Како што изјави Герасимовски, оствариле средба со судии, за да видат што понатаму. Воедно, оствариле средба и со претседателот на парламентот за да побараме толкување. Освен тоа, со Министерството за транспорт и врски се подготвуваат и официјално да достават до Парламентот за тоа како да се толкува одлуката на Уставниот суд, бидејќи, како што вели Герасимовски, не знаат на кој член од законот да се повикаат.

Тој додава дека според закон треба да се почне со реализација на нов ДУП.

-Бидејќи немаме планирано средства за годинава од буџетот на Општина Центар за таа намена, ќе треба тие да се обезбедат со ребаланс – наведе Герасимовски.

Тој смета дека со оваа одлука на Уставниот суд се отворил голем проблем за Општина Центар.

-Ова е најголем ДУП можеби и во државава. За сега не можеме да постапуваме се додека не добиеме одговор околу толкувањето. Има пристигнато голем број на предмети. Инвеститорите зеле кредит, направиле идејно решение, а не можат ништо да реализираат – истакна Герасимовски.

Од Општина Центар информираат дека откако ќе се завршат сите консултативни процеси и се донесат релевантни заклучоци за натамошните чекори кои се однесуваат на овој план, Општина Центар навремено ќе ја информира јавноста.
Инаку, за овој опфат од 1.1.2021, односно укинувањето на мораториумот за градби од страна на Уставниот суд, Општина Центар има издадено 15 правосилни одобренија за градба, а површината која ја опфаќа планот е 136 хектари.

Уставниот суд на седницата на 25.01.2023 година ја укина Одлуката со која на 18 јули 2014-та година Советот на Општина Центар го донесе Детален урбанистички план Градска четврт Ј 07 со локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило, Цвеќара.

Тогаш судот оцени дека Одлуката за ДУП на Општина Центар е спротивна на Законот за локална самоуправа, поточно со членот 62 став 2 од овој Закон и оти не било обезбедено потребното мнозинство од 12 гласа „за“, како што предвидува Законот.

Тогаш портпаролка на Уставниот суд, Христина Беловска појасни дека согласно правното мислење на Судот, од вкупно 23 члена колку што броел Советот на Општина Центар присутни биле 12 члена, од кои „за“ донесување на Одлука за Деталниот урбанистички план гласале 11 члена, а еден бил против.

Според Судот со донесувањето на таа Одлука за Деталниот урбанистички план во Општина Центар е нарушена една од темелните вредности на уставниот поредок, а тоа е владеењето на правото.

Согласно одлуката на Уставниот суд, Општина Центар нема да може да издава одобренија за градби за конкретните локации кои се опфатени со Деталниот урбанистички план, бидејќи тој ДУП не постои од денот кога ќе биде објавена одлуката на Судот во „Службен весник“.

Подносител на иницијативата е Томе Симоновски, граѓанин од Скопје.

https://www.vecer.press/укинат-најголемиот-дуп-што-со-издаден/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1232 Posted: 05-Apr-2023 at 16:54
УСТАВЕН СУД ГО УКИНА ПЛАНОТ ЗА КАРПОШ 3, „ПУЦКО ПЕТРОЛ“ НЕ МОЖЕ ДА ГРАДИ БЕНЗИНСКА ПУМПА

Уставниот суд на денешната седница го укина Деталниот урбанистички план (ДУП) за градска четврт 3 04 блок 04.05 на Општина Карпош, за просторот кај базенот „Борис Трајковски“. Со тоа не смее да се реализираат содржините кои се предвидени со него,па „Пуцко петрол“ не може да гради бензинска пумпа.

Судот утврди дека ДУП-от е неусогласен со Генералниот урбанистички план (ГУП), бидејќи се предвидува изградба на бензинска пумпа која е објект со класа на намена Е, на место кое што е планирано за зеленило и изградба на објекти со класа на намена А и Б, односно објекти за домување и делумно комерцијални објекти.

„Поконкретно, просторот каде се планира изградбата на бензинска пума е означен како коридор низ кој минува топловодна, гасоводна, фекална и водоводна инфраструктура. Уставниот суд оцени дека со вака донесената одлука на Општина Карпош се повредува начелото на владеење на правото, унапредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата предвидени во Уставот, но исто така е направена и повреда на членот 4 од Законот за урбанистичко планирање, бидејќи донесениот ДУП не е во согласност со ГУП“, се вели во соопштението од Уставен суд.

Иницијативата за укинување на ДУП-от беше поднесена на 3 април 2022 од Наташа Шурбановска.

На 3 март лани, со 16 гласови „за“ од советниците на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ И ГРОМ, Советот на Општина Карпош го усвои Деталниот урбанистички план (ДУП) за Градска четврт З 04, Блок 3 04.05. Против планот беа советниците од „Независни за Карпош“ и од Левица, кои не ни присуствуваа на вонредната седница на која единствена точка на дневен ред беше усвојување на планот.

Со планот, на празниот простор пред ВИП Арена „Борис Трајковски“ паралелно со булеварот 8 Септември се предвидува бензинска пумпа, како и нова улица која ќе минува покрај терасата на базенот.

Земјиштето за изградба на бензинската пумпа веќе е продадено на фирмата „Пуцко Петрол“ и поради тоа градоначалникот Стевчо Јакимовски тврдеше дека мора итно да се донесе планот, во спротивно Општината ќе биде тужена. За овој план Јакимовски се скара и со градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, само неколку месеци откако дојдоа на функција, велејќи дека таа не му се јавува и го кочи донесувањето на планот, а на Општината ѝ се заканува тужба.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ustaven-sud-go-ukina-planot-za-karposh-3-putsko-petrol-ne-mozhe-da-gradi-benzinska-pumpa/
Carpe diem
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 528
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #1233 Posted: 11-Apr-2023 at 12:13
Со предложениот урбанистички план за четврт ЈИ-09 во Аердором се планира 12-катница на раскрсницата помеѓу бул. „Србија“ и „3 македонска бригада“ и уште 3 8-катници на самиот тротоар на бул. „Србија“ спроти 4° Golden Art-Аеродром:



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1234 Posted: 11-Apr-2023 at 16:47
Азманов: Кривична пријава за советниците на Општина Карпош



Еден од нив е и Зоран Азманов кој веќе 6-та година чека општината да го донесе Деталниот урбанистички план за Тафталиџе 1, за да може да го комплетира компексот што го изгради пред Уставиот суд да го укине планот. Но, оттогаш, вели, општината воопшто не постапила по препораките и забелешките од судот иако тоа требало да го направи во рок од една година, за планот повторно да биде во функција.

Тој смета дека постапките се кочат поради инает и лични хирови, кои дел од советниците ги ставаат пред самиот закон.

Не може некој да си води инает и да вика ние нема да донесуваме дуп-ови. Ти си избран таму за советник, за да донесуваш дуп-ови, а не да не донесуваш и да не работиш. Значи, ако има некои проблеми во дуп-от, треба да се отстранат меѓутоа не и да не се донесуваат, бидејќи таков ДУП постоел и заради таквиот ДУП што постоел некој инвестирал пари и купил, каде е тука правната сигурност на инвеститорот?

Сега Азманов, најавува и тужби со кои ќе бара отштета од 3,5 милиони евра.

-Нашето уставно право е загрозено и укинато, за да не можеме да градиме, за што сме ја купиле и таа парцела, а општината ќе треба да плати штета доколку не се донесе новиот ДУП. Јас не би сакал да ја тужам мојата општина Карпош, каде сум израснал, меѓутоа, ако бидам приморан, ние ќе мораме и тоа да го направиме, а за таа штета советниците кривично треба да одговараат. Во судска постапка ние сигурно ќе ги добиеме бидејќи, ако постои правна држава и праведен суд, не да гледа општината ќе биде оштетена или не, ако гледа по закон ние мора да го добиеме тој процес бидејќи со закон ни е гарантирано тоа право и мораме да го добиеме и со тоа се нанесува штата на општината,-Зоран Азманов – Инвеститор.

Според Азманов, ваквите постапки прават да се чувствува како граѓанин од втор ред во својата држава, бидејќи, ако бил некој странски инвеститор веќе одамна ќе имало решение на проблемот.

Ова место стои заградено и го огрубува просторот веќе шест години, а како што вели сопственикот и покрај уредната документација не може да продолжи со градба.

Во општина Карпош 30-тина ДУП-ови се заглавени во процедури, па ниту граѓаните ниту фирмите не можат ниту да градат, ниту да доградуваат.. Градоначланикот Стевчо Јакимовски, вината за ова ја лоцираше во Советот на општината, во која мнозинство има ВМРО-ДПМНЕ.

https://kanal5.com.mk/azmanov-krivichna-prijava-za-sovetnicite-na-opshtina-karposh/a577076
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1235 Posted: 11-Apr-2023 at 16:57
Не сакаме згради во населбата Лисиче!



Велат дека Општината Аеродром на нетранспарентен начин и исклучиво на нивна штета се обидува да го протурка новиот предлог ДУП за кој потенцираат, оние жители што го виделе, дека предвидува т.н. урбанизација, изградба на згради, нови улици кои ќе минуваат низ нивните дворови и куќи. – Не сакаме згради, како што се планира со предлог ДУП-от. Истото мислење го имаат сите мои соседи, кои не сакаат да ѝ ги дадат своите дворови на градежната мафија или на поединци – вели еден жител на овој блок.

Од Општина Аеродром за весникот ВЕЧЕР нагласија дека посочениот ДУП е изработен пред неколку години. Во него, најголемиот дел од парцелите, односно повеќе од 95 %, се наменети за А1-објекти за индивидуално домување, односно за семејни објекти. – Најважно од сè е дека тој во ниту еден случај не предвидува изградба на стотици згради. Напротив, решава проблем на стотици граѓани во овој дел од Општината – велат од локалната самоуправа



Со пораките „Спречете ја бетонизацијата на населбата Лисиче“ и „Стоп за градежниот хаос“, жители на оваа скопска населба се спротивставуваат на она што го предвидува предлог деталниот урбанистички план за градскиот кварт ЈИ09 блок 09.01, кој од 30 март до 13 април е изложен во просториите на основното училиште „Димитар Македонски“.

Велат дека Општината Аеродром на нетранспарентен начин и исклучиво на нивна штета се обидува да го протурка новиот предлог ДУП за кој потенцираат, оние жители што го виделе, дека предвидува т.н. урбанизација, изградба на згради, нови улици кои ќе минуваат низ нивните дворови и куќи. Имено, овој блок граничи со пругата од југ, булеварите „Србија“ од запад и „12. Македонска бригада“ од север и во него има само куќи за индивидуално живеење.

– Не сакаме згради, како што се планира со предлог ДУП-от. Истото мислење го имаат сите мои соседи, кои не сакаат да ѝ ги дадат своите дворови на градежната мафија или на поединци – вели еден жител на овој блок.

Смета дека нивната населба е и така густо населена.

– Не сакаме бетонизација на нашата најзагадена населба во земјава и во светот, која и така со децении дише на жабри – вели тој.

Ги повикува своите соседи да реагираат со пополнување на анкетните листови со цел да ја спречат, како што вели, бетонизацијата на Лисиче.

Од Општина Аеродром за весникот ВЕЧЕР нагласија дека посочениот ДУП е изработен пред неколку години, пред доаѓањето на Тимчо Муцунски за градоначалник во Општина Аеродром.

– Во него, најголемиот дел од парцелите, односно повеќе од 95 %, се наменети за А1-објекти за индивидуално домување, односно за семејни објекти, што кажува за фактот дека со него се решаваат инфраструктурни и сообраќајни проблеми. Но, неговото донесување ќе значи и забрзување на процесот на решавање на веќе поднесените барања за легализација на бесправно изградените индивидуални објекти во ова населено место. Најважно од сè е дека тој во ниту еден случај не предвидува изградба на стотици згради. Напротив, решава проблем на стотици граѓани во овој дел од Општината – велат од локалната самоуправа.

Оттаму нагласуваат дека целата постапка за измена на постојниот ДУП е јавна, транспарентна и во согласност со законите.

– Токму поради тоа, во тек е јавната анкета, преку која граѓаните со свои забелешки и сугестии може да даваат предлози за негова корекција и доработка. И во таа насока, уште еднаш ги повикуваме граѓаните да го погледнат планот, да ги пополнат анкетните листови и да се уверат за што станува збор. Воедно, да увидат дека информациите што се пласираат во јавноста се целосна лага и невистина. Токму забелешките од граѓаните ќе бидат основа за носење поквалитетен детален урбанистички план, а финалната верзија од ДУП-от ќе биде изработена по завршувањето на јавната анкета и во неа ќе бидат земени предвид мислењата и ставовите на граѓаните што живеат во овие населени места – истакнуваат од Општина Аеродром.

Оттаму потенцираат дека Општината ги носи одлуките во консултација и соработка со граѓаните.

– Фактот дека за конкретниот ДУП веќе тече постапка на консултација со јавноста е уште една потврда за тоа. Општината Аеродром, преку стручните служби, стои целосно на располагање за сите прашања и забелешки на граѓаните – велат од Општина Аеродром.

https://www.vecer.press/не-сакаме-згради-во-населбата-лисиче/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1236 Posted: 13-Apr-2023 at 16:46
Случај Лисиче: Кој ги крои урбанистичките политики во Скопје

Кога крупен градежник ќе купи нива, логично е да се очекува дека на неа ќе никне зграда. Наскоро тоа може да се случи во населбата Лисиче, каде што двајцата сопственици на познатата компанија „Голден арт“, Роберт Јакимовски и Ивица Јаќимовски, имаат во сопственост пет катастарски парцели со вкупна површина од 1.181 квадратен метар, заведени во имотниот лист како ниви.

Тие, со новиот детален урбанистички план што сѐ уште е во подготовка, треба да влезат во градежна парцела на која е предвидена 12-катница, односно станбен објект со приземје, десет ката и поткровје. Таа ќе биде најголема од редицата висококатници предвидени во деталниот урбанистички план што до денеска е на јавен увид. Освен имотите на Јакимовски и Јаќимовски, парцелата опфаќа и земјишта на други сопственици, непознати во градежниот бизнис.

Често можело да се види во Скопје како градежни инвеститори купуваат празно земјиште и прават згради, но не е секогаш јасно како тие проценуваат кое земјиште ќе биде „плодно“ за градба на висококатници. Многумина од нив, кога ќе се соочеле со напади за нивната улога во градежниот хаос во градот, во своја одбрана велеле дека тие не ги кројат урбанистичките политики, туку тоа го прават општините, а компаниите-инвеститори само го користат тоа што им е законски и плански овозможено.

Со тоа се објаснува купувањето парцели на кои веќе има вцртано градежни маркички во важечки ДУП-ови. Но, дали е секогаш така? Примерот во Лисиче покажува дека има случаи во кои уште пред да се усвои нов ДУП, дури и пред неговата содржина и информациите за тоа што ќе може да се гради да ѝ станат достапни на јавноста, градежници веќе да се позиционирале.

Сопственик – чувар на стекнатите градежни права

ДУП-от беше ставен на јавна анкета на 30 март годинава, а јавната презентација се одржала на 3 април. Како што вели едниот сосопственик и воедно директор на компанијата, Ивица Јаќимовски, тие ја почнале постапката за купување на парцелите во мај минатата година. Запишани се на нивните лични имиња, а не на име на фирмата.

„Не бев информиран дека има постапка за менување на ДУП-от, а во близина немаме други имоти. Што се однесува до плановите за овие парцели, во моментов немаме конкретен план за градба. Интензивно работиме на други тековни проекти каде што сме целосно ангажирани, а планови за овие парцели ќе се прават во иднина“, рече Јаќимовски за БИРН.

„Голден арт“ е градежна фирма што е мошне активна во Општина Аеродром, но и во други делови од Скопје. Изгради неколку висококатници во Стар Аеродром, а заедно со партнерска фирма направи еден комплекс згради покрај булеварот Трета македонска бригада кај Американ колеџ, и гради нов комплекс покрај булеварот Србија, на 500 метри јужно од кулите Џеваир. Земјиштата што лани ги купиле Јакимовски и Јаќимовски се наоѓаат веднаш спроти проектот што им е во градба во моментов. Тие згради се изѕидани и се во фаза на внатрешно и надворешно уредување, а имаат по приземје, десет ката и поткровје, исто како што се предвидува во новиот ДУП за Лисиче.

Компанијата има земјиште и во кругот на поранешната фабрика „Треска“ во Општина Центар, каде што имаше граѓанска иницијатива да се смени ДУП-от и да се направи повеќе зеленило. Јаќимовски, кој освен што ја води сопствената компанија, е и претседател на Градежната комора, кога ги коментирал иницијативите за промена на ДУП-овите заради ограничување на градежните димензии, истакнувал дека тоа „не може да се прави на штета на стекнатите права на градежните инвеститори и да им се намали од вредноста“.

Од планска населба до затвор на отворено

Дали Јаќимовски ќе се стекне со право на градба и во Лисиче, ќе се знае кога ДУП-от ќе биде изгласан. Со земјиште веќе се стекнал, не знаејќи, како што тврди, дека токму кај него „ќе се падне“ највисоката зграда.

Лисиче е плански изградена населба во 1970-тите, по земјотресот, за семејно домување во куќи и досега никогаш во урбанистичките планови за тој реон не се предвидувале станбени згради. Со новиот ДУП треба да и има вкупно девет. Три ќе бидат на осум нивоа (приземје, шест ката и поткровје) покрај булеварот Србија, на земјиште што сега е главно неизградено и каде што работи еден автоплац за користени возила. Пет згради треба да има покрај булеварот 12 Македонска бригада, на места каде што сега има изградени куќи. На аголот меѓу овие два булевари, пак, е предвидена зграда од 12 нивоа.

„Лисиче е најзагадената населба веројатно во светот. Аерозагадувањето урива рекорди. А со новиот план покрај булеварот Србија ќе се направат ред згради што целосно ќе ни го затворат протокот на воздух и ќе бидеме како во затвор на отворено“, вели Тодор Кацаров, локален жител и активист, кој откако дознал за планот, ги алармирал жителите да реагираат против неговото усвојување додека трае јавната анкета.

Како и во повеќе други случаи во Скопје, каде што подготвувањето нови урбанистички планови поттикнувало создавање нови граѓански иницијативи и самоорганизирање, така и тој веќе создал групи и страници на социјалните мрежи и ги поврзал соседите за да разменуваат информации. Самиот вели дека биле инспирирани од „Борба за Влае“.

„Се сомневаме дека ова ќе ја отвори Пандорината кутија за уште повеќе згради. Досега тука се живееше мирно и имавме чувство на заедница, а сега сето тоа ќе се уништи“, додава Кацаров.

„Разбудени“ граѓани против „транспарентна“ општина

Жителите и општината влегоа во расправија за тоа дали планот се носел транспарентно или локалната власт се обидела да го протне без никој да го забележи. Според граѓаните, плакат со информации за јавната презентација и анкета биле закачени во локалниот трговски центар што не е на територијата за која се однесува предложениот ДУП, а општината на интернет го објавила соопштението, но на страницата за урбанизам, а не и на главната страница за вести.

„Тоа покажува дека општината го направила апсолутниот минимум за информирање, колку легално да биде чиста, а суштински не ги информирала граѓаните. Затоа ние дури на 9 април дознавме дека тука се планира градба, на четири дена пред истекот на рокот за поднесување анкетни листови“, додаде Кацаров.

Од општината, неколкупати во јавноста излегоа со тврдење дека целата постапка била транспарентна. На прашање на БИРН оттаму одговорија дека постапката за подготовка на ДУП-от почнала во 2019, на барање на граѓани што живеат таму.

Процедурата за носење детален план опфаќа дваесетина чекори, а јавната анкета, кога содржината предложена во него станува достапна за граѓаните, е 11-ти чекор во таа низа. По неа се можни измени во решенијата. За да стане важечки, планот треба да се изгласа од општинскиот совет.

„Финалната верзија од ДУП-от ќе биде изработена по завршување на јавната анкета и во неа ќе бидат земени предвид најголемиот дел од мислењата и ставовите на граѓаните што живеат во овие населени места“, рекоа од општината за БИРН.

Оттаму потенцираат дека згради се вцртани само во линиите покрај булеварите, каде што дел од сопствениците биле иницијатори за донесување на планот, додека 95 проценти од парцелите ќе останат за семејно домување.

„Станува збор само за предлог-решение на планерот, кое е во согласност со законските прописи и со ГУП-от на Град Скопје“, додадоа од општината.

Веќе имало стотина поднесени анкетни листови, сите со негативно мислење. И нивното поднесување, според жителите, не било едноставно, бидејќи немало формулар на интернет, а во салата каде што планот бил поставен, немале печатач, па нашле еден лист што го фотокопирале за сите што сакаат да реагираат.

Резултатот досега ги охрабрува жителите дека сегашната верзија на ДУП-от нема да се усвои, но велат дека не смеат да се опуштат.

„Можеби сега планот ќе пропадне, бидејќи општината ќе види реакции. Но, за неколку месеци повторно ќе пробаат, и повторно, и повторно, надевајќи се дека при некој обид граѓаните нема да забележат. Тоа нема да се случи. За кратко време добро се организиравме и сега ќе ги следиме сите чекори што ги прави општината во врска со населбата, и секој ќе може да ги информира другите“, велат локалните активисти.

https://prizma.mk/sluchaj-lisiche-koj-gi-kroi-urbanistichkite-politiki-vo-skopje/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1237 Posted: 14-Apr-2023 at 09:48
ДЕВЕТ ЗГРАДИ МЕЃУ КОИ И ЕДНА 12-КАТНИЦА ЌЕ СЕ ГРАДАТ ВО СКОПСКАТА НАСЕЛБАТА ЛИСИЧЕ КОЈА СЕГА Е САМО СО КУЌИ



Девет згради се предвидува да се градат во населбата Лисиче со новиот Детален урбанистички план ЈИ09 блок 09.01. Жителите на населбата се против планот и бараат Општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски да го повлечат. Велат дека не сакаат бетонизација на населбата која е само со куќи и испланирана за индивидуално домување.

„Лисиче е најзагадена општина во Скопје, и сега со новиот план околу нашите куќи се цртаат висококатници. Ќе бидиме затворени со бетонски ѕид и целосно ќе се оневозможи протокот на воздух. Предлог-планот беше нетранспарентно објевен. За јавната презентација не знаеше никој, а дека во тек е јавна анкета дознавме неколку дена пред нејзиното завршување“, вели Тодор Коцаров, жител на населбата Лисиче.

Јавната анкета заврши вчера, а според информациите од Општина Аеродром, поднесени се околу 150 анкетни листови, што според нив покажува дека не се точни тврдењата на жителите дека постапката е водена нетранспарентно.

САКАМДАКАЖАМ.МК беше во Општина Аеродром на увид на планот, за кој надлежните рекоа дека постапката била почната уште од времето на ексградоначалникот Златко Марин. Планот се прави на барање на граѓаните, односно на сопственците на земјиштето долж булеварот Србија каде всушност се нацртани и висококатниците.

Според предлог-планот, долж булеварот Србија на просторот каде сега нема објекти туку само еден автоплац за продажба на коли, има маркички за четири големи згради. Три се осумкатници со приземје, 6 ката и поткровје, а зградата на ќошот меѓу булевар Србија и улицата 12. Македонска бригада е 12-катници со приземје, 10 ката и поткровје.

„Барањето за носењето на планот е од сопствениците на овие парцели. Тоа сега е неуреден простор и развој Општината може да гледа само во овој дел. Она што никој не кажува е дека веднаш до овие згради предвидовме голем парк, односно зелена површина меѓу зградите и куќите“, велат од Општина Аеродром.

Пет згради се предвидени и долж улицата 12. Македонска бригада, со што на сопствениците на куќите на овој потег им се дозволува да можат да градат згради од приземје, 4 ката и поткровје.

„Со планот 95 отсто од намените остануваат исти, односно домување во индивидуални куќи. Згради се нацртани само на булеварот Србија и пет куќи на 12. Макеоднска бригада добиваат намена А2. Тоа мораше да се направи за да бидеме во согласнот со Генералниот урбанистички план (ГУП). Според постојната состојба, бројката на изградени куќи за индивидуално домување е поголема од онаа што ја предвидува ГУП-от. Овие се веќе големи и убави куќи и не веруваме дека сопственците ќе градат згради. Не се чепка од зеленилото и патеките пред куќите“, велат од Општина Аеродром.

Граѓаните го оспоруваат планот и поради тоа што им се зема од дворните места за пробивање улици. Од Општината велат дека главно станува збор за постојните улици, но според новите законски измени за градба, минималната ширина на улиците треба да е 5,5 метри, а не 3,5 метри како што беше досега. Велат дека новиот план мора да се нацрта според законските одредби, но тоа не значи дека сите улици ќе бидат изведени.

Од Општина Аеродром велат дека во наредниот период ќе се разгледуваат анкетните листови на граѓаните, а ќе им бидат прифатени барањата на сите оние кои имаат издржани аргументи.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/devet-zgradi-megu-koi-i-edna-12-katnitsa-ke-se-gradat-vo-skopskata-naselbata-lisiche-koja-sega-e-samo-so-kuki/
Carpe diem
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1238 Posted: 14-Apr-2023 at 12:40
Ајде доста плачење. Ако се гради во центар, зашто се гради во центар. Кога ќе дојдат на ред Бутел и Лисиче, пак јадење бабури. Тука и е местото за згради. Само напред.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1239 Posted: 17-Apr-2023 at 17:39


Во однос на Лисиче мислам дека веќе доволно се изгради налетот на Адора,Настел и други компании пред 10-тина години сосем доволно го пополнија добар дел од Реонски и населба Лисиче кои се реално со најголема загаденост во текот на зимата истото важи и за Маџари делот кај ФОН и околината.
Инаку на локациите нема ништо посебно неколку плацови за половни коли и празни површини и ќе се пополни сигурно со некој голем комплекс на ГА.
Мислев дека откако ќе завршат со воените бараки во Стар Аеродром ќе спласне градењето во Аеродром но не испадна така.
Во иднина очекувам да се градат нови згради од десната страна на 3-та Македонска Бригада во линија со Урбан Гарден и Порта Супериум бидејќи и тој дел има многу такви напуштени објекти и перални и секако уште згради во Мичурин и кај што остана место во Стар Аеродром.

Сепак сите се служат со инфраструктура од минатиот век,во многу од населбите освен по некоја сервисна улица нема ништо друго од потребната инфраструктура за колку-толку да се намали хаосот во утринските и попладневните часови.

Пробивање на ул.Борис Кидрич,Фрањо Клуз во полн профил,сервисна во Острово кај Вучко за новите згради и неколку катни или подземни гаражи можат многу да придонесат за дел од населбите.




Carpe diem
Back to Top
Bridgeburner View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-Jan-2023
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 76
  Quote Bridgeburner Quote  Post ReplyReply #1240 Posted: 17-Apr-2023 at 19:21
Originally posted by stef4o



Во однос на Лисиче мислам дека веќе доволно се изгради налетот на Адора,Настел и други компании пред 10-тина години сосем доволно го пополнија добар дел од Реонски и населба Лисиче кои се реално со најголема загаденост во текот на зимата истото важи и за Маџари делот кај ФОН и околината.
Инаку на локациите нема ништо посебно неколку плацови за половни коли и празни површини и ќе се пополни сигурно со некој голем комплекс на ГА.
Мислев дека откако ќе завршат со воените бараки во Стар Аеродром ќе спласне градењето во Аеродром но не испадна така.
Во иднина очекувам да се градат нови згради од десната страна на 3-та Македонска Бригада во линија со Урбан Гарден и Порта Супериум бидејќи и тој дел има многу такви напуштени објекти и перални и секако уште згради во Мичурин и кај што остана место во Стар Аеродром.

Сепак сите се служат со инфраструктура од минатиот век,во многу од населбите освен по некоја сервисна улица нема ништо друго од потребната инфраструктура за колку-толку да се намали хаосот во утринските и попладневните часови.

Пробивање на ул.Борис Кидрич,Фрањо Клуз во полн профил,сервисна во Острово кај Вучко за новите згради и неколку катни или подземни гаражи можат многу да придонесат за дел од населбите.


Делот кај Фон тек допрва ќе се гради, плус делот црквата Свети Спас во Маџари моментално каде што гради Дени интернационал , од црквата кон центар се ќе биде згради, сеуште не е официјално претставен планот.

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 6061626364>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.246 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.