build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбанистички планови и парцели (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 61626364>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1241 Posted: 19-Apr-2023 at 12:35
ВИСОКОКАТНИЦИТЕ КОИ ТРЕБА ДА НИКНАТ ВО ЛИСИЧЕ СЕ НАЦРТАНИ НАД ГЛАВНАТА ГАСОВОДНА ЦЕВКА

Новите згради од 8 и 12 ката кои се предвидуваат да се градат во скопската населба Лисиче се нацртани врз главната гасоводна цевка. Цевката за гас со Ф-400 со која се поврзуваат и снабдуваат со гас погоните во поранешната фабрика Железара и фабриката „Усје“ минува покрај булеварот Србија односно до нивите каде со новиот план кој го прави Општина Аеродром се цртаат маркички за висококатниците.

На овој потег, како што велат од Акционерско друштво за вршење на енергетска дејност за пренос на природен гас во државна сопственост НОМАГАС, не смее да се градат згради, односно ако тоа се прави, тогаш цевката треба да биде дислоцирана.

„При изработката на планот од Општина Аеродром побарани се податоци за гасоводната инфраструктура на овој потег. Известени се дека таму се наоѓа главната цевка и дека не може да се градат згради. Доколку се нацртаат згради и некој добие дозвола за градба, тогаш градежникот на свој трошок треба да ја дислоцира цевката, што е скапа работа“, велат од НОМАГАС.

Според новиот Детален урбанистички план ЈИ09 блок 09.01 во населбата Лисиче се предвидуваат маркички за девет згради. Долж булеварот Србија на просторот каде сега нема објекти туку само еден автоплац за продажба на коли, има маркички за четири големи згради. Три се осумкатници со приземје, 6 ката и поткровје, а зградата на ќошот меѓу булевар Србија и улицата 12. Македонска бригада е 12-катници со приземје, 10 ката и поткровје. Пет згради се предвидени и долж улицата 12. Македонска бригада, со што на сопствениците на куќите на овој потег им се дозволува да можат да градат згради од приземје, 4 ката и поткровје.

Парцелата каде ќе се гради 12-катницата е со сопственост на Роберт Јакимовски и Ивица Јаќимовски, газди на градежната фирма „Голден арт“. Тие лани во мај купуваат нива на булевар Србија и кратко време по тоа Општина Аеродром на таа нива црта маркичка за 12-катница.

Советникот од СДСМ во Советот на Општина Аеродром Милутин Ристески вели дека на денешен ден, пред точно една година, Советот примил три донации меѓу кои една е од градежната фирма „Голден арт“.

„Точките беа доставени на самата седница, не 7 дена порано, како што е редот. Една од овие донации е 5 милиони денари, за парк на улица Владимир Комаров. Донацијата е од градежна компанија чие име упорно се крие во сите објави за паркот. Е сега, исто лани, сопствениците на оваа компанија си купиле во Лисиче нива. Тимчо им црта зграда на 12 ката во нивата на раскрсницата на булевар Србија со булевар 12-та Македонска бригада“, напиша на својот Фејсбук профил Ристески.

[https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/visokokatnitsite-koi-treba-da-niknat-vo-lisiche-se-natsrtani-nad-glavnata-gasovodna-tsevka
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1242 Posted: 19-Apr-2023 at 17:22
10.2 m – висинската кота која ги уништува индивидуалните семејни куќи



Состојбата со урбанизмот во Македонија е одамна дебата без среќен крај. Најцелосната слика се доживува во Скопје каде сите форми на урбани интервенции можеме да ги пресретнеме. Градот кој оваа година бележи 60 години од неговата обнова, истовремено одбележува и 30 години обратен правец од аспект на визијата во првите 30 години.

Идејата за капитализмот е вулгаризирана, злоупотребена и половично успешна. Многу лаги и погрешно развиени бизниси, базирани на политички врски, обратни процеси, нереални кредити, а со тоа и огромен притисок врз јавниот простор. Сите кои сакаа да заработат, да градат и да инвестираат секако ќе можеа тоа да го направат и со здраворазумен урбанизам, за кој државата воопшто не беше заинтересирана.

Скопје одамна го изгуби удобството што го имаше во неговите населби, каде се играше топка, плочка или ластик по улиците. Точно е дека овој град се разликуваше од другите метрополи по сопствениот нетипично балансиран градежен фонд на колективни и индивидуални станбени објекти, но тоа и го правеше посебен. Тешко е дека ќе најдевме друг град во светот (пред 20тина години) кој има толку населби со куќи во својот урбан дел, со убави пропорции и ортогонална мрежа на улици. На моменти делови наликуваа субурбано, но со внимателни гестови кои можеме да ги увидиме кај населбата Тафталиџе, која во допирот со булеварот „ Партизански Одреди“ создава таканаречена градска слика формирана со висококатници, истото ќе можеше да се примени и во другите делови од градот.



Населбата Тафталиџе со зоната на колективни станбени објекти на северната страна кон булеварот „Партизански одреди“ и индивидуалните станбени објекти кон внатрешната јужна страна / фото: Google earth

Развојот на метрополите и економските прогресивни општества секогаш носеле градежна експанзија, но таа не значи дека треба да е неорганизирана и игнорантска кон знаењата стекнати во засегнатата професија. Скопје и својата поделеност во однос на локалната власт произведуваат се, само не визија. Кога би ја имале, нешто од овие простори ќе беа возможни да се сочуваат. Сега создаваме хаос, кој во иднина во која се надеваме на благосостојба, ќе предизвика луѓето кои сакаат да живеат во куќа спасот да го бараат во околината (што веќе и се случува).

Она кое во не така далечното минато, го круниса овој тренд е котата 10.2 m која беше донесена со посебен закон кој прегазуваше и над урбанистичките планови. Со таа уредба секој можеше да го надгради својот објект или изгради нов до оваа кота, над која правилниците дозволуваат и изградба на поткровје со висина на слеме + 4.5m. Дури и онаму каде урбанистите не предвидуваа ваква кота, после тој чин, истата можеше да се применува.

Оваа височина овозможува организација на високо приземје и два ката, и над тоа кога ќе додадете поткровје со скриена галерија, вие добивате објект на 4-5 нивоа. Тоа е се, само индивидуален станбен објект – не! Заблудата дека развојот е постојано градење дури и во своите парцели е прашање со несреќен крај. Истото го направивме и со колективните станбени објекти, кои со секој ДУП добиваат дозвола за доградби на тераси, надградби и најпоразителното од се – индивидуални интервенции кои апсолутно немаат обврска да ја пратат архитектурата на објектот.

На убавите куќи, кои најчесто беа високо приземје со полуниво или приземје со кат, најмногу П +1 + Пк, се нафрливме на надградби кои создаваат вистински архитектонски фавели. На злосторната кота 10.2m за индивидуални станбени објекти му се придружуваат и бројот на станбените единици, кои во блиското минато во некои детални урбанистички планови беа дозволени 6, па дури и 8 ст. единици. Која е таа куќа со 8 станови во неа? Кое е тоа семејство со толку членови? Перверзијата на ваквите премолчени урбанистички небулози, постепено се намалува, но сеуште можеме да пресретнеме индивидуална станбена куќа со 4 станбени единици, која е повторно дискутабилна бројка. Повеќе од 2, најмногу 3 станбени единици (во одредени зони) во еден објект е манипулација за која не треба да сте експерт да ја препознаете.



Котата 10.2 метри во скопските населби, каде имаме профил на улица од 3 – 3.5 метри е злостор со кој лесно можете да го одземете природното осветлување на соседот северно од вас. Онаму каде имаме профил на коловоз од 7 m и тротоар остава простор за поинакви височини, но не и малите улици каде објектите се блиски еден спроти друг. Затоа можеби е време да се предефинира што значат намените А1 и А2. Објект со 4 станбени единици во градовите не може да биде индивидуална семејна куќа по дефиниција, во време кога ретко децата продолжуваат да живеат во ист објект со своите родители. „Гастербајтерскиот“ урбанизам пожелно е да застане во урбаните средини.

https://marh.mk/10-2-visinskata-kota-koja-gi-unishtuva-individualnite-kukji/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1243 Posted: 25-Apr-2023 at 06:37
Визуелизација на маркичките во Лисиче





https://www.facebook.com/100091505812008/videos/1318040205445562
Carpe diem
Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 349
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #1244 Posted: 25-Apr-2023 at 14:21
Пак ЅИДОЈ ито залепени до улица

Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1245 Posted: 25-Apr-2023 at 18:50
Тенденциозни се сликите. За реална претстава да се добие би било добро да бидат ставени и Жито Лукс, и новите згради околу, и хемиско, па и куќите ако требало. Зашто вака излага дека авторот има против све што штрчи од земја, што значи и зградите и крстот. И повторно ќе кажам, има некое непотребно расположение се шири дека секогаш кога се гради, дека по автоматизам нечини. Па ова е на внатрешна обиколница на Скопје, ако тука не треба да се шири градот, тогаш каде треба. Ем Дебар Маало нечини, ем Лисиче нечини. Дајте, решете се, приберете се малку со тоа љубомората и размислувајте трезвено.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1108
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #1246 Posted: 25-Apr-2023 at 20:08
Има локации други колку сакаш за градење. Не треба толку блиску до булевар да се гради, никаква вредност нема таков објект. Што корист има градот од објект од типот на ЗСФ кај Мајчин дом или Голден Арт кај Цементара, освен комуналии што отишле за изградба на некој квазипарк? Да земеме ако не цел Јане Сандански, 8 Септември и Србија (единствени што останаа со широки појаси зеленило) да ги претвориме во Партизанска?

Види мапа на општина Аеродром, повеќе од пола е неизградена. Нека се шири плански со населби од типот на Реонски центар и Ново Лисиче 2. Може не се идеални, ама од ливади се претворија во колку толку пристојни места за живеење, со паркинзи, школи, маркети итн. Ова насадување објекти кај што не им е место е многу опасен тренд. Зошто после се до Близнак да не се гради покрај булевар? Нека протестира раја, битно да се гради.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1247 Posted: 10-May-2023 at 11:34
Урбанизмот се самоуби во Скопје





УРБАНИЗМОТ Е НУСПОЈАВА НА ЖЕЛБИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ

Законот за урбанистичко планирање вели дека „во просторот опфатен со урбанистичките планови, јавен интерес е уредувањето и хуманизацијата на просторот, заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата, како и зачувувањето на природните и културните вредности на просторот“, исто така и дека „се штити јавниот интерес кој е приоритетен, додека приватниот интерес се обезбедува согласно со закон“. Но, на дело е друг концепт – инвеститорски урбанизам, односно начин на водење урбана политика кој најчесто овозможува спроведување на сите (материјални) интереси на инвеститорот, а на штета на јавниот интерес и на потребите на граѓаните.

Урбанистичкото планирање кај нас всушност е нуспојава на желбите на инвеститорите. Наместо урбанизмот да го лечи градот, неговите контраиндикации силно удираат на јавниот простор, па така наместо повеќе простор за престој на граѓаните, како несакани дејства добиваме сè потесни тротоари, (на дел од нив и паркирани возила за кои, замислете, паркирањето се плаќа), кои граѓаните буквално ги исфрлаат да пешачат по сообраќајниците, велосипедски патеки загрозени од возила, наместо дрвја, се добиваат саксии по тераси или бајки за некави зелени кровови, кои концепти поради скапото и сложено одржување не се применуваат масовно ни во многу побогати земји.



Омиленото прашање до планерите е врз основа на кои параметри сте планирале? И ќе остане без одговор, затоа што параметри немаат, а и ако ги имаат не се сигурни дека се точни. Во меѓувреме заборавиле дека урбанизмот се менува како и светот, па така и тие мора да се менуваат и унапредуваат. Инаку зошто служи децениската работа и искуство?

И така урбанизмот се самоуби. Ѓаволот, односно политичарите и инвеститорите си дојдоа по своето. Планерите избраа страна, и станаа лесна и евтина стока, додуша не сите се продадоа само за плата. Има ретки исклучоци, но тие се сметаат за изгубени случаи. Во работењето природно е и потребно да се спротивставуваат ставови, но здрав натпревар на идеи и дебати не постои.

ПЛАНИРАЊЕТО ПОЧНУВА И ЗАВРШУВА СО ТРИТЕ МЕТРИ ОД ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА

Скопје веќе не се гради како целина, сè повеќе се обликува како делови од поединечни објекти или микроамбиенти. Речиси потполно престана да постои целосен аспект на планирање на град. Дури ни урбанистите кои ги работат деталните планови не го согледуваат целосниот аспект, не знаат што се случува ниту во соседната четврт, туку слепо се фокусираат на предметниот план додавајќи катови на катастарски парцели, формирајќи површини за градење со поместување на линијата на имотната парцела на растојание помеѓу површините за градење и границите на градежната парцела најмалку три метри за градби високи до 6,6 метри, за оние повисоките прописите се други, но генерално планирањето почнува и завршува со трите метри од градежна парцела и дозволена бруто-развиена површина, секако еркерите не влегуваат во истата.



ДУП – „ЧАДОР“ ЗА НОСЕЊЕ ПРОБЛЕМАТИЧНИ ОДЛУКИ

Ако погледнеме наназад ќе констатираме дека во поранешниот систем државата била „главен инвеститор“, дека тогаш постоело долгорочно планирање, кое имало и свои мани (детерминистички аспект, непроменливост и нефлексибилност) и свои предности (планирањето внимателно го третирало градското земјиште, контролирало користењето, постоела контрола над ликот, димензиите и елементите на развитокот на градот). Скопје во некои свои делови останало недооформено, поточно недоизградено, плановите се оформени, но не и до крај реализирани. И наместо да покажеме дека умееме да почитуваме и полека да ги спроведуваме, или, бидејќи мислиме дека „повеќе не бива“, да направиме нови и подобри, ние се доведовме во ситуација кога на државата не ѝ е грижа, а се јавуваат слободни актери и лични интереси (читај профит), кои ниту имаат поглед на состојбите, ниту ги интересира. Случајот со единствената преостаната локација во строгиот центар на Скопје, единствениот „плоштад“, е најсвеж пример, можеби последната пропуштена шанса да покажеме дека умееме подобро од она што со децении му се случува на Скопје. Но, не – наивно поверувавме дека со „Скопје 2014“ конечно ја научивме лекцијата, за многу брзо да ја повториме грешката, е овој пат со „посовремено“ архитектонско обликување. А ДУП-от остана да биде „чадор“ за носење проблематични одлуки за уредување на просторот со максимална политичка поддршка на личниот интерес. За „Скопје 2014“ гласно ни кажаа и покажаа што ќе ни се случи, додека гласно се смеевме неверувајќи дека е можно. Овој пат не дека некој поверува, но сепак потајно се понадева дека можеби ќе биде поинаку, за да биде најбезобразно омаловажуван дека сака да засади нива со брокули, додека некој сесрдно го подари ДУП-от, новите „симболи“ и „иконични“ објекти на градот никнуваат, а уличето „Мирче Ацев“, волшебно ќе се претвори во булевар, за подземната улица (предвидена со планот) не е сега моментот да прашуваме.

ПЛАНОВИТЕ СЕ НЕПРИМЕНЛИВИ

По децении неуспешна борба против корупцијата во урбанизмот Општина Центар воведе Мораториум за градење. Но, бидејќи ниту актуелната власт, ниту опозицијата во ниту еден момент вистински не застанаа зад оваа одлука, Мораториумот доживуваше многу сопки и саботирања од судот, инвеститорите, сопствениците на локациите, планерите, архитектите. Донесе само напредок во делот на широко општествено препознавање на проблемот и подигање на свеста за значењето на плановите и можноста граѓаните да влијаат (за последново не сум сигурна). Но Мораториумот не успеа, не ги разреши проблемите. Го извади пред јавноста валканиот веш, она што архитектите веќе го знаеа – како се планира: не се почитуваат ниту, со закон пропишани, стандарди и нормативи за заштита и спасување, заштита на животната средина, сообраќај и безбедност во сообраќајот, комунални услуги, заштита на културно наследство, параметрите зададени во ГУП-от селективно се исполнуваат или не исполнуваат, со најголеми пречекорувања во бројот на предвидени жители, постојната состојба не е доволно ажурирана итн. Сите овие забелешки беа доставени до планерите и она што за мене беше најневеројатно, се очекуваше истите оние кои ги направиле (свесно, по наредба или од незнаење) да постапат по нив.

Мораториумот имаше влијание и на градењето, а со тоа и на работата на проектантите. Постои една дилема која не гледам дека се разрешува, најголем дел од локациите во општината се изградени, закочени се оние преостанати „ќумези“ кои чекаат инвеститорот да им изгради станови, што со нив? Во меѓувреме општината има повисоки критериуми, 20 отсто зеленило на локација, 50 отсто дозволено паркирање возила со механизми (лифтови) итн. Но, сето тоа на истите планови. Едноставно законските услови и нормативи е невозможно да се спроведат во постоечките планови, што значи тие се неприменливи, мислам и на плановите и на стандардите. Многу би сакала општините да излезат со статистика колку проекти добиле одобрение за градење со паркирање предвидено со механизми, а колку од нив се реализирани според одобренијата. Мислам дека речиси ниту еден. А зошто е тоа така? Па повторно заради неприменливоста на плановите, димензиите и геометриите на површините за градење често се несоодветни со дозволените површини за градење и не кореспондираат со стандардите и со нормативите за проектирање. И не, не се за ова криви инвеститорите. Криви се прво планерите, а потоа сите по ред во непрекинатиот ланец.

УРБАНАТА НОРМА Е ЈАВНО ДОБРО

Свеста за потрошливоста на просторот како ресурс, односно неговата незаменливост, декларативно е прифатен факт. Но сè до моментот, додека не дојде на ред личниот интерес, приоритет е што повеќе изграденост и „станови за децата“.

Проблемите се цело време исти, не сме напреднале во борбата за подобро урбанистичко планирање. Скопје стана град на поединечни објекти и ситуации. Урбанистичкото планирање долгорочно, среднорочно или краткорочно сè помалку е значајно бидејќи објектите се „случуваат“ како посебни одобрени проекти, зависно од инвеститорот и од интересот. Во планирањето се повеќе недостасуваат анализи, а користа од студии е непроценлива и вон процедурите на плановите поради добивање аргументи во процесите на носење квалитетни одлуки за просторот. Односот на јавните и приватни интереси во градскиот простор е посредуван со особеностите на градот како човечки, општествен и историски артефакт. Затоа поимите јавен и приватен интерес немаат само економско значење, ниту можат да бидат сведени само на економска димензија. Амбиенталните карактеристики на градот не се само прост збир на приватни интереси на приватните имоти, туку посебни вредности што ги прават јавните добра. Во поглед на сопственичкиот статус јавното добро може да биде и приватно. Јавните интереси во приватните сопствености се утврдуваат со воспоставување на статусот на доброто и режимот на негово користење пропишан од надлежната институција на основа на законските прописи.



Целата сторија тука

https://www.porta3.mk/urbanizmot-se-samoubi-vo-skopje/
Carpe diem
Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 349
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #1248 Posted: 10-May-2023 at 14:11
Ова чаршафиве шо ги пишет,за себе ги пишет ? Кој мислат дека ги читат ?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1249 Posted: 21-May-2023 at 14:06
„РУЗВЕЛТОВА“ – УЛИЦА НА СПРОТИВНОСТИ, СПОЈ НА СТАРОТО И МОДЕРНОТО





Ако тргнете на прошетка по улица „Рузвелтова“ во делот од Елена Лука кон булевар „Партизански одреди“ ќе забележите дека оваа улица е всушност улица на спротивности, судир на старото и новото
Од десната страна на улицата се наредени едно до друго трошни куќарки едвај по еден метар висина вкопани во земја кои се веќе ретка глетка во градот. Тие се репрезент на едно друго време кога Скопје немаше повеќекатници и индивидуалното домување во вакви куќи беше прилично застапено. Во тоа време на прсти се броеја палатите или големите куќи во Градот. Оваа класа на луѓе кои можеле ова да си го дозволат биле навистина малку и сите ги знаеле.
А сега, ситуацијата е во голема мера променета. Палати за индивидуално домување на секој чекор. Токму затоа од левата страна на улицата сликата е драстично поинаква. Мини згради со дуќани во приземјето гордо стојат бранејќи ги боите на модерно Скопје со фасади во најразлични бои.

Од општина Центар изјавија дека оваа локација која е опфатена во планското решение на Изменување и дополнување на Детален урбанистички план Буњаковец 2, плански период 2011-2016 е донесен со одлука на Советот на Општина Центар број 07-9331/10, на 10.12.2012 год.
„Согласно наведената планска документација, од левата страна на ул. „Франклин Рузвелт“, во потегот од ул. „Владимир Полежиновски“ (именувана во планската документација со старото име како ул. „Иван Милутиновиќ“) до ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ предвидени се шест градежни парцели (ГП 6.01, ГП 6.03, ГП 6.05, ГП 6.07, ГП 6.09 и ГП 6.11) со намена А2 – Домување во станбени згради, со максимална катност од 19.2 метри и катност од П+5+Пк, како и локација со намена Д1 – Парковско зеленило“, изјавија од општина Центар.

Значи и од оваа страна на Рузвелтова ќе никнат згради, според Деталниот урбанистички план за овој дел од градот. Прашање на време е кога и оваа страна на улицата ќе се модернизира и големите инвеститори ќе се офајдат продавајќи метар квадратен по 2000 евра.

https://091info.mk/2023/05/17/рузвелтова-улица-на-спротивности-спо/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1250 Posted: 12-Jun-2023 at 13:09
ОПШТИНА АЕРОДРОМ ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД ГЕНОЦИДОТ НА НАСЕЛБАТА, ЖИТЕЛИТЕ НА СКОПСКО ЛИСИЧЕ В СРЕДА НА ПРОТЕСТ ПРОТИВ НОВИОТ ПЛАН ЗА ОБЛАКОДЕРИ

Жителите на скопската населба Лисиче в среда ќе протестираат против новиот Детален урбанистички план (ДУП) за нивната населба, кој го подготвува Општина Аеродром. Протестот ќе се одржи на булевар Србија кај крстот, со почеток во 17.30 часот.

„Заедно да кажеме стоп на урбаната мафија и насилната бетонизација која ни следува. Ги повикуваме сите граѓани кои се гневни на градежниот геноцид кои му случува на Скопје, да дојдат и заедно да спречиме населба Лисиче да стане дел од таа приказна“, велат жителите на Лисиче организатори на протестот.

Според новиот Детален урбанистички план ЈИ09 блок 09.01, во населбата Лисиче се предвидуваат маркички за девет згради. Долж булеварот Србија на просторот каде сега нема објекти туку само еден автоплац за продажба на коли, има маркички за четири големи згради. Три се осумкатници со приземје, 6 ката и поткровје, а зградата на ќошот меѓу булевар Србија и улицата 12. Македонска бригада е 12-катници со приземје, 10 ката и поткровје. Пет згради се предвидени и долж улицата 12. Македонска бригада, со што на сопствениците на куќите на овој потег им се дозволува да можат да градат згради од приземје, 4 ката и поткровје.

Парцелата каде ќе се гради 12-катницата е со сопственост на Роберт Јакимовски и Ивица Јаќимовски, газди на градежната фирма „Голден арт“. Тие лани во мај купуваат нива на булевар Србија и кратко време потоа Општина Аеродром на таа нива црта маркичка за 12-катница.

Овод дел од населбата Лисиче сега е само со куќи и, како што велат жителите, со новиот ДУП ќе се наруши мирниот маалски живот и Лисиче ќе стане како и останатиот дел од Скопје, затрупан со згради на секој чекор.

Дополнителен проблем е тоа што новите згради од 8 и 12 ката кои се предвидуваат да се градат се нацртани врз главната гасоводна цевка. Цевката за гас со Ф-400 со која се поврзуваат и снабдуваат со гас погоните во поранешната фабрика Железара и фабриката УСЈЕ минува покрај булеварот Србија, односно до нивите каде со новиот план ќе никнат висококатниците. На овој потег, како што велат од Акционерско друштво за вршење на енергетска дејност за пренос на природен гас во државна сопственост НОМАГАС, не смее да се градат згради, односно ако тоа се прави, тогаш цевката треба да биде дислоцирана.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-aerodrom-da-se-otkazhe-od-genotsidot-na-naselbata-zhitelite-na-skopsko-lisiche-v-sreda-na-protest-protiv-noviot-plan-za-oblakoderi/
Carpe diem
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1251 Posted: 12-Jun-2023 at 15:49
Градење згради во ниви сред град и систематско убивање група луѓе поради нивни карактеристики не се иста работа. А и 12 ката не се облакодери.


Edited by Staro Skopje - 12-Jun-2023 at 15:50
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1252 Posted: 13-Jun-2023 at 12:58
ОПШТИНА АЕРОДРОМ ЌЕ ПРАВИ НОВ ПЛАН ЗА СКОПСКО ЛИСИЧЕ, НЕ СЕ ЗНАЕ ДАЛИ ЌЕ ИМА ЗГРАДИ

Ќе се прави нов Детален урбанистички план (ДУП) за населбата Лисиче, но не се знае дали сите маркички за згради ќе бидат избришани. Откако жителите ма населбата неколку месеци водат битка против бетонизација на населбата и за утре најавија протести, од Општина Аеродром денес соопштија дека веќе тече постапката за ревидирање на првата и изработка на втора ревидирана верзија на Деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче.

„Комисијата за урбанизам во Општината ги разгледа и прифати најголем дел од забелешките кои граѓаните ги доставија во рамки на јавната анкета. По завршување на оваа фаза, планерската фирма веќе изработува, а Општина Аеродром наскоро ќе ја објави новата ревидирана верзија на планот кој како и досега во рамките на отворена и транспарентна постапка ќе биде изложен на јавна анкета и истиот ќе биде презентиран пред граѓаните и медиумите”, велат од Општина Аеродром.

Од Општината велат дека интересот на граѓаните е приоритет во носењето на сите одлуки и финалната верзија ќе биде во согласност со потребите и барањата на граѓаните.

Според оспорениот Детален урбанистички план ЈИ09 блок 09.01, во населбата Лисиче се предвидуваат маркички за девет згради. Долж булеварот Србија на просторот каде сега нема објекти туку само еден автоплац за продажба на коли, има маркички за четири големи згради. Три се осумкатници со приземје, 6 ката и поткровје, а зградата на ќошот меѓу булевар Србија и улицата 12. Македонска бригада е 12-катници со приземје, 10 ката и поткровје. Пет згради се предвидени и долж улицата 12. Македонска бригада, со што на сопствениците на куќите на овој потег им се дозволува да можат да градат згради од приземје, 4 ката и поткровје.

Парцелата каде ќе се гради 12-катницата е со сопственост на Роберт Јакимовски и Ивица Јаќимовски, газди на градежната фирма „Голден арт“. Тие лани во мај купуваат нива на булевар Србија и кратко време потоа Општина Аеродром на таа нива црта маркичка за 12-катница.

Овод дел од населбата Лисиче сега е само со куќи и, како што велат жителите, со новиот ДУП ќе се наруши мирниот маалски живот и Лисиче ќе стане како и останатиот дел од Скопје, затрупан со згради на секој чекор.

Дополнителен проблем е тоа што новите згради од 8 и 12 ката кои се предвидуваат да се градат се нацртани врз главната гасоводна цевка. Цевката за гас со Ф-400 со која се поврзуваат и снабдуваат со гас погоните во поранешната фабрика Железара и фабриката УСЈЕ минува покрај булеварот Србија, односно до нивите каде со новиот план ќе никнат висококатниците. На овој потег, како што велат од Акционерско друштво за вршење на енергетска дејност за пренос на природен гас во државна сопственост НОМАГАС, не смее да се градат згради, односно ако тоа се прави, тогаш цевката треба да биде дислоцирана.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-aerodrom-ke-pravi-nov-plan-za-skopsko-lisiche-ne-se-znae-dali-ke-ima-zgradi/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1253 Posted: 27-Jun-2023 at 16:57
Општина Аеродром неофицијално ги прифатила барањата на граѓаните, се намалува бројот и катноста на станбени објекти во Лисиче

Значително намалување на бројот на станбени објекти и намалување на катноста на објектите кои остануваат, предвидува новата верзија на деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче, за кој Општина Аеродром веќе објави повик за спроведување на јавна анкета.

Општина Аеродром неофицијално ги прифатила најголемиот дел од барањата на граѓаните кои бараа измена на првичната верзија на деталниот урбанистички план и изработка на нова верзија која ќе биде согласно нивните барања.

– Општина Аеродром ги разгледа и прифати најголемиот дел од барањата на граѓаните. Се очекува проектантската компанија да изработи нова верзија во која ќе бидат внесени голем дел од барањата на граѓаните. Решавање на клучните проблеми на граѓаните е наш најважен приоритет – стои во една од последните објави кој општината ги објави на својата фејсбук-страница.

Освен прифаќање на барањата за намалување на бројот на објекти и нивната катност, неофицијално новиот ДУП, предвидува и решавање на проблемот со легализација на повеќе од стотина индивидуални домови.

Од општината не ги коментираат овие информации, само велат дека во следните денови ќе oдржат и средба со медиумите на која ќе бидат презентирани направените измени.

https://www.vecer.press/општина-аеродром-неофијаоги-при/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1254 Posted: 04-Jul-2023 at 12:45
Граѓаните од Карпош реагираат: Зелениот појас кај булeвaрот „Мит. Теодосиј Гологанов“ Стевче Јакимовски планира да го насади со згради



Противење на предложениот Детален урбанистички план со кој зелениот појас покрај булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“ треба да добие повеќе згради и улица, искажуваат жителите од овој дел на општина Карпош. За утре е закажана седница на Советот на Општина Карпош на која четврта точка од дневниот ред е гласањето за Деталниот урбанистички план Ј03 блок 02. Жителите околу овој предлог одамна искажале незадоволство но општинската управа не се откажува од него. Граѓаните се категорични во отпорот детското игралиште, фонтаната и огромното зеленило покрај булеварот „Мит. Теодосиј Гологанов“ да се претворат во згради. Тие за утре пред Универзитетот за туризам и менаџмент, каде што треба да се одржи седницата на Советот на општината, најавуваат протест. Според нив, ова е „криминална промена на урбанистички план во Општина Карпош од страна на сегашниот градоначалник Стевче Јакимовски“. Ќе се поднесат и потписи од огромна група на незадоволни граѓани за бришење на оваа точка од дневен ред,

Граѓаните испратија и писмото до јавност во кое наведуваат следно:

-Овој план содржи сервисна улица пред зградите од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, од број 149 до фабриката „Реплек“. Тоа е зелениот појас кој почнува од спротива на старата болница „Систина“ до „Реплек“, преку улица на студенскиот дом „Гоце Делчев“. Тука има игралиште за деца и фонтана и шеталиште за жители од 17 згради.

А зад зградите на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, т.е. на улицата „Јуриј Гагарин“ каде што има паркинг за зградите и куќите, во план е да се прави сервисна улица до „Реплек“. Ова се прави со цел да се добие сообраќаен пристап за градежна парцела на која се наоѓа маркица за градење на 4 згради. Една зграда е со 11 ката и поткровје, една со 7 ката и поткровје и две згради со 6 ката и поткровје. Се уништува зеленило со километри и се заменуваат паркинг места за 17 згради и 50 куќи со сервисна улица.

Прашања до градоначалникот Стевче Јакимовски и до советниците кои ќе гласаат за овој предлог – Дали за ова ве избравме? Дали го заслужуваме ова? Дали вреди за 3 згради и профит за два-тројца да се уништува животот на 3.000 жители од „вашата“ општина?

https://skopskoeho.mk/gragjanite-od-karposh-reagiraat-zeleniot-pojas-kaj-bulevarot-mit-teodosij-gologanov-stevche-jakimovski-planira-da-go-nasadi-so-zgradi/?
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1255 Posted: 04-Jul-2023 at 17:59
НАМЕСТО ДЕВЕТ ЌЕ ИМА ДВЕ ЗГРАДИ ВО ЛИСИЧЕ КОИ СЕ СО НАМАЛЕН ГАБАРИТ, ВЕЛАТ ОД ОПШТИНА АЕРОДРОМ ЗА НОВИОТ ПЛАН

Две наместо девет згради ќе се градат во населбата Лисиче. Ова се предвидува со новата, втора верзија на Деталниот урбанистички план (ДУП) ЈИ 09.01, која ја изработи Општина Аеродром по реакциите и протестите на граѓаните.

Остануваат маркички за двете згради кои беа со најголема висина од 12 и 8 ката, но сега со намалена катност и габарит. Така, зградата која ќе биде на аголот меѓу булевар Србија и улицата 12. Македонска бригата ќе остане со приземје, 10 ката и поткровје, но габаритот е намален за една третина. Ќе има две кули, а меѓу нив, како што објаснуваат урбанистите од Општината, дупка или деловен простор од два ката. Со тоа ќе има струење на воздухот и нема да биде како бетонски ѕид, како што беше предвидено со првата верзија. Зградата до неа која беше со приземје, 6 ката и поткровје, сега ќе биде само со три ката.

„Сите други маркички за згради се избришани. Втората верзија за Деталниот урбанистички план за ЈИ 09.01опфаќа значително помал број станбени објекти во споредба со првата верзија, намалување на катноста на станбените објекти кои остануваат, намалување на бројот на новопроектирани улици, зеленило во форма на парковска површина од 2.000 квадратни метри и легализација на повеќе од 100 бесправно објекти за индивидуално домување. Изработката и носењето на деталниот урбанистички план за овој дел од Општина Аеродром, првенствено има за цел решавање на инфраструктурните и комунални проблеми на граѓаните, а потоа подобрување на квалитетот на живеење во Аеродром. Целиот процес на изработка деталниот урбанистички план се одвива низ транспарентна постапка и во целиот тек на таа постапка на посреден и непосреден начин беа вклучени граѓаните“, велат од Општина Аеродром.

Урбанистите од Општината објаснуваат дека се направени измени и во однос на забелешките на граѓаните за ширината на улиците и пробивањето на новите улици.

„Улиците ќе останат со постоечката ширина, а избришана е улицата која требаше да се пробива со цел да им овозможи подобар пристап на граѓаните до нивните домови. Но, граѓаните не сакаа да им се одземе дел од нивните дворови, па ние постапивме по нивните барања“, додаваат од Општина Аеродром.

Јавната презентациоја на ДУП-от ќе биде утре, а јавната анкета на која граѓаните можат да ги достават своите забалешки трае до 10 јули.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/namesto-devet-ke-ima-dve-zgradi-vo-lisiche-koi-se-so-namalen-gabarit-velat-od-opshtina-aerodrom-za-noviot-plan/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1256 Posted: 05-Jul-2023 at 17:40
Со познат рецепт сакаат да го уништат Влае





Една од најспорните точки во предлог ДУП-от е промената на трасата на улицата „Есперанто“ со која што се предвидува таа продолжи во непосредна близина на основното училиште „Димо Хаџи Димов“ и при тоа да се урне училишната кујна.
Инвеститорите ја користат спорната одредба од Законот за градежно земјиште која овозможува субјект кој поседува 30 проценти од одредена парцела да може да ја дооформи до 100 проценти преку откуп на државно земјиште.
Иако спорниот ДУП е во постапка на ревизија и не постои важечки урбанистички план за оваа локација, трасата на улицата ќе се менува, за што се користи можноста да се изработи урбанистички проект согласно Регулациски план на ниво на Град Скопје, за кој советниците на Општина Карпош не можат да одлучуваат.
Од „Борба за Влае“ планираат да поднесат иницијатива до советниците на Град Скопје, да се поништи Регулацискот план за градска четврт C3 19.

Трасата на „Есперанто“ ќе се менува без важечки ДУП

Во моментот, спорниот ДУП за градска четврт Ц-3 19 е во постапка на ревизија и не постои важечки урбанистички план за оваа локација. Сепак, трасата на улицата ќе се менува, а за тоа се користи можноста да се изработи урбанистички проект согласно Регулациски план на ниво на Град Скопје, за кој советниците на Општина Карпош не можат да одлучуваат.

Од „Борба за Влае“ тврдат дека трасата на улицата „Есперанто“ се менува со единствена цел да се овозможи инвеститори кои поседуваат градежни парцели да купат државно земјиште со непосреден договор за да градат висококатници. При тоа, тие ја користат спорната одредба од Законот за градежно земјиште која овозможува субјект кој поседува 30 проценти од одредена парцела да може да ја дооформи до 100 проценти преку откуп на државно земјиште.

„Парцелата каде што треба да се градат спорните кули е во сопственост на Јонче Спирковски, односно, сопственикот на фирмата „Аполо Инженеринг“. Тој е сопственик на оваа парцела од 2020 година. Ако видиме како се движела сопственоста, во 2007 година одредени граѓани со денационализација им биле вратени парцелите. Јонче Спирковски почнува да ги откупува. Тој успева да откупи мал број парцели од сопственици, а потоа согласно спорниот Закон за градежно земјиште кој што е, за жал, актуелен успева да дооткупи голем дел од државното градежно земјиште со непосредно договарање и на тој начин станува сопственик на огромна парцела од 2.225 квадрати“, вели Стефановска.
Таа додава дека со промената на трасата на улицата „Есперанто“, овој инвеститор ќе добие можност да откупи уште 1.600 квадрати државно земјиште.

https://samoprasaj.mk/naacik/so-poznat-recept-sakaat-da-go-unistat-vlae
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1257 Posted: 14-Jul-2023 at 17:28
Се „крчка“ нов, трет план за ДУП за Лисиче



Околу 230 анкетни листови доставија жителите на Лисиче до Општина Аеродром на вториот повик, по жестокиот отпор од тамошното население и протестите поради првичниот план за изградба на 11 висококатници по должина на булеварот „Србија“ и улицата „12. Македонска бригада“.

Сега, како некое компромисно решение, се готви нов, трет план за новиот ДУП за Лисиче, Урбан блок ЈИ 09.01, кој, дури и да го прифатат граѓаните, неизвесно е дали ќе „помине“ кај надлежните институции.

Во следниот период се очекува комисијата во рамки на општината да ги разгледа сите поднесени анкетни листови и да се види како планот ќе се тера понатаму.

– Доколку забелешките од граѓаните се прифатат, како што беше случај со минатата анкета, каде беа прифатени најголем дел од мислењата изнесени преку анкетните листови, дополнително ќе биде разгледана и потребата од корекции и изнесување на уште една јавна анкета пред граѓаните – ни изјавија од Општина Аеродром.

Последниот предлог беше наместо планираните девет згради на почетокот од Лисиче, да се направат две згради, од кои една со две кули, повисоки од претходно планираното, и една пониска, со деловни простории на приземјето и првиот кат од страната на булевар „Србија“. Како решение се предложени и потесни пристапни улички низ населбата.

-За разлика од претходната варијанта на планот, во која се предвидуваат станбени згради по целата должина на булеварите „Србија“ и „12-та Македонска бригада“, во новата варијанта предвидени се две градежни парцели за станбени згради, и тоа една на самиот агол, во која е предвидена изградба на две кули со 10 ката, поврзани на приземјето и првиот кат, и уште една градежна парцела во која е предвидена релативно ниска станбена зграда со 3 ката и поткровје. За градежната парцела на аголот, на која се предвидени двете кули, во однос на претходната варијанта на планот намален е габаритот во основа, како и вкупната површина на објектот, а со новото решение е предвидена просторна композиција поприкладна за аголна локација, како од естетски, така и од аспект на непопречување на осончувањето и проветрувањето на населбата. Останатите промени во планот се однесуваат на индивидуални градежни парцели и истите се направени на барање на сопствениците, кои поднеле анкетен лист на претходната јавна анкета – е одговорот што го добивме од планерите од „Тајфа – план“, ангажирани од општината да го изготват проектот.

Од таму велат дека во однос на испланираните пристапни улици со широчина од 3,5 метри, истите се предвидени поради голем број приговори на првата јавна анкета, бидејќи за изведба на станбени улици со стандардни димензии би требало да се изврши експропријација на земјиште на жителите на населбата.

-Иако улиците со ваква широчина се во согласност со урбанистичките прописи, но јавна презентација беше нагласено дека е можно да не бидат дозволени од надлежните институции (Град Скопје, Министерство за транспорт и врски), бидејќи истите се применуваат во исклучителни случаи и во праксата вообичаено не се претпочитаат. Со оглед на тоа што оваа промена во однос на претходната варијанта беше направена на барање на граѓаните, сметавме дека е коректно да им се соопшти дека е можно во понатамошната постапка на планот да треба улиците да се планираат со поголема широчина – велат од „Тајфа план“.

Општина Аеродорм сѐ уште го нема доставено УП за кој прашувате. Од тие причини, Министерството за транспорт и врски не може да даде мислење по однос на овој план, појаснуваат од министерството.

– Во однос на носење на ДУП-ви, согласно Законот за урбанистичко планирање, тоа е делегирана обврска на општините, а министерството дава забелешки согласно техничките параметри и усогласноста на ДУП со ГУП – додаваат од таму.

Жителите и натаму сметаат дека нивната населба, која се состои претежно од куќи, ќе се најде затворена со „ѕид“, доколку се изградат предвидените згради.

– Ние, жителите, јасно и гласно побаравме зачувување на постојната урбанистичка состојба во населбата. И поднесовме над 200 анкетни листови што претставува поголем број од првобитната анкета кога се поднесоа стотина анкетни листови. Ова е уште еден показател дека лисичани се против овој бетонизирачки предлог ДУП. Новиот предлог апсолутно не го решава проблемот, туку е обид за замачкување на очи и ја отвара пандорината кутија за нови згради и бетонизацијата на населбата – вели Тодор Кацаров, жител на населбата и активист, кој ги алармира жителите да реагираат против усвоување на ваквиот план за Лисиче за „Независен“.

Тој најави продолжување на борбата, институционално и вонинституционално и вели дека остануваат посветени на принципот дека во Лисиче нема место за згради.

По завршувањето на јавната анкета, комисија составена од претставник на општината, надворешен член и претставник на изработувачот на планот ги разгледуваат анкетните листови кои пристигнале за време на јавната анкета и заеднички одлучуваат дали поднесените барања ќе се прифатат. Откако оваа комисија ќе заврши со одлучувањето по анкетните листови, се изготвува извештај, врз основа на кој изработувачот на планот постапува и ги вградува во планското решение прифатените забелешки на граѓаните.

https://nezavisen.mk/se-krchka-nov-tret-plan-za-dup-za-lisiche/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1258 Posted: 21-Jul-2023 at 11:11
ПОНИШТЕН РЕГУЛАЦИСКИОТ ПЛАН ЗА НАСЕЛБАТА ВЛАЕ, СПРЕЧЕНА НОВА БЕТОНИЗАЦИЈА НА СКОПЈЕ

Советот на Град Скопје вчера го укина Регулацискиот план С3 19 за населбата Влае. Овој план е основа за изработка на Деталниот урбанистички план (ДУП) за оваа населба со кој се предвидуваат згради и целосна бетонизација на Влае. Со тоа, сега не важи ДУП-от кој еднаш беше на јавна анкета, но поради забалешките и протестите на граѓаните беше вратен на доработка.

Иницијативата за поништување на планот беше поднесена од „Зелен хуман град“ по барање на граѓанската група „Борба за Влае“ која неколкупати организираше протести против новите решенија за населбата.

„Расправата која течеше по предлог-одлуката е доказ дека граѓаните мора да се самоорганизираат и да станат дел од локалните совети за да се осигураат дека ќе се носат одлуки со кои ќе се заштити јавниот интерес. Сите знаеме со која брзина се дигаат облакодери, а колку е бавна правдата за обичниот човек. Со оваа предлог-одлука му даваме моќ и надеж на секој граѓанин дека има претставници во локалните совети кои стојат рамо ро рамо со нив, а не наспроти нив“, рече Горјан Јовановски од „Зелен хуман град“.

За поништување на планот гласаа 23 советници и тоа двајцата советници на „Зелен хуман град“, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, еден член на Алијанса/Алтернатива, советничката група на Левица и двајцата советници од ЛДП/ДОМ. Преполовената советничка група на СДСМ и коалицијата гласаше воздржано, а целата советничка група на ДУИ не беше во салата на гласањето.

Со Деталниот урбанистички план донесен врз основа на Регулацискиот план се предвидуваат згради на просторот на некогашно кино Влае, односно зад автобуската станица на булеварот Партизански одреди. Зградите се планираше ќе бидат со висина од 6 до 10 ката. Парцелата за маркички за згради е проширена и на улицата Есперанто сè до плоштадот Делфина. Со новиот план улицата се предвидуваше да се пробива зад киното односно пред основното училиште „Димо Хаџи Димов“.

На местото на инклузивното игралиште за деца со посебни потреби на плоштадот Делфина, пак, вцртана беше маркичка за црква. Детското игралиште беше направено пред две години и него тогаш го отвори ексградоначалникот Стефан Богоев.

Маркичка за зграда се предвидуваше на празниот простор кај „Кам маркет“ односно во делот каде населбата Влае се граничи со населбата Хром. Овој простор, како што велат жителите, е државно земјиште и бараат да се направи парк, а не да се распродава државна земја за бизнис интереси со приватни градежници.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/ponishten-regulatsiskiot-plan-za-naselbata-vlae-sprechena-nova-betonizatsija-na-skopje/
Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1259 Posted: 21-Jul-2023 at 15:09
СКОПСКИ „РАМСТОР“ ДОБИ МАРКИЧКА ДА СЕ ПРОШИРИ НА ПАРКИНГОТ, „КАМ“ ПОГОЛЕМА КАТНОСТ, ОПШТИНА ЦЕНТАР ДОНЕСЕ НОВ ПЛАН ЗА СТАРА ЖЕЛЕЗНИЧКА



Општина Центар нацрта маркичка на паркингот меѓу ТЦ „Рамстор“ и зградата на Тутунска банка во центарот на Скопје и со тоа му дозволува на трговскиот центар да се проширува. Ова е предвидено со новиот Детален урбанистички план (ДУП) за градска четврт Ц016 Стара железничка станица, кој беше усвоен на последната седница на Општина Центар.

Планот беше усвоен со заедничко гласање „за“ на советниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Двe советнички од СДСМ не гласаа за планот, Левица беше воздржана, а „Шанса за Центар“ гласаше против.

Освен зголемување на маркичката и нов простор за ширење на „Рамстор“ се дозволува и поголема катност, од 16 до 23 метри, на објектот на „Кам“ маркетот на булевар Кирил и Методиј . На овој објект во моментов се завршува градбата и се наоѓа меѓу новите кули кои ги гради турски „Лимак“.

„Намерата на овој план, кој почна да се прави уште во процесот на мораториум, беше со измените да се реши само потребата на жителите на ќошот од просторот кон Водњанска. Не беше намерата да се зголеми површина за градење на ‘Рамстор‘ и ‘Кам’ да добие уште неколку ката. Ова е претерано. За тој дел Генералниот урбанистики план предвидува да живеат 1.000 луѓе, знаете ли колку станари ќе има само во новите четири кули кои се градат“, рече Дивна Пенчиќ, советничка од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“.

Од планерската куќа рекоа дека постапиле врз основа на барања кои биле доставени со анкетните листови. Парцелата за градење на „Рамстор“ е зголемена оти сега сопственикот има поголема површина, а на „Кам“ е зголемена катноста за да се изедначи со другите објекти околу.

„Инвеститорскиот урбанизам победи и се задоволи алчноста на малкумина дополнето со интервенции од повисоко. На 60 години од земјотресот, коалицијата во Советот си изгласа ДУП-от со неточни податоци за заштита од урнатини. Лекциите не ги научивме, а инвеститорскиот урбанизам го победи јавниот интерес и ги остави загрозени скопјани“, рекоа од „Шанса за Центар“.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/skopski-ramstor-dobi-markichka-da-se-proshiri-na-parkingot-kam-pogolema-katnost-opshtina-tsentar-donese-nov-plan-za-stara-zheleznichka/
За сè има вторпат
Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 349
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #1260 Posted: 21-Jul-2023 at 16:47
На многу работи требит да се зголемит катноста во градо,денес се градит во висина,get with the times !

Сепак мисла оти најубо ќе беше Дајмонд трговскио да се проширит односно поврзит со Рамстор и со тоа Кам-чето,и да бидит еден мега трговски,можи имат некој што размислуват во та насока оти посебно она индустрисконо кај што е кам буквално дремит празно,само кам имат внатре...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 61626364>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.220 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.