build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ПроКредит банка (Стара Нама) - Струмица

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 567
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 16-May-2010 at 09:55
ApplauseЗградата испадна супер, но да биде целиот тој дел на градот супер, требе да се обноват уште 99% од зградите во тај дел.
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 23-May-2010 at 04:33
Originally posted by Makedonij

ApplauseЗградата испадна супер, но да биде целиот тој дел на градот супер, требе да се обноват уште 99% од зградите во тај дел.


Се реставрират и освежуваат градбите од левата и десната страна на Нама , тоа е тоа Македонски синдром , прво треба некој да почне , па потоа сите да видат пример !!!
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 23-May-2010 at 04:39
Струмица обновува стари фасади

Се обновуваат фасадите на повеќе куќи, станбени згради и згради на јавни институции во Струмица. Локалната самоуправа акцијата ја спроведува заедно со бизнисмените, кои го прифатија повикот за учество во акцијата.

Со проектот се опфатени дваесетина згради во центарот на градот, а меѓу првите е реновирана некогашната стара „На-Ма“ или „Српски крал“, која сега е во сопственост на Про кредит банка. Реализацијата на проектот ќе чини меѓу 600 и 800 илјади евра.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=DB75FF85AF6CB345AA3F354A07516D03
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 23-May-2010 at 13:07

.



Edited by SkyBoy - 21-Jun-2010 at 16:18
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11994
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 23-May-2010 at 13:15
Обновата на фасади да не ги трупаме во оваа нишка, сепак оваа нишка конкретно е за реконструкцијата на Стара Нама.

За фасади има специјална нишка:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=456
Back to Top
Biljana_ProCredit View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 30-May-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Biljana_ProCredit Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 30-May-2010 at 19:52
Почитувани архитекти, почитувани блогери

Јас сум Билјана, од маркетинг секторот на ПроКредит Банка. Би сакала да Ви се заблагодарам што активно го следевте реставрирањето на новата експозитура на ПроКредит Банка во Струмица како и за сите Ваши искрени коментари, кои нам многу ги значеа.

Свеченото отворање на експозитурата ќе биде на 3 јуни, со почеток во 13:00 часот, и ќе ни биде особено драго доколку сте во можност да бидете наши гости и да не посетите на отворањето.

Ви посакувам убава вечер.

Поздрав,
Билјана

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 03-Jun-2010 at 22:10
ПроКредит банка во некогашен хотел Српски краљ


ПроКредит банка свечено ја отвори новата експозитурата во Струмица, лоцирана во еден од најубавите објекти со културно значење од 20-тите години на минатиот век, познат како Стара Нама.

Оваа значителна инвестиција во износ од околу 1 милион евра значи втемелување и зацврстување на ПроКредит банка во Струмица. Горди сме што успеавме да го реставрираме овој значаен културен објект во неговиот оригинален лик, да му ја вратиме вистинската убавина и да го зачуваме културното наследство. Веруваме дека ПроКредит банка во Струмица ќе биде значаен финансиски центар за жителите на градот", изјави Јованка Јолеска - Поповска, генерален директор на ПроКредит банка.

Честа да ја пресече лентата и свечено да ја отвори експозитурата и припадна на македонската и светска фудбалска ѕвезда, Горан Пандев.
Објектот Српски краљ во 1925 го купил војводата Илија Кацарски од с. Босилово, Струмичко, кој го купил местото со намера да гради дуќани. Но, наместо дуќани, со поддршка на неговиот пријател Жико Лазиќ, кој во тоа време бил влијателен човек и градски пратеник, почнува да гради објект од тврда градба со подрум, приземје, кат и поткровни простории. За кратко време објектот бил изграден и функционирал како хотел на двата ката.

Со договор за купопродажба на недвижен имот во 2008 година ПроКредит банка го откупи објектот, каде што сега се наоѓа банката, за што доби одобрение од Министерството за култура.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=642A0B756DB5F441A1FD3AD1EC236072
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 03-Jun-2010 at 23:46
„Стара Нама“ повторно блеска

Денес беше свечено пуштена во функција новата експозитура на ПроКредит Банка во Струмица, сместена во објектот попознат како „Стара Нама“ – културно наследство кое до неодамна пропаѓаше препуштено на забот на времето. „Стара Нама“ се наоѓа на аголот на улиците Сандо Масев и Благој Мучето и со својата локација и архитектура зазема доминантно место во рамките на амбиенталната градска целина во централното градско јадро. Објектот е граден во периодот 1926-1928 година, а до 17.01.2008 кога беше купен од страна на ПроКредит, има сменето 17 сопственици. Во 2009 година, согласно конзерваторското одобрение издадено од Управата за заштита на културното наследство, отпочнаа градежните работи  за санација, реставрација и делумна реконструкција со адаптација на објектот.


Експозитурата вработува 34 лица, а вкупната вредност на инвестицијата изнесува 1 милион евра. На 542 метри квадратни сместени се 4 благајнички места, две конференциски сали, канцелариски простор и бизнис центар за поголеми клиенти. Имплементиран е BMS (Building Management System) кој обезбедува поголема енергетска ефикасност на објектот. Проектот го изработи струмичката фирма „Вектор 90 Томе“, а главен изведувач на градежните работи беше Мајстор-Компани од Босилово.

http://www.build.com.mk/?p=3679


1

2

3

4

5

6

7

8

9


Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4417
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 29-Jun-2010 at 22:52

УБАВИ ПРОСТОРИ

Модерен ентериер во објект од периодот помеѓу двете светски војни

Во ентериерот на "Прокредит банка" што неодамна се отвори во објектот "Стара На-Ма" во центарот на Струмица доминира црвената боја која е препознатлив знак на оваа компанија. Со неа е направено брендирањето и опремувањето на просторот што се состои од пет нивоа- приземје, галерија, кат, потпокрив и подрум. Во нив се сместени влезен хол, шалтер сала, место за советници, чајна кујна, простор за пушачи, сали за состаноци, канцеларии, технички и помошни простории.
Ентериерот е современ, а во него доминираат едноставни форми кои ја почитуваат историската рамка на овој објект, кој е еден од најубавите зачувани примери на еклектичката архитектурата од периодот помеѓу двете светски војни во Македонија.
Проектот за ентериерот и ревитализацијата е дело на архитектот Томе Тимов и неговиот соработник Устапетров Илија од ДПГИ"Вектор 90". (Н.Н.)


http://www.vest.mk/?ItemID=B5216FD8D0346F4C8C2CF35B963410FE

Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Addvert View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2009
Location: Sofia, Bulgaria
Online Status: Offline
Posts: 153
  Quote Addvert Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 30-Jun-2010 at 09:45
Eve neshto interesno... denovive dodeka bev vo Strumica naidov na brosurata koja se delela na otvaranjeto na objektot... istorijata na zgradata e dosta inetersna... Bidejki nemozev da ja skeniram, ja fotografirav, no mislam deka kvalitetot na fotografiive ke bide dovolno dobar za da ubavo se prochita tekstot. Inaku, dizajnot na brosurata e dosta losh - shto mislam deka ne dolikuva na banka od rejtingot na Pro-Credit... no toa e sosema druga prikaska : ) Prijatno chitanje:









A za ateljeata na strumickite slikari vo potkrovjeto, mozat da se napishat tomovi...
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3633
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 02-Jul-2010 at 05:38
Од Хотел-Бордел до Банка hotel-bordel.jpgИсторијата на поранешниот хотел „Српски Краљ“, кој е еден од доминантните објекти во центарот на Струмица, започнува пред 85 години, кога неговиот основач, војводата Илија Кацарски од село Босилово-Струмичко во 1925 год. го купил местото од Егејката Луна Јакуслова за 70.000 динари, со намера да гради дуќани.

Но, наместо дуќани, со поддршка на неговиот пријател Жико Лазиќ кој во тоа време бил влијателен човек, почнува да гради објект од тврда градба со подрум, приземје, кат и поткровни простории. За кратко време објектот бил изграден и функционирал како кафеана во приземниот дел и хотел-бордел на двата ката. Записите од сеќавањата на неговата ќерка Слоботка Кацарова, кажуваат дека таков грандиозен објект бил невиден дотогаш во Струмица. Неговите две улични фасади биле декорирани со релјефни сегменти од ренесанса и барок, а испакнатиот аголен дел со куполата бил знак на препознатливост на овој раскошен објект, кој го добил името „Српски Краљ“. Ентериерот во кафеаната изобилувал со луксуз. Во средината на просторот висел голем кристален лустер, а ѕидовите ги краселе кристални ѕидни ламби. На прозорците имало пердиња со кадифени црвени драперии. Црвените патеки на подот и скалите биле подарок за отворањето на објектот од Жико Лазиќ. Посетителите на оваа кафеана, угледни луѓе, трговци и офицери, се забавувале уживајќи во звуците на комплетен оркестар. Лете, на тротоарот пред објектот, се поставувале дрвени маси и столови, каде гостите се ладеле од жешкото струмичко сонце под чадорите. Слоботка се сеќава дека собите на катот и во поткровјето биле исто така луксузно опремени, со ѕидани мијалници во сите соби и со заеднички санитарии, што во тоа време било реткост.

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2408&Itemid=74
Back to Top
Шпер View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2009
Location: Струмица
Online Status: Offline
Posts: 310
  Quote Шпер Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 05-Aug-2010 at 19:48
http://www.pcb.com.mk/WBStorage/Files/Dobri%20vesti%208%20Mkd.pdf

На страна 6 има за објектот.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3791
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 05-Aug-2010 at 20:12
@ admins
aj ako e mozno da glasame!
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 26-Aug-2010 at 22:30
Back to Top
Strumica_City View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-May-2012
Location: Strumica City
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Strumica_City Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 18-Apr-2017 at 23:30
Дали некој има слики од внатрешен план на објектот пред и потоа ? Мислам дека бев гледал некаде по форумов но сега не ги отвара сите слики.
What we think we become.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 669
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 19-Apr-2017 at 17:56
Како поранешен нивен вработен сум бил повеќе пати во зградата. Имено повеќето работи се пренаменети за канцелариско работење, особено горните два ката. На првиот кат беа самите шалтери, заедно со еден меѓукат (но тука како што знам имаше промени после моето последно одење). Најдолу е трезор и подрумски простории, како во секоја банка.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 567

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.107 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.