build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патување низ Европа со воз!

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 5>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 19-Feb-2010 at 10:15
Ок нема гајле. Еве вака на кратко што имам јас во план. Односно имам 2 плана, со тоа што во зависност од средствата ќе одберам што ќе шетам.

План(поедноставен и приближно за да се добие сликата)
петок:Скопје-Белград-Сараево. Во Сараево два дена со едно спиење(или хостел или по луѓе).
недела:Сараево-Загреб-Љубљана(и таму исто два дена со едно спиење, или по луѓе или хостел).
вторник:Љубљана-Грац(во Граз 2-3 дена, имам другар што студира таму за сместување ништо не е сигурно, хостел не ми бега),
петок:Грац-Виена(во Виена, сабота-недела, односно 2 дена со едно спиење)

Е тука е малку заебано, ако земам Interrail global pass со 5 дена патување од 10 дена, во Виена ми прекинува важноста. Има две можности:
1: 10дена од 22 глобален пас, 240евра е тој и од Виена да продолжам кон Братислава-Будимпешта-Белград и назад Скопје. Оваа варијанта ми е поскапата и ако имам пари ќе ја фурам
2: Од виена да фатам авион за Белград, има low cost за 30еур, само мора уште од сега да резервирам, па од Белград, со воз до СК. Оваа е далеку поевтина и варијанта која најверојатно ќе ја изберам.

Еве и во пари што би значело ова, приближно

глобал пас-160ЕУР
Сараево 1 спиење 10-15ЕУР
Љубљана 1 спиење 10-15ЕУР
Граз    3 спиења   50ЕУР
Виена   1 спиење    15ЕУР

до тука некаде е околу 250еур, само за пат и спиење. Е сега според изборот:
1: Виена-Белград(со Flyniki) 30ЕУРбилет + уште 10тина ЕУР за бус/воз до аеродроми
   Белград-Скопје околу 20ЕУР со воз(еден правец е тоа)
со оваа комбинација се на се, 300-320ЕУР(без јадење, излегување, музеи и слично)

2: доплаќање за глобал пас 10 дена(22) +100ЕУР
   Братислава 1 спиење 10тина ЕУР
   Будимпешта 1 спиење 10тина ЕУР
   
со оваа комбинација накај 400ЕУР ќе фати(исто само пат)

Ете така се движат моите процени и моите планови. Сега за сега имам буџет од 350ЕУР обезбедени + почнувам нешто да работам и се надевам да стигнам до кај 500ЕУР до Мај, а можно е да решам да жртвувам одмор, за да имам кеш за втората варијанта

И уште нешто, ова се оние “сигурни„ варијанти без авантуризам.Јас по природа сум авантурист и ако најдам некој од вас со исти мислења може да пробаме со автостоп, спиење по клупи и слични места на смени Се на се, спремен сум за авантура, само ако има некоја авантуристичка душа
Back to Top
eagle_88 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 17-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote eagle_88 Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 20-Feb-2010 at 15:39
Ne mi se svigaat gradovite. Jas bi fatil Spanija ili Germanija.
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 20-Feb-2010 at 21:36
јас сум отворен за соработка. Може и друга траса да се фати, ама ете да речеме да биде во нормални рамки и со оправдана економичност. Еве кој има идеа, нека седне и нека направи некој идеен план како мене. На нет имате се што ви треба, само треба да се одвои некои саат. Ако ви требаат информации за некои цени(на возови, хостели и слично) пишете ќе ви пратам линкови кај да барате.

Back to Top
Dreamer View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 31-Jan-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Dreamer Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 21-Feb-2010 at 01:58
abe epten daleku ste zaminale so planot, cekaj prvo da videme koi sme i sto sme i dali ke ne bide da patuvame zaedno, neli toa e najbitno? pozz do site
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 21-Feb-2010 at 11:30
абе целата работа е да се најдеме во муабет, а ако сакаме тоа патување да биде пролетва, треба од сега некои работи да се средат. Да речеме хостели, тие се резервираат месеци однапред, зошто има опасност да не најдеш место.

А втора работа е што јас си го имам планот и ако ништо не испадне со вас, си шибам сам и си кулирам
Back to Top
Dreamer View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 31-Jan-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Dreamer Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 21-Feb-2010 at 17:53
Epa drugarce se toa super, no jas na primer se uste ne znam tocno koj period ke mi bide sloboden za da mozam uste sega da pravam takov konkreten plan, taka da ne znam sto da ti kazam, barem sega za sega.... pozz
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 21-Feb-2010 at 18:07
абе ни јас незнам кога точно, ама знам дека слободен период ми е од 10 Април до 5ти Мај. А на 16ти сакам да сум СК за роденденот, така да 17-05 ми останува. А тоа се 2 ипол недели од кои сакам 10 да ги патувам. Затоа јас уште сега сум со планови. Ако не си средам на време хостел, евентуално и некој авион за поскапата варијанта, џабе муабетот и ќе остане за лето
Back to Top
Dreamer View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 31-Jan-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Dreamer Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 21-Feb-2010 at 18:43
Oh drugarece, togas nisto ne pravime, zasto jas se ova go planiram eventualno za posle juni, pred toa nemam nikakvi sanisi, nemam sloboden period, taka da....
Back to Top
Nikolinana View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 01-Mar-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Nikolinana Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 01-Mar-2010 at 11:09
Decki denes go najdov forumov i temava. Inaku nie planiravme letovo da setame niz evropa, no so kola. Pa zatoa vcera presmetuvav priblizno kolkava kilometraza se pominuva so pomos na google earth. No gledam deka tuka pravite muabet za pokratki varijani. Nie planiravme 4 nedeli da setame i da stigneme nekade do Amsterdam. A kilometrazata koja ja presmetav e okolu 9000-10000 km, pa dodadov uste 2000 km za sekoj slucaj, a toa vo pari bi bilo okolu 800-900 evra, sto e sepak najevtina kombinacija, dokolku trosocite gi delat 4 luge.  Sepak patuvanjeto so kola nosi pogolem rizik, podobro e so voz, pa ako se soberete tuka, vikajte, nie sme 4-ca avanturist do avanturist ))))
Back to Top
Dreamer View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 31-Jan-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Dreamer Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 01-Mar-2010 at 17:26
epa super sto ima interes, ajde ke se dogovorime, jas mislam deka vo odnos na pari e tuka nekade i so voz i so kola no mislam deka so voz e poudobno, zasto ako rezerviras kupe so kreveti, mozes i da spies raat, a plus kartata e samo okolu 100evra, i plus 10evra od rezervacija za krevet, a ako ne sakas krevet ne doplakjas nisto, razgledajte ja ovaa ponuda pa kazete, pozz
Back to Top
Dreamer View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 31-Jan-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Dreamer Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 01-Mar-2010 at 17:30
mislev na toa deka kartata e okolu 100 evra za 5-6aktivni vozecki denovi vo tekot na mesec i se zgolemiuva cenata kako sto se zgolemuvaat i aktivnite vozecki denovi no podetalno za kartite moze da najdete na www.interrail.net
Back to Top
Vlado View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 12-May-2010
Location: Skopje, MK
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Vlado Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 12-May-2010 at 21:52
Здраво до сите, денес го најдов форумов. Многу сакам да патувам, но немам друштво, моите пријатели не се заитересирани за вакви авантури. Би се приклучил доколку има кандидати за патување. Освен во соседните држави секоја година патувам во Германија, најчесто со авион, но би сакал да патувам со воз. Пред 3 недели бев со кола до Хановер, но авантурата траеше кратко. Повторно сакам да шетнам со некој истомисленик. Имам целосна листа за коштањето на ова патување. На враќање од Хановер, го посетив Вестербург, Инголштад, и Клагенфурт во Австрија, прекрасно градче, најдов Хостел за 20евра, а доколку бев член на Hostelling International ќе добиев попуст, Феријален дом е од таа групација и таму може да се стане член. Доколку има некој заинтересиран за шетање нека пише.
Back to Top
Dreamer View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 31-Jan-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Dreamer Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 19-May-2010 at 01:05
Za koga potocno si ti zainteresiran za setanje?
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3212
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 06-Aug-2010 at 17:10
Ова лето планирам да го поминам во шетање со Балкан Флексипас низ балканскиве држави. И додека сеуште барам уште некој за шетање имам некои нејаснотии поврзани со картичкава.
1.Дали може да се купи оваа картичка во Скопје и дали важи за патување и на македонска територија или мора да се купи обична карта низ Македонија?
2.Дали некој имал некакво искуство со оваа картичка, позитивно или негативно?

Однапред благодарам на одговорите.
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1132
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 06-Aug-2010 at 23:18
@djole88- а бе ти навистина мислиш дека една такваа авантура со воз е возможна и дали ти воопшто си бил со воз на еден таков туризам. Незнам ама пробај возисе 10 дена по тие градови што си ги наброал и кога ќе се вратиш дома ти гарантирам 100% ќе бидеш болен ќе ти се врти у глава главата ќе ти бучи со недели а возовите што ида на овие релации допираат на 1001 место, а тоа класите има се Г категорија, има да се наспиеш во нив,а во Виена ќе те пречекаат врмвни туристички агенции,се на се ти препорачувам да пројдеш па ако биде добро јавиме и ја да се зачукам таму. поздрав многу не ми се лути 
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3212
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 01-Nov-2010 at 18:18
Новиот возен ред носи неколку новини за корисниците на Балкан Флексипас. Железниците на Босна и Херцеговина и Република Српска се согласија да пристапат кон државите во кои важи картата Балкан Флексипас, меѓу кои се вклучени Македонија, Србија, Црна Гора, Романија, Грција, Бугарија и Турција.

Балкан Флексипас носи и нова понуда. Се воведува можност за патување од 7 дена во рамките на еден месец, покрај досегашните 5, 10 и 15 дена. Цената за неограничено патување низ балканските земји за 7 дена во рамките на 1 месец чини 68 евра за помлади од 26 години, 93 евра за постари од 60 години и 116 евра за возрасни особи.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 01-Nov-2010 at 19:05
Прашање.

Какви се можностите да се стигне од Скопје до Виена со воз.

Колку што истражував само Белград-Виена патувањето трае едно 15 часа (интересно од Белград до Будимпешта отпаѓаат од прилика 4/5 од времетраењето Roll%20eyes)

Колку што разбрав, повратна карта во кабина за спиење за две особи е ~100EUR од човек (оваа цена е некој просек од различните информации кои ги најдов по форуми бидејќи официјални цени не најдов). Има ли некој инфрмации/искуство за оваа рута?

Колку се цените за патување до Белград со воз?

Дали воопшто се исплати ваква скаламуција кога сметав дека „повратна“ карта со кола до Виена е МАКСИМУМ 300ЕУР сосе патарини (значи 75ЕУР од човек под услов да патуваат 4ца) и не би требало да трае повеќе од 12 часа и тоа ако човек патува на тенане со паузи како што треба.


Edited by pbanks - 01-Nov-2010 at 19:06
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 01-Nov-2010 at 19:25
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 01-Nov-2010 at 19:33


Благодарам Владимир. Времетраењево не ме вади толку од памет (искомбинирано со спиење во воз, може да биде баш интересно патување) колку што ме држи во „неизвесност“ цената која неможе да се добие на сајтов.

Дополнително се прашувам кој е ризикот човек да не стигне на саканата дестинација според планов (доцнење на возови итн), што во мојов случај комплетно би ја убило поентата на патувањето.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3212
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 01-Nov-2010 at 19:52
Електронската варијанта ти ја даде Владимир. Ти ја препорачувам опцијата за ноќниот воз Скопје-Белград, Авала или Иво Андриќ од Белград за Будимпешта и Railjet од Будимпешта. Возовите од Белград за Будимпешта се чисти, нови и точни во секунда во Будимпешта, а во Авала имаш и ресторан вагон.

Цената на картите од Скопје до Белград е 2000 денари, од Белград за Будимпешта повратна карта чини 26 евра. Од Будимпешта до Виена постои специјална понуда за 29 евра повратна карта со Railjet и вклучен бесплатен јавен превоз за Виена со рок на важење од 2 дена, но  мора да се вратиш во Будимпешта за 4 дена.

Значи вкупно ќе те фати помеѓу 85-90 евра повратно патување од Скопје до Виена за една особа. Се разбира, патување во кушет или спален вагон се наплаќа. Скопје-Белград во спален вагон е околу 1000 денари за еден правец, а кушет вагон би требало да е 600 денари.

Еве ти интересен линк: http://www.serbiatravelers.org/forum/index.php?topic=4460.0 (возен ред од Будимпешта), инаку целава страница ја оддржуваат искусни патувачи низ Европа и светот.



Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 5>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.