build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Плоштад Делфина (во нас. Влае 2)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 456
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 29-Sep-2014 at 17:59
луѓе,песокот мора да стои некое време за да налегне добро низ пукнатините.

незнам за вас ама јас сум поставувал бекатон коцки и ја знам таа работа.не би сакал никого да потценувам,ама друго е некој од слики да коментира,а друго е да фатиш чекан и мистрија во рака
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 503
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 29-Sep-2014 at 18:34
Остави ги, Скопјанчињава се алергични на песок, овој нашиов за фугирање бекатон, а на грчкиот не се...

На пример, и на своевидниот шпански цемент , не се.
Од чаламот си патиме!
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4390
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 29-Sep-2014 at 19:01
Читајќи го твојов коментар не ќе да си патиме само од чаламот. Туку ајде.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 29-Sep-2014 at 19:42
Originally posted by Bojan10

Остави ги, Скопјанчињава се алергични на песок, овој нашиов за фугирање бекатон, а на грчкиот не се...

На пример, и на своевидниот шпански цемент , не се.


А да се прекине со општа генерализација на луѓето, а не да се чаламите на секој чекор. Очигледно ти имаш добро искуство со грчкиот песок, затоа знаеш, моја нога таму не стапнала.
И не е своевиден шпански цемент, туку е некаков цемент, може да е и нормален, појма немам, не ме интересира, важно нема никакво испукнувања на коцките ниту пропаѓање на земјиштето кое е заштитен знак на сите тротоари кај нас.
А очигледно некој друг, а не јас, си има некаков проблем...
23ka.wordpress.com
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6998
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 29-Sep-2014 at 23:48
Originally posted by gjoko

луѓе,песокот мора да стои некое време за да налегне добро низ пукнатините.

незнам за вас ама јас сум поставувал бекатон коцки и ја знам таа работа.не би сакал никого да потценувам,ама друго е некој од слики да коментира,а друго е да фатиш чекан и мистрија во рака
кога веќе се разбираш во тоа, сигурно нема да ти демантирам дека не си во право... само логиката ми кажува дека мора да постојат и други начини на изведувањето на фугирањето... ваљда може внимателно да се истапка и распореди во процепите, или пак целиот простор да се покрие со песок, ама и песокот да се покрие со нешто потешко, па после одреден период да се исчисти вишокот?
најосновно, нема логика така да го оставиш песокот, затоа што може да го издува ветер и не само што нема да налегне, туку воопшто и нема да го има

на крај, се се сведува на брзање со рокови и што е можно поевтина изведба... не ми е целта да попувам, фрустрацијата ми беше делумно од тоа што ова е слика после секое градилиште, и онаму каде што нема бекатон... а и без потценување, смешно ми е да зборам за процесот на работа, кога од искуство знам дека секој плочник во градов после месец дена се полни со вода, се изместува и се крши од најмал притисок, и тоа е резултатот од брзањето и штедењето


Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 30-Sep-2014 at 00:00
секаде во земјава така се правело.се остава да налегни некоја недела теренот,и ситниот песок убаво да навлезе во порите.се знае дека тоа што одзема време дава на квалитет.

ако се убрза овој процес,после тоа сигурно ќе се појават зјајеви помеѓу коцките
Back to Top
Tzar_28 View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 07-Jun-2014
Online Status: Offline
Posts: 95
  Quote Tzar_28 Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 30-Sep-2014 at 14:51
Originally posted by gjoko

секаде во земјава така се правело.се остава да налегни некоја недела теренот,и ситниот песок убаво да навлезе во порите.се знае дека тоа што одзема време дава на квалитет.

ако се убрза овој процес,после тоа сигурно ќе се појават зјајеви помеѓу коцките


Баш така, во Струмица на 2-3 места пред избори и карневал гледаа да поплочат на брзина и го изчистија песокот одма, коцките се клацат веќе 5-7 години и никому не му смета ... ( најзабележлив е плочникот помеѓу Стопанска Банка и Caffe 19ка )
И оној на булевар Маршал Тито од страната кај Штедилницата Пеон ) Има уште на неколку места, но овие се највпечатливи ... За плоштадот и да не зборувам, пола од гранитните плочи се клатат... Иначе не велам дека не може да се стави и тој некаков си шпански бетон, иако прв пат слишам за таква варијанта, но тоа е одлука на тие што го изведуваат проектот, до сега кај што сум бил секаде бекатонот го прекривале со песок, исто така и други типови на бекатон, без разлика од квалитетот.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3805
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 07-Nov-2014 at 13:23
Зимско цвеќе за "Делфина"

7 ноември 2014 - 11:52
Општина Карпош засади нов цветен расад на плоштадот "Делфина" во Влае. Насадот е есенско-зимски за да може да ги преживее ниските температури

http://vecer.mk/skopska/zimsko-cvekje-za-delfina

На линкот има и фоотографии
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 06-Dec-2014 at 22:20





извор:Општина Карпош
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 12-Dec-2014 at 14:01













извор:Општина Карпош
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 12-Dec-2014 at 14:18
Back to Top
igorius View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
  Quote igorius Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 31-Mar-2015 at 23:02
Zdravo decki eve edno video koe go rabotev podolgo vreme, konecno e gotovo. Kako avtor na proektot redno e i jas da dadam pridones vo ovoj topik. Se nadevam ke vi se dopadne

Plostad Delfina
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10875
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 01-Apr-2015 at 08:31
Одлично
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6998
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 01-Apr-2015 at 21:47
и ова е плоштад толку колку што е плоштад и оној во Автокоманда... значи не се научија луѓево што е плоштад, и дека не бива плоштад измеѓу две улици
ова е повеќе парк со плато... и штета што толку многу простор е даден на плочки, а толку малку на зеленило
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
igorius View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
  Quote igorius Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 03-Apr-2015 at 21:48
Забеган со терминологијава прилично си забеган
Ова е плоштад и по содржина и по намена и по функција. Тоа ти го кажувам јас како архитект и како автор на овој проект. Не знам што си по професија но кога коментираш труди се да употребуваш правилна терминологија за да те разбереме поубаво.
Велиш дека не бива плоштад помеѓу две улици. Бива и тоа како! Прво не се две улици туку е една улица(Есперанто) и еден булевар (Партизански Одреди)а второ ако сакаш можам од ракав да ти набројам неколку од нив а постојат најмалку 200 плоштади низ светот каде што истите се поставуваат не меѓу две улици,туку помеѓу три улици, четири,пет итн.
На пример кога ќе одиш во Париз ќе те замолам да поминеш на Rue du Cloître Notre Dame или на Place de la Concorde или пак доколку одиш во Барселона сигурно помини од Plaça de Catalunya или пак ако патот те носи накај Берлин ѕирни го Alexanderplatz или Potsdamer Platz... итн итн (да не редам до сто и едно и назад) за да се увериш за што ти говорам.
Понатака, велиш штета многу плочки...па забеган плочки не се ставаат на плоштади туку во купатило и кујна  На плоштади, пиацети, јавни површини се поставуваат гранитни елементи, мермер, павер елементи и слични на нив. Во нашиот случај се поставени најдобрата класа на павер елементи донесени од Хрватска со гранитен композит во нивната структура и вулканска смеса во завршниот слој што допринесува за зголемен коефициент на цврстина издржливост и отпорност на надворешни и механички влијанија. И за компарација на Плоштадот во Влае имаш 2800м2 зеленило а на Плоштад Македонија 0.(Дрвцата не се вбројуваат во зелена површина)
Површината на зеленилото и партерот се мери во зависност од функцијата и намената на плоштадот. Имаш различни типови и намени на плоштади, јавни, рекреативни, административни, плоштади проектирани и поставени покрај религиозни објекти...
Во зависност од местоположбата, околните објекти, бројноста на луѓето и нивните потреби што се во тоа опкружувањето се пресметуваат и проектираат коефициентите на партерот зеленилото и сл... Но за тоа се учи факултет, а на форумски дискусии ќе ни се потребни многу страници за да се објасниме.
Како и да е....убав викенд 
Back to Top
Svarog View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 92
  Quote Svarog Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 03-Apr-2015 at 22:44
Точно, има многубројни плоштади и во Италија и во Шпанија кои буквално се опкружени со улици. Сепак и овие, како и тие што ги наброја не се опкружени со булевари. Навистина и не е баш најдобро тука местото за плоштад, подобро ќе беше да биде зеленило односно зелена површина. Генерално плоштадот како еден вид на дело ми се допаѓа, единствена забелешка е тоа што има премалку клупи и тоа што детското игралиште не е заградено. Сепак е опасно бидејќи само на неколку метри е Булеварот.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2369
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 03-Apr-2015 at 22:51
Originally posted by zabegan

и ова е плоштад толку колку што е плоштад и оној во Автокоманда... значи не се научија луѓево што е плоштад, и дека не бива плоштад измеѓу две улици
ова е повеќе парк со плато... и штета што толку многу простор е даден на плочки, а толку малку на зеленило



Мухаха.

Originally posted by zabegan


Originally posted by fichot

Фино изгледа, мада пешачкиве делови ми се прешироки за сметка на зеленилото.
зеленилото е сосема на место според мене, сепак служи за разувавување и освежување на просторот, а не како паркова површинаединствено нешто што некако ми смета е што пешачките патеки кои ми се некако неартикулирани, повеќе се мислело на тоа да се дизајнира формата на површината, отколку пешачките движењано сепак, ова е еден од поубавите вакви проекти во градов
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6998
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 04-Apr-2015 at 00:51
сепак збориме за различни работи, Place de la Concorde на пример, има далеку подефинирана геометрија... има два големи правци кои се вкрстуваат класично, и уште четири помали правци кои се вкрстуваат речиси како кружен тек во четири помали раскрсници
да не збориме што геометријата на плоштадот е прилично добро дефинирана од симетрии најпрво на самите улици, а потоа и од објектите и паркот
...Plaza de Catalunya е проприлично истата приказна, Alexander platz исто така, со мала разлика во тоа што денес служи и како пратерно уредување на телевизиската кула

кај нас „плоштадиве“ нити се дефинирани од околината како празен опколен простор, нити се вкрстувања, нити се некоја тампон точка на обиколни движења... немаат буквално никаква инфраструктурна важност
само одбрана рандом локација и пополнета е со рандом содржини... да сакаа да го оплеменат просторот ќе направеа парк, да сакаа да направат плато за митинзи, ќе направеа некое помало плато со сцена за митинзи и други настани (затоа може и сум дал прилично контрадикторни коментари) ... а вака имаме само еден голем неодлучен простор кој во најголем дел од времето не може да послужи за релаксација, ниту пак е прометен за да биде автоматски жив, ниту пак Влае и општиона Карпош секој ден организираат настани на него... како прво и просторот за собири ви е блокиран од огромната фонтана
...тотално бескорисен и недефиниран простор

Edited by zabegan - 04-Apr-2015 at 01:00
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
igorius View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
  Quote igorius Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 04-Apr-2015 at 08:04
.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 456

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.