build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Културно наследство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скупи

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Скупи
    Posted: 10-Jan-2010 at 11:09
Почетоците на римскиот град Скупи се поврзани со римската војска, односно стационирањето на 5-тата Македонска и 4-тата Скитска легија на теронот на новосвоената Дарданија  во времето на Тибериј (14 г. п.н.е.-37 г. н.е.), веројатно во 13-11 год. пр. н.е. Поинтензивна колонизација и урбанизација на градот веројатно се случила после 15-та год. од н.е., по формирањето на провинцијата Мезија Според положбата, големината, четвртестата основа, маркантните фортификациски елементи и др. постои голема веројатност дека градот се развил од легиски логор (каструм). Во време на царот Домицијан (84-85год.) Стоби добил статус на колонија и неговото полно име било Colonia Flavia Scupiorum и во него биле сместени дедуцираните ветерани од 7-та Клавдиева легија. Во градот имало и домашни староседелци со пајонско и дарданско потекло.........




Гробници

Театар

Катедрала-базилика









Инфо:
http://users.stlcc.edu/mfuller/scupi.html
http://www.mymacedonia.net/gradovi/skupi.htm




Edited by Makedonij - 10-Jan-2010 at 11:10
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 10-Jan-2010 at 20:29
Убаво ти текна да пуштиш за скупи , ја одамна планирам да отидам да фоткам нешто натаму ,само жалам за овој голем споменик на културата досега скоро ништо не е направено, само на некој начин го откопаа да не кажам го ограбија, од него добиват пари,а на него ништо не се вложува. Слушнав дека имаше донација од италија за скупи ако има некој информации дали тие средства се примениле некаде низ Скупи или не.
Сепак тоа било голем град во тогашно време, се секавам дедоми имаше нива низ овие предели , он често кажуваше дека секој пат кога орал нивата испагале некакви цигли и големи блокови камења ,значи овој дел го зафака и тој убавиот дел од злокукани.

"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 09-Jun-2010 at 20:07

Римски квартови се откриваат на Скупи


КАТЕРИНА БОГОЕВА

 



Во центарот на стариот град се истражува инфраструктурата на улицата Кардо и на попречните улици



Пријатно е и деновиве да се појде на археолошкиот локалитет Скупи и да се види како древниот град продолжува да се открива, да ги покажува своите улици. Иако температурите на воздухот се високи, сепак археолозите од Музејот на град Скопје, работат на терен веќе десеттина дена, реализирајќи два проекти, за кои добија 500 илјади денари од Министерството за култура и Град Скопје. До крајот на јуни, во централното градско подрачје ќе се истражува инфраструктурата на улицата Кардо и две, на неа попречни улици- декумани. Во текот на септември и октомври, ќе се истражува западната некропола на Скупи.

„Во текот на оваа година продолживме со истражување на една од главните улици, наречена Кардо, откриена во минатите години, долга околу 150 метра. Структурата на римските градови, урбанистичката мрежа обично има еден првоаголен систем во кој, прво се поставуваат две главни улици, кардо - максимус и кардо - декуманус, поставени под прав агол. Паралелно на нив се поставуваат помошни улици, кои формираат градски квартови. Скупи не е исклучок, но ние сеуште не можеме да кажеме дали овој римски град има некоја специфика, затоа што, само врз основа на аналогии претпоставуваме каде би се наоѓал неговиот форум. Токму од тие причини, со својата местоположба, не' изненадуваат улиците кои сега ги откривме и димензиите на квартовите. Сега имаме реални димензии на квартовите, според добиените резултати на теренот.

Годинава се откри уште една попречна улица на улицата Кардо, која од неа е оддалечена околу 65 метра, така што сега ја знаеме должината на еден од градските квартови кој се протегал во правец исток- запад. Би требало понатаму да се открие уште една улица, со што би се дефинирал еден цел градски кварт и објектите што се наоѓале во него. Ние го знаеме кореиумот и градската бања, но очекуваме да се појават и други објекти“ - вели раководителката на истражувањата, археологот, виш кустос Ленче Јовановска, која не е задоволна од динамиката со која се открива градот, и потенцира дека главна причина за тоа се малите финансиски средства.

Улицата Кардо како улицата во Ефес



Според Јовановска за да се истражи еден римски град со големина на Скупи, треба да поминат низа години за да се дефинира само еден објект.

„Со финансиските средства кои ги добиваме може да дефинирате само еден до два ѕида, во текот на истражувањата. Од тие причини, и поради тоа што конзервацијата доцни зад ископувањата, ориентирани сме кон дефинирање на стратиграфијата и инфраструктурата на уличната мрежа и користиме сондажно истражување, по кое земјата се враќа назад. Сакаме да ја додефинираме и доистражиме улицата Кардо, за да може идната година таа и да се конзервира. Тоа е улица со импозантни димензии, со широчина од осум и пол метри и западен и источен тротоар со димензија од два и пол до три метри, со колонада која ги дели тротоарите од улицата. Ги имаме сите елементи за реконструкција и тоа дури во две фази. Кога би се реконструирала во должина од 150 метри, може да биде и поатрактивна и поубава од улицата во Ефес, на кој сите и се воодушевуваат. Таква улица може да добиеме за неколку години“ - вели археологот Ленче Јовановска.

Атрактивноста на Скупи



Скупи е навистина атрактивен локалитет. Додека се очекуваат одобрените средства од италијанската влада со кои истиот треба да се уреди за културен туризам, неговиот сегашен пријатен амбиент го прават и зелената трева, насадените цвеќиња, уредените бараки, што е реткост на археолошките локалитети во Македонија. Атрактивноста лежи во неговвата површина и напластената историја. Во обѕидието има 43 хектари, но поради малиот обем на истражувачките работи на Скупи, досега археолозите отвориле, само 2- 3% од просторот, датиран од 4-6 век.

„Од 1- 4 век имаме откриено само нешто малку од театарот, значи ниту еден процент од тој период“ - потенцира Јовановска, која, во оваа прилика, го истакна и задоволството од покажаниот интерес на британската група археолози, кои пролетва држеа семинар во Скопје, а од сите локалитети во земјава, го одбраа Скупи за есенва на него да реализираат пилот - проект, кој подразбира површинско истражување на теренот со геомагнетни сонди за лоцирање и утврдување на обзидието на градот и евентуално лоцирање на објекти во него. Се очекува тоа да овозможи во иднина, британските археолози во соработка со Музејот на град Скопје да реализираат и заеднички истражувања.
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 12-Jul-2010 at 07:34
Еве неколку и од мене. Штета што е целиот комплекс под клуч и не може да се влезе во секое време, исто и што е неистражен доволно.


http://www.panoramio.com/photo/37773164


http://www.panoramio.com/photo/37773547


http://www.panoramio.com/photo/37773565


http://www.panoramio.com/photo/37773534


http://www.panoramio.com/photo/37773542
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 03-Oct-2010 at 19:21
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 28-Feb-2011 at 14:46

Архитектонскиот водич на Скопје


Скупи ...

 
 
%20  

 

Почнувајќи од овој понеделник нашите читатели ќе може да се запознаат со градителското наследство на главниот град. Текстовите и сликите се позајмени од првиот Архитектонски водич на Скопје, што кон крајот на 2009 година на англиски јазик го објави невладината организација „Коалиција за одржлив развој“. Во водичот се претставени вкупно 102 објекти, поделени во три периоди: средновековен + преродба - од 12 до 19 век (цркви, манастири - вкупно 16 објекти); отомански - од 15 до 19 век (вкупно 14 објекти); периодот на 20 век – меѓу двете светски војни, по Втората светска војна до катастрофалниот земјотрес од 1963 година, како и времето од земјотресот до 90-тите години од минатиот век (вкупно 72 објекти); плус четири археолошки и урбани локалитети - Стоби, Кале, Аквадуктот и Старата чаршија.

Објектите во овој прв Архитектонски водич се хронолошки прикажани, а изборот е направен според намената, знаењето, како и контекстот на зданијата, кои претставуваат соодветен архитектонски одговор на времето што го претставуваат. Автори на водичот се архитектите: м-р Дивна Пенчиќ, д-р Инес Толиќ, м-р Билјана Стефановска, како и Соња Дамчевска. Изборот на објектите што ќе бидат објавени на оваа страница го направи асистентката на Архитектонскиот факултет при УКИМ „Свети Кирил и Методиј“, Дивна Пенчиќ. 

 

Локалитетот се наоѓа пет километри северозападно од центарот на Скопје, во близина на населбите Злокуќани и Бардовци, под Зајчев Рид. Населбата датира од пред римскиот период, а во регионален центар прераснува со развојот на римскиот воен камп (Каструм) во административно седиште на новата провинција Горна Мезија. Поради конфигурацијата на теренот, населбата (која покрива област од 40 хектари) има невообичаена квадратна форма од 738 на 590 метри, со заштитен бедем. Надвор од ѕидините, имало некролопи. Според генералните урбанистички карактеристики, градот ја следи матрицата на типичниот римски Каструм, со две комуникациски оски (улици), свртени кон север-југ (кардо) и исток-запад (декуманус) и форум во средината, како центар на јавниот и духовниот живот. За четвртиот век е карактеристична зголемената градежна активност. Ова е период кога е изградено и едно импресивно здание - базиликата. Кон средината на 5 век, површината на градот се намалува на четири-пет хектари, позиционирајќи се на југозападната страна од Зајчев Рид, околу акрополата. И токму кога Скупи архитектонски се развива во една урбана населба, успешно одолевајќи им на нападите на Варварите, во 518 година се случува разорен земјотрес, кој го срамнува со земја. Градот постои како населба сé до 546 година, иако поголемиот дел од населението се сели околу Горниот град (на Калето), каде што во 535 е создаден нов град.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=2281110604&id=14&prilog=0&setIzdanie=22218
Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 08-Jul-2011 at 21:42
me interesira dali seuste na ovoj lokalitet se istrazuva?

btw. kade moze da se kupi ovoj arhitetonski vodic na skopje ?
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Online
Posts: 2365
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 09-Jul-2011 at 07:24
Makedonij, ќе можеш ли подетално да ги објасниш објектите на фотографиите?
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3831
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 22-Jul-2011 at 18:21
Slucajno pominav so kola pa slikav(lokalitetot skupi)


Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 31-Dec-2011 at 12:04
http://farm4.staticflickr.com/3027/2825206965_4653d09b82_b.jpg
http://farm4.staticflickr.com/3284/2826040872_82707ce69f_b.jpg
http://farm4.staticflickr.com/3002/2825199913_eb532371db_b.jpg


http://www.flickr.com/photos/30157446@N03/2825053597/in/photostream/
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 31-Dec-2011 at 12:19


Skup - skupaj(slovenski) - zaedno
Skopinorum - skupina(slovenski) - grupa-zaednica
Skopje - s' kopje - so kopje (poradi toa šo osvojen bil so kopja - sarisi
 
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12197
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 08-Aug-2014 at 13:10
A DAY WITH MACEDONIAN ARCHAEOLOGY – ROMAN THEATER IN SCUPI

The impressive dimensions of this monumental architectural structure make it the largest surviving roman theater on the territory of R. Macedonia. The theater is built during the reign of Hadrian, in the first half of the second century AD.

Photos of this year excavations of the Roman Theater in the ancient town of Scupi, (Skopje, R. Macedonia)

Project Manager – PhD. Antonio Jakimovski

Two seats from the theater



Corridor



Panoramic view of the Theater



The theater building



View of the theater



http://www.dayofarchaeology.com/a-day-with-macedonian-archaeology-roman-theater-in-scupi-photos/
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12197
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 08-Aug-2014 at 13:15




За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12197
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 08-Aug-2014 at 13:24






За сè има вторпат
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 21-Aug-2014 at 20:17

Римскиот театар на локалитетот Скупи обновен до 2017 година

Ќе бидат обновени сценската зграда и околу 10.000 седишта во гледалиштето, со што локалитетот ќе биде осособен за културни манифестации. На терен интензивно се работи под директна надлежност на Музеј на Град Скопје и, според планот, оваа година треба целосно да се истражи амфитеатарот и сценската зграда, кои потоа ќе се реставрираат. Во ископувањата се најдени гробови и значајни наоди

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски денеска го посетија локалитетот, кој е пранаселба на денешниот главен град. Задоволни се од активностите од овој капитален проект на Владата на РМ.

- Римскиот театар беше покриен од големи наноси на земја и истражувањето беше многу сложено. Резултатите се огромни и видливи и, според динамиката и додека дозволуваат временските услови, оваа година ќе се заврши целокупното истражување на Римскиот театар. Интензивно се работеше и на сценската зграда на театарот и во септември ќе се изработи проект за нејзина конзервација, рече Канческа-Милевска.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски денеска го посетија локалитетот, кој е пранаселба на денешниот главен град. Задоволни се од активностите од овој капитален проект на Владата на РМ.

- Римскиот театар беше покриен од големи наноси на земја и истражувањето беше многу сложено. Резултатите се огромни и видливи и, според динамиката и додека дозволуваат временските услови, оваа година ќе се заврши целокупното истражување на Римскиот театар. Интензивно се работеше и на сценската зграда на театарот и во септември ќе се изработи проект за нејзина конзервација, рече Канческа-Милевска.

Скупи е прогласен за споменик на културата и е под надлежност на Музеј на Град Скопје. Директорката на установата Љубица Кондијанова информираше дека се очекува потешко да оди реставрацијата и конзервацијата на гледалиштето, затоа што од автентичните седишта од вториот век зачувани се само две. Тие ќе послужат како примероци кој камен е најсоодветно да се употреби при реконструкцијата.

- Двете седишта се зачувани благодарение на тоа што биле паднати во еден од коридорите, покриени со доста земја. Според наши сознанија, а тоа треба да се потврди, целиот тој материјал е однесен на Скопското кале, каде што се пронајдени исти такви камења. Анализите ќе покажат од кое место е носен каменот овде, и од таму ќе се потрудиме што поавтентично да биде прикажан театарот, а потоа и целиот локалитет. Тоа е и главна цел на нас како археолози, конзерватори и реставратори, истакна Кондијанова.

Покрај истражувањето на објектите на локалитетот, најдени се и артефакти од неколку периоди. Предметите се конзервираат паралелно со истражувањата на терен.

При ископувањата се најдени интересни и значајни наоди. Меѓу нив би ги издвоил праисториските наоди на два гроба од железно време, потоа над 50 гробови од средновековниот период, датирани со монети, над три и пол илјади предмети кои ги инвентариравме, кои се конзервирани и чекаат да бидат изложени пред јавноста, рече Антонио Јакимовски, раководител на истражувањата на Скупи.

Градоначалникот Коце Трајановски се заблагодари на Владата и Министерството за култура што го финансираат истражувањето на Скупи.

- Задоволство ќе биде во првата половина на 2017 година да ги имаме првите културни настани овде, во амфитеатарот Скупи. Се наоѓаме на огништето на старото Скопје и затоа Скупи е од огромна важност за историјата на градот Скопје, од каде потекнуваме и од каде градот почнал да се развива. Тоа ќе придонесе и за поголема културна афирмација на Скопје, рече Трајановски.

016%20skupi%20%2021%20avgust%202014

08%20skupi%20%2021%20avgust%202014

012%20skupi%20%2021%20avgust%202014

013%20skupi%20%2021%20avgust%202014

05a%20skupi%20%2021%20avgust%202014

01a%20skupi%20%2021%20avgust%202014


http://cooltura.mk/?p=53162

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 08-Mar-2015 at 23:04
Скупи исфрли на виделина 5.000 артефакти и 2.000 монети



Објектот зафаќал површина од 22.500 квадратни метри собирал меѓу 8 и 10 илјади гледачи. Во римско време Скупи бил главен град на ова подрачје и имал статус на колонија. Театарот бил изграден околу 125 година во чест на римскиот император Хадријан кој во тоа време поминувал низ овие простори
Археолозите привршуваат со истражувањата на античкиот театар во Скупи, една од капиталните инвестиции во чии рамки се извојуваат повеќе пари од вообичаено за истражување на одреден археолошки локалитет. До средината на идниот месец се планира сосема да биде истражен театарот, кој според својата големина бил најголемата античка градба, од првите векови од новата ера на денешна Македонија. Според раководителот на ископувањата, Антонио Јакимовски од катедрата за историја на уметност и археологија при Универзитетот „Св. Kирил и Методиј“, во моментот ја работат последната, третата фаза од истражувањата, која подразбира целосно истражување на театарот. Според предвидената динамика, целосно ќе го истражиме театарот до средината на април. Досега целосно е откриен театарот, фазите на негова изградба, како функционирал театарот и кога завршила неговата функцијата. Откриени се голем број културни слоеви, градби и археолошки предмети. Регистрирани се неколку фази на живеење на овој простор. Најраните траги се од железното време, 8-7 век пред новата ера. Од овој период пронајдовме два гроба, кои биле делумно уништени со подоцнежната изградба на театарот. Следуваат слоевите од доцноантичкиот период. Тоа е времето откако завршило функционирањето на театарот, кон крајот на 4 век. Тогаш на овој простор е изградена населба, која во неколку фази трае до 6 век. Потоа следува хијатус, по кој во средниот век имаме населбинско живеење и некропола со околу 70 гроба - објаснува Јакимовски.Најголем антички театарНа територијата на денешна Македонија досега се пронајдени четири антички театри - во Скупи, Стоби кај Градско, Хераклеја Линкестис кај Битола и во Варош, Охрид. Најголем и досега најмалку истражен беше тој во Скупи. Според археолозите, објектот зафаќал површина од 22.500 квадратни метри собирал меѓу 8 и 10 илјади гледачи. Во римско време Скупи бил главен град на ова подрачје и имал статус на колонија. Театарот бил изграден околу 125 година во чест на римскиот император Хадријан, кој во тоа време поминувал низ овие простори.Јакимовски вели дека од почетокот на истражувањата во 2013 досега пронашле и инвентарирале околу 5.000 артефакти од камен, стакло, метал, керамика и коска и околу 2.000 монети. Откако ќе завршат ископувањата, најрепрезентативните предмети ќе бидат изложени пред пошироката јавност.

Највредниот момент во овие истражувања е самиот театар со својата импозантна архитектура. Kако најексклузивни и научно највредни наоди би ги издвоил предметите од железното време. Освен за раното живеење на овој простор, тие зборуваат за етничката припадност на овие покојници - вели Јакимовски.Театарот во Скупи парцијално е истражуван во повеќе наврати, но со овој проект наречен „Антички театар Скупи 2013-2017 година“ планирано е да се спроведе целосно истражување, реставрација, конзервација и презентација и да биде пуштен во употреба. Потврда за културното богатствоСпоред Јакимовски, во изминатите две години целосно археолошки е истражен објектот, направен е проектот за конзервација на театарската зграда и наскоро треба да почне нејзината конзервација. Во моментот се прави документацијата за гледалиштето, по што ќе биде изработен проектот за реконструкција и конзервација на овој дел од објектот. Според планот, конзервацијата на театарската зграда и реставрацијата и конзервацијата на гледалиштето треба да биде готова до крајот на идната година. Тогаш театарот треба да биде пуштен во јавна употреба. Освен што ќе биде потврда за нашето огромно културно наследство, овој грандиозен објект ќе го привлече вниманието на многу туристи и љубители на археологијата. Секако ќе понуди богата културна програма и разни манифестации кои би можеле да се организираат во театарот во Скупи - вели Јакимовски.Од Министерството за култура велат дека со целосното истражување, заштита, конзервација, реставрација, реконструкција и презентација на античкиот театар во Скупи, овој археолошки локалитет ќе добие значајна содржина кој ќе го зголеми бројот на туристите. Паралелно со истражувањата се спроведуваат и конзерваторско-реставраторски работи. Проектот за конзервацијата на сценската зграда е изработен и се наоѓа на стручна комисиска проверка. Откако проектот ќе биде одобрен, Музејот на град Скопје ќе објави јавна набавка за негова реализација. Во меѓувреме во завршна фаза е изработката на комплетната техничка документација за гледалиштето. По изработката на идејниот и на основниот проект, ќе почне негова конзервација - велат од Министерството.Реконструкција според оригиналните блоковиМеѓу поважните откритија од театарот во Скупи лани беа и оригиналните камени блокови - седишта од гледалиштето. Беа пронајдени само две седишта, но и тие се доволни за да може да се направи реконструкција на останатите. Долги години домашните археолози сметаа дека седиштата и другиот градежен материјал од театарот биле однесени и вградени во скопското Kале. Во меѓувреме, треба да се направи анализа на каменот и да се одреди неговото потекло

http://dnevnik.mk/?ItemID=A8DB13932871AE4B999346DE71F944AD
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 02-Apr-2015 at 22:16
ПРОНАЈДЕН АРТЕФАКТ
Ретка статуа од 2 век откриена на Скупи!

2 април 2015 - 15:17
Ова е навистина возбудливо. Тимот откри една некропола која засега содржи два-три гроба, најверојатно од 4-5 век кога Теодосиј Втори го издигнал христијанството на ранг на главна, врвна религија во Римското царство. Нас не интересира кои се овие христијани - дали се луѓе кои пострадале или се роднини на луѓето кои пострадале во оркестрата. Во доцната антика, во текот на 3-ти и 4 век, христијаните биле жртвувани во театрите, изјави директорот на Управата за заштита на културното наследство Виктор Лилчиќ



Археолозите кои го истражуваат скопскиот локалитет Скупи вчера откриле редок артефакт од 2 век наша ера - статуа во облик на обезглавена женска фигура, со која е покриен гроб за кој се претпоставува дека е од доцната антика, 4-5 век.

Статуата веројатно е донесена од друг локалитет, извадена како предмет од некој постар објект (сполија), подоцна реупотребена како покривен елемент - капак на саркофаг на гроб вкопан во оркестрата во Скупи.




Таму е во тек трета фаза од истражувањето, кое треба да резултира со реконструкција на театарот и гледалиштето со 10.000 седишта, што се очекува да заврши во 2017 година.

Локалитетот вчера го посетија министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и директорот на Управата за заштита на културното наследство Виктор Лилчиќ, кој рече дека сега ќе работат на откривање на подот на оркестрата, со што ќе завршат археолошките истражувања во Скупи.





Ова е навистина возбудливо. Тимот откри една некропола која засега содржи два-три гроба, најверојатно од 4-5 век кога Теодосиј Втори го издигнал христијанството на ранг на главна, врвна религија во Римското царство. Нас не интересира кои се овие христијани - дали се луѓе кои пострадале или се роднини на луѓето кои пострадале во оркестрата. Во доцната антика, во текот на 3-ти и 4 век, христијаните биле жртвувани во театрите, изјави Лилчиќ.
Тој очекува да бидат откриени и други делови од пронајдената конструкција. - Главно, тоа е бел, ситнозрнест мермер од некое ателје, можеби од скулпторска работилница која работела тука, во Скупи, или во познатата скулпторска работилница во Стибера, на пример, па да е пренесен, додаде директорот на Управата за заштита на културното наследство.




Министерката Канческа-Милевска, пак, информираше дека се се одвива според планираната динамика - целосно е завршено истражувањето на сценската зграда, на гледалиштето, а во тек е истражувањето на оркестрата.

Се подготвува тендерската документација за избор на фирма која ќе продолжи со целосна конзервација на сценската зграда. Тендерот е планирано да се објави до крајот на април и веднаш започнуваме со реконструкција и конзервација на сценската зграда. Гледалиштето е истражено и до крај на јуни треба да се изготви и проектот за него за да се пристапи кон тендер. Во оркестрата, како што видовме денеска, има богати наоди. Тука се откриени уште неколку гробови, што претпоставува дека се очекува да се открие некропола од 4-5 век наша ера. Ќе видиме како ќе тече динамиката откако ќе ги избереме фирмите и ако таа се запази - во 2017-та можеме да го отвориме за јавноста театарот во овој локалитет кој е најголем кај нас, изјави Канческа-Милевска.







http://vecer.mk/kultura/retka-statua-od-2-vek-otkriena-na-skupi-0
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1498
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 12-Dec-2015 at 13:49
Рендер за театарот
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2423
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 12-Dec-2015 at 16:45
Конечно добра локација за концертите на Аца Лукас и ко.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 12-Dec-2015 at 16:59
пак ќе се прави „реконструкција“ на база на препоставки... ок
значи некој ни колосеумот во Рим го нема целосно реконструирано поради најосновна почит спрема неговата оригиналност, а ние го правиме ова...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.098 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.