build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Културно наследство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скупи

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 467
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 12-Dec-2015 at 20:10
Originally posted by zabegan

пак ќе се прави „реконструкција“ на база на препоставки... ок
значи некој ни колосеумот во Рим го нема целосно реконструирано поради најосновна почит спрема неговата оригиналност, а ние го правиме ова...


Ne zabegan, ne veruvam da e na baza na pretpostavki. Barem koga stanuva zbor za klasichna rimska ili grchka gradba, edno malo kamche e dovolno da znaesh kako izgledala celata gradba. Site se gradeni po strogi pravila i proporcii, pa ushte koga gi imash temelite, vekje sosema e izvesno kako objektot izgledal.

No, problemot ne e vo idniot izgled na novoizgradeniot teatar. Problemot e vo apsurdnosta na potegot. Nikoj na svetot od nula ne gradi nanovo rimski teatar. Ako se vo tolku losha sostojba kako skupskiot, togash se odi na varijanta so lesna konstrukcija vrz temelite koja ja kopira formata na teatarot. Ako ima dosta zachuvani ostatoci kako vo Heraklea, Ohrid, Stobi, togash mozhe da se rekonstruira vo odredena mera, no pak treba da se zapazi razlikata megju novoto i staroto. A ovoj podvig vo Skupi, e , ne znam shto e bidejki zborot "apsurdno" vekje ne gi opishva glavnite estetichari vo drzhavava nasha. Ova kje koshta teshki milioni ako go prat originalen, a spored rednerot izgleda taka kje bide. Teshki milioni frleni za nishto, za koncerti na aca lukas i ceca za iliniden valjda. So tie pari sho kje se potroshat za ova mozhat 6-7 lokaliteti da se napravat bombona od arheoloshki parkovi.

Ama sega vaka ko razmisliv, jako kombo kje bide: vo rimski teatar, da se slavi hristijanski praznik povrzan so revolucijata na Sloveni od XIX vek (ilinden), chestvuvan so koncert na vrvniot kicheraj, proizvod raspadot na eden trul sistem od 90-tite (ceca, lukas).



Edited by hcitrS - 12-Dec-2015 at 20:12
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2370
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 12-Dec-2015 at 20:31


интересен пристап.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 12-Dec-2015 at 20:31
Со оглед на тоа што многу извори велат дека скупскиот бил еден од најдекорираните и најубавите театри во Римската Империја, ако овој биде верна копија на оригиналот ќе чини многу.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2370
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 12-Dec-2015 at 20:54
Мене ме интересира колку ископините во други држави се баш онака сочувани како што се, а колку се уствари реиконструирани делумно или целосно (-10% ради ефект).

Малку ме чуди што ете кај нас само (и други места имале земјотреси, војни итн, па и пострашни од нашиве) камен на камен скоро да не останал, а секаде е онака, тип топ малтене.
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 655
  Quote King Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 12-Dec-2015 at 21:24
Originally posted by fichot

Мене ме интересира колку ископините во други држави се баш онака сочувани како што се, а колку се уствари реиконструирани делумно или целосно (-10% ради ефект).

Малку ме чуди што ете кај нас само (и други места имале земјотреси, војни итн, па и пострашни од нашиве) камен на камен скоро да не останал, а секаде е онака, тип топ малтене.

Дилемата ти е реална, повеќето од објектите се одново правени, намерно се оставаат делови за да се задржи впечатокот на стара градба. Нашиот Камен мост беше скоро реновиран, Скопската и Охридската тврдина исто, после 20 години никој нема да го приметува тоа, со ерозија, и патинирање на материјалот се губи чуството на ново направено. Се разбира дека реконструкцијата треба да е направена на начин и со материјал како оргиналот. Но има и објекти кои се оставени на ниво на археолошки ископини.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7023
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 13-Dec-2015 at 02:38
Originally posted by hcitrS

Originally posted by zabegan

пак ќе се прави „реконструкција“ на база на препоставки... ок
значи некој ни колосеумот во Рим го нема целосно реконструирано поради најосновна почит спрема неговата оригиналност, а ние го правиме ова...


Ne zabegan, ne veruvam da e na baza na pretpostavki. Barem koga stanuva zbor za klasichna rimska ili grchka gradba, edno malo kamche e dovolno da znaesh kako izgledala celata gradba. Site se gradeni po strogi pravila i proporcii, pa ushte koga gi imash temelite, vekje sosema e izvesno kako objektot izgledal.

No, problemot ne e vo idniot izgled na novoizgradeniot teatar. Problemot e vo apsurdnosta na potegot. Nikoj na svetot od nula ne gradi nanovo rimski teatar. Ako se vo tolku losha sostojba kako skupskiot, togash se odi na varijanta so lesna konstrukcija vrz temelite koja ja kopira formata na teatarot. Ako ima dosta zachuvani ostatoci kako vo Heraklea, Ohrid, Stobi, togash mozhe da se rekonstruira vo odredena mera, no pak treba da se zapazi razlikata megju novoto i staroto. A ovoj podvig vo Skupi, e , ne znam shto e bidejki zborot "apsurdno" vekje ne gi opishva glavnite estetichari vo drzhavava nasha. Ova kje koshta teshki milioni ako go prat originalen, a spored rednerot izgleda taka kje bide. Teshki milioni frleni za nishto, za koncerti na aca lukas i ceca za iliniden valjda. So tie pari sho kje se potroshat za ova mozhat 6-7 lokaliteti da se napravat bombona od arheoloshki parkovi.

Ama sega vaka ko razmisliv, jako kombo kje bide: vo rimski teatar, da se slavi hristijanski praznik povrzan so revolucijata na Sloveni od XIX vek (ilinden), chestvuvan so koncert na vrvniot kicheraj, proizvod raspadot na eden trul sistem od 90-tite (ceca, lukas).

сепак се работи за антички рушевини, според основите пронајдени од еден објект и искршените остатоци во околината, може лесно да се препостави како изгледал објектот и каков габарит имал, ама сепак тоа ќе бидат претпоставки, се додека немаш доказ црно на бело за тоа како оригинално изгледал објектот... еве на пример, за колосеумот во рим, до ден денес се препоставува за тоа дали имал платнен покрив и како функционирал
целосна реконструкција се прави кога имаш конкретна слика како изгледал објектот (од времето на фотографиите ), и кога имаш задржано барем негови најосновни нацрти... и тогаш е дискутабилно како ќе се реконструира, затоа што треба да се осигураш дека тој објект ќе остане таков каков што е без да подлегне на забот на времето, а за тоа е потребна современа градба

затоа и се оди на опцијата што ја кажуваш ти и на тоа мислам и јас, делумна естетска реконструкција на линијата на објектот, колку да се добие претстава за неговиот габарит и волумени, или кратко кажано, да биде разбирлив за јавноста
за да се долови неговиот конкретен изглед, постојат музеи и макети, а и некои поинвентивни идеи како оваа што ја постирал fichot

Edited by zabegan - 13-Dec-2015 at 02:39
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7023
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 13-Dec-2015 at 02:46
Originally posted by King

Originally posted by fichot

Мене ме интересира колку ископините во други држави се баш онака сочувани како што се, а колку се уствари реиконструирани делумно или целосно (-10% ради ефект).

Малку ме чуди што ете кај нас само (и други места имале земјотреси, војни итн, па и пострашни од нашиве) камен на камен скоро да не останал, а секаде е онака, тип топ малтене.

Дилемата ти е реална, повеќето од објектите се одново правени, намерно се оставаат делови за да се задржи впечатокот на стара градба. Нашиот Камен мост беше скоро реновиран, Скопската и Охридската тврдина исто, после 20 години никој нема да го приметува тоа, со ерозија, и патинирање на материјалот се губи чуството на ново направено. Се разбира дека реконструкцијата треба да е направена на начин и со материјал како оргиналот. Но има и објекти кои се оставени на ниво на археолошки ископини.
не е проблемот во самиот изглед на објектот и дали ќе изгледа ново или старо, туку спрема почитта како дело... поради истите причини се палиме и кога ќе се промени некоја фасада

дури и калето беше „реконструирано“ и сеуште се гради со невнимателен пристап, камениот мост никогаш не го довршија, ниту пак се одлучија со која верзија ќче се оди

калето и камениот мост на пример, мене ми се интересни, затоа што со секоја нова генерација се на велико модификувани и доградувани... ако успееш да им најдеш основи секоја чест... од тој аспект можеби и е дозволена поголема слобода кај нив
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11031
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 13-Dec-2015 at 02:53
Originally posted by hcitrS



Пријателе, една добронамерна забелешка - те молам да пишуваш на кирилица, очи ме заболеа додека да прочитам што сакаше да кажеш. Инаку, ми се допаѓаат твоите размислувања, мило ми е што се појави нов форумец кој дава конструктивни мислења и ставови.
За сè има вторпат
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 467
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 13-Dec-2015 at 15:23
Originally posted by Џоле

Originally posted by hcitrS



Пријателе, една добронамерна забелешка - те молам да пишуваш на кирилица, очи ме заболеа додека да прочитам што сакаше да кажеш. Инаку, ми се допаѓаат твоите размислувања, мило ми е што се појави нов форумец кој дава конструктивни мислења и ставови.


Лол, важи

Originally posted by fichot

Мене ме интересира колку ископините во други држави се баш онака сочувани како што се, а колку се уствари реиконструирани делумно или целосно (-10% ради ефект).

Малку ме чуди што ете кај нас само (и други места имале земјотреси, војни итн, па и пострашни од нашиве) камен на камен скоро да не останал, а секаде е онака, тип топ малтене.


Па искрено многу голем дел од објектите во др држави се современи реконструкции. Освен градби со габарит на Колосеумот, од која колку и да краделе градежен материјал, не можеле да ја дорастурат; потоа Партенонот, Агригент... другите помали и понезначајни градби се горе-долу „нови“. На пример втората најпозната разгледница од Грција после Партенонот е толосот (кружниот храм) во Делфи, со трите кренати столба. Истите се подигнати во 20-ти век.

А не дека кај нас камен на камен не останал, ете земи го Стоби, театарот е сè уште во изворна состојба која е и многу солидна. Се разбира дека конструктивни или декоративни елементи како столбови на пример, најобјективно гледано, никогаш не се во „изворната положба“, оти обавезно се паднати или навалени, па треба да се вратат наместо. Е сеа таквите потфати се прифатливи и орпавдани бидејќи за пошироката публика (па и за стручната) полесно е да се разберат и замислат трите димензии на еден објект, неговиот изглед, габаритот. Проблемот со целосна реконструкција на толкав театар како во Скупи, со оригинални материјали и во оригинални размери е во непотребноста на зафатот, кој ќе биде огромен, прескап и нелогичен.

Има многу поприфалтиви начини за неогва реконструкција, како што наведов погоре, и се разбира не во толкав размер. Отворена арена со 8-9000 места (како што се најавува) на Скопје не му е воопшто потребна. Доволен е стадионот кој и така никогаш не успеа да се наполни откатко е отворен, а слушам ќе се гради уште еден.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 467
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 13-Dec-2015 at 15:25
Originally posted by fichot



интересен пристап.


Кај се наоѓа ова? Феноменално е, дури на второт забележав дека у ствари не е слика со сина позадина туку е транспарентен цртеж.. мн јако
Back to Top
Glava View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 08-Sep-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 54
  Quote Glava Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 27-Dec-2015 at 20:20
Во Грција долго време имаше дискусија околу обновувањето на Акрополис. Сега веќе неколку години обновувањето го гледаме како се случува на дело. За неколку години Акрополис го враќа стариот сјај со цел туристите кои ја посетуваат Атина да не се потсмеваат дека Акрополис е куп на камења и остатоци кои не оставаат впечаток на нешто големо.

Еве еден од линковите поврзани со реконструкцијата на Акрополис

http://greece.greekreporter.com/2013/12/05/the-reconstruction-of-acropolis-in-a-3d-video/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7023
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 28-Dec-2015 at 03:39
абе кој ги шиша туристите дали се потсмевале!
Акропол, или било кој антички археолошки локалитет, најпрво е споменик на историјата и треба да се третира како нешто свето и недопирливо, па дури после е туристички локалитет... всушнот туристички локалитет е поради тоа што е свето и недопирливо...
стварно голема грешка прават грците со овој потег
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 467
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 26-Jan-2016 at 01:43
Еве еден културен пример на современа реконструкција (И политичарите сити, и археолозитена број ):



И тоа во држава која може да си дозволи целосна реконстуркција на цел римски град, а сепак да не осети по џебот: Аугуста Рурика, Швајцарија.

Edited by hcitrS - 26-Jan-2016 at 01:44
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11031
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 15-Jun-2016 at 10:59
Во неделата го посетив Скупи и - што да кажам - силно се разочарав. Поради недостиг од пари (главно се финансира само „обновата“ на театарот, ќе видите со какви сомнителни материјали од сликите), другото е обраснато од треви, запуштено, занемарено. По којзнае кој пат се уверувам дека не знаеме да си го цениме и заштитиме историското културно наследство. Еве слики од посетата:

Scupi, Skopje / Скупи, Скопје by george k. 1981, on Flickr

Scupi, Skopje / Скупи, Скопје by george k. 1981, on Flickr

Треви до појас...

Scupi, Skopje / Скупи, Скопје by george k. 1981, on Flickr

Scupi, Skopje / Скупи, Скопје by george k. 1981, on Flickr

„Обнова“...

Scupi, Skopje / Скупи, Скопје by george k. 1981, on Flickr

Scupi, Skopje / Скупи, Скопје by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11031
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 15-Jun-2016 at 11:00
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11031
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 15-Jun-2016 at 11:01
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11031
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 15-Jun-2016 at 11:04
За сè има вторпат
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 679
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 15-Jun-2016 at 15:42
Во неделата го посетив Скупи и - што да кажам - силно се разочарав.

Пела, Вергина (Ајга), Стоби, Лихнидос, Хераклеја, мислам дека овие се најдобрите археолошки места за посета во регионот.
Back to Top
Z|evzek View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote Z|evzek Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 15-Jun-2016 at 16:50
Чекај чекај чекај
Венера ја има на 3 места. Во новиот археолошки музеј, во парк и на мое изненадување овде :S Џоле нешо инфо имаш за која е оригиналната ?
Back to Top
CenterCityKid View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 132
  Quote CenterCityKid Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 15-Jun-2016 at 17:27
Во парк е копија. Има копија и во музеј на град Скопје (таму беше прво оригиналот, па кога го преселија оригиналот, ставија копија). Оригиналот е во археолошкиот музеј. Логично би било копија да има и во Скупи.



http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1019111926423&id=16&setIzdanie=22410
http://www.fama.mk/vesti-glavni/kategorii/makedonija/4793-sramezlivata-venera-ke-ja-krasi-poznataat-fontana
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=319131027171&id=16&setIzdanie=22833
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.