build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Културно наследство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скупи

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 15-Jun-2016 at 18:09
Џоле не се согласувам со твојот коментар дека локалитетот е екстремно несреден. Точно е дека тревите можат да се закосат и да се потсредат но мислам дека овој локалитет е сеуште во фаза на истражување и реконструкција така сеуште не е целосно спремен за посетители. Исто така неможе да се каже дека не се инвестира во зачувување на културното наследство затоа што во цела Македонија се ископува и реставрира и се работи навистина во рамките на нашите можности како држава и економија турбо на оваа поле . Плус не заборавајте дека во Македонија има најмалку 6 илјади археолошки наоѓалишта и затоа не е возможно да се постигне. Јас се надевам дека со завршување на театарот ќе се среди уште повеќе Скупи и дека за едно две до три години ќе биде спремен за посетители. Инаку како и секогаш секоја чест за фотографиите и трудот кој го вложуваш во форумот.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12153
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 15-Jun-2016 at 19:40


Мој добар пријател работеше неколку години на ископувањата на Скупи. Главниот археолог, кој работел на локалитетот со децении, пред неколку години бил сменет со партиски указ. Човекот познат по „Миле ми текна“ фразата наредил да се реконструира театарот за на него да се одржува Скопско лето. затоа сите пари се влеваат само таму, а не и на остатокот од локалитетот. А дека има што да се истражува - има. Постојат многу неистражени места и којзнае што се крие под земјата. Како и да е, обично не се впуштам во кафански прераскажувања, но информациите ги добив од многу близок човек до мене кој работеше како археолог таму, па немам причини да не му верувам. Можеби и навистина Скупи не е подготвен за посетители, но тогаш, зошто направиле патеки и поставиле патоказни табли? Малку ми нема логика тоа.
За сè има вторпат
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 15-Jun-2016 at 23:33

можеби паметно, чинам и Хераклеа не е доистражена и средена, па пак амфитеатарот е посетен постојано дал фестивалски дал концертно, претпоставувам, последно нешто што начекав таму беше леб и сол после реоформувањето

земено туристички да попрво требаше оваа, него тоа возобновата на стариот театар, иако и тој и античкиов нема да усреќат народ, бидејки истиот е гладен тро појќе за кино проекции отколку театарски претстави, да не заборавиме тука е и транспортната отсеченост на локалитетот итн. итн. можеби некоја лрт комбинација сето ова да го релативизира [1] но попрво ќе кренат 100 театри отколку што ќе видиме некоја трам линија во комшилук на Скупи ... други пак си мачат памет со трето ...

...

И така со идентичната матрица доаѓаме до Скупи. Со тоа што овој пат станува збор за реконструкција на театар, кој постои само во слабо зачувани темели, но сосема доволни за изведба на квалитетна реконструкција. Во случајов реконструкција сама по себе не е проблемот, туку контекстот во однос на целиот локалитет, и потребата од истиот. Скупи се наоѓа во делумно урбанизирана зона, бидејќи се уште постојат делови од локалитетот, кои се наоѓаат на земјиште кое може да дозволи непречена заштита и евентуално истражување. Главниот проблем е што локалитетот е заштитен и ограден во не повеќе од 20 отсто од вкупната површина, која го исклучува дури и просторот на театарот. Значи, локалитет кој не е целосно заштитен, за кој не се знае ниту целосната површина на простирање, кој е на дневна основа изложен на деструкција и исчезнува со секој нов изграден објект, со директна дозвола на надлежната институција преку формата "заштитно истражување" како приоритетен проект ја има реконструкцијата на театар?



Скупи е еден од првите локалитети, на кои беа изведени недеструктивни гео-магнетни истражувања, кои за примарна цел ја имаат заштитата, со одредување на неговото простирање, но и културна содржина, преку многу современ начин на премерување. Со други зборови, се одредува што има и каде има, без било какво ископување, што е само основа за долгорочен план на негово управување и заштита (преку забрана за градба, откуп на земјиште од индивидуално сопственици, истражување на делови кои се целосно или делумно урбанизирани). Наместо тоа, повторно истиот нагон и порив за градење врз археолошки локалитет, значи повторно масовно соучесништво од страна на надлежни институции во површни и необмислени идеи. Со сериозен сомнеж за квалитетот на изведбата, после сите примери на дилетантски, шарлатански и нестручни изведби на многу градби. Приоритетите и можностите се во прашање, а не хирот и узурпацијата на уште еден јавен простор, и уште еден пример на (не)грижа за културното наследство.

Културното наследство на една земја е нејзината одредница. Но, поимот на минато и иднина е проблематичен во неразбирањето на неговата суштина, па и на неговата дефиниција. Покрај неминовното, вистинско создавање, приоритет во модерниот цивилизиран свет, е неговата заштита. Заштитата на културното наследство. Заштита на уметноста. Слобода за уметноста. Крај за узурпацијата на културното наследство. Крај за негово уништување, во негово име. И во име на наводната креативност, и право да се создава глупост, незнаење и лоша навредлива ,,нова култура. Културата не е државна категорија, но нејзината заштита во вака поставено општество, е токму тоа, државна категорија. Односот е индивидуален, но едукацијата е колективна. Во доволно потребна мерка за општо прифаќање на супериорноста на културата и нејзината неопходност за опстанокот на цивилизираното општество. Без нејзината реална моќ на создавање и креативност, се сведуваме на форма без суштина, на појавност без живот, на културно наследство без заштита, на злостор од невидени размери.

НикицаКорубин - http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=8D7FD94E23E838409705F8FB56C07A43

HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12153
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 17-Jun-2016 at 06:48
Изградбата на Антички театар во Скупи ќе проголта 7 милиони евра!

Ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе гради огромен Антички театар на локалитетот Скупи се обвистинува. Управата за заштита на културното наследство потпиша договор со фирмата „АК Инвест“ од Тетово за реализација на замислениот објект, кој ќе собира дури 9.000 гледачи. Театарот треба да претставува реплика на дамнешниот објект кој припаѓал на римскиот тип театри и бил украсен со мермерни архитектонски елементи. За овој владин проект од државниот буџет ќе се потрошат 433.368.965 денари, односно 7 милиони евра.



Од Управата за заштита на културното наследство се одлучиле во изградбата на Античкиот театар да користат травертин, од кој бил издигнат објектот и пред неколку векови наназад. Според владиното објаснување за проектот дадено во изминатиов период, самиот комплекс ќе се користел за изведба на настани од областа на културата. Проектот за издигнување на Антички театар во Скупи го соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на почетокот од февруари годинава.



Бојан Блажевски
bojan.blazevski@build.mk

http://www.build.mk/?p=50672
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 17-Jun-2016 at 17:07

не знам дали сеуште можам да прашам дали се нормални?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 17-Jun-2016 at 17:29
Previous
 
Па, пред 1 ипол година јас ќе речев дека не се нормални, забеган, но со оглед на вистините кои излегоа на виделина изминативе 18 месеци, ќе кажам дека се нормални, бидејќи одлично знаат што прават - нова шема за перење пари.


Edited by Dexter26 - 17-Jun-2016 at 17:30
Back to Top
kliment View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 18-Sep-2012
Online Status: Offline
Posts: 56
  Quote kliment Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 17-Jun-2016 at 20:04
Врбите во Вардар исто така ги садеше тетовска фирма, поточно од Шипковица. Шемата на функионирање е очигледна.

Edited by kliment - 18-Jun-2016 at 22:56
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12153
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 12-Dec-2016 at 10:37
Театарот во Скупи. фото. Александар Колов

За сè има вторпат
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 580
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 12-Dec-2016 at 14:12
А со гробиштава десно како ќе оди изградбата на татарот? Или ќе го изротираат теататарот 30-40 степени, не им е проблем таков зафат кога станува збор за театри..
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.