build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Кој го гради Скопје?

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
mileeeM View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 01-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote mileeeM Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Кој го гради Скопје?
    Posted: 12-Jan-2010 at 13:53
Ве повикувам или поточно ве предизвикувам на истражувачка дискусија. Кој го содава урбаниот простор во Скопје? Кој групации т.е. лица преку нивните градежни активности влијаат на нашето секојдневие? Дали е моќта етнички поделена? Кој го гради северниот, а кој јужниот дел од градот? Камчев, Мојсови, Мијалкови, Костовски, Палевски, Бајрами, Тодоровиќ... Гранит, Масон инжинеринг, Ин Пума? Кој е шефот на урбаната мафија? Кој кешира и несвесно го оформува градот?

Темата е често зачнувана, но само површно и само до тоа ниво да поимот "урбана мафија" се претвори во нешто недопирливо.

Ајде ! АЈДЕ !

Edited by mileeeM - 12-Jan-2010 at 14:27
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 12-Jan-2010 at 15:26
Според мене само голтари владеат во Скопје, за наша голема жалост !

Морам да се извинам на терминов, ама тоа е живата вистина.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 12-Jan-2010 at 15:49
Previous
gorco навистина е жално колку си во право. И самиот термин ти е погоден 100%. Затоа е такво какво што е токму заради нивниот невкус, алчност, цицјаштво и ситни малограѓанскои интереси.
А кои се тие, не е ни важно во моментов да се споменува, самите нека се препознаат.
Back to Top
mileeeM View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 01-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote mileeeM Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 12-Jan-2010 at 16:01
горцо дека се голтари и дека тоа што го прават е погрешно е сосема јасно. Дека се работи за лични интереси со краток рок на траење е исто така јасно. Ама мислам дека е важно да се отвори дискусија за да ни стане на сите јасно дека само неколку луѓе раководат со нашите животи. Додека ние се замараме со некакви приказни за мала деца, со реконструкции, цркви и џамии, антиквизации и што ти ја знам група од луѓе (да не ги наречам елита) со години узурпира јавен простор и сегрегира. Без да преувеличувам -архитектурата е опасна професија. Дајте да собереме информации за да можеме во иднина да покажеме со прст на индивидуалците. Па добро која фирма ги лие сите тие скулптури? Која фирма ги гради сите тие реконстукции? Мислите дека тука има некоја голема идеологија?! Па добро цела таа багра се економисти. Од сите срања некој дебело заработува! Не сакам да ја свртам темата само на владините прокти туку сакам да ја насочам критиката. Доста естетика ... модерно, пост модерно бла бла ... кај иде цел тој кеш од нашите даноци ? Кај кого ?
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9079
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 12-Jan-2010 at 16:11
Добра идеја за тема Миле, само да се потрудиме да сме што попрецизни информациите кои ќе ги менуваме тука за да не се претвори во некоја конспиративна дискусија достојна за пред гранап. Се надевам дека сите што навистина имаат информации ќе ги споделат тука за да ја изградиме таа "база на податоци" која ја предлагаш.

Форматот ти е добар. Кои фирми, кој е текот на парите.... се лежи таму.
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 13-Jan-2010 at 08:39
Миле баш така стојат работите - они прават обичниот свет , да се замара за споменици , да се препукуваат христијаните ВС. муслиманите за Св. Никола и Свети Бурмали, а они да можат да црткаат маркици на невозможни места и да градат, ако може и на сред улица и таму.

А зборот ти е погоден "ЕЛИТА" со големи букви во наводници.

Реално во Скопје архитектите - не можат да дојдат до израз (иако нивното мислење треба да се смета - како БОГ кога станува збор за градење), ете сам си кажа тоа се, се економисти, абе како се нервирам кога идам пешки во Дебаар Маало посебно таму кај АПЧЕ - абе да можел на сред улица да висел балкон - така ќе било.

Понатаму, неколку пати веќе сум напишал - во Скопје треба да се направат улици, булевари - да има инфраструктура, па после нека градат. Работава е што еден ден, самите ќе сфатиме колку го ПОЕБАВМЕ Скопје и ќе почнат да си рушат самите или по налог на Град Скопје голем дел од ваквите квази зградички (пр. колку сакаш-ја сум влегол една таква, абе фичо е покомотно од лифтот во неа према димензии), па се види за што зборува.
Back to Top
mileeeM View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 01-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote mileeeM Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 13-Jan-2010 at 10:46
Енвер Малиќи - знае ли некој кој објекти и парцели се под сопственост на неговата фирма Гемак трејд ? За сега знаеме дека е сопственик на целата парцела под америчка амбасада.
Орце Камчев - кој урбан простор го поседува овој човек освен новата банката и планираниот хотел во строгиот центар на градот. Да не заборавиме за просторот позади рамстор.
Басри Бајрами - градоначалник на Арачиново и власник на огромен дел од во новата индустриска зона накај Косово. (непроверени извори)
Трифун Костовски - власник на Кермес во парк заедно со Фуфо власник на огромени простори во строгиот центар на градот.
Тодоровиќ - Катни Гаражи !?
Кој се тие Ин Пума? Кој се тие луѓе аман? Кој стои позади нив и за кого они цртаат и прецртуваат? Имате ли други информации за други луѓе за други фирми? Или да го дополните имотот на горенаведените


Edited by mileeeM - 13-Jan-2010 at 10:54
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9079
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 22-Jan-2010 at 14:20
Originally posted by mileeeM


Орце Камчев - кој урбан простор го поседува овој човек освен новата банката и планираниот хотел во строгиот центар на градот. Да не заборавиме за просторот позади рамстор.


На ниво на шпекулација (затоа и не се осеќам кадран да коментирам во нишкава) но со него се поврзуваат (на индиректен начин) скоро сите новопланирани објекти околу плоштадот вклучувајќи го и оној на Магос (Сан Марко) кој е при крај на изградба. Тука е и City Gallery.
Back to Top
Cifra View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 25-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 85
  Quote Cifra Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 19-Mar-2010 at 02:35
Македонија Проект (пре)често фигурира во владините проекти, најчесто проектирање или надзор. Случајност?

За Инпума знаете. Спремни се да удоволат било каква нарачка за прекројување на урбанистички планови и веројатно немаат ниво под кое не би се спуштиле. Не е ни чудо што се толку омилени во општина центар и што се автори на најзезнатите урбанистички планови.


Edited by Cifra - 19-Mar-2010 at 02:39
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 19-Mar-2010 at 10:00
Ја едно време и мислев дека се некој државен завод за изработка на урбанистички планови. Мислев дека дуп-ови по дифолт ги прави инпума и дека инпума не прави друго.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12071
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 23-May-2010 at 17:11
Ајдован Адемовски ќе гради хотел во Аеродром
 
Скопскиот бизнисмен Ајдован Адемовски, сопственик на хотелот „Стоун бриџ“, ќе гради хотел во општината Аеродром, во близината на мостот „Близнак“, каде што ќе се градат и тениските игралишта и аква-паркот  

 
%20  
На јавното наддавање во Министерството за транспорт и врски парцелата од 5.175 квадратни метри Адемовски ја купи за 33.637.500 денари. Во рок од 15 дена тој треба да ги уплати парите на сметката на Министерството за транспорт и врски, а за девет месеци да обезбеди одобрение за градба и да почне да го гради хотелот.
 
   
Автор: А.М.Д.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=522101020224&id=14&prilog=0&setIzdanie=21989


За потсетување, Ајдован Адемовски требаше да изгради катна гаража на плацот каде што никна седиштето на НЛБ Тутунска Банка. Катна гаража сеуште не функционира ни во тој мал дел од објектот кој Адемовски го задржа за себе и кој остана предвиден за гаража.

Edited by Cloverstack - 23-May-2010 at 17:11
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 23-May-2010 at 22:51
Колку што се сеќавам истото лице се спомнува и за станбените блокови во Ќерамидница, така?!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9079
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 23-May-2010 at 22:55
Originally posted by lslcrew

Колку што се сеќавам истото лице се спомнува и за станбените блокови во Ќерамидница, така?!


Ne, tamu e Fiat Canovski.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 23-May-2010 at 23:01
На последните урбани вести на МТМ (Shifty јебига го гледам) мислам дека него го спомнаа во контекст на некои си осумнаесеткатници што беа за позади фон. Така да може да е и тука покрај Цановски. Инаку се спомнуваше и за Рамстор, доста линкови така кажуваат.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9079
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 23-May-2010 at 23:06
Аха, можеби е коинвеститор незнам. До сега беше познат како газдата на Евроазија, македонскиот партнер на Рамстор (така се докопа и до локацијата каде е сеа НЛБ) и сопственикот на Стоун Бриџ. 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 23-May-2010 at 23:08
И Радо Банка што пропадна.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 25-Nov-2018 at 03:50

како влетаа Лимак и Џеваир како влета ТАВ колку време им требаше на груевци да ги донесат и договорат да инвестираат во Македонија, имаат ли локални партнери, ајде ТАВ по друга линија, но Лимак и џеваир и сред светска рецесија влетаа, каков и да им бил есапот вложените пари брзо нема да ги вратат, бидејќи не се во прашање како кај Саем расцепкани парцели со моловски табиет дури очигледно партиски или допартиски инвестиции [1] туку делуваат ко чисти гринфилдери, но да чујам може има и повеќе ...

незнам дали нешто ќе смени ако Скопје има и 100 облакодери, но факт е дека градежниот бум (кој и како да се офајдува од него) само дополнително ќе ги гетоизира Македонците во Скопје та не е далеку денот и скопјани да биднат сите како тргнало Земјоделие да не се субвенцилнира, иако тирзовите општински нешто ветуваат и останатите градови да видат аир но само како бројлерски расадници, заради што младите на ангро бегаат од таму дали в Скопје дали печалба, ЌЕ ЗАПРЕ ЛИ ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР НЕКОГАШ ВО СКОПЈЕ ДА ПУМПА НЕПОТРЕБНО ВО НЕДОГЛЕД ПЕТПАРАЧКИ КОМИБЛОКОИ!?


Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 28-Nov-2018 at 00:00

ех каков ненамерен ЛАПСУС, во нишката Облакодери сум го потпишал Перо а сум требало Зоран, нека ми прости батето добро што не сум го заменил за најизвиканио кадет од ккРаботнички ...

патем нешто не ми е јасно, дали истиот Зоран за кого се говори на следните две фусноти е поблизок до груевци или зајковци [1][2] ецдека е битно, оформувањето на маркичката им е чисто на фешоновци, туку дали ќе видиме инвентивност околу промената на ДУПот или пак ќе јѐ заглават на подолго со тараби таа локација, бреј лимаковци колку време тактизираа а си имаа тро пофлексибилен законски рок, кој кога дојдоа груевци заради инвеститорска луфта од 2 години за почеток на градба по оформување на градежна маркица го зголемија чинам и на 8 та и отпојќе, иако за џеваирци стегнале на 6 години [1] чинам и лимаковци не пробија рокои бидејќи чим стигнат до прва плоча сетне можат пак да дремат ...

дали на овој план ќе има промени та да видиме нови сопственици, бидејќи ако држава не инвестира на ангро во градежен сектор, јасно е дека негов раст нема како поинаку да се стимулира него градежните компании да се стегнат пак околу роковите, иако така се знае дека квалитетот заради брзоплетоста ќе се дестимулира!



Edited by Zelenikovo - 28-Nov-2018 at 00:35
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.123 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.