build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хидросистем Злетовица

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 4>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Хидросистем Злетовица
    Posted: 01-Nov-2007 at 21:48
Во последните година-две, се интензивираа работите на повеќенаменскиот хиросистем Злетовица (барем таков впечаток се добива од по обичај штурите информации на кои можеше да се наиде). Па еве една тема и за ова - да се надеваме дека ќе има со што редовно да ја полниме.

Ова е еден од оние маратонски проекти, не само затоа што за негова реализација реално е потрбно многу време, туку и заради начинот на кој се работи во Македонија. Веројатно комбинацијата на корупција и неспособност го одолговлекоа многу повеќе отколку што беше потребно... Кога ли навистина конечно ќе биде завршен, тоа сигурно никој жив не знае...

Инаку ова е проект од извонредно голема важност за целиот регион (триаголникот Штип-Злетово-Св.Николе и пошироко). Во негов состав влегуваат пристапни патишта, акумулации, хидро-електрани, цевководи, придружни објекти, системи за наводнување, водоводни мрежи... Наидов на најразлични и збунувачки податоци околу вкупната цена на целиот проект, но на официјалниот сајт фигурира бројка од 180.000.000$, која е веројатно стара, па со оглед на константниот пад на доларот цената веројатно е значително поголема.

Инаку последна важна вест на која наидов беше почетокот на изградбата на браната Кнежево во Јануари годинава. Ако некој има нешто поново нека ме дополни.

Еве некои поважни податоци и поинтересни слики/мапи земени од: http://www.hszletovica.com.mk/




Хидросистемот ˝Злетовица˝ се наоѓа во североисточниот дел на Република Македонија. Тој има повеќенаменско значење, кој може да ги задоволи следните основни намени:
  • водоснабдување на населението и индустријата во општините Кратово, Пробиштип, Штип, Карбинци, Свети Николе и Лозово,
  • наводнување на 3100 Ха земјоделска површина,
  • производство на електрична енергија,
  • обезбедување на биолошки минимум на реката Злетовица,
  • намалување опасност од поплави и
  • задржување на наносот во акумулациониот простор.












1



2



3



4


5


6


7


8


9


10


11



Edited by Cloverstack - 20-Jun-2009 at 13:08
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 01-Nov-2007 at 22:01
Originally posted by Cloverstack

Ако некој има нешто поново нека ме дополни.
 
Зарем си оставил некогаш простор за дополнување
 
ApplauseApplauseApplauseApplauseApplauseThumbs%20UpThumbs%20UpThumbs%20UpThumbs%20Up BowBowMasterMasterRock
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 01-Nov-2007 at 22:06
Big%20smile

Мислев ако некој чул/прочитал некоја поважна вест од тогаш навака... Сепак јануари е далеку зад нас...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 27-Nov-2007 at 20:05
Thumbs%20Up

Пробиен главниот тунел долг 300 метри на браната Злетовица
Половина година работа на 200 метри под земја, ова е професијата на 23 г. од Кратово. Иако работата е исклучително тешка и ризична по живот, овие работници не се жалат. Велат господ ги чува, а бел ден видуваат само по завршување на дневните обврски.
 
Пред предвидениот декемвриски рок го пробија опточниот тунел на идната брана на реката Злетовица долг 300 метри. Сега се бетонира и чисти. Задоволството од завршената работа не го кријат и надлежните од ЈП Хидросистем Злетовица.

 
До првата половина од 2009-тата има уште работа. Роковите не смеат да се пробијат, во спротивно следуваат високи казни, ги предупреди денеска министерот за земјоделство Ацо Спасеновски кој со домаќините влезе во тунелот.

Инвестицијата тешка 120 мил. долари од кои 80 се пари од јапонската Влада, в година влегува во втората фаза Се дозавршува главниот цевковод од над 50 километри, се оформува телото на браната. Ако времето послужи, соседните општини Пробиштип и Кратово од 2009-тата ќе го решат проблемот со водоснабдувањето. Според планот хидросистемот Злетовица ќе го реши водоснабдувањето и на 100 илјади жители од седум општини во источна Македонија,и наводнување илјадници хектари плодни површини. Браната битно ќе ја промени микроклимата создавајќи услови за развој на планинскиот туризам. Дотогаш, работниците копачи на тунели бел ден видуваат само по завршување на дневните обврски.


Извор: Канал 5
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 28-Nov-2007 at 15:44
Toa e dobro togashSmile
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 07-Oct-2008 at 23:03

Пет компании сакаат да градат хидроцентрали на системот „Злетовица“

ШТИП - Пет домашни компании учествуваа на јавниот тендер за изградба на седум мали хидроцентрали на браната „Кнежево“, која е дел од регионалниот систем „Злетовица“. Вчера тендерската комисија ги отвори понудите, а својата одлука ќе ја соопшти за најмногу еден месец.

Инвеститор на хидроцентралите, како трет дел од регионалниот хидросистем за водоснабдување на шест општини со 100.000 жители и наводнување на 3.100 хектари е ЈП „Злетовица“.

Според проект-менаџерот Тони Тоневски, кој е и претседател на тендерската комисија, седумте хидроцентрали годишно ќе даваат по педесет милиони киловат-часови електрична енергија. „Откако тендерската комисија ќе ја избере најдобрата понуда, компанијата ќе мора да почне со работа најдоцна идната есен“, потенцира Тоневски. (И.Б.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=CB4425E10CF71E4CB7D14D5BD160FC17

Се мислев дали тука дали кај хидросистем Зетовица да го постирам ова и се одлучив за тука. Ако треба пребацете!



Edited by lslcrew - 07-Oct-2008 at 23:06
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 14-Oct-2008 at 00:25

Пет кандидати за изработка на идеен проект за „Злетовица“

Пет домашни фирми се јавија на конкурсот за подготвување идеен проект за изградба на седум проточни хидроцентрали на Злетовска Река. Во јавното претпријатие „Хидросистем Злетовица“ беа отворени понудите со што почнаа активностите за реализација на третата фаза од повеќенаменскиот хидросистем „Злетовица“, со кој ќе се искористуваат водите од Злетовска река за да се добие електрична енергија.

Во текот на оваа недела ќе биде позната фирмата што за три месеци треба да го подготви идејниот проект за искористување на водите од Злетовска Река.За изградба на седумте проточни електрани на Злетовска река се предвидени 20 милиони евра.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=FF0392BA594D0646B7827B0EBDF003D4


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 04-Nov-2008 at 00:10

„Злетовица“ добива асфалтно јадро

Се очекува браната „Кнежево“ од хидросистемот да биде готова до крајот на идната година

Иван Бојаџиски

ШТИП - На браната „Кнежево“, најзначаен дел од регионалниот хидросистем „Злетовица“, вчера почна изградба на асфалтно јадро. Станува збор за исклучително важен потфат, најмногу поради фактот што оваа постапка првпат се применува, не само во нашата држава туку и на Балканот.

На браната вчера имаше многу механизација, уште повеќе работници, а стручњаци од конзорциумот „Бетон - Гранит“ ја набљудуваа работата.

Првиот човек на јавното претпријатие, Стојан Миланов, убеден е дека постапката со асфалтното јадро ќе донесе прогрес во изградбата. Идентично е и мислењето на Павле Павловски, градежен инженер од оперативата на „Бетон“, според кого се обезбедува најголема сигурност за браната, а роковите за изградба се скратуваат.

„Се' повеќе станува јасно дека браната ќе биде готова до крајот на идната година. Штип, Кратово, Свети Николе, Карбинци, Лозово и Пробиштип водата од реката Злетовица ќе можат да ја користат уште идната пролет. Таа можност се отвора со забрзаната изградба на двата зафата, првиот за Штип и Свети Николе, Лозово и за Карбинци и вториот за Кратово и за Пробиштип. Зафатите и цевководите во должина од 57 километри се при крај, а ќе бидат во функција од првите јануарски денови на 2009 година“, потенцира директорот Миланов.

Според сите прогнози, првата фаза од најголемата и најзначајна инвестиција во источниот дел на Македонија ќе биде готова до средината на 2010 година, а потоа ќе почне полнење на браната. Ова меѓувреме управата го користи за квалитетни промени во втората фаза, со која беше предвидена изградба на систем за наводнување на 3.100 хектари плодни ниви во општината Пробиштип.

„Планираме измени што ќе бидат од значење за земјоделците од општината Кратово. Во основа на филозофијата на оваа капитална инвестиција е колку што може поголем број граѓани од регионот да имаат корист, системот да влијае на подобрување на животот на земјоделците и да се намали сиромаштијата. Поради тоа, со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги утврдуваме површините што треба да добијат вода од хидросистемот. Тоа се оние земјоделски површини што не се загадени од индустријата и рударството“, нагласува Стојан Миланов.

Кога ќе ја имаме таа карта на земјоделско земјиште, погодно за еколошки чисто и квалитетно производство, ќе тргнеме во реализација на новата идеја зад која застана и јапонската Банка за техничка подршка, која ја кредитира нашата држава со 82,5 милиони долари, најавува тој.

„Според првичните процени, со втората фаза ќе се наводнуваат 4.200 наместо 3.200 хектари. Тоа ќе обезбеди подобра егзистенција за 1.200 семејства во Пробиштипско и 800 во општината Кратово“, објаснува Миланов.

Третата фаза предвидува изградба на шест мали хидроцентрали, а на јавниот тендер за изготвување идеен проект се јавија пет фирми. Работата ја доби Градежниот институт на Македонија. Овој институт на тендер ја доби и работата за изготвување проект за втората фаза, односно наводнувањето на земјоделското земјиште.

„Нашиот хидросистем ќе се управува од еден диспечерски центар лоциран во Пробиштип. За изготвување проект имавме меѓународен тендер на кој се јавија пет компании од Србија, Словенија, Чешка, Шпанија и Македонија. Најдобрата понуда ќе биде избрана до крајот на годинава, а најсовремениот диспечерски центар ќе биде реализиран идната година“, додава Миланов.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=CFEEA9BC2B56A8469BD2E8AA58649A81


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 23-Jan-2009 at 00:21
Доцни изградбата на „Злетовица“

Неизвесно е дали ќе заврши изградбата на браната на хидросистемот „Злетовица“ до ноември, кога истекува договорениот рок со изведувачите на градежните работи. Иако за градбата на повеќенаменскиот хидросистем во источниот дел од земјава се обезбедени потребните финансиски и технички услови, раководството на јавното претпријатие „Злетовица“ и ангажираните градежни компании доцнат со завршувањето на предвидените објекти.Од ваквата состојба не се задоволни ниту во Владата, бидејќи од 2010 година Македонија ќе треба да почне да го враќа кредитот од 82 милиона долари. Овој кредит пред 7 години беше земен од Јапонската банка за меѓународна соработка со 1,5 отсто камата.

- Ангажираните градежни фирми последниве неколку месеци ги интензивираа работите, но тоа се' уште не е доволно. Роковите за завршување на некои објекти одамна се пробиени. Со раководството на јавното претпријатие сме во контакт и се прават напори оваа година да се надомести изгубеното - изјави деновиве во Пробиштип вицепремиерот Зоран Ставрески.Според договореното до крајот на 2008 година требаше да биде завршен цевководот до Пробиштип. Вода од „Злетовица“ очекуваат и уште пет општини во регионот.

Градежните работи на објектите од првата фаза, браната и придружните објекти, се доверени на домашните градежни компании „Бетон“ и „Гранит“, кои пак за одредени позиции имаат ангажирано уште неколку домашни фирми како подизведувачи. Како причини за пробивањето на договорените рокови фирмите подизведувачи ги посочуваат неисплатените пари за веќе завршени работи, поради што во текот на минатата година во знак на протест во неколку наврати ја прекинуваа работата.Во ЈП „Злетовица“ велат дека прекин на градбата долго се најавува и од главните изведувачи. Дознаваме дека се барале дополнителни 5 милиони долари за кои кај раководството на „Злетовица“ не постои реална оправданост.

- Од „Бетон“ и „Гранит“ долго бараат прифатената понуда од 26 милиони долари, за градба на браната да се зголеми за 20 отсто. Не сме во можност да го прифатиме ваквото барање. Овие две фирми го добија тендерот со понуда што тендерската комисијата ја прифати како најповолна. Времето одминува и изведувачите треба да ги имаат предвид и договорените рокови - велат во јавното претпријатие.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=ACD9F54D95090346965B0278F5644C15
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 02-Feb-2009 at 12:59
На браната „Кнежево“ се води борба со природата



Автор:  Митко Р. Јовановски
Економија
Тешки машини ја расчистуваа огромната маса измешана од карпи и земја. Тркалата на големите камиони се заглавуваа во калливото тло. Околу тристата работници на „Бетон“ и на „Гранит“ се борат со природата што оваа зима ја покажа својата моќ. Сите тие се ангажирани на изградбата на браната „Кнежево“, која треба да ги скроти водите на Злетовица, која поминува низ тесното и кривулесто корито.

- Теренот е изгледа попитом од браната кај Козјак, ама овде е потешко да се работи. Има чуден камен, кој во допир со водата пука и се струполува на градилиштето или на пристапните патишта. Мораме секојдневно да ги расчистуваме одроните од каллива земја и шкрилци. Тоа ни го отежнува транспортот на материјалот што се вградува во телото на браната. И во такви услови, во јануари, успеавме да натампонираме околу 20.000 кубика камен. За браната нема зима или лето - ни вели главниот инженер Арсо Тодоровски.

Ова е негова трета брана по изградбата на „Козјак“ и „Лисиче“. Искуството стекнато на многуте градилишта во земјава, Русија и Црна Гора му дава силна верба дека браната кај Кнежево ќе биде завршена во планираниот термин. Досега се завршени бетонските работи и диверзиониот тунел и неговиот влез и излез. Поставена е и темелната плоча и почнат е насипот на браната. Изградена е и минибраната, која ќе треба да ја штити главната брана. Посипени се 120.000 кубни метри камен.

- Роден сум во карпи. Го имам градено цел Дебар со свои раце. Бранава на Злетовица ќе ја дигнеме за неколку месеци. Таа е висока 75 метри и во неа ќе бидат вградени 1,4 милион кубни метри камен и друг материјал. Само да се подобри времето, ќе ја ангажираме сета механизација во три смени - вели Тодоровски.

Градежниците наишле на проблем со откривањето на каменоломот, каде што има голем процент на јаловина. Оттаму е изваден непотребен материјал од 200.000 кубни метри, што ги зголемува трошоците на работа.

- Моментално се ангажирани четири багери на ископ. Симнат е голем слој на земја и наидовме на добар камен. Сите позиции на каменоломот се поставени и отворени се етажите што ќе овозможи интензивирање на градбата на браната. Сите ние сме семејни луѓе. Тука сме по две недели на работа, а потоа одиме малку дома и пак се враќаме на работа. Жртвуваме дел од нас оваа брана да се заврши навреме - вели Благоја Стефановски, геодет од „Бетон“.

Браната на Злетовска Река е планирана да се заврши до крајот на годинава. Според договорот на македонската влада и јапонската банка за меѓународна соработка, за првата фаза од изградбата се обезбедени 82 милиони долари кредит, по поволни услови. Рокот на отплата е 25 години, со грејс-период од седум години и каматна стапка од 1,5 отсто.

- Има мало задоцнување поради лошата геологија. На теренот се јавуваат раседи и поголемо количество неподобен материјал. Од март се очекува стабилизирање на временските услови и интензивирање на работите. Грејс-периодот истекува во јули 2010 година и планираме браната да биде завршена дотогаш за да може да се искористат сите средства предвидени со кредитот - вели Стојан Миланов, директор на ЈП ХС „Злетовица“.

Овој капацитет има стратегиско значење за населението од источна Македонија. Хидросистемот има повеќенаменска употреба, а првенствено ќе се користи за водоснабдување на 110.000 жители од шест општини: Штип, Пробиштип, Кратово, Свети Николе, Карбинци, Лозово.

- Сите овие општини се соочуваат со недостиг од вода. Во сушните периоди има мали врнежи и населените места немаат вода за пиење. Во правата фаза се градат водоводната мрежа, втората фаза го опфаќа наводнувањето, а во третата ќе бидат изградени седум помали хидроцентрали. Со реализација на првиот пакет е изграден пристапен пат во должина од 20 километри и широчина од пет метри. Вториот пакет е изградба на браната со придружните објекти и третиот пакет е изградба на зафат и цевковод во должина од 57 километри за Пробиштип, Штип, Свети Николе, Карбинци и Лозовово. На 5 март е предвидено пуштање на овие објекти - вели Миланов.

Со целосна изградба на хидросистемот ќе се ревитализира просторот во источниот дел на државата. Посебно со изградбата на системите за наводнување, за што е изработена техничка документација и идеен проект. Со неа се предвидува наводнување на 4.100 хектари, од кои 3.100 се во општината Пробиштип, а 1.000 хектари во кратовската област. Од мрежата за наводнување ќе можат да обезбедуваат сопствено земјоделско производство околу 1.200 семејства.




Струја за Пробиштип и за Кратово

Браната „Кнежево“ ќе биде висока 75 метри и ќе акумулира 23,5 милиони кубни метри вода. Браната е од каменонасипен тип и со асфалтно јадро. На истекот на водата ќе бидат поставени помали хидроцентрали со годишно производство на струја од 56 милиони киловат-часа, што е доволно да се задоволат потребите на Пробиштип и на Кратово.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabID=2&fCat=1&EditionID=305&top=1&ArticleID=16979

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 20-Feb-2009 at 05:08

Наместо низ градот, водата ќе тече во дол

Потребни се 360.000 евра за приспособување на штипската филтер-станица, а толку пари немаат ни општината ниту ЈП „Исар“

По завршувањето на изградбата на цевководот до Штип и до Свети Николе, водата од Хидросистемот „Злетовица“ на 5 март ќе стигне до градот под Исарот. Но, ќе стигне само до штипската филтер-станица, од каде што ќе се испушти во дол. Како што стојат работите, граѓаните на Штип уште долго нема да ја пробаат водата од Злетовица, бидејќи филтер-станицата, изградена пред две децении со самопридонес, не е приспособена за зафаќање и пречистување на површинската вода од хидросистемот. Филтер-станицата го има потребниот капацитет и може да преработува вода од бунарскиот систем во реката Брегалница, од кој Штип сега се снабдува со вода за пиење.

- За жал, водата што пробно ќе стигне на 5 март од Злетовица ќе мора да ја испуштиме во долот под филтер-станицата. За нејзиното приспособување за преработка на водата од хидросистемот потребни ни се 360.000 евра. Тие пари сега ги нема ни општината ни нашето јавно комунално претпријатие, па тешко дека водата од Злетовица наскоро ќе тече низ водоводната мрежа. Подготвивме елаборат и распишавме тендер за изработка на проектна документација за приспособување на филтер-станицата, но не знаеме од каде ќе се обезбедат пари за тој зафат. Треба да помогне и ЈП „Хидросистем Злетовица“, бидејќи тие ќе ја продаваат водата, од што треба да го враќаат и јапонскиот кредит - вели Симеон Донев, директор на ЈП „Исар“ од Штип.

Во „Хидросистем Злетовица“, чие седиште е во Пробиштип, нагласуваат дека со договорите не било предвидено парите од кредитот да се користат за реконструкција на филтер-станиците.

- Тоа е работа на локалната самоуправа. Сличен проблем има и во Свети Николе. Ние веќе можеме континуирано преку цевководот да носиме вода до филтер-станиците, но општините треба да го решат проблемот со приспособувањето. Хидросистемот треба да биде целосно завршен до средината на 2010 година - вели Ацо Јаневски, технички директор на Хидросистемот „Злетовица“.

За изградбата е користен јапонски кредит од 82,5 милиона долари. Хидросистемот за шест општини со 100.000 жители ќе обезбедува по 1.000 литри вода за пиење во секунда, од кои околу половината се за Штип. Од бунарскиот систем градот досега ги обезбедуваше потребите количества вода, 300 литри во секунда лете или 170 литри во секунда зиме. Засега е неизвесно кога водата од Брегалница ќе биде заменета со злетовската.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=4A1F61B28CF854489BAC3F064E73E86D
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 05-Mar-2009 at 00:40


Водите од хидросистемот Злетовица дотекоа во штипската филтер-станица

ШТИП - Пробниот тест со кој требаше да се потврди функционирањето на цевководот од зафатот на хидросистемот „Злетовица“ до Штип, Карбинци, Лозово и Свети Николе вчера беше успешен. Водата од регионалниот хидросистем стигна до штипската филтер-станица, со што, според Стојан Миланов, директор на „Злетовица“, се покажало дека изведувачите одлично си ја завршиле работата.

„Водата од Злетовица стигна до портите на Штип, а тоа говори дека домашната градежна оператива - ’Бетон‘, ФЗЦ ’11 Октомври‘ и ’Гранит‘ -квалитетно ја завршиле работите од пакетот три. Со овој пакет се опфатени зафатот за Пробиштип и Злетово, за Штип и Свети Николе, како и цевководот до овие два града во должина од 57 километри“, рече Миланов.

На пробниот тест во штипската филтер-станица присуствуваа и раководителите на јавните претпријатија од општините за кои е наменет овој регионален хидросистем. За денес на Злетовица е најавено доаѓањето на јапонскиот амбасадор за Југоисточна Европа со седиште во Виена. Тој сакал да види до каде се работите на хидросистемот што се гради благодарение на исклучително поволниот јен-кредит што го обезбеди јапонската влада преку Банката за техничка соработка.

Инаку, сега Штип и другите места кои сметаат на водите од овој хидросистем треба да изнајдат финансиски средства за преадаптирање на постојните филтер-станици за прифаќање на површинските води од Злетовица. Три од шест општини немаат филтер-станици и ќе мора да ги градат, а другите три кои се со филтер-станици немаат технологија за прифаќање површински води. (И.Б.)

 



Статијата е прочитана 16 пати.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=00EE72FDE01A474087FA20B2D27E7C29


Edited by La Linea - 05-Mar-2009 at 00:41
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 26-May-2009 at 07:45

Продолжи изградбата на хидросистемот Злетовица

По десетодневниот застој на работите на каменоломот, од вчера продолжи изградбата на браната на Злетовска Река. Прекинот настана поради неисплатените четири плати на дваесетината работници на подизведувачот „Мак- метал“, кој со компанијата „Силекс“ работеше на обезбедување дневна количина од 5 до 7 илјади кубни метри камен за браната Кнежево.

Повеќедневниот прекин во обезбедувањето камен резултираше со прекинување на договорот меѓу изведувачите „Бетон“ и „Гранит“ со фирмата „Мак-метал“, кој деновиве си ги повлече и работниците и машините. Компанијата „Силекс“, како подизведувач ангажирана од „Бетон“ и „Гранит“, и понатаму останува присутна во градбата на Злетовица. Од завчера на каменоломот, со потребната опрема за дупчење и вадење на каменот, е присутна фирмата „Руд-коп“.

Во хидросистемот „Злетовица“ не сакаат да ги коментираат протестите на работниците ниту, пак, интерните договори и обврските направени меѓу главниот изведувач и подизведувачите.

- Не сакаме да ги коментираме ваквите интерни договори, но факт е дека повеќедневните прекини го забавуваат темпото за изградба на браната, која е главен објект од повеќенаменскиот хидросистем Злетовица од кој треба да се снабдуваат со вода 120.000 жители од источниот дел на Македонија - вели Стојан Миланов, директор на ХС „Злетовица“.Меѓу останатите 300 градежници, кои работат на изградба на акумулацијата на Злетовска Река, како да нема загриженост. Најавуваат дека работите навреме ќе бидат завршени.

- Во изминатите четири месеци во телото на браната се вградени над 400.000 кубици камен. Со новоангажираната фирма и поставената машина за дупчење ќе може да се обезбедуваат од 13 до 15.000 кубни метри камен - вели Васе Ристовски од компанијата „Силекс“.

Каменонасипната брана Кнежево треба да биде со височина на круната од 75 метри. Досега браната е подигната за 30 метри. Паралелно со вградувањето на потребната гранулација камен, норвешката компанија „Коловадо“ во средишниот дел од браната работи на вградување на асфалтното јадро, со кое браната Кнежево засега е единствена од ваков вид во Југоисточна Европа.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=6E9A850CB301404B9B86B1DC1A831F84
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 26-May-2009 at 15:51

Кнежево, брана за Гинис

Консултантскиот тим на јапонската меѓународна банка која со 80 милиони долари го финансира проектот е зачуден од кусиот рок од 33 месеци оти браните во светот се градат за најмалку 40 месеци

Ако двете македонски градежни компании "Гранит" и "Бетон" кои го добија тендерот за хидросистемот "Злетовица" го испочитуваат рокот за изградба на браната Кнежево до крајот на оваа година, тогаш македонското градежништво ќе влезе во гинисовите рекорди во изградба на брани, тврди консултантскиот тим на јапонската меѓународна банка која со 80 милиони долари го финансира најголемниот хидро-проект во последните 100-ина години во Македонија.
"Гранит и Бетон се обврзаа Кнежево да го изградат за 33 месеци. Досега не сум слушнал да се изгради брана за толку кратко време. Обично браните во светот се градат најмалку за 40 месеци", вели јапонскиот експерт за брани Јуиро Имазава кој деноноќно ја следи динамиката на работите. Неговиот колега Јукио Миура открива дека лани работите не се одвивале со потребното темпо, па затоа смета дека сепак изведувачите на работите ќе задоцнат неколку месеци.
На брза изградба на браната инсистираат и првите луѓе на ЈП "Злетовица". "На секој состанок со Гранит и Бетон инсистираме од овој месец на Кнежево да се работи во три смени, најмалку 20 часа на ден", вели директорот на ЈП "Кежовица" Стојан Миланов.
Според него, од почетокот на овој месец во целиот проект биле вклучени 300 работници и 50 до 70 камиони и разни работни машини. Но нивниот број ќе мора да се зголеми за да се заврши браната во предвидениот рок.
Техничкиот директор на ЈП "Злетовица" Ацо Јаневски вели дека тие ќе бидат задоволни ако браната целосно биде изградена до мај идната година.
Завчера кога екипа на "Вест" го посети мошне живописниот регион околу браната Кнежево, интензивно се работеше на поставувањето на основното асфалтно јадро од 22 метри. Засилено се работеше и на поставувањето на насипниот материјал. Насипот на браната треба да биде широк 120 метри, висок 75 метри колку што треба да изнесува и длабочината на браната на ова место. Досега насипот е поставен речиси до половина, во висина од 35 метри и се потрошени 400 илјади кубни метри камен. Тоа се високо квалитетни кристални шкрилци. Со минирање и со посебна обработка треба на браната да се постави уште еден милион кубни метри ваков насипен материјал.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=A540F53289578140AD2D862CB1CAF6D6
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 11-Jun-2009 at 06:17

Високи цени ќе потечат од „Злетовица“

Владата сигурно ќе интервенира, бидејќи водата мора да се користи, а јапонскиот кредит да се враќа, велат во јавното претпријатие „Исар“

Високата цена на водата од „Злетовица“ ќе ни ги дупне џебовите, стравуваат жителите на шест општини кои Ќе се снабдуваат од новиот хидросистем. Штипската јавност се разбранува откако доскорашниот директор на штипското комунално претпријатие „Исар“, Симеон Донев, соопшти дека со писмо од 14 април годинава, ЈП „Хидросистем Злетовица“ понудило цена од десет денари за кубен метар индустриска и осум денари за кубик непреработена вода. На седница на Комисијата за урбанизам на Советот на Општината, понудата е оценета како непристојна. Беше речено дека ако се прифати таква цена во Штип и во другите општини што ќе користат вода од „Злетовица“, корисниците би плаќале најскапа цена за вода во Македонија.

Упатените во оваа проблематика велат дека со таква цена од „Злетовица“, крајните корисници во Штип наместо сегашните 26 денари за кубен метар вода, би плаќале двојно поскапо. Водата од другите хидросистеми е значително поевтина. На пример, Струмица за водата од „Турција“ плаќала по 2,6 денари, а Куманово за водата од „Липково“ по 2,5 денари за кубен метар. Васе Арсов, в.д. директор на ЈП „Исар“, пак спротивно од неговиот претходник, вели дека не добиле писмена понуда од „Злетовица“.

-Веројатно цената од десет денари била соопштена на некои неофицијални средби. Ако е точно, ќе има сериозни проблеми. Сепак, „Злетовица“ е сериозен проект и голема инвестиција. Владата сигурно ќе интервенира и ќе изврши корекција, бидејќи водата од хидросистемот мора да се користи, а јапонскиот кредит да се враќа. Наше трајно решение за водоснабдување е планинската вода на Злетовица, која има и стабилно ниво. Бунарскиот систем што сега се користи во Штип во иднина треба да биде само алтернативен за определени периоди - изјави Арсов.

Писмена понуда немало ни во жедното Свети Николе, град во кој пет години водата од градскиот водовод е забранета за пиење. Забраната трае уште, бидејќи новите бунари во месноста Кнежје не се со доволен капацитет, па низ водоводот се уште тече и вода од загадената хидроакумулација „Мавровица“.

- Со нетрпение ја очекуваме водата од „Злетовица“. Почнавме со адаптацијата на филтер-станицата за водата од хидросистемот. Но, ако цената е навистина толку голема, ќе имаме проблем, бидејќи сегашната цена од 18 денари за кубен метар што ја плаќаат домаќинствата значително ќе се зголеми. Верувам дека ќе се најде решение - вели градоначалникот на Свети Николе, Роберт Георгиев.
Во ЈП „Хидросистем Злетовица“ велат дека не испраќале понуди, туку деновиве привршувале со утврдувањето на методологијата за пресметка на цената на водата. Предлогот ќе бил доставен до Владата, а по консултацијата со шесте општини-корисници и со нивните јавни претпријатија, ќе биде утврдена цената.

- Целта е да се најде решение поволно за сите. Водата треба да се користи, да се плаќа и јапонскиот кредит да се враќа. Не треба да се прават споредби со цените од „Липково“ и од „Турија“. Ова е нов објект, граден со кредит - вели Ацо Јаневски, технички директор на „Злетовица“.

Од ХС „Злетовица“, кој се гради со јапонски кредит од 80 милиони долари, со вода за пиење ќе се снабдуваат шест општини со околу 110.000 жители. Штип треба да добива по 470 литри во секунда, Карбинци по 30, Свети Николе 130, Лозово 20 и Пробиштип и Кратово по 150 литри.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=6346913EB5B8284FB8B008D754D2D897


Браво бе новинари! Турија=Турција Crazy


Edited by lslcrew - 11-Jun-2009 at 06:29
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 19-Jun-2009 at 23:20

За цената на водата од „Злетовица“ ќе одлучува Владата

Никој не знае по која цена хидросистемот ќе испорачува вода за општините

Иван Бојаџиски

ШТИП - Иако до комплетната изградба на браната „Кнежево“ како дел од регионалниот хидросистем „Злетовица“ останува уште цела година, водите веќе стасаа до филтер-станиците во двата од шесте најголеми потрошувачки центри Штип и Свети Николе. Сепак, локалните филтер-станици во двата града не беа и се' уште не се во состојба да ја користат оваа голема благодат, бидејќи е потребна пообемна реконструкција. За сите шест општински центри да ја прифатат водата од овој систем, потребни се инвестиции од околу пет милиони евра.

И кога веќе стана јасно дека големиот проект од животно значење е при крај, во регионот започнаа шпекулации околу цената на водата по која ЈП ХС „Злетовица“ ќе им ја продава на шесте општини, односно на нивните јавни комунални претпријатија. Во Штип веќе се зборува за цена на водата од осум до десет денари за кубен метар, што во однос на други системи од кои некои градови се снабдуваат со вода е за два и трипати повеќе. Но, од „Злетовица“ смируваат.

„Никој во овој момент не ја знае цената по која ХС ’Злетовица‘ ќе им ја испорачува водата на општините. Ќе помине најмалку уште еден месец пред да биде цената јавно објавена. Она што треба да се знае е дека цената на водата нема да ја донесе јавното претпријатие, туку Владата која е гарант за враќање на кредитот што го добивме од Јапонската банка за техничка соработка“, вели Ацо Јаневски, технички директор на ХС „Злетовица“.

До определувањето на конечната цена по која ХС „Злетовица“ ќе им ја продава на општините, според Јанев, ќе се дојде откако за тоа ќе се дебатира на повеќе нивоа. Сега во „Злетовица“ се работи на методологијата на формирањето на цената, согласно со Законот за продажба на сурова вода од 2005 година. Потоа следуваат средби со градоначалниците на општините за чии потреби се гради хидросистемот, по што целата работа ќе оди пред Управниот одбор. На крајот предметот ќе се најде на одлучување пред Владата што го има последниот збор.

„Од идната година ќе мораме да почнеме со враќање на кредитот со годишна рата во износ од 263 милиони денари. Овие пари и пари за непречена работа на јавното претпријатие е планирано да се обезбедуваат од продажбата на водата. Не постои друг начин да се исплаќаат ратите од кредитот и да се обезбеди нормално функционирање на јавното претпријатие“, вели Стојан Миланов, директор на ХС „Злетовица“.

Ако не можеме да обезбедиме пари колку што се обврските во однос на годишните рати, тогаш Владата како гарант на кредитот ќе мора да ја субвенционира разликата, додава Миланов.

„Се надеваме дека општините и јавните претпријатија ќе бидат коректни во однос на своите обврски и дека сами ќе го отплаќаме кредитот, бидејќи најголемата инвестиција во регионот е само заради потребите на шесте општини. Она што треба да се знае е фактот дека методологијата во однос на цената на водата ја правиме врз основа на пријавите за потребните количини што ги имаме добиено од општините Кратово, Пробиштип, Штип, Карбинци, Лозово и Свети Николе“, објаснува директорот на ХС „Злетовица“.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=07178C16EBBACA41840B03FCCAA9C579
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 26-Oct-2009 at 18:44
Cheers Cheers Cheers

На „Злетовица“ и' се гледа крајот

Доколку временските услови бидат поволни, браната ќе биде комплетно завршена до крајот на годинава

Иван Бојаџиски


Штип - На регионалниот хидромелиоративен систем „Злетовица“, кој почна да се гради пред 3,5 години, му се гледа крајот. Најкрупниот објект во рамките нa системот, браната „Кнежево“, е изградена во висина од 50 метри од вкупно предвидените 65 метри. Во иста височина е и изграденоста и на асфалтното јадро, постапка која првпат се применува при изградба на вештачки акумулации во нашава држава. Стојан Миланов, директор на „Злетовица“, тврди дека доколку временските услови бидат поволни, браната ќе биде комплетно завршена до крајот на годинава.

„Моментно на браната се работи на преливниот орган во должина од 170 метри кој, во согласност со зацртаната динамика, ќе биде завршен до крајот на годинава. Пред неколку дена почнавме со процесот на чистење на телото на браната од дрва и од други материјали за веќе во март да почне нејзиното полнење“, вели Миланов. Со цел сите работи да се завршат до крајот на тековната година на браната се работи по 12 часа дневно, а работните активности не се прекинуваат ниту во викендите. Во согласност со хидролошката состојба на реката Злетовица, се верува дека оваа вештачка акумулација, која е со капацитет од 23,5 милиони кубни метри вода, и која по акумулативен потенцијал е четврта меѓу деветте брани во југоисточниот дел на Македонија, ќе се наполни во својата прва година. Тоа значи дека на дваесеттина километри над Злетово ќе никне и нов туристичко-рекреативен и ловно-риболовен локалитет во овој дел од државата. Огледалото на браната (водната површина) ќе се протега во должина од четири километри, а должината на круната изнесува 300 метри.

Првиот човек на најголемата инвестиција во источниот дел на Македонија потенцира дека на браната се одвиваат активности и за монтажата на хидромеханичката опрема. „Одвреме-навреме ни се импутираше за пречекорување на роковите во изградбата на регионалниот хидромелиоративен систем. Сега, кога работите се на самиот крај, може да се констатира дека за изградба на овој регионален хидросистем се потрошени шест месеци повеќе од предвиденото време. Многу или малку, нека оцени секој, но само ќе кажам дека хидросистемот ’Лисиче‘ се градеше цели 16 години, а ’Злетовица‘ ќе ја имаме за четири години“, укажува Миланов.

И додека конзорциумот „Бетон-Гранит“ ги завршува работите на браната, раководството на хидросистемот ја спроведува постапката на технички прием на веќе изградените објекти. Меѓу нив се зафатот од кој водата преку два посебни цевковода се дели кон Штип, Карбинци, Свети Николе и Лозово, а другиот кон Пробиштип. Миланов потенцира дека цевководите до Штип и до Свети Николе, во должина од 57 километри, се изградени во целост и дека привршува изградбата на цевководите кон Карбинци и Лозово, што ќе заврши за дваесет дена. Во исто време интензивно се одвиваат работите и на санацијата на цевководот до Пробиштип во должина од 6,4 километри. Во Пробиштип една зграда е подготвена за оттаму далечински да се управува со целиот систем. Во управувањето на „Злетовица“ ќе се применува Скада-системот, кој овозможува следење на протокот на водите до општините и целосна контрола на случувањата на браната.

Инаку, од „Злетовица“ со квалитетна, планинска вода за пиење ќе се снабдуваат општините Пробиштип, Кратово, Штип, Карбинци, Свети Николе и Лозово. На располагање ќе им бидат 900 литри вода во секунда, од кои половина се наменети за Штип, како најголем град во регионот. Овој хидромелиоративен систем се гради во три фази. Првата фаза, која е при крај, е за снабдување на градовите со вода за пиење, втората треба да обезбеди наводнување на 4.070 хектари обработливи ниви, од кои 3.000 во Пробиштипско, а останатото во општина Кратово. Третата фаза предвидува изградба на неколку хидроцентрали и таа се смета за најпрофитабилна.

Најважната инвестиција во овој регион во годините на нашата самостојност е овозможена со поволниот јен-кредит од Јапонската банка за техничка соработка во износ од близу 82,5 милиони долари.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A5EDA7D02F5EA341A07F1B387F1B3ABA
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 07-Nov-2009 at 04:22

Запрена изградбата на браната „Кнежево“ на Злетовска Река

Запреа работите на изградбата на 75 метри високата каменонасипна брана „Кнежево“ на Злетовска Река. Градежната оператива на здружениот домашен конзорциум, градежните фирми „Бетон“ и „Гранит“, вчера ги повлекоа ангажираните 300 градежни работници од браната „Кнежево“.

Од јавното претпријатие Хидросистем „Злетовица“ објаснуваат дека причина за прекинот на работите биле барањата на „Бетон“ и на „Гранит“ за одредување нови, повисоки цени за довршување на браната и на придружните објекти. Дознаваме дека овие цени не биле предвидени со потпишаниот договор. Официјалното известување, пак, што го добиле работниците, е дека им се дозволува неколкудневен одмор со продолжен викенд.

Раководството на јавното претпријатие вчера во Скопје имаше неколкучасовен состанок со раководствата на двете градежни компании. Според информациите од јавното претпријатие, недоразбирањата со двата изведувача почетно биле надминати, при што добиле ветување дека од следната недела работите на браната „Кнежево“ ќе продолжат.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=F6F9731FCDABAB478B3DAFEEED10B7A3
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 09-Nov-2009 at 12:49

Браната Кнежево „пука“ под притисок на парите



Се' уште траат преговорите меѓу раководствата на Јавното претпријатие-хидросистем „Злетовица“ и на градежните претпријатија „Бетон“ и „Гранит“ за корекција на цените за веќе договорени градежни работи за изградба на браната „Кнежево“. Со проектот за хидросистемот треба да се реши водоснабдување на 120.000 жители од шесте општини од североисточниот дел на земјава.

Поради разидување во ставовите околу барањата за нови, повисоки цени, двете градежни компании пред четири дена ја прекинаа работата, а околу 300 работници од четвртокот добија продолжен викенд. Во Јавното претпријатие-хидросистем „Злетовица“ се изненадени од ваквиот потег на главниот изведувач. Оттаму сметаат дека во моменти кога се бркаат роковите за привршување на работите од првата фаза на хидросистемот, ваквите прекини се неоправдани и ќе придонесат за нови пролонгирања на крајниот рок за примопредавање на договорените објекти.

- Поставувањето на камениот насип и вградувањето на асфалтното јадро на 75 метри високата брана не значи и целосно завршување на предвидените работи. Во првата половина од следната година треба да се довршат почнатиот тунел, монтажата на хидромеханичката опрема, чистењето на теренот каде што треба да се направи вештачко езеро и конечното уредување на речното корито - велат во „Злетовица“.

Според нив, најреално би било „клучот на рака“ за објектите предвидени во првата фаза од изградбата јавното претпријатие да го добие до почетокот на август следната година.

- Но, ако главниот изведувач продолжи со вакви условувања, односно со барања за нови цени и овие рокови ќе се пробијат - велат во „Злетовица“.

За раководството на јавното претпријатие се неприфатливи барањата за стоотстотно зголемување на цените за одредени градежни работи кои допрва треба да бидат направени.

- Може да се дозволи договорената цена да биде коригирана за најмногу 30 отсто. Во спротивно, ќе бидеме принудени да размислуваме и за други опции за довршување на работите. Дотолку повеќе што не станува збор за нови позиции, туку за санирање на две свлечишта на патот до браната, изградба на пат до тунелот и за уредување на речното корито. Ова се градежни работи предвидени и во самиот проект. Апелираме изведувачите уште еднаш да го прочитаат потпишаниот договор - велат од „Злетовица“.

За денеска е најавена нова средба на која се очекува, раководствата на јавното претпријатие и „Бетон“ и „Гранит“ уште еднаш да се обидат да ги испеглаат ставовите.

Трајче Стројмановски

Јапонски кредит за „Злетовица“

Првата фаза на хидросистемот се гради со јапонска инвестиција, кредит од банка за меѓународна соработка на Јапонија, вреден околу 82 милиона евра. Од „Злетовица“ изјавуваат дека со привршувањето на работите од првата фаза на изградбата се прават договори за обезбедување нов поволен кредит за довршување на целиот проект. Тука влегуваат системот за наводнување на 4.500 хектари земјоделска површина во општините Пробиштип и во Кратово и изградба на осум проточни хидроцентрали на Злетовска Река.

Деновиве во работна посета на „Злетовица“ беше Ази Кизава, директор на јапонската банка за меѓународна соработка ЈИЦА (Џајка), одговорен за инвестициите во Европа и во Азија. Тој го посетил и градилиштето на браната Кнежево, при што истакнал дека постојат објективни можности да се продолжи соработката за изградба на преостанатиот дел. Новиот кредит би вредел околу 60 милиони евра.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=0CC8F16750236A42B8F75EB3591C6F8C
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 29-Dec-2009 at 18:20
Конечно!!!     Cheers


Завршена првата фаза од изградбата на „Злетовица“

Виолета Кожинкова Коментари (0)   
29.12.2009 15:53
 

 

Заврши изградбата на браната „Кнежево“ кај Пробиштип. Со тоа завршува и првата фаза од изградбата на хидросистемот „Злетовица“, што се прави со јапонски кредит од 70 милиони евра.

Ова е прва насипна брана во Македонија во која наместо глина е користено асфалт. Кога ќе биде полна, од неа со вода за пиење ќе се снабдуваат шест општини од Источна Македонија.

Првото полнење на браната ќе започне напролет.

„Ако не послужи хидрологијата, најверојатно од март или најдоцна до мај ќе отпочнеме со полнењето на браната и очекувам најдоцна до крајот на 2010 година да имаме полна брана односно полна акумулација“, вели Стојан Миланов, директор на ХС „Злетовица“.

Освен за пиење, водата ќе се користи и за наводнување. За втората фаза се предвидени 36,5 милиони евра и треба да се наводнуваат 4.000 ха земјоделско земјиште во атарите на Пробиштип и Кратово.

За овие средства Владата веќе донела одлука да побара нов кредит. Со завршувањето и на третата фаза што треба да биде готова за пет години, предвидено е хидросистемот „Злетовица“ да произведува и електрична енергија.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=118079
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 4>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.146 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.