build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хидросистем Злетовица

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 05-Jan-2010 at 02:11
Знаеме ли точна бројка колку вода ќе се акумлира, дека ова 23,5 кубни метри е очигледна грешка.

„Злетовица“ комплетен домашен производ

Браната „Кнежево“ е најголемиот објект во рамките на регионалниот хидросистем

Иван Бојаџиски


ШТИП - Најубавата новогодишна честитка за источниот регион дојде од Пробиштип. Во честитката стои дека на еден ден пред влезот во 2010 година македонската градежна оператива ја завршила изградбата на браната „Кнежево“, најголемиот објект во рамките на регионалниот хидросистем „Злетовица“.

Градителскиот подвиг на конзорциумот „Бетон-Гранит“ и на подизведувачите „Силекс“ и „Макметал“ е огромен. За тоа говорат многу факти. За првпат на Балканот јадрото на браната е асфалтно што има значење за безбедноста. Во браната висока 75 метри и со круна долга 290 метри е вграден материјал од 1,5 милион кубни метри. Водното огледало ќе се протега во должина од четири километри и ќе акумулира 23,5 кубни метри вода.

„Ова е најдобриот знак дека Македонија има респектибилна градежна оператива подготвена за најголеми предизвици во градежништвото. ‘Кнежево‘ почна да се гради на 13 јуни 2006 година, што говори дека капиталниот објект е изграден за 3,5 години. За сево ова време имаше и скептици кои не веруваа дека регионалниот проект воопшто ќе биде завршен, а имаше и такви што му предвидуваа најмалку двапати подолг рок на градба. Но, сега можеме да кажеме дека доцниме само половина година, што за олку големи и значајни предизвици е нормално“, вели Стојан Миланов, директор на ЈП ХС „Злетовица“.

Со оглед на фактот што и преливниот канал кој има функција вишокот на води безбедно да го транспортира од акумулацијата во реката Злетовица, тогаш тоа значи дека може да се почне со процесот на полнење на осмата едноподруго вештачка акумулација во југоисточниот дел од државата. Првите луѓе на ХС „Злетовица“ очекуваат браната да биде полна до крајот на 2010 година.

„Овој регионален хидросистем ќе снабдува со вода шест општини со околу 110.000 жители. Доволни количини чиста планинска вода во наредните најмалку 25 години ќе имаат Кратово, Пробиштип, Карбинци, Штип, Свети Николе и Лозово. Завршени се сите градежни работи и до сите овие места, освен до Пробиштип, водата од хидросистемот е веќе пристигната. Имено, ние навреме го завршивме водозафатот од каде што водата оди кон Штип, Карбинци, Лозово и Свети Николе, а набргу ќе биде завршена и санацијата на цевководот до Пробиштип. На овие градови е да изградат филтер-станици или постојните да ги приспособат за прифаќање на водите од хидросистемот“, потенцира Миланов.

За да добијат вода Штип, Свети Николе, Лозово и за Карбинци е изграден цевковод во вкупна должина од 72 километра, додека цевководот за Пробиштип е во должина од 6,5 километри. И во овој случај станува збор за домашна компанија, бидејќи цевките се од фабриката „11 Октомври“ од Куманово, а битуменската маса од „БИМ“ Свети Николе. Што би се рекло, еден комплетен домашен производ.

Најголем дел од водата за пиење ќе оди за Штип, најголемиот град во регионот. Од 900 литри вода во секунда колку што ќе бидат испорачувани од „Злетовица“, дури 460 литри се наменети за овој град. Другите места ќе добиваат вода согласно со големината, потребите и бројот на корисници.

Тони Тоневски, градоначалник на Пробиштип, вели дека новото вештачко езеро ќе значи нов импулс за развој на туризмот во Општината. „Покрај манастирот Лесново, сега го добиваме и езерото ‘Кнежево‘. Многу бргу ќе разработиме неколку локации за викендички, бидејќи побарувачката уште отсега е голема. Со овие нови градби Пробиштип, нашиот неразвиен крај повеќе нема да биде ист“, коментира Тоневски.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=35A2EAED88D81147941678A6E6B81AB0



Edited by La Linea - 05-Jan-2010 at 02:14
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 05-Jan-2010 at 02:47

Еве од нашиот портал објавено на 29.12.2009:

Комплетирана првата фаза од „Злетовица“

Лого:%20ХС%20ЗлетовицаДенеска, со завршувањето на изградбата на браната „Кнежево“ е заокружена првата фаза на повеќенаменскиот хидросистем „Злетовица“. Браната е камено-насипна, со висина од 75 и должина на круната од 270 метри, а акумулационото езеро е со вкупен волумен од 23,5 милиони метри кубни. Таа е прва насипна брана во Македонија и пошироко во регионот, во која наместо глинено е вградено асфалтно јадро. Покрај неа, со првата фаза беше опфатена и изградба на пристапен пат во должина од 20 километри и неколку десетици километри цевководи за снабдување со вода на шест општини во источна Македонија: Штип, Свети Николе, Карбинци, Лозово, Пробиштип и Злетово. Проектот беше исфинансиран со поволен кредит од 71,7 милиони евра преку Јапонската банка за меѓународна соработка и 25 милиони евра од буџетот на Република Македонија, а изведувачи беа домашните „Гранит“ и „Бетон“. Со ова е заокружена водоснабдувачката компонента на хидросистемот и долгорочно е решен овој проблем за околу 110 илјади жители на шесте општини. Во зависност од хидролошките услови, полнењето на акумулацијата ќе почне во периодот помеѓу март и мај 2010 и се предвидува да биде полна нејдоцна до крајот на годината.


Наскоро се очекува да се обезбеди и кредит во износ од 36,5 милиони евра за реализација на втората фаза од системот, која ќе овозможи наводнување на околу 3.000 хектари земјоделска површина во пробиштипско и околу 1000 хектари во кратовско. За третата „енергетската“ фаза од хидросистемот, во која се предвидени изградба на три хидроелектрани, Владата ќе обезбеди 19,4 милиони евра. Завршување на третата фаза е предвидено за пет години, а се очекува годишно производство на електрична енергија од 56,4 гигават часови.


http://www.build.com.mk/?p=957


Edited by Cloverstack - 05-Jan-2010 at 02:48
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 25-Jan-2010 at 10:04

Истокот чека чиста вода

Жителите на Свети Николе од пред неколку месеци пијат вода од „Злетовица“. Во првиот квартал од 2010 година се очекува водата од хидросистемот да стигне и во домовите на граѓаните во станатите општини од Источниот регион

Градежните работници на „Бетон“ и на „Гранит“ во круната на камено-насипната брана Кнежево на Злетовска Река ги вградија последните количини камен. Со ова беше официјално означен крајот на градбата на најважниот објект од повеќенаменскиот хидросистем „Злетовица“, со кој ќе се решава проблемот со водоснабдување на 100 илјади жители од шесте општини од источниот дел на земјава. Во јавното претпријатие „Злетовица“ најавуваат дека градежните работи на хидросистемот ќе продолжат и во 2010 година.

- Во наредните неколку месеци изведувачот треба да ги заврши работите на преливната шахта. Хидромеханичката опрема ќе биде монтирана кога ќе дозволат временските услови. Очекуваме браната комплетно да биде завршена до август 2010 - изјави Ацо Јаневски, директор за технички работи во „Злетовица“.

Во почетокот на 2010 година се најавува чистење и уредување на резервоарот на браната. Потоа ќе се полни вештачкото езеро во кое ќе бидат акумулирани 23,5 милиони кубни метри вода.

Материјалот од мил, земја и песок, кој ќе биде изнесен од просторот предвиден за акумулацијата, ќе се нанесе како заштитен слој за санација на старата јаловишна депонија во Пробиштип.

Камено-насипната брана Кнежево, во која е вградено асфалтно јадро, со веќе изградениот асфалтен пат во должина од 20 километри, како и водозафатите и цевководите за водоснабдување на 6-те општини Кратово, Пробиштип, Штип, Крабинци, Свети Николе и Лозово, се дел од првата фаза од повеќенаменскиот хидросистем „Злетовица“.

- Водоснабдителните објекти, зафатите и цевководите веќе се завршени. Жителите на Свети Николе од пред неколку месеци веќе пијат вода од „Злетовица“. Во првиот квартал од 2010 година очекуваме водата од хидросистемот да стигне и во домовите на граѓаните во останатите општини од источниот регион - велат во „Злетовица“.

Изминативе пет години во изградбата на овие објекти се инвестирани 103 милиони долари, од кои 22,2 милиона долари обезбеди македонската влада. Поголемиот дел од инвестицијата, односно 82 милиона долари, се кредит од Јапонската банка за меѓународна соработка.

Првата рата на кредитот ќе почне да се враќа од септември 2010 година. Месечните рати за кредитот ќе се собираат и исплаќаат со пари собрани од населението, кое и ќе ја користи водата за пиење од „Злетовица“.

Во јавното претпријатие се во очекување Владата да ја почне постапката за прибирање понуди за нов девизен кредит во вредност од околу 45 милиони евра. Со тие пари ќе се продолжи со изградба на хидросистемот, односно на системите за наводнување на 4.500 хектари земјоделско земјиште на териториите на општините Пробиштип и Кратово, како и изградба на осум проточни хидроцентрали со инсталирана моќност од 10 мегавати, од кои на годишно ниво би се добивале околу 50 гигават-часови електрична енергија.

Ова се објекти што се предвидени да се градат во втората и третата фаза, кои кога ќе се изградат ќе го користат водниот потенцијал акумулиран во браната „Кнежево“.

Трајче Строимановски


Брана од 85 метри

Во камениот насип на акумулацијата Кнежево се вградени 1,7 милион кубни метри насипен материјал. Максималната висина на браната е 85 метри. Должината на круната е 270 метри, додека широчината на насипот на највисоката точка изнесува 10 метри.



Преливната шахта е со пропусна моќ од 216 кубни метри вода во секунда, додека темелниот испуст е со капацитет од 21 кубен метар во секунда.

Изградбата на браната Кнежево почна во август 2006 година. Според роковите дадени од изведувачот, требаше да биде завршена во август 2009 година.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C883F7EF312F5741A1DB03B27AFB599F

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 09-Mar-2010 at 00:39
Јапонците се повлекуваат од „Злетовица“



Јапонската банка за меѓународна соработка нема да одобри нов кредит за доизградба на хидросистемот „Злетовица“, кој преку неколку проточни хидроцентрали на Злетовска Река се предвидуваше да наводнува 4.500 хектари земјоделско земјиште.

Директорот на Јапонската банка за југоисточна Европа, Тору Наито, вчера само кратко најави дека банката не може да одобри кредит за изградба на втората и третата фаза на хидросистемот од економски причини. Градоначалниците од општините Штип, Кратово, Свети Николе, Пробиштип, Карбинци и Лозово по средбата со јапонските претставници на банката и раководството на Јавното претпријатие „Хидросистем Злетовица“ со изненадување ја примија ваквата најава.

- Јас сум изненаден од ваквиот развој на настаните. Очекував дека од јапонска страна нема да има проблем за финансирање на градбата и на преостанатите две фази, системот за наводнување и проточните хидроцентрали - изјави Мите Андонов, градоначалник на Кратово.

Во ЈП „ХС Злетовица“ велат дека досега во проектот се инвестирани над 100 милиони евра, од кои 82 милиона кредит добиен токму од Јапонската банка. По лошата вест, од „Злетовица“ стигнаа загрижувачки најави дека ако не се догради системот, не ќе може да се врати веќе доделениот јапонскиот кредит, за кој првите рати доспеваат есенва. Во прашање ќе биде доведено и рентабилното работење на јавното претпријатие. Неофицијално, Владата веќе почнала да преговара со други меѓународни финансиски институции за да го обезбеди потребниот кредит за доизградба на хидросистемот „Злетовица“.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=267CF37D1DD32F48B52A5F39B867F45F
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 12-Mar-2010 at 15:31

Владата ќе бара нови кредитори за „Злетовица“

За реализација на двете наредни фази од хидросистемот се потребни 58 милиони долари

Иван Бојаџиски


ШТИП - Владата ќе бара нови кредитори за реализација на втората и на третата фаза од регионалниот хидросистем „Злетовица“. Јапонската агенција за меѓународна соработка (ЏАЈКА), која со 82,5 милиони долари ја финансира првата фаза од изградбата на овој капитален објект, не била подготвена да обезбеди дополнителни 58 милиони долари за двете наредни фази. Претставници на ЏАЈКА, кои минатата недела биле во Македонија, јасно ставиле до знаење дека тие својот дел од договорот во врска со финансирањето на „Злетовица“ целосно го исполниле, но и дека, барем засега, не планираат нови инвестиции во рамките на овој проект.

„Луѓето од агенцијата беа на браната ‘Кнежево‘, ги видоа изградените цевководи преку кои водата ќе се транспортира до шест општински центри во регионот и го искажаа задоволството од досега сработеното. Всушност, од околу сто поголеми инвестиции што ги има оваа агенција за меѓународна соработка низ светот, тие, според параметрите за успешност, ја ставија ‘Злетовица‘ на второ место. Тие беа особено задоволни од фактот дека изградбата на првата фаза поминала без инциденти, во смисла на сигурноста на луѓето што работат на проектот, што во Јапонија се смета за исклучително значајно при градбата на олку сложени системи“, вели Јоиро Имазава, тим-лидер на консултантот.

Втората фаза од овој регионален проект значи создавање можности за наводнување на 4.100 хектари плодни ниви од кои три илјади во атарот на Општина Пробиштип, а останатото во Општина Кратово. Според изготвената студија за реализација на овој проект, потребни се 37 милиони долари. Општина Пробиштип, која својот опстанок го темели врз рудното богатство и Кратово, чија темелна потпора е компанијата „Силекс“, сепак, живеат во надеж дека Владата ќе најде начин да се реализира и оваа фаза. Тони Тоневски, градоначалник на Пробиштип, вели дека општината мора да бара и други можности за економски просперитет, а меѓу нив било и земјоделството, кое без системи за наводнување нема вредност.

„Третата фаза која предвидува изградба на повеќе мали хидроцентрали, кои согласно со капацитетите на системот годишно ќе можат да произведуваат до педесет милиони киловат-часа електрична енергија, според сите анализи треба да биде и најпрофитабилниот дел од ‘Злетовица‘. Всушност, без реализација на овие две фази јавното претпријатие нема да биде во состојба навреме да го враќа кредитот што е негова обврска. Остануваме на мислење дека Владата, која е гарант за кредитот со кој се реализира првата фаза, ќе најде начин како да се заокружи целокупната финансиска конструкција. Така хидросистемот ќе биде тридимензионален проект што ќе може да функционира на економска основа“, изјави Стојан Миланов, директор на ова јавно претпријатие.

Целата оваа ситуација произведува уште еден проблем. Сега се поставува и прашањето од каде да се најдат 5,5 милиони долари за изградба, односно адаптација на филтер-станиците во шесте општински центри за тие да можат да ја прифатат водата од хидросистемот. Филтер-станици немаат општините Пробиштип, Карбинци и Лозово, а оние во Штип, Кратово и Свети Николе мора технолошки да се подобрат. Општините во своите буџети немаат пари за таква инвестиција. Но, директорот Миланов е убеден дека тие пари ќе се обезбедат и дека нема да се случи при толку многу вода 120.000 граѓани да останат на суво.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=C58485C2A846374DBF68153FC6A5A7E4
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 15-Mar-2010 at 02:18

Без кредит нема чиста вода

Освен Свети Николе, кој има две филтер-станици, другите општини, кои треба да се поврзат со ХС „Злетовица“, допрва треба да градат

Неколку општини од источна Македонија што треба да се приклучат на ХС „Злетовица“ немаат пари да изградат филтер-станици, а неизвесно е дали ќе добијат кредит од Јапонската банка за меѓународна соработка (ЈИЦА).

И по неодамнешната средба со претставниците од ЈИЦА градоначалниците од петте општини од источниот регион, кои водоснабдувањето ќе го решаваат од „Злетовица“, не добија одговор дали ќе им бидат одобрени пари за изградба на нови и за реконструкција на постојните филтер-станици. Освен Свети Николе, кој веќе има изградено две филтер-станици и се во функција, другите општини од овој регион имаат сериозни проблеми со пречистување на водата за пиење што треба да ја добиваат од „Злетовица“.

- Граѓаните на Свети Николе веќе немаат проблеми со водоснабдувањето. Покрај вода од бунарите, сега добиваат и од „Злетовица“. Двете филтер-станици во Свети Николе имаат доволен капацитет за пречистување вода и за населението од Општина Лозово. Но, за ваков зафат се потребни уште пари - изјави градоначалникот на Свети Николе, Роберт Георгиев.

Градоначалникот на Кратово Мите Андонов вели дека и тие имаат филтер-станица, но не е во состојба да ги задоволи потребите на населението.

- Потребно е да се изгради нова, за која се' уште не е подготвен проект - изјави Андонов.

Слична е состојбата и со Штип. Поради големата презадолженост и неможноста да влезе во втората фаза на децентрализирани општини во најнезавидна состојба е општина Пробиштип.

- За изградба на пречистителна станица Пробиштип треба да инвестира околу 1,5 милион евра. Проектот е веќе изработен. Останува да се најде решение како да се обезбедат потребните пари. Сами не сме во можност да градиме филтер-станица - изјави Ранко Давитков, претседател на Советот на Општина Пробиштип.

Трајче Строимановски


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=FBF48AA6481EB749948422BA41AD195D

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 08-Apr-2010 at 15:51

„Бетон“ ќе ја чисти акумулацијата „Кнежево“

Градежната компанија „Бетон“ од Скопје достави најповолна понуда за чистење на просторот на акумулацијата „Кнежево“ на Злетовска Река.

За завршената работа на Бетон ќе му бидат исплатени 60 милиони денари. Добиената работа, чистењето и изнесувањето на околу 150.000 кубни метри непотребен материјал од земја и камења, „Бетон“ ќе треба да ја заврши за период од 60 дена, односно до почетокот на јуни.

Постапката за избор на изведувач на работите за уредување на акумулацијата беше повторен бидејќи во првиот јавен повик не се пријави ниту една заинтересирана фирма.

Во чистењето на просторот, кој ќе биде зафатен со акумулацијата „Кнежево“, се ангажирани и екипи од ЈП „Македонски шуми“, кои од пред пет дена веќе работат на сечење и изнесување на буковите стебла. (Т.С.)
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=7D5E46CBEB974647A92E640B5694B41C
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 12-Apr-2010 at 05:47
апонска ЏАЈКА останува на хидросистемот „Злетовица“

Јапонскиот инвеститор Јапонската банка за меѓународна соработка-ЏАЈКА останува на Хидросистемот „Злетовица“ до крајот на годинава, односно додека не се искористи во целост кредитот од 82,5 милиона долари наменет за првата фаза од изградбата на хидросистемот, изјави за МИА Стојан Миланов, директор на „Злетовица“.

Отфрлајќи ги шпекулациите околу заминувањето на јапонскиот инвеститор од ХС „Злетовица“, Миланов истакна дека во рамките на првата фаза од системот, во која се користи кредитот од Јапонската банка, останува да се изгради скада - системот, односно диспечерскиот систем од каде што ќе се контролира искористената вода од ХС „Злетовица“ од страна на општините Карбинци, Штип, Свети Николе, Лозово и Пробиштип.

Миланов информираше и за заклучокот на Владата која го задолжила Министерството за финансии да почне преговори за склучување договор за обезбедување кредитни средства за фаза 2 и фаза 3 со Европската инвестициска банка.

- Потребната документација ја обезбедивме и ја доставивме до Министерството за финансии, а ова, пак, до Европската инвестициска банка. Втората фаза од ХС „Злетовица“ предвидува обезбедување услови за наводнување на 4.070 хектари земјоделско земјиште и тоа 3.000 хектари во Пробиштипско и 1.070 хектари во Кратовско. Третата фаза предвидува изградба на мини-хидроцентрали и производство на 50 милиони киловат-часови електрична енергија - изјави Миланов.                                                                                                                                                http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=6184E48231BAC640B41F5702D4572DE4

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 08-May-2010 at 11:01

Бетон“ ќе ја чисти акумулацијата „Кнежево“


Директорот на АД „Бетон“, Трајко Трпевски, и Стојан Миланов, директор на хидросистемот „Злетовица“, вчера потпишаа договор за чистење на акумулацијата на браната „Кнежево“, по што ќе почне и нејзиното полнење

 

 
%20  
Чистењето на резервоарот на браната е неопходно, бидејќи водата од оваа акумулација, покрај за наводнување и добивање електрична енергија, ќе се користи и за пиење.

- Беше распишан тендер за чистење на резервоарот на браната на кој конкурираа неколку фирми. За најповолен изведувач е избрана компанијата „Бетон“, за што немаше приговори ниту жалби. „Бетон“ и досега квалитетно и навремено ги извршуваше градежните работи на браната - ни изјави првиот човек на ХС „Злетовица“.

Вредноста на договорот е 54.903.512 денари, пари обезбедени од Буџетот на државата, додека рокот на изведба изнесува 50 дена.

- Во јуни почнуваме со контролирано полнење на браната, кое во зависност од хидрологијата може да трае од шест до осум месеци - вели Миланов. Коритото на акумулацијата е прекриено со слој на хумус, дрвја и органски материи, кои кога ќе се потопат со вода се распаѓаат и можно е создавање отровни материи. Затоа е неопходно чистење - велат експертите.

Проектот „Злетовица“ се гради со јапонски кредит од 70 милиони евра и е многу значаен за источна Македонија, бидејќи трајно ќе го реши проблемот со снабдувањето со вода за над 110.000 жители од шест општини (Штип, Свети Николе, Карбинци, Лозово, Пробиштип и Злетово). Височината на браната е 75 метри, со капацитетот на акумулацијата од 23 милиони кубни метри вода. Како што велат од „Бетон“, ова е прва брана во цела Југоисточна Европа што, наместо глина, има асфалтно јадро.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=581092731&id=10&prilog=0&setIzdanie=21978
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 07-Jul-2010 at 22:23
Јапонците финансиски ќе поддржат изработка на техничка документација за преадаптација на филтер станиците
Среда, 07 Јули 2010 10:38

filter_stanicaВо Општина Пробиштип вчера се одржа работен состанок со директорот на ЈИЦА за Европа. На состанокот стана збор за преадаптацијата и потенцијалната реконструкција на филтер станици во општините од регинот со цел прифаќање на водите од ХС Злетовица, како и можна реконструкција на дел од нив.

На состанокот е одлучено јапонската страна да помогне финансиски во изработка на техничка документација до изработка на основен проект, што претставува помош од неколку десетина илјади евра. Со оглед на тоа што станува збор за мошне важна техничка документација во поглед на преадаптацијата на филтер станиците,која не е ефтина работа, градоначалниците од регионот не ја потценуваат оваа подршка од јапонците и сметаат дека тоа е голам помош од нивна страна.

На средбата присуствуваше и градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов.

http://stip.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=678%3A2010-07-07-09-42-53&catid=93%3Anastani&Itemid=109&lang=mk
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 08-Jul-2010 at 19:37

„Злетовица“ удавена во беспарица

Општините од источна Македонија немаат пари за филтер-станици за да ја користат водата од хидросистемот, а јапонскиот кредитор сега нуди само техничка помош за да аплицираат за кредит кај Европската инвестициска банка

Неизграденоста на филтер-станиците во јавните комунални претпријатија во општините од источниот регион е пречка за да се користи водата од хидросистемот „Злетовица“. Ова го истакнаа градоначалниците на општините Штип, Кратово, Пробиштип, Карбинци и Лозово на вчерашната средба со раководството на јавното претпријатие „Злетовица“ и претставниците од јапонската Агенција за меѓународна соработка „Џајка“.

Претставниците од Јапонија и на вчерашниот состанок изјавија дека нема да одобруваат нов кредит за регулација на водите на реката Злетовица, но затоа нудат техничка помош. Тие се понудија на општините да им ја подготват потребната техничка документација со која ќе аплицираат за дополнителни кредитни средства од Европската инвестициска банка (ЕИБ).

- Она што на општините им го нуди „Џајка“ е од голема помош бидејќи предлагаат да направат комплетна документација, техничка спецификација и основни проекти за изградба и реконструкција на пречистителни станици во општините што се опфатени со хидросистемот „Злетовица“. Тоа ќе чини многу, ако се остави ова прашање да го решаваат самите општини - изјави Зоран Алексов, градоначалник на Општина Штип.

Педесетте милиони евра добиени од ЕИБ, Владата веќе ги распредели на општините за подобрување на водоснабдувањето и канализациската инфраструктура. Тоа се наменски средства и нема да може да се пренаменуваат за други потреби. Можно е шестте општини од овој регион, со проектот што ќе биде изработен од страна на „Џајка“, преку Владата да аплицираат за дополнителни пари.

- Како потоа општините ќе се раздолжуваат кон Владата ќе треба да се разговара. Заклучок е дека засега општините не се во можност сами за себе да аплицираат бидејќи не се сите кредитоспособни. Покрај тоа, различни се износите што секоја општина ќе треба да ги издвои. Од овие причини мислиме дека сепак е најдобро да се почека, да се види што ќе покаже студијата, која ќе ја изработат стручни лица од Јапонија, па со тие анализи преку Владата да се аплицира до соодветни фондации за користење пари за изградба и реконструкција на филтер-станиците во овие општини - рече Алексов.

Од неподготвеноста на општините за користење на водата од веќе изградените водозафати и цевководи загрижени се и во јавното претпријатие „Злетовица“.

- Ова станува заеднички проблем. Ние сме заинтересирани овој проблем што е можно побрзо да биде надминат бидејќи кон крајот на 2010 година ќе треба да се почне со враќање на годишниот ануитет и каматата за искористениот кредит за изградба на првата фаза на хидросистемот. Кредитот ќе се враќа со парите што треба да се обезбедат од корисниците. Враќањето на кредитот е условено од рентабилното работење на „Злетовица“. Имаме можност договорената количина вода целосно да им ја испорачаме на комуналните претпријатија во општините, но поради немањето филтер-станици, користењето на водата е доведено во прашање. Со тоа и кај нас постои загриженост дали ќе може да почнеме со враќање на 80 милиони долари од јапонскиот кредит - изјави Стојан Миланов, директор на „Злетовица“.

Трајче Строимановски

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=1AA6CA1A40E5EE4BAB38B3A7D235873D
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 08-Jul-2010 at 20:13
Браната на „Злетовица“ ќе се полни со вода brana-zletovica-zavrsena.jpgКочани - Почнуваат обврските на хидроенергетскиот систем „Злетовица“ за враќање на кредитот кој Јапонската банка пред шест години го одобри во висина од 80 милиони долари за изградба на овој капитален хидроенергетски систем во Источна Македонија. Првата рата од кредитот е во октомври. Првата фаза од системот е завршена со изградбата на бетонско насипната брана, чие полнење според најавите ќе почне во сабота со водите од Злетовска река. Jапонскиот инвеститор останува на „Злетовица“ се до крајот на годината кога и завршува договорот за искористување на средствата од Јапонскиот кредит.

Проблем засега преставува немањето филтер станици во општините Штип, Пробиштип, Кратово,Карбинци и Лозово. Според Стојан Миланов директор на ХС „Злетовица“ тие се заинтересирани да го решат овој проблем за рентабилното работење на системот.

- Колку поголеми кооличини на вода ќе се испорачуваат до крајните корисници, толку и ние полесно ќе го отплаќаме кредитот, истакна Миланов.

Токму за овој проблем во Пробиштип средба одржа раководството на ХС „Злетовица“, градоначалниците од општините кои ќе користат вода за пиење од „Злетовица“ и јапонскиот инвеститор со цел да изнајдат пари за финсирање на филтер станиците. Доколку не се изнајдат финансиски средства ќе биде доведена во прашање употребата на целиот хидросистем.

Претставниците на јапонската Агенцијата за техничка соработка Џајка кои го контролираат трошењето на парите од кредитот понудија да ја направат техничката документација за изградбата на потребните филтер станици, а градоначалниците треба да направат напори да изнајдат финансиски средства за нивната изградба. (МИА)

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2450&Itemid=125
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 13-Jul-2010 at 19:04

Браната Кнежево ќе се полни задутре

Високиот водостој на Злетовска Река го одложи почетното полнење на браната Кнежево. Полнењето на акумулацијата на хидросистемот „Злетовица“ е одложено за наредните дена, кога се очекува да се намали и големиот доток на вода во веќе изградената брана.

Почетното полнење го поместивме затоа што постојниот доток од 1,1 кубен метар вода е над дозволената количина од 0,5 метри. Монтирањето на хидромеханичката опрема и чистењето на телото на резервоарната брана од хумус, грмушки и корења од исечените дрвја е во завршна фаза.

- Изведувачите на работите се подготвени и ако дозволат временските услови, очекуваме за неколку дена да почне и првото пробно полнење - изјави Стојан Миланов, директор на ЈП „Злетовица“.

Од „Злетовица“ изјавија дека новиот термин за пробно полнење на Кнежево е поместен за задутре. (Т.С.)
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=4BB682B504A305449D4578A8DC54BD92
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 13-Jul-2010 at 21:00
Еве уште една денешна статија за Злетовица - оваа се однесува поточно на проблемот со филтер станиците. Текстот носи квалитетни и нови информации и барем мене ми разрешува некои досегашни нејаснотии.

Знам дека е веќе досадно да се спомнува, но едноставно мораме да се запрашаме: како тоа во оваа држава се расфрлаат огромни пари за се и сешто и за секакви бизарни и тотално непродуктивни проекти, а кога треба да се вложат 1,5 до 2 милиони евра потребни за да профункционира ваков голем развоен проект како Злетовица, кој меѓудругото треба да обезбеди водоснабдување на пола источна Македонија и со собраните средства да се враќа кредитот на Јапонците, тогаш сите се паднати од Марс. Па можно ли е ова? Прашањето можеби е досадно, но е крајно актуелно и неопходно ни е темелно преиспитување на приоритетите во оваа држава.

Зошто се градеше „Злетовица“?

Иван Бојаџиски

Полнењето на браната „Кнежево“, која за само една година ќе акумулира 23,5 милиони кубни метри вода, почнува утре. Но, постои вистинска дисхармонија околу тоа кој ќе ги користи водите. Токму затоа во источниот регион се поставува клучното прашање - зошто, всушност, се градеше регионалниот хидросистем „Злетовица“?

Градоначалниците укажуваат дека нивните општини немаат пари, Владата си молчи, а раководните структури на хидросистемот излегуваат со став дека успешно ја завршиле својата работа. А водата нема кој да ја користи. Со тоа, над 120.000 жители од шест општини на истокот остануваат заложници на докрај недефинирана политика за најголемата инвестиција што се изгради во последната деценија во Македонија.

Проблемот се сведува на некомпетентноста или на немањето филтер-станици во Штип, Пробиштип, Кратово, Лозово и во Карбинци кои би можеле да ги прифатат водите од „Злетовица“, да ги преработат и да ги испорачаат во домовите на граѓаните.

Така, градоначалникот на Кратово, Мите Андонов, отворено кажува дека им се потребни еден милион евра за изградба на филтер-станица што ќе ги прифати, преработи и дистрибуира водите од регионалниот хидросистем. Кратово е мала и економски неразвиена општина, која нема пари сама да го реши проблемот.

Но, и Штип како регионален центар се соочува со истиот проблем. Градоначалникот Зоран Алексов вели дека на градот му се потребни над половина милион евра за технолошка обнова на филтерницата, која така ќе може да ги прифати површинските води од „Злетовица“.

Наспроти ова, Општина Карбинци, со помалку од 4.500 жители, сака да гради филтер-станица со голема финансиска вредност, иако штипската е на само десетина километри и има мошне голем капацитет. Иста е состојбата и во Пробиштип, еден од ретките индустриски градови кој нема никаква филтер-станица.

Само општината Свети Николе има филтер-станица со технологија за прифаќање и преработување површински води. Благодарение на тоа, градот во срцето на Овчеполието веќе ги ужива благодатите што ги нуди „Злетовица“. „Токму регионалниот хидросистем се покажал спасоносен за Свети Николе“, категоричен е градоначалникот Роберт Ѓорѓиев. Имено, подолго од пет години за Свети Николе имаше забрана за користење на водоводот поради хемиската и бактериолошка неисправност на „старите“ води. Населението се снабдуваше од цистерни кои носеа вода од Штип.

Уште пред две години беше познато дека по изградбата на „Злетовица“ ќе настанат проблеми од ваква природа. Градоначалниците од регионот, но и надлежните во Владата живееја во надеж дека Јапонците, кои го кредитираа хидросистемот, ќе вложат пари и за филтер-станиците. За жал, нивните очекувања се покажаа погрешни.

Секој што барем малку е упатен во проблематиката, а Владата и градоначалниците, секако, мора да се меѓу таквите, морале да знаат дека кредиторот, во случајот јапонската агенција за техничка соработка „Џајка“, нема да ги покрие и трошоците за филтер-станици. Претставници на „Џајка“ навреме укажуваа дека тие таква обврска ниту имаат ниту ќе преземат, а дека со изградбата на „Злетовица“ завршуваат нивните финансиски обврски.

Времето тече, а големиот проблем не се решава. Нема никакви индиции дека воопшто се работи на проблемот. Од Владата нема навестувања за финансиска помош. Интересно е тоа што локалните самоуправи изјавуваат дека се задоволни и со сегашните водоснабдителни решенија.

Но, тоа не е и единствениот проблем за иднината на „Злетовица“. Второто крупно прашање кое ги мати регионалните води е цената по која хидросистемот ќе ја продава водата на општините. Ако се точни најавите, а велат дека цената ќе биде повисока од сегашната, тогаш многу општини предупредуваат дека „Злетовица“ треба да заборави на нив.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C01C61FBB2E84B428C48673389C78E05
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 17-Jul-2010 at 05:41
„Кнежево“ се полни, Свети Николе на мака

Со затворање на браната ќе има помалку вода

за Свети Николе, но и за Штип, Карбинци и за Лозово

Иван Бојаџиски


ШТИП - Полнењето на браната „Кнежево“ од регионалниот хидросистем „Злетовица“ почна пред три дена. Браната, која може да акумулира 23,5 милиони кубни метри вода, при нормални хидролошки услови треба да се наполни за една календарска година. Водата од реката Злетовица не тече преку одводниот тунел во кој се инсталира хидромеханичката опрема туку ја полни браната, а идното лето водното огледало треба да се протега во должина од четири километри.

Затворањето на браната го поставува прашањето за биолошкиот минимум, кој е неопходен за опстанок и развој на флората и на фауната во оваа планинска река. Но, истовремено го става на мака и Свети Николе, бидејќи се проблематизира прашањето околу редовното снабдување на овој град со вода во новонастанатите услови. Имено, со затворањето на браната ќе има помалку вода во низводниот тек, односно во зафатот од каде што почнуваат цевководите преку кои водата оди кон Свети Николе, но и кон Штип, Карбинци и Лозово.

Свети Николе е единствен од шесте општински центри за кои се градеше „Злетовица“, а има филтер станица чија технолошка опременост овозможува прифаќање, преработка и дистрибуција на површински води. Регионалниот хидросистем се покажа спасоносен за овој град. Имено, шест години, поради бактериолошка неисправност, Свети Николе имаше забрана за пиење од локалниот водовод. Цела година, благодарение на „Злетовица“, градот е спокоен во однос на водата, која порано се носеше со цистерни од соседниот Штип.

„Нема друго решение освен да ги намалиме количествата вода, кои на доброволна основа и без денар надоместок цела година му ги испорачуваме на Свети Николе. Сегашниве 170 литри вода во секунда ќе ги намалиме на околу 20-30 литри, а додека целосно не биде инсталирана хидромеханичката опрема ќе нема доволно. Мора да водиме грижа и за Пробиштип, кој со вода се снабдува од бунарскиот систем лоциран крај реката Злетовица, а во близина на Злетово. Ако продолжиме на Свети Николе да му ги испорачуваме сегашните количества вода, Пробиштип ќе остане на суво“, објаснува Ацо Јаневски, технички директор на ЈП ХС „Злетовица“. Во „Злетовица“ се надеваат дека оваа ситуација нема да трае подолго од еден месец. Но, голем проблем за Свети Николе е што потребните количества вода ќе му бидат десеткувани во најтоплиот и најсушен период од годината.

Во однос на биолошкиот минимум без кој нема опстанок на растителниот и на биолошкиот свет во реката, Јаневски вели дека тоа ќе биде на простор од еден километар низводно од браната.

„Во тој дел од коритото се влеваат десетина водотеци, а еден е со поголеми количества вода дури и од централната река, така што ќе нема опасност по флората и фауната“, тврди Јаневски.

Градоначалникот на Свети Николе беше затечен од информацијата дека полнењето на браната „Кнежево“ ќе предизвика проблеми во водоснабдувањето. „Акумулациите се полнат зиме, никако среде лето кога е најтопло и кога водата најмногу им е потребна на луѓето“, коментираше вчера Роберт Ѓорѓиев. Тој подоцна кажа дека за проблемот разговарал со раководството на „Злетовица“, а оттаму ветиле оти ќе применат решение со кое градот нема да остане без потребните количества вода. Како ќе се одвива овој процес, од кој треперат 15.000 жители на Свети Николе, останува да се види.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=AA1FE76800A18F49B6B6A9A7C144DED7


Edited by lslcrew - 17-Jul-2010 at 10:56
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 26-Jul-2010 at 21:31

На ден 14.07.2010 год. е извршен најсуштинскиот дел од проектот ХС „Злетовица“ т.е извршено е затворање на опточниот тунел преку кој се вршеше пренасочување на реката Злетовица. Со овој чин се овозможува контролирано полнење на акумулацијата, а и обезбедување на суви услови во самиот тунел со што се создадени услови за монтирање на хидромеханичката опрема. Со самото полнење на акумулацијата се заокружува првата фаза од изградбата на Браната Кнежево и по самото завршување кое се очекува кон крајот на Октомври, ќе се обезбеди вода за пиење на населението од општините опфатени со овој проект: Штип, Св. Николе, Пробиштип, Кратово, Лозово и Карбинци.

http://www.probistip.gov.mk
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 13-Sep-2010 at 14:27

Пијат вода, а не знаат колку ќе чини

Свети Николе четири месеци троши по 70 литри во секунда од системот, но досега нема добиено ниту една фактура, а општините што допрва ќе се врзуваат на ЈП ХС „Злетовица“ велат дека ги чекаат цените за да видат што ќе прават

Ниту тие што веќе ја користат ниту тие што допрва ќе ја користат не знаат колку ќе ги чини водата од регионалниот хидросистем „Злетовица“. Надлежните во шесте општини од источниот регион, кои со вода за пиење се снабдуваат или треба да се снабдуваат од регионалниот хидросистем „Злетовица“, се' уште немаат одговор по која цена ЈП ХС „Злетовица“ ќе им ја испорачува договорената количина.

Свети Николе четири месеци троши по 70 литри во секунда од системот, а досега нема добиено ниту една фактура. Општините што допрва ќе се врзуваат на ЈП ХС „Злетовица“ велат дека ги чекаат цените за да видат што ќе прават. Како што стојат работите, утврдувањето на цената може да потрае до Нова година. Во ЈП ХС „Злетовица“ се правдаат оти прашањето било чувствително, а процедурата комплицирана.

- Со неколкуте варијанти на САПРОФ-студии направена е процена колку би требало да изнесува цената за испорака на сирова вода за пиење до шесте општини. Врз основа на оваа студија, изготвена е и методологија. Овие два акта се доставени до надлежните институции, од каде што очекуваме наскоро да ја добиеме потребната согласност. Потоа, во согласност со Законот за јавните претпријатија, ова ќе биде разгледано на Управниот одбор. Откако ќе биде разгледан и одобрен, ќе биде доставен и до Комитетот за координација, кој е формиран од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по што ќе влезе и во владина процедура. Се очекува до крајот на годинава методологијата за пресметка за испорачаната вода за водоснабдување на општините од регионот да биде усвоена - изјави Стојан Миланов, директор на ЈП ХС „Злетовица“.

Во Општина Штип стравуваат дека водата би можела да биде прескапа.

- Штип нема да може да си дозволи водата што ќе ја испорачува „Злетовица“ да биде поскапа од онаа што ја имавме досега. Секое покачување на цената ќе го плаќаат граѓаните, што за нас е неприфатливо. Мое мислење е дека цената на водата, која нема да биде многу поскапа од другите хидросистеми во Македонија, може да биде прифатлива и за нас - изјави Зоран Алексов, градоначалник на општината Штип.

И во Пробиштип очекуваат наскоро од ЈП „Злетовица“ да ја добијат цената за испорачаната вода, но во овој период се преокупирани со обезбедување пари за набавка и за вградување опрема за филтер-станицата. Надлежните во Општината велат дека ќе прифатат цена што ќе биде реална и економски оправдана. За работа на пумпната станица во Ратавица, јавното комунално претпријатие од овој град, „Никола Карев“, месечно за сметки за потрошената електрична енергија на ЕВН му исплаќа по 600 до 700.000 денари.

- Со изградбата на цевководот од новиот водозафат до резервоарот во градот водата ќе доаѓа по слободен пад, без потреба од користење на пумпната станица. На овој начин ќе ги намалиме трошоците за струја и доколку од „Злетовица“ понудат поволна цена, можно е сегашната цена од 29,5 денари за кубен метар вода, колку што се наплаќа од граѓаните, да биде и намалена - ни изјави Милан Терзиќ, директор на ЈКП „Никола Карев“ во Пробиштип.

За разлика од останатите општини од источниот регион, со изградена филтер-станица, Свети Николе веќе го користи од хидросистемот „Злетовица“. Во Општината велат дека засега немаат добиено ниту фактура ниту, пак, се информирани за цената на испорачаната количина.

Но, и покрај редовната испорака од 70 литри вода во секунда од „Злетовица“, во Свети Николе не се откажуваат ниту од артеските бунари. Поради одржување од бунарскиот систем до филтер-станицата редовно се пумпаат дополнително уште по 30 литри во секунда. Надлежните во локалната самоуправа од оваа општина велат дека по спроведените превентивни мерки, со неколкумесечно прочистување на цевките од градскиот цевководот, повеќе немаат проблем со водата за пиење од градскиот водовод. Тоа го покажуваат и анализите направени од Заводот за здравствена заштита.

- Добиените резултати покажуваат дека водата од бунарските системи, како и водата од хидросистемот „Злетовица“, е хемиски и бактериолошки исправна - изјави Тодор Петровски, раководител на одделението за комунални дејности во Општина Свети Николе.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C6A5AE8882E8B14496E1F1D440C80E14
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 14-Sep-2010 at 02:44
Неколку слики од изградбата, превземени од Panoramio (Google Earth) од повеќе јузери.

01.


02.


03.


04.


05.


06.


07.


08.


09.


10.


11.


12.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 14-Sep-2010 at 03:44
Би ги замолил по стручните членови и оние што не читаат да се регистрираат и да ми објаснат една работа. Пред некој ден во Штип имаше земјотрес (http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=9AAC704D65BC4E46BB0ECD2F96AAEE05). Има ли шанси овој земјотрес да се поврзе со полнењето на акумулацијата Кнежево (дел од хидросистемот Злетовица). Пред неколку години што имаше неколку помали земјотреси во Скопје се поврзуваа со полнењето на Козјак (http://217.16.70.245/?pBroj=1352&stID=3632&pR=3), па ме интересира што мислат луѓе од оваа струка, можно ли е земјотресот да е резултат на некоја индуцирана сеизмичност што порано се манифестирала поради тежината на водата што се собира во акумулацијата.


Edited by lslcrew - 14-Sep-2010 at 03:47
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 23-Sep-2010 at 18:56
Може да добијам  координати од ХС „Злетовица“ ???Poke
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.111 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.