build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хидросистем Злетовица

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 23-Sep-2010 at 19:06
Originally posted by Danielbtmk

Може да добијам  координати од ХС „Злетовица“ ???Poke
Може од кај браната, а за цел хидросистем тешко дека ќе може со координати

42° 6'29.72"N  22°18'30.48"E




Edited by Cloverstack - 23-Sep-2010 at 19:08
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 29-Sep-2010 at 18:09

Озон ќе ја чисти водата од „Злетовица“

Техничката документација до фаза на изградба на филтер-станиците во општините од источниот регион, кои со вода за пиење ќе се снабдуваат од хидросистемот „Злетовица“, ќе ја изработува шестчлена јапонска екипа. Информацијата беше официјално најавена по состанокот во Пробиштип меѓу преставници од јапонската владина агенција „Џајка“ и градоначалниците на Штип, Кратово, Карбинци, Свети Николе и на Лозово.

- Изработената техничка проектна документација општините ќе ја добијат бесплатно. Се работи за значајна техничка помош, бидејќи поголем дел од општините кои треба да ги користат услугите од „Злетовица“ не се во состојба сами да обезбедат пари за изготвување на потребната документација - изјавија неколкумина градоначалници по завршувањето на состанокот.

Пробиштип е една од општините која има најголема потреба од ваква помош. Во пробиштипската локална самоуправа велат дека поседуваат готова документација за филтер-станица, работена пред 5-6 години, која не ги исполнува сегашните потреби и стандарди. Поради тоа, стручните лица од консултантската екипа од Јапонија прават подготовки за нова проектна документација.

Засега е сигурно дека досегашниот начин на пречистување на водата за пиење по пат на хлорирање ќе биде напуштен. Според најавите, најверојатно ќе се прифати предлогот пречистувањето на водата да се врши со озонирање. При набавката на потребната опрема предвид се неколку технолошки варијанти, кои во зависност од капацитетот и квалитетот чинат од 1 милион до 1,7 милион евра.

- Која од варијантите ќе биде одбрана ќе зависи од расположливите финансиски средства. Од голема важност при одлучувањето ќе биде и предлогот што ќе биде понуден од страна на јапонскиот консултантски тим, кој овие денови ќе почне со изработка на проектната документација - изјави градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски.

Надлежните во Пробиштип очекуваат техничката документација да ја добијат до крајот на годината, по што ќе следуваат и потребните тендерски постапки за избор на фирма која ќе ја изработи потребната опрема за филтер-станицата во Пробиштип.

Покрај снабдувањето на населението со чиста вода во локалната самоуправа прават планови за водоснабдување и на индустријата.

- Во овој период кога претстои обемна работа околу проектирањето и изготвувањето на техничката документација ќе бидат разгледани и потребите и на стопанските капацитети за нивно снабдување со техничка вода - изјавија во Општина Пробиштип.

Трајче Стројмановски

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=49D58D0F07B8E6489698D37DD5D17CC2
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 03-Oct-2010 at 14:47

Се монтира опремата во „Кнежево“

Сувото време им оди од рака на работниците на скопски „Факом“, кои ја монтираат хидромеханичката опрема за регулирање на водостојот во акумулацијата „Кнежево“ на Злетовска Река.

Во Јавното претпријатие „ХС Злетовица“ велат дека во проточниот тунел досега се поставени цевки во должина од 150 метри. Паралелно со цевководот во тунелот се работи и на вградување на опремата во објектот во близина на круната на браната, од каде и ќе се врши испуштање на потребната количина акумулирана вода.

Во акумулацијата „Кнежево“, како главен објект од првата фаза на повеќенаменскиот хидросистем „Злетовица“, во изминатите три месеци по затворањето на испусниот тунел досега се акумулирани само околу 2 милиона кубни метри вода.

- Ваквото време, без поголеми врнежи со низок водостој на Злетовска Река, оди од рака бидејки се работи за пробно полнење. Акумулираната вода, по вградување на опремата, ќе биде испуштена. За побавно полнење на акумулацијата преку водозафатот за Кратово, кој е изграден под самиот изворишен дел на Злетовска Река, во овој период се дозволи зафаќање повеќе вода од дозволеното - изјавија од ЈП „ХС Злетовица“.

Според најавата, монтирањето на набавената хидромеханичка опрема треба да заврши до крајот на октомври. (Т.С.)

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=56C4BEEFAF793842BD25F60B8D54BAF7
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 29-Oct-2010 at 23:41

„Злетовица“ чека европски пари

Раководството на хидросистемот уверува дека ЕИБ ќе одобри кредит за втората и за третата фаза

Иван Бојаџиски


ШТИП - Европската инвестициона банка ќе ги кредитира втората и третата фаза од „Злетовица“. Ова уверување доаѓа од раководството на регионалниот хидросистем по минатонеделната посета на заменик- генералниот директор на Европската банка на Македонија и разговорите во Владата и во Министерството за земјоделство.

Според проектите, за двете фази се потребни 55,5 милиони евра. Од нив 36,5 милиони евра ќе се инвестираат во реализацијата на втората фаза со која се предвидува наводнување на 4.100 хектари обработливо земјиште, од кои 3.100 во Пробиштип и уште илјада хектари во Кратово. Во реализацијата на третата фаза, со која е планирана изградба на неколку хидроцентрали, ќе бидат инвестирани 19 милиони евра.

„Високиот претставник на ЕИБ беше задоволен од проектите и најави заинтересираност на банката финансиски да застане зад нивната реализација. Денес делегација на ЕИБ повторно доаѓа во Македонија за да ги продолжи разговорите во Министерството за земјоделство. Се надеваме дека можеби уште денес ќе се донесе и конечно решение за кредитирањето. Во секој случај добивме прилично сигурни гаранции дека оваа европска банка, со мошне поволен кредит, ќе ја поддржи комплетната реализација на регионалниот проект што содржи повеќе компоненти, од економски преку развојни до социјални“, вели Стојан Миланов, директор на „Злетовица“.

Регионалниот хидросистем е најголем проект што се реализира во источниот регион во последните две децении и еден од најголемите во нашава држава. Првата фаза, со која се обезбедува водоснабдување на шест општини во источна Македонија, е речиси завршена, а свечениот момент на нејзино официјално предавање во употреба се очекува во почетокот на декември година. Но, „Злетовица“, без реализација на двете преостанати фази, нема да биде самоодржлив проект, односно нема да може сама да го отплатува кредитот за првата фаза во висина од 82,5 милиони долари што ни го даде Јапонската банка за техничка соработка, зад кој како гарант стои државата.

„Сите три фази се еднакво важни за регионот. Сепак, последната е најпрофитабилна. Предвидува изградба на неколку хидроцентрали што ќе произведуваат 48 милиони киловат-часови електрична енергија. Толку троши Пробиштип со целата своја индустрија“, појаснува Миланов.

Идната среда во Пробиштип треба да дојде директорот на Јапонската банка за Југоисточна Европа. Заедно со консултантскиот тим што го предводи тим-лидерот Јоиро Имазава, а кој во Пробиштип е од денот кога почнаа работите на „Злетовица“, ќе се направи последната инспекција. Ако се констатира дека се' е в ред со реализацијата на првата фаза, тогаш ќе има виза за официјално пуштање во употреба.

Во Пробиштип една зграда е опремена со скада-центар од кој компјутерски ќе се управува со системот. Високософистицираната опрема ја монтираа експерти од словенечката компанија „Искра“. Во меѓувреме, обилните есенски дождови ја полнат акумулацијата „Кнежево“. За четири месеци, од кои три беа многу сушни, акумулацијата е исполнета до десет проценти. Моментните врнежи овозможуваат езерото дневно да се полни по половина метар.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=772C946D2288AC4BB429F03A1F6E285B
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 29-Dec-2010 at 18:34

ЗАВРШЕНА ПРВАТА ФАЗА ОД ХИДРОСИСТЕМОТ „ЗЛЕТОВИЦА“

slika

„Скада системот“ со потребната технологија е лоциран во новата управна зграда на хидросистемот „Злетовица“ во Пробиштип, а со него ќе се координира искористувањето на водата од акумулацијата до потрошувачите од шесте општини во источна Македонија.

Во употреба „Скада системот“ го предаде Стојан Миланов, директор на ЈП ХС „Злетовица“ од Пробиштип.

- Со ова ја завршуваме во целост првата фаза од изградбата на ХС „Злетовица“ со што е искортистен кредитот од јапонската банка за обнова и развој вреден 70 милиони евра, истакна Миланов пред присутните на отварањето на „Скада системот“. Од овие средства, подвлече тој,  досега само за првата фаза се искористени 66,5 милиони евра.

Владата во ХС „Злетовица“ учествуваше со 25 милиони евра, средства кои беа искористени за експропријација на земјиштето и изградба на одделни делови по „пакети“ од првата фаза.

Според Миланов, од досега реализираните делови од првата фаза се изградени брана со акумулација на Злетовска река кај село Кнежево, со можност за акумулирање на 23 милиони метри кубни вода, асвалтен пат од село Злетово до село Кнежево каде што се наоѓа аклумулацијата, водозафати за општините Штип, Кратово, Пробиштип, Свети Николе, Лозово и Карбинци,како и цевковод во должина од 73 километри.

Тој посочи дека се прават напори од наредната 2011 година да започне реализацијата на втората и третата фаза од Хидросистемот во кои се планирани наводнување на 4100 ха земјоделско земјиште во Пробиштипско и Кратовско и производство на 50 милиони КВ часа електрична енергија од 6 мини хидроцентрали на Злетовска река. За ова, рече Миланов, Владата веќе го избра кредиторот на овие две фази, а тоа е Европската инвестициона банка, со која се започнати преговорите за подготовка на потребнната техничка документација.


http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=8&item=5061

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 02-Jan-2011 at 16:20

Државата ги плаќа ратите за хидросистемот Златовица

Државата го спасува проектот хидросистемот „Злетовица“ тежок 120 милиони долари. До последниот ден од минатата година висеше дилемата како да се сервисира првата рата од доспеаниот кредит од 80 милиони кон јапонската банка.

Во последен миг, ден пред истекот на рокот и 2010, 99 милиони денари како прва рата ги уплати министерството за земјоделство.

-Доколку Јавното претпријатие не остварува сопствени приходи, а ратите од кредитот од јапонската банка е досепан, тогаш според потпишаниот договор, државата, поточно Министерството за земјоделство е обврзано да ги помирува ратите се до постигнување на рентабилитет на Злетовица, објасни директорот на ЈП ХС Злетовица, Стојан Миланов.

Надлежното Јавно претпријатие изготви и студија со која ја позиционира како што велат, прифатливата продажна цена за метар кубен вода за шесте општини - потенцијални корисници.

-Овој акт по 20 Јануари, ќе биде ставен во владина процедура за негова верификација, а потем, до крајот на месецов, откако општините би дале согласност, ќе ја објавиме цената за продажба на водата од Хидросистемот Злетовица, дополни Миланов.

Општините не попуштаат. Ако цената е до четири денари за метар кубен, водата од Злетовица ќе е корисна за 120 илјади жители, ако е повеќе, инвестицијата не ќе служи никому.

До старт на продажба на водата, а со тоа и отплата на кредитот, државата е жирантот на најголемата инвестиција во источна Македонија за последните две децении.

Дејан Ефремов- дописник од Штип


02.01.2011, 15:59

http://www.time.mk/read/NONE/4e1a368c57/index.html
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 04-Jan-2011 at 03:53

Водата од хидросистемот Злетовица треба да стигне до секој корисник

02.01.2011 - 17:55 | 

Општините Свети Николе  и Штип се во најповолна положба, во однос на останатите 4 , за користење на водата за пиење од Хидросистемот Злетовица.

Овие две Општини ќе преземат две третини од вкупното количество, што значи дека Проектот за водоснабдување е успешен. Градоначалникот на Штип, Зоран Алексов вели дека се на чекор од изнаоѓање в заемно прифатливо решение за цената на водата.

- Тоа ќе ни значи зелено светло да можеме да финансираме  дел од средствата што ги добиваме од Европската инвестициона банка за преадаптација на филтер станицата за прифаќање на површинските води од ХС ,, Злетовица,,- изјави Зоран Алексов, градоначалник на Штип.

На неодамнешната прес конференција, првиот човек  на ЈП Злетовица, потенцираше дека  цената на водата е многу чуствителна тема и дека од нивна страна веќе е подготвена студија за утврдување на висината на тарифата, врз чија основа се донесени акти за критериумите за користење на водите , кои се доставени до градоначалниците и надлежните инситуции.

- Со заклучок на Владата е договорено најкасно до 20 јануари актот биде ставен во владина постапка и согласно законот за јавни препријатија актот го утврдува Јавното претријатие , а согласност дава владата. - изјави Стојан Миланов, директор на ЈП ,, Злетовица,,

Иако приемот на водите е во надлежност на Локалните самоуправи, а нивна обврска е само нивна дистибуција, Миланов додаде дека нема да седат со скрстени раце, туку напротив ќе предлагаат и изнаоѓаат решенија, за побрза изградба на нови и преадаптација на постоечките филтер станици, со цел секоја капка вода да стигне до предвидената дестинација.




http://sitel.com.mk/video/biznis/vodata-od-hidrosistemot-zletovica-treba-da-stigne-do-sekoj-korisnik


Edited by Cloverstack - 04-Jan-2011 at 04:39
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 22-Feb-2011 at 12:16

Штип подготви проекти за 1,5 милион евра

Приспособувањето на филтер-станицата на ЈКП „Исар“ да може, освен подземна, да преработува и површинска вода, со што ќе може да се прифати и водата за пиење од хидросистемот „Злетовица“, е еден од приоритетните проекти што ги подготви штипската локална самоуправа. Тој е еден од подготвените проекти за очекуваните 1,5 милион евра од Европската инвестициска банка, од која Владата обезбеди кредит од 54 милиони евра, средства кои потоа ќе ги дава како грантови за развој на општините.

Приспособувањето на филтер-станицата треба да чини околу 500 илјади евра. Подготвени се и проекти за изградба на водоводна и канализациска мрежа во приградската населба Стар Караорман, како и за изградба на водоводна линија со која ќе се реши водоснабдувањето на индустрискиот дел на градот и на новата индустриска зона што ја гради Владата на периферијата на Штип. (Љ.Ш.)

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8533FB354659BA4F847A3A24CC1C22C2
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 13-Mar-2011 at 15:15

Цената на водата во хидросистемот „Злетовица“ ги подели градоначалниците

За една година, Владата го спасува Хидро- системот „Злетовица“. Толку важи предлогот, водата од идната акумулација Кнежево да им се продава на шесте општини за четири денари за метар кубен. Договорот прифатлив само за двајца од шесте градоначалници, Карбинци и Свети Николе.

-Иако цената од четири денари е висока за Свети Николе, но како привремено решение го прифативме, бидејќи водата од Злетовица и те како е важна за 13 илјади граѓани кои живеат во светиниколската општина, изјави Роберт Георгиев, градоначалник на општина Свети Николе.

Вториот дел од предлогот на ХС за четиригодишен раст на спомнатите економски четири денари за метар кубен, би иницирал астрономска цена на водата за пиење од едно евро, која би ја плакале 200 илјади потенцијални корисници, сметаат општините.

-Секоја продажна цена над четири денари економски воопшто не е исплатлива, тврди штипскиот градоначалник Зоран Алексов и неговите колеги.

Првиот чекор за решавање на проблемот за економичноста на ХС за раководството ветува набргу и трајно решение.

-Во овој пакет вклучени се и оние работи кои досега се сметаа за не толку битни во конструкцијата и економичноста на договорот, тврди директорот на ЈПХС Злетовица, Стојан Миланов.

Најголемата инвестиција во источна Македонија тешка 120 милиони долари, јапонски пари заглави токму на продажната цена, сериозно доведувајќи ја во прашање исплатливоста на проектот. Засега, опасната замка од неликвидност е избегната – барем за една година.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=72504
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 13-Mar-2011 at 15:47
Ми личи дека градоначалнициве продаваат ефтин популизам, занемарувајќи ги долгорочните потреби на своите општини. Наместо долгорочно и квалитетно да се реши водоснабдувањето (што е само дел од позитивните ефекти на Злетовица во нивните општини), некои од нив уценуваат, потпирајќи се на постоечкото понеквалитетно и на долгорочен период тешко одржливо водоснабдување. Не сум воопшто изненаден од ваквото однесување, но сум изненаден зошто овие општини не биле задолжени со одредени обврски уште пред започнувањето на проектот. Сега им е лесно да се „пазарат“...  Но пазарот требало да се направи на време и баш би сакал да видаам дали вака потценувачки гледале на Злетовица во периодот пред да биде одлучено проектот да се реализира. Сега кога Злетовица им е сервирана на тацна, а нив им се оставени адути, просто требало да се очекува дека ќе не задеси ваква „Македонштина“.
Back to Top
kocani. View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-May-2010
Location: нема
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote kocani. Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 18-Mar-2011 at 22:56
Патот од Злетово до Браната е целосно од ново асфатиран и уреден(беше многу оштетн од тешките камиони ) Братанта е изградена цела и се полни со вода се доградуваат некои придружни објекти испусти и сл. асфалтната база е преместена и тоа место се уредува а населбата за работниците ке си остане каде што е. Се градат и викендици околу браната. 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 19-Apr-2011 at 00:23

„Злетовица“ во потрага по 60 милиони евра

Надлежните од Јавното претпријатие хидросистем „Злетовица“ распишаа меѓународен јавен повик за консултант, а паралелно преговараат за кредит од меѓународните финансиски институции од 60 милиони евра.

Со ова почнаа активностите за подготовка на техничка документација за изградба на системот за наводнување на 4.100 хектари земјиште и изградба на неколку хидроцентрали предвидени со втората и со третата фаза од повеќенаменскиот ХС „Злетовица“.

Јавниот повик е објавен во еден од западноевропските весници, во кој се објавуваат вакви слични огласи. Од „Злетовица“ најавуваат дека тендерот со објавената содржина деновиве ќе биде огласен и во некој од македонските национални печатени медиуми. Станува збор за меѓународен јавен повик, на кој се очекува да се јават компании што го имаат потребниот бонитет и искуство на ова поле.

Паралелна изградба

- Во наш интерес е да се избере квалитетен консултант кој ќе ја води работата рационално и квалитетно. Со веќе отпочнатата тендерска постапка работите за втората и за третата фаза ќе се одвиваат паралелно, со иста динамика и цел, со што ќе може да се очекува и истовремено завршување на предвидените објекти - изјавија надлежните од Јавното претпријатие ХС „Злетовица“.

Парите за распишаниот тендер се добиени преку грант во висина од 1 милион евра, одобрен од Европската инвестициска банка.

Паралелно со тендерската постапка за избор на главен консултант течат и преговорите за обезбедување поволен кредит за отпочнување и на градежните работи за двата фазни система.

Заинтересирани шпански фирми

Според пресметките за завршување на двете преостанати фази на „Злетовица“, системот за наводнување на 4.100 хектари и изградба на предвидените проточни хидроцентрали, ќе бидат потребни околу 60 милиони евра.

- Изминативе денови интерес за учество на тендерот за избор на консултант покажаа две компании од Шпанија, но постои најава од уште неколку реномирани европски компании. Првата фаза од тендерската постапка се очекува да заврши до 5 јуни - изјави Стојан Миланов, директор на „Злетовица“.

Преостанатите фази најпрофитабилни

- Заинтересираност за одобрување кредит има од ЕИБ, но засега постои воздржаност од каков било одговор. Официјалните одговори ќе произлезат по изготвената физибилити-студија и анализите за економската оправданост за изградба на двете преостанати фази, за кои нема сомнение дека ќе бидат и најпрофитабилни - велат во Јавното претпријатие на хидросистемот во Пробиштип.

Оттаму потенцираат дека само со завршување на овие две фази може да се очекува добро економско работење и на самото јавно претпријатие, а со тоа и да се обезбедат пари за да се врати јапонскиот кредит.

Трајче СТРОИМАНОВСКИ

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=693DA54129A78241ADD81EC8649DCE51
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 19-Apr-2011 at 13:28
Се навратив поназад во нишкава и има информации дека за предвидените 7 мали проточни хидроцентрали се потребни 20 милиони, а за системот за наводнување 40 милиони.
Исто така постоела можност малите хидроцентрали да ги градат приватњаци, но сфатливо ми е зошто државата сака сама да ги изгради баш поради тоа што од нив всушност треба да ги вадат парите. Хидроцентралите се најпрофитабилниот дел од целиот систем. Искрено само малку ми е чудно зошто системот за наводнување чини дупло од централите, ама од друга страна не го знам ни пределот, ни што е потребно за да се изгради системот за наводнување.
Како и да е и пред 3 години кружи информацијата за потребата од 60 милиони, што е за мене позитивно бидејќи не се мачкаат очи со набилдани цифри, а заедно со 100-те милиони од претходната фаза се стигнува до бројката од 160 милиони евра за заокружување на Хидросистемот Злетовица.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 16-May-2011 at 08:20

За Карбинци во вода ќе се фрлат 800.000 евра

Наместо само да се изгради цевковод од филтер-станицата во Штип до Карбинци и на разумен начин да се реши проблемот со доведувањето на водите до малата општина, сега залудно ќе се потрошат 800.000 евра

Иван Бојаџиски


Штип - Од изградбата на регионалниот хидросистем „Злетовица“ остана вишок од 3,5 милиони евра. Јапонската банка за техничка соработка, која со 82,5 милиони долари ја кредитираше изградбата на овој регионален проект, го прифати барањето на Владата овие пари да се употребат за изградба на нови филтер-станици и адаптација на постојните во Пробиштип, Штип и во Карбинци. Пробиштип и Карбинци немаат филтер-станици, додека Штип има, но таа ќе претрпи технолошки измени за да може да прифати и преработи површински води какви што се тие од браната „Кнежево“.

Според одлуката на Владата, од овие пари малата рурална општина Карбинци со околу 4.000 жители ќе добие 800.000 евра за изградба на филтер-станица. Ова ни го потврди и Стојан Миланов, директор на регионалниот хидросистем. Карбинчани посакале да си градат ваков објект, а на нивното барање им било удоволено.

Но, оваа одлука слободно може да се стави на контото на македонскиот јавашлак. Имено, штипската филтер-станица е лоцирана на една височинка на средината помеѓу оваа општина и општината Карбинци. Од неа до Карбинци има нецели пет километри. Филтер-станицата во Штип е една од поновите, изградена е и предадена во употреба во 1990 година, а технолошки е извонредно опремена. Штип, благодарение на станицата, пие една од најубавите води во државата. Овој капацитет може да преработи 500 литри вода во секунда, а во најтоплите летни денови преработувала најмногу до 230, колку што биле потребите на најголемиот град во Источниот регион. Тоа говори дека неговата искористеност е со само 40 проценти.

И наместо само да се изгради цевковод од филтер-станицата во Штип до Карбинци и на еден таков разумен начин да се реши проблемот со доведувањето на водите од системот до малата општина, сега залудно ќе се потрошат 800.000 евра од јапонскиот кредит. Како малата сиромашна, рурална општина ќе го враќа кредитот, останува отворено прашање. Дали јапонскиот кредитор знае за ова е големо прашање. Инаку, Македонија ги формира своите плански региони со намера дел од потребите да се решаваат врз заедничка основа. Намерата е да се заштеди таму каде што е можно тоа. Тоа го потврдува и Ратко Димитровски, претседател на Источниот плански регион. „Регионот постои за да решава прашања и потреби од заеднички интерес и на еден таков начин да обезбеди ефикасен регионален развој со помалку пари. Парите за регионалната функција ни се намалени за десет пати и поради тоа сме обврзани да штедиме секаде каде што е можно тоа. Но, во однос на прашањето со јапонскиот кредит, тука немаме ингеренции да дејствуваме, но е јасно дека секое дуплирање на капацитети не е добра работа“, тврди Димитровски.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=617AA11321A0F546AEB00E0AC34A286C
Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 288
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 18-Jun-2011 at 22:42
Еве ви некои слики од браната сликите се од октомври месец 2010 тогаш го асфлатираа и патот а сега 2011 г. се е завршено околу изградбата машините и постројките што стоеја кај браната се размонтирани и однесени и браната сега се полни со вода тогаш беше стигната едно 20 м. (така ми рекоа) а требало да се наполни 70 м. висина.

1
2
3
4

5
6
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 19-Jun-2011 at 19:19


Cheers

Колку возење има од Злетово до бранава и дали е достапна само од тој правец?


Edited by Cloverstack - 19-Jun-2011 at 19:19
Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 288
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 19-Jun-2011 at 22:47
Точно незнам но патот е перфект направен го асфалтирале некоја фирма од Кочани. Ако одиш по пат има повеке рибници кои се надалеку познати а има и 2 манастири кои се добро средени добро е местото а крај браната се градат и викендички
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 24-Aug-2011 at 23:57

Само три општини ќе пијат вода од „Злетовица“

Поради кредитна неспособност, вода од хидросистемот нема да користат Лозово и Карбинци, а Кратово и натаму ќе се снабдува како и досега

Иван Бојаџиски



Штип – Општините Лозово и Карбинци нема да можат да ја користат водата од регионалниот хидросистем „Злетовица“. Причина е нивната кредитна неспособност. Услугите на регионалниот хидросистем нема да ги користи ниту Општина Кратово, кај која проблемот е од техничка природа, па Кратово ќе продолжи да се снабдува со вода како и досега. Тоа значи дека наместо за шест општини, за чии потреби е граден овој регионален капацитет, неговите води ќе ги задоволуваат потребите само на три општини, и тоа Штип, Пробиштип и Свети Николе.

Ова ни го потврди Стојан Миланов, директор на ЈП „Злетовица“. Тој појасни дека Лозово и Карбинци не се кредитно способни за да можат да го реализираат својот дел од финансиските обврски во кои спаѓа изградба на филтер-станици и на деталната водоводна мрежа во општинскиот атар, поради што во „Злетовица“ не сметаат на нив како на корисници на водата од заедничкиот хидросистем. Кратово, пак, според Миланов, си го имал решено прашањето отпорано, преку зафаќање на водите од реката Злетовица со изградба на тиролски зафат над браната „Кнежево“.

На ваквата изјава на Миланов реагираат од Општина Лозово. Градоначалникот Орце Цветковски вели дека не е точна информацијата во однос на нивната финансиска (не)способност. „Веќе имаме обезбедено 510.000 евра, а тие пари се сосема доволни да го реализираме својот дел од обврските за користење на водите од регионалниот хидросистем. Изградбата на филтер-станица и водоводна мрежа до и низ четири најголеми населени места во општината ќе ги реализираме со 290.000 евра, кои за оваа цел ни се доделени од Европската инвестициона банка и со грантот во висина од 217.000 евра што ни е даден од Словенија како поддршка на земјите кои сакаат да станат дел од европското семејство. Веќе сме во фаза на изработка на проект за филтер-станицата, а откако проектот ќе биде готов, ќе објавиме и тендер за изградба“, вели Цветковски и потенцира дека Лозово нема намера да остане на сегашното решение на сепаратно снабдување со вода на секое населено место, бидејќи водата не е секогаш со потребниот квалитет и квантитет, а трошоците за пумпи, за струја и за хлорирање се мошне високи.

„’Злетовица‘ е нашиот спас за долги години и немаме намера да се откажеме од неа“, додава градоначалникот.

Мите Андонов, градоначалник на Кратово, потврди дека тие нема да ја користат водата од регионалниот систем, без оглед на фактот што беа меѓу шесте општини за кои тој се градеше. „Се наоѓаме во една сосема парадоксална ситуација браната ’Кнежево‘ да биде на територијата на нашата општина, а ние да немаме никаква корист од неа. Имено, зафатот од кој Кратово се снабдува со вода е на 4-5 километри над браната и оттаму води главниот цевковод, со што ’Злетовица‘ од технички причини е исклучена како наш снабдувач со вода. Од ЈП ’Злетовица‘ постојано не' притискаат да потпишеме договор со кој ќе се обврземе да плаќаме за водата што ја користиме од реката, а не од системот, постојано ни праќаат дописи да плаќаме за вода, ама ние не го прифаќаме тоа, бидејќи како општина немаме ништо заедничко со регионалниот хидросистем и не користиме негова вода“, вели Андонов и тврди дека и со сегашното решение, Општина Кратово нема никакви проблеми со водоснабдувањето.

Хидросистемот „Злетовица“ е граден со намера да го реши водоснабдувањето на шест општини во источниот регион во кој, според последниот попис, живеат 100.181 жител. Во трите општини, кои сега се спорни дали ќе користат вода од овој систем, живеат 17.695 жители, односно во нив е 17 проценти од вкупното население за чии потреби се тргна во изградба на ХС „Злетовица“, чија прва фаза тежи 120 милиони долари. Ако биде така како што тврди Миланов, се отвора прашањето дали ќе успева Македонија да го враќа кредитот од 82,5 милиони долари, кој за изградбата на овој хидросистем ни го даде јапонската банка за техничка соработка Џајка. Токму и поради овој факт, мора час поскоро да бидат расчистени сите дилеми во однос на прашањето дали сите шест општини ќе ги користат водите од најголемиот регионален проект на истокот.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E31CFD372EE758448E19FA06677B9367
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 06-Oct-2011 at 09:20

Отворени понудите од тендерот за консултант за втората и третата фаза

Во „Злетовица“ преокупирани со потпишување договори

Во ЈП ХС „Злетовица“ почна постапката за потпишување на договорите со општините кои ќе ја користат водата од Злетовица. Договорот ќе биде потпишан помеѓу општините, „Злетовица“ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во „Злетовица“ изјавија дека првите договори ќе бидат потпишан со општините Штип и Пробиштип.

Наредните денови општините во Министерството за финансии ќе треба да ги потпишат и договорите за земање заем од преостанатите пари од јапонскиот кредит со кој се градеше Првата фаза од ХС „Злетовица“.

- До крајот на оваа година треба да бидат завршени сите потребни административни работи. Од почетокот на 2012 година очекуваме да бидат започнати и градежните работи за изградба на филтер станицата во Пробиштип и реконструкција на филтер станицата во Штип - изјави Сројан Миланов, директор на ЈП ХС „Злетовица“.

Во општините кои ќе бидат корисници на услугите на „Злетовица“, пак, велат дека потпишување на подготвените договори ќе се изврши кога ќе бидат допрецизирани правата и обврските на двете страни. Во ЈП ХС „Злетовица“ не кријат дека постојат несогласувања со дел од општините.

Се работи за одредени несогласувања на кои во овој период с` уште разговараме, кратко изјавија во ЈП ХС „Злетовица“, не откривајќи детали околу несогласувањата со општините. Сепак јавна тајна е дека несогласувањата се поради неприфаќање на предложената цена на водата која треба да се испорачува до јавните комунални претпријатија во шесте општини. Засега општина Кратово одбива да биде партнер со ЈП ХС „Злетовица“.

- Изградбата на водозафатот и цевководот за Кратово ги работеше општина Кратово и компанијата „Силекс“. Засега Кратово нема потреба од вода од ХС „Злетовица“. Доколку во иднина општината Кратово има потреба да ја користи водата од Злетовица во тој случај испорачаната вода ќе мора и да се плати, изјави директорот Миланов.

Во ЈП „Злетовица“ деновиве се во очекување на потпишување и на договорот со ЕИБ во износ од 1 милион евра, пари кои наменски ќе се користат за изработка на студиите, елаборатите и техничката документација за втората и третата фаза, наводнувањето на 4.100 хектари земјоделско земјиште и изградба на повеќе проточни хидроцентрали на Злетовска Река.

Минатата недела, како што изјавија од ЈП „Злетовица“, биле отворени пристигнатите понуди од меѓународниот тендер за избор на консултантска куќа која ќе ја изготвува потребната техничка документација за двете преостанати фази од ХС „Злетовица“. Во „Злетовица“ изјавија дека меѓу петте пристигнати понуди за консултант нема поединечна компанија. Понуди за учество на тендерот биле доставени од здружените конзорциуми, 1-Coyne et Bellier, и Sa. Tractabel enginerring, 2- Sweco, Aqvalogus, Hydrologic research и Hidro energo engineering, 3- Eptisa, Jaroslav cerni. Bar engineering, Enviroment и Rikom, 4- Societe du canal, De Provance, Voltitalia, Davosinvest и ZIM, 5- BRL enginierie, La Hneke international и GPM Counsulting, здружени домашни и странски компании од Франција, Шведска, Португалија, Италија, Бугарија, Србија и други земји од Европа. По извршеното рангирање на пристигнатите понуди, кое според најавите треба да се изврши во текот на оваа недела, извештајот ќе биде проследен до ЕИБ која ќе учествува и во конечниот избор на компанијата која ќе ги работи консултантските услуги.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F3D2D586F7B6004A89ECCFB115EBEF66
Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 288
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 09-Oct-2012 at 17:34
http://dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/59CC0ABEEF60E14F9902CC3698ED0A72.jpg
Еве на ова место каде што порано им беа постројките сега работиме и се црши хортикултурно уредување, има изградба на перкинг, патеки со бехатон плочки видиковци и сл.





Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.096 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.