build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Водостопанство

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 5678>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 19-Mar-2011 at 02:13
Постирам ради информациите за стопираниот проект

Тетовци жедни покрај вода

Воведени се петчасовни редукции во текот на едно деноноќие. Не се знае до кога ќе се практикуваат. Тоа зависи и од природата, но и од дисциплинираноста на граѓаните

Гојко Ефтоски



ТЕТОВО - Можеби ќе звучи апсурдно, но вистина е дека жителите на Тетово се жедни и покрај обилните води на Шар Планина. Аргумент повеќе дека тетовци и во иднина ќе ги мачи проблемот со водоснабдувањето се редовните редукции во некои месеци од годината. Тетово има суви славини од завчера попладне. Редукциите се петчасовни, вода ќе нема дење, од 9 до 11 часот и од полноќ до 3 часот наутро. Се' уште не се знае до кога ќе се практикува оваа мерка. Според познавачите, тоа зависи од природните услови, а многу повеќе од дисциплинираноста на граѓаните во потрошувачката.

Комуналната служба е категорична, редукциите се неопходни, бидејќи овој период бил критичен за штедроста на изворите на Шар Планина. Од ЈКП „Тетово“ информираат дека сериозен проблем претставува дотокот на води на повисоките катови, во населбите Дреновец, Колтук и Мала Речица, како и до сите објекти на Попова Шапка. Со воведувањето на оваа мерка во режимот на снабдувањето ќе им се помогне токму на жителите од најкритичните населби. Сепак, слаба утеха е уверувањето на комуналците дека состојбата со водата ќе се нормализира во почетокот на април. Сегашниот прилив на вода во градскиот водовод е околу 300 литри во секунда, а потребите на градот надминуваат 400 литри. Тоа значи дека недостигаат 100 литри вода во секунда.

Хасан Љума, директор на ЈКП „Тетово“, вели дека последните мерења покажале оти дотокот на вода изнесувал 290 литри во секунда или 10 литри помалку во однос на претходниот ден, но со тенденција за натамошно намалување.

„Како настапуваат потоплите денови, така се зголемува ненаменската потрошувачка на вода. Злоупотребите ја загрозуваат стабилноста во снабдувањето. Ги повикуваме граѓаните на рационално користење и воздржување од миење дворови, тротоари. Само така другите ќе имаат вода за пиење“, објаснуваат во комуналното претпријатие. Апел за штедење и од локалната самоуправа, која ги повикува граѓаните на грижливост во трошењето на драгоцената течност.

Проблемот со водоснабдувањето на Тетово не е ниту нов ниту непознат. Проектираното решение предвидува зафат на изворите од Студена Вода, чија издашност е околу 20 литри и продолжување на цевководот до изворите на Пена кај месноста Лешница на Шар Планина. Ова е почнато пред една деценија. Обезбедените средства не биле рационално потрошени. Пред пет години продолжи „зафатот на површински води“ преку Студена Река до Лешница во должина од 20 километри, со намера да се добијат 200 литри во секунда. Ова би било доволно за наредните дваесет години. Дојдено е до половина пат, а од август минатата година се' е во застој. Десетина километри од цевководот останаа неизработени.

„Ниту за оваа година не се предвидени финансиски средства за проектот. Ова прашање останува за 2012 година“, вели Скендер Палоши, началник на Секторот за урбанизам на општина Тетово. Палоши додава дека наместо за цевковод и зафати на вода бил одобрен проект за изградба на филтерница вреден два милиона евра. Средствата се обезбедени од извори на ЕУ. Палоши изјави дека веќе се распишани тендери и оти наскоро ќе почне реализација на проектот со филтерницата, за кој нагласува дека е во директна врска со изградбата на водоводот.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C218C1AC5AA73E449937E041775F516C
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 22-Mar-2011 at 19:18
http://www.makedonija24.mk/?ContentId=3116&CatId=10








ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА ЗАШТИТА НА ВОДИТЕ

Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден за заштита на водите Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска /22.03.2011година/ присуствуваше на  презентација на спицијалното возило за анализа на загубите на вода од ЈП „Водовод и канализација –Скопје“.

- Светскиот ден за заштита на водите го одбележуваме со промоција на ова најсовремено возило набавено за потребите  на ЈП „Водовод и канализација“, коeшто ќе ги открива дефектите на водоводната мрежа и ќе придонесе за намалување на загубите на вода. Градот Скопје од минатата година врши мониторинг на подземните води во Скопската котлина и постојано го следи квалитетот на водата што ја пијат граѓаните. Токму на овој на овој ден сакам да апелирам до граѓаните на Скопје дека треба секојдневно да штедат, односно економично да ги користат ресурсите на вода што ги имаме – истакна Градоначалникот Трајановски.

На промоцијата присуствуваа и директорор на ЈП „Водовод и канализација –Скопје“, Сашо Лазаровски, министерот за животна средина и просторно планирање, Неџати Јакупи и претставници од Здружението на даватели на комунални услуги на Република Македонија –АДКОМ.

- Ова возило е опремено според сите најсовремени стандарди и е единствено во ваков тип во регионов. Со помош на опремата којашто ја поседува ќе може на терен да ги лоцира сите дефекти на водоводната мрежа за екипите на Водовод ефикасно да ги отстранат и да ги намалат загубите на вода што секојдневно ги имаме заради ненавременото откривање на техничките проблеми на  теренот –изјави директорот на ЈП „Водовод и канализација –Скопје“, Сашо Лазаровски.

За набавка на ова возило ЈП „Водовод и канализација –Скопје“, издвоени 7,5 милони денари.http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4067&mid=482&tabId=1&tabindex=0



Edited by lslcrew - 22-Mar-2011 at 19:26
Back to Top
tonikostov View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Oct-2009
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 127
  Quote tonikostov Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 23-Mar-2011 at 13:37
добро е што почнале да размислуваат за отстранување на дефекти, па и набавиле едно возило со опрема за таа цел.
Неколку години по 100% поскапување на сметките за вода со цел обезбедување на средства за отстранување на дефектите во системот, загубите на вода во истиот тој систем само се зголемени. Ова е прв конкретен чекор во насока на намалување на загубите на вода и е за поздрав, иако сумата на инвестицијата е смешна и се очекува многу повеќе. Се надевам само дека вака ќе продолжат и дека ќе има резултати.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 24-Mar-2011 at 03:17

Државната негрижа може да го загади изворот Рашче?

Поставените мерни места во близина на „Силмак“ покажуваат присуство на тешки метали

Снежана Калабакова



Колку државата води грижа за заштитата на изворот Рашче и дали е доволно целата одговорност околу тоа да се препушти на локално ниво, е прашање од витално значење за водоснабдувањето на Скопје. Иако одговорните во ЈП „Водовод и канализација“ тврдат дека скопјани пијат здравствено исправна вода, сепак, влијанието на „Силмак“ и неговата депонија врз квалитетот на водите на изворот Рашче не е за занемарување. На тоа алармира присуството на тешки метали забележано на мерните места во близина на фабриката.

Отпадните води од „Силмак“ во Јагуновце пред вливот во реката Бистрица, која се влева во Вардар, имаат квалитет од трета класа, а повремено и од четврта. Содржината на манганот е со дозволени вредности за вода од четврта класа, а тука некаде во 2009 година биле и кадмиумот, хромот и бакарот, што е за четири-пет пати повеќе од дозволената граница за квалитетна вода. Во јули 2010 година подземната вода во Јагуновце и „Силмак“ имала високи содржини на растворен хром, и тоа вредности повисоки за 88 пати од дозволените за трета и за четврта категорија на квалитет на води. Анализите покажуваат дека вредностите на вкупната содржина на железо во Вардар низводно од „Силмак“ постојано се повисоки од дозволената граница за трета и за четврта класа вода, а почесто и вонкласа. Содржината на вкупниот манган постојано е со вредности за трета и за четврта класа, а повремено и вонкласа.

Ова е само дел од испитувањата направени со Програмата за следење на квантитативните и квалитативни карактеристики на водите што ги хранат Жеденскиот Масив и изворот Рашче, согласно со методологијата востановена со директивите на ЕУ. Програмата ја изготви и ја финансираше Советот на Скопје, а ја реализираше Управата за хидрометеоролошки работи во соработка со ЈП „Водовод и канализација“ и со Институтот за јавно здравје и се однесува на 2009 и на 2010 година.

Јосиф Милевски, раководител во Хидролошкото одделение во УХМР и еден од експертите - учесници во оваа програма, вели дека државата треба да има поодговорен однос кога станува збор за реализација на вакви програми и за тоа не смее да нема пари. Ако не беше пречистителната станица во Јегуновце, немаше да биде отстранет опасниот шествалентен хром.

„Последната ваква програма беше реализирана во 2001 година од страна на ЈП ’Водовод и канализација‘. Потоа претпријатието немаше пари и се откажа. Поради постојаното укажување за потребата од континуиран мониторинг, сега Градот излезе во пресрет. Но, државата не треба да си дозволи вакви важни програми да се препуштаат на локално ниво. Треба да биде поодговорна кога е во прашање вршењето градежни работи, или ископи во рудниците што се близу заштитната зона на Рашче. Поголема одговорност да покаже и во давањето на земјиштето под концесија близу заштитните граници, но, исто така, да води сметка и за многубројните депонии што се создаваат близу заштитната зона“, објасни Милевски.

Програмата, која утре ќе се најде на дневен ред пред градските советници, ќе го задолжи градоначалникот на Скопје да иницира до Владата решавање на проблемите предизвикани од „Силмак“. Притоа ќе треба да бидат донесени и неколку заклучоци. Пред се', да се утврди поставената мрежа на мерни места на кои континуирано треба да се мерат количината и квалитетот на водите што ги хранат Жеденската акумулација и изворот Рашче, а кои се во сопственост на неколку институции: Управата за хидрометеоролошки работи, ЈП „Водовод и канализација“ и Институтот за јавно здравје. Поради несоодветната употреба и дисконтинуитетот во следењето, дел од опремата за мониторинг е руинирана, па дури и неупотреблива.

„За верификација на резултатите на водата за пиење од изворот Рашче двапати месечно се носат примероци од изворот во Институтот за јавно здравје и можеме да кажеме дека по сите параметри, квалитетот на водата во целост ги задоволува законските барања и граѓаните на Скопје пијат здравствено исправна вода“, тврдат од ЈП „Водовод и канализација“.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=60631155548A4D4EB9150A653D915ECE
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 30-Mar-2011 at 12:40

Седум нови камиони за „Водовод“

ЈП „Водовод и канализација“ ќе набавува седум средно товарни возила со носивост од два тона. Постапката за јавна набавка е во тек, а од претпријатието велат дека откако ќе склучат договор, јавно ќе го објават името на фирмата што ќе го добие тендерот. Тогаш ќе ја соопштат и вредноста на склучениот договор.

Моментално новите камиони се неопходни, бидејќи возниот парк со кој сега располага ЈП„ Водовод и канализација“ е со просечна старост од 11 години.

„Заради континуираното проширување на водоводната и канализациона мрежа низ руралните подрачја на градот, се јавува потреба за набавка на нови возила од ваков тип. Со нив ќе можеме поефикасно и поекономично да одговориме на нашите задачи, а тоа се одржување, поправка, реконструкција на водоводната и канализациона мрежа, како и монтажа на нови приклучоци што ги бараат нашите корисници, односно граѓаните на Скопје“, објаснуваат од ЈП „Водовод и канализација“.

Од претпријатието додаваат дека сега одржуваат 1.008 километри водоводна мрежа и околу 835 километри канализациона мрежа. Теренските екипи секојдневно вршат тековно одржување на мрежата. Исто така, континуирано се реконструира како водоводната, така и канализационата мрежа. (Сн.К.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=09AE89CDDD1DB644A9014816E20B87FF
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 01-Apr-2011 at 01:36

Вруток ќе бистри вода за Гостивар

Распишан е тендер за изработка на проект за филтерска станица во селото Вруток, во близина на изворот на Вардар, од каде што се обезбедува вода за гостиварскиот водовод. Со овој проект, вреден 2 милиона евра, се предвидува филтрирање на вода со најмодерна технологија, со што треба да им се решат маките на гостиварци и да им обезбеди чиста вода за пиење. Локацијата, која се наоѓа на близина на хидроцентралата „Вруток“, пред повеќе од три децении ја купило комуналното претпријатие. Министерот за животна средина Неџати Јакупи деновиве ја посети локацијата на која е предвидено да се гради објектот.

- Со филтер-станицата континуирано ќе се обезбеди пречистена вода за пиење за над 65.000 жители. Со овој зафат ќе се отстрани директното внесување на водата во дистрибутивните мрежи на градот и на селата и проблемот со немање резервоар за израмнување на дневната потрошувачка на водата - рече Јакупи.

Поради обемноста, проектот ќе се изведува во две фази, а целата процедура треба да заврши за една и пол година. Филтер-станицата за градскиот водовод е неопходна бидејќи водата во водоводот се слева без да се пречистува или да се таложи. Поради таквата состојба, гостиварци при секое заматување не може да ја користат водата за пиење со месеци. Така беше и минатата пролет.

Владата преку ресорните министерства најави решение на проблемот, но работите се одолжија. Планот беше на постојната локација во селото Здуње, да се доврши објектот кој почна да се гради пред дваесетина години и во него се сместија технолошко-машинскиот дел и лабораторијата.

Професор д-р Петко Пеливановски од катедрата за водоснабдување, канализација и мелиорации од Градежниот факултет во Скопје смета дека напуштањето на првичната идеја овој објект да се гради во селото Здуње е оправдано.

- Ова е подобро решение бидејќи се намалуваат трошоците и се предвидува покривање на целото консумно подрачје. Во Здуње не може да се изведе цевковод бидејќи на трасата каде што треба да поминува има куќи. Технологијата која ќе се примени во реализацијата на проектот е најсовремена и за прв пат ќе биде применета на Балканот - вели Пеливановски.

Со завршувањето на планската документација ќе се пристапи кон изградба на станицата. Во првата фаза ќе се изгради филтер-станица со две филтерски линии со вкупно 8 автоматски микрофибер филтри за производствен капацитет од 800 кубни метри на час (300 литри во секунда). Во втората фаза ќе се изведе доизградба на филтерска станица со уште една филтерска линија со додатни 4 автоматски микрофибер филтри, така што вкупниот капацитет на филтерската станица ќе достигне 12 автоматски микрофибер филтри со капацитет од 1.200 кубни метри на час.

Најавите за отпочнување со реализација на проектот не наидоа на одобрување во локалната самоуправа на Гостивар. Таму изразуваат сомневање дека проектот е маркетинг.

- За проектот воопшто не сме информирани и разбравме од медиумите. Ова го сметаме за обид на министерот уште еднаш да протурка во јавноста некаква идеја без покритие. Доколку навистина е напуштена првичната идеја од проектот кој го изготвивме и предадовме, сметаме дека тоа не е комплетно решение - вели Наџи Џелили, секретар на Општина Гостивар.

Министерот Јакупи смета дека објектот во селото Здуње не треба да се напушти. Според него, таму има доволно придружни објекти кои во иднина би се користеле. Бидејќи, како што рече, големите резервоари би биле корисни особено поради фактот дека градот се шири и ги зголемува потребите за вода.

На граѓаните им е сеедно каде ќе биде, поважно им е кога ќе ја добијат потребната станица за пречистување. Важно им е бидејќи не мора да стравуваат од ново заматување при секои пообилни врнежи од дожд. Годинава, поради заматувањето на изворот на Вардар, гостиварци половина година жедта ја гаснеа со цистерни, пакувана и вода од бунари и од околните водоводи.

Зоран Г. Маџовски

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=231D43E0FDACBF4AB6BE6D9FADCDCEE9
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 01-Apr-2011 at 09:38
Потпишување на договор за финансирање на Јужна вардарска долина

Во Министерството за финансии денеска ќе се потпишат договорите за финасирање на проектот „Наводнување на јужна долина реката Вардар фаза 2“.

Договорите ќе ги потпишат Зоран Ставрески, вицепремие и министер за финансии, Љупчо Димовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, амбасадорката на СР Германија, Улрике Кноц и директорот на КфВ банката Јирген Велшов. 
http://www.time.mk/read/NONE/26d2d53a0e/index.html
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 01-Apr-2011 at 23:07


Еве поопширно

Скопје, 1 април

Со 10,3 милиони евра исклучително поволен заем и еден милион евра грант од Сојузна Република Германија преку KFW банката денеска е затворена финансиската конструкција за проектот „Наводнување на Јужна Долина на Реката Вардар - фаза 2“.


Проектот ќе обезбеди наводнување на 3.900 хектари во 13 населени места од гевгелиско-валандовскиот регион и од него бенефит се очекува да имаат 5.500 земјоделски семејства. Вкупната сума за реализација е 21,7 милиони евра, 4,7 милиони ќе обезбеди Владата, а 5,7 милиони евра водните заедници.

- Заемот и е доделен на Република Македонија под исклучително поволни услови, со рок на отплата 20 години и пет години грејс период, а каматната стапка е фиксна и изнесува 2,5 проценти. За крајните корисници условите ќе бидат уште поповолни, водните заедници ќе го отплаќаат заемот, исто така за 20 години и пет години грејс период, но со каматна стапка од само 0,75 отсто годишно. Разликата во каматната стапка ќе ја субвенционира државата преку буџетот на Министерството за земјоделство, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на прес-конференција по потпишување на договорите за заем за финансирање на проектот.


Проектот, нагласи, е од големо значење за општините и селата во гевгелиско-валандовскиот регион, ќе овозможи целосно и подобро искористување на особено плодните обработливи површини во овој дел на Македонија.


Станува збор за исклучително важен регион каде земјоделското производство е подигнато на повисоко ниво.


- Повеќе од 11.500 корисници за три години ќе ги почувствуваат ефектите од редовното снабдување со квалитетна вода за наводнување. Целосно ќе се заборави досегашното неекономично површинско наводнување со бразди. Новиот систем вграден уште во првата фаза е еден од најсовремените и овозможува максимално искористување на водотеците од Кожуф и подземните води од реката Вардар, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.


Според него, ова претставува сигурна основа земјоделците да вложуваат во сопственото производство и во системите за наводнување капка по капка. За овие инвестиции Министерството секоја година дава 50 отсто поддршка.


- Македонското земјоделство има голем потенцијал и со реализацијата на овој проект ќе придонесеме за негово уште поголемо развивње. Токму целта на втората фаза, обнова и изградба на системите за наводнување, ќе ја зголеми продуктивноста во земјоделството, рече германската амбасадорка Урлике Кноц. 


Како што рече директорот KFW банката Јирген Велшов, имплементацијата на проектот ќе стартува многу брзо. - Од целиот проект, вклучувајќи ја и првата фаза, придобивките ќе го почувствуваат вкупно 11.000 семејства или 50.000 луѓе. Ефикасносто искористување на водата за наводнување ќе го зголеми производството, а тоа ќе се одрази позитивно врз понудата и побарувачката и економијата генерално, подвлече Велшов.


Првата фаза од проектот „Наводнување на Јужна Долина на Реката Вардар - фаза 2“ чија цел беше зголемување на продуктивноста на земјоделските посеви, успешно се реализираше исто така со поддршка на KFW банката од 6,7 милиони евра, а опфати 2.600 хектари.

http://vlada.mk/?q=node/6582




Edited by Cloverstack - 01-Apr-2011 at 23:08
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 28-May-2011 at 00:42

Наводнувањето од бунари невозможна мисија за општините


 

Моментално зеленилото во Аеродром се наводнува од пет бунари, во општината Карпош функционира еден бунар, додека во општината Кисела Вода нема изградено ниту еден бунар за полевање на зелените површини

 
 
%20 
Влажното време во текот на месецов ги наводнуваше јавните зелени површини во градот, така што претпријатието „Паркови и зеленило“ заштеди на вода. Динамиката на полевање зависи од временските услови, велат од ЈП „Паркови и зеленило“. Со полевање се опфатени сите уредени зелени површини што се влезени во програмата за одржување на зеленилото во градот Скопје, која е усвоена од страна на советот на градот. Тука спаѓа зеленилото по булеварите, парковите, средишните жардиниери, како и блоковското зеленило во населбите помеѓу зградите.

Наводнувањето на најголем дел од јавните површини и оваа година ќе се врши со вода за пиење, и тоа преку изворот Рашче и бунарските подрачја Нерези и Лепенец. Само мал дел од јавните зелени површини не се наводнува со вода за пиење. Големите фирми, пак, своите зелени површини практикуваат да ги наводнуваат со подземни бунарски води, преку сопствен систем за наводнување. 
- Презедовме иницијатива да се направи студија за оправданост со која ќе се наводнуваат јавните зелени површини и ќе се мијат јавно прометните површини исклучиво со техничка вода. Студијата предвидува реализација на 56 бунари. Во општината Аеродром веќе се реализирани десет бунари, кои се финансирани од Светска банка, а во општината Гази Баба се изградени три бунари. Апелираме и до преостанатите општини да изградат вакви бунари и конечно да престанеме да наводнуваме со вода за пиење - изјавија надлежните од „Водовод и канализација“.

Моментално со техничка вода наводнуваме од пет бунари во Аеродром, а предвидени се уште девет нови годинава, кои не се пуштени во употреба. Од минатата година пуштени се во употреба и седум бунари во Градскиот парк. Но тој се полева комбинирано и со техничка вода од Вардар, која преку систем на канали стигнува до паркот. Штом ќе бидат изградени бунари и во преостанатите населби, комплетно ќе се промени начинот на полевање и ќе се приклучиме кон бунарскиот систем на полевање - изјави Елизабета Ѓорѓиевска, портпаролка на ЈП „Паркови и зеленило“.

Надлежните во општината Карпош информираа дека веќе трета година функционира еден бунар со техничка вода кај скејт-паркот на кејот на реката Вардар. Изградени се уште четири, два кај ТЦ „Лептокарија“ и два во Карпош 4, за кои е потребно уште да се монтираат пумпите и да се обезбеди довод на струја. Додека во општината Кисела Вода нема изградено ниту еден бунар за полевање на зелените површини.

- Потребно е прво да се направи соодветно истражување, односно студија за фактичката состојба, можностите и локациите за изградба на соодветни бунари. А нејзината изработка се планира да се внесе во годишната програма на Одделението за животна средина за 2012 година - изјави Марјан Спасески, портпарол на општината Кисела Вода.
 
  
Автор: Сања Јачевска


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=52711941106&id=14&setIzdanie=22290
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 26-Jun-2011 at 16:05
Текстов носи прилично чудни, а и контрадикторни информации. Сепак мислам вреди да се евидентира.

ПРИВИЛЕГИИ ОД СТАР ДОГОВОР

Челикот се кали со гратис вода

Фирмите што работат во кругот на некогашна „Железарница“ трошат пивка вода од Рашче колку цело Скопје. Ако се знае дека цената на водата со канализација изнесува 65,80 денари за кубен метар, не е тешко да се пресмета дека се трошат милиони евра национално богатство, велат експертите

Во погоните на некогашна „Железара“ четириесет години се користи пивка вода од Рашче без да се плаќа, дознава „Дневник“. Со оглед на тоа дека цената на водата со канализација изнесува 65,80 денари за кубен метар, а цената на вода без канализација 46,63 денари, не е тешко да се пресмета дека се трошат милиони евра национално богатство.

Приказната започнува во седумдесеттите години на минатиот век кога покрај цевката за снабдување на градот изградена е нова со ист пречник наменета за потребите на тогашниот гигант. Првата цевка со размер 1.600 поминува под булеварот Партизански одреди и таа снабдува најголем дел од градот, а втората со истиот размер оди низ населбата Бутел и е наменета за „Железарница“. Во ЈП“ Водовод“ ни ја потврдија информацијата дека сегашните правни наследници на некогашниот гигант се наследници на привилегијата да користат вода без пари. 

Последниот договор е од 1997 година 

Добрите познавачи на состојбите велат дека дневно во некогашна „Железарница“ се троши вода по количина скоро иста колку водата што ја троши цело Скопје. Во ЈП „Водовод“ велат дека каптажата „Рашче 1“ е изградена во 1963 година, а во 1964 година е направен првиот цевковод со профил ф-1600 мм.

- Во 1969 година од истата каптажа „Рашче 1“ се изгради и уште еден цевковод со профил ф-1600 мм од каде што градот Скопје се снабдува со вода. Во 1971 година е склучен договор меѓу ЈКП „Комуналец-ООЗТ Водовод и канализација-Скопје“ и „Рудници и железарница-Скопје“ во кој се регулираат односите помеѓу двете претпријатија за користење на капацитетите, нивното одржување и понатамошно инвестирање и со овој договор истите се утврдуваат со сооднос педесет спрема педесет. Во 1979 година е потпишан и анекс на договорот. Тој се однесува на инвестиција во каптажата „Рашче 2“ со заеднички средства од тогашниот ЈКП „Комуналец-ООЗТ Водовод и канализација-Скопје“ и „Рудници и железарница-Скопје“, велат во ЈП“Водовод“. Понатаму велат дека поради финансиски проблеми, „Рудници и железарница-Скопје“ се повлекува од финансирањето на изградбата на каптажата „Рашче 2“, со што довршувањето го презема ЈКП „Комуналец-ООЗТ Водовод и канализација-Скопје“. Во меѓувреме, водата се користи од фабриката, но не се плаќа.

Следува нов договор во 1997 година кој се однесува на начинот за регулирање на обврските меѓу двете фирми - велат од ЈП „Водовод“. 

Нашите соговорници објаснуваат дека договорено било преотстапување на каптажата „Рашче 1“ и цевководот „ф-1600 мм“ од „Рудници и железарница-Скопје“, на ЈП „Водовод и канализација-Скопје“, како компензација за средствата што ги побарува ЈП „Водовод и канализација-Скопје“ од „Железарница“. Со преотстапувањето на цевководот и каптажата „Рашче 1 и 2“ до последниот затворач во „ПОС Рудници и железарница-Скопје“, Водовод станува и фактички и правен сопственик и корисник на целокупната водоводна мрежа во Град Скопје, со исклучок на водоводната мрежа во „ПОС Рудници и железарница-Скопје“.

И „Водовод“ потврдува дека се користат стари привилегии 

Во „Водовод“ велат дека сегашните фирми што работат во кругот на поранешна „Железарница“ ги користат привилегиите од старите договори и не плаќаат вода. 

- Не постојат судски спорови помеѓу „Водовод и канализација“ и „РЖ Услуги“ како еден од правните наследници на „Рудници и Железарница-Скопје“, затоа што сите работи се дефинирани и се почитуваат со претходно споменатите договори.

Тие трошат за свои потреби 50 отсто од произведената вода - велат во „Водовод“. На нашето прашање дали и колкави се загубите на јавното претпријатие од неплаќањето на водата кое е регулирано со овој договор, не добивме одговор. 

Експертите велат дека трошиме два олимписки базена вода на жител. За нив ова е нов момент во кој фирмите што работат на просторот на поранешна троши енормни количини на вода без да ја плаќа.

- Најлош индекс на потрошувачка на вода во Европа имаат Кипар и Бугарија, а веднаш зад нив се Македонија, Италија, Шпанија и Малта со загрижувачка експлоатација на водените ресурси. Европа годишно троши 285 кубни километри вода, што е приближно 5.300 кубни метри или два олимписки базена вода на жител. Од целокупната потрошувачка на вода во Европа 44 отсто е за производство на енергија, 24 отсто е за земјоделството, 21 процент за јавното снабдување со вода и 11 проценти се трошат во индустријата. Во просек едно домаќинство користи секој ден до 340 литри вода, или на една личност во просек ~ отпаѓаат по околу 140 литри на ден. Од нив само околу 2,5 литра се користат за пиење. Значи просечно дневно секој Европеец користи од 3 до 6 литри вода за пиење и готвење. Потоа од 10 до 20 литри дневно трошиме за нега на телото, од 20 до 40 литри за бањање и туширање. За миење садови користиме во просек од 4 до 6 литри вода дневно, за перење од 20 до 40 литри, а исто толку трошиме и за чистење на тоалетот - велат тие.

Бочваров: Има проблем со водата

Поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“, Петар Бочваров, потврдува дека постои проблем со наплатата на вода од најголемиот дел од фабриките во комплексот. Тој јавно прашува зошто сите влади, од приватизацијата на општествениот капитал досега, не го решиле проблемот.

- Можеби компаниите таму меѓусебно наплаќаат за водата што ја добиваат, но државата не добива ништо од тоа - вели Бочваров. Тој додава дека станува збор за стар систем од времето на поранешна Југославија, кога од изворот Рашче е изграден цевковод до Скопје со капацитет од еден кубик вода во секунда.

- Повеќе од половината од оваа вода оди во комплексот „железарница“, а останатиот дел во системот на ЈП „Водовод и канализација“. Половина кубик вода во секунда годишно чини 18.250.000 евра годишно. Исто така, воопшто не е решена ниту сопственоста на кракот од цевководот до комплексот на фабрики долг 17 километри - вели поранешниот директор на јавното претпријатие.

„Макстил“ ја плаќа водата

Александар Панов, директор во „Макстил“, една од фабриките во комплексот на поранешна „Железарница“, целосно ги отфрла ваквите обвинувања потенцирајќи дека не е возможно да не се наплати водата.

- Бесплатна вода во „Макстил“ не добиваме. Ние сме фирма која ја користи водата како технолошки параметар неопходен за производниот процес. Постои систем за наплата и имаме компании кои оперираат со тоа, како што е „Рудници и железарница - Услуги“ - вели Панов. Тој додава дека обвинувањата за неплатената вода се стари и целосно невистинити.

Валентина Ангеловска

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=DA26020DFE6139419EB608D3B11E16A3
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 26-Jun-2011 at 19:51
Ххмммммм интересни факти и аргументи ,гледам јас дека понекогаш притисокот е низок на водата кај мене, и во цела населба газибаба,чаир и железара ,тука бил проблемот, иначе според ова што го прочитав сакаат да кажат дека водата ке поскапи.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3805
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 21-Jul-2011 at 18:47
Поради нестручно изведен проект - губитници Охрид и ,,Проаква,,
четврток, 21 јули 2011, 18:48
Нестручната рализација на проектите финансирани со грантови од КФВ Банка и ЕБРД за подобрување на водоснабдувањето на Охрид и на Струга, ја ставија на колена МЈП “Проаква“. Претпpијатието е во длабока финансиска криза, вработените 3 месеци не зеле плата, а поради лошо изведените работи и нефункционирањето на клучните пумпни станици - Охрид и Струга губат 57, односно 79% вода.
Девет години по склучувањето на договорот ревизорите на 64 страници ги откриваат дубиозите од проектот за водоснабдување на Струга и на Охрид. Првиот тежок 5 милиони евра - финасиран со донација на германската влада, на владата на РМ со средства на КФВ Банка во форма на грант. За вториот, за водоснабдување на Охрид е склучен договор за заем од ЕБРД вреден 3.790.000 евра. По констатираните сериозни пропусти во работењето, за кои се изјасни Техничкиот факултет во Битола, МЈП “Прокава“ одлучи да не ги прими изведените работи додека не се исправат недостатоците од изведбата. КФВ банка ги блокира расположивите средства, а изведувачите сега си ги бараат парите од Проаква.

Петрески за ова го информирал и премиерот Груески. МјП “Прокава“ сега се влече на суд, бара обештетување од над 6 милиони евра.

Росица Голабоска
http://www.vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=39303
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 22-Aug-2011 at 12:09

Со 12 милиони евра ќе се обновува системот од браната Турија

Водостопанското претпријатие Струмичко поле од Струмица бара кредит во висина од 12 милиони евра од Светската банка, за целосна реконструкција на системот за водоснабдување и ситемот за наводнување од браната Турија, стар повеќе од 40 години.

За согледување на ситуацијата на терен и определување на висината на кредитот, во март претставици на водостопанското претпријатие, заедно со претставници од Светската банка, одржаа неколку работилници, од кои се наметна потребата за изработка на физибилити студија за реконструкција на системите за водоснабдување.

Работилниците беа реализирани на ниво на Југоисточниот регион и во нив беа вклучени и претставници од водостопанските претпријатија од Кавадарци, Гевгелија, Радовиш и Струмица.

“Во тек е изработката на физибилити студијата, која потоа треба да биде доставена на седница на Владата, за нејзино усвојување, по што ќе се отпочне со реализацијата“, изјави Ѓорѓе Нацев, директор на Струмичо поле.

Поради застареноста на систем за наводнување од браната Турија, страдаат нивите на земјоделските производители, кои не можат да ги наводнуваат. Најчести причини за тоа се честите дефекти на каналите за наводнување, запушени цевки со ѓубре, талог и пластични шишиња и честиот вандализам врз хидрантите за вода во Струмичко поле.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/72556/so_12_milioni_evra_kje_se_obnovuva_sistemot_od_branata_turija.aspx?iId=2315
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3620
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 28-Sep-2011 at 12:44
Пристигнаа 50 илјади евра од Клубот “Дебреше” од Швајцарија bzndbrsharmtr-t.jpg 24.09.11
Како што се обврзаа, така и постапија. Печалбарите од село Дебреше организирани во Клубот "Дебреше" во Швајцарија, средствата во износ од 50.000 евра ги префрлија на сметката на Општина Гостивар.

Износот во висина од 3,058,927.00 денари, во четвртокот е префрлен во жиро-сметката на Општината со цел на дознака: Градење на резервоар за вода во село Дебреше.

Да ​​потсетиме дека изградбата на резервоар за вода за село Дебреше е при крај и за оваа намена ќе бидат потрошени 150.000 евра. Клубот "Дебреше" презеде обврска да учествува со 50 илјади евра во овој проект, и ветувањето го исполни. Ова е најдобар пример на јавно-приватно партнерство спроведено досега во нашата земја.

Во знак на благодарност, градоначалникот Руфи Османи, на Денот на општината, на Клубот "Дебреше", ќе му враши специјално Признание за финансискиот придонес со цел решавање на проблемот со вода за пиење.

По завршувањето на првата фаза која е во тек, ќе следи комплет реконструкција на водоводната мрежа на село Дебреше, со што конечно ќе се решат проблемите на илјадници жители од ова село, а ќе се ублажи и проблемот на илјадници други жители кои живеат во повисоките градски населби и се соочуваат со недостаток на вода во текот на летото.
http://www.gostivari.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=1031&Itemid=1

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 17-Oct-2011 at 11:35



Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 23-Dec-2011 at 14:06

Потпишан договор меѓу владите на Македонија и Швајцарија за управување на речниот слив на Брегалница

22.12.2011

Министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство и за животна средина и просторно планирање, Љупчо Димовски и Абдулаќим Адеми, денеска со амбасадорот на Швајцарија во Македонија Стефано Лазарото потпишаа билатерален Договор за доделување финансиска помош за проектот „План за управување со речниот слив на реката Брегалница“.  

Проектот вреден вкупно 5,27 милиони швајцарски франци ќе и помогне на македонската Влада во спроведувањето на новиот Закон за води, но и ќе ги поддржи општините кои географски се поврзани или се во сливот на Брегалница за спроведување мали инфраструктурни проекти за води. Негови директни корисници ќе бидат 12 единици на локалната самоуправа, како и министерствата за земјоделство и за животна средина.

- Проектот, чија главна цел е одржливо управување со водните ресурси во сливот на реката Брегалница, ќе воспостави соодветна рамка за управување согласно новиот Закон кој е ориентиран кон европските стандарди. Подобрувањето на управувањето со водите ќе придонесе за стабилни економски услови, рече министерот Адеми по потпишувањето на Договорот.

Според министерот Димовски, сливот на Брегалница е еден од најкомплексните во Македонија од сите аспекти на управување.

- Основа за да напредува земјоделството е изградената инфраструктура за наводнување на околу 32.000 хектари во сливот при што централно место има хидромелиоративниот систем „Брегалница“ со акумулацијата „Калиманци“ кој опфаќа 28.000 хектари. Системот, освен браните и акумулациите, го сочинуваат и изградените 140 километри главни канали и дистрибутивна мрежа од 1.050 километри, истакна Димовски, додавајќи дека во овој дел има и систем за одводнување на околу 6.000 хектари.

Покрај неопходните технички и административни мерки за користење на водните ресурси, неопходно е, додаде Димовски, зачувување и подобрување на квалитетот на водите што се користат во земјоделското производство. Оттука, покрај планот за управување со сливот, од реализацијата на проектот се очекува и изградба на дел од инфраструктурата за пречистување на водите, како и помош за реализација на крупните пречистителни објекти за поголемите урбани центри, Кочани, Виница, Пробиштип и Злетово, вклучувајќи ги и сите помали населени места.

Проектот за управување со сливот на реката Брегалница има и голема важност во заштитата на квалитетот на водата за наводнување од помалите водотеци на кои нема акумулации. Тие имаат значајна улога во вкупната количина што се користи во сливот, но истовремено се и реципиенти на секаков вид испуштања од населените места изложени на загадувања особено од фекалните отпадни води, посочи министерот.

Сливот на реката Брегалница зафаќа површина од 4.300 километри квадратни, простирајќи се на територија од вкупно 13 општини во источна Македонија. Со реализацијата на проектот во целина, што ќе трае 3,5 години, се очекува да бидат поставени и делумно постигнати некои од основните услови за „чиста Брегалница“ со прецизно уреден план за користење и управување.

Проектот има две главни компоненти, институционален развој со цел воспоставување и успешно работење на телото за управување со сливот на Брегалница, како и планирање и спроведување мали инфраструктурни проекти за води. Поддржан е со грант од 4,46 милиони швајцарски франци и 810.000 франци кофинансирање од македонска страна.

http://vlada.mk/node/1227
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 18-Jan-2012 at 23:00

Закочен проектот „Арамиска Чешма“

Источниот регион не е во можност да обезбеди 100.000 евра за изградба на повеќе мали акумулации

Иван Бојаџиски



Штип – Проектот „Арамиска Чешма“ со кој треба да се изградат повеќе мали акумулации на Осоговските Планини и има економско, еколошко и туристичко значење за источниот регион на државата никако да почне да се реализира. Проблем се парите. Регионот не е во состојба да обезбеди 100.000 евра за изработка на главен проект. За проектот кој ги опфаќа општините Кочани и Пробиштип веќе постои физибилити-студија со идејни решенија. Малите акумулации се основа за сите натамошни активности во делот на водоснабдувањето, наводнувањето, заштитата од наноси и поплави, сточарството и развојот на туризмот и риболовот.

„Со проектот се опфатени туристичката населба Пониква, селата Нивичани и Пантелеј, во чиј атар има квалитетни ниви на кои им треба наводнување, а тука се и природните пасишта и ловиштето ’Полаки‘. Од исклучително значење е фактот дека со овој проект ќе се обезбедат доволни количини вода за комплетно снабдување на туристичката населба, бидејќи таа постојано се шири со нови угостителски објекти и викендички. Всушност, генералната проекција за овој наш туристички центар е во идните десетина години да може да прифати 4.000 лица, а првиот услов за такво нешто е тој да се обезбеди со вода која во моментов ја нема доволно. Треба да се знае дека Пониква е најзначајниот летен и зимски туристички центар во нашиот регион“, вели Ратко Димитровски, претседател на Источниот плански регион и градоначалник на Кочани.

Тој вели дека за финансирање на главниот проект се обратиле до меѓународни институции, а некои од нив покажале заинтересираност да го помогнат проектот чија реализација ќе значи изградба на мали акумулации со капацитет од 300.000 кубни метри вода.

Моменно на Пониква има комерцијални сместувачки капацитети за 200 лица и над 50 викендички, додека направената анкета во двете општини Пробиштип и Кочани покажала заинтересираност на повеќе од стотина граѓани да добијат локации за изградба на куќички за одмор.

И Тони Тоневски, градоначалник на Пробиштип, тврди дека реализацијата на проектот „Арамиска Чешма“ е од капитално значење за развојот на туризмот во општината. Според него, туризмот е гранка која, покрај рударството и акумулаторската индустрија, дава надеж за нов развоен импулс на општината. Тоневски смета дека овој дел на Осоговијата е создаден за туризам во текот на целата година, но и посочува дека проблем се парите за да може еден таков природен потенцијал да се стави во функција.

„Туристичката населба ’Пониква‘ со 80 проценти е на територијата на нашата општина, но ние на овој проект му приоѓаме од регионален аспект. Наш најголем проблем е недоизграденоста на патот од општинскиот центар до населбата. Остана една делница од 10 километри од селото Шталковица до туристичката населба, која чека на целосна финансиска поддршка од државата. На тој потег има езерце, неколку реки и потоци и оттука нашата студија за изградба на мали акумулации, бидејќи целиот тој простор има недостиг од вода. Ако успееме да го реализираме овој проект, тоа ќе значи дека сме обезбедиле и вода за напојување на најмалку 900 грла добиток“, вели Тоневски.

Источниот регион е простор во кој, според сите анализи, државата најмалку вложува. Истокот важи за најнеразвиено подрачје во Македонија. Оттука регионот се надева на значително посериозна финансиска поддршка од Бирото за регионален развој за поголем дел од регионалните проекти, меѓу кои е и „Арамиска Чешма“.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C8BD512822B1314A8DDA68E86E245ED0
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1896
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 13-Aug-2012 at 16:24
Како да не е доволно тоа што ние скопјани од свој џеб плаќаме за водата за пиење која Железара ја користи како индустриска вода, а истовремено истата е доставена до Железара преку посебен водовод чиешто одржување исто така го плаќаме ние скопјани, додека Железара е во целост ослободена од плаќање на било какви давачки за водата за пиење која ја користи како индустриска вода, како и од плаќање на било какви давачки за одржувањето на посебниот водовод преку кој истата таа вода пристигнува во Железара, па сега ние скопјани плаќаме и за вода за пиење која воопшто не ја пиеме бидејќи истата завршува во Вардар бидејќи некој во Водовод и канализација / општина Сарај / град Скопје не си ја врши својата работа. Bash
 
http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=19184
 

ПЕТ МЕСЕЦИ ИСТЕКУВА ВОДА ОД 'РЃОСАНА ЦЕВКА КАЈ САРАЈ

 
12.08.2012
 

 
Дефект на главниот довод предизвикува проблеми во водоснабдувањето во Општина Сарај. Повеќе од пет месеци ‘рѓосана и напукната цевка, која со вода ја снабдува целата општина, под силен притисок неконтролирано истекува во Вардар. Дефектот е видлив со голо око, бидејќи се наоѓа веднаш под железниот мост во Сарај. Проблемот им е добро познат на сите жители, бидејќи им создава мака, но општинските власти, велат,  останаа неми на  нивните поплаки. Жителите велат дека притисокот на вода е толку слаб, што водата не се искачува ниту до вториот кат од нивните домови,  а понекогаш се случува да ја нема  со часови.
 
Мештаните се обратиле до сите надлежни власти. Велат, дека проблемот се префрла од една на друга институција, но според нив,  за централната водоводна мрежа е одговорно Ј.П. „Водовод“,каде што се слеваат парите од месечните сметки. Постојната цевка треба да се замени со нова, но додека се случи тоа, десетина илјади жители на општината во летниот период ќе се соочуваат со недостаток од вода за пиење. Пред година и пол, потсетуваат жителите, градоначалникот на Сарај, организираше хајка против дивите приклучоци и неплаќачи, воедно говорејќи дека го решил најгорливиот проболем во општината.
 
[ Павле Беловски ]

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 13-Aug-2012 at 16:38
оваа цевка се гледа бидејќи е над земја,а што е со тие што пуштаат вода а се под земја.

за проблемот со Железара треба да се фати за гуша раководителот на водовод, и да му се поднесе кривична пријава,бидејќи такво кривично дело е предвидено за санкционирање во КЗ на РМ,.е. `овозможување на друг да се стекне со противправна имотна корист`
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1896
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 16-Nov-2012 at 21:01
Не знам дали да се смејам или да плачам на ваквата приказна, земајќи го во предвид фактот кога последен пат е обновувана водоводната мрежа во Скопје, а ни самиот не знам кога се случило тоа.
 
Знае ли некој кога последен пат била обновувана водоводната мрежа во Скопје ?
 
Кој е вашиот став за скопската вода, дали мислите дека скопјани навистина пијат чиста и квалитетна вода ?
 
Дали мислите дека цевките кои ја дистрибуираат истата таа вода се доволно чисти и квалитетни за да им достават чиста и квалитетна вода на скопјани ?
 
http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=58433
 

ЈП „Водовод и канализација“: Скопјани пијат чиста и квалитетна вода

 
петок, 16 ноември 2012, 19:47
 
 
 
Жителите на Град Скопје пијат чиста, здрава и квалитетна вода, без хемиски препарати и без пречистителни станици и без потреба од третман, освен законската обврска за хлорирање на водата која стигнува до граѓаните. Овој благодет освен скопјани го имаат и жителите на Виена, ова на денешната прес-конференција го соопшти директорот на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, Стојан Србиновски.
 
Тој информира дека сите други градови имаат фабрики за вода каде по хемиски пат се добива оној квалитет кој е потребен за граѓаните.
 
Со цената на водата во овој момент, како што рече, ова ЈП работи рентабилно и не се размислува за нејзина корекција.
 
За загубата на водата, Србиновски рече дека се уште во Скопје има големи зелени површини кои се полеваат со чиста вода за пиење.
 
"Таа вода можеме да ја третираме како загуба и не треба да се третира како загуба бидејќи спаѓа во делот на редовната комунална потрошувачка. Се уште има делови каде ЈП „Комунална хигиена“ користи вода од хидранти за полнење на цистерните со кои вршење на миење на главните улиците во градот. Другите загуби може да се земат предвид во делот на технички загуби, кои се во рамки од 37-38 отсто, или нешто повеќе од просекот кој се движи од 20 со 25 отсто" рече Србиновски и додаде оти во моментов Скопје располага со доволни количини на вода.
 
Тој го објасни целокупниот развој на водоснабдителниот систем во Град Скопје, односно 105 години од организирано водоснабдување на главниот град.
 
Во декември 1907 година, од тогашните турски власти во Град Скопје е донесена одлука за формирање на едно градско ЈП кое почнало да го водоснабдува делот кој е познат денес како Старата скопска чаршија. Бунарот бил наречен Дизел бидејќи се работело за дизел пумпи кои ја потиснувале водата до резервоарот кој се наоѓал на Кале.
 
Србиновски апелираше граѓаните редовно да ги плаќаат сметките и додаде дека наплатата се движи од 70-80 отсто.

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 5678>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.