build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Водостопанство

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11445
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 26-Feb-2014 at 14:20
Се менуваат вентилите на браната на езерото Младост



Браната на езерото Младост е изградена во 1962 година во почетокот на клисурниот дел на коритото на река Отовица, на неколку стотина метри пред таа да се влее во река Вардар. Зафатнината на акумулациојата Младост е 8.000.000 м3 вода и нејзината основна намена е да служи за наводнување на околу 1.200 хектари лозови и овошни насади. Близината до Велес од само неколку километри ја прави акумулацијата Младост интересна и од спортско рекреативен аспект. Од март 2012 година на ЈПВ „Лисиче” – Велес му е издадена дозвола да стопанисува со акумулацијата ибраната со придружните објекти.









Бидејќи во последните 30 години не се водело доволно грижа за браната Младост дошло до тоа да не функционираат затворачите за темелно празнење на акумулацијата. Двата затворачи за темелно празнење беа во многу лоша состојба со голем број на поголеми и помали видливи прснатини на куќиштата од затворачите. Ваквите прснатини претставуваа голема опасност, бидејќи можеше да дојде до кршење на затворачите поради што би дошло до целосно празнење на акумулацијата, а тоа значи загрозување на флората и фауната во езерото. Со нефункционирањето на вентилите доведено беше и во прашање безбедното празнење на акумулацијата во случај на прилив на големи води, односно одржувањето на нивото на водата во случај на потенцијална природна или друга опасност.



За да функционира темелното празнење на акумулацијата, од страна на ЈПВ „Лисиче” беше обезбедена комплетна техничка документација за Општи и посебни технички услови за санација на затворачите за темелно празнење на акумулацијата Езеро Младост. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија обезбеди средства во висина од 3.100.000 денари за санација на старите затворачи како и за вградување на два нови. Со оваа промена акумулацијата е сигурен извор на вода за 250 хектари лозови насади и безбедно место за рекреација на бројните гости на овој туристички локалитет.



Текстот и фотографиите се преземени од фејсбук страницата на Општина Велес
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11445
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 24-Apr-2014 at 08:41
Започна реализацијата на проектот „Маркова река“ - Куклиш









фотографиите се преземени од фејсбук страницата на Струмица Сити
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11445
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 05-Jun-2014 at 10:30
Систем „капка по капка” за земјоделците од вардарскиот регион



Центарот за развој на Вардарскиот плански регион во соработка со УСАИД започна со реализација на Проектот за експанзија на мали бизниси „Да одлгедуваме повеќе пченка" во чии рамки УСАИД ги донира системите капка-по-капка. Како дел оваа иницијатива, во вардарскиот регион ќе бидат финансирани 15 системи какпка-по-капка за наводнување на парцели по 1 хектар. 3 од нив се наоѓаат во Општина Велес, а останатите 12 низ другите општини (Лозово, Св. Николе, Росоман и Градско). Денес започна имплементацијата на првиот, во с. Горно Оризари.



Земјоделците ќе бидат обучени за оптимално користење на системот, а состојбата на парцелите ќе биде постојано набљудувана од страна на стручни лица од Проектот со цел навремено реагирање на сите промени. Дополнително, земјоделците во текот на целата година ќе добиваат редовни СМС пораки со упатства и совети за користење на системот и новите агротехнички протоколи.









http://veles.gov.mk/veles3/index.php/2014-02-01-11-59-19/3105-kapka-po-kapka
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11445
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 07-Jun-2014 at 09:29
Пречистителната станица за отпадни води во Куманово.



фото: Daniel Kaesermann
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 07-Jun-2014 at 10:44
Во Кичево има само една прочистителна станица од ваков тип,и тоа во една фабрикакоја сега е веќе затворена(браќата Миладинови од Струга) и се наоѓа на следната локација:
41.479394,20.821363

Кога одите за Охрид поминувате на 4-5 метри од таа станица.Изградена е во златното време на Изворската стакларница која произведуваше рачно изработен кристал
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11445
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 29-Jun-2014 at 14:22
Има интересни фотографии и малку текст...

Фоторепортажа Луково поле

http://r.ping.mk/tb/5glr
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 23-Sep-2014 at 17:49


ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОХРИД НИКОЛА БАКРАЧЕСКИ ТВРДИ
Скандал во Охрид: СДСМ ѝ го продал охридскиот водовод на шпанската компанија „Аквалија“
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески на вчерашната седница на Советот на општината открил дека се уште не знае што да прави со исклучително штетниот по охриѓани договор за продажба на јавните претпријатија „Проаква" и „Нискоградба" на шпанската компанија. Мојот 13-годишен син ќе составеше подобар договор од мојот претходник Александар Петрески од СДСМ, рече Бакрачески.


Никола Бакрачески
Непромисленото прашање на опозицискиот советник Дејан Блажески од ЛДП го натераа градоначалникот Бакрачески да открие некои запрепастувачки податоци за охриѓани, за договор што го носи Охрид во финансиско ропство под шпанска „Аквалија”, пишува порталот Охрид1.

Поранешната власт на СДСМ и коалицијата целосно ја завршила процедурата за продажба и приватизација на ЈП „Проаква“ и на ЈП „Нискоградба“. Со ова општината била доведена пред свршен чин - или да потпише крајно штетен договор што би се спроведувал цели 40 години или да плаќа казнени пенали за неисполнување на договореното.

Градоначалникот Никола Бакрачески вчера одговори на прашањето на советникот Блажески дали ќе се испуштаат работници од „Проаква“ и што прави власта во Охрид за ова претпријатие, какви се плановите за иднина?

„Веќе 1,5 години правиме се што е дозволено според законот за да го пролонгираме потпишувањето на договорот со шпанската фирма „Аквалија“. Овој договор е катастрофален по интересите на граѓаните на Охрид. Целата постапка за продажбата и текстот на договорот се завршени додека со Охрид владееше СДСМ. Мојот 13 годишен син ќе направеше подобар и покорисен договор за охриѓани од овој сега кој е напишан на околу илјада страници. Со овој катастрофален договор, се предвидува фирмата „Аквалија“ да ги добие сите ненаплатени побарувања кои ги имаат дветее јавни претпријатија и во иднина да ги добива сите приходи од наплата за користење на вода и одвод на отпадни води, а долговите на „Проаква“ и на „Нискоградба“ да им останат, поточно да останат на градот, што значи ликвидација на јавните претпријатија и отпуштање на сите вработени“, рече Бакрачески.

Градоначалникот ги информираше советниците дека власта на Охрид е во постојана консултација со експерти по право од Правниот факултет во Скопје кои сеуште ја анализираат обемната документација од постапката и договорот и треба да ни кажат кое од вдте зла е помало – да се потпише договорот или да не се потпишува и да се платат пенали на фирмата „Аквалија“.

Директорот на ЈП „Проаква“ Томе Паскалоски кажа дека целата постапка била доведена до крај пред локалнтие избори во 2013 година и дека се ставени пред свршен чин. Според него овој договор значи дека „Проаква“ ќе остане без приходи, а со тоа и без вработени, и целиот приход ќе замине во „Аквалија“. „Во договорот е предвидено водата да поскапи за 40 отсто и овие пари директно да го зголемат приходот на шпанската компанија“, рече Паскалоски.

http://www.mkd.mk/makedonija/politika/skandal-vo-ohrid-sdsm-go-prodal-ohridskiot-vodovod-na-shpanskata-kompanija
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11445
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 07-Oct-2014 at 07:25
ЕЗЕРОТО „МЛАДОСТ“ СЕ ПОВРЗА СО ВЕЛЕШКИОТ ВОДОВОД

Велес - Езерото „Младост“ и околината се поврзаа со градскиот водовод во Велес. Со ова тие ќе добиваат квалитетна вода за пиење, а се создаваат и услови за развој на туризмот. За реализација на двата инфраструктурни проекта Општина Велес се задолжи со кредит од Светска банка, вреден 66 милиони денари.

„Со овој водоводен систем обезбедивме вода за пиење за индустриската зона ’Речани‘, за Башино Село, сателитската населба покрај езерото ’Младост‘, двата мотела, ’Прокредит академија‘, село Новачани. Истовремено го завршивме и вториот проект, замената на старите живини светилки со нови економични“, рече градоначалникот Славчо Чадиев.

Со првиот проект вреден 42 милиони денари е решено водоснабдувањето на околината на езерото, а со вториот, кој чини 23,5 милиони денари, осветлувањето на градот.

Кредитот треба да се отплати за осум години со грејс-период од три години. Во иднина е во план водоводниот систем да биде продолжен и кон околните села Отовица, Сујаклари, Мамутчево, Кумарино. (П.П.)

http://www.utrinski.mk/?ItemID=A906BA8618DB044FAF31B79295E08D0C
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11445
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 30-Jan-2015 at 09:28
Брана на Маркова Река

За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11445
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 15-Feb-2017 at 19:27
Резервоар за вода во Битола



фото: bving.com.mk
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.