build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Цареви Кули - Струмица
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Цареви Кули - Струмица

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 345
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
DejanKLM View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 09-Sep-2014
Location: Austin-Boston
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote DejanKLM Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 23-Sep-2014 at 13:40
Fala Djole za slikite. Najposle napredok na cerevite kuli.

Mozes li isto da postiras nekolku sliki od plostadot vo Strumica?

Koga bev pred dva meseca epten se razocarav zatoa sto bese zapusten i obrasnat so trevi.
Isto bev prv pat vo Global Shopping Mall i isto razocaran .... steta sto nemame nikakva kultura na odrzuvanje...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12978
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 23-Sep-2014 at 14:13
За сè има вторпат
Back to Top
Tzar_28 View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 07-Jun-2014
Online Status: Offline
Posts: 95
  Quote Tzar_28 Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 24-Sep-2014 at 00:43
Originally posted by DejanKLM

Fala Djole za slikite. Najposle napredok na cerevite kuli.Mozes li isto da postiras nekolku sliki od plostadot vo Strumica?Koga bev pred dva meseca epten se razocarav zatoa sto bese zapusten i obrasnat so trevi.Isto bev prv pat vo Global Shopping Mall i isto razocaran .... steta sto nemame nikakva kultura na odrzuvanje...



хаха Па доброутро, @DejanKLM и во Глобал и во плоштадот се форсираше квантитетот, а квалитетот се запостави, но простиот провинциски народ тоа го проголта како кокошка просо, во простотијата се уште владее филозофијата на "поголемо" и "најголемо" Е па токму затоа што се се практикуваше идејата за најголемо сега од Глобал се користи само 35%-40% ( само приземјето и првиот кат ) Вториот кат се користи само 20%-30% А третиот и четвртиот кат кои требаше да бидат пуштени во 2010та година уште си зјаат празни За пазарот доле да не правам муабет, еден блок е со кинески ваштарии ( од обувки до вентили и штрафови ) А другиот дел е зелен пазар на кој хигиената му е на ниско ниво, најдолната раја и најголемиот кич од луге секој ден го окупираат цело приземје, односно градскиот пазар ( не би сакал да вреѓам туку само сум објективен, ако не ми верувате повелете кога сте во Струмица влезете, па сами ќе се уверете ) не ми е целта да го напаѓам тој што го направил Глобал туку само да ја преставам вистинската слика за тоа како трговскиот функционира после седум години постоење, оти нели многу фала се удри околу тоа ! Како прво Струмица како град нема капацитет за трговски објект од вакви размери да опстои, дури и заедно со околните градчинја што гравитираат околу неа ( Валандово, Радовиш, Берово, Гевгелија, па и 72те села заедно ) многу си ги преценија можностите и размерите, и затоа еве трговскиот е денес тоа што е ! Ќе направам сесија јас лично така малку подетална за да да можете да видете дека не лупам слама во празно. По некоја моја аналогија тоа би било исто како да вградите некоја денешен софтвер на Пентиум 3ка. А за плоштадот и да не правам муабет, плочките не издржаа ни 2 години, на многу места се клацат, кога врне се стватат вирови, неквалитетниот гранит почна да се рони и на многу места има талози од врнежите,   најмногу на местото каде што се спушта накај корзото. Важно нели имаме најголем плоштад во Македонија, па нели каков и да е Но за жал овде на провинцискиот народ што и да му сервираш голта ко кокошка просо! без разлика кој е на власт и кој гради!
Back to Top
Tzar_28 View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 07-Jun-2014
Online Status: Offline
Posts: 95
  Quote Tzar_28 Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 24-Sep-2014 at 01:10
п.с. А зошто оваа нишка се наоѓа овде а не во Археологија и археолошки локалитети ???
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7327
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 24-Sep-2014 at 01:55
Originally posted by Tzar_28

п.с. А зошто оваа нишка се наоѓа овде а не во Археологија и археолошки локалитети ???
затоа што се работи за проект за реконструкција и туристичка анимација на тврдината... е сега нормално, пред да се направи проектот, има детална археолошка студија на локалитетот
може најубаво е да ја има нишкава и во двата подфоруми
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Шпер View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2009
Location: Струмица
Online Status: Offline
Posts: 310
  Quote Шпер Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 26-Sep-2014 at 18:49
Јас во недела на 21.09 бев на Цареви Кули, се работи бавно, но сепак се работи
Забележав дека градежните машини на повеќе места го расипале асфалтот што води кон Цареви Кули...



Back to Top
Tzar_28 View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 07-Jun-2014
Online Status: Offline
Posts: 95
  Quote Tzar_28 Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 28-Sep-2014 at 23:57
Ова е југо-западниот бедем, одгодина ќе се гради кулата на местото на репетиторот и на трафостаницата
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 02-Oct-2014 at 22:22
Бев денес на кратко на кулите. Беше малку касно 18 часот така да немаше никаква активност. Имаше само еден работник кој се маткаше таму а со него имаше едно кученце кое е во моментов најголема туристичка атракција ако се иземе спектакуларната позиционираност на кулита. Не сликав зошто нема ношто ново а градежните работи веројатно се изведуват многу бавно.
Back to Top
Tzar_28 View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 07-Jun-2014
Online Status: Offline
Posts: 95
  Quote Tzar_28 Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 06-Oct-2014 at 02:31
Од денес, 05.10.2014 (поглед од трим патеката Св.Илија)





Edited by Tzar_28 - 06-Oct-2014 at 02:39
Back to Top
Tzar_28 View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 07-Jun-2014
Online Status: Offline
Posts: 95
  Quote Tzar_28 Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 03-May-2015 at 20:23
03.05.2015 Има напредок, се ѕида влезната порта на тврдината, а се ѕида и кулата од страната кон градот (југоисточен бедем) инаку пределот е доста стрмен, тврдината била тешка за освојување дури и без ѕидини.








































Edited by Tzar_28 - 03-May-2015 at 20:29
Back to Top
tiberix View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Aug-2011
Location: Sofia
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote tiberix Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 26-May-2015 at 07:13
Од 3-ти (последниот пост) до 24-ти Мај... мислам дека има видлив напредок. Сметам дека ако градоначалникот беше од иста партија како владејачката - досега тврдината ќе беше реконструирана во целост! Но, за жал Струмица е колатерална штета на несогласувањата на властите.
Фотографиите се преземени од Facebook страницата на Srecko Guncev.














Back to Top
Шпер View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2009
Location: Струмица
Online Status: Offline
Posts: 310
  Quote Шпер Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 28-May-2015 at 08:33
Добро е што се гради, бавно ама славно
Парите за обнова се од фондовите на ЕУ, во меѓуграничната соработка со Бугарија...
Back to Top
Tzar_28 View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 07-Jun-2014
Online Status: Offline
Posts: 95
  Quote Tzar_28 Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 13-Jun-2015 at 19:19
Originally posted by Шпер

Добро е што се гради, бавно ама славно
Парите за обнова се од фондовите на ЕУ, во меѓуграничната соработка со Бугарија...


Пари се добиваат и со меѓугранична соработка со град Кукуш посебно овој период
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5613
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 02-Aug-2020 at 09:59
ТВРДИНАТА ЦАРЕВИ КУЛИ ВО СТРУМИЦА ЌЕ ДОБИЕ НОВИ БЕДЕМИ И ЌЕ СЕ ПОВРЗЕ СО ГРАДОТ СО НОВА ПАТЕКА





За поттикнување на алтернативниот туризам, Општина Струмица со пари од ЕУ ќе подига нови бедеми на тврдината Цареви Кули, која ќе добие и директна скалеста патека од градот, а целата тврдина и патеката во должина од околу 400 метри ќе бидат осветелени. Станува збор за активности со кои треба да се подобри пристапноста до тврдината за поголема посетеност на овој културно-историски локалитет и белег на Струмица, богат со археолошки наоѓалишта. Целиот проект тежи околу 650.000 евра, обезбедени од ЕУ и Владата, а го администрира Светска банка преку Проектот за локална и регионална конкурентност.

„Тоа е проект кој содржи повеќе компоненти, реконструкција и реставрација на бедемите на тврдината. Најмногу ќе се работи на северните бедеми и кули, односно сегментот кој најмногу ќе се визуелизира од градот, но ќе има интервенции и на Јужниот портал и на бедемите од западната и источната страна. Паралелно ќе се работи и на пристапноста. Ќе се изгради патека со скали од Ловен дом до тврдината, која ќе биде оградена и осветелена“, рече градоначалникот Јаневски.

Паралелно ќе се проширува и уредува трим патеката која се наоѓа во подножјето на тврдината од Ловен дом до манастирот Св. Илија во должина од два километра и ќе се гради пешачко-велосипедска патека од 1.050 метри од манастирот Св. Илија до обиколниот пат што води до тврдината.

„Тврдината Цареви Кули отсекогаш предизвикувала интерес бидејќи таму е целата историја на градот. Секако, таму има археолошки наоѓалишта кои сведочат за развојот на Струмица, но до тврдината се стасуваше единствено по обиколниот пат. Во иднина очекувам поголема посетеност на тврдината“, вели градоначалникот Јаневски.

На локалитетот Цареви Кули пред шест години се подигнаа бедеми од околу 13 метри околу јужната и северната страна, а беа реконструирани и југозападната и северната кула.


https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/tvrdinata-tsarevi-kuli-vo-strumitsa-ke-dobie-novi-bedemi-i-ke-se-povrze-so-gradot-so-nova-pateka/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5613
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 03-Aug-2020 at 11:23
ЌЕ СЕ ПОДОБРУВА ПРИСТАПНОСТА И ЌЕ СЕ ОСВЕТЛУВА ТВРДИНАТА ЦАРЕВИ КУЛИ ВО СТРУМИЦА



https://24.mk/details/kje-se-podobruva-pristapnosta-i-kje-se-osvetluva-tvrdinata-carevi-kuli-vo-strumica
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 345

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.