build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Тролејбус во Скопје?

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 03-Feb-2010 at 16:41


Таа тролата за тролејбуси е прилично флексибилна и тролејбусите имаат одредена слобода во движењето, но се слагам, би било глупо така да функционираме. Треба да се спроведе ред на жолтите ленти и тоа СТРОГО! А за таа работа и не треба да чекаме евентуално воведување на други видови јавен превоз, туку тоа треба да се направи што побргу. Менталитетот соочи го со дебели казни и доследно континуирано спроведување, па ќе видиш како ќе успее.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 03-Feb-2010 at 22:56
Ајде еден оваков резон:

И најголем морон ќе влезе во траката на тролебусот бидејќи тоа е само улица.
Но истиот кога ќе види дека има пруга можда малце виугите ќе му проработат па нема да се паркира на пруга.

Уште нешто од предходните постови;
- неможе истатиот напонски вод да иде за LRT и тролебус
- заобиколувањето на паркирани возила полно пати доведува до искакање на тролата од тролебусот па шоферот излегува надвор и повторно ја мести и повторно застој.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 03-Feb-2010 at 23:08
Луѓе незнам зошто обрнувате внимание на ваквите новини. Виде русинов дека си има работа со морони и сега им дели бесплатни совети, само што и не се така бесплатни. Јас не го обвинувам Чуркин, и јас така би постапил кога би имал работа со нашиве. Мене ме нервираат новинариве, кои место да направат некаква анализа за што добиваме а што губиме со тролејбусот, тие како дактилографки пренесуваат дека Киев бил чист (што нас во контекст за тролеите воопшто и не не интересира) и фрлаат бројки од рака за стотици илјади возила капацитет на фабриката (ало бе па до волку ли немаат акл и здрав разум!?!)... Да сумира, тролејбус во Скопје, како столб на градскиот транспорт е ЛУДОСТ, нуди скромни предности пред автобусот, пред се на еколошки но не и на маневарски или капацитативен план! Цел свет живее на шини па нека ми посочат ЕДЕН град од големината и важноста на Скопје, кој нема шински систем кој е рбетниот столб на јавниот транспорт...Сега буквално уште остана да им смне идеата за едрилици како што кажа Владимир, сите други типови на превоз (а ниеден умен) ни ги презентираа. Лошото е што Скопје нема долгорочна стратегија со јасни одредници, дати и проекти, кои доследно би ги следел и исполнувал секој следен градоначалник, наместо како сега секој следен да ни претставува полуда идеа од претходникот!
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 28-Nov-2012 at 21:53
ТРОЛЕЈБУС ВО СКОПЈЕ

Малку да ја возобновиме оваа најзаспана тема, а имено евентуалното воведување на тролејбуски транспорт во Скопје. Морам да нагласам дека поттик за размислување во оваа насока добив откако го прочитав следниов факт: неколку големи бугарски града во моментов се во процедура за набавка на 100 нови тролејбуси и за таа цел е направена анализа за тоа колку ги чини компаниите едно патување на патник во однос на автобускиот превоз. Заклучоците се поразителни во корист на тролејбусите: вредноста на билетот во тролејбусниот превоз е 0,48 лв (15 денари), додека кај автобускиот транспорт таа е три пати повисока или 1,42лв (44 денари)!

Целта на овој проект би била комплетна замена на автобусите со тролејбуси на нашите најдолги и најфрејфрентни линии. Скопје е многу погоден за оваа намена бидејќи има многу густа мрежа на линии кои одат долж неколку големи булевари, со што значително се намалуваат трошоците за изведба на контактната и електричната мрежа. Така, со поставување на контакнта мрежа долж неколкуте големи булевари во градов наеднаш се створаат услови за воспоставување на множество тролејбусни линии, кои во голем дел ги препокриваат односно заменуваат денешните автобусни линии. Во ваквите случаи остануваат за покривање само завршетоците на линиите (каде дадена линија оди сама по трасата), кои во најголем случај се под 10-20% од вкупната должина на трасата на линијата.

Целите на проектов се неколку:

-Покрај очигледните еколошки ефекти низ целиот град, целта е во центарот на градот да минуваат само тролејбуски линии, додека сите останати автобуски линии би се движеле исклучиво по кружниот булевар околу центарот (Гоце Делчев - К.П Мисирков - Кочо Раци - Јужен бул/М.Х. Јасмин - Кл. Охридски). Значително ќе се намали бучавата и испуштањето на штетни прашини и честички во центарот на градот. Улиците во центарот кои би биле целосно ослободени од автобуси се: васил Главинов, Димитрија Чуповски, Васил Аџиларски и 11ти Октомври. Покрај ова, скопските централни булевари како Јане Сандански/К.Ј. Питу, Кочо Рацин, Гоце Делчев, Партизанска, Теодосиј Гологанов, Васил Ѓоргов, Првомајска... би биле значително растоварени од аспект на класично и бучно загадување.
-Цел е и да се исфрлат приватните превозници од градот. Се гледа дека не бидува и никој не може да ги узапти да бидат неточни, нелојална конкуренција која не издава сметки и укрива даноци, да возат со шклопоции диво низ цел град цело време тркајќи се со возилата на ЈСП... Со еден збор само создаваат хаос, а со автобусите ослободени од линиите кои би биле заменети со тролејбуси, би можело ЈСП да ги покрие сите градски и скоро сите приградски линии. Приватниците би останале делумно да го покриваат приградскиот превоз или да се овозможат услови да се префрлат во некои наши градови кои патат од недостаток на јавен транспорт.
-После купувањето на двоспратните и едноделните автобуси од страна на ЈСП, Скопје остана без дводелни автобуси, веројатно единствен град во Европа. Тоа е голема загуба (докажани се предностите на дводелните автобуси) и таа загуба би била покриена со дводелни тролејбуси кои би возеле на најдолгите и фрекфрентни линии кои и без тоа ЈСП претходно ги покриваше со вакви автобуси.
-Во комбинација со уште неколку мерки за за значително подобрување на јавниот транспорт во Скопје (краткорочни и ефтини мерки, но со голем ефект), како воведување на единствен елетронски билет со одредена важност во минути, воведување на строги жолти ленти со камери и/или бариери, уредување на станиците и воведување на електронско следење на возилата, мислам дека Скопје ќе го реши значително проблемот до воведување на ЛРТ мрежа во градот (процес кој трае и повеќе од 10 години дури и да започнеме со изградба сега и тоа на правилниот систем).

Во моентов пресметувам колку вкупно километри контактна мрежа ќе биде потреба, колку возила би се распоредиле на линиите (во какви комбинации), каде би било депото и колку сето тоа ќе изнесува. Набргу ќе ги споделам анализите со вас. До тогаш ви предлагам како го замислувам воведувањето на јавниот тролејбуски превоз во Скопје, низ 3 фази:

ФАЗА 1:



Во оваа фаза со мрежата се покриваат главните градски булевари во насока исток-запад и тоа на булеварите: Партизанска, Ѓорче Петров, Димитирја Чуповски, 11ти Октомври, Кочо Рацин, Јане Сандански, Водњанска, Александар Македонски и К. П. Мисирков. Со тоа линиите стануваат вкупно 7 (забележете дека се воведува привремена линија 25 која ќе има иста траса со сегашната автобуска линија 5, освен во делот во кој трасата оди долж бул. Теодосиј Гологанов. Ваквата состојба би траела до покривање на овој булевар со контактна мрежа во следната фаза).

Edited by Andrej_LJ - 28-Nov-2012 at 21:54
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 28-Nov-2012 at 22:09
ФАЗА 2:

Оваа фаза претставува значително проширување на мрежата во северните делови на градот (Чаир, Ск. Север, Бутел...), западните делови (трасите паралелни на Партизанска) и источните (кон Кисела Вода). Ова е природна последица заради придобивките на веќе постоечката тролејбусна мрежа, која теоретски може да прими се повеќе и повеќе разновидни линии без преголеми инвестиции, Мрежата се згуснува и пофаќа се повеќе делови на градот, а голем дел од трасите се веќе изградени во претходната фаза.

Бројот на линии во овој момент се зголемува за цели 10, достигнувајќи ја бројката од 17 тролејбуски линии кои ги заменуваат сите постоечки главни автобуски линии, додаваат неколку нови кои би можеле без никакви дополнителни трошоци (во смисол на проширување на трасите) да се додаваат и ги исфрлаат автобусите сосема од центарот на градот.




Контактна мрежа се додава на следните главни булевари: Првомајска, Цветан Димов, Бутелска, Шуто Оризари, Босна и Херцеговина, Теодосиј Гологанов, Васил Ѓоргов, Лука Геров/Волковска и др.

Еве ја мрежата на линии планирани во фаза 2 (се разбира мора да биде конечна верзија бидејќи како што кажав постоењето на сеопфатна мрежа овозможува релативно ефтино воспоставување на нови линии).





Тролејбусна мрежа со главните станици за трансфер помеѓу линиите:





Следните промени на линии би настапиле:

-Се укинува привремената лини 25 и се враќа линијата 5 по денешната траса.
-Се укинува линијата 12 и истата се слева со денешната линија 2А, на релација Царај-Железара. Линијата би го зела бројот на линијата 12 затоа што лично многу ми сметаат линии со букви, особено кога станува збор за сериозни и долги отстапувања од трасата на оригиналната линија.
-Се укинува линијата 22А и на нејзино место се воведува линија 32 која би сообраќала на релација Волково-Тодосиј Гологанов-Клинички центар. Трансферот помеѓу линиите (во овој случај на нпр. 22 доколку одите до Партизанска) е овозможен заради постоењето на единствен електронски билет со важност помеѓу 60 и 90 минути.
-Се слеваат линиите 45 и 65 при што новата траса на линијата 65 би била Стајковци-М.А. Ченто-Ал. Македонски-Главна жел.ст.


Edited by Andrej_LJ - 28-Nov-2012 at 22:12
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3347
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 30-Nov-2012 at 11:19
Андреј, најпрвин да ти се заблагодарам за трудот што си го вложил во изработката на овие мапи кои уште долго време нема да ги видиме во информативните материјали на нашите транспортни претпријатија.

Идејата за тролејбус во Скопје е добра, но мое мислење е дека би била остварлива и реална за изработка единствено за населбите на потегот од Карпош 4 до Ново Лисиче. Не за друго, туку мислам дека секое нејзино натамошно ширење би довело до огромна сума за изработка на целокупната инфраструктура, со што се намалува и можноста за реализација на идејата. Исто така, сметам дека со воведувањето на тролејбусот би требало да се изработат комплетно нови градски линии кои би ги поврзувале овие населби, но и единствена рута во насоката исток-запад и север-југ. Мое лично мислење е дека сегашна автобуска линија бр.3 би била идеално решение за почеток на активностите за воведување на трамвајот, на потегот од Клинички центар низ центарот на градот до Ново Лисиче. Паралелно со нејзе би се формирале и линии кон населбата Чаир и населбата Карпош 4. На овој начин, би можело Клиничкиот центар да се поврзе со тролејбуски линии до Чаир, Ново Лисиче и Карпош 4, како и по една линија која што би сообраќала од Чаир од Карпош 4, од Карпош 4 до Ново Лисиче и од Чаир до Ново Лисиче. Резимирано, една мрежа од 30-тина километри и 5-6 тролејбуски линии би биле доволни.

Моето размислување е во оваа насока бидејќи тролејбусот нема да смени ништо во растоварувањето на сообраќајот, единствени позитивни точки се намалувањето на загадувањето на воздухот, што им е потребно токму на овие населби, но и намалување на финансиските средства што се одвојуваат за гориво за автобусите. Се разбира, најбитното е што со ова граѓаните на овие населби ќе имаат подобра меѓусебна поврзаност со јавен превоз.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Online
Posts: 1576
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 30-Nov-2012 at 15:34
Не заборавајте дека ние сме држава во која сеуште има зимно време рестрикции на струја ццц
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 336
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 30-Nov-2012 at 17:35
Андреj, ги имаш помешано СК север и Топанско поле, броjките се океj само имињата се погрешно поставени. Прво е Т.Поле по Џон Кенеди а СК Север е погоре и таму стои 19.



Edited by Macedonicus - 30-Nov-2012 at 17:41
ಠ_ಠ
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 595
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 24-Oct-2017 at 13:51

дека во време на сдсм ќе видиме Трам тоа ко што одлучно истакнаа предизборно - никако , веројатно е ќе ја прифатат идејата на кандидатката за градска мајка од Левица, а која во дебата на тв24 единствена цврсто застана зад Тролејбусот како алтернатива за Трам, додека останатите тивко се согласија со неа, па и Шилегов, но дали тоа би значело и нов возен паек за јсп, или можеби старите саноси ќе ги преадаптираат ...

но повторно тоа само дополнително ќе ги запуши улиците!

единствено корисно нешто би било средишно по булеварите да се пушти еднонасочна траса [1] која најнапред ќе се искористи за БРТ или Тролејбус, а подоцна да се искористи ко таква за Трам ...
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3347
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 24-Oct-2017 at 17:31
Тролејбус минато = на електрични автобуси денес.

Колку што знам, сите кандидати ветија воведување на електрични автобуси, што е современ наследник на некогашната технологија на тролејбусите. Наместо мрежа низ цел град, возилата се полнат на прва и последна станица.

Што е клучното во целата оваа приказна? Нивното воведување нема да го реши недостатокот на ново превозно средство во градов.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 595
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 24-Oct-2017 at 22:00

незнам каде го рекле тоа, но на дебатата на тв24 сите верглаа позитивно апропо Тролејбусите а за е-бус тоа ќе биде пуста желба, макар ко такви би се надевале да ги преадаптираат и старите саноси ...

како БРТ средишно меѓу булевари но еднонасочно, возможно е оди и обична бус траса дал за плински, е-бус или тролејбус, јасно се додека не се смогнат сили за Трам

но и вака би било нужно думање во однос постојките односно како истите да се стокмат паралелно со постој ите автобуски, односно жардињерите ќе морат да се тргнат а да се оди со метала ограда или банкина до самиот коловоз како би имало и пешачка стаза од една страна ...

дури може ваквата траса да е за БРТ од 8ам до 5пм, а потем да се користи како двосмерен експресен бициклистички коридор, дури можат постојните велосипедски патеки да ги поместат трајно овде, а за сметка на нив да се прошират со по уште една лента бул. Партизанска и бул. Сандански-Питу


Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3347
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 13-May-2018 at 15:02
Архивски текст на весникот „Нова Македонија“ во постземјотресните години во кој се наведува можноста да се воведе тролејбус во Скопје. Текстот е од 1964 ми се чини, алтернатива може да е 1965 година:

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.