build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Тролејбус во Скопје?

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 24-Jan-2010 at 13:36
Веројатно и Крале има право до некаде но го промашува контекстот. Имено точно е дека не треба да размислуваме догматски и да се плашиме да бидеме креативни, но секако тоа не треба да го правиме преку безмилосно трошење на парите на даночните обврзници за проекти кои им се сониле на политичарите, туку преку финансирање на R&D (ако зборуваме повторно за државни пари, тоа би било преку институти, едукација итн....) од каде понатаму би произлегле издржани и прогресивни идеи.

Конкретново прашање за јавен превоз е апсолутно апсолвирано. Се знае што е докажан модел во светот, железница, ЛРТ и метро се користат повеќе од 1 век како јавен превоз во многу светски градови и таму се има насобрано такво искуство пред кое неможе ние да се правиме ниту луди ниту слепи и како што вели Владимир да измислуваме топла вода.

На крајот на краиштата зошто пак мора да бидеме уникатни, од каде тој порив? Мене на пример ме фасцинира ужасно "досадната" Љубљана и Словенија кои се однесуваат комплетно спротивно од нас.

За крај би завршил со цитат на Steve Jobs кој пак го цитира Пикасо.

"Good artists copy, great artist steal"

Погледнете го клипот, трае помалку од една минута...




Edited by pbanks - 24-Jan-2010 at 13:36
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 24-Jan-2010 at 13:40
pbanks, ТОА
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 24-Jan-2010 at 15:57
Тотално депримирачки делува во една држава медиокритетот да го издигнуваме на ниво на национална идеологија. Никако поинаку не можам да ги интерпретирам претходните неколку постови од типот - поарно ние да применуваме проверена технологија од пред 1-2 века, отколку да бидеме први во нешто.

Затоа и сме таму кај што сме, а не сме, ниту ќе бидеме еден Јапан, Тајван, САД, Германија, ОАЕ и да не редам други држави, каде во секој аспект се гледа да се биде прв.

Кога веќе ја спомна Словенија... еден цитат ќе ти дадам од мислам Дрновшек, на времето кога влезе СЛ во Еу. Сите во Мк би аплаудирале, би славеле на плоштади, итн, а типов вика: ние не сме задоволни со тоа што сме членки на Еу. Ние сакаме да бидеме ПРВИ во ЕУ.

Е затоа Словенија и Македонија се две држави епохално различни.

п.с. Архитектурава што ја пропагира државава е токму најдобар пример на тој медиокритет и бедна имитација на „веќе виденото“ во други држави и времиња.
п.с.2. воопшто не го пишувам ова како подршка за трамвај на тркала, не сум запознаен со проектот, туку со априори отфрлањето затоа што „тоа било нешто ново“. WOW, каков нон-сенс аргумент.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 24-Jan-2010 at 16:09


Прочитај го уште еднаш мојот пост од погоре, воопшто не зборуваме за толку различни работи, туку различен е пристапот.

Доколку сепак не се сложуваш, би било добро, еве низ конкретниов пример на Тролејбуси или трамвај со едно гумени тркала или нешто трето да се обидеме низ бројки да издискутираме што е најдобро за нас како земја.

Ако просечна македононска бруто плата е 31500 денари, чисто би сакал да ве потсетам дека од тие пари државата зема околу 14280 денари од секоја НАША просечна плата. Јас барем не се сложувам оваа голема сума пари која некој ми ја зима од џеб, да се троши неоправдано.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 24-Jan-2010 at 16:27
Krale, незнам дали „постот“ ти беше за темава или ... а ако не е тогаш зошто е пишуван.

И моето прашање дали ова ти изгледа - технологија од пред 1-2 века ?

Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 24-Jan-2010 at 21:13

Владимир имам прашање. 

разликата помеѓу ЛРТ и метрото е само во контактната мрежа или и во возот и шините. Знам дека имаше споменувања за ЛРТ да поминува низ тунел под плоштад и воедно под цела партизанаска. тоа нема врска со метро така.

пс. цената е повеќе од исплатлива



Edited by FoSsiL - 24-Jan-2010 at 21:14
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 24-Jan-2010 at 21:34
Сега веќе е доста хибридно, така да голема разлика нема и има

Класично метро во основа добива струја преку двете шини, додека LRT и транвајот една од контактниот вод а друга од шините.
Друга разлика постои помегу метро и транвај а тоа е ширината на колосекот која буквално е кој како му текнало.

Затоа нај актуелна, практична, поефтина, пресликани искуства ... е LRT бидејќи користи постојна стандардна железничка мрежа-траса, и лесно се преклопуваат со класичната железница
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
VirginAtlantic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jun-2009
Location: Софиjа
Online Status: Offline
Posts: 254
  Quote VirginAtlantic Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 24-Jan-2010 at 21:47

За мен подобро е да се изгради система LRT слична на таа изградена во гр. Порто:

 
 
Тролејбусот не е наjдобрата опциjа /за мене лично/.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 24-Jan-2010 at 21:57
Апсолутно Скопје има потреба од ЛРТ и С-Бан мрежа, како комбинација од Метро Порто (кое си е ЛРТ но тие така го викаат) и Штудгарскиот С-Бан. Тролејбусот никако неможе да биде столбот на јавниот транспорт поради истите карактеристики (во смисла на капацитет, брзина и ефикасност) како автобусите. Со нив само се подобрува еколошката средина.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 24-Jan-2010 at 22:07

 

Originally posted by Andrej_LJ

Со нив само се подобрува еколошката средина.

тоа ми беше поентата и мене, но само кога би бирал помеѓу автобус и тролејбус, не поинаку

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 24-Jan-2010 at 23:26
Originally posted by Andrej_LJ

Со нив само се подобрува еколошката средина.
Да бидеме фер кон тролејбусите, сепак имаат и други предности над обичните автобуси, како на пример тоа што електро-мотор е далеку поприкладен за чести тргнувања и запирања (што секако е случај во градскиот превоз) од мотор со внатрешно согороување. Овој факт сигурно има барем минимално влијание врз комерцијалната брзина на тролејбусите и удобноста за патниците. Исто така, експлоатацијата на тролејбусите верувам дека е далеку поефтина отколку обичните автобуси, па инвестицијата бргу би бе исплатила и после би книжеле „заштеди“.

Но апсолутно се слагам дека да се потпреме на тролејбус како столб на јавниот превоз во Скопје едноставно е лудост. Без шини џабе ни е секоја математика.
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 02-Feb-2010 at 14:49

АЛТЕРНАТИВЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈНИТЕ ПРОБЛЕМИ


Тролејбус наместо трамвај за нов имиџ на метрополата!?

Украинскиот производител ЛАЗ им препорача на македонските власти да размислат за воведување на тролејбуски линии за чија реализација би биле потребни најмногу 2,5 години и околу 160 милиони евра


Додека граѓаните ги очекуваат првите украински автобуси кои во Скопје треба да пристигнат во јуни годинава, украинскиот производител ЛАЗ на македонските власти им порача да размислат за воведување на тролејбуски линии. За таа цел, менаџерите на компанијата, кои викендов беа домаќини на македонската делегација предводена од министерстот за транспорт и врски Миле Јанакиески, презентираа проект во кој до детали ги образложија предностите на овој вид алтернативен јавен превоз.
- Ние бевме во Скопје и од она што можевме да го забележиме е дека би требало што побрзо да воведете алтернативен јавен превоз. Наша препорака е тоа да бидат тролејбуси, а не трамваи како што веќе разгледувате, бидејќи проектот за воведување на тролејбуска траса е многу поевтин и би се реализирал за многу покусо време. За овој вид превоз не се потребни некои крупни градежни зафати, ниту изградба на пруга, туку само инсталирање електрична мрежа. Тоа се еколошки возила кои не ја загадуваат животната средина, а можат лесно да се снајдат во сообраќајниот метеж, бидејќи нивното движење е флексибилно и можат да ги заобиколат паркираните возила, на пример - истакна сопственикот на ЛАЗ Игор Чуркин по потпишувањето на договорот за производство на 80 единечни и 4 зглобни автобуси наменети за ЈСП Скопје. Тој информираше дека воведувањето на тролејбуски линии македонските власти би ги чинело најмногу 160 милиони евра, а дел од средствата би се обезбедиле преку европските инвестициски фондови.
- За изработка на проектот би ни било потребно околу една година, околу шест месеци за инсталирање на мрежата и една година за испорака на возилата, така што системот може да профункционира најдоцна за 2,5 години. Дизајнот на тролејбусите ќе биде уникатен и ве уверувам дека тие ќе го сменат ликот на Скопје - рече Чуркин.

Министерот Миле Јанакиески со интерес ја проследи презентацијата, но рече дека македонската Владата се уште не ја разгледала можноста да инвестира во алтернативен превоз за Скопје, туку е фокусирана на набавката на новите автобуси за јавниот превоз.
- Се надевам дека на 15-ти конечно ќе ја избереме фирмата за производство на двокатните возила за целосно да го обновиме возниот парк на ЈСП. А одлуката за воведување на алтернативен јавен превоз треба да донесат Градот Скопје и ЈСП - рече Јанакиески. Тој тврди дека Владата не ја разгледувала можноста за замена на даблдекерите со тролејбуси дадоколку тендерот за набавка на пропадне по петти пат. И од Градот велат дека не е разгледувана оваа можност, но информираат дека во моментов се изработува физибилити студија за сообраќајниот систем во градот, која треба да покаже кое е најдоброто решение за сообраќајните проблеми во Скопје.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=AC7D750DE5839B458596D35AEB487CDB
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 02-Feb-2010 at 15:04
И сега најдоа да ни селат памет за трамвај.
-- Наша препорака е тоа да бидат тролејбуси, а не трамваи како што веќе разгледувате, бидејќи проектот за воведување на тролејбуска траса е многу поевтин и би се реализирал за многу покусо време. За овој вид превоз не се потребни некои крупни градежни зафати, ниту изградба на пруга, туку само инсталирање електрична мрежа. Тоа се еколошки возила кои не ја загадуваат животната средина, а можат лесно да се снајдат во сообраќајниот метеж, бидејќи нивното движење е флексибилно и можат да ги заобиколат паркираните возила, на пример - истакна сопственикот на ЛАЗ Игор Чуркин --
Добро се сложувам проектот за воведување на тролејбуска траса е поевтин и ке треба помало време за реализација и еколошки е сообраќајот. Но едноставно неможам да сватам како лесно ке се снајдат во сообраќајот и нивното движење ке било флесибилно и ке ги заобиколуваат паркираните возила, па АЛООООО и нашите автобуси лесно и флексибилно прават маневри по улиците окупирани од паркирани коли. Нас ни треба градски превоз кој нема да сообраќа како автобусиве, туку неговата траса ке биде делумно во земја и делумно над земја. Не ни треба тролејбус и автобус еден до друг како си се претицуваат по и онака закрчените булевари само ке си го усложниме сообракајниот метеж, нас ни треба јавен транспорт кој делумно ке биде независен од сообраќајната инфраструктура која ни е над земја, ни треба превоз под земја кој ке биде брз без застои и ослободени улици од автобуси и други видови на јавни транспорти. Ако толку ни треба и трамвај тогаш на нашиве автобуси ке треба само да им ставиме ел мотор и електрични кабли за нопојување.
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 02-Feb-2010 at 19:18

Украинците не врбуваат и за нивни тролејбуси

Компанијата ЛАЗ сугерира двокатните автобуси да ги замениме со нивни тролејбуси

Деспина Трајковска


Владата да се откаже од намерите за набавка на двокатни автобуси и наместо нив, за потребите на градскиот сообраќај во Скопје, да набави тролејбуси. Со ваква порака владини претставници на Украина и од менаџментот на компанијата „Лвовски автобусни завод“ (ЛАЗ) изминатиов викенд ја испратија од Киев и Лвов македонската делегација предводена од министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, која во Украина го потпиша договорот за набавка за 84 обични автобуси од ЛАЗ. Украинците се подготвени да произведат 200 тролејбуси за Скопје и во рок од три години да ги создадат и останатите технички услови за градскиот сообраќај да се поднови со овој вид превозно средство.

„Нашата фабрика има големо искуство во производство на тролејбуси со најголем век на експлоатација. Го предлагаме овој систем за решавање на градскиот превоз во Скопје откако ја разгледавме инфраструктурата на градот. Тролејбусот е најчисто, најефикасно и најевтино превозно средство за градски сообраќај“, рече Игор Малец, генералниот директор на ЛАЗ.

Истите препораки на Јанакиески му ги пренесоа и владините претставници на Украина.

„Дали би се разгледувала можноста за воведување тролејбуси во градскиот сообраќај во Скопје, зависи од одлуката на Град Скопје и од ЈСП. Инаку, Владата нема намера да се откаже од двокатните автобусите, а доказ за тоа е отворањето на понудите на тендерот на 15 февруари“, прокоментира Јанакиески, според кого, нормално е ЛАЗ, па и која било компанија да нуди свои производи на секој пазар.

Според министерот, досега немало договор ниту, пак, преговори за тролејбуси. Идејата воопшто не била разгледувана, иако Украинците во нивната неодамнешна посета на Скопје проектот го презентирале и пред градските власти. Тие нудат прво да изградат и да опремат тролејбусна електромрежа со трансформатор, терминал и тролејбусни станици. Според процените на ЛАЗ, за Скопје ќе бидат доволни 200 возила со низок под „електро ЛАЗ 20“, кои имаат по 46 седишта, а собираат 210 патници. Менаџментот на компанијата не прецизираше колку чини еден тролејбус, ориентационо биле двојно поскапи од обичните автобуси. Сепак, нуделе повеќе предности, работат на струја, што значи не ја загадуваат околината, бесшумни се, а може да возат без напојување дури два километра. При кочењето, вишокот енергија се враќа назад во мрежата и може да се користи од другите тролејбуси.

„Тоа е систем за рекуперација, со што потрошувачката се намалува за 42 отсто. Трошоците за изработка за тролејбуската линија се помали од тие за трамвајската, затоа што нема потреба од пруга или од издвоен пат, туку само воздушна контактна мрежа. Тролејбусите може лесно да ги заобиколуваат непрописно паркираните возила, што е чест проблем во Скопје“, објаснија од компанијата, која се занимава со производство на тролејбуси уште од 1992 година.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=EA814D2139F09349B53B50C8205B51DB


"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 02-Feb-2010 at 22:52
Ова ко Шехерезада - сакам ова, нејќам она, па повторно .... САПУНИЦА

Да дадам нов предлог, ЕДРИЛИЦИ ДА УВЕДЕМЕ, не трошат ништо и не закрчуват сообраќај си летаат високо .....
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 02-Feb-2010 at 23:26

Не велам дека сакам ова, неќам она. Едноставно не ни требаат автобуси кој возат на струја и автобуси (ЈСП) кој возат на биодизел. Со овие два типа на автобуси или тролејбуси нема да се реши гужвата во сообраќајот и ефикасноста на тој јавен превоз, секој автобус е добредојден но решавањето на сообраќајот а со тоа и јавниот транспорт не треба да биде на начин кој го гледаме и сега по улиците. Ако се воведе тролејбус градските татковци ке кренат раце и од метро и од трамвај, мислејки дека проблемот е решен на подолг период, ке добиеме само два типа на автобуси еден на струја а друг на гориво и повтроно редици на автобуси и гужви по улициве. Сакам да напоменам дека не сум против тролејбусите но, сообракајов ке дојде до колапс со толку автобуси и автомобили по него. Ако, нека се заменат старите автобуси на јсп со овие новите што се нарачани па дури и нека набават тролејбуси но повторно ке има гужви и метежи, испаѓа дека не сме решиле ништо од ефикасноста на  јавниот транспорт, а со тоа и сообраќајот во Скопје.Ohno

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 02-Feb-2010 at 23:48
Прееска гледав Еврозум во форма на документарка за еколошки случувања во Стокхолм. Имаат стратегија до 2030 да немаат веќе возила на фосилно гориво, односно комплетно да го екологизираат сообраќајот. Ако и ние се движиме во тој правец тогаш сугестијата на ЛАЗ е најдобронамерна. Од друга страна се флексибилни и унифицирани, па вероватно со едноставни замени на моторите и додавање пантографи би се претвориле автобусиве во тролејбуси. Сепак колку и да анализираме градскиот сообраќај мора да се доведе во ситуација да се движи изклучиво по булевари, а тоа подразбира пробивање на главните булвераи во центарот на градот што поскоро како и поставување шини за трамвај и тоа со унифицирана електрична мрежа која заедно би ја користеле и трамваи и тролејбуси. Со оглед на тоа што ние не би можеле нити да сионуваме за нешто такво до 2030, значи автобусиве би се користеле добри 10-тина години минимум пред да почнеме и завршиме со електрификација барем на јавниот превоз. Па од тука набавката на автобуси е соема оправдана, но најдобронамерно треба да се прими предлогот на ЛАЗ, да почнеме со постепен пренос од фосилни горива према струја.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7252
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 02-Feb-2010 at 23:49
што се буните за тролејбусиве во однос на метежот и брзината, кога намераваат и трамваите да ги лупнат на сред коловоз, а за под земја воопшто не се ни размислува? плус зарем не може да се направи и посебна линија за тролејбуси, како што може за трамвај? сепак било кое од овие решенија е прифатливо, зависи како ќе се изведе само, премногу ги мешате сите реалните планови за градскиот превоз со вашите идеи

но малку ми е нелогично локалните власти да подлегнуваат на мислењата на некоја фирма која само сака да направи поголем бизнис, а владава па уште запнале за двокатните, хаос, си играат со многу озбилна работа која доколку не биде испланирана како што треба ќе го закочи сообраќајот во Скопје воопшто
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7252
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 02-Feb-2010 at 23:52
Originally posted by lslcrew

Прееска гледав Еврозум во форма на документарка за еколошки случувања во Стокхолм. Имаат стратегија до 2030 да немаат веќе возила на фосилно гориво, односно комплетно да го екологизираат сообраќајот. Ако и ние се движиме во тој правец тогаш сугестијата на ЛАЗ е најдобронамерна. Од друга страна се флексибилни и унифицирани, па вероватно со едноставни замени на моторите и додавање пантографи би се претвориле автобусиве во тролејбуси. Сепак колку и да анализираме градскиот сообраќај мора да се доведе во ситуација да се движи изклучиво по булевари, а тоа подразбира пробивање на главните булвераи во центарот на градот што поскоро како и поставување шини за трамвај и тоа со унифицирана електрична мрежа која заедно би ја користеле и трамваи и тролејбуси. Со оглед на тоа што ние не би можеле нити да сионуваме за нешто такво до 2030, значи автобусиве би се користеле добри 10-тина години минимум пред да почнеме и завршиме со електрификација барем на јавниот превоз. Па од тука набавката на автобуси е соема оправдана, но најдобронамерно треба да се прими предлогот на ЛАЗ, да почнеме со постепен пренос од фосилни горива према струја.
и според мене паметно решение, но само ако целосната инфраструкура на Скопје правилно се развива
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 03-Feb-2010 at 15:38

Трамваите на сред коловоз да, но тролејбуси на сред коловоз не, тоа ке е исто како да додадеш уште една лента (асфалтна) во средишното зеленило, а за посебна линија за тролејбусот мислам дека со овој менталитет нема да успее, ако се секаваш не успеа ни физичкото оделување на десната лената со гумени бариери на партизанска, а зошто, затоа што и понатака коли си прерипуваа преку нејзе за да се паркираат на десна страна, и понатака автобуси се претекнуваа со други возила преку нејзе, а баш ме интересира како ке вози тој тролејбус оти е на струја и кога напонските водови ке му бидат поставени на десна страна кај некоја станица, а пред него паркирана кола или друго возило, па не мислам дека ке се исклучи за момент од електричната мрежа за да го заобиколи тоа возило

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.